КАФЕ ПАУЗА

Tag: направи сам

  • Направете сами: Како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?

    Направете сами: Како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?

    Деновите се такви, па поголемиот дел од времето го поминуваме дома и излегуваме само кога е потребно. Одвојте време за да создадете нешто креативно и убаво за домот. Нема да ви биде потребно многу време ниту голема умешност, а ќе имате прекрасен украс!rnrnНаправете сами: Како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе!rnrnСè што ви треба е боја за стакло, некаква украсна хартија и панделки.rnrnСо цел да го направите вашиот престој во 4 sида што е можно попријатен и поубав, секогаш е добра идеја да го декорирате со некои детали, а ако тој детаљ е украс што ќе го направите сами, неговиот шарм ќе биде уште поголем.rnrnВи предлагаме да направите вазна за цвеќиња од обична тегла. Не ви треба посебен материјал или подготовка за ова, само малку боја и украсни панделки.rnrnПоиграјте си со вашата фантазија и пронајдете инспирација да создадете најслатка вазна од обична тегла.rnrnАко имате боја за стакло дома, едноставно истурете ја во теглата и превртете ја така што бојата ќе ја обои внатрешноста од теглата. За дополнителен шарм, можете да ја декорирате теглата со панделка и – готово!rnrnДури и обичната тегла во која ќе налеете вода и потоа ќе ставите цвеќиња ќе изгледа одлично. Пронајдете инспирацијата за создавање на најслатка вазна од обична тегла во следниве фотографии.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnМожеби сакате да прочитате и неколку луди „направи сам“ идеи кои ќе ве изненадат со нивната креативност и корисност.

  • Старата кожна софа ја претворила во нова – евтино и лесно

    Старата кожна софа ја претворила во нова – евтино и лесно

    Една жена од Велика Британија опишала како ја преработила старата софа со помош на сива боја за кожа и мат лак за финиш и сега таа изгледала како нова.rnrnСтарата кожна софа ја претворила во нова - евтино и лесноrnrnТаа ги пронашла советите на Фејсбук и ја објавила трансформацијата на софата со слики „претходно“ и „сега“.rnrnСтарата кожна софа ја претворила во нова - евтино и лесно rnrnИзјавила дека првпат прави нешто такво и дека ѝ се допаднала оригиналната боја на софата, но таа не одговарала на боите во новиот дом, но имала и потреба од промена. Исто така, кажала и дека го добила креветот бесплатно преку Интернет и потрошила само 2200 денари за материјалот (сива боја за кожа и мат лак за премачкување на кожата).rn

    Жената ја открила и самата процедура на обновување на ваквиот тип мебел:

    rn

      rn 011

    1. Прво, целиот кревет го премачкала со алкохол користејќи крпа или сунѓер за да се отстранат масните дамки и нечистотиите и сите наслаги насобрани врз кожата.
    2. rn 011

    3. Таа изјавила дека ја повторила постапката неколкупати затоа што тоа е исклучително важен чекор за да се добијат што поквалитетни и подобри резултати. Ако првиот чекор не се изведе правилно, тогаш постои ризик од нееднаквост на слоевите боја.
    4. rn 011

    5. Користела четка за бојадисување на дупките и наборите, како и минијатурен валјак за останатите делови од софата. Тоа не ѝ одзело многу време.
    6. rn 011

    7. Почекала еден ден, а потоа нанела уште еден слој боја. Потоа, повторно почекала еден ден пред да го нанесе лакот.
    8. rn 011

    9. Избрала мат боја, без сјај, бидејќи мат мебелот, според неа, изгледа полуксузно и поскапо. Во следниот чекор го пребришала креветот со микрофибер крпа и го исушила со фен за коса.
    10. rn 011

    11. Потоа го нанела и втор слој лак, па трет. Оставила и лакот добро да се суши два-три дена и така добила нов изглед на софата.
    12. rn

    rnМожеби сакате да дознаете и како едни најдобри пријатели изградиле сопствен мини-град со цел да остарат заедно.

