КАФЕ ПАУЗА

Tag: напредок

  • Едноставни вистини кои и паметните луѓе ги забораваат

    Едноставни вистини кои и паметните луѓе ги забораваат

    И многу паметните луѓе понекогаш забораваат на основните работи кои можат да им помогнат да успеат. Ова се некои од нив.rnrnednostavni-vistini-koi-i-pametnite-lugje-gi-zaboravaat-kafepauza.mkrn

    1. Со образованието и интелигенцијата не се постигнува ништо ако не се делува

    rnНе е важно колкав IQ имате ниту кој степен на образование го имате завршено. Доколку не преземете ништо, нема да напредувате. Голема е разликата помеѓу тоа да знаете како нешто да направите и фактички да го направите. Дури и оние кои не знаат како нешто да направат ќе успеат по неколку обиди, а дури и да знаете, ако не делувате, нема да успеете.rn

    2. Среќата и успехот се две различни работи

    rnКога некој премногу се концентрира на една работа, другите му постануваат помалку важни. Но, во еден момент, кога ќе се сврти, ќе сфати дека тоа не е доволно. Затоа важно е да не запоставувате една работа на сметка на друга. Немојте да се концентрирате само на работата, одвојте време за пријателите, семејството, за вашето хоби, за себе…rn

    3. Мора да знаете да го презентирате она што го знаете

    rn…а не само да чекате другите тоа да го сфатат. Без разлика на работното место, обидете се да изгледате како да ги имате потребните вештини во малиот прст. Знаете ли да се презентирате? Покажете што можете и направете го тоа.rn

    3. Кога има премногу избори потешко се донесуваат одлуки

    rnДенес информациите се брзо и едноставно достапни и нудат многу избори. Но, ако немате цел кон која тежнеете, ќе се изгубите во изборите. Мора да знаете која е вашата кариерна цел, во која насока сакате да се усовршувате и да ги избирате активностите во таа насока. Усовршувањето во премногу области само ќе ви го губи времето.rn

    4. Сите понекогаш успеваат, а понекогаш не

    rnВо некој момент на некој му оди подобро, на друг полошо. Но, тоа не значи дека неговиот избор е подобар и дека треба да го копирате. Пречестото менување на одлуките никогаш не е добро.rn

    5. Не треба сè да правите совршено

    rnМожеби знаете дека можете да направите нешто совршено, но обидувајќи се да дојдете до тоа ниво ќе изгубите премногу време. Мора да научите да ги оптимизирате ситуациите, а тоа значи да ја доведете задачата до ниво до кое вложеното време дава резултати. Кога за нешто ви треба премногу време за малку да го подобрите, можеби е време да ја смените задачата. Иако мислите дека ќе ве пофалат доколку нешто направите најдобро, може всушност и да добиете критика бидејќи некој друг завршил повеќе свои задачи доволно добро, а вие само една. Разликата во квалитетот е видлива само за вас.rn

    6. И грешките кои ги правите се напредок

    rnПосебно ако не сте можеле да направите нешто поинаку. Не за џабе се вели: Од грешките се учи.rn

    7. Луѓето можат да бидат исклучителни и во работите кои не ги сакаат

    rnЧесто се мисли дека само правејќи ги работите кои навистина ги сакаме можеме да бидеме навистина добри во тоа. Факт е дека всушност многу луѓе можат да бидат добри во она што не го сакаат. Освен тоа, многу луѓе, кога ќе навлезат во некоја работа, сфаќаат дека не е таква каква што си ја замислувале, па во неа пронаоѓаат многу интересни работи кои воедно знаат да ги сработат совршено. Немојте да бидете категорични со негативен став кон нешто во што не сте се ни обиделе.rn

    8. Проблемите кои ги имаме со другите често повеќе говорат за нас одошто за нив

    rnМногу често проблемите со другите луѓе на работа, но и со пријателите, познаниците, партнерот, семејството, соседите, говорат повеќе за нас одошто за нив. Начинот на кој им пристапуваме на луѓето и начинот на кој ги доживуваме е наш личен став, не е објективен. Можеби некои постапки ве асоцираат на нешто од минатото, можеби имате предрасуди кои влијаат на вашата перцепција.rnrnКога чекате негде ред ќе забележите дека има луѓе кои тоа сосема нормално го прифаќаат, а можеби имаат и повеќе обврски од другите, и личности кои се многу нервозни, се бунат и реагираат. Иако обете реакции се поврзани со чекање, начинот на кои личностите реагираат говори многу за нив, а не за проблемот со чекањето.rn

    9. Емотивните одлуки ретко се добри

    rnВоглавно одлуките донесени во изразено емотивна ситуација не се добри. Тогаш луѓето тешко ги согледуваат фактите, па реагираат импулсивно и емотивно. Посебно кога се работи за работа, немојте да дозволите емоциите да влијаат на вашата интелигенција, ниту да ја засенат објективната состојба на работите.rn

    10. Никогаш нема да бидете 100% спремни за приликите кои се пред вас

    rnМора да знаете кога сте доволно спремни да преземете некои обврски, но не чекајте да бидете целосно спремни. Чекањето на совршениот момент може да биде подеднакво лошо како и нечекањето на погодниот. Но, тоа не значи дека треба да прифатите сè што е пред вас без малку да размислите, бидејќи не знаете дали и кога ќе се појави подобра прилика. Најважно е да процените дали приликата е доволно добра, односно дали сте вие доволно спремни за неа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тркалото на животот: Тест од 1 минута кој кажува сè за вас

