КАФЕ ПАУЗА

Tag: нега

  • Брзо и лесно: Трик за продолжување на „рокот на траење“ на трајниот лак

    Брзо и лесно: Трик за продолжување на „рокот на траење“ на трајниот лак

    Дури и оние кои во последен момент, пред да ги затворат салоните за убавина, успеале да стават траен лак, неговото обновување во салон нема да биде можно.rnrnБрзо и лесно: Трик за продолжување на „рокот на траење“ на трајниот лакrnrnАко вашите нокти пораснале до тој степен што е време да го тргнете лакот за нокти, постои трик што можете да го искористите за да го продолжите неговото траење уште малку, а за тоа ќе ви треба турпија за нокти и лак со светки.rnrnПокрај маскирањето на несовршеностите со овој трик, вашиот маникир ќе добие и сосема нов изглед.rn

      rn 011

    • Првиот чекор вклучува лесно обликување на ноктите со турпијата за нокти за да се добие впечаток на свежо исечени нокти.
    • rn 011

    • Вториот чекор е да нанесете лак со светки на израснатиот дел од ноктите. Направете го тоа на начин кој најмногу ви одговара. Можете да го пополните само израснатиот дел, или да излакирате малку поголем дел од ноктите. Крајниот резултат се „омбре“ нокти за кои не треба да се грижите некое време.
    • rn 011

    • Кога ќе бидете задоволни со конечниот изглед, можете да ги премачкате ноктите со проѕирен лак и да чекате да се исушат целосно пред да започнете со други активности.
    • rn

    rn

    Како да го отстраните трајниот лак?

    rnВо моментот кога ќе одлучите да го отстраните трајниот лак, можете да го сторите тоа со памук, ацетон и алуминиумска фолија.rn

      rn 011

    1. Исечете го памукот на парчиња со големина на ноктите. Изрежете парчиња фолија кои ќе бидат доволно големи за да го завиткате секој нокт.
    2. rn 011

    3. Потоа, натопете парче памук со ацетон, ставете го на ноктот и завиткајте го со фолија. Повторете ја постапката додека не ги завиткате сите нокти.
    4. rn 011

    5. Почекајте 10 до 15 минути пред да започнете со отстранувањето на лакот.
    6. rn 011

    7. Трајниот лак треба да се отстрани од површината на ноктот. Ако некои делови од лакот останат на ноктите, нежно извадете ги со дрвена шпатула.
    8. rn 011

    9. Доколку некои делови од лакот сè уште не се отстранети, повторете ја постапката употребувајќи памук, ацетон и фолија.
    10. rn 011

    11. Потоа, средете ги ноктите како што практикувате.
    12. rn

    rnМожеби сакате да дознаете и каде грешите и да ги примените 10-те совети за здрави, цврсти и убави нокти.

  • Зошто маслото од авокадо е добро за вашата коса и тело?

    Зошто маслото од авокадо е добро за вашата коса и тело?

    Ако обожувате авокадо, фактот дека маслото од авокадо е одлично за вашето тело, кожата и косата, исто така, ќе ви значи.rnrnЛадно цеденото масло од авокадо содржи голема концентрација на витамин Е, што е многу важно за одржување на здравјето на кожата. Директното аплицирање на маслото врз кожата ја намалува појавата на старечки дамки, брчки и други знаци на стареење. Студиите покажале дека дури и ако го ставате во напивки, тоа дава слични резултати.rnrnЗошто масло од авокадо е добро за вашата коса и тело?rn

    Маслото од авокадо содржи лецитин и стеролин

    rnНајважните состојки за здравјето на луѓето во ова масло се лецитин и стеролин. Лецитинот формира заштитен слој на површината на кожата и фоликулите на косата, додека стеролинот ги хидрира и ги омекнува.rn

    Зошто масло од авокадо е добро за коса?

    rnМаслото од авокадо добро одговара со маслото од макадамија (вид бадем) и кокосовото масло. Ова масло е содржано во одлични маски за коса, а најчесто се користи при сува и оштетена коса. Покрај тоа, го забрзува растот на косата и спречува понатамошно опаѓање.rnrnПокрај ефектите врз кожата и косата, авокадото има многу здравствени придобивки.rn

