Дали можете да го пронајдете внатрешниот мир дури и ако ве тиштат несигурности и неизвесности? Внатрешниот мир не се сведува само на секојдневно медитирање и вежбање јога. Некои веруваат дека можете да го постигнете преку многу труд и работа. Така, ако секој ден се будите добро расположени, се храните здраво и го правите она што го сакате, можеби и сте постигнале некаков мир.rnrn
rnrnСепак, нашите денови не секогаш се исполнети со позитивно размислување и продуктивност. Одвреме-навреме мали, безначајни работи ни го нарушуваат мирот за кој сме вложиле толку многу труд.rnrnТака, еден од начините да го сочуваме мирот е само да набљудуваме и да се воздржиме од коментирање. Нашиот внатрешен мир се нарушува кога комуницираме со светот. Така, ние постојано формираме мислења и коментари за работите што ни се случуваат во текот на денот. Сепак, кога сме мирни и тивки и набљудуваме, наместо да коментираме, можеме да постигнеме внатрешен мир. Тоа ќе ни помогне да престанеме да ги етикетираме работите како „добри“ или „лоши“ и да ги прифатиме онакви какви што се.rnrnОсвен тоа, зачувувањето на мирот зависи и од вашата реакција кон надворешните фактори. Внатрешниот мир не е само под влијание на вашиот внатрешен дијалог туку зависи и од начинот на кој се поврзувате со надворешниот свет. Одлуките кои ги носите секојдневно имаат моќ да го ослабнат или зацврстат вашиот внатрешен ум.rnrnЗа крај, контролирањето на мислите исто така влијае врз вашиот мир. Доколку сето внимание го насочувате кон вашите мисли обележувајќи ги како позитивни или негативни, едноставно немате време да го доживеете тој внатрешен мир. Понекогаш, ќе ви се допадне она што ќе ви го донесе животот, а понекогаш не. Но, наместо да размислувате за тоа, следниот пат обидете се само да ги прифатите нештата такви какви што се.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за постигање внатрешен мир, можеби ќе сакате да прочитате и како да го препознаете чувството на внатрешен мир и спокојство.rnrnИзвор: themindsjournal.com
Tag: неизвесност
-

Како да постигнете внатрешен мир кога сè се чини несигурно?
-

23-годишна девојка по дипломирањето добила неверојатни совети од своите професори
Дваесеттите години се полни со предизвици и донесување одлуки во сечиј живот. Натрупани со толку многу животни избори што ќе им го променат животот на адолесцентите, тие честопати се збунети и не знаат што да прават. Многумина мислат дека оваа декада е време кога секој треба да ги има сфатено своите желби, аспирации, цели и секако дека треба да се имаат поставено основите на кариерата.rnrn
rnrnКако и да е, понекогаш потребно е повеќе и од една декада за да се разрешат сите нешта. Не е изненадувачки зошто толку многу млади луѓе се под стрес кога се соочуваат со притисок кога треба да одлучат како ќе изгледа нивниот живот. Кери, која има 23 години и ја работи својата прва работа страшно е загрижена и се прашува што е следно. Магистрирање? Правни науки? Доктор на науки?rnrnТаа одлучила да разговара со неколку нејзини професори и да ги праша дали би можеле да ѝ дадат совет. Таа ги прашала каков совет би си дале на самите себе во младоста во таков неизвесен момент. Еве што ѝ одговориле:rnrn1. „Не се грижи премногу, работите ќе се разјаснат сами.“rnrn2. „Во свет преполн со ставови и коментари, твојот став е најважен кога донесуваш одлука.“rnrn3. „Во ред е да бидеш себична и да се ставиш себеси на прво место, тоа е потешко да се прави подоцна.“rnrn4. „Кога станува збор за образование, цели високо и давај сè од себе. Тоа е доживотна инвестиција и сигурно ќе ти се исплати за одреден период.“rnrn5. „Не ги прави работите само затоа што твоите пријатели, или уште полошо, затоа што родителите ти кажале да ги правиш.“rnrn6. „Во ред е одвреме-навреме да направиш пауза, тоа е сосема разумно.“rnrn7. „Ти си млада. Ти си млада. Млада си. Можеби ќе се чувствуваш многу старо, а не си постигнала многу, но јас имам 43 години и сè уште се чувствувам младо. Можеби да направиш толку многу. Прави што сакаш, подоцна грижи се за твојата возраст.