КАФЕ ПАУЗА

Tag: нега

  • Како да се спречи раното стареење на сувата кожа?

    Како да се спречи раното стареење на сувата кожа?

    Со помош на правилна нега и користење квалитетни козметички, но и природни производи, ефикасно ќе ја спречите предвремената појава на брчки и ќе ја вратите еластичноста, особено ако се работи за сува кожа. Сувата кожа е чест проблем кај девојките и жените, а ладниот воздух дополнително ја прави чувствителна и склона на иритации. По некое правило, ако имате сува кожа, порано ќе ви се појават брчки, но добрата вест е што може да се интервенира веднаш и сето тоа да се одложи.rnrnКако да се спречи раното стареење на сувата кожа?rnrnПравилната нега на сувата кожа се одвива во следните чекори:rn

      rn 011

    • Миење со ладна или млака вода, затоа што топлата дополнително ја суши кожата
    • rn 011

    • Користење нежни гелови или сапуни за миење
    • rn 011

    • Сушење на лицето со тапкање со крпа (никако триење)
    • rn 011

    • Користење хидратантна крема за лице
    • rn 011

    • Користење маслени серуми или чисти масла
    • rn

    rnСо помош на правилна нега и користење на квалитетни козметички, но и природни производи, ефикасно ќе ја спречите предвремената појава на брчки и ќе ја вратите еластичноста, особено ако се работи за сува кожа. rnrnОсвен надворешна нега, можете да ја заштитите вашата кожа и со помош на правилна исхрана и здрав живот. Намалете го стресот најмногу што можете. Јадете свежи овошја и зеленчуци кои содржат витамини А, Ц, Е, К, како и целата група на витаминот Б. Пијте доволно вода, за хидратација на организмот.rnrnИзбегнувајте директно изложување на силен ветер или на сончеви зраци, користете соодветна козметика за заштита и редовно рекреирајте се, за да го покренете метаболизмот. Потрудете се да имате уредно време за спиење и квалитетен сон, но и редовно менувајте ја постелнината, за да ја заштитите вашата кожа од нечистотии.rnrnАко имате сува кожа, подгответе ја и оваа медена маска против акни и сува кожа.

  • 8 стари трикови за ослободување од лузни од акни и несовршености на лицето

    8 стари трикови за ослободување од лузни од акни и несовршености на лицето

    Статистичките податоци покажуваат дека 95% од луѓето страдаат од акни во некој период од животот. Акните и другите несовршености на кожата може да бидат предизвикани од разни работи – од лоша исхрана, до погрешни продукти за нега. До денес никој нема пронајдено лек за целосно и трајно отстранување на акните. Сепак, постојат некои природни третмани кои можат да ви помогнат да го исчистите вашето лице без употреба на хемикалии.rn

    1. Темни подочници: Куркума и сок од ананас

    rn(1)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mkrnrnКуркумата ги намалува темните кругови под очите предизвикувајќи антиоксидансен ефект на кожата.rn

      rn011

    • Измешајте 2 лажички куркума и 2 лажички сок од ананас и направете паста.
    • rn011

    • Нанесете ја пастата под очите и оставете да делува 10 минути.
    • rn011

    • Отстранете со мека крпа.
    • rn011

    • Повторувајте секој ден додека не забележите подобрување.
    • rn

    rnОваа маска исто така ќе ја омекне кожата под очите.rn

    2. Изгореници од сонце и воспаленија: Авокадо

    rn(2)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mkrnrnАвокадото содржи витамини А, Д и Е кои ја смируваат изгорената кожа, го поттикнуваат производството на колаген и ги намалуваат кожните воспаленија.rn

      rn011

    • Испасирајте половина авокадо со виљушка.
    • rn011

    • Додајте 2 лажици топла вода во авокадото и измешајте.
    • rn011

    • Нанесете ја смесата на проблематичните места со четка и оставете да делува 10 минути.
    • rn011

    • Исплакнете со млака вода.
    • rn

    rnАко имате сува или чувствителна кожа, додајте и 1 лажичка мед во маската.rn

    3. Хиперпигментација: Компири и сок од лимон

    rn(3)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mkrnrnКомпирите содржат многу витамини и минерали кои се ефикасни во третирање на хиперпигментација, темни дамки и лузни од акни. Лимонот има цитрусна киселина која е природен избелувач.rn

      rn011

    • Темелно измијте го компирот, исечете го на мали парчиња и ставете го во блендер.
    • rn011

