КАФЕ ПАУЗА

Tag: нане

  • Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

    Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

    Искористете го свежото овошје и направете одличен домашен сладолед

    rnrnВкусен и освежителен сладолед од јагода и праскаrn

    Потребни состојки (за 8 сладоледи):

    rn

      rn011

    • 150 г свежи јагоди
    • rn011

    • 2 презреани праски
    • rn011

    • 10 поголеми листови од нане
    • rn011

    • 3 супени лажици шербет
    • rn011

    • 360 мл ладна вода
    • rn

    rnВкусен и освежителен сладолед од јагода и праскаrn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер ставете ги јагодите, 1 супена лажица шербет и 120 мл вода и блендирајте додека состојките не се спојат добро. Земете 8 калапи за сладолед (може да ви послужат и пластични чаши со погодна форма), и наполнете 1/3 од смесата со јаготките. Во секој од калапите ставете по едно дрвено стапче за сладолед и оставете ги во замрзнувач 10-15 минути, додека смесата не почне да се зацврстува.rnrnПраските исечете ги на пола, отстранете ги семките и исечете ги на парчиња. Во блендер ставете ги праските, нането, 2 супени лажици шербет како и преостанатата вода, и блендирајте додека смесата не стане хомогена. Додајте ја смесата во калапите за сладолед и оставете да се замрзне добро.rnrnВкусен и освежителен сладолед од јагода и праскаrn

    Совет:

    rnЗа да направите шербет, искомбинирајте еднаква количина вода и шеќер и ставете ги на тивок оган додека шеќерот не се растопи. Оставете смесата да се олади.rnrnВкусен и освежителен сладолед од јагода и праска
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

    Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

    Чајот е топол, вкусен напиток, кој позитивно влијае врз нашето здравје. Доколку не знаете каков чај да си направите денес, погледнете ги следните неколку предлози.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

    Бел чај

    rnДоколку сакате да пробате нешто ново, почнете со белиот чај. Не е толку јак како другите чаеви, а истовремено го намалува холестеролот и крвниот притисок. Доколку одамна не сте пиеле чај, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

    Чај за спиење

    rnДоколку сакате помирен и поубав сон, тогаш пробајте чај за спиење. Постојат најразлични чаеви за спиење од различни производители, сите нив ги карактеризира помало количество кофеин, а ваше е да го изберете оној кој вам најмногу ви одговара. Ваквиот чај ќе ве смири и релаксира по напорниот ден.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

    Чај за слабеење

    rnДоколку навистина сакате да постигнете резултати со слабеењето, набавете улонг. Тој е одличен напиток во битката со килограмите, а може да се користи и во посериозни ситуации на прекумерна дебелина или кардиоваскуларни проблеми.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

    Чај од портокал

    rnПиењето чај од портокал со себе носи многу здравствени придобивки. Богат е со антиоксиданси кои го спречуваат стареењето. Исто така, позитивно влијае и врз работата на срцето.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

    Црн чај

    rnДоколку барате замена за утринското кафе, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Црниот чај има силен, интензивен вкус и истиот се служи со млеко и шеќер. Овој чај има највисоко количество кофеин, што сигурно ќе ве направи поактивни и поенергични, а будењето ќе го направи полесно.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

    Чај од нане

    rnЧајот од нане е одличен за смирување на болките во стомакот, а се користи и превентивно, против настинка. Исто така, се препорачува и за лечење на воспалено грло. Доколку одамна не сте го пиеле, не двоумете се и опуштете се со топла шолја чај од нане.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

    Зелен чај

    rnПокрај многуте здравствени придобивки, зелениот чај е и навистина многу вкусен. Ја одржува кожата чиста, заштитува од срцеви заболувања, депресија и го подобрува целокупниот имунитет. Уште една одлична замена за утринското кафе.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробате
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Коктел за празнична детоксикација

    Коктел за празнична детоксикација

    По празниците ова е тоа што му треба на организмот

    rnКоктел за празнична детоксикацијаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 л вода
    • rn011