    Тркалото на животот: Тест од 1 минута кој кажува сè за вас

    Тркалото на животот е најкраткиот тест на личноста кој го користат многу психолози и животни тренери, а претставува генијална алатка која дава визуелен приказ за тоа како ви оди во 8-те најважни аспекти од животот.rnrnТркалото на животот: Тест од 1 минута кој кажува сè за васrnrnТестот трае околу 1 минута, а визуелно ќе ви покаже колку лесно се движи тркалото на вашиот живот, односно колку сте избалансирани, кои се вашите силни страни, а на што треба повеќе да поработите во животот.rnrnЖивотот на секој човек се состои од 8 најважни сегменти: љубов (во романтична смисла), кариера (позиција, креативен и интелектуален напредок), личен развој (психолошки развој, емоции, духовност), здравје, односи (со пријателите, семејството), хоби, забава и релаксација, животен стил (домување, благосостојба, квалитет на животот и околината), пари.rnrnСите знаеме колку е важно да се одржува рамнотежа меѓу сите аспекти во животот, а во спротивно може да дојде до акумулирање на стрес, потиснување и негативни емоции, што со тек на време може да доведе до проблеми во односите, депресија и болести.rn

    Како се прави овој тест?

    rn

      rn011

    1. Земете лист хартија и прецртајте (или испечатете) ја сликата.
    2. rn011

    3. Оценете го своето задоволство од секој сегмент од животот за изминатиот период (месец, 6 месеци, година…) на скала од 1 до 10.
    4. rn011

    5. Потоа спојте ги точките (оценките) со линија по тркалото на животот и погледнете го обликот што се го добиле.
    6. rn

    rnТркалото на животот: Тест од 1 минута кој кажува сè за васrnrnДали добивте правилен круг, квадрат или некој друг неправилен облик?rnrnНа овој начин ќе го добиете вашето лично тркало на животот, а со негова помош ќе сфатите на што треба да обрнете повеќе внимание во животот. Секако, сите треба да тежнееме да добиеме што поправилен и поголем круг.rnrnНе се разочарувајте ако на вашиот круг нема ниедна 10-ка или ако не сте добиле голем правилен круг. Тоа е почеток на вашиот подобар живот.rnrnПсихолозите уверуваат дека со редовна себеанализа на ова тркало, односно со подигнувањето на свеста за квалитетот на сите 8 аспекти од вашиот живот, можете да постигнете напредок и вашето тркало на животот да стане покружно, поголемо и да се движи баш како подмачкано.rnrnПравете ја оваа вежба секој месец за редовно да го бележите вашиот напредок.

  • 4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакате

    4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакате

    Дали некогаш сте се запрашале зошто одредени планови ви се остваруваат побрзо од други? Или пак, зошто е толку тешко да постигнете некоја цел, додека пак некои други цели ги остварувате и без да забележите? Остварувањето на соништата е процес кој откако ќе разберете како функционира, ќе можете и да почнете да преземате одредени чекори со цел да го забрзате. Тоа можете да го сторите на следниве 4 едноставни начини…rnrn4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакатеrn

    1. Јасно детерминирајте што сакате и запишувајте сè што правите за да го постигнете тоа

    rnСо цел да го добиете она што го сакате, вие мора да престанете да се фокусирате на оние нешта кои не ги сакате. За да ги оживеете вашите соништа, бидете јасни во вашите намери и не само што ќе ги запишете вашите планови, вие запишувајте ги и сите оние нешта кои сте ги презеле за да ја постигнете вашата цел.rn

    2. Активно напредувајте, без разлика колку мал или голем е вашиот успех

    rnСекојдневно преземајте нов чекор кој ќе ве доближи до вашата цел. Доколку преминувате по една препрека на ден, идната верзија од вас ќе ви биде бескрајно благодарна бидејќи сте ѝ помогнале побрзо да ја постигне својата цел. Универзумот сака акција, па доколку ја сакате неговата поддршка, не чекајте знаци туку фрлете се веднаш на работа!rn

    3. Визуализирајте како вашиот живот ќе изгледа доколку ја постигнете својата цел или ги остварите вашите соништа

    rnВизуализирањето на соништата прави тие да се остварат во вашиот ум, а со тоа и ви помага да ја остварите вашата цел побрзо. Доколку нешто не можете да видите во вашите мисли, тогаш е многу потешко и да го остварите. Не заборавајте секојдневно да издвоите малку време кое ќе го посветите во замислување на исходот од вашите желби со цел да се мотивирате да продолжите со повеќе енергија и понатаму.rn

    4. Ослободете се од сите очекувања од исходот

    rnПоследниот чекор е да се ослободите од очекувањата за исходот. На овој начин вие нема да си поставите ригидни граници за како и кога ќе ги постигнете вашите цели, па токму тоа и ќе ви помогне да уживате повеќе во самото патување. Доколку успеете да се фокусирате повеќе на патувањето, наместо постојано да се преиспитувате до каде сте, вие со сигурност ќе ги постигнете вашите цели побрзо. Едноставно прифатете го местото каде што се наоѓате во овој момент и обидете се целосно да живеете во сегашноста.

  • 6 карактерни особини кои ги имаат успешните жени

    6 карактерни особини кои ги имаат успешните жени

    Никој од нас не се родил како лидер, но постојат начини на кои можеме тоа да го научиме. Една мала студија спроведена на 85 жени на високи позиции ни покажува неколку клучни карактеристики кои сите тие ги поседуваат. Погледнете што ви е потребно за да бидете успешни во вашата кариера…rnrn6 карактерни особини кои ги имаат успешните жениrn

    1. Самоувереност

    rnДали сте силни кога станува збор за справување со луѓе? Дали можете да го задржите вашиот став или едноставно бегате од конфликтите? За да бидете силни, вие мора да знаете како да го искажете вашето мислење, рационално, не емоционално, како и да стоите зад тоа што сте го кажале.rn

    2. Агресивност

    rnОвој збор многу често се смета за негативна појава, особено кога е насочен кон жените во бизнисот. Но, тоа не значи дека не е клучен за успех. Агресивните лидери можат со само еден поглед да ги заплашат своите соработници, а со тоа и да ги насочат кон патот на успехот. Станува збор за „конструктивна“ агресија, бидејќи сепак е балансирана со…rn

