КАФЕ ПАУЗА

Tag: напредок

  • Уметници се предизвикуваат одново да ги нацртаат нивните стари „лоши“ цртежи

    Уметници се предизвикуваат одново да ги нацртаат нивните стари „лоши“ цртежи

    Лесно е да ги споредите вашите уметнички дела со оние на некој професионалец и да се чувствувате мизерно. Но, ако сте почетник важно е да знаете дека никој не е роден гениј и сите почнале од некаде. Ништо не го докажува ова подобро од предизвикот „Нацртај го тоа повторно“. Правилата се навистина едноставни – уметниците прикачуваат слики од нивните први и сегашни цртежи и покажуваат колку напреднале.rn

    1. Две години секојдневно цртање

    rnУметници се предизвикуваат одново да ги нацртаат нивните стари „лоши“ цртежиrn

    2. „Си го скршив вратот и останав парализиран во 2010-та. Ова е првиот цртеж што го направив додека бев во болница со помош на мојот терапевт. Другото е автопортрет од 7 години подоцна“

    rnУметници се предизвикуваат одново да ги нацртаат нивните стари „лоши“ цртежиrn

    3. „Најдов стар цртеж што го направив кога имав 7 години. Сега направив подобра верзија на оригиналот“

    rnУметници се предизвикуваат одново да ги нацртаат нивните стари „лоши“ цртежиrn

    4. „Го најдов овој цртеж од 2008-ма година кога имав 11 години. Кученцето што го посвоивме сега е старец“

    rnУметници се предизвикуваат одново да ги нацртаат нивните стари „лоши“ цртежиrn

    5. „Поминаа точно 3 години од мојот прв цртеж, па решив да го пробам предизвикот“

    rnУметници се предизвикуваат одново да ги нацртаат нивните стари „лоши“ цртежиrn

    6. Подобрување на очите за 2 години

    rnУметници се предизвикуваат одново да ги нацртаат нивните стари „лоши“ цртежиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 20 знаци дека животот ви е подобар отколку што мислите

    20 знаци дека животот ви е подобар отколку што мислите

    Можеби не сте задоволни од вашиот живот. Не ви се допаѓа работното место, немате партнер, сакате повеќе пријатели… Но понекогаш не сме свесни дека работите не се толку лоши. Вашиот живот речиси сигурно е подобар отколку што мислите, а ова се знаците кои ќе ви го покажат тоа.rnrn20 знаци дека животот ви е подобар отколку што мислитеrnrn1. Ги плативте сметките овој месец, па можеби дури и си купивте нешто.rnrn2. Се сомневате во себе. Се сомневате во вашиот живот. Понекогаш се чувствувате мизерно. Ова е знак дека уште сте подготвени за созревање. Ова значи дека можете да бидете објективни и свесни за себе.rnrn3. Имате работа. Без разлика колку часа и колкава плата, вие заработувате пари кои ви помагаат да јадете нешто, да спиете во нешто и да носите нешто. Не е неуспех ако моментално не изгледа како што сте си замислиле. Вие ја цените вашата независност и преземате одговорност.rnrn4. Имате време за нешто што го сакате. Дури и ако тоа е само седење и гледање серии.rnrn5. Не се грижите од каде ќе дојде следниот оброк. Имате храна во фрижидерот и имате доволно за да одбирате што ќе јадете.rnrn6. Можете да јадете бидејќи уживате во тоа. Не станува збор за гол опстанок.rnrn7. Имате еден или двајца блиски пријатели. Луѓето често се грижат за квантитетот, но сфаќаат дека најважна е интимноста, прифатеноста и радоста. На крајот, сите сакаме само неколку блиски луѓе кои навистина нè познаваат и сакаат.rnrn8. Можевте да си дозволите возење со автобус, шолја кафе или бензин ова утро. Најситните нешта кои ви се потребни ви се на дофат.rnrn9. Не сте истата личност како пред една година. Учите, еволуирате и можете да ги идентификувате начините на кои сте се промениле.rnrn10. Имате време и услови да направите нешто повеќе. Можеби сте отишле на концерт, сте си купиле книги, сте отишле на некое патување. Нема потреба постојано да работите за да преживеете.rnrn11. Имате повеќе парчиња облека. Не мора да се грижите дали ќе имате ракавици за во зима или летна облека за топлите денови. Не само што можете да си го заштитите и украсите телото, туку можете да го правите тоа за разни прилики.rnrn12. Чувствувате што не е во ред во вашиот живот. Првиот и најважен чекор е да бидете свесни. Важно е да знаете кога нешто не е во ред и што треба да промените.rnrn13. Ако можете да зборувате со вашата помлада верзија, ќе можете да си кажете: „Успеавме, го преживеавме тоа ужасно нешто“. Многу често луѓето ги носат траумите од минатото во сегашноста. Дозволете ѝ на личноста којашто сте сега да му каже на вашето внатрешно дете дека ќе биде во ред.rnrn14. Имате ваш личен простор. Не мора да биде дом или апартман. Сè што ви е потребно е соба, или само едно биро кое е само ваше и кое е дел од вашиот мал свет.rnrn15. Сте изгубиле врски. А уште поважен е фактот дека сте ги имале. Сте се отвориле кон тоа дека можеби надвор ве чека нешто друго.rnrn16. Заинтересирани сте за нешто. Без разлика дали тоа е како да бидете посреќни, како да имате подобри врски, читање, филмови или секс. Постои нешто кое ве интересира и кое сакате да го истражите.rnrn17. Можете да се грижите за себе. Знаете колку часови сон ви се потребни, кого да му се јавите кога сте тажни, што да направите кога не се чувствувате добро…rnrn18. Работите кон некоја цел. Дури и ако сте изморени и целта ви изгледа навистина далеку, вие имате некој сон кој го следите.rnrn19. Но, знаете да направите и компромис за иднината. Некои од најсреќните луѓе се оние кои знаат секоја ситуација да ја направат идеална. Тоа се луѓето кои уживаат во моментот, па забораваат да испланираат само еден исход.rnrn20. Сте поминале низ тежок период. Погледнете ги предизвиците со кои се соочувате сега и споредете ги со оние за кои сте мислеле дека никогаш нема да ги надминете. Учете од вашите искуства. Животот не станал полесен, туку вие сте станале попаметни.rnrnПогледнете ги и овие знаци за успешен живот кои не се поврзани со пари и слава.