    Здравствени придобивки од масло од авокадо

    rnГо контролира и намалува нивото на холестерол во крвта и го штити кардиоваскуларниот систем. Маслото од авокадо содржи голема количина олеинска киселина, која ја инхибира апсорпцијата на холестерол и триглицериди и го спречува транспортот на лоши маснотии низ крвотокот. Со тоа запира процесот на атеросклероза. Ги намалува LDL и триглицеридите, го зголемува нивото на HDL (поуспешно од сите други растителни масла).rnrnЈа подобрува работата на крвните садови затоа што содржи омега 3, 6, 9 масни киселини + витамин Е + калиум и ги штити крвните садови од слободните радикали и можните оштетувања. Кога нема оштетување, крвните садови стануваат посилни и пофлексибилни и подобро реагираат на промените во крвниот притисок.rnrnВисока содржина на омега 3 има антиинфламаторно и антидепресивно дејство.rnrnМаслото од авокадо има голема содржина на растворливи влакна – најголема количина во однос на сите други видови овошје и ја подобрува работата на срцето и дигестивниот систем.rnrnБета стеролите – како растителниот холестерол, се добри за апсорпција на холестерол во крвотокот, со што се спречува апсорпцијата на лошиот холестерол.rnrnФитостеролите од масло од авокадо го намалуваат ризикот од заболување од тумор.rnrnАвокадото е и орален антисептик – го спречува развојот на бактериите, успешно се справува со лошиот здив и расипувањето на забите. Антивоспалителното дејство ги спречува воспалителните заболувања во устата и затоа се користи против парадентоза затоа што го спречува лачењето на ензимот што го деградира ткивото на непцата.rnrnВисокото ниво на витамините Е, Д, А – го намалува ризикот од висок притисок, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмерова болест и некои видови рак.rnrnПоради значителното ниво на лутеин – го штити окото од УВ зрачење и ја спречува макуларната дегенерација што доведува до оштетување на видот.rnrnМаслото од авокадо има специфичен антиоксидативен ефект – може да ги уништи слободни радикали во митохондријата, што не го овозможува ниту еден друг антиоксиданс. Митохондриите се органели кои создаваат енергија за сите процеси во организмот, но доколку се оштетени, болеста и забрзаното стареење се случуваат многу брзо.rnrnПробајте го маслото од авокадо и нема да зажалите.rnrnМожеби сакате да ја прочитате и оваа тридневна диета со авокадо за ефикасен начин на слабеење.

  • 11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

    11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

    Сувата кожа е најчестиот проблем кај жените и голем дел од нив трошат премногу пари за да го решат овој проблем што може да доведе до брзо стареење. Но, важно е да знаете како да ја користите козметиката за да не ја оштетите кожата уште повеќе. Внимавајте на овие детали што се важни за негата на телото и кои можат да го променат вашиот квалитет на живот.rn

    1. Маските од глина треба да ги оставате на лицето кратко време

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnОдлично е да користите маски ако сакате кожата на лицето да изгледа помладо, но можете да му наштетите уште повеќе доколку ги користите погрешно. Важно е да знаете дека, според дерматолозите, глината го апсорбира вишокот масло. Подобро е да не ја оставате на лицето премногу долго бидејќи вашата кожа може да стане многу сува.rnrnСледете ги препораките за правилно користење на производот или исплакнете го лицето по 2-5 минути откако ќе почнете да чувствувате затегнатост.rn

    2. Следете одреден редослед при примена на козметиката

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnСекогаш треба да започнете со нанесување на производите со најлесната конзистентност. На пример, прво тонер, а потоа серуми и ампули. Кремот за сончање треба да биде последен.rnrnКремот за сончање треба да го нанесувате на вашата кожа секој ден, а не само во лето. Дури и 10-15 минути изложеност на сонце дневно може да ја оштети вашата кожа и да го забрза процесот на стареење.rn

    3. Изберете ден за релаксирање во текот на неделата

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnОва можеби ви изгледа како едноставно и лесно правило, но многумина веројатно не одвојуваат време за да се опуштат. Истражувањата покажуваат дека нивото на стрес на работа е повисоко од кога било и скоро 50% од работниците доживуваат стрес на работното место. Дури и прескокнувањето на паузите може да доведе до хроничен стрес и исцрпеност.rnrnОдредете еден ден во неделата во кој ќе се ослободите од обврските, од работата и од постојаното размислување. Овие денови може да го променат вашиот живот на подобро, бидејќи може да го зајакнат вашиот имунолошки систем.rn

    4. Не сончајте се ако имате нови лузни

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnЗа да спречите брзо стареење на вашата кожа, треба правилно да се грижите за вашите лузни. Можеби ќе се повредите случајно, но не треба да заборавите дека лузните можат да останат долго на вашата кожа и да продолжат да растат дури и откако самата рана ќе се излечи. Подобро е да избегнувате сончање ако имате свежи лузни и ако тие се на видно место, треба да нанесувате крем за сончање секогаш кога ќе излезете.rnrnЗаштитата од сонце може да го намалат обезбојувањето што го прават лузните. Лекарите советуваат да користите крем за сончање со висок заштитен фактор.rn

