КАФЕ ПАУЗА

Tag: нега

  • 7 вообичаени стереотипи поврзани со физичката убавина на жената

    7 вообичаени стереотипи поврзани со физичката убавина на жената

    Која девојка нема сонувано да биде убава како Барби? Сме сонувале и сме посакувале. Сме израснале со некои стереотипи за тоа што е убавината и како изгледа убава девојка, што не е ни чудо што денес стандардите и очекувањата кои треба да ги исполнуваме за да бидеме убави се такви какви што се.rnrn0-7-voobichaeni-stereotipi-povrzani-so-fizichkata-ubavina-na-zhenata-kafepauza.mkrnrnНо реалноста е сосема поинаква. Високи, ниски, руси, црни, слаби или со облини. За жал, стереотипите кои општеството и таблоидите ги наметнуваат денес, влијаат сè повеќе на секоја девојка. Кај многу од нив тоа влијание резултира со нула самодоверба и чувство на неприпаѓање само поради тоа што не ги исполнуваат вообичаените очекувања за убавина. А листата на тие очекувања е недогледна. Следниве неколку добро познати стереотипи се наоѓаат на врвот на таа листа.rn

    1. Убавината постои само во еден вид

    rnОва се однесува на самата дефиниција за убавина и што точно таа претставува. Така, на пример, во осумдесеттите, убавите девојки имале руса коса, па девојките се фарбале руси со цел да ги исполнат поставените стандарди. Тоа не е така. Сè што е модерно не е убаво. И не стои секому на истиот начин. Убавината доаѓа во различни облици и бои, а не само оние кои моментално важат за такви.rnrn3-7-voobichaeni-stereotipi-povrzani-so-fizichkata-ubavina-na-zhenata-kafepauza.mkrn

    2. Убавина = слаба девојка

    rnОвој е можеби и најголемиот стереотип на денешницата. Гледаме модни ревии каде сите модели се претерано слаби, гледаме филмови во кои сите глумици се коска и кожа. Опколени сме со имиџот на слаби девојки кои се мерило за убавина, па се изгладнуваме себеси и се преоптоваруваме со идејата дека и ние ќе бидеме убави само тогаш кога ќе имаме 40 килограми на висина од 170 см. Епа не е така. Убавината доаѓа тогаш кога вие се чувствувате убаво и привлечно. Здравото тело само ја презентира убавината која ја имате. Изгладнувањето не е решението кое треба да го барате за да бидете убави.rnrn5-7-voobichaeni-stereotipi-povrzani-so-fizichkata-ubavina-na-zhenata-kafepauza.mkrn

    3. Убавината е скапа

    rnДа, навистина сите оние познати козметички брендови чинат цело богатство. Но секогаш може да се најдат креми за лице или пудра кои чинат помалку, а се исто толку ефективни како и скапите. На крајот на краиштата, воопшто не мора да значи дека само скапото е квалитетно. Некогаш, дури и во вашиот дом постојат намирници кои совршено добро ќе ја завршат работата. Сте се обиделе ли некогаш да ја негувате кожата со камилица? Никогаш нема да ви биде понежна.rnrn7-7-voobichaeni-stereotipi-povrzani-so-fizichkata-ubavina-na-zhenata-kafepauza.mkrn

    4. Луѓето со потемна кожа имаат помалку потреба од заштитни креми за сончање

    rnОвој стереотип потекнува од фактот дека луѓето со потемна кожа имаат поголемо ниво на меланин во нивната кожа, па немаат толку голема потреба од заштитни креми за сончање. Ова и не е баш така. На секоја кожа ѝ е потребна заштита од штетното УВ-зрачење. Некои горат помалку или повеќе од другите, но секоја кожа бара заштита од несакани последици како изгореници, брчки или, во краен случај, рак на кожа.rnrn6-7-voobichaeni-stereotipi-povrzani-so-fizichkata-ubavina-na-zhenata-kafepauza.mkrn

