КАФЕ ПАУЗА

Tag: негативно

  • Опасност! Предупредувачки знаци во пријателството

    Опасност! Предупредувачки знаци во пријателството

    Платонските врски помеѓу пријателите се едни од најзначајните врски во нашиот живот. Сè повеќе и повеќе истражувачи покажуваат дека нивното одржување доведува до значително подобрување на нашето физичко и емоционално здравје. Но често, поради чувство на лојалност, страв или грижа на совест, луѓето си прават премногу притисок на себе за одржување и на оние недоволно добри пријателства кои им предизвикуваат повеќе стрес на подолг план отколку кога би ги прекинале.rnrnОпасност! Предупредувачки знаци во пријателствотоrnrnВсушност, кое било пријателство, во самото јадро е поврзаност помеѓу двајца во даден момент – синџир од моменти во времето. Поради тоа не е реално да се очекува дека една личност со која сте биле блиски во одреден период од вашиот живот, ќе сакате да остане покрај вас и во иднина. Исто така важно е да се запомни дека доколку имате прекрасна врска која по некое време ќе стане помалку прекрасна, крајот на пријателството не го уништува позитивното искуство кое настанало претходно. Понекогаш пријателствата едноставно слабеат или исчезнуваат како што двете личности растат или се менуваат и тоа не значи дека мора да биде по нечија вина.rnrnИмајќи го тоа на ум, понекогаш пријателствата завршуваат со многу погорчлив „вкус“. И може да биде многу збунувачки доколку и двата лика не се на истата страна. Многу често прекинот може да биде проследен и со многу стрес и можеби ќе бидете збунети дали, зошто и како се завршило. И покрај тоа што нема цврсти правила, сепак постојат неколку знаци кои укажуваат на пријателство во опасност:rnrn1. Не ви се допаѓа кој сте кога сте со него/неа. Можеби секогаш кога сте покрај вашиот пријател се чувствувате злобно, пасивно-агресивно или пак дури и отворено агресивно. Или пак, се чувствувате натпреварувачки, огорчено или премногу завидливо – а од друга страна, со другите ваши пријатели воопшто ги немате овие чувства. Можеби, кога се е кажано и направено, мора да признаете дека навистина не го сакате она што е најдобро за вашиот пријател. Ако ова е случајот, што е вистинската основа на тоа пријателство?rnrn2. Вашиот пријател ги повикува на површина вашите лоши однесувања. Можеби пиете премногу, лажете повеќе, трпението ви е намалено или чувствувате како вашата креативност да ја снемува. Можеби вашата работа или оценките ви се во опасност или пак, почнувате да се двоумите во вашата врска или брак на начини на кои не сте ни размислувале претходно. Постојат многу начини на кој пријателот може да има лошо влијание, далеку после деновите на пушење цигари после школските часови.rnrn3. Пријателството ви изгледа небалансирано. Реципроцитет? Каков реципроцитет? Можеби тој/таа постојано ги позајмува вашите нешта и никогаш не ви ги враќа или пак, толку пати сте направиле вечера како услуга за него/неа што почнувате да се чувствувате како готвач на повик. Или, можеби работите се насочени на друга страна и тој/таа прави толку многу за вас, но вие мора да признаете дека воопшто не сте заинтересирани за враќање на услугата. Во секој случај, еквилибриумот е срцето на секое длабоко пријателство.rnrn4. Зборовите со кои би го опишале вашиот пријател воопшто не се пофални. Можеби вие постојано го/ја исмејувате во вашата глава и тоа не на позитивен начин. Или пак, се чувствувате супериорно и поради тоа ве нервира. Дали е можно веќе да не ви се допаѓа тој/таа?rnrn5. Изгледа како вашиот пријател да не сфаќа кои сте. Можеби тој/таа постојано не ве сфаќа или ве посрамотува за вашите дневни навики, како се облекувате или како готвите. Почнавте да се чувствувате многу неценето или пак, намерно ги нагласувате вашите „маани“ само за да го/ја нервирате. Во секој случај, ова е сосема спротивно од безусловна љубов.rnrnДали пријателството може да стигне до овие точки и потоа да биде спасено? Можеби, но само ако чувствувате дека е фаза, наместо долготрајна шема. Добро размислете дали сè уште постои вистинска основа за здрава врска со која ќе можете да ги вратите работите назад. Исто така размислете дали вака се чувствувате со сите ваши пријатели или само со еден од нив. Ако одговорите не се добри, имајте на ум дека не сите пријателства траат засекогаш. И покрај тоа што можеби социјалните мрежи помагаат при нивното одржување, сè што им должите на вашите пријатели е само добрина и почит, а не и завет додека смртта не ве раздели.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали среќата може да биде негативна?

    Дали среќата може да биде негативна?