    5. Не откажувајте се од чоколадото

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnАко одлучите целосно да го исклучите чоколадото поради вашата диета, можеби ќе сакате да се премислите. Како прво, на телото му треба шеќер за да има енергија. Второ, темното чоколадо е здраво. Какаото е богато со елементи наречени флаваноли кои може да помогнат во заштитата на срцето. Темното чоколадо содржи 2-3 пати повеќе материи богати со флаваноли отколку млечното чоколадо. Исто така, флаванолите помагаат во подобрувањето на протокот на крв и во намалувањето на крвниот притисок.rn

    6. Не водете се според популарните диети

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnАко слушнете дека некоја диета е многу популарна, немојте да верувате дека е таа е 100% ефикасна. Секогаш проверувајте ги фактите за исхраната и за тоа како функционира диетата. Покрај тоа, секое тело е индивидуално и тоа што е корисно за една личност, можеби нема да биде за друга и дури може и да ѝ наштети.rn

    7. Носете различни видови потпетици

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnЗа вашите нозе и стапала да бидат здрави, треба да носите различните видови чевли и различна височина на потпетиците. Не треба да носите рамни чевли цело време затоа што мускулите на нозете може да се издолжат. Или обратно, ако носите високи потпетици, мускулите може да ви бидат пократки.rn

    8. Направете пилинг на пазувите

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnПилингот на пазувите треба да го правите еднаш или двапати неделно и така ќе го стимулирате обновувањето на клетките и чистењето на порите. Но, кожата под рацете е многу чувствителна, па пилингот треба да го правите многу нежно.rn

    9. Вежбајте веднаш откако ќе научите нешто ново за да ја подобрите вашата меморија

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnСпоред истражувањата, треба да вежбате веднаш по учењето со цел да ја подобрите вашата меморија. Според научниците, луѓето кои вежбале 4 часа по учењето, помнеле повеќе информации од останатите. Веројатно нема да вежбате толку долго, но треба да знаете дека активноста и меморијата се поврзани една со друга.rn

    10. Избегнувајте социјална изолација за да изгледате помладо и за да ја зголемите енергијата

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnЗабележано е дека луѓето кои немаат пријатели или социјален живот стареат побрзо. Лекарите сугерираат излегување со пријателите барем еднаш неделно. Тоа ќе ви ги подобри здравјето и расположението и ќе ви помогне да го избегнете предвременото стареење.rn

    11. Пијте повеќе течности ако не сте спиеле доволно

    rn11 правила за нега на телото што не треба да ги игнориратеrnrnСпиењето 6 или помалку часови го зголемува ризикот од дехидратација за 59%. Ако не спиете 7 до 8 часа на ден, пијте повеќе вода за да го обновите балансот на вода во вашето тело.rnrnПрочитајте ги овие бесценети начини за нега на вашето тело, лице и коса.

  • Која е улогата на мицеларниот шампон?

    Која е улогата на мицеларниот шампон?

    Да, сите знаеме каква е мицеларната вода и колку ни ја олеснува грижата за нашата кожа.rnrnКоја е улогата на мицеларниот шампон?rnrnНо, експертите од областа тврдат дека и микеларниот шампон за коса ќе го најде вистинскиот пат до потрошувачите, бидејќи многу козметички иновации како што се „прајмерот“ и „хајлајтерот“ успеале во тоа.rnrnГлавната карактеристика на микеларниот шампон е тоа што можете да го користите секојдневно, бидејќи не е го надразнува скалпот на главата и не ја оштетува косата. Наменет е за сите оние на кои не ми се допаѓа чувството на сува коса по миењето, бидејќи мицеларниот шампон е пријатен и флексибилен. Постојат мицеларни шампони за сува, мрсна, кршлива и нормална коса и ниту еден од нив не содржи силикони кои може да ја оштетат.rnrnЗатоа, микеларниот шампон е наменет само за отстранување на нечистотиите од косата и скалпот, а честичките наречени „мицели“ се заслужни за тоа. Тие се лепат на маснотиите како на магнет, а тоа овозможува да почувствувате дека вашата коса е подобро хидрирана, чувство кое ретко кој шампон ви го овозможува.rnrnЕкспертите велат дека по користењето на мицеларен шампон нема потреба да користите регенератор, но тоа не е на одмет.rnrnАко сте од оние луѓе кои ја мијат косата секој ден, мицеларниот шампон е совршен избор за вас!rnrnМожеби сакате да прочитате и за новиот тренд за убавина што би можел да владее во 2020 година.