    • Исцедете ја течноста од изблендираниот компир.
    • rn011

    • Исцедете еден лимон.
    • rn011

    • Земете 4 лажички сок од компир и 2 лажички сок од лимон и измешајте.
    • rn011

    • Нанесете дебел слој од смесата на проблематичните места.
    • rn011

    • Откако ќе го нанесете првиот слој, оставете малку да се исуши, па нанесете ги вториот и третиот слој.
    • rn011

    • Оставете ја маската преку ноќ и исплакнете со топла вода наутро.
    • rn011

    • Повторувајте го третманот секој ден во рок од 1 недела.
    • rn

    rnАко имате сува и чувствителна кожа додајте 1 лажица мед и 1 лажица вода од ружа. Ако имате мрсна или комбинирана кожа додајте 2 лажици брашно од ориз во маската.rnrnМешавината можете да ја чувате во фрижидер 3-4 денови.rn

    4. Акни: Јаболков оцет

    rn(4)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mkrnrnЈаболковиот оцет содржи оцетна киселина и микроелементи како калиум и магнезиум. Тој е одличен за детоксикација и може да го реши проблемот со акните.rn

      rn011

    • Измешајте лажица јаболков оцет со 2-3 лажици дестилирана или филтрирана вода.
    • rn011

    • Нанесете ја мешавината на чисто лице со памук.
    • rn011

    • Почекајте тоникот да се исуши. По него можете да користите и други продукти.
    • rn011

    • Нанесувајте 2 пати дневно по миење на лицето.
    • rn

    rnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Девојки, дали правилно се грижите за интимното здравје?

    Девојки, дали правилно се грижите за интимното здравје?

    Секоја жена би требало да се грижи за интимното здравјето на соодветен начин. Тоа секако е полесно да се оствари доколку се придржуваме до правилата кои ги откриваат гинеколозите.rnrn1-devojki-dali-pravilno-se-grizhite-za-intimnoto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Запомнете дека вие не сте гинеколог

    rnБез разлика колку го познавате вашето тело и што ви одговара, немојте да се лекувате на своја рака. Во аптеките се достапни многу препарати во служба за лекување на вагиналните инфекции, но ве советуваме да не ги користите без препорака на гинеколог. Користењето лекови, вагиналети, масти и слично на своја рака може само да ја комплицираат состојбата.rn

    2. Водете сметка при купување на долна облека

    rnТанга или обични гаќички? Кога е во прашање ова, експертите имаат поделено мислење. Додека едни сметаат дека жените не би требало да носат танги, други немаат ништо против тоа доколку тие се удобни. Долната облека пред сѐ мора да биде удобна и не треба да биде тесна. Премногу тесните гаќички може да го иритираат интимниот предел, а со оглед на тоа дека се во контакт со анусот, постои и опасност од пренос на бактерии. Најважно е секојдневно да ја менувате долната облека, правилно да ја перете и да внимавате на хигиената.rn

    3. Обилни менструации

    rnДоколку вашата менструација трае повеќе од пет дена немојте да го занемарувате ова. Постојат жени на кои тоа им е природно, но доколку тоа не било случај со вас, а ви се случува менструација која е преобилна и трае подолго, обратете се кај гинекологот.rnrn2-devojki-dali-pravilno-se-grizhite-za-intimnoto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    4. Разговарајте со гинекологот во врска со болниот секс

    rnАко чувствувате константна болка во текот на сексот, тогаш никако не треба да го криете тоа од вашиот доктор, бидејќи причините може да бидат работи како вагинални инфекции, фиброиди, миоми, ендометриоза или цисти.rn

    5. Не воспоставувајте дијагноза за себе по пат на Интернет

    rnПовеќето од нас се склони да ги „гуглаат“ симптомите и што тие значат. На овој начин можете да дојдете до разни, во поголем дел неточни заклучоци. Наместо на Гугл, симптомите кажете му ги на вашиот гинеколог.rnrnПрочитајте и неколку начини да ги спречите габичните инфекции.