  • Направи сам: Лулашка од платно за совршен одмор

    Направи сам: Лулашка од платно за совршен одмор

    Без оглед на целата технологија што ја обезбедува 21-от век, некои работи и активности се имуни на промените што ги носи модерното време. Лулашките се меѓу таквите и дефинитивно се задолжителни кога станува збор за одмор и уживање.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrnТие се интересни за децата, како и за возрасните, па секој би можел да го помине своето слободно време на нив, уживајќи во природата, во добра музика или во некоја убава книга.rnrnИмајќи го ова предвид ви предлагаме сами да направите лулашка, што ќе биде целосно во склад со вашите потреби и афинитети. Ова е предизвикувачки проект и треба повеќе да се потрудите, но доколку строго ги следите упатствата ви гарантираме апсолутно уживање.rn

    Потребни материјали:

    rn

      rn 011

    • Дрвена дабова прачка со дебелина од 3,5 цм и должина од 90-100 цм
    • rn 011

    • 500 цм јаже изработено од плетен полипропилен
    • rn 011

    • Платно 200 х 200 цм
    • rn 011

    • Машина за шиење
    • rn 011

    • Пегла
    • rn 011

    • Акрилни бои
    • rn 011

    • Четка
    • rn 011

    • Кука од не’рѓосувачки челик
    • rn

    rn

    Постапка:

    rn1. Преклопете го платното на половина и ставете го на рамна површина, така што преклопениот дел да биде од лево. Со линијар измерете 20 цм од горниот десен раб и обележете ја точката. Со пенкало, поврзете ја означената точка со долниот десен агол на преклопеното платно и внимателно со ножици, отстранете го означениот дел.rnrn2. Раширете го платното и ставете го на рамна површина. Преклопете го горниот раб за 1 цм и пеглајте го. Потоа, преклопете го за уште 1 цм, повторно пеглајте и сошијте ја страната по целата должина. Повторете ја истата постапка со долниот дел.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn3. Завртете го платното за 90 степени во лево, така што подолгиот порабен дел да дојде од десно. На двете страни на платното направете џебови пред да шиете, како што е прикажано на сликата. Низ џебовите треба да минува јажето.rnrn4. Откако ќе го направите џебот, свиткајте го работ околу 4 цм (доволно за да помине јажето) и почнете да шиете. Повторете ја истата постапка на двете страни.rnrn5. Откако ќе ги сошиете сите рабови, можете да го украсите платното со акрилни бои.rnrn6. Од двете страни на краевите на прачката, направете две дупки (на 5 и на 10 цм). Треба да имате вкупно 4 дупки, како што е прикажано на сликата.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn7. Едниот крај на јажето врзете го во јазол, така што под јазолот ќе останат околу 7 цм. Слободниот дел од јажето протнете го надолу низ надворешната дупка на прачката. Продолжете со протнувањето преку долниот (поширокиот) дел на платното, па кон горниот (потесниот) дел. Кога јажето ќе помине низ целиот раб на платното, пред да го протнете низ внатрешната дупка на прачката направете јазол (на околу 90 см од првиот јазол).rnrn8. Продолжете да протнувате надолу низ другата надворешна дупка на прачката. Потоа измере повторно 90 см од крајот (слободниот дел) и врзете лабав јазол. Протнете го јажето и низ другата страна на платното и потоа нагоре низ последната дупка на прачката пред да завршите со јазол со 7 цм слободни. Доколку двете страни на лулашката не се еднакви, прилагодете ги јазлите пред цврсто да ги потегнете.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn9. Најдете го центарот на јажето над прачката и врзете јазол оставајќи околу 20 цм слободни, па закачете го за куката. Вашата лулашка е готова!rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrnПрочитајте за овие 10 интересни начини со кои старите џемпери ќе ги претворите во нешто ново.