    5. Убавината мора да боли

    rnЕпа не мора. Навистина, женската нога изгледа многу поубаво на штикли, но не по цена да се трпат неверојатни болки кои можат да остават трајни последици на вашето тело. Затоа постојат штикли во секакви бои, форми и со различна висина. Воопшто нема потреба да се качувате на 20 см доколку не ви е удобно. А ова се однесува и на сите други болни третмани на кои подлегнувате за да изгледате убаво. Секогаш постои помалку болна опција.rnrnwoman with healthy foodrn

    6. Жените со помасна коса немаат потреба од регенератор за коса

    rnОва се смета за точно под претпоставка дека регенераторот само уште повеќе ќе ја замасти и така веќе масната коса. Но тоа што повеќето од нас не го знаат е дека маснотијата на косата доаѓа од кожата на главата, а не од коренот на самото влакно, па затоа дури и на овој тип коса му се потребни хидратација, нега и регенерирање. Поголема е веројатноста дека, доколку косата ви е уште помасна откако ќе ја измиете, тоа е поради тоа што не сте ги измиле целосно шампонот и регенераторот од неа. Ова се однесува и на масната кожа која исто така сака и бара да ја негувате.rnrn4-7-voobichaeni-stereotipi-povrzani-so-fizichkata-ubavina-na-zhenata-kafepauza.mkrn

    7. Како што стареат, жените ја губат убавината

    rnЈа губите убавината само доколку престанете да се грижите за себе и за своето тело. За некои луѓе, годините се само бројка која нема никаква врска со нивниот изглед. Ако се храните здраво и вежбате или, со други зборови, си ги негувате телото и духот, тогаш стареењето нема драстично да влијае на тоа како изгледате. Грижете се правилно за својата кожа и брчките ќе ви се бројат на прсти. Користете соодветни третмани за коса и таа ќе биде убава и уредна во секое време дури и без фризура. Избегнувајте ги цигарите и алкохолот бидејќи тие само го забрзуваат процесот на стареење. Може да имате 30 години и веќе да изгледате како да имате 45 или да имате 70 години и да не постои човек кој би ви дал повеќе од 55. Изборот е ваш.rnrn1-7-voobichaeni-stereotipi-povrzani-so-fizichkata-ubavina-na-zhenata-kafepauza.mkrnrnУбавината потекнува од внатрешноста. Кога вие се чувствувате убаво и здраво, само тогаш вашата физичка убавина е навистина убава. Грижата за себе и за своето тело е многу важна бидејќи тоа се одразува на секој аспект од вашиот живот. Сите стереотипи кои постојат паѓаат во вода кога вие ќе решите да се сакате себеси такви какви што сте. Не можеме да ги избереме цртите на лицето или облините кои ги имаме природно, но можеме да одлучиме да живееме здрав живот и да го негуваме своето тело. Само тогаш ќе бидеме навистина убави.

  • Најчести митови за убавината и разубавувањето

    Најчести митови за убавината и разубавувањето

    Цел живот слушаме совети од нашите мајки, пријателки и баби кои нè уверуваат дека некои методи за нега се исправни, додека други погрешни, но дали е тоа навистина така? Повеќето од нив се митови во кои ние целосно веруваме. Ги издвојуваме најчестите невистини кои некои од нас дури ги имаат прифатено како „светото писмо“.rnrnnajchesti-mitovi-za-ubavinata-i-razubavuvanjeto-kafepauza.mkrn

    МИТ 1: „Кубењето“ на белите влакна прави тие да растат повеќе

    rnОва е тотален мит. Нашата коса побелува како што старееме и тоа е процес кој не можеме да го запреме. На некој тоа му се случува порано, на некој подоцна, но не постои личност на која нема да ѝ побелее косата. Често се случува, откако ќе го забележиме првото бело влакно, да ни се причинува како да ги има сè повеќе и повеќе. Всушност тоа е поради тоа што сега сме го „истренирале“ нашето око да ги забележува секојпат кога ќе се погледнеме во огледало.rn