    3. Емпатија

    rnДа бидете способни да ги слушате и разбирате емоциите на другите е една од најсилните моќи кои една жена со кариера може да ги поседува. Сите ние сме луѓе, со наши сопствени стравови и слабости, како и со мислења кои заслужуваат внимание. Луѓето имаат проблеми и грижи на кои мора да им се обрне внимание, но и да им се пристапи со грижа. Жените кои се успешни го постигнуваат тоа преку своето разбирање, без притоа да дозволат сентименталноста да ги одведе во спротивна насока.rn

    4. Силно его

    rnНе станува збор за оној вид его од кој толку многу ви расте главата што едноставно не можете да поминете низ вратата од канцеларијата. Се работи за довербата во својата способност да надминувате предизвици. Сите ние секојдневно се соочуваме со предизвици, но само најуспешните успеваат да се искачат до врвот. Нема ништо лошо во тоа да ги познавате вашите силни страни и јавно да ги покажувате.rn

    5. Енергија

    rnСо цел да се постигне потребниот ентузијазам и инспиративната виталност додека сте на работа, многу е важно да знаете како да ги наполните вашите батерии. Тоа можете да го постигнете преку добра исхрана, многу вежбање, повремена масажа и доволно време за одмор по напорната недела.rn

    6. Толеранција на стрес

    rnОдвреме-навреме ќе се чувствувате поотпорни на стрес од другите. Но, да бидеме реални, секоја промена во животот со себе носи и доза стрес која може да ни ги искомплицира работите. Трикот е да најдете начин да се одморите по работните часови. Без разлика дали станува збор за прошетка на свеж воздух, топла бања или пак, кикбокс најдете го вашиот начин на релаксирање и на тој начин ќе ја зголемите вашата толеранција и за најстресните настани.

  • Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015?

    Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015?

    Скорпиите имаат најповолен хороскоп за 2015 година. Каде ги чека среќата останатите знаци во зодијакот?rnrnНапомена: Читајте и за вашиот подзнак!rnrn(1) Kade-go-cheka-srekjata-vashiot-horoskopski-znak-vo-2015-godina-www.kafepauza.mkrn

    Овен

    rnАко Овен е вашиот сончев знак и сте родени на почетокот на овој знак, тогаш периодот од 20 до 27 март ќе биде доста поволен за вас доколку ги прифатите можностите да напредувате и вложите повеќе труд од вообичаено. Знаењата кои ќе ги добиете од јануари до март ќе ви овозможат да создадете темел за својата иднина или конечно да остварите некоја цел за која подолго време мечтаете.rnrnБидете активни и грабнете ги приликите кои ќе ви се укажат, затоа што тоа е она што ќе ви донесе напредок на повеќе сфери во животот. За оние кои се родени на почетокот на април важно е да завршат нешто што им останало недовршено и да остават некој или нешто да излезе од нивниот живот. Тоа нема да биде лесно, но е неопходно за да продолжат понатаму, затоа што Овенот е таков – презема иницијатива, храбар е и тоа му овозможува да ги оствари своите цели и да биде лидер. За повеќето Овни 2015 ќе биде полесна од претходната година. Таа дава можност за оние што ќе се борат и да успеат. Особено поволен е периодот од 20 февруари до 31 март, а особено од 8 до 12 март, кога поставеноста на планетите укажува на тоа дека некои работи ќе бидат нешто полесно остварливи.rnrnАко вашиот подзнак е Овен, во 2015 можете да очекувате напредок во работата доколку подзнакот ви е во првата декада. Ако е во втората, тогаш ќе имате среќа во љубовта, или преку децата како родител, или преку некое задоволство или нешто што ви предизвикува задоволство.rnrnАко сè уште не сте родител, ова е добра година за тоа. Личностите со подзнак Овен ги очекува среќа и низ креативните процеси, во јавниот живот или игрите на среќа. Промените кои почнале да ви се случуваат претходната година ќе продолжат да се случуваат и оваа. Бидете отворени за нив, така во вашиот живот ќе доминираат убави наспроти лоши работи. Прифатете ги промените како добредојдени и потребни и тие ќе бидат такви.rnrn rn

    Бик

    rnЗа оваа година да ви биде среќна , неопходна ви е стабилност на емоционален и на финансиски план. Планетите тоа ќе ви го овозможат во првата половина на 2015 година. Ако вашиот подзнак е Бик, истиот период е добра можност да си создадете свое мирно прибежиште од домот и семејството. Биковите ќе си ги подобрат семејните односи во 2015 година и домот ќе го направат поудобно и попријатно место за живеење.rnrnВтората половина од годината е поволна за среќа во љубовта, остварување како родител или доживување на голема среќа преку децата. Поставеноста на планетите во текот на летото, особено од 25 јули до 6 септември дава одлична можност за нова љубов или обновување на некоја поранешна врска. Сепак, истото не важи и за оние кои веќе се во врска. Истиот тој период не е поволен за да направат веридба или свадба. Промените поврзани со децата се можни во втората половина на септември и во октомври, но треба да бидете внимателни со тоа.rnrnАко сте невработени, шансите тоа да се смени ќе бидат најголеми во последните три месеци од 2015 година. Ќе ви се отворат можности и да разрешите некои конфликти од брачниот живот кои се таложеле во последните две години, за потоа да се посветите на благосостојбата на другите. Треба да преземете одговорност во овој дел, особено ако се занимавате со нешто што е поврзано со банкарство или осигурување.rnrnБиковите родени на крајот на април ќе доживеат позитивни промени во текот на годинава. Ова за нив ќе биде среќна година. Ако ги искористите поволните можности во август и септември, ова за вас може да се претвори во најдобрата година во животот. Бидете отворени за сите нови искуства, целосно внесете се во нив. Некои од вас ќе вложат во своите знаења и ќе напредуваат професионално и на финансиски план, други само ќе стекнат вештини и важни животни искуства, но секој кој е роден на крајот на април ќе добие можност да направи нешто убаво во 2015 година.rnrnОние родени на почетокот на мај може да се надеваат на остварување на долгогодишните цели, било да работат сами на тоа или да имаат некаква помош. Како и да е, за ова да биде добра година за вас, битно е да работите на својата стабилност и да ги зграпчите сите шанси кои ќе ви се укажат. Тие ќе ви овозможат повеќе успех годинава и можат да ја направат една од вашите најуспешни.rnrn rn

