КАФЕ ПАУЗА

Tag: направи сам

  • Направете сами: Празнични декорации за вашиот дом!

    Направете сами: Празнични декорации за вашиот дом!

    На сите нас празничните денови ни се најубавиот период во годината, бидејќи тогаш владее посебно расположение, посебна атмосфера во домовите, но и во целиот град. Меѓутоа, целата таа еуфорија нема да биде комплетна доколку не се грижиме за декорациите кои го красат нашиот дом, а особено кога на прагот се божиќните празници. Денес за вас имаме неколку одлични идеи за празнични декорации кои со сигурност ќе ве воодушеват, а вие ќе можете и самите да ги направите. Најдоброто од сè е тоа што нема да ви бидат потребни многу материјали, ниту пак време, туку само повеќе фантазија и креативност!rnrn1-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrn1. Купете од некоја цвеќара или продавница мали саксии со занимлив изглед, и во нив засадете жито кое пораснало или некој друг цвет кој го сакате. Околу саксиите заврзете сатенски панделки, а околу саксиите можете да наредете мали шишарки или свеќи кои претходно ќе ги бојадисате со спреј во боја. Оваа декорација е одлична за некоја мала маса или пак полица.rnrn2-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrn2. Ова е уште една занимлива идеја. Ставете ги краевите од свеќата во топла вода, а откако тие малку ќе омекнат, заглавете ги во грлото на стакленото шише од вино или некој друг пијалак. На шишињата ставете сатенски панделки и вашата декорација е готова.rnrn3-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrn3. Доколку немате саксии, наместо нив можете да ги искористите шолјите со различни мотиви и различни облици, кои ќе изгледаат доста убаво и одлично ќе го украсат вашиот дом.rnrn4-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на наредната страна за уште неколку занимливи празнични декорации…rn

  • Направете сами: Снешковци од чорапи и ориз

    Направете сами: Снешковци од чорапи и ориз

    Снешковците од чорапи ќе бидат одличен украс во вашиот дом, но и прекрасна играчка за најмалите. Нив можете да ги направите брзо и евтино, а со сигурност ќе ви пружат огромна радост. Можете да ги користите како украс врз вашите полици или пак под новогодишната елка – секако ќе изгледаат прекрасно!rnrnНаправете сами снешковци од чорапи и оризrn

    Еве што ви е потребно за нивна подготовка:

    rn

      rn011

    • Бели чорапи, стари или нови
    • rn011

    • Конец
    • rn011

    • Лепило
    • rn011

    • Копчиња
    • rn011

    • Ориз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка

    rn1. Најдобро е да изберете чорапи во бела боја, затоа што снешкото е бел, но можете да испробувате и со други бои. Најпрво треба да го исечете чорапот малку под петата.rnrnНаправете сами снешковци од чорапи и оризrnrn2. Потоа превртете го наопаку и пресечениот крај подврзете го со конец.rnrnНаправете сами снешковци од чорапи и оризrnrn3. Превртете го чорапот пак на лице и наполнете го со ориз, просо или амарант, речиси до врвот.rnrnНаправете сами снешковци од чорапи и оризrnrn4. Врвот повторно врзете го со конец и добро прицврстете. Одвојте го со прстите делот за главата на снешкото и под неа уште еднаш цврсто заврзете со конец.rnrnНаправете сами снешковци од чорапи и оризrnrn5. Залепете ги копчињата на неговото тело, а остатокот од чорапот искористете го за да направите капа за снешкото.rnrnНаправете сами снешковци од чорапи и оризrnrn6. На местото на очите и носот можете да ставите шпенадли, но ако имате мало дете, можеби подобро би било подобро да ги нацртате со фломастер.rnrnНаправете сами снешковци од чорапи и оризrnrn7. Земете уште малку ткаенина во друга боја и врзете ја како шал на снешкото.rnrnНаправете сами снешковци од чорапи и оризrnrnПогледнете го видеото за подетално да ги видите сите чекори.rnrnrnrnБидете креативни и забавувајте се, па ако сте инспирирани направете и други празнични декорации за во вашиот дом!

