Погледнете во некоја од овие фотографии и обидете се да не се вљубите на прв поглед во ова слатко кученце. Со неговото интересно име Рамен Нудл, во комбинација со неговиот весел дух, никој нема да ве обвини доколку го засакате веднаш. Прочуената фотографка на животни Карли Дејвидсон е автор на овие фотографии, која ја споделува тажната, слатка и инспиративна приказна на ова кученце:
rn
rn
„Овие фотографии од Рамен Нудл се дел од тековен проект наменет за животни со поинакви способности, кој го започнав во 2010 година. Тогаш почнав сè почесто да размислувам за животот на овие животни и на нивните сопственици. Тие се луѓе кои решиле да ги одржат нивните миленичиња во живот, да им менуваат пелени, да им купуваат апаратури, да вложат дополнително време, пари и напор да им помогнат на нивните пријателчиња да се чувствуваат поудобно.“
rn
rn
rn
„Јас сакав да покажам колку интересни можат да бидат овие животни и да споделам дел од нивните прекрасни приказни за преживувањето и закрепнувањето. Некои од овие животни се спасени од злоупотреба и запоставеност, некои доживеале некаква несреќа, а некои се фамилијарни миленичиња кои остареле. Сите мои фотографски приказни имаат завршено симболизирајќи една многу позитивна симбиотична врска помеѓу животното и неговиот сопственик.“
rn
Рамен Нудл е роден со 4 нозе, како мелез од мажјак и женка од различна раса. Неговите кревки ножиња не можеле да ја издржат ниту тежината на неговото малечко тело. Кога имал 8 месеци, неговата прва сопственичка го одвела на ветеринар со скршена предна нога. За жал таа не се грижела доволно за неговата повреда и 9 седмици не го однела на ветеринар за да му го проверат гипсот. После толку време, на ничие изненадување, ногата на кутрето била речиси „изедена“ од гангрена. Во тоа време Рамен бил истоштен и одбивал да јаде храна. Било право чудо што воопшто преживеал.
После неколкумесечна интензивна нега на неговата сопственичка ѝ била понудено да го предаде кутрето на клиниката, бидејќи во спротивно ќе ја пријавеле во службите за заштита на животните.rnrn
„Јас навистина не сметам дека неговата сопственичка сакала да го повреди. Мислам само дека таа едноставно не сфаќала колкава нега е потребно да му даде на едно повредено животно.“ – вели Џејми Салата Ван Тасел, која била задолжена за нега на кутрето во клиниката
rnТаа го посвоила и оттогаш се грижи за него како главна медицинска сестра, во нејзиниот дом.
Со втората повреда, Рамен ја изгубил неговата втора предна нога, која ја здобил откако скокнал од столче и ја скршил коската. Уште една негативна последица на кученцата родени со вкрстување на две раси кучиња, се кревките коски, па второто предно ноже го скршило толку лошо, што тоа не можело да закрепне. Џејми била многу вознемирена од здравствените проблеми на Рамен, но тој ги изненадил сите со своето закрепнување. Три недели подоцна, Рамен почнал да учи како да оди на само две нозе.
rn
rn
„Рамен се движи низ куќата на своите две задни нозе. Трча со голема брзина бркајќи ги своите играчки или играјќи си со други кучиња. И покрај тоа што му недостигаат неговите две предни нозе, тој воопшто не е ограничен во сè што прави. Како и секое друго младо и среќно куче, тој сака внимание и храна.“ – објаснува Џејми.
rn
Рамен и Џејми ни покажуваат дека кученце дури и со две ампутации, може да биде среќно како и секое друго здраво животинче. Џејми ни дава една реална перспектива, на сопственичка на куче со инвалидитет.
rn
rn
„„Кога еднаш животните со инвалидитет ќе заздрават и ќе започнат повторно да трчаат, никогаш повторно не помислуваат на она што им се случило. Ваква беше ситуацијата на Рамен и на секое друго животно кое преживеало такви здравствени проблеми. Кога еднаш животното ќе ја надмине болката, ќе престане да пие лекарства и ќе сфати дека треба да живее на малку поинаков начин од претходно, тоа се однесува како никогаш несреќата да не му се случила.“ – објаснува фотографката Карли Дејвидсон.
rn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnБогат со овошни киселини и природни шеќери, лимонот е антиоксиданс кој се користи во различни козметички препарати кои помагаат за отстранување на мртвите клетки на кожата и за нејзино повторно регенерирање. Но, не мора да трошите огромно богатство за да изгледате убаво. Со наша помош можете да направите домашни маски од кои ќе бидете вистински изненадени.rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rnrnПотрагата по креми и лосиони кои ќе го победат целулитот се одвива веќе со декади. Најновите анти-целулитни креми кои се наоѓаат по маркетите содржат кофеин и навистина покажуваат резултати. Кофеинот во продуктите за нега на кожата, всушност ги проширува крвните садови со што се зголемува брзината и количеството на крвниот притисок, се намалува задржувањето на водата во организмот која ги притиска маснотиите кон кожата и обезбедува нејзин помазен изглед. Масажата е одличен домашен лек за болести и за грижа на кожата. Таа го подобрува крвниот притисок и циркулацијата, притоа разбивајќи ги масните клетки. Ова во комбинација со кофеин, дава неверојатни резултати во намалувањето на целулитот.rnrn
rnrnСамо во САД, секоја година се трошат повеќе од 10 милиони долари на анти-целулитни препарати. Пред повеќе од година дена, еден австриски научник создаде
rnrnДоколку сте спремни да се борите со целулитот, на пазарот можете да најдете неколку добри продукти на база на кофеин, но има и некои кои можете да ги направите самите дома. Еве неколку домашни рецепти со кои можете да го започнете вашиот третман против целулитот:rnrn
rn
rn
rn
rn
rn