    МИТ 2: Бричењето ги прави влакната подебели и погусти

    rnО, да дами. И ова е голем мит! Избричените влакна изгледаат подебели поради тоа што бричот го отсекува влакното само од површината на кожата, односно тоа не е целосно извадено од фоликулата. Заради тоа кога повторно ќе почне да расте, се гледа подебелиот дел и визуелно ни изгледа дека влакната станале подебели.rn

    МИТ 3: Мајонезот е одличен регенератор

    rnВсушност, тука има и вистина. Ако мајонезот е вистински, односно содржи вистинско масло и јајца, тоа го прави добар регенератор. Киселините и протеините добро ја негуваат косата.rn

    МИТ 4: Ставањето мраз на кожата ги намалува порите

    rnНе, не и не. За жал, ништо не може да ги намали порите. Големината на порите е резултат на генетиката, а не се менува под влијание на температурата нанесена на кожата. Факт е дека некои луѓе имаат помали, а некои поголеми пори.rn

    МИТ 5: Пастата за заби ги суши акните

    rnПастата за заби содржи ментол и други активни состојки кои можат да ги исушат или намалат акните пред да дочекате тие „природно“ да исчезнат. Меѓутоа, истите тие состојки можат да ја исушат или изиритираат кожата на вашето лице, па подобро е да користите крем против акни.rn

    МИТ 6: Со нанесување на пиво пред сончање може да добиете „златен“ тен

    rnНе е вистина. Треба да избегнувате да излегувате на сонце без да нанесете крем со висок заштитен фактор, а пивото и не може баш да ви помогне. Како и поголемиот дел од работите така и ова е дел од генетиката. Некои потемнуваат лесно, а други пак изгледаат како рак веднаш штом излезат на сонце.rn

    МИТ 7: Поради седењето со прекрстени нозе ќе добиете проширени вени

    rnНе, нема да добиете. Сè уште не е откриен факторот зошто набабруваат вените на нозете. Седењето со прекрстени нозе нема да направи да добиете проширени вени, но ако веќе имате тогаш ваквото седење може да ги влоши.rn

    МИТ 8: Вените отекуваат кога ги миете нозете додека сте уморни

    rnНе, вените ви отекуваат затоа што нозете ви се уморни. Тоа е начин на кој телото се бори против заморот. Добро е кога сте изморени да ги ставите нозете во топла вода за да ја подобрите циркулацијата во долниот дел од телото и да го отстраните заморот.

  • Како да се ослободите од испуканите врвови, еднаш засекогаш?

    Како да се ослободите од испуканите врвови, еднаш засекогаш?

    Секој пат кога ќе ви потпорасне косата и ќе отидете на фризер да ја скратите, вашата фризерка ги отстранува испуканите врвови, но тоа повторно ве враќа на истата должина од претходно, па сонот за долги прамени кои паѓаат на вашиот грб и гради одново станува далечен. Ова е случај со повеќето девојки и жени кои сакаат да ја пуштат косата, но не можат бидејќи постојано настануваат распукани врвови.rnrnkako-da-se-oslobodite-od-ispukanite-vrvovi-ednash-zasekogash-kafepauza.mkrnrnДобра вест е што постојат начини овој ефект значително да го намалите, но мора да бидете внимателни, педантни и упорни кога станува за грижата за вашата коса. Постојат работи кои не треба да ги правите, како и такви кои доколку ги применувате, ќе направат чуда за вашата неиспукана коса.rn

    Најпрво скратете ја косата, а потоа барем еден месец не правете го ова:

    rn

      rn011

    • Немојте да користите фигаро или пегла за коса повеќе од еднаш неделно
    • rn011