  • 10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

    10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

    2017-та беше година полна со носталгија благодарение на поп културата. Добивме многу продолженија на старите филмски класици. Серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things) нè врати во 80-тите, а „Твин Пикс“ (Twin Peaks) повторно го оживеа ликот на агентот Купер и се соочивме со уште една мистерија на неверојатниот Дејвид Линч. Сите овие филмови и серии нè потсетуваат дека многу работи се промениле за неколку децении, а секоја генерација е многу поразлична од претходната благодарение на технолошкиот напредок. Технологијата се развива побрзо од кога било, па за што би читале децата во иднина од книгите или пак компјутерите? Ова се 10-те нешта кои децата родени во 2018-та година веројатно никогаш нема да ги искусат.rn

    1. Долги и здодевни патувања

    rn10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусатrnrnМобилните направи навистина го олеснуваат долгото патување. Но сепак луѓето немаат направено многу во последните години за да се скрати времето на патување. Неодамнешните истражувања во областа на транспортот можеби ќе го променат тоа. Суперсоничните авиони стануваат реалност и ќе можат да патуваат на големи растојанија за само неколку часа. Исто така овде е и технологијата хипер-јамка која можеби ќе се покаже како евтин и брз метод на патување.rn

    2. Возачка дозвола

    rn10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусатrnrnДобивањето возачка дозвола на некој начин го претставува крајот на детството. Но додека да пораснат децата родени во 2018-та година, можеби ќе станат популарни беспилотните автомобили. Бидејќи поголемиот број сообраќајни несреќни настануваат поради грешка кај луѓето, користењето на овие автомобили може да спаси многу животи.rn

    3. Биолошки монопол на интелигенција

    rn10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусатrnrnБеспилотните автомобили се само еден пример за тоа што сè може да се постигне со вештачката интелигенција. Денес има вакви системи кои ги надминуваат луѓето што се експерти во одредени области, како што е играњето шах. Сепак, експертите предвидуваат дека свесните системи со вештачка интелигенција се неколку децении подалеку. Напредните роботи веќе ја отстрануваат границата помеѓу човештвото и машините. Децата родени во 2018-та можеби никогаш нема да знаат како е да се работи или да се оди на факултет во период кога луѓето биле најпаметните суштества на Земјата.rn

    4. Јазични бариери

    rn10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусатrnrnДруга ветувачка употреба на вештачка интелигенција е комуникацијата, и постојат големи шанси технологијата да ја отстрани јазичната бариера на Земјата. Алатките за комуникација, како Скајп, веќе имаат инстант преведувачи кои им овозможуваат на луѓето од неколку разни говорни подрачја да се разберат без проблем. Некои компании се обидуваат да ја усовршат технологијата до тој степен што ќе изгледа како рибата од „Автостоперски водич низ галаксијата“ (The Hitchhiker’s Guide to the Galaxy), која веднаш преведува вонземски јазици за нејзиниот корисник.rn

