КАФЕ ПАУЗА

Tag: напиток

  • Магичен еликсир од лук кој комплетно ќе ве препороди

    Магичен еликсир од лук кој комплетно ќе ве препороди

    Иако напиток од лук не звучи баш како највкусното летно освежување, сепак кога ќе видите колку лесно се подготвува и за какви сѐ тегоби помага, и вие ќе посакате да го имате во вашата кујна.rnrnmagichen-eliksir-od-luk-koj-kompletno-kje-ve-preporodi-kafepauza.mkrnrnКорисен е за исфрлање на солта и наслагите на сол во организмот, ја подобрува работната способност на организмот, чисти од вируси, инфекции и бактерии, ја прочистува крвта, го јакне имунитетот, крвните садови и работата на срцето. Исто така ги отстранува вишокот масти и го подобрува метаболизмот. Можете да го користите и за женски болести и воспаленија, а покрај сѐ што е наведено, го чисти целиот организам од штетни наслаги.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    • Во стаклена тегла ставете 12 чешниња лук, а секое исечете го на 4 дела.
    • rn011

    • Прелијте со пола литар црно вино.
    • rn011

    • Затворете ја теглата и оставете ја покрај прозор, на сонце, две недели.
    • rn011

    • Секој ден протресувајте 2-3 пати.
    • rn011

    • После две недели процедете и префрлете ја течноста во темно стаклено шише.
    • rn

    rnНапитокот треба да се конзумира 3 пати на ден и тоа по една лажичка во текот на еден месец, а постапката може да се повтори после 6 месеци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Освежителни летни пијалаци за хороскопските знаци

    Освежителни летни пијалаци за хороскопските знаци

    Летните забави не би биле тоа што се без освежителните ледени напитоци. Без разлика дали се работи за здрави сокчиња покрај море или за алкохолни коктели во вечерите, различните хороскопски знаци имаат различен вкус. Овие напитоци се на база на овошје, зеленчук, билки и зачини, а во секој од нив можете да додадете малку алкохол ако сакате дополнително да се опуштите.rnrn0-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnОвенот најдобро ќе се освежи со цитрусни сокови, па сокот од грејпфрут е идеален избор. Направете вистинска витаминска бомба, додајте лимон и портокал, и на крајот „зачинете“ со мраз. А ако сакате од ова да направите коктел, едноставно додајте малку вотка. Овните исто така може да уживаат во сок од лубеница, кој е совршен за нивниот активен животен стил.rnrn1-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Бик

    rnЈагодите се идеален избор за припадниците на овој знак, бидејќи тие воглавно сакаат комбинација од кисело и слатко. Затоа обидете се да направите летно смуди од јагоди и банана, со додаток малку мраз и вода. А што се однесува до алкохолните коктели, за Биковите најдобар избор е сѐ што е на база на сок од домат. Ако сѐ уште не сте пробале Блади мери, тоа би требало да го сторите ова лето.rnrn2-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат авантура, па затоа ги привлекува секој егзотичен вкус со кој не се сретнуваат секојдневно. Егзотичното овошје е идеален избор, а за почеток пробајте да направите коктел од калинка и вотка. Тие исто така го сакаат вкусот и мирисот на ванила, па секој коктел со таа арома ќе им се допадне, особено ако е збогатен со нане и рум.rnrn3-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Рак

    rnАко сте припадник на овој знак, летово обидете се да експериментирате со сок од грозје. Тоа значи дека тешко ќе погрешите ако се одлучите за сангрија, a најмногу ќе ви се допадне ако има доста лимон и цитруси.rnrn4-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Лав

    rnОвој знак просто го обожава летниот вкус на сокот од ананас. Идеален коктел можете да направите многу едноставно, така што во скокот од ананас ќе додадете малку рум или вотка. Покрај тоа, Лавовите сакаат и цитрусни овошја, особено лимон и мандарина. Направете сок од мандарина и нема да се разочарате.rnrn5-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Девица

