КАФЕ ПАУЗА

Tag: наслов

  • Кои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?

    Кои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?

    Можеби не треба да ја судите книгата по корицата, но дефинитивно треба да обрнете внимание на насловот. Од насловот зависи дали некоја книга ќе ве привлече или не. Можеби ќе се изненадите, но некои од најпознатите класици во литературата имале сосема поинакви наслови на почетокот. Дали писателите донеле добра одлука кога ги смениле, одлучете самите. Погледнете ги оригиналните наслови на некои од нашите омилени книги…rn

    „1984“ – Џорџ Орвел (1984)

    rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnДистопискиот роман на Орвел најпрво се викал „Последниот човек во Европа“ (The Last Man in Europe), но издавачите сметале дека нема да привлече доволно внимание. Со оглед на тоа што оваа книга била продадена во повеќе од 30 милиони примероци, ние мислиме дека тие донеле правилна одлука.rn

    „Да се убие подбивната птица“ – Харпер Ли (To Kill a Mockingbird)

    rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnОвој прекрасен класик имал многу едноставен наслов кој гласел „Атикус“, но писателката Харпер Ли одлучила дека таквиот наслов бил премногу сконцентриран на ликот. Најверојатно немала да погреши доколку го оставела оригиналниот наслов, бидејќи Атикус е навистина извонреден лик!rn

    „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд (The Great Gatsby)

    rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnЗамислете го ова ремек-дело на Фицџералд со наслов како „Трималхион во Вест Ег“ (Trimalchio in West Egg) или можеби „Љубовникот кој високо отскокнува“ (The High-Bouncing Lover). Писателот си играл со повеќе наслови додека конечно не се одлучил за „Големиот Гетсби“.rn

    „Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин (Pride and Prejudice)

    rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnТаткото на Џејн Остин ја предал првата верзија од ракописот на издавачот под наслов „Први впечатоци“ (First Impressions), но издавачот го одбил. Подоцна, Остин го поправила текстот и го сменила насловот, а останатото е книжевна историја.rn

    „Квака-22“ – Џозеф Хелер (Catch-22)

    rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnДенес овој термин го користиме за да опишеме некаков парадоксален проблем (како на пример моментот кога ви требаат очила за да си ги најдете очилата). Тој станал популарен благодарение на познатиот роман на Џозеф Хелер. Меѓутоа, писателот најпрво сакал да ја наслови книгата „Квака-18“, само што тоа било премногу слично на штотуку објавената „Мила 18“. Потоа, се сетил на насловот „Квака-11“, но и тоа не одговарало бидејќи било премногу слично на филмот „Единаесеттемина на Оушн“. На крајот, Хелер само го помножил бројот 11 и го добил крајниот резултат.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најдобрите 5 начини да привлечете внимание со вашиот имејл

    Најдобрите 5 начини да привлечете внимание со вашиот имејл

    Без разлика дали сакате да замолите за услуга, да поставите прашање или да продадете производ, доколку сакате да го издвоите вашиот имејл од останатите треба да најдете начин како да направите тој да не остане непрочитан. Веб-сајтот Inc.com објаснува како еден од нивните вработени секојдневно прегледувал илјадници мејлови. Додека тој ги означувал оние пораки кои се важни и ги архивирал останатите, неговиот критериум биле темите, односно субјектите на имејловите. Со оглед на тоа што сме затрупани во информации, голема уметност е да се истакнете и привлечете внимание. Па, доколку сакате да го направите тоа, погледнете ги следниве 5 начини како да напишете наслов на имејл кои без сомнение ќе биде забележан.rnrnНајдобрите 5 начини да привлечете внимание со вашиот имејлrn

    1. Кратко прашање

    rnОвој совет скоро секогаш успева. Во очите на оној кој чита вие веќе сте објасниле дека ќе бидете брзи и кратки. На овој начин ја охрабрувате личноста да ја отвори и прочита вашата порака, најмногу поради љубопитност. Но, погрижете се пораката навистина да биде во форма на кратко прашање, бидејќи во спротивно таа ќе биде отфрлена.rn

    2. Дали може да договориме состанок?

    rnИмејл со ваков наслов одма дава до знаење која е неговата цел, па затоа и веднаш преминува на главното. Во пораката важно е да објасните зошто сакате да разговарате со оваа личност, без разлика дали е телефонски или во живот. Експертите велат дека луѓето најчесто обожаваат вакви имејлови бидејќи им укажуваат дека постои личност која сака да се состане и разговара со нив.rn

    3. Ова го привлече вниманието на 30 милиони корисници

    rnМожеби нема од збор до збор да ја искористите оваа реченица, но таа без сомнение е моќен совет кој може да ви помогне брзо да привлечете нечие внимание. Овој имејл во очите на оној кој чита делува вреден бидејќи веќе го привлекол вниманието на голем број луѓе. Имајте го на ум овој наслов кога вашата цел е да преставите или продадете производ или услуга.rn

    4. Брзо претставување на идеја + Ќе се видиме?

    rnОвој наслов понудува идеја која е во врска со конференција или настан на кој поканувате некого. Помеѓу двете теми на имејлот стои знакот + кој е важен, бидејќи покажува две различни нешта од кои се состои оваа порака, како и дека и двете ќе бидат брзи и „безболни“.rn

    5. Алтернатива на вашата идеја (вашата работа)

    rnМожеби овој наслов ќе ви делува малку чудно, но еве како функционира. На пример, некој автор преку статија ја критикувал работата на одреден сервис, па доколку вие сметате дека можете да му помогнете на овој сервис да се подобри, можете да испратите предлог во имејл со овој наслов. Тој или таа без размислување ќе го отвори тој имејл за да го прочита вашето мислење.