    Близнаци

    rnАко вашиот подзнак е Близанци, очекувајте зголемен обем на обврски на почетокот на годината. Фатете се за решавање на проблемите на начин кој вам ви е најприфатлив, низ комуникација, така што ќе сфатите што е тоа што го вознемирува вашиот партнер и како да му/ѝ помогнете за да не си оди од вас. Поставеноста на планетите овозможува во првата половина на годината проблемите да ги решите со долги разговори, кратко патување или некое заедничко учење.rnrnОние чиј сончев знак е Близнаци можат во втората половина на годината да очекуваат можност да ги уредат семејните односи и така да постигнат поголема среќа во животот. Вие сте личност која знае како добро да се информира и да стекне знаења и потоа тие знаења да ги искористи за унапредување на семејната благосостојба. Тоа може годинава да ве направи среќни и затоа треба да вложувате во оваа сфера. Промените можат да се случат и ако сретнете нови пријатели или низ тимска работа. А што се однесува до љубовта, ова е поволно време за да вложите во остварување на оние работи во љубовта по кои тежнеете.rnrnВие сакате промени, но тие најмногу ќе им се случуваат на оние родени кон крајот на мај, особено 20-21 и 25-26 мај, но тие ќе треба да прифатат и одредени ограничувања и препреки кои ќе ги научат што е она што треба да го променат во животот. Направете подлабоки преиспитувања, променете нешто во досегашното однесување, затоа што вака како што е тешко можете да се надевате на позитивни промени. Ако почнете да менувате нешто, ќе ви биде полесно понатаму. Бидете подготвени да научите нешто ново, без разлика колку тоа изгледа тешко на почетокот. Август е период кога треба да бидете умерени, особено во покажувањето на интелектуална надменост.rnrnСепак, 2015 година ќе биде најсреќна за Близнаците родени на 3, 4 и 20 јуни. За нив доста поволни ќе бидат првите шест месеци. Во нив се отвораат бројни можности за животот да им приреди убави изненадувања. И оние родени меѓу 2 и 8 јуни нека очекуваат убави промени, особено ако бидат отворени за нови вести кои можат да бидат многу добри за нив.rnrnВие сте приспособливи и отворени за промени, па затоа имате добри шанси да напредувате во бизнисот и комуникацијата, да остварите некое кратко патување, многу да учите, а во втората половина домот и семејството ќе бидат работите кои најмногу ќе ве усреќат.rnrn

  • Два основни видови карактери кои нè обликуваат како личности

    Два основни видови карактери кои нè обликуваат како личности

    Дали имате навика да ги избегнувате предизвиците или да се соочувате со нив? Дали трудот и упорноста ги сметате како пат до успехот или залудно трошење време?rn

    dva-osnovni-vidovi-karakteri-koi-ne-oblikuvaat-kako-lichnosti-kafepauza.mk

    rn

    Ова е едноставен, но корисен приказ на двата сосема спротивни карактерни особини кои нè обликуваат како личности. Каде се пронаоѓате себеси, во левата или десната колона?

    rnrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Статичен менталитет

    rnИнтелигенцијата е статичнаrnrnВоди до желба да се изгледа паметно и има тенденција да:

    rn

    Растечки менталитет

    rnИнтелигенцијата се развиваrnrnВоди до желба да се надградуваат сопствените знаења и интереси и затоа има тенденција да:

    Избегнува предизвици Ги прифаќа предизвиците
    Лесно да се предаде пред препреките Да биде отпорен и издржлив на препреките
    Вложувањето напор го гледа како залудно и без цел Вложувањето напор го гледа како пат до успехот
    Не може да поднесе критика и го игнорира негативниот фидбек што го добива од другите, иако е добронамерен Учи од упатените критики
    Се чувствува загрозено поради туѓиот успех Успехот на другите го гледа како инспирација и поука
    Како резултат нема да го достигнат својот потенцијал и многу рано во животот ќе застанат на статична точка која не води до напредок. Ова е одраз на детерминистички поглед на светот, односно покорување на силата и законите на природата, верувајќи дека човекот е немоќен да влијае. Како резултат постигнуваат високи и важни успеси во животот. Ова им дава чувство на моќ и слободна волја.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да организирате максимално продуктивна недела?

    Како да организирате максимално продуктивна недела?

    Дали пред вас е недела полна со обврски и задачи? Дали вашата листа со обврски кои треба да ги завршите изгледа како да нема крај? Посакувате да ги имате работите под контрола, а со тоа да го намалите стресот? Засукајте ги ракавите и подгответе се за најпродуктивната недела досега!rn

    1. Точно дефинирајте кои обврски треба да ги завршите

    rnВажно е да знаете кои се обврските кои треба да ги завршите. Составувањето на must-do листа е неопходно за стресната недела што ве очекува. Ако не знаете што точно треба да направите, тогаш голема е веројатноста да не ги исполните вашите обврски. Организирањето на вашите обврски и задачи ќе ве доведе до нивно остварување. Забележете колку време од вашиот распоред бара секоја од обврските кои ги имате и според тоа организирајте го времето.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    2. Поделете ги обврските на помали делови

    rnДоколку вашата главна обврска за оваа недела, на пример е да му доставите на вашиот работодавец драфт од вашиот проект, тогаш вметнувањето на тоа во вашата листа со задачи не ви завршило некоја голема работа. Наместо тоа, поделете ја задачата на помали чекори. Организирајте го времето. На пример, првиот ден ќе барате извори за вашиот проект, вториот ден ќе ја организирате структурата на пишаниот материјал, потоа ќе се консултирате итн. Секоја од овие помали задачи ја има улогата на ментален координатор – знаете што сте направиле и колку далеку сте стигнале.rn