    rnСокот од кајсија е одличен избор за сите припадници на овој знак. Пробајте ја интересната комбинација од природен сок од кајсии со здрав чај од женшен, секако разладен, па завршете со малку цимет. Интересно е дека девиците сакаат и сокови кои се базираат на зеленчук кои се многу здрави. Затоа само напред. Употребете го блендерот, но избегнувајте ги јаките зачини.rnrn6-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Вага

    rnВагите сакаат сокови од шумски плодови, а скоро и да не е важно за кое од овие овошја ќе се одлучите. Цреши, боровинки и малини се најдобриот избор, но слободно експериментирајте и со други. Висока чаша полна со мраз и ваков сок ќе ја избрка жештината од вашето тело. Секако, секогаш можете да додадете малку вотка.rnrn7-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Скорпија

    rnСкорпиите најмногу водат сметка за себе, и воглавно им годи портокалов сок од моркови, а посебно им се допаѓа бидејќи го подигнува либидото. Можете да направите комбинација со јаболко или цитрусни овошја и со мраз. Инаку не постои ништо во што вистинската Скорпија би уживала повеќе од чаша студено пиво.rnrn8-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Стрелец

    rnСтрелците уживаат во егзотични вкусови, па ако сте припадник на овој знак пробајте сок од манго ова лето. Исто така испробајте ја оваа особено интересна мешавина – во чаша шампањско додајте малку сок од манго. Ова освежувачко и пенливо задоволство ќе ве разлади, а ако сепак сакате нешто „појако“, испробајте домашен леден чај од нане.rnrn9-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Јарец

    rnЗа Јарците е совршен здравиот напиток кој се прави од цвекло, зелка и блага пиперка. Тоа може да го зачините со малку буковец и ќе добиете совршен солен коктел кој ќе ве засити и освежи истовремено. За нешто малку послатко, пробајте ја комбинацијата од сок од лубеница и диња.rnrn10-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk_1rn

    Водолија

    rnВодолијата воглавно сака тикви, кои се одлични за комбинирање, а нивниот вкус најдобро одговара со цимет и морско оревче. Направете здрав леден милк шејк од замрзната тиква, малку млеко и зачини. Кога се работи за коктел варијантата, нема да погрешите ако се одлучите за некој кој содржи ликер од лубеница.rnrn11-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Риби

    rnУште еден знак кој обожава да експериментира со егзотични вкусови, па слободно следниот пат кога ќе појдете да купувате, набавете папаја и манго. Овие две овошки ставете ги во блендер, додајте неколку коцки мраз и сипете јогурт. Овој пијалак е многу здрав и неверојатно освежува. Што се однесува до алкохолот, рибите сакаат вермут и коктелите што го содржат.rnrn12-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

  • Здрав напиток од нане за освежување во топлите денови

    Здрав напиток од нане за освежување во топлите денови

    Подготовките за летото веќе започнаа, барем што се однесува до оние кои треба да го доведат вашето тело во топ форма. Заедно со вежбањето и здравата исхрана, секако мора да водите сметка и за тоа што пиете. Еве идеја за еден вкусен и здрав напиток, кој секако, ако го комбинирате со скара, ништо не правите.rnrnzdrav-napitok-od-nane-za-osvezhuvanje-vo-toplite-denovi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Сезонско овошје по желба
    • rn011

    • Смрзнати праски
    • rn011

    • Сечкан ананас
    • rn011

    • Една банана
    • rn011

    • Свежо нане
    • rn011

    • Сок од јаболко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер ставете го овошјето што го имате во моментот, замрзнатите праски и ананасот. Се препорачува праските претходно да ги ставите во ладилникот за да се добие ладна густа смеса. Но, не мора, може и само да додадете неколку коцки мраз. Додајте ја и бананата и ливчињата нане. Налејте и сок од јаболко и блендајте додека не добиете мазна смеса.rnrnНека ви е на здравје!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магичен напиток за слабеење од зелен чај

