КАФЕ ПАУЗА

Tag: наздравување

  • Суеверија и народни верувања во светот

    Суеверија и народни верувања во светот

    Автор: Горана КоневскаrnrnСуеверието е верување во натприродни дејствија, поточно, верување дека некој настан е причина што води до појава на друг, без притоа да има рационален процес или физички објаснива врска помеѓу тие два настани. Со текот на времето, во различни земји се востановувале различни народни верувања т.е. суеверија. Еве неколку интересни примери, како и сличности и разлики меѓу нив.rnrnСуеверија и народни верувања во светотrn

    Италија

    rn

      rn011

    • Бројот 17 е несреќен број.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога група луѓе си честитаат нешто, ако се вкрстат рацете, тоа носи лоша среќа (во Македонија тоа значи дека наскоро ќе има свадба).
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако неоженет човек или неомажена девојка седи на агол на маса, нема да се ожени/омажи (ова суеверие постои и во Македонија и во Русија).
    • rn

    rn

      rn011

    • За добра среќа, преку левото рамо се фрла сол.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако падне виљушка на земја, ќе дојдат гости.
    • rn

    rnСуеверија и народни верувања во светотrn

    Русија

    rn

      rn011

    • Ако птица застане на прозорец и чука со клунот или ако влезе во собата, се смета за многу лоша среќа, а некои веруваат и дека носи смрт.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако некого го чеша десното око – ќе има среќна случка, ако го чеша левото око – тоа е несреќа.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако заврне дожд на нечија свадба, тогаш младиот брачен пар ќе биде многу богат.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога се има интервју за работа, или испит/тест на факултет/училиште, ако се намести наутро креветот, ако се облече нешто ново или ако се сечат нокти се смета за многу лоша среќа.
    • rn

    rn

      rn011

    • Огледување во скршено огледало носи несреќа (во истото веруваат и во Македонија, во Америка и на други места).
    • rn

    rnСуеверија и народни верувања во светотrn

    Германија

    rn

      rn011

    • Да се убие пајак, тоа ќе предизвика голема несреќа за тој што го убил.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако новороденчето се стави на левата страна од креветот кога првпат ќе се донесе дома, тогаш кога ќе порасне ќе биде трапаво (слично верување има и во Америка).
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако наутро некој помине помеѓу две стари жени, остатокот од денот се ќе му оди наопаку.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако сите дома легнат да спијат, а масата за јадење не е исчистена, тогаш најмладиот член на семејството лошо ќе спие.
    • rn

    rn

      rn011

    • Секојпат кога некој ќе запали цигара од свеќа, еден морнар умира.
    • rn

    rnСуеверија и народни верувања во светотrn

    Шпанија

    rn

      rn011

    • Солта не се подава од рака на рака, туку се остава на маса каде другиот може да ја дофати. Ако се подаде, се расипува среќата.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако невеста носи нешто сино, ќе има убав брак и многу љубов (истото верување го има и во Америка).
    • rn

    rn

      rn011

    • Вторник 13-ти (а не петок 13-ти) се смета за баксузен ден.
    • rn

    rn

      rn011

    • Чантата не се става на земја бидејќи тоа носи несреќа во однос на пари (губење, помалку примања, недостиг на средства). Ова се сретнува како верување и во Македонија.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако некој наздрави со чаша вода, ќе има лош секс 7 години.
    • rn

    rnСуеверија и народни верувања во светотrn

    Америка

    rn

      rn011

    • Не е добро за се купува облека за бебе кое не е родено.
    • rn

    rn

      rn011

    • Полна месечина е знак за добар почеток на нова работа и за напуштање на стара.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога се тргнува на пат не треба да се враќа назад дома ако се заборави нешто – тоа носи лоша среќа (ова верување се сретнува и во Македонија).
    • rn

    rn

      rn011

    • Вечерта за Нова година треба да се носи бело, за да се има среќа цела година (ова верување се сретнува и во Бразил).
    • rn

    rn

      rn011

    • За да има среќен и плоден брак, невестата треба да носи нешто ново, нешто старо, нешто сино и нешто позајмено.
    • rn