  • 6 трикови со кои ќе ги решите болните поткожни влакна

    6 трикови со кои ќе ги решите болните поткожни влакна

    Сите жени кои ги отстрануваат своите влакна со брич или восок, имаат проблем со поткожните влакна неколку дена по нивното третирање бидејќи нивната кожа е полна со ситни, црни точки. За некои, тие може да претставуваат голем проблем, кој се обидуваат самите да го решат, но наместо да експериментираат, треба да пробаат некои од поефикасните и помалку болни начини за спречување на нивната понатамошна појава.rnrn6 трикови со кои ќе ги решите проблемите со болните поткожни влакнаrnrnВнатрешните влакна се создаваат кога влакното кое расте останува заробено под површината на кожата, според дерматолозите. Тоа укажува на проблем, бидејќи влакната имаат тенденција да останат под кожата наместо да израснат надвор од неа, што може да предизвика инфекција која може да доведе до појава на мали мозолчиња.rnrnВнатрешно влакно може да се појави кај секого и најчесто тоа е предизвикано од користењето на брич, но и дека најчесто се појавуваат кај жените чие влакно е „грубо“ и виткано.rnrnКако да се спречи појавата на внатрешни влакна?rn

    1. Користете производи за тело со гликолна или млечна киселина

    rnВнатрешните влакна може да се појават кога фоликулот на влакното се соединува со мртвите клетки на кожата, а решение за нив се редовните пилинзи на телото.rnrnПилинзите помагаат да се спречи појавата на поткожни влакна со тоа што мртвите клетки на кожата ќе се „исфрлат“ на нејзината површина. Како и кај проблемите со акните, гликолната киселина ја разградува мешавината од себум и мртви клетки кои создаваат бариери на влакната, па така тие може многу полесно да стигнат до површината на кожата без да дојде до иритација.rnrnКај кожата со потемен тен, неразвиените влакна може да остават и неестетски пигментациски белег, но редовната употреба на гликолна киселина (пр. млеко за тело со гликолна киселина) прави чуда.rn

    2. Правете пилинг на кожата со салицилна киселина

    rnСалицилната киселина не е идеална само за оние кои имаат проблем со акни, туку е одлична и за спречување на појавата на внатрешни влакна и отстранување на веќе појавените.rnrnБХА киселината (бета хидрокси киселина), продира длабоко во порите на кожата и ги отстранува мртвите клетки.rnrnБХА ја прави кожата попропустлива за „непречен“ раст на влакната, а исто така има и антиинфламаторни својства, така што го намалува црвенилото кое неразвиеното влакно го предизвикува, а според дерматолозите, има и силни антибактериски својства, кои помагаат да се намали ризикот од инфекција.rn

    3. Користете четка или ракавица за тело

    rnКако што стареете, вашата кожа сè потешко се справува со процесот на детоксикација, елиминација и природно исфрлање на слојот на мртви клетки со што се зацврстува површината на кожата и поради тоа влакната остануваат под неа.rnrnЗатоа дерматолозите советуваат да правите брз пилинг со четка или ексфолирачка ракавица пред секое туширање бидејќи тоа го подобрува движењето на клетките, што значи помалку затворени пори и овозможување влакното да расте нормално.rn

    4. Отстранете ги мртвите клетки на кожата со „груб“ (механички) пилинг

    rnКога времето за туширање е кратко, „грубиот“ пилинг е идеално решение.rnrnКако и пилинзите со киселини, така и оние со груби зрнести состојки помагаат  клетките на кожата да се обноват и да омекнат за преку нив влакната полесно да растат.rnrnАко имате внатрешни влакна на бутовите или бикини зоната, направете пилинг со шеќер кој е понежен на чувствителните делови и користете го еднаш или двапати во неделата за да имате резултати.rn

    5. Инвестирајте во ласерско отстранување на влакна

    rnАко внатрешните влакна ве вознемируваат и се обидовте неколкупати да се ослободите од нив но ништо не ви помогна, направете ласерско отстранување на влакна со кое ќе го уништите фоликулот на влакното во коренот. Тоа е ефикасен, долгорочен метод за спречување на растот на несакани влакна, но важно е да се напомене дека со ова влакната се потенки и бавно растат, но не се трајно отстранети.rnrnТретманот (дома или во салон) обично треба да се повтори во интервал од 4 недели, а нередовните третмани може да доведат до повторна појава на влакна, како да не сте направиле ниту еден третман.rn

    6. На крај, ви преостанува пинцетата…

    rnОтстранувањето на внатрешните влакна со пинцета не е идеално, но ако сте се одлучиле за тој метод, изведете го правилно.rnrnПостои безбеден начин за отстранување на внатрешните влакна, но само кога влакното е видливо.rnrnКога внатрешното влакно е близу до површината на кожата, можете да го ослободите од него со специјално дизајнирана пинцета која е токму за тоа намена, но најпрво треба да ја стерилизирате, и да не ја користите на места каде кожата е воспалена или иритирана.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто производите за нега на кожата немаат дејство?rnrn 

  • Зошто производите за нега на кожата немаат дејство?

    Зошто производите за нега на кожата немаат дејство?

