КАФЕ ПАУЗА

Tag: навреда

  • Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

    Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

    Сите ние сме се довеле до ситуација во која треба да се справиме со спротивни мислења од нашите, некакви негодувања, несогласувања и слично. Кавгите настануваат постојано, и во ред е, како инаку ќе се изборите за своите ставови и мислења? Најважно е да не кажете или направите нешто за што ќе се покаете.rnrnНешта кои треба да ги одбегнете во кавгаrnrnНе навредувајте – Во момент на голема нервоза и револт можеме да кажеме многу работи кои не ги мислиме. Нормално дека ќе излета и по некој лош збор во текот на кавгата, но постојат зборови кои многу повредуваат и остануваат запаметени. За нешто што ќе го кажете во револт може да се покаете подоцна, но не можете да го намалите ефектот на повредата. Секогаш избројте до десет пред да кажете нешто во кавга и трудете се колку што е можно повеќе да ги одбирате зборовите.rnrnНе исмевајте ги слабостите на луѓето – Доколку знаете дека нешто му/ù е слаба точка на личноста со која сте стапиле во конфликт, не го спомнувајте во кавгата. Ако се карате со колега од работа поради тоа што не си ги сфаќа обврските сериозно, не е во ред да го спомнете неговиот нос или тешкото раскинување низ кое поминал. Останете во контекст на главната тема која предизвикала конфликт, докажете го вашето мислење со аргументи, не играјте нечесно.rnrnНе користете нечија искреност – Ако личноста со која сте во кавга, пред извесно време ви се доверила за некаков проблем, не е во ред тоа да ù го извадите низ нос. Доколку била искрена и побарала ваша помош за некаков проблем, не го спомнувајте тоа во текот на кавгата.rnrnНе уценувајте – Без разлика дали знаете некоја негова/нејзина тајна, или на одредено поле имате моќ над него/неа, не го користете како уцена во кавгата со цел да го добиете она што го сакате. Не е чесно и со сигурност нема да донесе решение на проблемот.rnrnНе ги потиснувајте вашите барања – Ако сте стапиле во конфликт со вашиот претпоставен на работа, а чувствувате дека сте во право, не дозволувајте да ве засени неговиот/нејзиниот авторитет. Искажете ги вашите мислења, но внимавајте на тонот и начинот на кој се изразувате.rnrnНе спомнувајте го минатото и грешките кои се случиле тогаш – Кога ќе настане кавга во љубовна врска, не е во ред да го спомнувате минатото и личностите кои биле дел од него. Грешките кои тој/таа ги направил/а во минатото, би требало да бидат заборавени или барем оставени настрана, а вие да се фокусирате на решавање на проблемот. Спомнување грешки и личности од минатото може само да донесе поголемо несогласување кога и спротивната страна ќе ги спомне вашите грешки.rnrnНе стремете се кон ваша победа – Кога нештата ќе се вжештат, трудете се да го зачувате добриот однос и да ја прекинете кавгата. Кога и двете страни се на крајот од своето трпение, не одете кон добивање на посакуваното, туку кон решение кое ќе одговара за двете страни и кое ќе стави крај на недоразбирањето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

    Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

    Тешко на оној кој нема пријатели, но сигурно му е полошо на оној кој има лоши пријателства. Вистина е дека треба внимателно да ги одбираме пријателите и штом ќе ги најдеме оние вистинските, да ги задржиме. Но не трудете се да го зачувате пријателството кое лошо влијае на вас.rnrnПрекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на васrnrnКои се пријателите со лошо влијание?rnrn1. Љубоморните – Кога би постоеле натпревари за негативни чувства, љубомората секогаш би извојувала победа. Оние кои завидуваат на вашиот успех наместо да ве поддржат, не се вистински пријатели. Вистинските пријатели се радуваат повеќе и од вас кога вие ќе постигнете некаков успех.rnrn2. Озборувачите – Доколку сте дел од друштво од неколку пријатели/ки, а некој од нив упорно зборува лошо за другите кога не се во ваше присуство, бидете сигурни дека истото го прави и за вас, зад ваш грб. Ако ви се вистински пријатели, нема да се грижите дали ќе ве озборуваат поради вашата неуредност или вашите постапки и навики. Едноставно, ќе ве прифатат такви какви што сте и секогаш ќе кажат убави работи за вас, позади вашиот грб!rnrn3. Синдромот: „Секогаш да е по мое“ – Оние кои мислат дека секогаш треба да бидат во центар на внимание и секогаш треба да е по нивно, се луѓе кои не го заслужуваат вашето пријателство. Тие се сметаат за попаметни па затоа тие одлучуваат каде ќе одите и што ќе правите.rnrn4. Себичните – Нивните потреби се на прво место. Тие ќе ви завртат грб кога ќе им побарате услуга, поради некаква нивна банална и безначајна „обврска“. Тоа се оние кои ќе го стават момчето/девојката пред своите пријатели на скалата на важност. Тие ќе го потрошат последниот кредит за да си прочитаат хороскоп наместо да ви честитаат роденден. Со задоволство ќе ве остават да ги чекате со часови, но тие никогаш не би чекале.rnrnПрекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на васrnrn5. Навредливите – Оние кои ќе ве „цензурираат“ цело време, без да ве остават да бидете свои и слободни се напорни и тешки пријатели. Секогаш ќе треба да внимавате да не го/ја навредите, а може да се навредат и од најобични постапки. Постојано да внимавате на чувствата на овие „осетливи“ личности, чувствувајќи потреба да докажете дека заслужувате да ви бидат пријатели, е преголем притисок.rnrn6. Злопамтилата – Еден збор кажан на погрешен начин, една лоша постапка и вие сте „бележани“ за подолго време. Тоа се оние кои никогаш нема да ви го заборават и најситното „злодело“ и во секоја прилика ќе ви го „вадат низ нос“. Во оваа група на „јака меморија“ спаѓаат и оние кои постојано ќе ве потсеќаат на добрината која некогаш ви ја направиле.rnrn7. Оние со комплекси – Без разлика дали станува збор за оние со комплекси од повисока или од пониска вредност, сите се лоши пријатели. Трагачите по комплименти, без самодоверба, кои постојано се жалат, едноставно се напорни. Оние пак, кои мислат дека се повеќе од другите, најчесто си се добри само за себе, не и за вас.rnrn8. Невнимателните – Тие не внимаваат на вашите чувства. Не знаат да ве развеселат кога сте тажни и ќе ви се пофалат колку им е супер иако вашиот ден е навистина лош.rnrn9. Неискрените – Лажливците, лицемерните и дволичните не може да се наречат вистински пријатели. Дури и ако ја премолчува вистината за да не ве повреди, сепак е лажливец/ка. Ако пријателите не ви ја кажат вистината, кој ќе ви ја каже? Пријателите искрено ги кажуваат работите кои ние не ги забележуваме.rnrn10. Оние со лоши манири –  Луѓето без култура, со лоши навики, го рушат вашиот углед. Дури и да не сте тргнале по нивните стапки наскоро ќе го направите тоа. Нели е вистина дека со кој си, таков си.rnrnПријателствата треба да ви носат убави моменти и среќа. Треба да ве развеселат кога сте тажни и да ви донесат хармонија кога животот ви е неред. Штом почнале да ви носат нервози, солзи и притисок, прекинете ги навреме!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Дали сте чувствителни?

    Тест: Дали сте чувствителни?

    Дали сте секогаш свесни за своето однесување и како тоа влијае врз туѓите чувства? Дали лесно губите контрола или сè сфаќате лично, па дури и ситниците? Чувствителноста ја поттикнува креативноста, но може да претставува и кочница за личен напредок и развој.rnrnРешете го тестот и проверете колку сте чувствителни.Тест: Дали сте чувствителни?rn

    1. Кога некој ќе ве обвини за нешто:

    rnа) Директно и отворено се соочувате со него, се карате и се обидувате по секоја цена да го решите проблемот.rnrnб) Се трудите да разберете во што е проблемот и го решавате на мирен начин без да се возбудувате околу тоа.rnrnв) Ќе се повлечете во себе со надеж дека сето тоа наскоро ќе престане.rn

    2. Шефот ви вели дека сака да направи некои промени во вашиот оддел:

    rnа) Ќе почнете да се браните и правдате дека работите сè што ќе ви се каже.rnrnб) Бележите сè што ви зборува и проценувате како тоа ќе влијае на вашиот статус во иднина.rnrnв) Со нетрпение чекате да заврши состанокот и да побегнете во тоалет за да се исплачете. Верувате дека сигурно некаде сте погрешиле.Тест: Дали сте чувствителни?rn