    5. Човештвото како вид од една планета

    rn10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусатrnrnТехнологијата која ја подобрува човечката комуникација навистина може да го промени светот, но можеби ќе пронајдеме и начин да комуницираме со вонземски видови. Можеби световите кои ќе ги откриеме во овој период нема да имаат интелигентен живот, но ова откритие може да се случи во наредните неколку децении. Компанијата SpaceX работи на тоа да однесе луѓе на Марс, и се очекува патувањето да се оствари до 2024-та година. Па можеби децата родени во 2018-та нема да ги паметат луѓето како суштества кои биле само на една планета.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 7 причини зошто животот не ви мрда од место

    7 причини зошто животот не ви мрда од место

    Дали фантазирате за животен успех и достигнати цели? За да можете да си ги исполните вашите соништа, ви требаат одредени вештини кои нема да ги стекнете седејќи во вашата удобна фотелја. Треба да имате храброст, да дејствувате, ризикувате, грешите и да бидете отворени за нови знаења. Доколку чувствувате дека сте заглавени и не можете да одите напред, најверојатно самите сте си виновни за тоа. Прочитајте ги следниве 7 причини зошто животот не ви мрда од место…rnrn7 причини зошто животот не ви мрда од местоrn

    1. Не сте доживеале доволно неуспеси

    rnУдобно сте се сместиле во вашата просечност и сте одлучиле дека никогаш ништо нема да пробате. Полесно е да се зборува за учење нов јазик отколку навистина да се почне со учење. Сѐ што треба да направите ви делува премногу тешко и комплицирано, па затоа ги пропуштате работите или ги оставате за утре. Ја мразите својата работа, но не барате нова, бидејќи се плашите од одбивање. Само седите и се обидувате да го одбегнете неуспехот, додека другите луѓе постојано си поставуваат нови предизвици, учат нови работи и не се плашат од поразите. Токму грешките им помагаат да научат и да се вратат на вистинскиот пат.rn

    2. Многу ви е важно туѓото мислење

    rnОчајно сакате да се вклопите. Мислите дека треба да бидете различни, само доколку сте различни на истиот начин како и сите останати. Се плашите да го прифатите вашето вистинско „јас“, бидејќи не знаете како ќе реагира светот на тоа. Трошите премногу пари на облека, автомобили, скапи оброци и вечерни излегувања, додека другите луѓе вложуваат во својот личен развој. Додека се обидувате да се вклопите во светот, другите се обидуваат да го вклопат светот во себе. Тие поединци се имуни на туѓите мислења, ги реализираат своите идеи и го истражуваат светот.rn

    3. Мислите дека сте попаметни одошто навистина сте

    rnСте го направиле она што го направиле и другите, сте го студирале она што го студирале и другите, сте го читале она што го читале и другите… Сте го учеле она што требало да го научите за да го положите испитот и мислите дека тоа ве прави паметни. Мислите дека учењето се случува само во училиштата. Универзитетската диплома не е доволна, ниту неопходна во овој контекст. Интелигенцијата не зависи од тоа колку сте научиле, туку од начинот на кој живеете.rnrn7 причини зошто животот не ви мрда од местоrn

    4. Не читате

    rnГо читате само она што се бара од вас или пак не читате воопшто. Сметате дека историјата и филозофијата се здодевни и глупави. Попрво би дремеле и би гледале телевизија, отколку да истражувате нешто ново. Одбивате да признаете дека сета сила на светов потекнува од зборовите на оние кои живееле пред нас. Можете да имате сѐ што ќе посакате, ако го побарате тоа во зборовите кои денес ни се подостапни од кога било. Но, треба да имате волја за тоа. Можете да го одведете коњот до водата, но не можете да го присилите да пие.rn

    5. Ви недостасува љубопитност

    rnСе информирате за новостите преку медиумите што ги контролираат државните власти. Не си го поставувате прашањето „Што ако сето ова е лага?“ и не размислувате за веродостојноста на информациите што ви ги сервираат. Методите на масовните медиуми имаат само една цела: Да ви го одвлечат вниманието од вистинските проблеми. Ако мислите дека знаете сѐ, размислете и поставете си неколку прашања. Дали сте жедни за знаење без оглед на темата? Дали попрво би играле Candy Crush отколку да прочитате нешто поврзано со универзумот и науката? Дали поминувате време гледајќи телевизија или се обидувате да научите како да обработите видео и да направите апликација за смартфон?rn