  • Направете сами лебдечка елка во четири чекори

    Направете сами лебдечка елка во четири чекори

    Ако ви се досадни традиционалните новогодишни елки и сте во потрага по некоја нова идеја која ќе ги воодушеви вашите најблиски, како и вашите гости, погледнете го овој едноставен начин да направите декоративна лебдечка елка за само неколку минути.rnrnНаправете сами: Лебдечка елка во четири чекориrn

    Потребен материјал:

    rn

      rn011

    • Дебел картон со димензии по ваша желба
    • rn011

    • Фарба во вид на спреј
    • rn011

    • Метро
    • rn011

    • Конец
    • rn011

    • Ножици
    • rn011

    • Зелена леплива лента
    • rn011

    • Силиконски конец
    • rn011

    • Силиконско лепило
    • rn011

    • Метална кука за закачување
    • rn011

    • Новогодишни украси и ламбички
    • rn

    rn

    Начин на изработка:

    rn

    Изрежете кругови од картон

    rnСтавете го картонот на рамна површина. Со помош на игла, прикачете го едниот крај на конецот во централниот дел на картонот. Мерејќи од центарот, направете ознака со маркер на секои пет сантиметри, а потоа, со помош на конец означете ги внатрешните кругови. Исечете ги со помош на ножици.rnrnНаправете сами: Лебдечка елка во четири чекориrn

    Обојте ги круговите

    rnОбојте ја едната страна на елката во темна нијанса на зелената боја. Ставете сјај и оставете да се исуши. Повторете и на другата страна од картонските кругови, така што тука ќе ги обоите во светла нијанса на зелената боја. Краевите на круговите обложете ги со зелена лента.rnrnНаправете сами: Лебдечка елка во четири чекориrn

    Закачете ја елката

    rnЗакачете метална кука на таванот или на друго погодно место каде што сакате да виси вашата елка. Направете осум дупки на секој круг и низ секоја вметнете силиконски конец, редејќи ги круговите на еднакви растојанија, почнувајќи од најмалиот, па кон најголемиот. Со силиконското лепило прицврстете ги круговите да не паѓаат надолу.rnrnНаправете сами: Лебдечка елка во четири чекориrn

    Украсете ја елката

    rnМожете и самите да направите украси, како што ќе можете да видите во видеото подолу, или пак да купите веќе готови. Ставете и новогодишни ламбички, а за уште поголем ефект, осветлете ја елката со ламба.rnrnНаправете сами: Лебдечка елка во четири чекориrnrnПогледнете го видеото кое ви прикажува детално упатство за изработка на оваа елка.rnrn

  • Направете сами: Полици од стари куфери

    Направете сами: Полици од стари куфери

    Сигурно секој од вас има стари куфери оставени некаде, кои сте ги замениле со нови модели, полесни за користење. Но, тоа не значи дека треба старите да ги фрлите, туку можете да им дадете нова намена, односно од нив да создадете полици.rnrnНаправете сами: Полици од стари куфериrnrnДоволно широки за да ставите вазна, свеќник или друг декоративен предмет, овие интересни полици совршено ќе се вклопат како во дневната, така и во спалната соба, трпезаријата или пак ходникот, создавајќи ретро изглед. Погледнете како самите да го направите тоа.rnrnНаправете сами: Полици од стари куфериrn

    Потребен материјал:

    rn

      rn011

    • Стари куфери
    • rn011

    • Дебела плоча од дрво (приближно 20х60 сантиметри за еден куфер)
    • rn011

    • Лента која лесно се одлепува
    • rn011

    • Пила за сечење метал
    • rn011

    • Либела
    • rn011

    • Дупчалка
    • rn011

    • Приклучоци
    • rn011

    • Шрафови
    • rn011

    • Шрафцигер
    • rn

    rn

    Начин на изработка:

    rn1. Извадете го материјалот со кој е обложена внатрешноста на куферот. Тоа ќе ви го олесни сечењето и ќе го намали нередот при овој процес. Тоа лесно може да се извади, само фатете за едното ќоше и повлечете.rnrnНаправете сами: Полици од стари куфериrnrn2. Одредете колкава ќе биде ширината на полиците, па измерете го куферот, а таа област што ќе ја сечете, одбележете ја со лента. Преку лентата нацртајте прецизна линија по која ќе се водите при сечењето. Таа ќе спречи да не го оштетите куферот при сечењето.rnrnНаправете сами: Полици од стари куфериrnrn3. Прегледајте го куферот на означеното место, затоа што повеќето стари модели имаат метална лента по средината на местото каде што се поклопува, па за нејзино отстранување треба да користите пила за сечење метал.rnrnНаправете сами: Полици од стари куфериrnrn4. Направете дрвен панел кој има две цели: Претставува потпора за куферот да не пропаѓа и основа која ќе го држи на ѕидот. Измерете го отворот на куферот и исечете парче плоча со димензиите кои одговараат.rnrnНаправете сами: Полици од стари куфериrnrnАко плочата е тенка, па не е доволно широка за да можете да ги зацврстите шрафовите на куферот, на краевите закачете мали дрвени делови како што е прикажано на сликата.rnrnНаправете сами: Полици од стари куфериrnrn5. Поставете го дрвениот држач на ѕидот, така што ќе направите дупки што ќе одговараат на вашите димензии. Поставете ги приклучоците и шрафовите, па прицврстете ја плочата за ѕидот. Потоа, зашрафете го куферот за плочата и вашата полица е готова!rnrnНаправете сами: Полици од стари куфериrn

  • Направете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто ново

    Направете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто ново

    Џемперите застаруваат, ви стануваат мали или пак се променува модата, но тоа не значи дека треба да ги фрлите. Овозможете им нов живот така што ќе ги претворите во нешто сосема друго. Во продолжение погледнете неколку идеи.rn

    1. Зимски свеќници

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnЗамотајте дел од стариот џемпер околу обичниот стаклен свеќник или тегла и ќе имате прекрасна атмосфера. Најдобро е за оваа намена да ги искористите ракавите.rn

    2. Перници

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnНаместо да го фрлите, стариот омилен џемпер претворете го во нова, мека перница. Ова е едноставен процес, а ќе ви овозможи голема удобност.rn

    3. Ракавици

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnРакавиците се уште еден лесен, но корисен начин да ја рециклирате старата облека. Со помош на машина за шиење, вие брзо ќе имате нов пар ракавици кои ќе ве затоплуваат оваа зима.rn

    4. Абажур

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnДури и најобичната ламба можете да ја претворите во атрактивна и уникатна ако го „облечете“ абажурот во плетен џемпер. Доволно е да сошиете едно парче кое ќе одговара за посакуваното место.rn

    5. Чување топол пијалак

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnОвој украсен детаљ ќе ви овозможи да го сочувате топол пијалакот во чашата. Исечете едно парче од џемперот, а на крајот ставете копче за да може лесно да се закачува.rn

    6. Обложување на кутија

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnОваа интересна кутија за складирање е направена од обичен картон и стар џемпер. Додајте ѝ и неколку детали за да ја украсите.rn

    7. Пакување за пијалак

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnНаместо во хартиена кеса, подарете шише пијалак во уникатно пакување. Искористете го ракавот од џемперот за да го обложите шишето, ставете украсни детали и ќе бидете подготвени.rn

    8. Мини новогодишни елки

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnНема подобро време за рециклирање од празниците, кога можете да заштедите и некој денар ако самите направите декорации за вашата куќа.rn

    9. Уникатни нараквици

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnНе само што со нив ќе привлечете внимание, туку со самото тоа што се обложени со материјал, тие се многу удобни за носење.rn

    10. Грејачи за нозе

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnМногу едноставно ќе ги направите овие грејачи за нозе од двата ракави на стариот џемпер. Исто така ќе ви бидат потребни и две украсни ленти кои ќе ги ставите на долниот дел.

  • Како да го спречите замаглувањето на прозорците од вашиот автомобил?

    Како да го спречите замаглувањето на прозорците од вашиот автомобил?