  • Соодветна долна облека, нежен сапун и чист пешкир: Најдобрите совети за интимна нега

    Соодветна долна облека, нежен сапун и чист пешкир: Најдобрите совети за интимна нега

    Дали знаевте дека дури три од четири жени повремено имаат вагинални проблеми кои бараат третман? И дали знаете дека ист број на жени често оставаат сѐ да се реши само од себе што и тоа како знае да потрае, а знае да биде и доста неудобно. Немојте да бидете како тие жени и обидете се да не дојде до тие проблеми, а доколку се случат, научете каков третман е навистина потребен. rnrn1-soodvetna-dolna-obleka-nezhen-sapun-i-chist-peshkir-5-soveti-za-intimna-nega-www.kafepauza.mk_rnrnНајголем проблем во областа на интимната нега е секако нарушувањето на вагиналната флора која ја сочинуваат добрите бактерии што всушност и ја штитат. Во случај на хормонални промени, терапија со одредени лекови, но и неправилна хигиена може да дојде до зголемен секрет, непријатен мирис, чешање, болка или печење, иритација или сувост. Овие непријатности не секогаш бараат посета кај вашиот гинеколог, но бараат посебен третман кој нема да создаде несакани ефекти или да ја влошат ситуацијата во интимното подрачје. Добра работа е што интимните „проблеми“ во некоја рака можете и самите да ги решите, а во тоа ќе ви помогнат неколку наши совети.rn

    Совет број 1:

    rnИзбегнувајте да носите прилепени панталони кои ве стегаат и во кои не се чувствувате пријатно. Истото важи и за долната облека. Што и да носите, тоа би требало да биде удобно, во таа мера што облеката буквално нема да ја чувствувате. Исто така, препорачливо е да ги избегнувате вештачките, синтетички материјали, особено кога станува збор за долната облека и наместо нив да користите природни материјали како што е памукот. Памучната долна облека е сето она што ви е потребно доколку не сакате проблеми од интимна природа.rn

    Совет број 2:

    rnЗа интимната нега многу е важно кои производи ги користите. Обичните сапуни и шампони се премногу силни за вагината, бидејќи можат да се создадат иритации или сувост што може да биде многу непријатно. Затоа, ве советуваме да се определите за производи за нега кои се специјализирани за интимната област.rn

    Совет број 3:

    rnОсвен соодветните производи за нега користете и соодветна „дополнителна опрема“. Задолжително користете чисти пешкири и пешкири кои ќе ги имате само за таа намена. Не е препорачливо да користите ист пешкир за сите делови од телото, што веруваме дека и самите знаете.rnrn2-soodvetna-dolna-obleka-nezhen-sapun-i-chist-peshkir-5-soveti-za-intimna-nega-www.kafepauza.mk_rn

    Совет број 4:

    rnВо текот на менструалниот циклус морате да бидете особено внимателни и да пристапите посериозно во негата на интимната област. Пред сѐ обидете се задолжително и редовно да ги менувате влошките или тампоните за да не создадете дополнителни иритации и инфекции. Исто така, ве советуваме да користите памучни влошки кои многу повеќе ќе ѝ одговараат на вашата кожа, исто како што е случајот и со памучната долна облека.rn

    Совет број 5:

    rnНа крај, доколку се случи да „закачите“ некој од вагиналните проблеми, немојте да го одложувате решавањето на тој проблем. Наш совет е доколку забележите некој од симптомите, како што е чешање, печење и каква било друга непријатност, веднаш да започнете со соодветна терапија.rnrnПогледнете кои се причините за појава на вагинални габични инфекции и природни начини на лекување.

  • Шеќерот е ужасен за вашето здравје, но во овие 10 случаи прави вистински чуда

    Шеќерот е ужасен за вашето здравје, но во овие 10 случаи прави вистински чуда

    Добро е познато дека шеќерот не е најздравиот избор кога е во прашање исхраната, но тоа не значи дека во домот не треба да имате едно пакување. Во следните 10 случаи, оваа бела состојка може да направи чуда!rnrn1-shekjerot-e-uzhasen-za-vasheto-zdravje-no-vo-ovie-10-sluchai-pravi-vistinsko-chudo-www.kafepauza.mk_rn

    1. Рани

    rnИстражувањата покажуваат дека кристалниот шеќер го подобрува заздравувањето на раните, дури и кога антибиотиците и другите познати методи не делуваат.rn

    2. Усни

    rnСтавете го прстот во вода, а потоа во кристален шеќер. Лесно измасирајте ги усните со кружни движења. Овој метод ќе биде вашиот спас доколку имате суви и испукани усни.rn