    Борбата против несовршеностите на кожата најчесто се претвора од кратка битка во долготрајна војна. Сигурно ви се случило да согледате дека производите за убавина функционираат кај сите освен кај вас. Во продолжение прочитајте зошто рутината за убавина не го дава посакуваниот ефект.rnrnЗошто производите за нега на кожата немаат дејство?rn

    Не поминало доволно време

    rnНе треба да се надевате дека ефектот ќе биде видлив веднаш, дури и ако тоа го пишува на етикетата на производот. За да ги видите ефектите од користењето на производот, треба редовно да ги употребувате најмалку 4-8 недели. Овие бројки се произволни затоа што врз ефикасноста на производот влијаат многу фактори, односно најмногу проблемот со којшто се бори личноста. Третманот на сувата кожа може да трае со недели или да трае со месеци ако сакате да ги намалите брчките или дамките на лицето. Но, ако по 3-6 месеци воопшто не сте забележале никаков резултат, тогаш немојте веќе да се надевате. Понекогаш изгледа дека производот дејствува уште по првата употреба, но дерматолозите предупредуваат дека таквиот ефект нема да трае долго. Тоа е повеќе привремено маскирање отколку решение на проблемот.rnrnАко рекламата звучи премногу добро за да биде вистинита, најверојатно е така. Она што ѝ помага на една личност може да биде неефикасно за друга. Многу е тешко да изберете козметика врз основа на препораки или реклами бидејќи секоја кожа е премногу индивидуална за да реагира исто на производите за нега.rnrnДури и оние производи кои им помагаат на повеќето жени и имаат многу позитивни препораки од реномирани експерти за убавина, може да бидат бескорисни или, во најлош случај, штетни за вас. Кога одбирате некој производ, обрнете повеќе внимание на составот отколку на нечиј совет и однапред утврдете кој е проблемот што сакате да го решите.rnrnЗа пополнување на вашиот козметички несесер потребни ви се време, трпеливост и пари. Меѓутоа, внимателно избраните производи ќе ви помогнат да решите многу проблеми со кожата.rn

    Избирате погрешни козметички производи

    rnРазличните проблеми бараат различни производи, така што колку попрецизно ќе ја поставите дијагнозата и ќе ги утврдувате потребите на вашата кожа, толку е поголема веројатноста да изберете производ што ќе го реши проблемот. Можете да ги откриете сите трикови за нега на кожата со помош на специјалист, но производот можете да го изберете сами ако знаете како функционираат одредени популарни состојки. Во продолжение има еден општ список на проблеми и козметички компоненти што ги елиминираат:rnrnАкни: алфа-хидроксилна киселина, бензоил пероксид, бета-хидроксилна киселина (БХА), ретиноид, салицилна киселина;rnrnТемни дамки и хиперпигментација: алфа-хидроксилна киселина, хидрокинон, аскорбинска киселина, фитинска киселина, ретиноид;rnrnСувост: церамид, хијалуронска киселина;rnrnЦрвенило: алое, церамид, хијалуронска киселина, нијацин, пептиди, масло од роза;rnrnЛузни: гликолна киселина, салицилна киселина;rnrnНерамна структура на кожата: алфа-хидроксилна киселина, бензоил пероксид, бета-хидроксилна киселина, церамид, хијалуронска киселина;rnrnБрчки: ретинол.rn

    Не мора да избирате помеѓу скапи и евтини производи

    rnИако поскапите состојки понекогаш се користат во поскапите производи, составот е многу поважен од брендот што е наведен на етикетата. Покрај тоа, важно е да знаете дека некои видови проблеми со кожата, како што е хиперпигментацијата, може ефикасно да се отстранат само со помош на професионална ласерска нега, со хемиски пилинг или со други третмани. Во ваков случај, козметичките производите ќе го намалат проблемот, но нема го решат, без оглед на тоа што ветува амбалажата. Дури и ако производот е идеален за вашата кожа, ефектот може лесно да се уништи со неправилна употреба. Некои производи не треба да се комбинираат, а други е најдобро да се применуваат по одреден редослед.rnrnНајчестите препораки за убавина се да го нанесувате производот на чисто, влажно лице, почнувајќи од производи со понежна конзистентност и завршувајќи производи со подебела конзистентност: тоник, серум, па крем. Секој слој мора да се апсорбира пред да го нанесете следниот.rnrnПрочитајте ги овие совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате софистицирано и префинето.