    3. Вистински организирајте се

    rnМала е веројатноста дека нема да работите под стрес ако имате белешки на сите страни и документите кои ви требаат за одреден проект се сосема измешани со други со кои ни најмалку не се поврзани. Ако не знаете што каде се наоѓа и каде да го барате, губите скапоцено време. Најпрво осигурете се дека имате сè што ви е потребно и дека секој лист хартија си го „знае“ своето место на вашето биро. За таа цел хронолошкото подредување е вашиот најголем пријател.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    4. Најдете начини да заштедите време

    rnСекогаш постои начин да заштедите време и нерви. Побарајте соодветна софтверска програма за вашите цели, која значително ќе ви го олесни преживувањето на „пеколната недела“. Секогаш изнаоѓајте начини за заштеда на време и олеснување на вашата работа бидејќи секогаш постојат.rn

    5. Направете распоред за извршување на обврските

    rnНекои преферираат најпрво да ги извршат поголемите и посериозни обврски за да си го тргнат најголемиот товар. Други пак, најпрво ќе ги извршат помалите обврски за да си го „исчистат“ патот. Вие одберете го начинот кој најмногу ви одговара. Исто, доколку имате обврски чиј краен рок се наближува, не одлагајте и направете ги примарни.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    6. Забележувајте го напредокот

    rnМоже тоа да го правите во табела каде ќе го внесувате секој ваш чекор и накратко ќе го сумирате она што е важно. Така не само што ќе имате поголема прегледност, туку и ќе се поштедите од пребарување по материјалите за некоја важна информација која сте ја внеле.rn

    7. Поделете ги обврските според тоа кога работите најдобро

    rnДоколку сте посконцентрирани наутро непосредно по будењето, тогаш токму тој е периодот кога треба да работите на оние обврски кои бараат од вас максимална концентрација. Доколку пак, вашата креативност е најголема навечер, организирајте го времето така што обврските кои од вас бараат креативност или логично размислување ќе ги извршувате во тој период од денот. Исто, во правењето на вашиот дневен распоред влијаат и други нешта, како на пример, во кој период од денот имате слободна и тивка просторија на располагање и сл.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 цитати кои ќе ве инспирираат да ги победите предизвиците

    5 цитати кои ќе ве инспирираат да ги победите предизвиците

    „Луѓето често велат дека ефектот на мотивацијата не трае долго. Но, не трае ни оној на туширањето, затоа се препорачува да се прави секојдневно“. – Зиг Зиглар, мотивациски говорител.

    rnИмате идеја за нешто ново, пред вас е некаков предизвик, клучен фактор за да остварите некоја цел, да си го остварите сонот? Дали понекогаш помислувате дека она што сте наумиле да го направите е невозможно и дека никогаш нема да ви успее? Размислете добро. Ова се 5 цитати кои ќе ве инспирираат да се соочите со предизвиците и да излезете како апсолутен победник.5 цитати кои ќе ве инспирираат да ги победите предизвиците
    rn

    1. „Во дваесеттите години од мојот живот НИЕДНАШ не зедов слободен ден“. – Бил Гејтс, ко-основач на Мајкрософт

    rnВо ред, можеби не треба ова да се сфати буквално, но главната порака е многу јасна. Додека вие кревате раце од вашиот сон мислејќи дека не сте доволно добри, некој го „загрева“ столчето и смислува начин да ја победи својата конкуренција, односно вас. Секако дека во младоста треба да се ужива, но младоста е клучен период кога имате доволно енергија и желба да внесете промени во светот, а жалосно е таквата енергија да се потроши залудно.rn
    rn

    2. „Може да имате милион идеи, но сите се безвредни доколку не преземете нешто за да ги реализирате“. – Лаурен Амаранте, основач на Светскиот ден на претприемништвото

    rnМожеби сакате да основате свој бизнис, да креирате нешто ново, да продолжите со вашето образование, и секогаш си велите себеси дека не е вистинското време. А кога всушност ќе дојде правото време за да станете од кревет и да го реализирате замисленото? Вистинскиот момент не постои, треба сами да го создадете. Вие можеби во вашата глава имате решение за некој светски проблем, но тоа е залудно сè додека не преземете акција.rn
    rn

    3. „Чекањето совршенство никогаш не е толку паметно колку правењето напредок“. – Сет Годин, претприемач, автор, јавен говорител, основач на Squidoo

    rnСлично како претходниот цитат, но со една важна разлика. Доколку сте опседнати со совршенство, голема е веројатноста да не постигнете ништо. Во групата перфекционисти би ни се придружиле многумина, но колку што е добро да се биде перфекционист, толку е и негативно. Во животот треба да оставиме некои работи да минат несовршено, за да знаеме да ги изработиме до перфекција нареден пат. Да се преземе нешто, значи да се научи лекција доколку не излезе како што треба, да се чека за совршениот момент значи да не се напредува воопшто.rn
    rn

    4. „Најопасниот отров е чувството на успех. Противотровот е секој ден да се размислува што може да се направи за подобро утре“. – Ингвар Кампрад, основач на ИКЕА

    rnВо животот секој доживува успеси. Разликата е во тоа што некој дозволува да се заслади и да биде заслепен од неколку успеси па прекинува со работа, а друг продолжува да се надградува и достигнува повеќе. Успехот прави да сакате повеќе, и во ред е одвреме-навреме да запрете за момент и да земете здив, но лошо е да кренете раце задоволувајќи се со почетнички успех кога можете многу повеќе.rn
    rn

    5. „Тогаш кога ќе сакате да се откажете сте многу поблиску отколку што мислите“. – Боб Парсонс, ко-основач на GoDaddy

    rnЗарем успешните личности никогаш не доживеале падови, зарем ним никој никогаш не им рекол дека нема да успеат, мислите дека не доживеале моменти кога помислиле едноставно да се откажат од сè? Но сепак, продолжиле да се обидуваат. Целта може да ви биде пред нос, никогаш не кревајте раце од вашиот сон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Главните фактори за интелектуалниот развој на децата