    3. Лице

    rnИзмешајте една лажичка шеќер, една лажичка оризово брашно и една лажичка млеко. Нанесете на чисто лице и лесно масирајте со кружни движења околу 5 минути. Оставете да се исуши, а потоа измијте со ладна вода. Лицето ќе ви биде целосно исчистено и мазно.rnrn3-shekjerot-e-uzhasen-za-vasheto-zdravje-no-vo-ovie-10-sluchai-pravi-vistinsko-chudo-www.kafepauza.mk_rn

    4. Тело

    rnАко барем еднаш неделно применувате пилинг со 3 лажички маслиново масло и 4 лажички шеќер, кожата на телото ќе ви биде преубава, подмладена и мазна.rn

    5. Рок на траење

    rnЗа вашите омилени колачиња да останат подолго време свежи, ставете со нив и неколку коцки шеќер. Ќе бидат вкусни и до 7 дена по подготовката!rn

    6. Меки стапала

    rnМешавината од шеќер и масло од нане е добитна комбинација за меки табани. Шеќерот ги отстранува мртвите клетки, додека маслото ги омекнува петите.rn

    7. Валкана кожа

    rnКога ќе се измачкате со разни бои или други средства кои обичниот сапун не може да ги измие, обратете се за помош кај шеќерот. Само измешајте го со кое било масло и истријте ги рацете – за кратко, тие ќе бидат совршено чисти!rnrn4=shekjerot-e-uzhasen-za-vasheto-zdravje-no-vo-ovie-10-sluchai-pravi-vistinsko-chudo-www.kafepauza.mk_rn

    8. Тврдокорни дамки

    rnШеќерот ја отстранува една од најупорните дамки – дамките од трева. Само посипете шеќер врз дамката и оставете да делува од 40 до 60 минути. Ќе се воодушевите!rn

    9. Продолжете го животот на цвеќето

    rnОва најверојатно веќе сите го знаете – ако во водата со свежо цвеќе додадете малку шеќер, тоа ќе трае подолго.rn

    10. Убод од оса

    rnСтавете малку шеќер на местото на кое ве боцнала оса. Тој ќе помогне отровот да излезе, а отокот да се намали.rnrnПогледнете митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате.

  • Сериозен проблем или обновување на кожата? 7 причини поради кои вашите пети се постојано испукани

    Сериозен проблем или обновување на кожата? 7 причини поради кои вашите пети се постојано испукани

    Доколку имате проблеми со испукани пети и лупење на кожата во тој дел од телото, важно е да ја откриете вистинската причина за тој проблем за да можете полесно и побрзо да го решите. Во продолжение следуваат неколку можни причинители и начини како можете да се справите со нив.rnrn1-seriozen-problem-ili-obnovuvanje-na-kozhata-7-prichini-zaradi-koi-vashite-peti-se-postojano-ispukani-www.kafepauza.mk_rn

    1. Прекумерно потење на стапалата

    rnАко сте често во движење во текот на топлите денови и притоа носите затворени обувки, нозете може повеќе да ви се потат. Зголеменото потење доведува до насобирање вишок влага во обувките која потоа станува плодна основа за некој поблаг облик на инфекција. Сето тоа ќе резултира со лупење на кожата на петите. Стапалата многу помалку ќе се потат во обувките кои се изработени од природна кожа.rn

    2. Високи потпетици со ремени или апостолки

    rnЗа разлика од класичните салонки, отворените високи потпетици со ремени додека чекорите предизвикуваат триење поради кое кожата на петите се оштетува. Освен здебелување, пукање и лупење на кожата доаѓа и до создавање на плускавици. Истиот ефект на петите го имаат и апостолките.rnrn2-seriozen-problem-ili-obnovuvanje-na-kozhata-7-prichini-zaradi-koi-vashite-peti-se-postojano-ispukani-www.kafepauza.mk_rn

    3. Сончање без заштита

    rnМислевте дека одморот на плажа ќе ве прероди од глава до пети, но сте се вратиле од летувањето со испукани пети. Причината за тоа најверојатно е прекумерното изложување на стапалата на сонце. Токму стапалата се дел од телото кое секогаш забораваме да го намачкаме со крема за сончање или пак, мислиме дека воопшто нема потреба да ги третираме со такви средства. Секако, тоа е погрешно. Изложувањето на стапалата на сонце на нив предизвикува изгореници заради кои кожата започнува да пука и да се лупи.rn