  • Како да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до пети

    Како да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до пети

    Негата на косата, на лицето и на телото треба да биде дел од вашата секојдневна рутина. На некои жени не им е тешко секој ден да си посветуваат по неколку минути за себе и да се негуваат, но има и жени кои немаат време и постојано нешто ги спречува да се грижат за себе. Ако се пронајдовте меѓу овие вториве, веројатно сега се нервирате. Празниците се ближат, а вашата коса е сува и безживотна, лицето ви е уморно и вашето тело е отечено. За среќа, овие мали трикови ќе ви помогнат да заблескате на новогодишната ноќ, а што е најважно, можете да се негувате и да го направите сето ова во вашиот топол дом.rnrnКако да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до петиrn

    Утринска детоксикација

    rnЗа поздрав почеток на денот, веднаш по будењето напијте се две чаши млака вода (не топла од бојлер, туку затоплете ја посебно) за да го стимулирате метаболизмот и да ги активирате сите внатрешни органи да функционираат подобро. Топлата вода го хидрира целото тело и помага да се отстранат токсините.rn

    Лосион за убава и сјајна коса

    rnИсцедете еден лимон преку газа или преку густа цедалка. Исцедениот сок растворете го во половина литар млака вода и користете го по секое миење на косата, без плакнење.rn

    Рицинусово масло за раст на веѓите и трепките

    rnЗа густина, волумен и брз раст на трепките, натопете ги со рицинусово масло секоја вечер пред спиење. Рицинусово масло го забрзува растот на трепките и на веѓите.rn

    Мед за хидрирани усни

    rnМачкајте ги усните со мед секое утро и секоја вечер. Медот треба да стои на усните неколку минути за да ги хидрира.rnrnКако да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до петиrn

    Пилинг за мазна кожа на лицето, на вратот и на деколтето

    rnИзмешајте две лажички мед со една лажичка шеќер. Нанесете го пилингот на лицето, на вратот и на деколтето. Со нежни движења, масирајте ја кожата и продолжете со нежна масажа следните десет минути. Потоа исплакнете со млака вода. Користете го овој пилинг двапати неделно.rn

    Пилинг за целото тело

    rnИзмешајте 100 грама пченкарен гриз со две лажици бадемово и една лажица маслиново масло. Намачкајте го целото тело со оваа смеса и масирајте ја кожата со брзи движења. Овој пилинг ќе ја забрза циркулацијата, ќе ја нахрани вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите клетки од нејзината површина. Користете го двапати неделно.rn

    Маска за убави и мазни дланки

    rnИзмешајте една лажичка глицерин со една лажичка мед. Нанесувајте ја маската на вашите дланки секоја вечер, а потоа ставете тенки памучни ракавици и оставете ја да стои во текот на ноќта. Следното утро, измијте ги рацете со нежен течен сапун и исплакнете ги со млака вода.rnrnКако да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до петиrn

    Детоксикација преку стапалата

    rnВо текот на вечерните часови, истурете 50 грама сода бикарбона во када со млака вода, а потоа натопете ги стапалата и чувајте ги во водата околу половина час. Потоа избришете ги нозете и измасирајте ги со малку кокосово масло. Се препорачува да ја правите оваа детоксикација барем еднаш неделно.rn

    За уморни и отечени нозе

    rnНа крајот на секој ден, туширајте ги нозете наизменично со топла и ладна вода. На овој начин ќе ја забрзате циркулацијата, крвта ќе циркулира побрзо, а телото ќе прима повеќе кислород.rn

    Лимон против испукани пети

    rnНавечер, по туширањето, намачкајте ги петите со сок од лимон и облечете тенки памучни чорапи за да може да има најдобар ефект. Повторувајте го овој процес на секои два или три дена.rnrnПрочитајте кои купки ви се потребни за нега на рацете за време на ладните денови.

  • Купки што ви се потребни за нега на рацете за време на ладните денови

    Купки што ви се потребни за нега на рацете за време на ладните денови

    Рацете први страдаат од промената на времето, па затоа им треба посебна грижа во текот на есента и на зимата. Штом ќе залади, кожата на рацете почнува да се суши и да станува погруба. Поради тоа, не е доволно само да ја навлажнувате кожата со крем, туку треба да правите и посебни купки за раце барем еднаш неделно.rnrnКупки што ви се потребни за нега на рацете за време на ладните деновиrn

    Компири

    rnОва е стар рецепт што го користеле нашите баби, но многу ефикасен. Ако варите компири, не фрлајте ја водата затоа што таа совршено го заменува кремот за раце. За да ги омекнете рацете, натопете ги во топлата вода каде што се вареле компирите.rn

    Масло

    rnОваа купка многу добро ја навлажнува и ја храни кожата бидејќи може да користите масло од праска, од јојоба, маслиново, бадемово или кокосово масло. Маслото треба малку да го загреете, а потоа да го турите во тенџере со вода и да додадете 1 лажица сок од лимон. Ставете ги рацете во течноста и чувајте ги 10 минути. На крајот, немојте да ги миете ги рацете со вода, туку дозволете ѝ на кожата да го впие маслото.rn