    Магичен напиток за слабеење од зелен чај

    Популарниот американски доктор, Доктор Оз, осмислил ефикасен напиток кој придонесува во борбата со килограмите. Човекот кому му верува цела Америка, но и многу гледачи на неговата емисија ширум светот, често ги фали моќта и благотворните својства на зелениот чај, посебно за чистење на организмот и одржување на виталноста. Затоа воопшто не е чудно што токму зелениот чај е основата на овој магичен пијалак за слабеење кој тој го смислил. Напитокот по овој рецепт го забрзува метаболизмот и го прочистува организмот, па е идеален за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.rnrnmagichen-napitok-za-slabeenje-od-zelen-chaj-kafepauza.mkrnrnД-р Оз истакнува дека една шолја зелен чај е доволна за неколку чуда: забрзување на метаболизмот за 12%, регулирање на шеќерот во крвта, смалување на ризикот од срцев удар и разни облици на тумор, подигнување на имунитетот, како и на расположението. Ако не го сакате вкусот на зелениот чај, додатоците во овој напиток, мандарината и нането, ќе ви помогнат да го засакате овој здрав течен додаток на вашата секојдневна исхрана.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 5 ќесички зелен чај
    • rn011

    • 1 мандарина
    • rn011

    • 1 шака свежо нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во литар врела вода, додајте 5 ќесички зелен чај и оставете ги да отстојат 3 минути. Потоа извадете ги ќесичките и почекајте да се олади.
    2. rn011

    3. Мандарината исечете ја на парчиња. Ако можете, користете непрскана мандарина за да можете да ја сечете сосе лушпата, или во спротивно излупете ја, но задолжително оставете го белиот дел од кората.
    4. rn011

    5. Во голема тегла или бокал со капак ставете го зелениот чај, додајте ги парчињата мандарина и свежите ливчиња нане. Затворете ја теглата и оставете ја преку ноќ за состојките добро да се соединат.
    6. rn

    rnПола литар по лице е доволна количина за еден човек во текот на следниот ден.rnrnДоктор Оз препорачува по една шолја од овој напиток да се пие пред секое јадење и ветува добиена битка во борбата со килограмите.

  • Навистина делува: Чудотворен напиток за топење на салото околу стомакот

    Навистина делува: Чудотворен напиток за топење на салото околу стомакот

    Веројатно и оваа година не почнавте навреме да се подготвувате за летото, но без грижа, овој напиток ќе надомести за пропуштеното.rnrnnavistina-deluva-chudotvoren-napitok-za-topenje-na-saloto-okolu-stomakot-kafepauza.mkrnrnОва е навистина чудотворен напиток кој секој може лесно да го подготви, а докажано делува, бидејќи го конзумирале и учесниците на американскиот натпревар „The Biggest Loser“ кои во текот на неколку недели покажале значајни резултати.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 литри вода
    • rn011

    • 6 грејпфрути
    • rn011

    • 1 мандарина
    • rn011

    • ½ краставица (излупена)
    • rn011

    • Неколку свежи ливчиња нане
    • rn011

    • Мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОвошјето и зеленчукот најпрво излупете ги, а потоа испасирајте ги и ставете ги во водата. Додајте ги нането и мразот. За подобар ефект, оставете го напитокот да отстои два часа, а потоа конзумирајте го во текот на целиот ден.