    4. Дехидрација

    rnМожеби не сте мислеле дека премалата количина вода во телото влијае и на изгледот на кожата на стапалата, но едноставно нема дел од телото на кој дехидрацијата на кој било начин не штети. Ако не пиете доволно вода, ќе започне да ви се лупи кожата по целото тело.rn

    5. Габични инфекции

    rnПричина заради која кожата на петите лесно пука понекогаш може да биде и од малку посериозна природа. Всушност, во областа на стапалата многу лесно се развиваат габични инфекции, особено ако во текот на летните горештини почесто сте носеле затворени модели на обувки во кои стапалото немало воздух. Ако и покрај редовниот пилинг и третирање на стапалата со креми не можете да се ослободите од лупење на кожата, обратете се кај вашиот општ доктор кој ќе утврди дали проблемот е можеби некоја инфекција.rnrn3-seriozen-problem-ili-obnovuvanje-na-kozhata-7-prichini-zaradi-koi-vashite-peti-se-postojano-ispukani-www.kafepauza.mk_rn

    6. Егзема

    rnЕгземата, позната и како дерматитис, е назив за болест што се карактеризира како воспаление на кожата. Симптомите на егзема најчесто се чешање, црвенило, отеченост, испукана кожа. Доколку забележувате појава на наведените симптоми и на вашите стапала, обратете се кај вашиот доктор, како и во случајот со габичната инфекција.rn

    7. Природно обновување на кожата

    rnАко во вашиот случај пукањето и лупењето на кожата е само краткотрајна појава која брзо ја санирате, тогаш станува збор за природен процес за обновување на кожата и нема причина за грижа.rnrnПокрај соодветната нега, треба да внимавате и како се однесувате со вашите стапала, а ова се лоши навики кои им штетат на вашите стапала.

  • 15 генијални трикови за убавина и нега што ќе ви го олеснат животот

    15 генијални трикови за убавина и нега што ќе ви го олеснат животот

    Секоја жена знае колку е тешко секогаш да изгледа совршено негувана, без разлика колку време и труд ќе вложи во тоа. За среќа, постојат трикови што можат да ви го олеснат животот, а ние ги одбравме најкорисните што ќе ви помогнат секогаш да изгледате убаво и негувано, со најмалку труд.rnrn1-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_rn

    1. Маскарата ќе ги покрие израстоците на косата

    rnЖените кои ја бојадисуваат својата коса знаат колку лошо изгледа израстокот. Овој проблем ќе можете да го решите со малку маскара. Едноставно нанесете ја на самиот корен на косата и потпораснатите прамени ќе исчезнат.rnrn2-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_rn

    2. Направете природни локни без фигаро

    rnАко сакате брановидна коса со природен изглед, не морате да поседувате посебни фигара за коса. Можете само да ја замотате сувата коса и да ја загреете со фен за коса. Ако имате цврста коса, ќе морате малку подолго да ја држите свиткана.rnrn3-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_rn

    3. Моливот е добар за виткана коса

    rnУште еден корисен трик за вашата коса – ако немате фигаро, замотајте го праменот коса околу моливот и загрејте го со пегла.rnrn4-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_rn

    4. Марамчето не дозволува да се создаде електрицитет на косата

    rnАко на овој начин го ставите марамчето на чешелот, ќе го спречите создавањето електрицитет.rnrn5-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_rn

    5. Бебешката пудра ќе ги реши проблемите со мрсната коса

    rnМногу жени имаат проблеми со својата коса, бидејќи таа многу брзо се масти. Малкумина знаат дека овој проблем има доста лесно решение. Вашата коса ќе остане чиста подолго време доколку нанесете пудра во прав на коренот на косата.rnrn6-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на следната страна за уште неколку фантастични трикови.rn

  • Лето без инфекции: 4 совети за вашето интимно здравје

    Лето без инфекции: 4 совети за вашето интимно здравје

    Иако се грижиме за нашата интимна зона во текот на целата година, во летото заради жештината и зголеменото потење, мораме да посветиме дополнително внимание на овие делови од телото.rnrn1-leto-bez-infekcii-4-soveti-za-vasheto-intimno-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Изберете интимна купка со соодветна pH вредност

    rnФакт е дека вагината има способност сама да се чисти, и дека би било најдобро да ја миете само со обична вода. Но, веруваме дека поголемиот дел од жените не би биле „мирни“ доколку би го исфрлиле сапунот од својата нега. Па, ако користите сапун, купувајте неутрален или од оние кои се наменети за интимна хигиена. Водете сметка дека нормалната pH вредност на здравата вагина е помеѓу 3,8 и 4,5.rn