    3. Додека гледате филм, партнерот ви вели дека актерката е секси

    rnа) Веднаш го менувате расположението, притоа мислејќи дека мажите треба да си ги задржат таквите коментари за себе.rnrnб) Од срце ќе се насмеете на неговиот коментар, бидејќи знаете дека нема ништо лошо во мала симпатија кон некоја филмска ѕвезда. Дали тоа навистина го мислите, е сосема нешто друго.rnrnв) Веднаш претпоставувате дека вашиот партнер, а и другите мажи сигурно ги сакаат сите други жени освен вас.rn

    4. Во трговскиот центар ви нудат бесплатно разубавување. Како ќе реагирате:

    rnа) Налутено ќе ги прашате што и фали на вашата шминка и фризура, а и кои се тие да ви кажуваат дека ви е потребна промена.rnrnб) Прифаќате, велејќи дека би сакале да пробате нешто ново и да научите подобро да се шминкате.rnrnв) Мислите дека веројатно изгледате лошо и неуредно штом ви го нудат тоа, а и сигурно сите мислат дека не водите многу грижа за својот изглед.Тест: Дали сте чувствителни?rn

    5. Некој пријател почнува да се расправа со вас и ви вели дека сте го повредиле. Вие:

    rnа) Бурно ќе му се спротивставите и ќе почнете да набројувате сè што некогаш кажал или направил, а вас ве повредило.rnrnб) Ќе се потрудите да останете мирни и внимателно да го ислушате, обидувајќи се да разберете што го вознемирило, а потоа ќе му објасните зошто сте постапиле така.rnrnв) Ќе се расплачете додека се обидувате да се одбраните од обвинувањата, или едноставно ќе ја наведнете главата и молчејќи ќе го ислушате.Тест: Дали сте чувствителни?rn

    6. Кога луѓето не се согласуваат со вашиот став или мислење вие:

    rnа) Повторно им објаснувате што сте сакале да кажете, а потоа ќе заклучите дека веројатно се глупави штом не се согласуваат со вас, а очигледно е дека сте во право.rnrnб) Не се вознемирувате, ниту ви е грижа, бидејќи знаете дека секој има право на свое мислење.rnrnв) Нивното несогласување го сфаќате како навреда, а исто така и мразите кога ве осудуваат.rn

    7. Ако некој добронамерно ве задева и се шегува со вас:

    rnа) Ќе се изнервирате и налутите и веднаш ќе почнете да враќате со иста мерка, дури малку и ќе го навредите.rnrnб) Ќе се насмеете, а можеби и ќе се пошегувате на своја сметка, иако нешто може и ве навредило, но нема да го покажете тоа.rnrnв) Ќе станете уште понесигурни во себе и во својот изглед, ќе се засрамите, а можеби и ќе се расплачете, бидејќи сè сфаќате лично и не можете да поднесете кога некој ве задева или се шегува со вас.rn

    Резултати

    rnrn

    Најмногу одговори под а)

    rnНе сте чувствителни или сакате другите да мислат така. Се плашите да не ве повредат, па поради тоа реагирате и непотребно се спротивставувате, кога мислите дека сте загрозени. Иако под цврстиот оклоп, всушност сте чувствителни, луѓето по малку се плашат од вас, бидејќи сте остри и понекогаш сакате да „боцнете“. Дозволете си и добри и лоши искуства бидејќи ќе ви помогнат да станете појаки. Понекогаш треба да признаете дека грешите и да ја прифатите критиката. Од тоа нешто ќе научите, а ќе почнете да ги разбирате и чувствата на другите.rn

    Најмногу одговори под б)

    rnДоволно сте самоуверени и свесни сте дека сите лоши работи не се насочени против вас. Одлично ги решавате проблемите и добро прифаќате критика. Пријатни сте за друштво, умеете да покажете страст, а при тоа да не делувате преосетливо. Проблем се појавува кога другите не се сложуваат со вашето мислење. За да не ве доживуваат како некој кој го наметнува своето мислење, потребно е да ги земете предвид и туѓите чувства и размислувања.rn

    Најмногу одговори под в)

    rnСвесни сте дека сте пречувствителни, но не знаете колку непотребна болка ви предизвикува таа чувствителност. Проблемот не е во другите, туку во вашите реакции. Треба да престанете сè да сфаќате лично, но тоа нема да се случи преку ноќ. Следниот пат кога нешто ќе ве налути, повреди или уплаши, добро размислете зошто се чувствувате така и можеби ќе сфатите дека проблемот е во вас. Не мора секогаш да бидете совршени, ниту да внимавате дали ќе изневерите нечии очекувања. Првиот чекор во надминување на чувствителноста, е да се разбере што ја предизвикува.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.