КАФЕ ПАУЗА

Tag: нега

  • Подгответе ги стапалата за пролетните и летните сандали

    Подгответе ги стапалата за пролетните и летните сандали

    Кога станува збор за негата на телото, слободно можеме да кажеме дека стапалата се најзапоставениот дел од нашето тело. Но, со приближувањето на пролетните и летните топли денови, треба да имаме на ум дека и на стапалата им е потребна соодветна нега, со цел да можеме слободно да носиме отворени сандали. Токму затоа и денес ви ги издвојуваме овие едноставни совети, со чија помош, во удобноста на својот дом, можете да им овозможите соодветна нега на вашите стапала и да ги направите.rnrnrn

    1. Етерично масло

    rnНаполнете кофа со топла вода и капнете неколку капки етерично масло во неа. Етеричното масло помага при борбата против габите и бактериите, а со тоа и ја омекнува кожата на вашите стапала. Покрај антибактериските својства, по оваа купка за стапала, старата кожа целосно ќе се отстрани.rn

    2. Одберете добра турпија за пети

    rnПо омекнувањето на кожата, најдобро е да ги отстраните самите остатоците од старата кожа, а тоа можете најдобро да го направите со турпија за пети. Истријте ги сите груби места, со цел повторно да ги направите вашите стапала нежни и мазни.rn

    3. Хидрирајте ги стапалата

    rnКога ја мачкате вашата кожа со хидратантен лосион по туширањето, големи се шансите дека заборавате на вашите стапала. Овој пат, имајте ги и нив на ум откако ќе излезете од туш кабината и обрнете им повеќе внимание, односно ставете поголем слој лосион.

  • Како да се справите со сувите и испукани стапала?

    Како да се справите со сувите и испукани стапала?

    Летото е време на сандали, па како што наближуваат топлите денови, би требало да им се посветите на вашите стапала.rnrnКако да се справите со сувите и испукани стапала?rnrnНајчесто причината за лошата состојба на стапалата е неправилна исхрана, недоволно пиење вода, клима, стареење, некои болести, лоши обувки, како и недоволна хигиена. Меѓутоа, со само 15 минути дневно, можете значително да ја поправите состојбата на вашите стапала.rn

    1. Купка за стапала

    rnСекој третман за стапала започнува со купка. Имено, таа ги опушта умрните стапала, ја подобрува циркулацијата и ја омекнува тврдата кожа. Секоја вечер правете топла купка за стапала, во која можете да додадете есенцијално масло или малку морска сол. Најдобро е да користите масло од лаванда или еукалиптус бидејќи има антисептички својства и ги штити стапалата од габи и бактерии.rnrnНаполнете сад со топла вода, потопете ги нозете и оставете ги внатре 15-тина минути. Правете ова секоја вечер пред спиење, сè додека не се подобри состојбата на вашите стапала. Потоа правете ја купката 1-2 пати неделно.rn

    2. Пилинг

    rnНа стапалата им е потребен пилинг бидејќи со него се отстранува мртвата кожа. Можете да купите готов пилинг, а можете да направите и самите. Измешајте маслиново масло, кафеав шеќер и морска сол. Нанесете ја смесата на тврдите делови од стапалата и добро истријте. Доволно е да правите пилинг 1-2 пати неделно.rn

    3. Крем за стапала

    rnПо пилингот, измијте ги стапалата и темелно исчистете ги. Влагата на стапалата може да го поттикни развојот на габи. Потоа намачкајте ги стапалата со квалитетен крем. Наместо крем за стапала, можете да користите шеа путер, какао путер, бадемово или кокосово масло.rnrnДодека го нанесувате кремот, можете да направите и блага масажа. Со прстите направете неколку кружни движења по стапалата, а потоа притискајте ги по нивната должина. Не заборавајте и на ножните прсти.rnrnПосле купката, пилингот и масажата, облечете чисти памучни чорапи. Оставете ги на нозете барем 4 часа, а можете и да преспиете со нив.rn

    Нега за секој ден

    rnГрижете се за вашите стапала секој ден. Одржувајте ги нозете чисти и суви и зголемете го количеството на вода.rnrnПробајте ги и овие евтини и брзи решенија за испукани пети.