    Голем број возачи се сретнале со проблемот кога нивните прозорци се замаглувале, особено во постудените месеци од годината. Слабата видливост од вашето седиште може да ви го отежни возењето, како и да го направи целиот процес многу опасен – како за вас, така и за оние околу вас. Но, не грижете се. Ние пронајдовме начин да ви помогнеме да се погрижите вашите прозорци никогаш повеќе да не се замаглат.rnrn(1) Како да го спречите замаглувањето на прозорците од вашиот автомобил?rn

    Потребни материјали и начин на изработка:

    rn

      rn011

    • Памучен чорап
    • rn011

    • Песок за мачки
    • rn011

    • Картонски круг од средината на кој било селотејп
    • rn

    rn

    Наместете го отворот на чорапот околу картонскиот круг

    rn(2) Како да го спречите замаглувањето на прозорците од вашиот автомобил?rn

    Сипете го песокот за мачки во него

    rn(3) Како да го спречите замаглувањето на прозорците од вашиот автомобил?rn

    Отстранете го кругот и заврзете го крајот на чорапот во цврст јазол

    rn(4) Како да го спречите замаглувањето на прозорците од вашиот автомобил?rn

    Сместете го чорапот во кој било отворен простор на вашиот автомобил

    rn(5) Како да го спречите замаглувањето на прозорците од вашиот автомобил?rnrnОвој трик успева бидејќи песокот за мачки ќе ја апсорбира влажноста во воздухот, притоа спречувајќи ги прозорците да се замаглуваат. Како резултат, тие ќе останат чисти и целосно транспарентни.

  • Чекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас

    Чекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас

    Тексасот одамна не е резервиран само за панталоните и јакните. Сега и накитот од овој материјал е во тренд. Следете ги овие чекори, бидете вешти и создајте си уникатен ѓердан.rnrnЧекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас rn

    За негова подготовка, потребно ви е:

    rn

      rn011

    • Исечена лента од рабовите на фармерките
    • rn011

    • Декоративни елементи од метал или пластика
    • rn011

    • Материјал за подлога
    • rn011

    • Копчиња
    • rn011

    • Лепило
    • rn011

    • Ножици
    • rn

    rn

    Еве на кој начин да го направите ова:

    rn1. Исечете ленти од рабовите на фармерките. Нанесете лепило на нив и завиткајте ги, а посебно водете сметка за тоа добро да ги прицврстите краевите. Може да бидат рамни или малку повеќе надуени, во зависност од вашиот вкус.rnrnЧекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас rnrn2. Со помош на лепило направете мали „полжави“ и оставете ги да се исушат.rnrnЧекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас rnrn3. Нацртајте го обликот на ѓердан на подлога од цврсто платно.rnrnЧекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас rnrn4. Потоа исечете го добиениот облик.rnrnЧекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас rnrn5. На внатрешната страна на подлогата со лепило прицврстете го ѓерданот.rnrnЧекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас rnrn6. Потоа со лепило зацврстете ги и направените „полжави“ на подлогата, па додајте ги копчињата и алка за закачување.rnrn7. На крај, украсете го предниот дел на ѓерданот со декоративни детали – циркони, цветчиња, монисти и други по ваша желба.rnrnЧекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас

  • Направете сами: 5 практични идеи за организирање на вашиот накит

    Направете сами: 5 практични идеи за организирање на вашиот накит

    Модните додатоци и накитот отсекогаш биле незаменлив дел од секој ефективен изглед. Добро избраниот накит ја истакнува вашата индивидуалност, дава доза на елеганција во вашиот изглед и прави сите да ве забележат. Доколку обичната бела блуза и фармерки ги надополните со преубави обетки, ќе изгледате совршено. Па затоа, организацијата на накитот може да претставува проблем за многумина девојки. Ланчињата се замрсуваат, обетките се губат, ништо не ви е на дофат на рака. Затоа решивме да погледнеме како другите се сетиле да го организираат својот накит и наидовме на голем број сјајни идеи, кои не само што засекогаш ќе го решат проблемот со организирањето на вашиот накит, туку исто така може да ви послужат и како мал украс во вашата соба.rnrn1-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_rnrn1. Искористете стара летва и модерна рачка за фиока за да направите совршен држач за вашите ѓердани. Ова е навистина едноставно, а ефективно решение. Најважно е да одвоите малку од своето време и да пронајдете совршена рачка, со интересен дезен. Секако, и винтиџ дизајните се во тренд, па затоа можете да погледнете дали случајно дома ви се наоѓа некое старо парче мебел од кое можете да ги извадите рачките. После ова, доволно е да изберете стара летва или гранка, да ја исчистите и да ја премачкате со лак за заштита на дрво. Изберете лак со мат финиш. Распоредете ги и залепете ги рачките. Толку е едноставно.rnrn2-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_rnrn2. Старите рамка и плута кои ќе ги бојадисате во бела или златна боја, може да направат вашиот накит да изгледа како уметничко дело! Можете да пронајдете плута во која било подобро опремена работилница за куќи, а за убави стари рамки посетете ги антикварниците. Рамката и плутата можете да ги бојадисате и украсите како што ќе посакате, но задолжително одберете палета на бои што одговараат едни со други и не користете повеќе од две. Запомнете, накитот е тој што ќе биде вистинскиот украс.rnrn3-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_rnrn3. Минималистичко, а ефикасно решение – гранка и закачалки за пешкири или крпи. Многу едноставно, зарем не? Како и во првиот случај, и овде е важно да изберете убава гранка и да ја заштитите со лак. Кога ќе ги избирате закачалките, задолжително понесете ја гранката со вас за да ја изберете соодветната големина. Друго нешто што ќе ви биде потребно е пиштол со силикон и канап. Внимателно зацврстете го канапот на крајот од гранката и откако ќе бидете задоволни како тој е замотан и поставен, прицврстете го со силикон. Распоредете ги закачалките на гранката и залепете ги со суперлепак за тие да стојат на своето место.rnrn4-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_rnrn4. Кутијата за чување на приборот за јадење, може да ви послужи и за чување на накитот. Ова не би му паднало секому на памет, а сепак решението е сјајно. Пронајдете или направете плитка дрвена кутија како онаа во која се чува прибор за јадење, префарбајте ја и прицврстете пар закачалки во неа, како и на нејзиното дно за да можете да ги закачете сите ваши синџирчиња.rnrn5-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_rnrn5. Уште една интересна идеја е бела гранка или еленов рог како украсен детаљ. Можеби тешко ќе најдете вештачки рогови од елен, но затоа пак слободно можете да наидете на неколку бели гранки. Наредете ги гранките во некој интересен облик, залепете и оставете да се исушат. Потоа, заштитете ги со мат лак, а краевите бојадисајте ги во златна боја за дрво. Ова е преубав украс и фантастичен начин за да ги чувате вашите нараквици и обетки.rnrn6-napravi-sama-5-praktichni-idei-za-organiziranje-na-vashiot-nakit-www.kafepauza.mk_

  • За добар почеток на училишната година: Направете сами уникатни патики во 5 бои

    За добар почеток на училишната година: Направете сами уникатни патики во 5 бои

    Летниот распуст трае уште малку, па затоа преостанатото време треба да го искористите на вистинскиот начин. Зошто, помеѓу останатото, да не направите нешто креативно? Доколку имате бели, платнени патики или пак, нови кои ви изгледаат досадно, тогаш сигурно ќе ви се допадне оваа идеја. Многу едноставно, сами можете да направите симпатични и уникатни патики, спремни за на училиште со кои ќе се издвоите од останатите.rnrn1-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребен материјал:

    rn

      rn011

    • Бели, платнени патики
    • rn011

    • Фабрички бои (доколку ги сакате патиките од фотографијата, тогаш земете жолта, сребрена, црна и розова боја)
    • rn011

    • Четки за боење
    • rn011

    • Селотејп
    • rn

    rn2-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_rn

    Упатство за изработка:

    rn1. Пред сè, ставете ги патиките на подлога која е заштитена со најлон или хартија. Измерете неколку сантиметри од врвот на патиките и обележете со селотејп, така што да биде еднаков од двете страни. Обојте го делот до селотејпот со црна боја.rnrn3-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_rnrn2. Почекајте малку да се исуши бојата, па одлепете го селотејпот. На истиот начин, негова помош, обојте го жолто делот каде што стојат врвките, односно средниот дел од патиките.rnrn4-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_rnrn3. Остана уште делот околу петата. Внимателно повлечете сребрена линија, исто, со помош на селотејп. Последниот дел обојте го со розова боја, исто како на фотографијата.rnrn5-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_rnrnПо желба, можете да изберете друга комбинација на бои. Водете сметка за тоа дека одредени бои не се водоотпорни, па добро распрашајте се или прочитајте го упатството пред да ги купите. После боењето, морате да почекате 24 часа пред да ги обуете.rnrn6-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_rnrnВеруваме дека нема да можете да дочекате да ги носите, како и во тоа дека никој друг нема да има патики како вашите.