    Главните фактори за интелектуалниот развој на децата

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnЕднаш на три години, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) ги проверува математичките, јазичните и природнонаучните вештини на петнаесетгодишните ученици. Таквата класификација секогаш наидува на топол прием, а особено е добредојдена во побогатите држави. Зошто ученици од Финска или од Кореја, од Шангај или од Сингапур се справуваат многу подобро од тинејџерите од други, меѓу кои и некои високо развиени и економски стабилни држави?rnrnКако влијае социјалната припадност, кој успева да ги премости разликите, да ги премине границите и бариерите на скромното потекло, какви проблеми ги мачат децата на имигрантите – ова се прашањата кои ги поставуваат богатите земји како САД, Германија, Австрија и Велика Британија. Посиромашните земји, пак, како Македонија, како фактор најчесто го наведуваат недостатокот од средства.rnrnЕден од факторите кој е пресуден во интелектуалниот развој на детето е семејството. А токму најновите проучувања на ОЕСР се базираат на ваквите фактори. Истражувањето за тоа од какви семејства доаѓаат одличните ученици од ПИСА (Programme for International Student Assessment), даде изненадувачки, но сепак и очекувани резултати – од родителите зависи многу, а доколку тие повеќе се ангажираат и интересираат за образованието на своето дете, тоа може да се покаже дури и како посилен фактор од нивниот општествен статус.Главните фактори за интелектуалниот развој на децатаrn

    Моќта на читањето

    rnПетнаесетгодишните учесници кои биле дел од истражувањето на ПИСА во 2009 година, чии родители редовно им читале во првите години од основното образование, многу подобро се справувале на тестовите од учениците кои никогаш не го искусиле тоа. Оттука логично може да се претпостави дека во семејствата со повисок економски и образовен статус, комуникацијата на родителите со своите деца во раните години на школувањето е на повисоко ниво, па затоа и резултатите им се подобри.rnrnНо сепак, кога се споредуваат резултатите на средношколци од слични социјални средини, излегува дека повеќе бодови добивале оние ученици чии родители им читале книги додека биле првоодделенци. Онаму каде на децата не им било укажано таков тип внимание, резултатите се видливо послаби, независно од нивниот привилегиран статус.rnrnОпшто речено, не се толку важни „сребрените лажички“, колку што се важни книгите и читањето во раните години. Дури и во семејствата во кои родителите не се високообразовани, но ја разбираат важноста на книгите во развојот на младите, децата уште од рана возраст се здобиваат со навиката да обрнуваат внимание и учењето им оди полесно.rnrnДа, родителското залагање за децата создава уникатни основи. Очигледно децата не смеат да бидат оставени сами на себе, да гледаат неконтролирано телевизија, да го трошат неконструктивно времето и сами да си ги избираат занимациите. Неодамна, како во САД така и во Европа, се крена многу прашина околу книгата на Американката со кинеско потекло Ејми Чуа, која го доведе до јавна дискусија прашањето за построгиот родителски модел.rnrnПо внимателно разгледување на профилите на поуспешните средношколци, според тестовите на ПИСА, се доаѓа до заклучок кој го оправдува ставот на Чуа во врска со родителскиот модел. А ваквиот модел, едноставно мора да биде поврзан и со одредена принуда од страна на родителите.Главните фактори за интелектуалниот развој на децатаrn

    Постојано следење на развојот

    rnМногу ќе се излажете ако помислите дека само читањето книги на децата додека се првоодделенци ќе заврши работа. Според резултатите, во домот на успешните петнаесетгодишници, родителите постојано им го следат развојот. Иако тинејџерите се бунтуваат и се спротивставуваат, наивно е да се каже дека тие не сакаат и не бараат повеќе внимание од своите родители.rnrnУште една важна работа се темите на разговор во едно семејство. Учениците во чии семејствата се разговарало за општествено-политичкиот живот и каде што се живее во заедница, а не секој за себе пред својот компјутер, во својата соба, покажуваат видни резултати на тестовите.rnrnИстражувањата само ги потврдуваат оние народни вистини кои никој не може да ги смени, па дури ни интернет-ерата, социјалните мрежи или глобализацијата. Улогата на родителот во развојот на детето е огромна. Семејните вечери и приказните за добра ноќ не се само филмски сцени, туку огледалото во кое се одразува едно успешно родителство.Главните фактори за интелектуалниот развој на децата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    Многумина од нас, мислат дека кога нешто не им оди во животот, потребна им е некоја драстична промена. Напротив, менувајќи мали нешта во вашето секојдневие можете да си го подобрите животот на долг рок. Во овие 60 точки се содржани совети за вакви мали промени кои можете да ги практикувате во следните 100 дена, а резултатите од нив ќе ги почувствувате и многу порано.rnrnНе мора да одите по оваа листа за да направите драстична промена во вашиот живот. Од неа земете инспирација и дадете си завет пред самите себе дека според некои од нив ќе го живеете животот секој ден во текот на следните 100 дена, без исклучок.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Дом

    rn1. Забележете во календар 100 работи што треба да ги средите, означувајќи по една обврска за секој ден. На пример:rn

      rn011

    • Ден 1: средете ги старите списанија
    • rn011

    • Ден 2: средете ги дивидијата
    • rn011

    • Ден 2: средете ги книгите
    • rn011

    • Ден 4: средете го приборот во кујната…
    • rn

    rn 2. Во наредните 100 дена придржувајте се до овие 4 правила за да го одржите редот во вашиот дом.rn

      rn011

    • Ако извадите нешто надвор, вратете го назад.
    • rn011

    • Ако отворите нешто, не заборавајте да го затворите.
    • rn011

    • Ако нешто ви падне долу, кренете го.
    • rn011

    • Ако тргнете нешто од едно место, вратете го назад.
    • rn

    rn3. Прошетајте низ домот и пронајдете 100 работи кои сте ги толерирале, а на кои им треба поправка. Поправајте по една секој ден. На пример:rn