  • 3 грешки што имаат лошо влијание врз здравиот изглед на вашата кожа

    3 грешки што имаат лошо влијание врз здравиот изглед на вашата кожа

    Негуваната кожа и блескавиот тен се нешто што многу жени се обидуваат да го постигнат. Но, многу често прават грешки со кои само си нанесуваат повеќе штета. Постојат безброј митови за убавина, а многу жени едноставно ги прифаќаат и ги споделуваат иако се штетни. Погледнете кои се најчестите грешки при нега на кожата.rnrn3 грешки што имаат лошо влијание врз здравиот изглед на вашата кожаrn

    1. Често ја отстранувате шминката со влажни марамчиња

    rnИако влажните марамчиња се наједноставниот начин за отстранување на шминката, зад себе тие остават слој хемикалии кои се лоши за вашата кожа. Доколку немате време за темелно да го исчистите лицето од шминка, можете да употребите влажно марамче, но веднаш потоа измијте го лицето со вода за да ги спречите несаканите иритации од хемикалиите.rn

    2. Редовно посетувате солариум

    rnПовеќето жени сметаат дека одењето во солариум е одличен начин да се подготват за летото. Тие со месеци се обидуваат да го изедначат нивниот тен и сметаат дека на овој начин ќе се заштитат од изгорениците од сонце. Тенот што се добива во солариум не може да ве заштити од изгореници, само ги прави помалку видливи поради темната боја. Единствениот начин да се заштитите од силното сонце е со креми со заштитен фактор, кои треба да се дел од вашата секојдневна рутина.rn

    3. Пречесто го миете лицето

    rnСекојдневното чистење на лицето е задолжително и треба да го правите наутро и навечер. И во овој случај потребно е да бидете умерени. Премногу честото користење средства за чистење на лицето може да ја исуши вашата кожа. Поради ова не заборавајте по секое миење да нанесете хидратантна крема за лице.rnrnПогледнете ги и овие практични совети за блескава кожа на лицето.

  • 7 нешта што треба да ги научите до 30-тата година за вашата кожа да изгледа неверојатно

    7 нешта што треба да ги научите до 30-тата година за вашата кожа да изгледа неверојатно

    Нормално е во 20-тите негата на кожата да ви биде сведена на отстранување на шминката пред спиење. Нормално е да живеете со полна пареа, да експериментирате, а спиењето од 4 часа да го сметате за бонус. Но додека да се освестите, веќе сте наполниле 30 години. Тогаш, кога ќе се погледнете во огледало ќе се исплашите од вашите подочници и новите брчки и нема да ви биде јасно што се случило. За да го избегнете ова, важно е да ги знаете следниве совети за убавина што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно и после 30-тата година од животот.rnrn7 нешта што треба да ги научите до 30-тата година за вашата кожа да изгледа неверојатноrn

    1. Чистете го лицето два пати дневно

    rnРедовното чистење ќе го намали бројот на мртви клетки на кожата и вашиот тен ќе биде поубав. Чистото лице е совршена основа за производи против стареење.rn

    2. Почнете да користите дневна и ноќна крема за лице

    rnСо цел да ја спречите појавата на знаците на стареење, избегнувајте да користите една крема за секоја прилика. Ноќната крема ќе ја збогати вашата кожа со кислород и ќе ја подобри регенерацијата на кожата во текот на ноќта, а наутро навистина ќе ја забележите разликата.rn

    3. Користете креми со заштитен фактор

    rnДури и ако сакате да фатите боја, мора да нанесувате заштитна крема на лицето секој ден. Важно е да го заштитите лицето дури и ако поголемиот дел од денот го поминувате во затворено. Ништо нема да го забави стареењето како заштитата од ултравиолетовите зраци. Најдобро е да одберете дневна крема за лице со заштитен фактор поголем од 15.rn