    • Немојте да спиете со фатена коса
    • rn011

    • Не вртете прамени помеѓу прстите во текот на денот
    • rn011

    • Не сушете ја косата со фен од блиску
    • rn011

    • Не користете чешли и четки кои го кршат влакното
    • rn011

    • Не чешлајте ја косата кога ви е мокра
    • rn011

    • Не тријте ја грубо косата со пешкирот после миење
    • rn

    rn

    Затоа  пак, ова се релативно евтини производи кои многу ќе ви помогнат:

    rn

      rn011

    • Кокосово масло
    • rn011

    • Маска од мед и маслиново масло
    • rn011

    • Маска од авокадо, јајце и маслиново масло
    • rn

  • Домашни маски од портокал за нега на коса и кожа

    Домашни маски од портокал за нега на коса и кожа

    По најголемите козметички и здравствени придобивки на портокалите, следуваат неколку нивни практични примени односно природни, домашни маски за нега на вашата кожа и коса, кои можете да ги подготвите уште веднаш. Па, да почнеме!rn

    Маска од кора од портокал за сјајна и чиста кожа

    rn(0) domashni-maski-od-portokal-za-nega-na-kosa-i-kozha-kafepauza.mkrnrnОваа домашна маска го спречува појавувањето на акни и кожата ја прави чиста и сјајна. Дополнително дејство дава медот, кој има антивоспалителни и антибактериски својства, како и јогуртот, кој е богат со алфа хидроксилна киселина, поттикнувајќи го создавањето на колаген и ексфолацијата.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Кора од 3 портокали
    • rn011

    • 2 лажици јогурт
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn011

    • Блендер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете ги портокалите и корите поделете ги на мали парчиња. Измијте ги и потоа оставете ги на сонце да се исушат во рок од три дена. Кога веќе ќе се суви, ставете ги во блендер и мешајте сè додека не добиете смеса во прав.rnrnДобиената смеса ставете ја во сад и додадете ги медот и јогуртот. Убаво измешајте и маската е готова! Нанесете ја на лицето и оставете да делува 25 минути. Исплакнете со млака вода.rn

    Сок од портокал за здрава и сјајна коса

    rn(1) domashni-maski-od-portokal-za-nega-na-kosa-i-kozha-kafepauza.mkrnrnСокот од портокали е одличен за ревитализација и опоравување на оштетената коса. Витамините Б, Б12, Е, кои се наоѓаат во портокалот, заедно со медот и маслиновото масло, ќе ја дадат потребната свежина, влажност и антиоксиданси за убавината на вашиот скалп и коса.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 портокал
    • rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn011

    • 1 лажица маслиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсцедете го сокот од лимонот и портокалот. Доколку немате соковник, направете го тоа со помош на цедалче, затоа што не сакате да има остатоци од пулпа. Во добиениот сок, ставете ги медот и маслиновото масло. Убаво промешајте.rnrnМаската е готова. Нанесете ја на косата и масирајте, особено во пределот на скалпот. Оставете да делува еден час и потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разубавувајте се додека спиете: Производи за нега за заспаните убавици

    Разубавувајте се додека спиете: Производи за нега за заспаните убавици

    Познат факт е дека трошиме апсурдно многу време наутро за да изгледаме најдобро што можеме: ги затнуваме порите со пудра, користиме пегли и фигара со огромни температури. И најважно, се изложуваме на разни хемикалии во текот на денот. Единственото прашање е зошто продуктите кои ги користиме на дневна база не ги употребуваме и во ноќните часови. Иако нашите тела сами се регенерираат навечер и сонот од 8 часа прави чуда, потребен е барем малку труд за прекрасниот изглед. Со помош на овие совети, „ќесињата“ под вашите очи ќе станат минато, а вашите кожа и коса ќе блеснат.rnrn1-Esencijalni-produkti-za-zaspanite-ubavici-kafepauza.mkrn

    1. Серум за лице

    rnМногу жени и не ја знаат употребата на серумот за лице. На некои пак, им изгледа како непотребно трошење пари на продукт кој и воопшто не е од витална важност. Баш напротив, серумите за лице се полни со витамини и антиоксиданси кои навлегуваат во кожата многу подлабоко отколку кремот за хидратација. Како? Тие се направени од помали молекули така што можат да ги достигнат сите 3 слоеви на кожата и да се справат со црнките, брчките и да ги решат проблемите со пигментацијата. И сето ова додека вие спиете.rn