    • ½ грејпфрут
    • rn011

    • 1 мандарина
    • rn011

    • 1 краставица
    • rn011

    • 4-6 поголеми листови нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКраставицата исечкајте ја на крукчиња, додека мандарината и грејпфрутот излупете ги и раздвојте ги на резанки. Сите состојки ставете ги во бокал и прелијте ги со водата, и оставете ги да преноќат во ладилник. Наредното утро промешајте го убаво напитокот и испијте го во текот на денот.rn

    Овој напиток е добар за чистење на организмот затоа што:

    rn

      rn011

    • Грејпфрутот е полн со витамин Ц, ги топи мастите и ги претвора во енергија.
    • rn011

    • Мандарината го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ја забрзува потрошувачката на калории.
    • rn011

    • Краставицата создава чувство на ситост, ја намалува подуеноста и го чисти телото од токсини.
    • rn011

    • Нането го забрзува и контролира варењето на храната и го смирува желудникот.
    • rn

    rnПрочитајте и за напитокот кој ќе ви помогне да го израмните стомакот по празничните гозби.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

    5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

    Стресот е проблем на милиони луѓе ширум светот. Тој ни доаѓа од сите страни; стресот на работа предизвикан од обид да ги завршиме сите задачи до дадениот рок, стресот околу домашните обврски, како и стресот од проблемите во љубовните и пријателските врски. Вашиот доктор може да ви препорача лекарства кои ќе ви помогнат да се справите со стресот, но можете и да уживате во природното ослободување од него, со помош на овие 5 етерични масла.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Лаванда

    rnЛавандата е одличен избор за заздравување на рани и обновување на кожата, но воедно и за смирување на нервниот систем, благодарение на неговиот сладок цветен мирис. Луѓето кои ги одбираат третманите со лаванда, уживаат во чувството на спокој и бистрина. Додадете неколку капки масло од лаванда во шишенце со распрскувач полно со вода и прснете низ вашиот дом за да ви помогне да се релаксирате. Измасирајте ги болните зглобови со мешавина од бадемово масло и неколку капки етерично масло од лаванда. Додадете неколку капки масло од лаванда во вашиот инхалатор за да ги намалите симптомите на настинка и употребувајте го за да третирате кожни состојби како акни, брчки и ранички.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Камилица

    rnДолго употребувана во билните чаеви, камилицата е позната по своето смирувачко дејство. Борејќи се против раздразливоста која доаѓа со стресот, етеричното масло од камилица, им помага на луѓето да се смират и релаксираат. За да се ослободите од главоболката, замотајте во крпа неколку коцки мраз попрскани со масло од камилица и поставете ја на главата како облога. За да спиете подобро и да ја подобрите способноста на вашето тело за справување со стресот, капнете 5-6 капки масло од камилица во освежувачот за воздух. Можете и да капнете неколку капки на марамче, кое ќе го ставите под навлаката за перница, за да спиете убаво.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Бергамот

    rnМирисот од кора од бергамот кој на чајот Ерл Греј му дава уникатен, смирувачки ефект има лесна арома која освежува и релаксира. Честопати се користи во борбата против немирот и депресијата, но помага и против вкочанетост и воспаленост на мускулите. Капнете неколку капки етерично масло од бергамот во вашето млеко за тело, за да ги намалите болките во мускулите и физичката тензија. Помешајте масло од бергамот со гел од алое вера во размер 1:5, за да создадете ефективен лек против акни. Воедно, капнувајќи неколку капки масло од бергамот во полна када подготвена за капење, ќе ви помогне да се ослободите од психичкиот стрес и тензијата којашто доаѓа во пакет со стресниот животен стил.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Јасмин

    rnСлаткиот јасмин е моќно етерично масло кое помага во ослободување од главоболка, смирување на кашлицата, ја минимизира физичката болка, дури го разубавува и тенот на кожата. Ставете неколку капки масло од јасмин во навлажнувач за воздух за да ја регенерирате вашата самодоверба и оптимизам и да ја намалите депресијата и тензијата предизвикана од стрес. Исто така, може да се користи во топла бања, за отстранување на главоболката и физичкиот стрес.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Нане

    rnСтресот може негативно да влијае врз вашата меморија и да ви оневозможи да се сконцентрирате. Нането поттикнува будење од умствениот замор. Мирисот е освежителен и е одличен избор кога стомакот ви е вознемирен, имате главоболка и чувствувате дека се разболувате. Етеричното масло од пеперминт има уникатен мирис кој може да ве релаксира и истовремено да ви послужи како стимуланс за подобра концентрација. Капнете неколку капки на јазикот за да ја подобрите вашата концентрација и протријте на вратот и рамената во текот на денот, за да го покачите нивото на вашата енергија. Исто така може да се користи и во освежувач за воздух, за подобрување на меморијата.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 верзии на лимонадата