    4. Вложете во апарат за пареа за лице

    rnОвие апарати не се многу скапи, а се одлични за вас. Во водата можете да додадете и некое етерично масло, во зависност од она што сакате да го постигнете. Кога ќе ги отворите порите со пареа, продуктите за нега полесно ќе навлезат во кожата.rn

    5. Избегнувајте го шеќерот

    rnКонсумирајте што повеќе зелена храна, а што помалку шеќер и кофеин. Шеќерите го забрзуваат процесот на стареење и предизвикуваат разни проблеми со кожата. Шеќерот во телото се врзува со протеините и клетките на колаген во кожата, а овој процес го забрзува создавањето на слободни радикали и воспаленија. Ова пак, им ја отежнува нормалната активност на клетките, па доаѓа од предвремено стареење на кожата.rn

    6. Правилото АЦЕ

    rnПочнете уште веднаш со земање витамини и применувајте го правилото АЦЕ:rn

      rn 011

    • Витамин А: Сладок компир, органски путер, зелен лиснат зеленчук, риба.
    • rn 011

    • Витамин Ц: Пиперки, бобинки, брокули.
    • rn 011

    • Витамин E: Ореви, лешници, бадеми, семиња.
    • rn

    rnСекој ден јадете по едно нешто од сите три групи и за многу брзо ќе ја забележите разликата на вашето лице.rn

    7. Не се сите козметичарки добри

    rnНајважното од сè е да не му го доверувате вашето лице на кого било. Не се добри сите козметичарки. Лошата нега може да ви создаде проблем кој после ќе ви биде тешко да го отстраните. Пред да отидете каде било, распрашајте се и слушајте препораки само од луѓе на коишто им верувате.rnrnДознајте кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа.

  • Одлични совети за убавина за девојките со тенки усни

    Одлични совети за убавина за девојките со тенки усни

    Многу девојки сонуваат за полни усни. Иако денес можете да ги добиете со разни зафати и процедури, понекогаш воопшто нема потреба од тоа. Без разлика дали отсекогаш сте имале тенки усни или ненадејно сте го изгубиле волуменот, постојат неколку совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно. Доколку сакате вашите усни да изгледаат побујно, придржувајте се до следниве правила.rnrnОдлични совети за убавина за девојките со тенки усниrn

    Избегнувајте црвен кармин

    rnДури и ако навистина ги сакате темните нијанси, имајте на ум дека тие го свртуваат вниманието кон проблемот. Наместо нив, одберете кармин со боја на кожа или со нежна розова нијанса. Со моливче за уста со боја на кожа можете да ги исцртате усните малку надвор од нивната природна линија, а потоа пополнете ја целата усна со моливчето. Потоа нанесете кремаст кармин со неутрална нијанса и со боја слична на моливчето.rn

    Внимателно со сјајот за уста

    rnНемојте да го нанесувате сјајот низ целата површина на усните. Наместо тоа, нанесете малку на средниот дел од горната и долната усна. На овој начин светлината ќе се рефлектира и ќе добиете 3Д ефект. За да додадете визуелна длабочина, на врвот на горната усна нанесете малку хајлајтер и сенка со боја на шампањ.rn

    Нагласете ги очите

    rnАко имате тенки усни, не плашете се да го насочите вниманието кон вашите очи. Темните сенки за очи и долгите трепки се одлични за тоа. Кога бојата на усните е неутрална, слободно нагласете ги очите.rn

    Подобрете ја циркулацијата

    rnПред да нанесете кармин, добро е да направите пилинг на усните. Можете да го направите тоа и со влажен шеќер. На овој начин ќе го отстраните вишокот кожа и ќе ја подобрите циркулацијата, а вашите усни привремено ќе изгледаат пополни.rn

    Заштитете ги усните од сонце и ветар

    rnУВ-зраците влијаат на стареењето на усните исто како и на стареењето на кожата. За да го спречите ова, секогаш употребувајте кармин или балзам со заштитен фактор поголем од 15. Ова важи и за деновите кога нема сонце, а е ветровито.rn

    Ноќен третман

    rnНегата против стареење не треба да заврши со нанесување на ноќна крема. Направете и ноќен третман за усните со пептиди и хијалуронска киселина. На овој начин ќе го ублажите изгледот на линиите на усните и околу нив.rnrnПогледнете и како да ги излечите испуканите усни.

  • Кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа?

    Кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа?

    Сигурно имате слушнато за многу работи кои се добри, но и за работи кои се лоши за вашата кожа. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе кога станува збор за продуктите за убавина, погледнете кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа.rnrnКои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа?rn

    Што е најдобро?

    rnИако вистинско искушение е да верувате дека една листа состојки е одлична за сите, вистината е дека секој има различни потреби. Разните видови кожа реагираат различно на разните продукти за кожа и нивните елементи. За да избегнете потенцијални иритација или појава на акни, најпрво треба да откриете што е добро за вашата кожа. Ова можете да го направите сами или со помош на дерматолог.rnrnКога станува збор за основа на шминка, оние со мрсна кожа и кожа склона кон акни би требало да се држат до минералните пудри или оние без масла. Доколку имате чувствителна кожа, користете заштитни креми од сонце со минерални состојки.rn

    Што да избегнувате?

    rnПостојат два вида реакции на кожата што можат да произлезат од козметиката. Првата е алергиска реакција кога вашиот систем одговара на некоја состојка. Втората е иритација која состојката ја предизвикува директно на кожата, со тоа предизвикувајќи и воспаление.rnrnКонзервансите и парфемите се најчестите причинители на алергии на кожата. Некои конзерванси, како парабените, почесто предизвикуваат алергија за разлика од другите. Ако имате проблем со алергии, постојат продукти без парабен, па секогаш можете да побарате алтернатива. Ако имате чувствителна кожа, или сте имале алергии во минатото, држете се до производи без парфем.rnrnВажно е да знаете дека понекогаш и најдобрите состојки можат да предизвикаат иритација доколку имате одредена алергија. Па ако некој продукт ви предизвикува црвенило, горење, печење или иритација, веднаш престанете да го употребувате.rn

    Заклучок

    rnПрвиот чекор што треба да го направите за да ги одберете најдобрите продукти за нега на вашата кожа е да дознаете што има во вашите продукти. Одберете бренд којшто е транспарентен за состојките во нивните продукти. Вашата кожа секогаш го заслужува најдоброто.rnrnПогледнете и кои продукти ќе ви помогнат да се справите со брчките.

  • Како да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?

    Како да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?

    Традиционално, брадите се симбол за мажественост, моќ, сила и мудрост. Но обидувајќи се да ја пораснат својата брада, многу мажи на почетокот се соочуваат со чешање и се откажуваат. Доколку ја пораснат, неправилната нега прави брадата да изгледа запуштено. Ако се обидувате да ја пораснете вашата брада, можеби овие совети ќе ви се најдат.rn

    1. Правилото од 4 недели

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnПрвата и најтешка фаза, односно првите 4 недели, бара најмногу трпение. Во овој период чешањето е најсилно и многу мажи се откажуваат и се бричат. Брадата го достигнува својот „полн потенцијал“ по еден месец, па потребно е само да издржите.rn

    2. Не ја заборавајте вашата кожа

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnАко сте ги издржале четирите недели, време е за нега на вашата кожа. Важно е редовно да ја чистите брадата, да ги отстранувате мртвите клетки со пилинг за да го спречите зараснувањето на влакната и редовно да ја навлажнувате кожата.rn

    3. Вежбајте редовно

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnНе е тајна дека редовното вежбање ја подобрува циркулацијата на крвта, која пак има позитивно влијание на растот на влакната, како и на нивниот квалитет. Покрај тоа, вежбањето го поттикнува лачењето на тестостеронот кој придонесува во здравјето на фоликулите на влакната.rn

    4. Избегнувајте стрес

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnКолку изненадувачки и да звучи, стресот има негативно влијание на вашата брада. Причината е што кога сте под стрес, вашето тело го лачи хормонот кортизол кој го намалува лачењето на тестостерон. Покрај тоа, кога сте под стрес крвните садови се стегаат, па хранливите материи од крвта потешко стигнуваат до фоликулите на влакната.rn