  • Не сакате да јадете наутро? Подгответе смуди за појадок

    Не сакате да јадете наутро? Подгответе смуди за појадок

    Појадокот е најважниот оброк во денот бидејќи ни обезбедува енергија која му е потребна на телото за секојдневните задачи. Ако сте од оние кои не сакаат да појадуваат, ова зелено смуди е идеално за вас.rnrnИако е во течна состојба, овој појадок ќе ви ја даде потребната енергија. Преку намирниците кои треба да ги употребите, ќе ја примите потребната количина на витамини, минерали и антиоксиданси.rnrnne-sakate-da-jadete-nautro-podgotvete-smudi-za-pojadok-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 грст спанаќ
    • rn011

    • ½ краставица
    • rn011

    • 165 грама манго
    • rn011

    • 1 шолја сварен зелен чај
    • rn011

    • ½ лимон или лимета
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите наведени состојки ставете ги во блендер и додајте го лимоновиот сок. Од оваа количина ќе добиете околу 1 литар напиток, а она што ќе ви остане ставете го во фрижидер и конзумирајте го во текот на денот.rnrnСпанаќот го јакне имунолошкиот систем и е полн со витамини А и К, а краставицата го контролира нивото на шеќер во крвта. Зелениот чај штити од многу болести, а лимонот го додаваме за да ја олесни можната утринска мачнина, плус дава витамин Ц и го штити срцето во текот на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Природен напиток кој ги убива сите непријатни телесни мириси

    Природен напиток кој ги убива сите непријатни телесни мириси

    Храната која ја конзумираме во организмот многу влијае на нашето здравје и расположение, но и на телесните мириси кои ги испуштаме преку потта, плунката, како и преку мокрачата и столицата.rnrnpriroden-napitok-koj-gi-ubiva-site-neprijatni-telesni-mirisi-kafepauza.mkrnrnЗа да бидете сигурни дека вашиот систем за варење функционира како што треба и за да ги отстраните сите можности за непријатен здив и лош мирис на потта под пазувите и на нозете, освежете се со вкусен, здрав напиток кој истовремено и ќе ве засити. Ова зелено овошно-зеленчуково смуди ќе ви ги подобри телесните мириси, заради што вашиот партнер, пријателите и семејството ќе ви бидат благодарни.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 4-5 листови свеж кељ
    • rn011

    • 1 китка магдонос
    • rn011

    • Сок од 1 лимон
    • rn011

    • 1 ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Најпрво добро измијте ги состојките во ладна вода и потоа ставете ги во блендер.
    2. rn011

    3. Ако овошјето и зеленчукот не се изладени, во блендерот додајте и неколку коцки мраз.
    4. rn011

    5. Сето тоа добро изблендајте го и сипете го во чаша. Пијте го наутро на празен стомак или помеѓу оброци.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудотворен напиток за чистење на бубрезите

    Чудотворен напиток за чистење на бубрезите

    Многу токсични материи може да предизвикаат заболување на бубрезите, уринарниот тракт и бешиката, а овој пијалак може да ви помогне да ги прочистите.rnrnchudotvoren-napitok-za-chistenje-na-bubrezite-kafepauza.mkrnrnБубрезите се еден од највиталните органи во нашиот организам. Тие секојдневно филтрираат над 200 литри крв како би ги елиминирале штетните материи кои ги внесуваме во организмот. Бубрезите всушност претставуваат вид одбранбен механизам кој во текот на денот преку урината се ослободува од околу 2 литри отпадни материи и вишок на вода.rnrnНајголемите непријатели на бубрезите се: генетски модифицираната храна, протеините од животинско потекло, вештачките засладувачи, газираните пијалаци, кофеинот и цигарите.rnrnЗа да ги очистите бубрезите, добро е да пиете поголема количина вода, но одвреме-навреме и следниот напиток.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Сок од 1/2 лимон или лимета
    • rn011

    • 1 киви
    • rn011

    • 1/2 шолја ореви
    • rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • 1/2 лажица магдонос
    • rn011

    • 1 чаша вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер и измиксајте ги. Лимонот најпрво исцедете го па додадете го сокот во блендерот. Сокот е најдобро да се пие наутро.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Природен еликсир за подобро здравје