    6. Не поставувате доволно прашања

    rnНе се сомневате во авторитетите. Не се прашувате себеси. Не ја разбирате моќта на правилно поставените прашања, бранењето на сопствениот став и спротивставувањето на авторитетите кои ви велат и ве учат на погрешни работи.rn

    7. Не можете да ја поднесете вистината

    rnНе признавате кога не знаете нешто и покрај тоа што сте свесни за вашето незнаење. Не сакате да признаете дека она што ве кочи во животот и ве спречува од остварувањето на целите сте вие самите и никој друг.rnrnДоколку не се пронајдовте во текстов и сметате дека постојано напредувате во животот, прочитајте ги следниве 10 знаци дека веќе сте најдобрата верзија од себе.

  • 10 изуми кои засекогаш ги променија нашите животи

    10 изуми кои засекогаш ги променија нашите животи

    Сè започнало кога некој од нашите предци им нашол примена на стаповите. Потоа било измислено тркалото, печатарството, парниот мотор, струјата, a денес пак живееме во дигитален свет. Овие изуми ќе ги пронајдете во речиси секоја книга по историја, но изумите на листава, иако не им даваме големо значење, се оние кои најмногу го промениле нашиот живот.rn

    1. Баркодови

    rn(1)10-izumi-koi-zasekogash-gi-promenija-nashite-zhivoti-kafepauza.mkrnrnОвие едноставни линии го променија начинот на купување. Иако баркодот не му кажува ништо на купувачот, тој е од голема важност и се наоѓа на речиси секој производ во продавниците. Некои компании се покреативни и ги користат баркодовите за да го подобрат изгледот на нивниот производ.rn

    2. Пејсмејкер

    rn(2)10-izumi-koi-zasekogash-gi-promenija-nashite-zhivoti-kafepauza.mkrnrnОваа мала, но многу важна медицинска направа го одржува ритамот на срцето кога природниот пејсмејкер не функционира правилно. Најновите модели се големи колку една пилула, па може да бидат поставувани и без операција.rn

    3. Виолетов анилин

    rn(3)10-izumi-koi-zasekogash-gi-promenija-nashite-zhivoti-kafepauza.mkrnrnОваа боја е случајно создадена од еден студент кој се обидувал да синтетизира кинин. Наместо тоа, тој ја создал првата синтетичка органска хемиска боја. Оттогаш се создадени многу, но токму оваа боја започна револуција во светот на материјалите и модата.rn

    4. Тефлон

    rn(4)10-izumi-koi-zasekogash-gi-promenija-nashite-zhivoti-kafepauza.mkrnrnИзумот на овој материјал не само што бил важно научно откритие, туку целосно го променил кулинарството. Нелепливите тави обложени со тефлон денес се наоѓаат во секоја кујна.rn

    5. Канализација

    rn(5)10-izumi-koi-zasekogash-gi-promenija-nashite-zhivoti-kafepauza.mkrnrnПред постоењето на канализацијата, хигиенските услови биле далеку од задоволителни. Во средновековните замоци тоалетите биле мали соби со дупка во подот, а целиот отпад бил исфрлан веднаш околу ѕидовите на замокот. Миризбата не била воопшто пријатна. Канализацијата и водоводот значително ги подобриле здравјето и хигиената.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 17 важни настани кои би требало да се случат до 2050-та година

    17 важни настани кои би требало да се случат до 2050-та година

    Не мора да имате некаква моќ за да ја предвидите иднината. Понекогаш доволно е само да ја анализирате сегашноста. Постои многу голема веројатност следниве 17 настани да се случат до втората половина на 21-иот век.rn

    2019: Нови држави

    rn(1)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mkrnrnОстровот Бугенвил е автономен дел од Папуа Нова Гвинеја. Сепак, во 2019 година можно е да стане посебна држава, но само ако мнозинството од населението ја изгласа оваа одлука на референдум. Нова Каледонија, која сега е дел од Франција, може исто така да стане посебна држава.rn

    2020: Конструкцијата на највисоката зграда во светот ќе биде завршена

    rn(2)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mkrnrnДенес највисоката зграда во светот е Бурџ Калифа во Дубаи, но овој рекорд ќе биде срушен во 2020 година. Се очекува до тогаш да биде завршена изградбата на кулата Џеда во Саудиска Арабија. Зградата ќе биде висока 1.006 метри.rn