    5. Внимавајте на исхраната

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnЗдравата исхрана е важна и е од голема помош на сите. Но ако сакате густа брада, се препорачува да консумирате повеќе продукти со протеини. Исто така зголемете го внесот на јаткасти плодови, овошје со витамин Ц и јајца. Не заборавајте да пиете и доволно вода.rn

    6. Земајте додатоци во исхраната

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnДодатоците кои содржат железо, цинк, бакар, витамини Б, Д и Е, како и магнезиум, можат да го поттикнат растењето на брадата. Бидејќи денес ретко ги внесуваме овие материи преку храната, препорачливо е да земате додатоци.rn

    7. Користете масла

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnКористењето масла за брада е навистина корисно, особено ако сте на место со екстремни температури. Тенкиот слој масло ќе ѝ даде сјај на брадата и ќе ја заштити од оштетување. Најдобро е да одберете масло чија главна состојка е јојоба.rn

    8. Редовно скратувајте ја и оформувајте ја брадата

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnМожете сами да ја скратувате брадата, или да одите на бербер. Задолжително направете го тоа после првите 4 недели. Потоа потстрижувајте ја на секои 2 до 3 недели, во зависност од тоа колку брзо ви расте. Немојте да ја потстрижувате брадата по туширање, бидејќи можете да скратите повеќе отколку што сакате.rn

    9. Употребувајте балсам за коса

    rnКако да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?rnrnНе само што треба редовно да ја миете брадата со шампон, туку треба да користите и балсами и регенератори за коса. И ова ќе ви помогне да имате густа и сјајна брада. Нанесете го регенераторот по шампонот, оставете го да делува некое време, поминете низ брадата со прстите или со чешел и исплакнете.rnrnДознајте и каква брада ви одговара според формата на лицето.

  • Божествено чудо од кујната: Квасецот ги враќа кожата и косата во живот и помага во општото здравје!

    Божествено чудо од кујната: Квасецот ги враќа кожата и косата во живот и помага во општото здравје!

    Квасецот најчесто го користиме во рецепти за подготовка на разни печива, но овој додаток во исхраната може да биде и одличен сојузник во негата на кожата, косата, ноктите, како и за унапредување на здравјето.rnrnБожествено чудо од кујната: Квасецот ги враќа кожата и косата во живот и помага во општото здравје!rn

    За кожа

    rnПивскиот и пекарскиот квасец се идеален извор на хранливи материи. Во нивниот состав има витамини Ц, Б и ИПП кои се задолжени за рехабилитација на кожата, додека содржаните минерали активно ја хранат и ја прават еластична и отпорна.rnrnИнаку, квасецот содржи 17 витамини, 16 аминокиселини и 14 минерали како што се калциум, калиум, магнезиум, цинк, бакар, фосфор и манган.rnrnОдговара за сите типови кожа и со негова помош таа постанува регенерирана, хидрирана, подмладена, поубава и отпорна на надворешни влијанија. Квасецот има и силни антибактериски својства, па се препорачува за третирање на акни. Ја смирува воспалената кожа, ја регенерира сувата и оштетена кожа, помага и со митесерите и магично ги брише брчките, правејќи ја кожата мека и убава.rn

    Маска за лице од квасец

    rn

      rn 011

    • Помешајте го квасецот со млака вода.
    • rn 011

    • Мешајте додека не добиете мазна смеса која ќе можете да ја нанесете на лицето.
    • rn 011