  • Неверојатен трик за намалување на маснотиите при готвење: Направете сами масло за пржење!

    Неверојатен трик за намалување на маснотиите при готвење: Направете сами масло за пржење!

    Најдобрата опција за подмачкување на тавата е масло во спреј. Но, тоа кај нас го нема во секоја продавница. Дури и кога ќе наидете на вакво масло, цената не е достапна за секого. Затоа можете да се послужите со овој трик што ќе ја олесни работата при пржење и печење на многу готвачи.rnrnНеверојатен трик за намалување на маснотиите при готвење: Направете сами масло за пржење!rnrnЗа да направите вакво масло, потребно ви е само едно пластично шише со распрскувач, коешто ќе прска што е можно поситно. Посипете масло по ваша желба и спрејот за пржење е готов!rnrnЧувајте го маслото во фрижидерот, а пред употреба оставете го неколку минути на собна температура. Најдобро е да ставате мала количина во шишето за да ви биде полесно неговото користење.rnrnhttps://youtu.be/qzoGoxTolxArnrnМожете да користите секаков вид масло, а доколку се одлучите за кокосово масло, пред употреба треба да го ставите спрејот во топла вода за да се растопи и да биде што е можно потечен.rnrnДоколку сакате пикантно масло, наполнете едно шише лути пиперки, а потоа полијте ги со масло.rnrnПогледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви.

  • Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

    Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

    Шеширите за на плажа никогаш не излегуваат од мода. Тие се практични и корисни, а истовремено се и впечатлив моден детаљ. Во комбинација со едноделен костим за капење и очила за сонце со мачкест облик ќе добиете шик моден аутфит. Ваквите шешири можете да го носите кога не сте на плажа – убаво одговараат со летни панталони и со лесни фустани. Во богатата понуда сигурно ќе најдете некој шешир којшто ви се допаѓа. Во последните неколку години многу се популарни шеширите со натписи, кои обично се со летни мотиви. Доколку сакате уникатен шешир, а притоа да останете во текот со модните трендови, вие можете и самите да го дизајнирате. Како? Дознајте во продолжение.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrn

    За овој проект ќе ви бидат потребни:

    rn

      rn 011

    • Шешир
    • rn 011

    • Леплива трака
    • rn 011

    • Лепило за ткаенина
    • rn 011

    • Ножици
    • rn 011

    • Декоративна машна по избор
    • rn

    rnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrn

    Начин на подготовка:

    rnШеширот ставете го на рамна површина. Земете ја машната и пробувајте разни комбинации – натписот можете да го искреирате од целосната машна или да ја исечете на неколку пократки дела. Инспирација за фонтот можете да најдете на Интернет.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrnrnКога ќе го најдете вистинското место кое одговара за натписот, наместете ја декоративната машна според натписот, а на одредени места залепете ја со леплива трака за да не ви се измести. Потоа почнете да ја лепите машната на шеширот со лепилото за ткаенина. Откако ќе завршите со лепењето, извадете ја лепливата трака бидејќи повеќе не ви е потребно дополнително фиксирање.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrnrnНа овој начин вие ќе го освежите својот стар сламен шешир, а со малку пари и труд ќе добиете модно парче кое е целосен тренд ова лето. Зарем не изгледа прекрасно?rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажа

  • Природна маска за нега на кожата со само 3 состојки

    Природна маска за нега на кожата со само 3 состојки

    Направете природна и здрава маска за нега на кожата на лицето

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица какао во прав
    • rn 011

    • 3-5 супени лажици блендирана папаја
    • rn 011

    • 1 лажица гел од алое вера
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСè што ви е потребно за да ја направите оваа маска се состојките и сад за мешање. Ставете ги сите состојки во садот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја смесата на кожата и оставете ја да делува 10-15 минути, а потоа исперете со млака вода.rn

    Придобивки:

    rnОваа маска ја одржува кожата млада и сјајна. Алое Верата е полна со разни витамини (А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12) што помагаат при хидратација на кожата, правејќи ја со нежна текстура и давајќи ѝ сјај. Во комбинација со папајата, која помага при регенерација на кожата, таа може да направи чуда и да ја врати отпорноста на вашата кожа. Какаото помага најмногу при стимулирање на циркулацијата.rnrnДознајте и кои 15 видови храна можете да ги користите како природни продукти за убавина.