    2. Ноќни кремови

    rnЕден од митовите кога станува збор за ноќните кремови е дека тие се направени од исти состојки како и дневните. Постои голема разлика од дневниот крем до ноќниот. Дневниот крем содржи СПФ фактор, има лесна текстура и наменет е за да можете да ставате шминка врз него. Ноќните креми од друга страна, имаат потешка текстура и повеќе се фокусираат на хидратација на кожата. Исто така, тие не содржат СПФ заштитен фактор бидејќи се наменети за регенерирање и забавување на стареењето на кожата.rnrn2-Esencijalni-produkti-za-zaspanite-ubavici-kafepauza.mkrn

    3. Крем за тело од шеа путер

    rnПолн со антиоксиданси кои се грижат за вашата кожа и големо количество омега 3 масни киселини кои спречуваат воспаление на кожата, овие кремови прават чуда за нашата кожа. Сепак, мора да се признае дека не е практично да нанесете густа крема наутро бидејќи сакате нешто што телото лесно ќе го апсорбира. Во ноќните часови пак, не постои никаква причина што ќе ве спречи.rn

    4. Лабело

    rnИзложувањето на сонцето, влажната клима, а дури и просториите кои се климатизирани ги уништуваат нашите усни во текот на денот. Поради овие фактори тие стануваат суви и напукнати, што е многу непријатно. Затоа пред да легнете да спиете, нанесете малку балсам за усни. Не само што ќе ги регенерира и ќе ги навлажни новите кожни клетки, туку и ќе се разбудите со нежни усни кои ќе бидат спремни за карминот.rnrn3-Esencijalni-produkti-za-zaspanite-ubavici-kafepauza.mkrn

    5. Крем за раце и нокти

    rnНе заборавајте дека освен лицето, и рацете и ноктите се изложени на разни загадувања во текот на денот. Нанесете крем за раце и нокти пред да заспиете и разбудете се со меки и заштитени раце наутро.rn

    6. Серум за коса

    rnЕдно од најтешките работи за контролирање е косата. На сите ни се случило да имаме лош ден за косата. Поради пеглите за коси и фигарата на косата ѝ е потребна соодветна грижа во текот на ноќта. Најдобриот продукт за оваа работа е дефинитивно серумот за коса. Тој има моќ да ги среди оштетените врвови и да ја смири косата. Најдобриот дел е што нема потреба да го измиете.rnrn4-Esencijalni-produkti-za-zaspanite-ubavici-kafepauza.mk

  • 5 одлични примени на лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косата

    5 одлични примени на лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косата

    Лимоните долго време се употребувале за нега на кожата и косата. Состојките од кои се составени делуваат ефикасно за прочистување на порите и отстранување на маснотиите, нечистотиите, мртвите клетки од кожата како и за намалување на црвенилото. Како природен извор на витамин Ц, лимоните исто така се употребуваат и за изедначување на тенот на кожата како и за намалување на точките кои укажуваат на стареење. Кога станува збор за косата, состојките во лимонот одлично ја прочистуваат и вашата коса и вашиот скалп и го намалуваат првутот.rnrn5 одлични примени на лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косатаrnrnНо, пред да почнете со употреба на кој било од овие домашно подготвени продукти за убавина, прво тестирајте ги на внатрешноста од вашата рака со цел да дознаете дали вашата кожа е осетлива на некоја од состојките.rn

    1. Длабинско чистење на кожата

    rnКомбинирајте го сокот од 1/2 лимон со 1 супена лажица квалитетно маслиново масло во сад и измешајте ги добро со помош на виљушка. Додадете една супена лажица мед и мешајте сѐ додека не добиете средна густина, а потоа додадете 100 грама шеќер. Количината на медот и маслиновото масло може да варира во однос на тоа дали сакате да направите крема за лице која е погуста или потечна.rn