  • Претворете го стариот, бел костим за капење во парче кое ќе го привлече целото внимание

    Претворете го стариот, бел костим за капење во парче кое ќе го привлече целото внимание

    Белите костими за капење многу брзо ја менуваат својата боја и за многу кратко време стануваат крем или бледо жолти. Доколку вашиот стар, бел костим за капење и понатаму е одличен за носење, но повеќе го нема стариот сјај, тогаш ви предложуваме да направите едно одлично освежување. Односно, ќе забележите дека не ви е потребно многу време за да добиете нов костим за капење во кој ќе изгледате како вистинска морска сирена.rnrn1-razbudete-ja-sirenata-vo-vas-pretvorete-go-stariot-bel-kostim-za-kapenje-vo-parche-koe-kje-go-privleche-celoto-vnimanie-www,kafepauza.mk_rn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Дводелен бел костим за капење
    • rn011

    • Водоотпорен спреј за ткаенина во две бои
    • rn011

    • Боја за ткаенина
    • rn011

    • Четка за боење
    • rn011

    • Бисери
    • rn011

    • Игла и конец
    • rn011

    • Пулејки
    • rn011

    • Лепило за ткаенина
    • rn

    rnПретворете го стариот, бел костим за капење во парче кое ќе го привлече целото вниманиеrnrnНапомена: Додека работите со спрејот, најдобро би било да излезете надвор, а подлогата на која ќе работите задолжително да ја прекриете со весник.rn

    Начин на изработка:

    rn1. Нанесете го темниот и светлиот спреј по целиот костим за капење за да добиете омбре ефект.rnrn3-razbudete-ja-sirenata-vo-vas-pretvorete-go-stariot-bel-kostim-za-kapenje-vo-parche-koe-kje-go-privleche-celoto-vnimanie-www,kafepauza.mk_rnrn2. Почекајте потполно да се исуши, а потоа со помош на четката и бојата за ткаенина нацртајте го посакуваниот мотив. Тоа може да бидат бранови, ѕвезди или пак нешто друго. Исто така, по сопствена желба распоредете ги насекаде по костимот за капење.rnrn4-razbudete-ja-sirenata-vo-vas-pretvorete-go-stariot-bel-kostim-za-kapenje-vo-parche-koe-kje-go-privleche-celoto-vnimanie-www,kafepauza.mk_rnrn3. Со помош на лепилото на костимот за капење залепете ги пулејките. Секако, по ваша желба.rnrn5-razbudete-ja-sirenata-vo-vas-pretvorete-go-stariot-bel-kostim-za-kapenje-vo-parche-koe-kje-go-privleche-celoto-vnimanie-www,kafepauza.mk_rnrn4. Потоа, земете ја иглата и конецот и зашијте неколку бисери на краевите кои висат од долниот дел. Доколку немате таков дел, тогаш зашијте неколку бисери на секоја страна.rnrn6-razbudete-ja-sirenata-vo-vas-pretvorete-go-stariot-bel-kostim-za-kapenje-vo-parche-koe-kje-go-privleche-celoto-vnimanie-www,kafepauza.mk_rnrnЌе се уверите дека ова навистина не е тешко, а изгледа многу поубаво од обичниот, бел костим за капење.rnrn7-razbudete-ja-sirenata-vo-vas-pretvorete-go-stariot-bel-kostim-za-kapenje-vo-parche-koe-kje-go-privleche-celoto-vnimanie-www,kafepauza.mk_rnrnОткако ќе добиете потемен тен, ќе изгледа уште поубаво и поинтересно.rnrn8-razbudete-ja-sirenata-vo-vas-pretvorete-go-stariot-bel-kostim-za-kapenje-vo-parche-koe-kje-go-privleche-celoto-vnimanie-www,kafepauza.mk_