    Секој сака да биде среќен и тоа чувство е добро. Тоа значи дека би требало секогаш да ги следиме сопствените желби и потреби, да изобилуваме со задоволства и страсти за животот, да го купиме сè она што сакаме да го имаме… или не баш?rnrnОна што можеби ќе ве изненади е фактот што многу истражувања покажале дека среќата има негативна страна. Слепото трагање по среќа може да нè направи себични, неодговорни и да има лоши последици по нашето психичко здравје. Постојаната желба да се биде среќен може да доведе до големи разочарувања кога ќе се соочите со реалниот живот. Докажано е дека луѓето кои ставаат голем акцент на потребата да бидат среќни, може да се соочат со психички проблеми, како тага, депресија и осаменост.rnrnДали среќата може да биде негативна?rnrnВо две неодамнешни истражувања бил нагласен линкот помеќу потрагата по среќа и осаменоста. Во едно од нив, учесниците биле прашани до кој степен се согласуваат со изјавата: „Да бидам среќен/на ми е мноу важно“. Потоа од нив било побарано да водат дневник каде ќе ги запишуваат сите ситуации кои им донеле стрес и сите ситуации кога се почувствувале осамени. Резултатите покажале дека луѓето кои повеќе се опседнати со среќата имаат поголеми шанси да се чувствуваат осамено кога се под стрес.rnrnВо другото истражување, од дел од учесниците било побарано да прочитаат текст во кој се вреднува важноста на среќата како клучен фактор за односите во општеството, професионалниот успех и целокупната благосостојба. Останатите прочитале сличен текст со таа разлика што во нивниот текст бил ставен акцент на правилното расудување на нештата. Сите испитаници после тоа гледале филм за социјалните односи во општеството и интимата.rnrnПотоа, субјектите се изјаснале до кој степен се чувствуваат осамени и оддалечени од луѓето. Исто така, им бил земен примерок од плунка со цел да се тестира нивото на прогестерон, хормон кој е поврзан со чувството на интимност. Оние кои го читале првиот текст, пријавиле осаменост, а нивото на прогестерон им било пониско.rnrnКако заклучок истражувачите изјавиле дека преголемата потреба за среќа води до фокусирање на самиот себе и ги уништува социјалните врски.rn

    Дали тоа значи дека среќата е лоша работа?

    rnЦелта на истражувањата била да се покаже една поинаква страна на среќата, да се нагласи дека мора да има некаква граница во нашата желба за среќа, а не дека чувството на среќа е лошо само по себе. Среќата која доаѓа природно, без да биде форсирана, носи многу бенефиции, а пред сè подобрување на менталното здравје. Големиот парадокс е тоа што опседнатоста со среќата може да донесе спротивен ефект и да има негативни последици. Луѓето кои се опседнати со тоа сè да им биде совршено и да водат среќен и исполнет живот, го прават токму спротивното. Секој сака да е среќен и секој треба да биде, но оваа желба за среќа мора да умееме да ја контролираме.rnrnАко животот си го замислите како река од мед и млеко, секоја година нов автомобил, луксузни одмори и најнови електронски уреди, тогаш голема е веројатноста да бидете разочарани. Всушност вие трагате по утопија, која не постои. Но, ако среќата умеете да ја пронајдете во едноставните работи во животот, тогаш би можеле вистински да ја почувствувате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Придобивките и негативните последици од ботоксот

    Придобивките и негативните последици од ботоксот

    Ботулинум претставува токсин кој се излачува од бактеријата Clostriium botulinum и воедно предизвикувач на болеста ботулизам. Овој токсин е невромускуларен блокатор кој предизвикува парализа на инфектираниот мускул со што се спречува излачувањето на невротрансмитерот ацетил холин од мотоневроните. Исто така, ботулинумот го намалува потењето така што делува на симпатичкиот нервен систем кој ги контролира потните жлезди.rnrn

    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Бактеријата Clostridium botulinum го лачи ботулинот А или уште познат како ботокс
    rnrnОвој токсин може да предизвика тешко труење со храна и е најмоќниот токсин кој ù познат на науката. Но, и покрај неговите негативни дејства, користејќи го во одредени дози, може и се користи во медицински и козметички третмани. Употребуван во мали дози, може да се користи за лечење на некои нервни болести. Токсинот уфрла специфични протеини во нервната клетка кои се медијатори во лачењето на трансмитерите кои предизвикуваат болка, мускулен спазам, грчеви и други симптоми.rnrnПридобивките и негативните последици од ботоксотrn

    Медицинска и козметичка употреба

    rnКозметичката улога на ботулинумот е поврзана со исчезнувањето и намалувањето на порите и брчките со директно инјектирање во фацијалните мускули. Третманите со овој токсин првично биле наменети за пациенти со мускулни грчеви, како блефароспазмот (спазам на очните мускули), стрбизам, цервична дистонија. Кај пациенти со фацијални спазми кои биле третирани со ботулинум, било забележано намалување на мускулните грчеви.rnrnЛуѓето на постара возраст не ги сакаат брчките кои се појавуваат со текот на годините, па така со помош на ботулинум, ги намалуваат овие линии на староста. Честопати, заедно со третманите со ботулин се користи и колаген и хијалуронска киселина. Ботулинските терапии се користат и кај луѓе со зголемено локално потење (хиперхидроза), најчесто во пазувите, за намалување главоболки, како и за некои форми на дерматитис.rnrn