    4 верзии на лимонадата

    Испробајте го овие четири верзии на лимонадата кои добро ќе ви дојдат за освежување во летните денови.rn

    Лимонада со босилек

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 200 грама шеќер
    • rn011

    • 8 ливчиња босилек (или повеќе ако сакате)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМешајте ги исцедениот лимонов сок и шеќерот додека да се соединат. Во нив додајте ги ливчињата босилек и истолчете ги за да се почувствува нивниот вкус. На крајот додајте ја водата, промешајте за да се соединат и послужете.rn

    Лимонада со праски

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 3 средно големи праски
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги праските, водата и шеќерот во сад на среден оган додека почнат да вријат, а потоа оставете ги уште три минути полека да крчкаат на тивок оган. Смесата што ќе ја добиете измешајте ја во блендер, па оставете ја да отстои во него 20 минути. Потоа префрлете ја во голем сад и оставете ја во фрижидер три часа. Потоа процедете ја смесата така што ќе ви остане само течноста, и на крај во неа додајте го сокот од лимоните. Послужете со мраз.rn

    Лимонада со мајчина душица

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1,5 литри вода
    • rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 1 шака свежа мајчина душица
    • rn011

    • краставица за декорација
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги шеќерот, мајчината душица и 250 мл од водата во сад на оган да зовријат и мешајте додека се стопи шеќерот. Сокот од лимоните измешајте го со останатата вода, а потоа сè заедно ставете во еден сад и оставете го во фрижидер за добро да се излади. Украсете со краставица и мајчина душица.rn

    Лимонана – лимонада со нане

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 0,5 литри вода
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 2 шаки ливчиња нане
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го шеќерот со 250 мл вода на оган за да се соединат. Мешајте повремено, а потоа оставете да се излади на собна температура. Потоа ставете ја оваа вода во блендер и додајте ги сокот од лимоните, нането, останатата вода и мразот. Кога ќе завршите со блендирање, лимонаната е спремна за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пролетно смуди од капини, банани и нане

    Пролетно смуди од капини, банани и нане

    Совршен пијалак за освежување на попладневното пролетно сонце со вашите пријатели

    rnПролетно смуди од капини, банани и нанеrn

    Состојки за 4 чаши:

    rn

      rn011

    • 250 мл јогурт
    • rn011

    • 750 мл млеко од соја (количината може да варира по ваш вкус)
    • rn011

    • 170 г свежи капини
    • rn011

    • 2 замрзнати банани
    • rn011

    • 2 лажици мед (количината може да варира по ваш вкус)
    • rn011

    • 30 г свежо мелено ленено семе, опционално
    • rn011

    • Свежи ливчиња од нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСместете ги ливчињата од нане со 250 мл млеко од соја во блендерот и вклучете го 10-тина секунди. Потоа додадете ги и останатите состојки и оставете го блендерот да работи сè додека не добиете рамномерна мешавина. Откако ќе завршите, смудито е подготвено за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 природни лекови против пролетните алергии

    7 природни лекови против пролетните алергии

    Пролетта е преубаво годишно време, но со себе носи и голем број алергии. Најчести симптоми кои ги предизвикуваат сезонските алергии се кивавица, солзење на очите, како и воспалено и суво грло. Меѓутоа постојат голем број природни лекови кои можат да ни го олеснат живеењето и уживањето во пролетта. Ова се мал дел од нив.rnrn7 природни лекови против пролетните алергииrn

    Камилица

    rnАнтивоспалителните својства на камилицата помагаат за смирување на сувите очи кои често знаат и да чешаат и да предизвикуваат иритации. Земете две оладени вреќички од чај од камилица и држете ги на очите 3-5 минути. Повторувајте ја оваа постапка неколку пати дневно.rn