    2. Маска за освежување на лицето

    rnКомбинирајте 2 супени лажици природен јогурт со 1 супена лажица свежо исцеден лимон и добро промешајте. Додајте ја маската на вашето чисто лице и врат, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете ја да се исуши околу 20-30 минути за да почувствувате затегнување на лицето и вратот кои создаваат ефект на подигнување на кожата. Доколку сакате да го зголемите ефектот, можете да ја оставите на вашето лице и до 1 час по нанесувањето. Исплакнете прво со топла, а потоа со студена вода и нежно измасирајте го вашето лице пред да нанесете крема за хидратација.rn

    3. Хидратација и чистење на косата

    rnКомбинирајте 170 милилитри маслиново масло со 120 милилитри свеж мед и додадете 3 супени лажици од свежо исцеден сок од лимон. Откако ќе завршите со миењето на вашата коса со шампон, исплакнете и нанесете ја оваа мешавина од вашиот скалп кон врвовите на косата. Соберете ја косата во капа која топли или во пластична капа и оставете ја 30 минути. Исплакнете.rn

    4. Заборавете на мрсната коса

    rnДоколку имате мрсна коса, измешајте 60 милилитри лимонов сок со 120 милилитри вода и по секое бањање, плакнете ја косата со оваа мешавина. Таа ќе ѝ помогне вашата коса да изгледа посветло и поздраво.rn

    5. Третман против првут

    rnИзмешајте во еден сад 120 милилитри лимонов сок со 60 милилитри кокосово масло и потоа измасирајте го вашиот скалп. Оставете да делува 15 минути и потоа измијте ја вашата коса со шампон и регенератор.

  • Најдобриот сок за сјајна кожа

    Најдобриот сок за сјајна кожа

    Мешавина од состојки, наменети за сјајна и убава кожа

    rnНајдобриот сок за сјајна кожаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1/2 црвена зелка
    • rn011

    • 1 средна главица цвекло
    • rn011

    • 1 морков
    • rn011

    • 1 средна краставица
    • rn011

    • 1 голем портокал
    • rn011

    • 1/2 лимета
    • rn011

    • 2 лажички ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Измијте ги и подгответе ги состојките.
    2. rn011

    3. Во соковник, ставете ги сите состојки, освен портокалот и лиметата. Нив исцедете ги во друг сад рачно или преку соковник, наменет за цитрусни плодови.
    4. rn011

    5. Во чаша, ставете ги двете добиените течности и промешајте.
    6. rn011

    7. Уживајте!
    8. rn

    rn

    Здравствени придобивки:

    rnЕдна од причините зошто кожата станува безживотна со текот на годините е намалениот колаген. Овој пијалак може да го зголеми неговото количество, а еве како:rn

      rn011

    • Црвената зелка, портокалот и лиметата содржат висок степен на витамин Ц и антиоксиданси, кои ги штитат клетките од оштетување.
    • rn011

    • Цвеклото содржи цинк и метали, кои се клучни за здрава кожа. Исто така, го чисти црниот дроб, орган кој е тесно поврзан со изгледот на кожата.
    • rn011

    • Ѓумбирот го намалува црвенилото и содржи многу антиоксиданси.
    • rn011

    • Краставиците содржат 96% вода, а хидрирањето е од особена важност за кожата. Исто така, имаат огромна нутритивна вредност. Богати се со антиоксиданси, го намалуваат црвенилото на кожата и ризикот од рак.
    • rn011

    • Морковите се богати со бета каротин, кој е одличен за кожата. Како и другите состојки, содржат многу антиоксиданси и хранливи материи, корисни за здравјето, воопшто.
    • rn

  • 4 евтини и брзи решенија за испукани пети

    4 евтини и брзи решенија за испукани пети

    Во текот на топлите месеци од годината, испуканите пети се честа појава. Причината најмногу лежи во изборот на обувките кои ги носиме, кои предизвикуваат сушење и поцрнување на табаните. Иако на пазарот има многу препарати за нега и хидрирање на овој дел од телото, сепак стапалата можете да ги негувате ефикасно и без многу пари и во домашни услови, користејќи ги намирниците од вашата кујна и производите од вашата бања.rnrnrelaxing bath for feet - beauty treatmentrn

