КАФЕ ПАУЗА

Tag: нане

  • 3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

    3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

    ‘Рчењето е непријатна појава која може да влијае врз сонот, да предизвикува болки во грлото и да ги полуди сите останати луѓе во близина. Тоа е предизвикано од страна на вибрации од мекото непце и ткивата во грлото, носот и усната шуплина. Па, доколку сакате на природен начин да се справите со него, погледнете ги овие 3 едноставни и евтини домашни рецепти…rnrn3 едноставни домашни рецепти против рчењеrn

    1. Нане

    rnОваа билка ги отвора каналите во носот и грлото и со тоа го олеснува дишењето, што е многу важно доколку сакате да го ублажите ‘рчењето. Во 230 милилитри млака вода додајте три капки етерично масло од нане и пред спиење направете гаргара. Повторувајте ја оваа постапка секојдневно, сè додека не забележите подобрување.rn

    2. Маслиново масло и мед

    rnМаслиновото масло го опушта ткивото и го намалува отокот на слузницата. Исто така, тоа го намалувањето триењето кое е предизвикано со вибрациите на ткивата поради кои ‘рчиме. Пред спиење, во половина супена лажица мед додадете половина маслиново масло и испијте ги пред спиење. Повторувајте ја постапката секоја вечер.rn

    3. Кардамом

    rnСемките од оваа билка отсекогаш се користеле во индиската кујна, но покрај пријатната арома во храната, тие имаат и огромни здравствени придобивки. Кардамомот ја разредува слузта и го олеснува дишењето. Во 230 милилитри млака вода додајте половина лажичка кардамом во прав и добро измешајте. Испијте ја оваа напивка половина час пред спиење.

  • 7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујната

    7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујната

    Затнувањето на носот е една од најнепријатните работи што се случува во зима. Тоа е всушност лошиот симбол коj прави да не го сакаме студеното време. Сепак, може да се излечи, меѓу другото и со некои работи кои сигурно веќе ви се наоѓаат по дома.rnrn7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујнатаrnrnЈаболков оцет. Додајте 3 лажици оцет во загреана вода, а потоа вдишете ја пареата покриени со крпа.rnrnКорен од слез. Исто како и кај јаболковиот оцет, и овде ставете ја главата покриена со крпа над сад со топла вода измешана со парчиња од еден корен од слез.rnrnСолена вода. Додајте една лажица сол на половина литар загреана вода, а потоа со помош на чајник или нешто друго кое повеќе ви одговара обидете се да ставите од солената вода во едната ноздра за потоа да ја извадите преку другата. Ова е одличен метод за превенција од затнување, но помага и при веќе оштетена слузница.rnrnРен. Нарендајте малку рен и измешајте го со една лажица мед. Мешавината ставете ја на јазикот и вдишете десетина пати пред да ја голтнете.rnrnЕтерично масло од нане. Капнете неколку капки етерично масло од нане на марамче, ставете го на носот и вдишете десетина пати. Потоа би требало да биде полесно.rnrnЛук. Џвакајте лук доколку го поднесувате неговиот вкус и мирис, вдишете го неговиот мирис, а потоа ако сакате можете да го плукнете. Ќе ви помогне ако направите сендвич од леб и едно чешне лук и го изедете.rnrnЃумбир. Додајте ѓумбир во салата или во некое друго јадење. Доколку не го сакате вкусот, помешајте го со лажица мед, ставете го на јазикот и вдишете десетина пати пред да го голтнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 вкусни моќни напитоци кои го топат салото околу стомакот

    4 вкусни моќни напитоци кои го топат салото околу стомакот

    Постојат пијалаци кои имаат одличен вкус и истовремено водат сметка за вашата линија, што значи дека не го оптоваруваат вашето тело со вишок калории, а воедно и го помагаат варењето. Можете да ги направите дома и да бидете сигурни дека сите состојки се природни и не содржат шеќери ниту други адитиви.rnrn0-4-vkusni-mokjni-napitoci-koi-go-topat-saloto-okolu-stomakot-kafepauza.mkrn