    Коприва

    rnКопривата делува како антихистамин кој помага да се смират симптомите на алергија како што се кивање и чешање на очите. Кога ќе ги забележите овие симптоми, купете таблети од коприва или пијте чај.rn

    Нане

    rnНането е одличен лек за дишните патишта. Вашето дишење може да се подобри доколку се инхалирате со чај од свежо или сушено нане.rnrn7 природни лекови против пролетните алергииrn

    Мајчина душица

    rnЧајот од мајчина душица помага при лечење на кашлицата, гушење предизвикано од алергија, а има и смирувачко дејство врз воспаленото грло. Ако не сте во можност да најдете свежа, побарајте чај во секоја билна аптека.rn

    Мед

    rnМедот е одличен лек кој го ублажува кашлањето и воспалението во грлото. Едно лажиче мед и шолја чај можат многу да ви помогнат.rnrn7 природни лекови против пролетните алергииrn

    Ѓумбир

    rnЃумбирот ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а е многу моќен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир, така што во врела вода ќе ставите 5 грама свеж изрендан ѓумбир и ќе го доварите чајот уште 10 минути. Потоа процедете го и ставете една лажичка мед. За ублажување на симптомите од алергијата можете да користите и ѓумбир во прав.rn

    Лута пиперка

    rnЛутата пиперка е богат извор на биофлавоноиди кои го спречуваат ослободувањето на хистаминот, кверцетинот и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и алергиски симптоми.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летни пијалаци за рамен стомак

    Летни пијалаци за рамен стомак

    Летните неиздржливи горештини се период кога особено мораме да внимаваме дали пиеме доволно течности. Сепак покрај тоа што тие треба да не освежат, треба да се внимава да немаат голем број на калории. Токму затоа слатките лимонади, тетрапак соковите и овошните коктели не се правиот избор. Ова се пет прелога за пијалаци кои ќе можете да ги пиете без грижа, бидејќи не предизвикуваат надуеност и помагаат да ги загубите килограмите.rn

    Домашна вода со вкус

    rnОбичната вода помага да слабеете бидејќи го прочистува организмот, спречува задржување на течностите кое предизвикува надуеност и го задржува чувството на ситост. Доколку не ви одговара вкусот на обичната вода, во неа исечкајте неколку резанки свежа краставица, лимон, портокал или зелен лимон.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

    Фрапе од лубеница или ананас

    rnЛубеницата е нискокалорично овошје кое е одлична состојка за здрав шејк. Содржи голема количина вода, ликопен (природен заштитник од рак) и аминокиселина Аргинин која ја смалува телесната маст и ја зголемува мускулната маса. Ананасот содржи ензим кој го подобрува варењето на храната, топењето на мастите и ја спречува надуеноста.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

    Леден чај од нане и зелен чај

    rnВо жешките денови, ледениот чај е идеален пијалак. Нането помага во согорувањето на мастите и ја спречува надуеноста на стомакот. Зелениот чај помага во согорувањето на масните наслаги, посебно кога се пие пред вежбање, а богат е со антиоксиданси кои помагаат за смалување на салото од стомакот.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

    Фрапе од црно чоколадо

    rnЦрното чоколадо помага во слабеењето бидејќи го намалува апетитот и го задржува чувството на ситост. Со оглед на тоа што овој пијалак содржи доволно калории, идеален е за појадок.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која ги ублажува болките

    Храна која ги ублажува болките

    Кога ќе се појават првите знаци на болка, не посегнувајте веднаш по лековите. Наместо тоа, обидете се да ги ублажите на природен начин, преку консумација на одредена храна која може да ви помогне.rn

    ‘Ржан леб

    rnДоколку страдате од запек, јадењето ‘ржан леб може да ви помогне многу повеќе отколку лаксативите. Тоа се должи на диететските влакна во ‘ржаниот леб кои помагаат храната побрзо и полесно да се движи низ дигестивниот систем. Студијата спроведена во Хелсинки која ги истражувала придобивките од ‘ржаниот леб, исто така, дошла до заклучок дека идеалната бројка за консумација на ‘ржан леб е 7 парчиња дневно.rnrnХрана која ги ублажува болките rn