    • Оставете да делува 20 минути додека не се исуши, а потоа измијте се со топла вода.
    • rn

    rnМаската секогаш правете ја од свежи состојки, а можете да ја користите два пати неделно во период од 2 месеци.rnrnБожествено чудо од кујната: Квасецот ги враќа кожата и косата во живот и помага во општото здравје!rnrnВо оваа маска можете да додадете и некои природни состојки кои дополнително ќе ја нахранат вашата кожа. Ова се некои нив кои можете да ги употребите.rnrnЛимон – Одличен во борбата против брчките и пегите, го изедначува тенот и ја храни кожата со витамин Ц. Се препорачува за мрсна кожа.rnrnМед – Има антибактериски својства, длабински ја чисти кожата, спречува воспаленија и ги уништува слободните радикали. Идеален е за суво лице и одличен против мозолчиња.rnrnЈајца – Го стимулираат процесот на обновување на клетките, ја зацврстуваат кожата, го хранат и хидрираат лицето.rnrnМаслиново масло – Спречува сушење и ја подобрува текстурата на кожата. Одличен е против брчки, ѝ дава хранливост и еластичност на кожата.rnrnОвес – Ја храни кожата, а аминокиселините што ги содржи помагаат во обновување на клетките. Ја впива маснотијата од кожата и ја хидрира.rnrnЗелен чај – Го тонира лицето и ја подобрува циркулацијата. Одличен е за осетлива и иритирана кожа.rnrnЈогурт – Има смирувачко дејство и одлично ја негува кожата. Има антибактериски и антигабични својства и одличен е за сите типови кожа.rnrnЗа нега на лицето најдобар е пекарскиот квасец и тоа оној свежиот што се продава во коцки. Имајте предвид дека неговиот рок на траење е 2 недели. Ако користите квасец од кесичка, водете сметка да биде светлокафеав и со еднакви гранули.rn

    За коса

    rnБожествено чудо од кујната: Квасецот ги враќа кожата и косата во живот и помага во општото здравје!rnrnКосата која е третирана со квасец, побрзо расте, станува појака и поотпорна. Квасецот ја штити од пукање и значително го намалува опаѓањето.rn

    Маска за коса од квасец

    rn

      rn 011

    • Пола кесичка квасец ставете во сад во кој ќе додадете 2-3 лажици топла вода.
    • rn 011

    • Нанесете ја смесата на косата, а посебно масирајте го коренот на влакната.
    • rn 011

    • Оставете ја делува половина час, а потоа темелно измијте ја со топла вода.
    • rn

    rn

    За нокти

    rnБожествено чудо од кујната: Квасецот ги враќа кожата и косата во живот и помага во општото здравје!rnrnБлагодарение на витаминот Б и минералите како калциум, железо, јод и магнезиум со кои е богат квасецот, ноктите стануваат поцврсти и побрзо растат, а со тоа се значително помалку склони на пукање и листање.rnrnНоктите можете да ги негувате со помош на квасец на два начина: така што секојдневно ќе пиете растворен квасец во топла вода или со протривање на смесата од маската за лице после што треба да се остави да делува 10 минути пред да се измие.rn

    За здравје

    rnБожествено чудо од кујната: Квасецот ги враќа кожата и косата во живот и помага во општото здравје!rnrnСувиот пивски квасец претставува ризница од хранливи состојки: протеини, аминокиселини, јаглехидрати, олигоелементи, витамини и минерали.rnrnКвасецот содржи 3 важни елементи: глутамин – кој го поттикнува елиминирањето на штетни материи, селен – кој го забавува процесот на стареење и хром – кој е добар за превенција од дијабетес и инфаркт.rnrnБлагодарение на минералите и олигоелементите кои се неопходни за нормално функционирање на сите процеси во организмот, пивскиот квасец е одличен додаток во природната исхрана.rnrnКвасецот помага против стрес, анемија, остеопороза и други заболувања. Во пивскиот квасец се содржат воглавно сложени шеќери, па затоа е добар и за дијабетичарите.rnrnИсто така, квасецот има и голема хранлива вредност, па се користи за лечење на бактериски и габични инфекција на кожата, органите за варење и воспален црн дроб.rnrnТој е и природен регулатор на холестеролот и природен антибиотик бидејќи ги контролира бактериите кои може да бидат штетни за организмот, а истовремено го поттикнува создавањето на бактерии кои се корисни за работата на цревата.rnrnПогледнете како да ги отстраните акните со пивски квасец.