    2020: Ќе биде отворен првиот вселенски хотел

    rn(3)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mkrnrnКомпанијата Bigelow Aerospace планира да лансира вселенско летало кое ќе биде хотел за луѓето од Земјата. Тестирањата на вакви летала биле успешни, а едно од нив се користи во Меѓународната вселенска станица како складиште.rn

    2024: Ракетите на SpaceX ќе одат на Марс

    rn(4)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mkrnrnКомпанијата на Елон Маск, SpaceX, која е основана во 2002 година, планира да испрати вселенски брод на црвената планета. Бродот ќе биде без екипаж, но постојат планови и за испраќање луѓе.rn

    2025: Популацијата на Земјата ќе достигне 8 милијарди

    rn(5)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mkrnrnСпоред предвидувањата на Обединетите нации, популацијата ќе стигне број од 8 милијарди до 2025 година. До 2050 година се очекува да има 10 милијарди луѓе на Земјата.rn

    2026: Ќе биде завршена изградбата на Саграда во Барселона

    rn(6)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mkrnrnИзградбата на катедралата започнала во 1883 година. Најголемиот проблем е тоа што се потребни посебни камени цигли чија изработка трае долго. Секоја цигла си бара посебно внимание.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Зошто интелигентните поединци ги одбегнуваат просечните луѓе?

    Зошто интелигентните поединци ги одбегнуваат просечните луѓе?

    Можеби сте чуле дека успешните претприемачи и визионери се осаменици. Знаете дека за да постигнете успех, треба да се ослободите од сите негативни луѓе и да се опкружите со поединци кои размислуваат исто како вас. Дали постои некаква вистина во сето ова? Дали има научно докажани аргументи за тврдењето дека вистинските луѓе ни помагаат да напредуваме, а погрешните нѐ уназадуваат?rnrnЗошто интелигентните поединци ги одбегнуваат просечните луѓе?rnrnКога Соломон Еш, психолог од 1950-тите во колеџот Свартмор, побарал од група волонтери да ја проценат должината на вертикална црна линија на бела картичка, дошол до интересен заклучок. Тој дознал дека проценката на сите учесници варирала во зависност од туѓото мислење. Поединецот кој бил опкружен со луѓе што ја прецениле должината на линијата, исто така ја преценил нејзината должина. Истото важело и за потценувањето на должината. Испитаниците буквално ја гледале линијата на различен начин во зависност од луѓето околу нив.rnrnСигурно ќе се запрашате како може црната линија да изгледа различно во зависност од туѓото мислење? Еш само го потврдил она што социопсихологот Гистав Ле Бон го напишал половина век претходно во неговото најчитано дело „Психологија на толпата“, кое го прочитале личности како Ленин, Мусолини и Хитлер. Ле Бон пишувал дека кога се наоѓате во поголема група луѓе „чувствата и идеите на сите поединци заземаат една иста насока и нивната свесна личност исчезнува“.rn

    Што се случува во вашиот мозок?

    rnКога имате мислење, идеја или желба што се совпаѓа со онаа на луѓето околу вас, се активира делот од мозокот одговорен за среќата и задоволството и вие почнувате да се чувствувате добро. Од друга страна, пак, ако вашето мислење, идеја или желба се разликуваат од оние на луѓето околу вас, се активира делот од мозокот одговорен за болката. Кога ќе се случи тоа, вие постапувате на еден од следниве два начина:rnrnПрва опција – Се преправате дека се согласувате со другите, но потајно сѐ уште верувате во вашите ставови и размислувања.rnrnВтора опција – Вашиот мозок активно го менува вашиот начин на размислување и ги обликува вашите мисли така што тие почнуваат да се совпаѓаат со оние на толпата.rnrnЗошто интелигентните поединци ги одбегнуваат просечните луѓе?rnrnНеодамнешните истражувања покажале дека ја користите втората опција почесто одошто мислите. Мрежата во мозокот помеѓу медијалниот фронтален кортекс и предната инсула ги памети „грешките“ при вашите (не) согласувања со луѓето околу вас. Таа станува активна веднаш штом вие и толпата нема да се согласите околу нешто и ги поттикнува обидите на вашиот мозок да ги намали несогласувањата. Докажано е дека оваа мрежа станува активна пред луѓето да ги променат нивните тврдокорни убедувања со цел да ги изедначат со мислењата во кои се преправаат дека веруваат.rn

    Што значи сето ова?