    Овошје и зеленчук

    rnПознати се многубројните придобивки од овошјето и зеленчукот, но сепак, овие производи на природата најголем ефект имаат кај оние кои страдаат од синдромот на нервозно дебело црево. Овој синдром е карактеристичен за женската популација (дури 60% од жените го имаат). Доколку се сомневате дека страдате од овој синдром, обидете се со следниов тест: Јадете само овошје и зеленчук кои се термички обработени, конзервирани или исцедени, но никако свежи. Ако навистина го имате синдромот на нервозно дебело црево, подобрувањето ќе го почувствувате за помалку од една недела.rn

    Лосос

    rnСпоред прелиминарните студии, Омега 3 масните киселини можат да помогнат при намалување на болките предизвикани од артритис. Најголем извор на овие масни киселини е рибата, посебно лососот. Освен што ги смируваат болките во зглобовите, масните киселини можат дури и да го намалат воспалението, но и тегобите во стомакот предизвикани од стрес.rn

    Ѓумбир

    rnЃумбирот е состојка која ефикасно ги отстранува болките во мускулите и зглобовите. Тој успешно се бори против воспаленијата и во мускулите и во зглобовите. Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои секојдневно консумираат ѓумбир во рок од 11 дена почувствувале намалување на болките. Освен тоа, ѓумбирот е одличен природен лек против настинка.rnrnХрана која ги ублажува болките rn

    Кафе

    rnИстражувањата покажуваат дека 200 милиграми кофеин – околу 450 мл варено кафе – ги олеснува главоболките, вклучувајќи ја и најтешката форма – мигрената. Но, не заборавајте дека ако подолго време косумирате кофеин, тоа може да има и спротивен ефект затоа што штом ќе се откажете од него, главоболката веднаш ќе се појави.rn

    Чај од нане

    rnТри шолји на ден чај од нане ги намалуваат стомачните грчеви и надуеноста во стомакот за помалку од 48 часа. До овој податок дошло истражувањето направено во Канада. Чајот од нане ќе има поголем ефект доколку се пие половина час пред секој оброк. Состојките од нането ги уништуваат меурчињата од гас во дигестивниот систем и го спречуваат нивното повторно формирање.rnrnХрана која ги ублажува болкитеrn

    Цимет

    rnЦиметот е хранлив зачин богат со антиоксиданти кои успешно се борат против Алцхајмеровата болест, дијабетисот, Паркинсоновата болест, па дури и ракот. Тој е моќно оружје против кардиоваскуларните проблеми. Истовремено, циметот е еден од најдобрите природни регулатори на шеќер во крвта, со што се намалуваат шансите за појава на дијабетес.rn

    Шафран

    rnШафранот е најскапиот зачин во светот. Својствата на оваа состојка ја оправдуваат неговата висока цена. Едно истражување покажало дека шафранот има антидепресивни својства слични на одредени лекови против депресија. Друга студија покажала дека шафранот го зголемува протокот на крв во мозокот, што може да помогне во зголемување на когнитивните перформанси.rn

    Чили пиперчиња

    rnСпоред археолозите, луѓето јаделе чили пиперчиња уште пред речиси 10.000 години. Оттогаш, чили пиперчињата се користат за сè. Јапонските каратисти јадат чили пиперчиња за да ја зајакнат својата волја. Истражувањата покажале дека капсаицинот, активната состојка во чили пиперчињата, помага при намалувањето на главоболките, артритисот и болките предизвикани од хронични проблеми.rnrnХрана која ги ублажува болките
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џус од лубеница

    Џус од лубеница

    Лубеницата без исклучок е најосвежителното овошје во лето. Овој џус може да си го направите секогаш кога ќе ви треба вистинско ладно освежување, а ќе биде огромно изненадување за пријателите и блиските.rnrnЏус од лубеницаrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • половина лубеница, исчистена од семките и исечена на коцки
    • rn011

    • половина лажиче ѓумбир во прав
    • rn011

    • 3 лажици мед
    • rn011

    • 120 мл сок од лимон
    • rn011

    • прстофат црн бибер во прав
    • rn011

    • коцки мраз
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnВо блендер ставете ги коцките лубеница заедно со сокот од лимон, медот и зачините. Миксајте додека да се соединат сите состојки. Сервирајте во високи чаши со неколку коцки мраз и ливчиња од нане.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.