    1. Пена за бричење

    rnНанесете поголема количина пена за бричење на стапалата. Во легенче измешајте еднаква количина вода за плакнење уста и топла вода за добро да можете да натопите еден пешкир. Додека стапалата ви се запенети, ставете го пешкирот врз нив и седете така половина час. Со истиот пешкир нежно протријте ги стапалата отстранувајќи ја пената. Тоа ќе ја отстрани грубата и сува кожа, а стапалата ќе ви станат мазни и меки. На крајот на третманот нанесете крема за стапала за дополнителна хидратација.rn

    2. Растително или маслиново масло

    rnОва е уште една многу ефикасна метода, а сѐ што ви треба е малку маслиново, растително или кокосово масло. Со прстите нанесете масло на стапалата и добро измасирајте ги, нежно протривајќи ги критичните места. Правете го тоа навечер, после тоа облечете чисти памучни чорапи и оставете ги преку ноќ. Кога ќе се разбудите вашите стапала ќе бидат меки и хидрирани, а грозната испукана кожа ќе ја снема. Оваа метода може да се користи неколку пати неделно доколку стапалата ви се многу суви, а петите многу испукани.rn

    3. Вазелин

    rnВазелинот е уште едно одлично средство против распукани и поцрнети стапала. Нанесете го по целата површина на стапалата и облечете чисти памучни чорапи за спиење. Ако ова го правите во текот на денот, оставете ги чорапите сѐ додека стапалата потполно не го впијат вазелинот и не постанат мазни и меки.rn

    4. Солена вода

    rnТоплата солена вода е одличен рецепт за лечење на испуканите пети. Во топла вода додајте шака сол и добро промешајте. Ставете ги стапалата внатре и седете така 15 минути. Исушете ги убаво стапалата и нанесете подебел слој крема или вазелин, па облечете чисти памучни чорапи. По неколку часа, вашите стапала ќе ја впијат кремата, а резултатот веќе го знаете – негувани стапала вредни за покажување.

  • Пресметајте колку години всушност имате

    Пресметајте колку години всушност имате

    Стареењето не може да се сопре, но дефинитивно може да се успори. Собирајте, одземајте и дознајте колку (козметички) години имате. Пресметката започнете ја со бројот на годините кои ги имате. Ако не се препознавате во некој опис, прескокнете го.rnrnYoung Woman in Underwear Looking into Mirrorrn

      rn011

    1. Имате исклучително стресна работа +7 години
    2. rn011

    3. Пиете само сокови од цедено овошје -3 години
    4. rn011

    5. Редовно спиете од 6 до 8 часа на ден -7 години
    6. rn011

    7. Повеќе пати во неделата јадете брза храна +4 години
    8. rn011

    9. Пиете со сламка +3 години
    10. rn011

    11. Секојдневно користите заштитен фактор од сонце -6 години
    12. rn011

    13. Од исхраната го имате исфрлено глутенот -4 години
    14. rn011

    15. Одите во солариум +10 години
    16. rn011

    17. Ставате шеќер во чај и/или кафе +4 години
    18. rn011

    19. Не ја стилизирате косата со додатоци -2 години
    20. rn011

    21. Носите nail art и лакови со светки -2 години
    22. rn011

    23. Не ја отстранувате шминката пред спиење +5 години
    24. rn011

    25. Редовно го негувате вратот, деколтето и дланките -4 години
    26. rn011

    27. Одите на фризер минимум еднаш во 3 месеци -5 години
    28. rn011

    29. Пушите +8 години
    30. rn011

    31. Имате тетоважа -3 години
    32. rn011

    33. Пиете повеќе од 7 чаши алкохолни пијалаци неделно +4 години
    34. rn011

    35. Користите производи за нега на кожата базирани на ретинол -6 години
    36. rn011