    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Пред и по третман со ботокс
    rnrnЕфектот кој го има ботулинот на очните мускули е неможност за нивна контрaкција и со самото тоа, видливо намалување на брчките. Инјекциите кои се инјектираат директно во мускулите се безболни и луѓето можат нормално да трепкаат и да ги креваат веѓите. Се земаат 3-5 мали дози. Неговите ефекти ослабуваат после неколку недели од амплифицирањето, а повторен третман се прави после 3-6 месеци од првичното нанесување.rnrn
    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Ефектот на ботоксот на околуочните мускули, пред и по 7 дена
    rn

    Негативни последици од користење третман со ботокс

    rnНајчеста негативна појава е главоболката, која се јавува веднаш по нанесувањето. Може да се намали со земање парацетамол. Долготрајните главоболки се ретки. Исто така, можат да се јават лузни како резултат на инјекциите. Ако неправилно се нанесува ботулинот, може да се повреди мускулот на очниот капак и да се предизвика птоза односно затварање на очниот капак. Оваа појава обично трае неколку дена, во ретки случаи е долготрајна.rnrnПридобивките и негативните последици од ботоксотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот е прекраток за…

    Животот е прекраток за…

    Доколку сметате дека треба да направите промени во животот, тогаш треба да се откажете од многу нешта, но и да научите дека некои работи едноставно не треба да ги толерирате. Преземете ја контролата во своите раце и од утре престанете да се заморувате со непотребните нешта во животот. Животот е убав, искористете го максимално.rnrnrnЖивотот е прекраток за...rnrnЛуѓе кои ви влијаат негативно – Односите со луѓето треба да ви помагаат во животот, а не да ве повредуваат. Поминувајте повеќе време со паметни и фини луѓе.rnrnРаботна средина или кариера која ја мразите – Не се задоволувајте со првата работа со која ќе ја започнете кариерата. Продолжете да трагате. По извесно време сигурно ќе најдете занимање кое ќе го обожавате. Доколку се вложите целосно и ја сакате секоја секунда помината работејќи, тогаш не прекинувајте. Дури тогаш правите нешто големо во животот. Тешката работа, не е напорна кога ја работите со љубов.rnrnВашата негативност – Пазете се од гласот во вас. Сите ние тивко си зборуваме самите на себе во нашите глави, но не секогаш сме свесни што си зборуваме и како тоа ни влијае. Почнете да си ги „слушате“ мислите. Исфрлете ги негативните мисли  и заменете ги со позитивни.rnrnНепотребни недоразбирања – Кажувајте го она што го мислите. Мислете го она што го кажувате. Зборувајте јасно, поставувајте прашања и разјаснувајте си ги нештата додека не ги сфатите целосно.rnrnНеорганизиран живот и работен простор – Исчистете ја средината. Ослободете се од работите кои не ви се потребни.rnrnВашето доцнење – Станувајте 30 минути порано за да не мора да трчате како луди. Тие 30 минути ќе ви помогнат да избегнете многу проблеми.rnrnПритисокот за да се вклопите во толпата – Честопати за да се вклопите во некое друштво глумите нешто што не сте. Избегнувајте ги таквите ситуации. Бидете тоа што сте.rnrnНездраво тело – Вашето здравје е вашиот живот. Не играјте си со него. Јадете правилно, вежбајте и правете редовни докторски контроли.rnrnСтравот од промени – Животот е една голема промена. Секој ден е различен од претходниот. Секој ден е нов почеток и нов крај.rnrnСамо работа, ни момент уживање – Уживајте во животот и забавувајте се додека можете. Доколку сте насмеани, тогаш сигурно правите нешто вистински и како што треба.rnrnНедоволно спиење – Изморениот ум никогаш нема да биде целосно продуктивен.rnrnПравење на истото нешто повторно и повторно – Вие го живеете животот согласно вашите искуства. Колку повеќе искусувате, толку поинтересна станува вашата приказна.rnrnАлчноста – Не дозволувајте алчноста и измамата да бидат дел од вашиот карактер. Алчноста ќе ја изгори дури и најмалата трошка среќа која ја имате.rnrnДолгови – Секогаш живејте едно скалило пониско. Не купувајте работи кои не ви се потребни. Создадете буџет и план за штедење и држете се до него.rnrnНечесност – Чесното живеење создава мир во душата, а тоа е бесценето.rnrnНеверство – Интимните односи се нешто свето, врска која се базира доверба. Ако двата партнера не се чувствуваат исто околу тоа, тогаш не треба да вложуваат во врската.rnrnНебезбеден дом – Доколку не се чувствувате безбедно дома, никогаш нема да се чувствувате безбедно никаде. Изградете прекрасно домаќинство, на безбедно место, за кое ќе бидете горди да го наречете дом.rnrnНеспремност – Животот е непредвидлив. Има голема разлика помеѓу стравот и спремноста. Секогаш бидете подготвени за изненадувања.rnrnПасивност – Или ќе преземате акција и ќе ги користите можностите кои ќе ви се појават на патот или некој друг ќе го стори тоа наместо вас. Не можете нешто да смените или да направите прогрес во животот, доколку само седите и размислувате, а не преземате ништо околу тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.