  • Марта Хант, ангелот на Victoria’s Secret, ги споделува наједноставните совети за беспрекорна кожа

    Марта Хант, ангелот на Victoria’s Secret, ги споделува наједноставните совети за беспрекорна кожа

    Ангелот на Victoria’s Secret, Марта Хант, ги открива своите дневни рутини за прекрасен изглед. Таа, како и сите останати ангели, секогаш изгледа беспрекорно. Колку што тенот е работа на гените, толку и самите треба да му помогнеме секогаш да биде блескав.rnrnКако вашата кожа да сјае како на модел на Викторијас Сикрет?rnrnЧесто не е доволно само да посетуваме козметички салони, туку потребно е и да направиме промени во животниот стил и да се негуваме и однадвор однатре, за да може нашата кожа да сјае од здравје и нега. Марта Хант секогаш го чисти своето лице со тоник и задолжително нанесува витамински серум со хијалуронска киселина. Врз серумот може да се нанесе и дневна крема, а при шминкање, за дополнителен сјај, слободно може да се додаде и хајлајтер.rnrnСекако, погрижете се секогаш да внесувате доволно течности, бидејќи вашето тело, вклучително со кожата, треба секогаш да останат хидрирани. Прилагодете ја исхраната така што ќе внесувате доволно хранливи состојки преку свежи продукти. Со правилен начин на надворешна и внатрешна нега на телото, секој може лесно да постигне здрав тен, мека кожа и блескав изглед.rnrnПрочитајте ги и овие 8 тајни за беспрекорна кожа од жените во Азија!

  • Негувајте ја вашата кожа на јапонски начин

    Негувајте ја вашата кожа на јапонски начин

    Јапонската нега на кожата, велат, е слична како и нивната кујна, се користат многу малку состојки и секоја од нив мора да биде со највисок квалитет за да се постигне саканиот резултат. Јапонците знаат да препознаат дека кожата ја рефлектира целокупната здравствена состојба на телото и се концентрираат на тоа да се излечат однатре, наместо само однадвор.rnrnНегувајте ја вашата кожа на јапонски начинrnrnИсточните народи, за разлика од западните, иако не користат комерцијална козметика, имаат секогаш блескава и здрава кожа и изгледаат помладолико. Највредната лекција која можеме да ја научиме од нив е да се посветиме грижливо на негата, со многу внимание и љубов, а за возврат да добиеме изглед кој зрачи со младост и виталност.rnrnКога е во прашање надворешниот изглед, Јапонките користат помалку шминка, а секој производ за нега е внимателно избран, природен и ефикасен. Дури и самиот начин на исхрана влијае на општиот изглед. Тие јадат ориз, алги и пијат зелен чај – сите овие намирници се познати во козметиката и врз нивна основа се произведуваат голем број производи за нега. Она што ги прави различни од остатокот, е што грижата за себе им е посебен ритуал.rnrnНегувајте ја вашата кожа на јапонски начинrnrnУште од времето на гејшите, негата на лицето е особено важна, бидејќи тие носеле неколку слоја шминка. Нивниот ритуал започнувал така што користеле природни отстранувачи кои ја топеле белата пудра, но дозволувале и длабинска нега на кожата. Потоа, се нанесувала хидратантна крема со лесни масажи на лицето.rnrnВо јапонската култура не постојат резултати добиени преку ноќ. Тие секојдневно се грижат за себе, медитираат, се хранат здраво, бидејќи блескавата кожа е одраз на внатрешното здравје на телото. Размислете што сè прави лошата исхрана или недоволното спиење на вашето тело. Сето тоа се рефлектира на вашата кожа, па затоа е потребно освен на надворешната, да обрнете внимание и на внатрешната нега на телото.rnrnЗатоа, пред да се посветите на надворешната нега, на кремите за лице, лосионите за тело и шминката, бидете сигурни дека сте го направиле најдоброто за себе кога е во прашање исхраната и здравите навики. Само на тој начин ќе успеете да постигнете изглед каков што отсекогаш сте сакале.rnrnПрочитајте ја и оваа јапонска диета со која може да изгубите и до 8 килограми за 14 дена.