    2. На плажа понесете резервен костим за капење

    rnДоколку одите на море или на базен, колку што е можно побрзо пресоблечете се од мократа облека. Исто така, задолжително пресоблечете се и после вежбањето во теретана. Влагата е идеална за развивање габични инфекции.rnrn2-leto-bez-infekcii-4-soveti-za-vasheto-intimno-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    3. Носете памучна долна облека

    rnОбидете се да ја избегнувате долната облека од чипка, сатен и синтетика. Овие материјали ја задржуваат влагата и може да дојде до развивање на разни габични и бактериски инфекции. Идеално би било секогаш да носите памучна долна облека. Доколку тоа е невозможно, користете дневни памучни влошки, а посебно обрнете внимание нивниот горен дел да биде направен од 100% памук.rn

    4. Двојна грижа во текот на „оние денови“

    rnЗа време на менструацијата, зголемете ја грижата за интимната зона. Избирајте квалитетни влошки, кои нема да ви предизвикаат иритации, и кои ќе одговараат на вашите потреби. Совет плус: Никогаш немојте да го избегнувате вежбањето во текот на менструалниот циклус. Всушност, токму физичката активност може да ви ја ублажи болката.rnrnДоколку се подготвувате за одмор, погледнете го овој комплетен водич за средување на влакненцата во вашата интимна зона.

  • Како да се ослободите од лошата миризба на стапалата?

    Како да се ослободите од лошата миризба на стапалата?

    Стресот и габичните инфекции предизвикуваат зголемено лачење на пот, кое пак им годи на бактериите кои предизвикуваат лоша миризба. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат еднаш засекогаш да се ослободите од лошиот мирис на стапалата.rn

    Отстранете ги местата за размножување на бактерии

    rn(1)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnНајмногу од бактериите кои предизвикуваат лош мирис се наоѓаат под ноктите и кај грубата кожа. Не заборавајте да се ослободите од грубата кожа на петите и да ги исечете вашите нокти.rn

    Темелно бришете ги стапалата

    rn(2)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnНе е доволно само да ги поминете со крпата, важно е да ја избришете и водата помеѓу вашите прсти. Влагата може да предизвика создавање габи и инфекции.rn

    Направете чај за вашите стапала

    rn(3)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnЧајот има состојки кои ги уништуваат бактериите и ги намалуваат отоците. Можете да ја направите следнава купка за вашите стапала:rn

      rn011

    • Ставете 3 лажици чај во 1 литар врела вода.
    • rn011

    • Додајте 2 литра студена вода.
    • rn011

    • Ставете ги стапалата во водата 15-30 минути.
    • rn

    rn

    Јаболков оцет

    rn(4)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnЈаболковиот оцет е одличен за ослободување од мирисот на стапалата.rn

      rn011

    • Измешајте половина литар оцет со 200 милилитри топла вода.
    • rn011

    • Натопете газа во растворот и оставете ја на стапалата околу 20 минути.
    • rn011

    • Оставете ги стапалата да се исушат сами.
    • rn

    rn

    Користете масла за ароматерапија

    rn(5)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnМаслото од лаванда е одлично. Покрај тоа што го намалува мирисот, тоа ги отстранува и бактериите. Можете да ги масирате стапалата со него, или да си направите купка.rn

      rn011

    • Измешајте 2 капки масло од лаванда со 3-4 литри вода.
    • rn011

    • Натопете ги стапалата 10-15 минути во растворот.
    • rn

    rn

    Перете ги чорапите наопаку

    rn(6)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnНа овој начин тие темелно ќе се исчистат од бактерии и кожа. Чорапите секогаш треба да бидат од природен материјал.rn

    Дома одете боси или веднаш менувајте ги чорапите кои сте ги носеле надвор

    rn(7)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnКога одите, вашите чорапи собираат бактерии од подот, кои кога ќе се најдат во влажна средина почнуваат да се размножуваат.rn

    Користете антиперспиранти и за вашите стапала

    rn(8)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnАнтиперспирантите содржат хемикалии кои го намалуваат потењето. Нанесете ги навечер или после туширање на сува кожа.rn

    Консултирајте се со лекар

    rn(9)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnАко вашите стапала покрај мирисот ве чешаат и се лупат, одете на лекар. Може да станува збор за инфекција или заболување предизвикано од габи.rn