  • Направи сам: Декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом

    Направи сам: Декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом

    Потребно ви е само малку труд и креативност со цел да ја направите најдобрата зимска декорација за вашата дневна соба. Студеното време, кратките денови и првиот месец во годината не се изговор да не правите ништо и едноставно да чекате да пројде зимата. Времето што го минувате во вашиот топол дом можете да го искористите за активно надградување на својата креативна страна. Па, ако сте вешти со своите раце и ако барате нов проект за јануари – тогаш имаме одличен предлог за вас!rnrnrn

    За овој проект ќе ви бидат потребни:

    rn

      rn 011

    • Една голема свеќа
    • rn 011

    • Лента со чипка
    • rn 011

    • Лепило
    • rn 011

    • Стапчиња цимет
    • rn 011

    • Декоративни детали по ваш избор, како шишарки, цвеќиња, снегулки…
    • rn

    rnrn

    Начин на подготовка:

    rnЗалепете ги стапчињата цимет за свеќата и почекајте лепилото да се исуши, а потоа обвијте ги со лентата.rnrnrnrnОставете да отстои малку, за сè убаво да се залепи, и потоа почнете да ги редите декорациите што ги одбравте.rnrnrnrnВашата ароматична свеќа е готова! Откако ќе ја запалите, без сомнение ќе ја стоплите атмосферата и ќе го исполните домот со богата миризба на цимет.rnrnrnrn 

  • Направете сами: Масло за тело од лаванда за студените, зимски денови

    Направете сами: Масло за тело од лаванда за студените, зимски денови

    Ако сте одушевени од миризбата на лаванда и користите многу козметички производи со оваа состојка, тогаш имаме одличен предлог за вас – направете масло за тело, што е одлично за сувата кожа и многу е лесно за подготовка. Тоа исто така се користи и за заблажување на грчевите, како и за нега и обнова на кожата.rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • Базично масло (маслиново или сончогледово)
    • rn 011

    • Цветови лаванда
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо чиста тегличка или друг вид стаклено шишенце, ставете цветови од лаванда така што ќе наполните 2/3 од садот и потоа наполнете ја со маслото до врв. Ставете ја тегличката или шишенцето на сончево место и оставете ја да отстои месец дена, но не заборавајте секојдневно да ја промешувате. Откако ќе помине месецот, процедете го маслото низ густо сито или низ газа и ќе добиете чисто масло, спремно за употреба.rn

    Дополнителен совет:

    rnПо два, три дена од процедувањето, повторете ја постапката уште еднаш, со цел да избегнете заматување на маслото со талог. Исто така чувајте го на темно и ладно место и искористете го во рок од максимум една година.rnrnЗа подеталната постапка, можете да го погледнете и ова видео:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=g6syy927iAcrnrnДознајте и како да го користите маслото од лаванда против анксиозност.

  • 18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

    18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

    Дали сте знаеле дека копчињата не се наменети само за облека, сламките не се наменети само за пиење на вашиот омилен пијалак, а калапите за колачиња имаат многу повеќе функции од држење и печење на вашите слатки? Ако се сомневате дека тоа е возможно, тогаш продолжете со читање и дознајте ги следниве 18 секојдневни трикови, кои ќе ви докажат дека буквално секој предмет што постои, има повеќе од една примена.rn