    Природен еликсир за подобро здравје

    Ако сте малаксани и чувствувате умор, треба да ја проверите крвната слика. Но, пред да појдете на лекар, обидете се да го подобрите своето општо здравје на природен начин. Овој напиток ќе ја подобри и вашата крвна слика.rnrnПрироден еликсир за подобро здравјеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 кг цвекло
    • rn011

    • ½ килограм моркови
    • rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 2-3 портокали
    • rn011

    • 2 кисели јаболка
    • rn011

    • 1 тегла мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЦвеклото, морковите и јаболката најпрво излупете ги, исечкајте ги на мали парчиња, ставете ги во соковник и направете сок. Лимонот и портокалите исцедете ги и помешајте ја оваа течност со претходно добиената. На крај додадете цела тегла мед, најдобро ливадски, бидејќи тој има најмногу лековити својства.rnrnСето тоа добро измешајте го за да се растопи медот и да се соедини убаво со сокот. Количината на портокалите може и да се зголеми, бидејќи тие главно се додаваат заради мирис и вкус.rnrnГотовиот сируп сипете го во стаклено шише. Се добива околу литар и пол до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена.rnrnПијте од сирупот секое утро на празен стомак, сѐ додека не ја испиете целата количина.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лековитите својства на сокот од компир

    Лековитите својства на сокот од компир

    Компирот расте насекаде и претставува дел од исхраната на повеќето луѓе на планетата. Но, дали сте запознаени дека може да се конзумира свежиот сок од ова растение? Ако ве изненадува ова сознание, подгответе се да бидете запрепастени од сите негови здравствени придобивки.rnrnЛековитите својства на сокот од компирrnrnСе подготвува едноставно. Компирот прво се лупи, па се ренда и од ситните парченца се исцедува сокот. Треба да користите зрели плодови кои имаат црни дамки, а никако не користете ги зелените делови бидејќи тие најчесто содржат токсини.rnrnСокот делува против воспаленија, па се препорачува на лица кои патат од артритис или други видови воспаленија придружени со болки.rnrnСокот ја подобрува циркулацијата во сите делови од телото, алкалоидите од компирот го спречуваат настанувањето на кардиоваскуларни болести, дури и појавата на рак.rnrnДобар е и во борбата против егземите и ја чисти кожата.rnrnМоже да ви помогне доколку сакате да ослабете. Наутро, пред појадок, а навечер, 2-3 часа пред да си легнете да спиете, испијте по 100 мл сок од компир. Не е нешто многу вкусен, дури може да биде и непријатен кога ќе го почувствувате на јазикот, па затоа можете да му додадете малку мед или да го измешате со друг сок, на пример од моркови.rnrnДополнителни предности од конзумирањето на овој напиток ни открива д-р Пол Хајдер, светски познатиот автор на книги за здрави и антистрес програми. Тој препорачува да го користат оние кои имаат подагра, бидејќи може да направи чудо како лек. Исто така, го смалува холестеролот, делува како средство за детоксикација, а во Јапонија и во некои други делови од светот со голем успех се користи за третирање на лица заболени од хепатитис.rnrnНекои студии покажуваат дека сокот од компир дава одлични резултати во лечење на дијабетесот, снижување на крвниот притисок, болести на бубрезите и на панкреасот. Црвениот и виолетовиот компир содржат големи количества антоцијани, кои спречуваат раст на клетките на ракот, а жолтиот и портокаловиот содржат зеаксантин кој е важна состојка за нашиот вид.rnrnОва е и одличен напиток за луѓето со болки во желудникот, ждригавица и проблеми со варењето. Полн е со витамини А, Ц и оние од групата Б, содржи фосфор, калциум, железо, калиум, влакна и протеини. Витаминот Ц штити од рак и срцеви болести, а Б витамините го јакнат имунитетот. Калиумот ја одржува урамнотеженоста на течностите и електролитите во организмот и е важен за правилната работа на срцето.rnrnНе постои ниедна причина да не му дадете шанса на овој необичен, но лесно достапен напиток.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.