    rnСуеверија и народни верувања во светотrn

    Македонија

    rn

      rn011

    • Бројот 13 се смета за несреќен број.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако некој од домот заминува на пат, тие што остануваат дома не треба да фрлаат ѓубре по него (сè додека не ја помине првата вода, на пример река и сл.).
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако мувите касаат, доаѓа дожд.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога се влегува во нечиј нов дом или во нова канцеларија, се фрлаат парички на земја, за да биде богато семејството/да носи пари фирмата.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако некој кој јаде го смени местото за време на јадењето, ќе ја смени и сопругата/сопругот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако црна мачка ви го пресече патот, треба да тргнете по друг или да се вратите неколку чекори назад, инаку нешто лошо ќе се случи (во други земји тоа се смета за среќа).
    • rn

    rnСуеверија и народни верувања во светотrnrnВерувате во вакви работи? Кои суеверија сте ги научиле од вашите баби? Дополнете ја листава.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нова година! Нови спомени! Вашето ново!

    Нова година! Нови спомени! Вашето ново!

    Автор: АнаrnrnНова година! Ќе започнам со нешто различно. Ќе ја оставам типичната колумна за наредните наши средби. За нашите следни кафе паузи… Оваа Нова година, оваа нова 2011, ќе ја напишам вака… Кратко, но со полна искреност…Нова година! Нови спомени! Вашето ново!Нови секунди, нови минути, нова година!rnrnСо среќа, со љубов, година полна со успех.rnrnДа го пречекориме прагот со десна нога!rnrnДа наздравиме!rnrnЗа нови спомени!rnrnНови заеднички моменти.rnrnПочит…rnrnСо најблиските, со најдалечните!rnrnДа бидеме сопствени богови.rnrnДа го заиграме орото на сопствениот живот.rnrnДа бидеме свои!rnrnСè што сме загубиле, да заборавиме…rnrnПред нас има многу повеќе!rnrnДа си играме љубов, таа не води!rnrnДа си играме среќа, таа не исполнува!rnrnДа си играме со она што ни го нуди новата година!rnrnДа веруваме во себе, во другите!rnrnДа полетаме, да ги рашириме крилјата!rnrnПатешествие.rnrnРазбудете ја сопствената фантазија.rnrnЗапочнете онака како што срцето ви наложува!rnrnСекој  нов ден, нова приказна!rnrnНапишете ја својата книга!rnrnСподелете ја со другите!rnrnЗаедничка здравица…rnrnСреќна Нова!rnrnСекое добро, драги мои!rnrnСо љубов насликана од сè срце!rnrnДо следно читање,rnrnАна

  • Кампари Мимоза

    Кампари Мимоза

    Ова е пијалакот со кој ќе сакате да наздравите за доаѓањето на новата година. Италијанскиот ликер кампари ќе ве освои со неговиот горчлив вкус, а прекрасните меурчиња од деликатниот шампањ само ќе го надополнат изгледот на овој новогодишен пијалак.rnrnКампари Мимозаrnrn

    За 12 чаши потребни се:

    rn

      rn011

    • 3/4 шолји кампари
    • rn011

    • 3 шолји свежо цеден сок од портокал, претходно оладен
    • rn011

    • 750 мл добро оладен шампањ
    • rn011

    • за декорација: спирали од кора од портокал
    • rn

    rnКампари Мимозаrnrn

    Подготовка:

    rnrnСекоја висока чаша наполнете ја со 1 голема лажица кампари и 1/4 шолја сок од портокал. Промешајте. Благо навалете ја чашата и наполнете ја со шампањ. Секоја чаша декорирајте ја со спирални кори од портокал. Служете веднаш.rnrnКампари МимозаКампари МимозаrnrnЗабелешка: Со мало ноже излупете тенки долгнавести парчиња кора од портокал. Целата кора навртете ја на тенко дрвено стапче и оставете ја да постои во фрижидер еден час за да се стврдне. Потоа, ставете по една спирална кора во секоја чаша со кампари мимоза.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.