    rnДури и да имате брилијантни, креативни и современи размислувања, вие сте изложени на ризикот од тоа да ги напуштите вашите бизнис идеи, да ги промените вашите верувања и да потклекнете под песимизмот на негативците, доколку се опкружите со нив. Од друга страна, пак, ако се опкружите со позитивни и енергични претприемачи кои ќе го поттикнат вашиот успех, ќе ги променат вашите длабоки мисли и ќе ве охрабрат да размислувате како нив, ќе станете покреативни дури и да не сте имале интересни идеи порано.rnrnАко толпата може да го промени вашето мислење, тоа значи дека може да го промени и вашиот идентитет. Кога ги одбирате луѓето кои сакате да бидат околу вас, ја одбирате и личноста во којашто сакате да се претворите еден ден. Направете паметен избор!rnrnВо продолжение прочитајте зошто интелигентните луѓе не се среќни.

  • Животот не станува поубав со чекање, туку со промена

    Животот не станува поубав со чекање, туку со промена

    Постојано се случуваат некакви промени. Некои од нив се мали, други се големи. Некои ги предизвикуваме ние самите, а некои се случуваат од нигде никаде. Животот постојано се менува, а понекогаш не сме ни свесни за тоа сѐ додека не застанеме и не се запрашаме како воопшто сме стигнале до тука.rnrnЖивотот не станува поубав со чекање, туку со променаrnrnНие имаме контрола врз промените што се случуваат во нашиот живот. Некои од нив се позитивни, други се негативни, но сите подеднакво придонесуваат за напредокот на нашето животно патешествие и ни помагаат да научиме значајни животни лекции. Многумина од нас доживуваат промени и сакаат да променат нешто, но само малкумина им дозволуваат на промените слободно да се случуваат.rnrnНие сме суштества кои живеат по навика. Ги правиме истите работи, одиме на истите места и остануваме во нашата удобна зона, бидејќи сме навикнати на неа и таму се чувствуваме пријатно. Се плашиме од непознатото. Па затоа, се држиме до нашите рутини и се надеваме дека еден ден ќе добиеме шанса и нашите животи ќе се променат онака како што сакаме.rnrnНо, вистината е дека тоа нема да се случи. Животот не станува поубав со чекање, туку со промена. Без разлика дали станува збор за промени на работа, во врските, пријателствата и што било друго, никогаш нема да ги доживеете промените што сакате да се случат доколку не ги направите самите. Напредокот е невозможен без промените. Сѐ што правиме, почнува од нас самите, без оглед на тоа дали се работи за нашите мисли, енергија, ставови или постапки. Контролата е во наши раце.rnrnАко сакате да ја промените вашата кариера, одете на интервјуа за работа или дадете отказ. Тоа што се будите секој ден и ја работите истата работа од 9 до 17 не дозволува ништо друго да се случи во вашиот живот. Немојте да работите повеќе од 40 часа неделно за да остварувате туѓи соништа и да ги запоставите вашите.rnrnАко не сте задоволни со однесувањето на вашиот партнер или пријатели, променете го вашиот став. Не бидете секогаш достапни. Фокусирајте се на себеси. Не дозволувајте да продолжи нивното непочитување само затоа што се плашите од промени и не сакате да ги изгубите.rnrnШтом кога ќе се промените, ќе забележите дека се менува и однесувањето на луѓето околу вас. Луѓето нема да се променат ако не се промените и вие. Ако се вратите 5, 10 или 20 години наназад и забележите дека сѐ уште се занимавате со истите работи и ако се каете поради тоа што животот ви се повторува, не очекувајте сочувство. Вие сте дозволиле животот да ви тргне во таа насока.rnrnТочно е тоа дека не е лесно да се преземе ризик, но уште пострашно е доколку живеете обичен живот полн со каење поради тоа што сте биле исплашени. Мора да ги симнете вашите бариери, да ги срушите вашите ѕидови и да им дозволите на новите работи да влезат во вашиот живот. Доколку сакате да ви случуваат нови работи, мора да си дозволите да се чувствувате по малку непријатно.rnrnВашиот живот е приказна и некои приказни завршуваат. Сигурно не би ја читале истата приказна одново и одново. Тоа би било здодевно. Не дозволувајте вашиот живот да се претвори во едната иста приказна. Затворете ја книгата кај старото поглавје, затворете ја книгата на стравовите и свртете нов лист кој ќе почнува со зборовите „Си беше еднаш…“ Потребен е само еден човек за да го смените вашиот живот. Вие. Посакајте желба, преземете ризик и направете ја потребната промена.rnrnПрочитајте и како да се справите со големите животни промени.