    18. Спречете го лизгањето на облеката од закачалките

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnНекои типови облека многу често се лизгаат од закачалките во плакарот. За да го спречите лизгање на вашата омилена блуза од закачалката којашто тукушто сте ја испеглале, сè што треба да сторите е да прикачите гумени ластичиња, како што е прикажано на фотографијата погоре. Ластичињата поставени на овој начин ќе имаат улога на преграда, којашто ќе го спречува здодевното лизгање.rn

    17. Затворете кеса со сламки за пиење

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnДоколку сакате брзо и ефикасно да затворите веќе отворена кеса за грицки, сè што ви е потребно се две сламки и малку креативност. Најпрво земете една сламка и завиткајте ја ќесата околу неа по должина. Потоа земете уште една сламка, пресечете ја попреку и навлечете ја одозгора врз првата сламка.rn

    16. Едноставен начин да го најдете крајот од селотејпот

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnСелотејпот ни е потребен секојпат кога сакаме да залепиме некој пакет и навистина е фрустрирачки доколку се брзаме, а не можеме да го најдеме крајчето каде што бил последен пат пресечен. За да го избегнете тоа, едноставно закачете една спојница за хартија на тоа место, па следниот пат кога ќе го користите ќе бидете многу благодарни што сте го примениле овој трик.rn

    15. Практично складирање на пластичните кеси

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnКартонските и пластичните кутии од хартиени и влажни марамчиња исто така можат да добијат нов живот и да се реупотребат за нешто друго. Така на пример, тие се одлично место за складирање на вашите пластични кеси. Згора на тоа, можете да користите повеќе кутии за различни видови кеси.rn

    14. Едноставно складирање на шнолите за коса

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnНавистина нема подобра идеја од тоа да ги чувате тенките шноли за коса во пакување од Тик Так бонбончиња. Ова пластично кутиче секогаш ќе ги чува на безбедно за да не се загубат и воедно е многу лесно да ги извадите од него.rnrnТриковите продолжуваат на втората страница…rn

  • Гледањето практични видеа може да ве излаже дека сте поспособни отколку што сте

    Гледањето практични видеа може да ве излаже дека сте поспособни отколку што сте

    Во изминативе години, видеата „направи сам“ и туторијалите земаа голем замав и станаа многу популарни на сите социјални мрежи. Тие се снимени така што ни се чини дека секој домашен проект може да се направи лесно, па ни даваат лажна самодоверба дека можеме и самите да го направиме тоа. Секако, не треба да заборавиме дека овие видеа се за масовна употреба, а често зад нив стои професионална или аматерска продукција.rnrnГледањето практични видеа може да ве излаже дека сте поспособни отколку што стеrn

    Учењето од видеа е лесно, сè додека само се гледа

    rnМногумина, ако гледаат едно практично видео неколку пати, мислат дека ќе можат правилно да го изимитираат и да го направат она што се прави. Но, гледањето видеа не создава знаења, исто како што и не може да се научи занает ако само го гледаме занаетчијата што прави. Луѓето кои ќе изгледаат едно видео повеќе пати, сметаат дека веќе научиле сè што е потребно за тоа да го применат, но за жал, покажале слаби резултати при првиот обид за реализација на проектот што го гледале.rn

    Самодоверба и гордост

    rnОвие видеа изгледаат толку лесно остварливи, што кај оној кој гледа се појавуваат самодоверба и гордост, дека може да го направи успешно тоа што го гледа. Сепак, реалната работа е нешто повеќе од гледање видеа од удобноста на фотелјата. За што било да направиме, потребно е најпрво да вежбаме и да се обидеме да го копираме знаењето од видеата.rnrnЗатоа, следниот пат кога ќе видите некој „направи сам“ проект, туторијал или рецепт за нешто вкусно, размислете добро и проценете ги своите можности. Многу е веројатно дека нема да успеете при првиот обид, па ќе мора да си дадете и по неколку шанси за да може да го реализирате она што сакате.rnrnПогледнете ги овие 3 забавни трикови што можете да ги направите сами.