  • Како да пишувате имејл-пораки кои ќе ви ги читаат?

    Како да пишувате имејл-пораки кои ќе ви ги читаат?

    Пишувањето електронски пораки е секојдневна и едноставна постапка, на која многумина не ѝ обрнуваат особено внимание. Лесно е да се напише и прати пораката, но важно е дали таа ќе биде прочитана или инстантно ќе биде фрлена во сандачето за отпад, уште пред да биде отворена. Благодарение на овие неколку совети, ќе научите како да напишете имејл за да ви го прочитаат.rnrnКако да пишувате имејл-пораки кои ќе ви ги читаат?rn

    1. Не пишувајте долги пораки освен…

    rnЛуѓето немаат време да читаат огромни пораки. Затоа треба да пишувате кратко, конкретно и насочено. Во спротивно, ако упатите долга порака кон некој што добива десетици или стотици на ден, таа веројатно нема да доживее да биде прочитана.rnrnНе пишувајте долги воведни обраќања и „романтични“ збогувања. Тоа истовремено не значи ниту дека треба да пишувате како роботи. Имајте предвид дека од другата страна треба да ве прочита човек, а не машина. Но, тоа што ќе го прочита, сепак треба да биде кратко.rnrnАко веќе треба да напишете подолг имејл, изберете го внимателно човекот кој треба да има време да го прочита. Секако, вашиот пријател што живее веќе 3 години во Америка или новиот колега на работа на кој му требаат инструкции, ќе сакаат да прочитаат подолг имејл. Но, зафатените луѓе, најчесто немаат толку време.rn

    2. Ставајте добри предмети на пораките

    rnЗа да ја прочита некој вашата порака, најпрво треба да го забележи нејзиниот наслов, односно  предметот. Тоа е првото нешто што се гледа и затоа е важно тој да информира, по малку да провоцира, но истовремено да не биде предолг.rnrnПораките насловени како „Hi“, „Zdr“ и сл. не го привлекуваат вниманието и секако не кажуваат ништо за содржината на пораката. Но, доколку испратите имејл со пораката од типот: „Ви треба совет за подобра промоција на вашиот сајт?“, можете да го привлечете вниманието. Притоа, внимавајте да не ја преминете границата и вашата мала провокација да звучи „спамерски“.rn

    3. Бидете креативни

    rnКреативноста може да биде многу важен фактор доколку со имејл-пораката му се обраќате на некој од кој сакате нешто да добиете. Напишете интересен и креативен имејл за да му го привлечете и задржите вниманието на вашиот примач.rnrnНа пример, ако сакате да добиете работа или волонтерски ангажман во вашето омилено списание или компанија, а тие моментално не бараат таква личност, можеби сепак е добра идеја да се обидете, доколку имате интересна идеја за начинот на вашето обраќање. Размислувајте надвор од границите на формалното. Дајте ѝ ваша структура на вашата порака.rn

    4. Не пишувајте spam-пораки

    rnРековме дека имејл пораките ги читаат луѓе и затоа тие треба да се пишуваат со доза на лично обраќање. Многу луѓе пишуваат пораки кои личат како да се автоматизирани и како да им е местото во spam-фолдерот. Луѓето не читаат и не одговараат на вакви пораки.rn

    5. Проверете пред да притиснете „Send“

    rnПрочитајте ја пораката пред да притиснете на копчето „Send“. Ова е најважната и најзанемаруваната работа при испраќањето имејл-пораки.rnrnСигурно некогаш сте пратиле имејл без документот кој го спомнувате (attachment), на погрешна личност или во погрешна состојба (пијани, нервозни?). Да не ги ни спомнуваме правописните грешки, кои некогаш можат да доведат и до погрешно толкување на содржината.rnrnЗа корисниците на Gmail, постои опција со која можете да го откажете праќањето на пораката до крајниот испраќач, дури и откако сте го притиснале копчето „Send“. Оваа опција можете да ја активирате во Gmail Labs, а можете да ја искористите во рок од 5 секунди по стискањето на копчето. Често, точно толку време и ни треба за да се сетиме дека нешто важно сме испуштиле. Како по правило, на пропустите и грешките обично ни текнува истовремено додека го стискаме копчето „Send, нели“?rnrnШто друго би рекле дека е важно за пораките кои ги испраќаме? rnrnПотсете се и на ситуациите во кои не треба да праќате СМС. Правилата, горе-долу, важат за каков било тип порака.rnrnПоздрав,rnrnКафе паузаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.