  • 10 непријатни знаци дека не преземате ништо за да си го подобрите животот

    10 непријатни знаци дека не преземате ништо за да си го подобрите животот

    Сосема во ред е доколку не сакате да промените ништо во вашиот живот, но дали сте навистина задоволни од него? Сите ние треба да созреваме и да напредуваме, а не да тапкаме во место и да живееме во нашата удобна зона која не нѐ прави среќни и задоволни. Прочитајте ги следниве 10 знаци и доколку се пронајдете во нив, време е да преземете нешто за да си го подобрите животот…rnrn10 непријатни знаци дека не преземате ништо за да си го подобрите живототrn

    1. Ги имате истите пријатели од детството

    rnАко вашите сегашни пријатели се истите што сте ги имале во градинка, треба да почнете да го ширите вашиот круг на познанства. Не велиме дека вашите најдобри пријатели од детството се лоши, туку дека треба да си ги проширите хоризонтите и да запознавате нови луѓе.rn

    2. Вината за вашите проблеми ја префрлате на луѓето околу вас

    rnГо обвинувате светот, вашите браќа и сестри, пријатели, родители и непознати луѓе за сите ваши проблеми и неуспеси. Никогаш не преземате одговорност за вашите дела и грешки и како последица на тоа, постојано страдате.rn

    3. Премногу се извинувате

    rnПостојано се извинувате за сѐ и сешто. На работа се извинувате за туѓите грешки. Во пријателствата и врските се извинувате дури и тогаш кога не сте направиле ништо погрешно. Поради ваквиот начин на однесување, секогаш се ставате себеси на второ место.rn

    4. Со сите се споредувате

    rnПостојано се споредувате со вашите пријатели. Кога ги прелистувате објавите на Инстаграм и Фејсбук, мислите дека вашиот живот и изглед се полоши од животот и изгледот на останатите. Поради ова, постојано се омаловажувате себеси и не можете да бидете среќни.rn

    5. Премногу лесно се откажувате

    rnНе се трудите доволно. Кога некој ви се допаѓа, ако не ви возврати веднаш, кревате раце и престанувате да се обидувате. Не вложувате доволно труд за да го добиете она што го сакате, бидејќи мислите дека не вреди. Прифаќате просечни работи и просечни луѓе, затоа што имате ниска самопочит.rnrn10 непријатни знаци дека не преземате ништо за да си го подобрите живототrn

    6. Не сте го излечиле скршеното срце

    rnТонете во самосожалување и самоуништување поради болката од скршеното срце. Не знаете како да ја надминете оваа болка и како последица на тоа, не можете да одите напред и да продолжите со вашиот живот.rn

    7. Не сте го преболеле поранешниот партнер

    rnПоради тоа што сѐ уште сте безнадежно вљубени во вашиот поранешен партнер, не можете да ги забележите сите прекрасни луѓе кои ве опкружуваат. Ги игнорирате вашите најдобри пријатели и сакани, со надеж дека повторно ќе ја распламтите искрата помеѓу вас и вашата поранешна љубов иако таа одамна згаснала.rn

    8. Повеќе се жалите одошто покажувате благодарност

    rnНикогаш не сте благодарни за убавите нешта во вашиот живот и за тоа колку сте напредувале. Вистината е дека сте многу среќни поради тоа што имате покрив над главата и луѓе кои би направиле сѐ за вас. Но, дали обрнувате внимание на сето тоа? Не. Вие претпочитате да се жалите за вашите проблеми.rn

    9. Ја потиснувате лутината

    rnСе прекорувате себеси поради минатите грешки и се каете за работите што сте ги пропуштиле. Исто така, ја потиснувате лутината кон луѓето кои ви згрешиле. Поради тоа што не можете да се ослободите од овој гнев, не можете да живеете со полни гради и да го истражите сето она што светот го нуди.rn

    10. Никогаш не сте го напуштиле родното место

    rnАко никогаш не сте го напуштиле родното место, тоа значи дека прифаќате помалку од она што го заслужувате. Преселете се во градот којшто отсекогаш сте сакале да го посетите. Патувајте низ светот. Преселете се во Австралија на една година. Не трошете го залудно времето што го имате на планетата Земја.rnrnДознајте и кои се 5-те нешта во животот со кои не треба да се помирите.