      rn011

    • Сменете прегорена сијалица!
    • rn011

    • Зашијте го копчето на омилената кошула!
    • rn011

    • Секогаш кога ќе отворите некој елемент во кујната, предметите паѓаат? Направете нешто околу тоа.
    • rn

    rnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Среќа

    rn4. Секој ден запишувајте по 5 работи за кои сте благодарни.rnrn5. Направете листа со 20 мали нешта кои обожавате да ги правите и гледајте да правите барем по една од нив секој ден. Листата може да содржи:rn

    rn6. Запишувајте си ги важните разговори кои ги имате во вашата глава во текот на 10 дена, како позитивните, така и негативните. Бидете прецизни.rn

      rn011

    • Колку пати во текот на денот се преморувате?
    • rn011

    • Дали се чувствувате неспособно?
    • rn011

    • Дали постојано ви навираат критички мисли за другите?
    • rn011

    • Колку позитивни мисли ви доаѓаат во текот на денот?
    • rn

    rnИсто така водете забелешки за емоциите кои ги чувствувате додека ги имате овие мисли. Потоа, во текот на следните 90 дена, почнете да ги менувате вашите ментални прашања кон подобро за да почувствувате и емоционално подобрување.rn

    7. Во следните 100 дена, добро изнасмејте се барем еднаш во текот на секој ден. Посетувајте веб-сајт за вицови, купете книга со шеги или смислете нешто друго што ќе ве засмева секој ден.

    rn

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    rnrn

    Учење и личен напредок

    rn8. Изберете некоја книга која бара напор и концентрација и читајте по малку од неа секој ден, така за да ја завршите до 100-иот.rnrn9. Учете по една нова работа секој ден. Тоа може да е името на некој цвет, главниот град на некоја далечна држава или изведувачот на некоја класична музика. Ако денот ви помине без да научите нешто ново, отворете го речникот и научете нов збор.rnrn10. Престанете да се жалите во следните 100 дена. Негативните муабети предизвикуваат негативни мисли, негативните мисли произведуваат негативни резултати.rnrn11. Наместете си го алармот да ви ѕвони по една минута порано секој ден во следните 100 дена. Станувајте од кревет, штом ќе го чуете алармот. Отворете го прозорецот за да ви влезе малку сончева светлина и истегнете си го телото. За 100 дена ќе се будите час и 45 минути порано одошто сега.rnrn12. Пишувајте по 3 „утрински страници“ секој ден во следните 100 дена. Овој метод претставува едноставно празнење на совеста преку пишување на рака на оние мисли кои први ќе ви дојдат наутро.rn

    13. Во следните 100 дена, настојувајте да си го храните мозокот со оние мисли, зборови и слики кои имаат најмногу врска со она што сакате да бидете како личност, она што сакате да го поседувате или она што сакате да го постигнете.

    rn

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    rnrn

    Пари

    rn14. Направете си буџет, односно план за трошење на вашите пари. Водете сметка за секој денар што ќе го потрошите во текот на следните 100 дена за да бидете сигурни дека се придржувате до направениот план.rnrn15. Применувајте мудри тактики за трошење пари во текот на следните 100 дена:rn

      rn011

    • Наместо да појдете во маркет со вашата кредитна или дебитна картичка, појдете со кеш и со дигитрон или користете го оној кој го имате на мобилниот телефон.
    • rn011

    • Направете листа пред да одите да пазарите за да не купувате работи кои веќе ги имате во домот.
    • rn011

    • Запрашајте се дали ви е навистина потребен фиксен телефон.
    • rn011

    • Откажете ја претплатата за дополнителните ТВ канали кои реално не ви требаат.
    • rn011

    • Планирајте завршување на повеќе работи при едно излегување за да не трошите бензин или пари за автобус повеќе пати одошто е потребно.
    • rn

    rnЗабележете колку пари сте трошеле во текот на овие 100 дена благодарение на овие совети.rnrn16. Плаќајте само со хартиени пари и чувајте ги ситните кои ги добивате како кусур. Ставајте ги железните парички во касичка или во тегла и видете колку можете да заштедите за 100 дена.rnrn17. Не купувајте ништо што не ви е апсолутно потребно. Сите пари што ќе ги зачувате на овој начин, употребете ги на некој од овие:rn

      rn011

    • Раздолжете си го долгот.
    • rn011

    • Тргнете пари настрана „за не дај Боже“.
    • rn011

    • Почнете да штедите за некоја инвестиција.
    • rn

    rn18. Трошете по еден час секој ден за да смислите нов начин за пасивно добивање приход.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Време

    rn19. Во следните 100 дена, постојано носете тетратка со себе со цел да си го одржите редот во умот. Забележувајте сè на едно место. Вака ќе можете да одлучите дали да му се навратите на напишаното подоцна или не. Запишувајте вакви работи:rn

      rn011

    • идеи за работни задачи
    • rn011

    • датуми за состаноци
    • rn011

    • To Do листи
    • rn

    rn20. Забележете како го трошите вашето време во следните 5 дена. Искористете ги сознанијата од ова ваше мини-истражување за да направите паметна прераспределба на вашето време, така за процентуално да поминувате онолку време колку што сакате на секоја конкретна активност:rn

      rn011

    • превоз
    • rn011

    • работа низ дома
    • rn011

    • одмарање
    • rn011

    • активности за генерирање приход
    • rn

    rnДржете се до планот во текот на следните 95 дена.rnrn21. Идентификувајте некоја работа на која губите време, а не е многу важна и наместо на неа, посветете го тоа време на друга работа која има повисок приоритет во вашиот живот.rnrn22. Идентификувајте 5 нешта на кои редовно трошите време и ограничете си го времето кое ќе го трошите на овие активности во следниот период. На пример:rn

      rn011

    • Не гледајте телевизија повеќе од половина час на ден!
    • rn011

    • Не посветувајте повеќе од половина час дневно на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер!
    • rn011