“rnrn8. „Кремите против стареење и за заштита од сонце се одлична инвестиција.“rnrn9. „Уживај во неизвесниот период и во слободата, во несигурното патување. Кога можеш да не правиш ништо, не прави ништо. Нема да биде така подоцна. Верувај ми кога го зборувам ова затоа што кога ќе погледнеш наназад, ќе ти недостига.“rnrnСпоред неа, последниот совет ѝ е омилен и навистина ја погодил во срце.rnrnКери ги споделила овие совети со нејзините Твитер пријатели и изјавила дека овие остварени луѓе што биле нејзини професори ја работеле работата од своите соништа, дипломирале на елитни училишта како Харвард, Оксфорд, Стенфорд и што е најважно таа им верува со целото нејзино срце. Со споделувањето на советите, таа инспирирала многумина што се наоѓаат во неизвесен период на донесување одлуки. Добила многу позитивни реакции од сите кои се наоѓале во слична ситуација и била преплавена од изрази на благодарност поради тоа што успеала да ги мотивира.rnrnСе надеваме дека овие совети ќе успеат да ве мотивираат и вас кои се наоѓате пред нови животни предизвици.rnrnПрочитајте ги и овие цитати што ќе ви ја покажат моќта на образованието. -

7 големи грешки кои не треба да ги повторите оваа година
Додека светот се врти, вие неизбежно ќе грешите. И тоа е во ред. Од грешките кои ги правите можете многу да научите и токму овие лекции ќе ви помогнат да имате подобра и поубава иднина.rnrn
rnrnСледуваат 7 грешки кои (веројатно) ги направивте изминатава година и зошто не треба да ги повторите…rn1. Немојте да го избегнувате ризикот
rnЖивотот е ризична работа. Секоја одлука, секоја интеракција, секој чекор, секој пат кога наутро станувате од креветот вие всушност ризикувате. Да живеете вистински значи да го преземате тој ризик. Преземајте мали ризици за да го остварите вистинскиот потенцијал на вашиот живот.rn
2. Не препуштајте се на стравовите и негативностите
rnСите понекогаш се плашат. Ако чувствувате сомнеж, страв и бес имајте во предвид дека од овие емоции можете многу лесно да се ослободите. Фокусирајте се на добротата, можноста и соништата во животот. Она што започнува во вашите мисли завршува во вашиот живот. Континуирано размислувајте за патот на кој сакате да бидете и тие мисли нека влијаат на вашите постапки и одеднаш реалноста брзо ќе се вклопи со вашите мисли.rn
3. Не дозволувајте неизвесноста да ве парализира
rnКако што поминува времето така и ќе сфатите дека тоа што трае, си трае, додека тоа што не трае, едноставно нема да трае. Времето ги решава повеќето работи, а она што времето не може да го реши ќе научите да го решите сами. Понекогаш нема да можете јасно да видите каде ве води животот. Но, срцето и душата ви се вашите внатрешни компаси кои ќе ви го покажат патот кон дома. Ќе сфатите дека сте вистинската личност, на вистинското место, во вистинското време која ја прави вистинската работа. Верувајте им на вашите инстинкти. Опуштете се. Знаете што треба да направите.rn
4. Не правете го она што другите сакаат да го прават
rnЖивотот е премногу краток за да го поминувате обидувајќи се на сите да им угодите. Освен тоа, ова е невозможна мисија. Вистинските избори се однесуваат на вас, вашите емоции и вашиот живот. Вие сте единствената личност која знае што е најдобро за вас. Секогаш прво слушајте се себеси и она што вие го сакате. Сигурно нема да се покаете.rn
5. Не дозволувајте истите луѓе постојано да ви ја црпат енергијата
rnЛуѓето или ве инспирираат или ви ја црпат енергијата, па мудро избирајте со кого ќе се дружите. Немојте да го губите достоинството и самопочитта обидувајќи се да најдете некој да ве прифати, да ве цени и да ве сака, ако таа личност докажала дека не е во состојба да направи нешто вакво. Ако ви е нешто судено во животот и понатаму ќе мора да се трудите околу тоа, но сигурно нема да морате да молите.rn
6. Немојте да имате нереални очекувања