  • Треба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенство

    Треба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенство

    Во денешно време многу луѓе се стремат кон совршенство. Медиумите и целиот свет околу нас се преплавени со слики на совршени луѓе чија цел е да нѐ контролираат преку нашата самодоверба. Постојано гледаме слики од она што би можеле да го имаме и она што би требало да го посакуваме: Совршено тело, совршено семејство, совршена кариера, совршен живот, совршен дом.rnrnТреба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенствоrnrnПритисокот да се биде совршен е преголем. Токму поради него, луѓето се обидуваат да ги скријат сите работи што им се случуваат „зад завесите“ и го покажуваат само оној дел од нивниот живот што сакаат да биде виден. Многумина трошат голема енергија за да ги скријат сопствените недостатоци. Со цел да ги поправиме нашите мани, ние себеси си зборуваме негативно и честопати си велиме: „Зошто постојано сѐ упропастувам?“, „Јас сум толкав идиот!“, „Никогаш нема да напредувам во кариерата, бидејќи не сум доволно образуван/а“, „Никој нема да ме сака ако продолжам да се дебелеам“.rnrnТреба да знаете дека никој не е совршен, но можете да доживувате совршени искуства. Искуства што ќе ви донесат радост или ќе ве научат на некоја лекција. Животната цел не е да се постигне совршенство, туку напредок. Треба да напредувате, да созревате, да еволуирате. Кога ќе доживеете развој, ќе се почувствувате поживо. Наместо да се фокусирате на совршенството, фокусирајте се на личниот развој и на она што ве прави среќни во животот.rnrnДоколку многу често си се обраќате самите на себе со негативни зборови или постојано се обидувате да ги скриете вашите недостатоци, мора да го смените погледот кон работите. Ќе можете вистински да го засакате животот само тогаш кога ќе се чувствувате среќни, самоуверени и слободни да ги откриете сите ваши уникатни таленти и дарби кои сте ги затвориле внатре во себе. Со помош на следниве 3 чекори, ќе можете да ја смените вашата перцепција за само 30 дена…rn

    1. Обрнете внимание на вашите мисли и насочете ја енергијата кон позитивните

    rnДавајте ги вашата енергија, внимание и концентрација на позитивните и продуктивните мисли. Помалку енергија давајте им на негативните мисли. На пример, фокусирајте се на фактот дека сте родени за да живеете онака како што сакате, а не да трагате по совршенство.rn

    2. Бидете присутни додека разговарате со луѓето

    rnСлушајте го она што другите го споделуваат со вас и не чекајте да завршат со зборување само за да можете вие да ги споделите вашите мисли и искуства. Исто така, обидете се да им помогнете некако на луѓето со кои зборувате ако можете и дозволете и тие да ви помогнат вам.rnrnТреба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенствоrn

    3. Прифатете ги вашите недостатоци и грешки како можности за развој

    rnОние нешта што ги сметате за ваши недостатоци се всушност истите што ја надополнуваат вашата личност и ве прават тоа што сте. Тие се прекрасни, бидејќи благодарение на нив вие сте уникатни и посебни.rnrnВо текот на наредните 30 дена, секогаш кога некој ќе ви даде комплимент, веднаш прифатете го! Многу луѓе ги одбиваат комплиментите и воопшто не ги земаат предвид. Замислете си ја следнава ситуација: Некој ви дал подарок за роденден, а вие само го тргате на страна без да се заблагодарите. Секако дека никогаш не би го направиле тоа. Но, одбивањето на комплиментите е исто што и неприфаќањето на материјалните подароци.rnrnДарежливите луѓе ќе исчезнат, ако нема кој да ги прифати нивните дарови. Прифатете ја секоја можна дарежливост, вклучувајќи ги и комплиментите. Дозволете им на дарежливите луѓе во вашиот живот да ви подарат нешто. Во наредните 30 дена, секогаш кога некој ќе ви даде комплимент, едноставно кажете: „Ти благодарам што забележа“.rnrnНа почетокот можеби ќе ви биде чудно, но со текот на времето ќе почнете да ја прифаќате туѓата дарежливост. Но, внимавајте! Вашите чувства и вашиот живот не треба да зависат од туѓата перцепција. Треба да постои баланс помеѓу грижата за туѓото мислење и животот во согласност со мислењето на другите. Пораките што ни ги праќаат филмовите, списанијата и рекламите го отсликуваат она што го мислат другите. Но, тоа не е реално.rnrnТреба да се сакате себеси и вашиот живот. Секогаш ќе постои некој кој ќе мисли дека не живеете според стандардите, но тоа нема апсолутно никакво значење. Стремете се кон тоа да бидете среќни, а не совршени и наскоро ќе го исполните животот со радост, слобода и мир.