Го спушташ пенкалото на последниот испит од сесијата, го предаваш листот и да те нема низ врата. Се осеќаш ко преродена личност. Излегуваш од факултет и ти се чини дека светот го гледаш сосема поинаку. Еј, луѓе, животот е убав! La vita è bella! Сабајлево ми се превртуваше стомакот, ама сеедно, видете сега, сонцето свети, славејчињата пеат, т.е. не баш, сè уште не дошла пролетта, ама сеедно, ти се причинува дека слушаш песна на славејчиња.rnrnПа се враќаш дома. Прво и основно, си ја враќаш собата во нормала. Од соба која изгледа како да припаѓа на помалку (или повеќе) налудничава личност, си ја претвораш во твојата стара, убава, удобна соба. Ги тргаш шолјите за кафе, во секоја од нив останале по неколку капки кафе и се здрвиле на дното. Мама има да вика. Нека вика. Тебе не ти е грижа, ти леташ, ти поминаа испитите. После ги тргаш сите листови, копии, скрипти кои ти стоеле на подот. Од некои навистина си учел, а други стоеле пред тебе колку да те тешат. Демек си ги отворил, тука се. Можеби во текот на ноќта некако магично, целото знаење ќе ти се всади во глава. Одиш наредниот ден на испит и сфаќаш дека методот ти бил погрешен, требало да прочиташ нешто.rnrn
rnrnЕ добро, супер, да не драматизираме многу, не дека сме биле ослободени од некој логор, иако можеби по малку така се чувствуваш. И сега што? Ти останува нервозно да се логираш на секој половина час и да чекаш резултати. Некогаш па, потсвесно посакуваш да ги нема. Денот ти е убав, зошто да си дозволиш да ти го расипат? Зошто, ете на пример, баш денес да се разочараш? И така сè до наредната сесија…rnrnАма сè е тоа психа. Тоа ти е како, не учам сега, сè уште е рано, сè ќе заборавам до испитот. Па си ја вртиш познатата, од понеделник ќе почнам да учам, таман една недела пред испит. Па доаѓа понеделник, тебе ти текнува дека собата не ти е средена и дека всушност треба да си направиш шопинг листа, за да знаеш точно што треба да си купиш. Нели, да си имаш претстава до каде стоиш со работите, за после на мира да си учиш. Леле на какви сè глупости ти истекнува кога имаш важни обврски. А шопинг листите, е тие се чудо. Значи никогаш, ама баш никогаш не остануваш стриктно до напишаната листа. Сè нешто ќе ти истекне. Или па, ќе има попуст, специјална акција, па и тоа на што никогаш не си помислил, сега очајно ти треба како да животот ти зависи од него. Сеедно, си го купуваш, еднаш се живее….rnrnОсвен шопинг листа, си правиш и must do листа. Всушност, не разбирам, зошто некои луѓе се против must do? Ок, по малку е застарен методот, сега можеш да си напишеш планер или роковник во телефон, и го правиш тоа, само што се чувствуваш подобро кога истото ти е напишано на лист хартија. И так, залепено на огледало, и ај сега да те видам не забележи го! Неодамна, во книга во која авторот советува како навремено да си ги извршиме обврските, доживеав вистинско откровение (добро, не до толку, само сакам да преувеличувам). Патем, книгата се вика Getting Things Done: The Art of Stress – Free Productivity, во случај да сакате да си ја прочитате. Во ред се must do листите, навиката сама по себе не е лоша. Она што е погрешно е начинот на кој ги правиме. На пример, нема да напишеш само она што треба да го завршиш, туку ќе го напишеш и начинот на кој истото би било направено. Па така, наместо Проектот да ти биде готов до петок, со три извичници на крај, пишуваш: собери материјали, договори се за консултација со професорката, напиши драфт и сл. Супер, сега знаеме како правилно да ги составуваме. Ама пак има проблем, во многу случаеви пак се јавува она познатото ОД ПОНЕДЕЛНИК. Е веќе, аман! А во понеделник наутро, обично изгледаме вака:
Понеделник е нешто како магичен ден. Ден кога сите обврски ќе бидат извршени. Нов почеток, нова работна седмица. Демек, оние кои многу често своите обврски ги одлагаат за понеделник, биле неодговорни, речиси никогаш не ги исполнувале… Како да не! Па јас не кажав точно на кој понеделник мислам!rnrnОд понеделник најчесто се започнува и диета, нешто како од понеделник има да се хранам здраво. Мижи да те мамам. Мојот прв, и до сега единствен обид за диета, (кој бил резултат на тинејџерски хормони), резултирал со јадење повеќе од половина кутија карамели. Видете, во средина имаа лешници, а јас сум само човек, обичен смртник кој не може да одолее на божественото, така што, give me a break.rnrnА вие која обврска си ја закажавте за „од утре“?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrnСекој може да си го подобри животот, воведувајќи некоја нова навика. Една по една, навиките кои ќе изберете да ги стекнете, можат да направат позитивна промена во вашата иднина и во иднината на луѓето околу вас. Еве како да го постигнете тоа низ 5 лесни чекори:rn
rn
Спонтаноста е една од најважните работи во мојот живот. Не сакам да планирам, искуството ме научило дека плановите понекогаш знаат да разочараат. Дали не се исполнил тој план? Дали не завршил како што сме замислувале? Неважно, во слободните денови и моменти, оставам спонтаноста да биде мојот водич.rnrnВо една статија поврзана со медицински истражувања, прочитав дека кај многу луѓе неостварениот план причинува стрес, разочарување, тага. Се запрашав зошто? Зошто да се разочаруваме за такви работи? Сосема непотребно… Па нели тематиката на животот е што посреќни, тоа поздрави, што поздрави, подолг живот.rnrnНасмевнете му се на денот, пред вас има време кое треба максимално да го искористите. Љубете и некој ќе ве љуби вас, смејте се и некој ќе ви ја возврати насмевката. Ако едно нешто не успеало, наредното сигурно ќе добие висока оцена.rn
Концептот на добар сон генерално се разликува од личност до личност. Просечно, на возрасен човек му се доволни 7-8 часа ноќно спиење за нормално функционирање во текот на денот, но сепак има многу луѓе на кои им се потребни барем 10 часа или пак има и од оние на кои 4-5 часа им се сосема доволни за да функционираат со полна пареа.rnrnУтврдено е дека генерално сите имаат проблеми со спиењето од време на време. Причините се различни и нивното влијание врз нашиот секојдневен живот зависи од фреквенцијата и интензитетот на истите. Постојат многу видови на лекарства кои можат да ви помогнат околу проблемот, но сепак тие можат да бидат скапи и да не ги дадат посакуваните резултати. Затоа, многу е важно да се најде коренот на проблемот и да се врати навиката за редовно спиење преку природни и здрави методи.
rn
rn
rn

rnrn
rnrn
rnrn