rnСекогаш постојат два начини кои можат да ви помогнат да бидете посреќна личност: Подобрување на реалноста и намалување на очекувањата. Често мислиме дека светот е посјајно, позначајно и позанимливо место отколку што е. Кога сфаќаме дека не е, почнуваме да ја бараме вистинската работа. Но, всушност, ова е вистинскиот свет и тој е едно прекрасно место. Себеси сме си најголемиот непријател ако очекуваме поинаку. Ако можете да научите да престанете да го очекувате невозможното совршенство во себе, во другите и во светот кој ве опкружува, ќе можете да ја најдете среќата која отсекогаш ви бегала.rn
7. Немојте да ја заборавате убавината на малите моменти
rnШто и да очекувате – душевен мир, задоволство, внатрешен свет во изобилие, тоа сигурно и ќе дојде, но само тогаш кога сте спремни тоа да го примите со отворено срце и благодарност. Бидете благодарни на малите работи колку што е можно повеќе, а не само на големите. Секој момент е важен и секој момент се смета.rnrnНе сте вистински слободни сè додека не си дадете себеси слобода да грешите. Ослободете се! Пробајте нови работи, учете и истражувајте. Здравиот начин на проценување потекнува од животното искуство, а животното искуство потекнува од вашите лоши одлуки кои сте ги донеле во минатото. Мора да имате доволно храброст за да погрешите. Разочарувањето и поразот се алатки кои животот ги користи за да ви го покаже вистинскиот пат.
-

Исчезнувањето на Алис Крид (Тhe disappearance of Alice Creed)
Приказна за лагата, стравот, борбата и неизвесностаrnrn
Главни ликови: Мартин Компстон, Еди Марсан, Гема АртертонrnrnРежисер: Џеј БлејксонrnrnЖанр: криминалистика, трилер, драмаrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 април 2010rnrnМузика: Марк КенхамrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn_________________________________________________________________________________________rnЖивотот е непредвидлив. Додека се надевате дека ќе ви биде среќен и исполнет, може да ви се случат неочекувани ситуации кои ќе ви го променат засекогаш. Тоа ѝ се случува на прекрасната Алис Крид: еден ден ја живее својата младост, а следниот е заробена во 4 ѕида, надевајќи се дека ќе успее да си го спаси својот живот. __________________________________________________________________________________rnrnrn
Приказна: Двајца маскирани мажи грабнуваат една убава девојка од улица. Ја носат во напуштена куќа во која има јака звучна изолација, ја врзуваат за кревет и ѝ ја затнуваат устата. Девојката се вика Алис Крид, ќерка на милионер. Киднаперите имаат смислено прецизен и страшно генијален план, кој веруваат дека ќе им се оствари, но паметната Алис не се предава без борба.rn
Нема да ви откриеме зошто токму Алис е нивната жртва и какви им се индивидуалните намери на киднаперите, бидејќи колку помалку знаете, толку повеќе ќе се возбудувате од изненадувањата кои ги носи секоја наредна сцена. Во вознемирувачкиот хаос од спротивставени интереси, лицемерие, алчност и желба за опстанок, сфаќате дека дури и најдобриот план може да тргне наопаку, ако погрешите во изборот на вашата жртва.rn
Кинематографија: Импресивна е првата сцена од филмот, кога киднаперите ги прават подготовките за грабнувањето на девојката, со обрнување внимание на секој детаљ. Ќе помислите дека уште на самиот почеток можете да го предвидите крајот, но се лажете – овој филм е сé само не предвидлив. „Исчезнувањето на Алис Крид“ е филм полн со многу драматични сплетки и неочекувани ситуации. Светлото и ефектите со камерата пренесуваат чувство на клаустрофобија, мрачност и неспокој.rn
На моменти релаксирачка и мелодична, улогата на музиката во филмот е да го интензивира чувството на тензија и страв од неизвесното. Мал недостаток во сценариото е што нема повеќе информации за животот на Алис Крид пред киднапирањето.rnКога и како да го гледате: Препорачуваме да го гледате сами навечер, за да можете најубаво да ги почувствувате неизвесноста, стравот и напнатоста. Пожелно е да го гледате со високо-квалитетна слика.rn
Слични филмови: „Одземена“ (Taken), „Лавиринт“ (Labyrinth), „Кошмар пред Божиќ“ (Nightmare Before Christmas)