КАФЕ ПАУЗА

Tag: направа

  • Направа напојувана од соларна енергија може да извлекува вода од пустинскиот воздух

    Направа напојувана од соларна енергија може да извлекува вода од пустинскиот воздух

    Веројатно слушнавте за бруталната суша во Калифорнија која конечно заврши. Но оваа и други држави сè уште се соочени со кризата за недостаток од вода. Секаде низ светот, вклучувајќи ги Индија, Кина и многу други држави, милијарди луѓе страдаат поради недостаток од свежа вода.rnrnНаправа напојувана од соларна енергија може да извлекува вода од пустинскиот воздухrnrnНо, замислете си иднина во која не би требало да се грижиме за резервоарите и пресушените бунари. Можеби оваа иднина не е толку далеку благодарение на нова направа напојувана од соларна енергија којашто извлекува вода од воздухот.rnrnНаучниците од Институтот за технологија во Масачусетс изградиле „собирач“ на вода кој употребува посебен материјал произведен на Универзитетот во Калифорнија. Прототипот на машината можел да извлече 2,8 литри вода од воздух со влажност од само 20 до 30% во период од 12 часа. Другите слични направи имале потреба од повисока влажност на воздухот за да го направат истото.rnrnОвој собирач е толку ефикасен поради неговите кристали. Материјалот наречен метално-органска рамка е направен од металот циркониум и адипинска киселина. Неговата цврста структура е одлична за складирање гасови и течности. Кога воздухот минува низ направата, молекулите вода се прикачуваат на внатрешната површина на структурата. Како што сончевата светлина го загрева материјалот, водата оди во кондензатор кој ја претвора пареата во течност. Направата може да складира 20% од нејзината тежина во вода.rnrnПрофесорот по хемија и изумителот на овој материјал, Омар Јагхи, ја нарекол направата вистинско откритие.rn

    „Нема друг начин да се направи тоа освен со користење повеќе енергија. Електричниот собирач на вода произведува навистина скапа вода.“

    rnОмар се надева дека направата во иднина ќе може да собира доволно вода така што домаќинствата нема да имаат потреба од цевки и водовод.rnrnПогледнете ги и овие интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес.

  • Првата едноставна направа што го претвора загадениот воздух во чист кислород

    Првата едноставна направа што го претвора загадениот воздух во чист кислород

    Знаевте ли дека дишењето загаден воздух го намалува човечкиот живот за 1 до 2 години? И покрај ова 5,5 милиони луѓе во светот живеат на места каде што квалитетот на воздухот е катастрофален. Во Пекинг, на пример, се појавила и нова болест – пекиншка кашлица.rnrnПрвата едноставна направа што го претвора загадениот воздух во чист кислородrnrnПроблемот со заградувањето на воздухот е насекаде, а токму поради ова е направен и Treepex. Оваа револуционерна џебна направа го претвора загадениот воздух во чист кислород.rnrnМожеби не е најмодерното нешто што би сакале да го носите, но наводно може да го прочисти воздухот без разлика каде се наоѓате. Ова е навистина важно бидејќи загадувањето на воздухот е една од најголемите кризи на 21-виот век.rnrnВо Јужна Калифорнија биле забележани 5.000 смртни случаи поврзани со загадувањето на воздухот. Без разлика каде се наоѓате, загаденоста има влијание и на вас. Загадениот воздух е помеѓу првите 10 убијци на планетата, па поради ова направите како Treepex се навистина важни.rn

    „Treepex користи CRISPR технологија за да ја оддели ДНК-та од дрвјата, да рекреира живи клетки што се одговорни за фотосинтеза и да ги компресира во направата. Кога ќе погледнете лист под микроскоп можете да ги видите клетките одговорни за фотосинтезата. И тоа е само многу мал дел од целиот лист. Едноставно, гледајте ја направата како илјадници листови збиени во неа.“

    rnНаправата е лесна за користење и има неколку карактеристики. Апликацијата за мобилен пресметува колку кислород вдишувате секојдневно и ја мери загаденоста на воздухот во вашата околина. Направата е направена и со антиалергиски материјали, па може да ја користи секој.rnrnКомпанијата признава дека таа не е идеална за секојдневна употреба. Сепак, може да биде корисна за кратки патувања.rnrnСигурно сте веќе свесни дека и во нашата држава проблемот со загадувањето на воздухот станува навистина сериозен, особено во сезоната на греење. Додека се најде трајно решение, можеби ова е направата што ни е потребна на сите.rnrnПрочитајте нешто повеќе за загадувањето на воздухот и како да го спречите.

  • Доктори со 3Д печатач го спасиле животот на 3-месечно бебе

    Доктори со 3Д печатач го спасиле животот на 3-месечно бебе

    Браво за напредокот на технологијата и браво за оние кои знаат да ја употребат за вистински важни цели. Докторите во болницата за деца „C.S. Mott“ во Мичиген испечатиле пластична 3Д направа и ја поставиле врз душникот на бебето Каиба, кое имало проблем со пренесување на воздухот до левиот бел дроб.Доктори со 3Д печатач го спасиле животот на 3-месечно бебеrn
    rn

    „Неколку доктори рекоа дека постојат добри шанси да не си замине од болницата живо“, вели мајката на бебето кое пати од сериозната болест трахеобронхомалакија, што предизвикува колапс на бронхиите.

    rnЕдно од 2.200 бебиња се раѓаат со оваа болест, која повеќето деца ја надминуваат после втората или третата година, но често е погрешно дијагностицирана како астма и притоа несоодветно се лекува.rnrnНеговите родители првпат забележале дека престанало да дише кога имало само 6 недели. Очајни за решение, во февруари минатата година, докторите итно изработиле 3Д имобилизатор и хируршки го сошиле со душникот на детето.rn
    rn

    „Беше неверојатно. Штом го поставивме имобилизаторот, белите дробови почнаа да се придвижуваат нагоре-надолу и веќе знаевме дека ќе биде во ред“, вели професорот од Универзитетот во Мичиген д-д Глен Грин, кој е креатор на ова решение заедно со неговиот партнер д-р Скот Холистер.

    rnНаправата овозможува после 2-3 години душникот да се реобнови и да дојде во здрава состојба. За тоа време материјалот ќе се разложи во телото.rnrnОдлично е што новата технологија се користи и за хумани цели. Каиба Џионфридо е жив благодарение на технологијата на 3Д печатење. Тој сега има скоро 19 месеци. Тоа е истовремено многу кул, многу благородно и ветувачки за иднината.Доктори со 3Д печатач го спасиле животот на 3-месечно бебе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да свртите страница од весник?

    Како да свртите страница од весник?

    Овој неверојатен механизам, наречен „The Page Turner“, револуционерно ќе го промени читањето на вашиот весник. Отсега вие ќе можете спокојно да си читате, без притоа да треба да ги вртите страниците на весникот, бидејќи овој изум ќе го прави тоа за вас.rnrnКако да свртите страница од весник?rnrnИнвенторот Џозеф Хершер се занимава со кинетичка уметност и создава софистицирани системи кои извршуваат секојдневни работи благодарение на комплициран синџир од последователни реакции. Станува збор за креации кои се познати под називот „машините на Руб Голдберг“, благодарение токму на познатиот цртач, карикатурист и инженер Руб Голдберг, кој прв започнал да ги црта овие комплексни направи. Подоцна овој концепт почнува да се употребува во многу играни и цртани филмови. Со сигурност сите ја паметите комплексната машина која ќе ја создаде Том за конечно да го фати Џери?rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.