    • Не трошете повеќе од 20 минути на ден играјќи видеоигри!
    • rn

    rn23. Во следните 100 дена, престанете со мултитаскингот. Правете ги работите една по една, без да си го одвлекувате вниманието.rnrn24. Во следните 100 дена, планирајте си го секој ден претходната вечер.rnrn25. Секој ден правете ја прво најважната задача од вашата To Do листа пред да фатите што било друго.rnrn26. Направете преглед на секоја од следните 14 недели, запрашувајќи се:rn

      rn011

    • Што постигнавте?
    • rn011

    • Дали нешто тргна наопаку?
    • rn011

    • Што тргна наопаку?
    • rn

    rn27. Во следните 100 дена, трошете по неколку минути секој ден за средување на вашето биро. Така, секој ден кога ќе пристигнете на работа ќе ве пречека чиста и организирана работна средина.rnrn28. Напишете ги сите обврски и социјални планови што ги имате за својата блиска иднина (100 дена). Потоа, со црвен фломастер пречкртајте ги оние кои не ве прават вистински среќни во животот или пак не придонесуваат кон постигнување на вашите главни животни цели.rnrn29. Во следните 100 дена, секогаш кога работејќи нешто ќе се префрлите на друга активност, запрашајте се: дали вака најдобро го користам моето време?rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Здравје

    rn30. За да ослабете 1 кг, треба да изгорите 7700 калории. Ако го намалите внесот на калории за 200 на дневна основа, за 100 дена ќе тежите 2,5 кг помалку.rnrn31. Во следните 100 дена, јадете по 5 мали порции зеленчук секој ден.rnrn32. Во следните 100 дена, јадете по 3 мали порции овошје секој ден.rnrn33. Изберете едно јадење кое постојано ви го саботира успехот во вашата диета: чипсот, пицата или омилените тестенини и откажете се од него во следните 100 дена.rnrn34. Јадете од помала чинија за да ја контролирате количината на храна што ја внесувате.rnrn35. Купувајте 100% џусови наместо оние со додадени шеќери и конзерванси.rnrn36. Наместо газирани пијалаци пијте вода.rnrn37. Направете листа со 10 здрави јадења за доручек кои лесно можете да ги подготвите.rnrn38. Направете листа со уште 20 лесни, но здрави јадења што можете да ги подготвите за ручек или за вечера.rnrn39. Изберете си 10 здрави грицки кои брзо можете да ги направите.rnrn40. Со овие листи планирајте што ќе јадете во текот на секоја недела. Планот правете го однапред за сите 14 недели.rnrn41. Во следните 100 дена, водете дневник на вашата исхрана за да забележите доколку отстапувате од планот или внесувате екстра калории.rnrn42. Вежбајте секој ден по 20 минути.rnrn43. Носете педометар и одете по 10.000 чекори секој ден. Секој чекор се важи.rnrn44. Закачете си графикон за вашата телесна тежина во бањата и секоја недела забележувајте ја вашата тежина, мастите и обемот на струкот.rnrn45. Наместете си го часовникот да ви бипка на секој час или подесете го компјутерот или мобилниот телефон. Целта е да имате потсетник за редовно пиење вода.rnrn46. Направете си дневен ритуал – медитирајте, дишете или визуелизирајте нешто во главата за да останете смирени.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Врската со партнерот

    rn47. Следните 100 дена, секој ден барајте по некоја позитивна карактеристика кај вашиот партнер и запишувајте ја.rnrn48. Направете споменар од сите работи кои сте ги правеле со вашиот партнер. На крајот, предајте му ја листата со неговите позитивни работи, како и споменарот на вашата заедничка среќа и љубов.rnrn49. Изберете 3 работи кои ќе ги правите секој ден со цел да ја зацврстите вашата врска. На пример:rn

      rn011

    • Кажете му „Те сакам“ и посакајте му убав ден наутро.
    • rn011

    • Гушнете го вашиот сакан веднаш штом ќе се видите после работа.
    • rn011

    • Одете на заедничка прошетка секој ден после вечера притоа држејќи се за рака.
    • rn

    rnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Дружење

    rn50. Поврзувајте се со некоја нова личност секој ден во наредните 100 дена, без разлика дали ќе поздравите некој сосед со кој порано не сте си рекле „Здраво“, ќе почнете да следите некого на Твитер или пак ќе искоментирате на блог или веб-сајт каде немате коментирано порано. На пример, почнете со коментар на овој пост.rnrn51. Поставете си за цел да се дружите со луѓе на кои им се воодушевувате, ги почитувате и сакате да бидете како нив.rnrn52. Кога некој ќе каже или направи нешто што ќе ве вознемири, подзастанете за момент и размислете како да изреагирате, наместо веднаш да го испукате првото нешто што ќе ви дојде на памет.rnrn53. Не осудувајте додека не ги чуете двете страни на секоја приказна.rnrn54. Правете нешто добро за некого секој ден, макар да е и некоја мала работа како на пример упатување благослов.rnrn55. Пофалете ги и дајте им признание на оние кои тоа го заслужуваат.rnrn56. Слушајте внимателно. Кога некој ви зборува, фокусирајте се на тоа што го слушате наместо да мислите во главата што ќе одговорите.rnrn57. Сочувствувајте. Ако не се согласувате со некого, обидете се да ги видите работите од негова перспектива, ставете се во неговите чевли. Бидете љубопитни за уверувањата на другата личност, нејзините животни искуства, начинот на размислување кој ја довел до таквите заклучоци.rnrn58. Живејте го само вашиот живот без да се споредувате со други.rnrn59. Толкувајте ги акциите на другите на најдобар можен начин.rnrn60. Во следните 100 дена, запомнете дека секој го прави најдоброто што може. Исто така и вие!rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.