Без оглед на тоа колкаво е нашето животно искуство и колку сме работеле на тоа да се запознаеме себеси, секогаш има простор за личен развој. Но, секогаш се јавува прашањето од каде да се почне и како да се организира целиот тој процес на личен напредок. Следниве 6 совети за создавање на вашиот план за личен развој ќе ви помогнат да добиете појасна слика за она што сакате да го постигнете и како да го сторите тоа.rnrn
rn
1. Запишувајте ги вашите идеи
rnПостојат неколку работи кои веднаш се појавуваат во умот кога размислувате за личниот напредок. Ако ги запишете тие работи, вашите идеи ќе продолжат да течат и ќе можете да ги согледате претходно незабележаните врски помеѓу различните аспекти од вашите особини и способности.rnrnМногу корисно е користењето на ментални мапи. На пример, можете да ставите неколку клучни теми во непосредна близина на централниот дел од листот (како што се „тело“, „интелигенција“, „креативност“ и „емоции“) и потоа да нацртате гранки кои ќе излегуваат од секоја тема.rnrnПотоа, можеби ќе сфатите дека има простор за емоционален развој во областите на позитивно размислување и самодоверба, додека запишувате работи како што се „научи нов инструмент“ и „најди повеќе време за читање“ во полето посветено на креативноста. Овој процес може да ви даде јасна слика за она што е важно и да ви ја прошири перспективата на вашиот начин на живот.rn
2. Размислете за вашите постоечки таленти
rnПри изработката на вашиот план за личен развој, не треба да се фокусирате само на вашите потешкотии, на работите кои ги игнорирате или на она што го сметате за ваша слабост. Направете листа на сите ваши вештини, а потоа запишете некои работи во кои сте навистина добри. Тоа се таленти кои можат да бидат усовршени и кои ќе ја стимулираат вашата самодоверба, така што ќе можете да ги постигнете сите ваши замислени цели.rn
3. Бидете точно одредени
rnДоколку сте запознаени со законот на привлечност, веројатно веќе знаете колку е важно да се биде точно одреден. При поставувањето на какви било цели, паметно е да експериментирате со зборовите додека не ја најдете апсолутно точната верзија на вашата цел. Па, така, ако една од областите на вашиот план за личен напредок вклучува стекнување поголема самодоверба, обидете се тоа да го прецизирате. На пример, можете да одлучите да направите две презентации во следните 6 месеци, да го намалите нивото на социјална анксиозност во поголеми групи и да научите да го цените вашиот физички изглед.rnrn
rn
4. Не поставувајте премногу цели одеднаш
rnЛичниот развој е доживотен проект, затоа немојте да мислите дека веднаш морате да работите на секоја област. Наместо тоа, одберете неколку цели на кои ќе се фокусирате во наредните неколку месеци или година, во зависност од големината на тие цели.rnrnЗамислете си што би се случило доколку одлучите истовремено да почнете со учење нов јазик, да излегувате повеќе, да развивате позитивно размислување, пољубезно да се однесувате кон вашето тело и да го негувате вашиот талент за свирење пијано. Голема е веројатноста дека една или повеќе од тие цели ќе отпаднат или ќе продолжите да работите на нивното остварување, но на многу површен начин. Одвојте ги најважните области за развој кои навистина ќе ви помогнат да живеете живот каков што отсекогаш сте посакувале и усовршувајте ги само нив.rn
5. Чекор по чекор до успехот
rnВистинските резултати од секоја област во вашата програма за личен развој, многу подобро ќе ги воочите доколку имате јасен план за постигнување на целите. Обидете се да изведете неколку чекори кои треба да ги преземете (мини цели на патот кон вашата голема цел) и извршувајте ги систематично.rnrnНа пример, доколку сакате да ја зголемите вашата самодоверба, можете да започнете со намерна интеракција со нова личноста секој трет ден, а потоа да продолжите со изразување на вашето мислење на поголеми собири, пред конечно да се одлучите на тежок јавен говор или некој друг вид на јавна изведба.rnrnСепак некои цели ја немаат таа линеарна структура. За тие видови цели можеби ќе ви биде покорисно да наброите 5-10 активности кои би можеле секојдневно да ги извршувате во служба на вашата цел. Ако сакате да станете попозитивни, можете да водите дневник на благодарноста, да изговарате позитивни афирмации или да биде хумани преку разна волонтерска работа.rn
6. Редовно размислувајте за себе
rnБез оглед на тоа каков е вашиот план на личен развој, важно е да го следите вашиот напредок и да размислувате за тоа како се чувствувате. Пишувањето дневник на личен развој може да ви помогне да ги препознаете и совладате пречките и ограничените верувања кои би можеле да ви застанат на патот.







rnrnАко спиете покрај некој што ‘рчи секоја вечер, 

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rnrn
rnrn
rn
rnrnРазмислете за пријателите или за некои постари колеги кои постигнале голем професионален успех со кој можете да ги здружите силите и да соработувате на хонорарна или волонтерска база. Од ваквото искуство може да се стекнете со неверојатно знаење и вештини кои е навистина корисно да се најдат во вашето CV за подоцнежната потрага по работа. Исто така, преку прирачници и разни книги, можете да дознаете нешто ново или да научите некој нов јазик или програмирање.