    37. Користите валкан прибор за шминкање +3 години
    38. rn011

    39. Идете на забар еднаш во 6 месеци -4 години
    40. rn011

    41. Носите бел седефаст лак +2 години
    42. rn011

    43. Имате секс минимум еднаш неделно -4 години
    44. rn011

    45. И тоа со помлад љубовник -6 години
    46. rn011

    47. Имате грмушка +5 години
    48. rn011

    49. Ја отстранувате шминката само со влажни марамчиња +4 години
    50. rn011

    51. Тренирате 3 пати неделно -6 години
    52. rn011

    53. Сте се офарбале во некоја луда боја -5 години
    54. rn011

    55. При шминкањето на очите користите само црно +3 години
    56. rn011

    57. Имате домашно милениче кое секојдневно го изведувате на шетање -5 години
    58. rn011

    59. Не користите препарати за термичка заштита на косата +5 години
    60. rn011

    61. Користите специјална крема за нега на кожата околу очите -4 години
    62. rn011

    63. Долго се туширате со врела вода +5 години
    64. rn

    rnПа, значи имате ______ години.

  • Квиз: Која е совршената маскара за вас?

    Квиз: Која е совршената маскара за вас?

    Со толку голем избор на маскари на пазарот, навистина е тешко да се направи совршениот избор. Доколку уште трагате по „вистинската“, направете го квизот и дознајте која маскара за вас е најдобра.rnrnКвиз: Која е совршената маскара за вас?rn

    1. Не можете да поднесете маскара што:

    rnA) не дава видливи резултатиrnrnБ) се згрутчуваrnrnВ) ги спушта трепкитеrnrnГ) тешко се измиваrn

    2. Кон сопствената нега и убавина се однесувате:

    rnA) експерименталноrnrnБ) деталноrnrnВ) практичноrnrnГ) брзо и едноставноrn

    3. Како најсоодветно би ги опишале вашите природни трепки?

    rnА.) добриrnrnБ) краткиrnrnВ) правиrnrnГ) реткиrn

    4. Вашиот омилен изглед на очите се состои од:

    rnА) сенка која ги истакнува очитеrnrnБ) зачадени очиrnrnВ.) без сенка, само малку тушrnrnГ.) само моливче во суптилна бојаrn

    5. Кога набзринка излегувате од дома, никогаш не заборавате да земете:

    rnА) мало чешелчеrnrnБ) гел за косаrnrnВ) виткач на трепкиrnrnГ) лабелоrn

    6. Кога станува збор за шминка, сакате:

    rnА) да се разликувате од толпатаrnrnБ) да ви одговара со облекатаrnrnВ) да изгледа убаво и прецизноrnrnГ) да ја истакнува природната убавинаrnrnКвиз: Која е совршената маскара за вас?rn

    Резултати:

    rn

    Најмногу одговори под A – Маскара за повеќе волумен

    rnСакате очите да ви бидат највпечатливи и најзабележителни, па затоа маскарата за повеќе волумен е совршен избор за вас. Колку поголема е четкичката, толку подебели и визуелно поголеми ќе ги направите вашите трепки.rnrn Производ: L’Oreal Paris Voluminous Milion Lashes Excessrn

    Најмногу одговори под Б – Маскара за издолжување на трепките

    rnНа вашиот уникатен и софистициран стил, најмногу ќе прилега маскара со која ќе изгледате како прецизно да сте ја третирале секоја посебна трепка.rnrn Производ: Giorgio Amani Eyes Ro Kill Stretch Lengthening Mascararn

    Најмногу одговори под В – Маскара за виткање на трепките

    rnЗа природно прави трепки кои едвај се виткаат треба да одберете маскара која успешно ќе го направи тоа. Ви треба маскара со подвиткана четкичка со која полесно ќе успеете да ги извиткате трепките и да изгледате одлично.rnrn Производ: Urban Decay Supercurl Curling Mascararn

    Најмногу одговори под Г – Класична маскара

    rnНачинот на шминкање ви е ненападлив и класичен, па затоа најмногу ќе ви одговара класичен тип на маскара, кој е суптилен, а сепак ефективен.rnrn Производ: Maybelline Great Lash Washable Mascararnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.