    Парафин

    rnВо есен и во зима, парафинските купки се особено потребни за да ја заштитите кожата од мраз и од ветер. Парафинот совршено ја навлажнува кожата, ја подобрува циркулацијата на крвта и го забрзува заздравувањето на малите пукнатини на кожата. Уште по првата постапка ќе забележите дека кожата на вашите раце ќе стане помека. За да ја подготвите купката, потребен ви е парафин кој ќе го топите на пареа. Пред постапката, потребно е да ја дезинфицирате кожата со лосион, да направите пилинг и да нанесете крем. Држете ги рацете во стопениот парафин околу 5-7 секунди, потоа тргнете ги и повторно вратете ги во парафинот. Повторете ја постапката 6-8 пати сè додека не се формира дебел слој парафин на рацете. Потоа ставете пластични нараквици, а на над нив памучни или фротирски нараквици. Почекајте 25 минути, а потоа отстранете го остатокот од парафинот и нанесете крем на рацете.rn

    Глицерин

    rnГлицеринската купка е многу корисна за домашна нега на кожата. Потребна ви е една лажица глицерин која треба да се разреди во два литри вода, а потоа додајте една лажица амонијак и една чаша чај од камилица. Ставете ги рацете да стојат во растворот околу 10-15 минути, а потоа без да ги бришете, намачкајте ги со хидратантен крем.rn

    Целер

    rnМалкумина знаат, но целерот исто така ја омекнува, ја навлажнува и ја храни кожата на рацете. Варете неколку мали корени целер во еден литар вода околу 30 минути. Потоа ставете ги рацете да стојат во течноста околу 20 минути.rnrnПрочитајте ги и овие основни правила за нега на кожата за време на ладните денови.

  • Како правилно да ја негувате Т-зоната на лицето?

    Како правилно да ја негувате Т-зоната на лицето?

    Правилната нега на кожа бара различни производи за нега на различни делови на лицето. Иако секој вид кожа бара посебна нега, она што за многумина е заеднички проблем е Т-зоната на лицето која ги опфаќа челото, носот и брадата. Потребно е да преземете неколку едноставни чекори во вашата дневна рутина за нега на кожата за правилно да го негувате најпроблематичниот регион на вашето лице.rnrnКако правилно да ја негувате Т-зоната на лицето? rnrnИако се смета дека луѓето со мрсна кожа имаат најголем проблем со Т-зоната, дерматолозите тврдат дека Т-зоната е најголем проблем за луѓето што имаат комбиниран вид кожа. Во овој дел на лицето порите се многу проширени и се излачува повеќе себум – природно масло кое се користи за одржување на еластичноста на кожата. На лицето со комбиниран вид кожа, образите можат да бидат многу суви, додека Т-зоната е мрсна, што бара многу специфична нега на кожата.rnrnЗа да одржите баланс на потребите на одредени делови од кожата на лицето, потребно е во вашиот несесер да имате производи што одговараат на секоја индивидуална потреба на кожата на лицето. На образите нанесувајте хидратантен крем, а за Т-зоната изберете производ што е наменет за нега на помрсна кожа. За ефикасна нега, лицето треба да го миете често, но во исто време да внимавате да не претерате за да не ја исушите кожата премногу.rnrnПроизводите за отстранување шминка не треба да содржат сулфати и парабен. Вистинското решение за отстранување на шминката од комбиниран вид кожа е блага пена за миење на лицето и мицеларна вода. Последниот чекор за време на студените зимски денови е кремот. На Т-зоната нанесете крем со низок процент на масло, а на образите и на вратот нанесете хидратантен крем.rnrnЗа да ја задржите оваа област под контрола, одберете хидратантна пудра за целото лице, а на Т-зоната нанесете пудра наменета за мрсна кожа која не содржи масло и алкохол. Исто така, за да не ви сјае овој дел од лицето, потребно е да го матирате со пудра во прав. Избегнувајте тешки пудри за да спречите затнување на порите и изберете пудра со малку полесна текстура.rnrnПогледнете го рецептот за оваа маска со којашто вашата кожа ќе изгледа 10 години помладо.

  • Разубавете ја вашата кожа со природните скрабови од Scrubby (+ ПОДАРОК)

    Разубавете ја вашата кожа со природните скрабови од Scrubby (+ ПОДАРОК)

    Од ден на ден, мртвите клетки и нечистотијата сѐ повеќе се акумулираат на површината на кожата, што може да ја направи сува, ронлива и без сјај, а можна е и појава на акни поради затнатите пори. Ако сте забележале некои од овие неправилности на вашата кожа, можеби треба да размислите за додавање нов производ во вашата рутина за нега. Правилната ексфолијација со скрабови ја отстранува бариерата од мртвите клетки и ослободува нов слој на кожата.rnrnЗа важноста на скрабовите, како неизбежен дел од грижата за нашата кожа, поразговаравме со девојката која стои зад Scrubby – бренд за слатки скрабови чии природни масла ја подмачкуваат и потхрануваат кожата, додека истовремено го изразуваат нејзиниот природен сјај и мекост.rn

    МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

    rnrn

    View this post on Instagram

    🌸 <— GIVEAWAY TIME —> 🌸 Во соработка со @scrubby_mk подаруваме 2 скрабови на природна база направени со одбрани состојки кои ќе ја остават вашата кожа хидратирана, мазна и мека. Правила за учество: 1. Следете ги двата профили: @kafepauza и @scrubby_mk 2. Тагнете двајца пријатели во коментар 3. Можете да тагнувате повеќе пати (различни профили) Добитниците ќе ги избереме во среда (11.09.2019). Со среќа! 🍀 #кафепауза #scrubby_mk #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #fashionistasmk #фотонаденот #фотонанеделата #скраб #скрабови #убавина #кожа #неганакожа #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

    A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

    rnrnrn

    1. Како дојдовте до идејата да почнете да правите органски скрабови и како го развивте концептот? Кој стои зад оваа приказна наречена Scrubby?

    rnПоаѓајќи од фактот дека грижата за себе секогаш треба да биде на прво место, а кожата како најголем орган во човечкото тело заслужува примарно внимание, решивме да создадеме нешто природно, подготвено со одбрани состојки, а сепак пристапно за секого.rnrnЗад Scrubby стои урбана девојка, ентузијаст која и самата секојдневно се потсетува за важноста на грижата за себе. Преку подготвување на слатки скрабови цели кон докажување дека среќата е во малите нешта и започнува со тоа како се грижиме за себе и како се чувствуваме во својата кожа.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrn

    2. Можете ли да ни откриете нешто повеќе за процесот на создавање, од замислата, до избирање на состојките и самата изработка на скрабовите и амбалажата?

    rnЗамислата на Scrubby е да ја пропагира неизбежната грижа за себе којашто многу пати сите ја ставаме во заден план. Во секој скраб преовладува шеќерна компонента обогатена со разни природни масла и суплементи како што е витаминот Е, неопходни за правилен и темелен пилинг и потхранување на кожата. По подготовката скрабовите се пакуваат во стерилна амбалажа, спремни да бидат дел од бањата на секоја девојка.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrnrn

    3. Која е намената на овие скрабови и како делуваат на кожата? Дали треба да се следи некоја рутина и дали одговараат за сите типови кожа?

    rnНамената на секој пилинг е да ги отстрани мртвите клетки од површинскиот слој на кожата со што се овозможува нејзино правилно функционирање. Хранливите масла пак, ја подмачкуваат и хранат кожата, изразувајќи ги нејзиниот природен сјај и мекост.rnrnЗемајќи предвид дека секој тип на кожа има свои карактеристики, Scrubby може да се сретне во неколку различни варијанти. Така на пример, за сува кожа се наменети скрабовите Basic Scrubby, Vanilla Girls и Flower Power, за мрсна Florida Magic и Lemon Sisters, а за комбинирана Oh Berry! и Kiwi Kiss.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrnrn

    4. Инстаграм е одлична алатка за промоција на брендови за нега и убавина. Колку тоа ви помогна во развивање на бизнисот? Дали користите и други канали за промоција и дистрибуција на скрабовите?

    rnМоментално, сите заинтересирани девојки и момци можат да се информираат повеќе за нашите скрабови на @scrubby_mk. Во иднина планирани се разни активности и промоции на базари и слични случувања.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrn

    5. Зошто една жена или девојка треба да користи скраб? Која е пораката што вашиот бренд им ја испраќа на припадничките на понежниот пол?

    rnГрижете се за себе, бидејќи никој тоа нема да го направи добро како самите Вие! Миризлив пилинг по туширање после долг и напорен ден ги опушта сетилата и ја негува кожата.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrn

    6. Користите органски состојки при процесот на изработка на скрабовите. Според вас, колку е тоа важно за еден бренд кој создава производи за нега на кожата? Кој од веќе достапните скрабови е фаворит на вашите купувачи?

    rnВо светот на вештачки изработени препарати за нега на кожа, handmade производ на база на природни состојки кои во ниту една конотација не се штетни за ниедна кожа, е вистинско освежување.rnrnУбедлив фаворит за изминатото лето беше Oh Berry!, иако во водство секогаш е Vanilla Girls.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrnrn

    7. Нови „вкусови“ или нови производи – кој е вашиот план за во иднина? И каков совет би им дале на младите луѓе кои сакаат да започнат свој бизнис?

    rnСо новата сезона очекувајте и нови производи. Scrubby останува да се грижи за своите купувачи!rnrnСоветот за сите млади кои сакаат да започнат нешто свое и ново е едноставен: START TODAY!rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrn

    Интервју: Христијан Киров