    Дезинфицирајте ги обувките

    rn(10)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrn

      rn011

    • Темелно измијте ги однадвор.
    • rn011

    • Натопете ги во раствор за дезинфекција.
    • rn011

    • Собирајте ја влагата од внатрешноста на обувките.
    • rn

    rn

    Одржете ги обувките суви

    rn(11)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnПодобро е да имате два пара обувки за секоја сезона кои можете да ги носете наизменично. Ако имате само еден пар, а тој е влажен, ставете весник во него. Весникот ќе ја собере целата влага преку ноќ. Или пак можете да користите фен за коса.rnrnПогледнете ги и овие совети за меки и нежни стапала.

  • 6 одлични совети за совршени меки и нежни стапала

    6 одлични совети за совршени меки и нежни стапала

    На нашите стапала им е навистина тешко со секојдневното брзање и притисок од модерниот живот и неудобните чевли. Затоа е важно да посветите повеќе внимание за нивна грижа. Погледнете ги овие 6 едноставни совети кои ќе ви помогнат во тоа.rnrn(7)6-odlichni-soveti-za-sovrsheni-stapala-kafepauza.mkrn

    1. Одржувајте ги стапалата суви

    rn(1)6-odlichni-soveti-za-sovrsheni-stapala-kafepauza.mkrnrnЕден од основните принципи за хигиена е стапалата постојано да ви бидат суви. Влажноста создава совршена средина за развивање габи и инфекции. Во ова ќе ви помогнат следниве работи:rn

      rn011

    • Носете чевли кои се направени од природен материјал и кои ѝ дозволуваат на кожата да дише.
    • rn011

    • Избегнувајте да ги носите истите чевли неколку денови по ред.
    • rn011

    • Темелно избришете ги стапалата после бањање.
    • rn

    rn

    2. Правилно сечете ги ноктите

    rn(2)6-odlichni-soveti-za-sovrsheni-stapala-kafepauza.mkrnrnНеправилно исечените нокти резултираат со сраснување кое може да биде навистина болно. Еве неколку совети да го спречите тоа:rn

      rn011

    • Сечете ги ноктите по права линија.
    • rn011

    • Немојте премногу да ги кратите. Ова може да предизвика сраснување и инфекции.
    • rn011

    • Немојте да ги сечете кутикулите! Може нежно да ги потиснете назад кон коренот на нокотот.
    • rn

    rn

    3. Одржувајте го здравјето на вашите нокти

    rnrnrnОваа постапка ќе ви помогне да се ослободите од болката од сраснатите нокти:rnrn1. Накиснете ги стапалата во топла вода околу 20 минути. Додајте 1 лажица сол во 1 литар вода.rnrn2. Ставете конец за заби под работ на вашиот нокот и нежно подигнете.rnrn3. Ставете антисептик на третираното место и заштитете го со завој.rnrn4. Повторувајте го овој процес додека нокотот не заздрави целосно.rnrnАко не гледате подобрување и ако забележите некој знак на инфекција, веднаш одете на доктор.rn

    4. Накиснете ги стапалата во топла вода

    rn(4)6-odlichni-soveti-za-sovrsheni-stapala-kafepauza.mkrnrnЗа вашите стапала да изгледаат прекрасно, а петите да ви бидат мазни, накиснете ги во топла вода околу 20 минути, барем еднаш неделно. Можете да додадете сол, есенцијални масла и слично. Користете камен за пета за да ја отстраните сувата кожа од петите.rn

    5. Навлажнувајте ги стапалата

    rn(5)6-odlichni-soveti-za-sovrsheni-stapala-kafepauza.mkrnrnНајдобро е да користите мрсни креми, како на пример, вазелин. Само запомнете, никогаш не ги нанесувајте кремите помеѓу прстите бидејќи може да се создадат габи.rn

    6. Масирајте ги стапалата

    rn(6)6-odlichni-soveti-za-sovrsheni-stapala-kafepauza.mkrnrnМасажата на стапалата е одличен начин да се ослободите од заморот, да ја подобрите циркулацијата на крвта и да го одржите здравјето на стапалата. Можете да купите масажер за стапала, или пак можете да користите каков било кружен предмет, како на пример топче за тенис. Ставете го топчето под стапалото и почнете да го движите напред-назад.rnrnПогледнете ги и овие совети за нега на кожата после сончање.