    1. Вода со вкус

    rnВодата е една од најважните сојузници на здравиот начин на живот, без разлика дали држите диета или не. Помеѓу останатото, таа помага во варењето и апсорпцијата на храната и во исфрлањето на отпадните материи од цревата и бубрезите, а исто така ќе ви овозможи и подолготрајно чувство на ситост. За да не ви стане здодевна, можете да ја збогатите со цеден лимон бидејќи така се постигнува состав кој е сличен на желудочната киселина или пак да изрендате малку ѓумбир што ќе ви го забрза метаболизмот. Со парченца краставица дневниот внес на вода во организмот исто така станува позабавен.rnrnCucumber Waterrn

    2. Чај од нане

    rnНането му помага на желудникот да ги апсорбира мастите и да го смири дигестивниот тракт. Има диуретичко дејство, го поттикнува метаболизмот и го намалува апетитот. Дополнителна предност е што ја одржува хигиената во усната шуплина, бидејќи со својот ароматичен мирис го освежува здивот, заради што пак, често е состојка во природните пасти за заби.rnrn2-4-vkusni-mokjni-napitoci-koi-go-topat-saloto-okolu-stomakot-kafepauza.mkrn

    3. Фрапе од ананас

    rnЕнзимот бромелаин кој се наоѓа во ананасот ќе ви помогне во варењето на протеините, олеснување на варењето воопшто и во отстранување на надуеноста. Во напитокот од ананас можете да додадете и ленено масло и така да ја зголемите неговата диетална ефикасност.rnrn3-4-vkusni-mokjni-napitoci-koi-go-topat-saloto-okolu-stomakot-kafepauza.mkrn

    4. Зелен чај

    rnПовеќето полифеноли во зелениот чај се катехини, одговорни за засилено согорување масти. Пожелно е да се пие пред вежбање, особено аеробно, за да за се засили топењето на масните наслаги. Една од причините зошто би требало да замените барем една шолја кафе со зелен чај е неговата моќ да го намалува холестеролот и ризикот од канцерогени заболувања. Тој е повеќестран заштитник на здравјето, делувајќи и на проблемите со дијабетес, намалување на стресот и заштита на забите од вирусни инфекции.rnrntea

  • Домашна паста која ги сокрива подочниците

    Домашна паста која ги сокрива подочниците

    Темните кругови под очите се една од најчестите промени на лицето со која се борат многу жени. За среќа, покрај со шминка, подочниците можете многу едноставно и ефикасно да ги елиминирате со помош на евтина паста која можете да ја подготвите сами. Еве како.rnrndomashna-pasta-koja-gi-sokriva-podochnicite-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Свежи ливчиња нане
    • rn011

    • Маслиново или бадемово масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Ливчињата нане измијте ги и ставете ги во аван со толчник, па потоа додајте пола лажичка масло.
    2. rn011

    3. Сè заедно добро изгмечете, додека не добиете густа паста. Ако се работи за поголема количина употребете рачен миксер или блендер.
    4. rn011

    5. Пастата нанесете ја на подрачјето околу очите и оставете да делува околу 30 минути, а потоа лицето измијте го со млака вода. После третманот нанесете хидратантна крема.
    6. rn

  • Коктел на денот: Замрзнато Мохито

    Коктел на денот: Замрзнато Мохито

    Автор: Маја ЛинковаrnrnКако се разладувате во летните горештини? Пиете ладна вода, јадете сладолед, или пак можеби правите овошни коктели? Доколку се одлучите за коктели, ви го препорачуваме замрзнатото Мохито.rnrnGT0104_frozen-mojitorn

    Потребни состојки за 2 чаши:

    rn

      rn011

    • 60 мл шербет (еднаква количина шеќер и вода се варат сè додека шеќерот не се растопи)
    • rn011

    • Сок од 2 лимети
    • rn011

    • 12 свежи лисја нане, плус за декорација
    • rn011

    • 2 чашки кршен мраз
    • rn011

    • Бел рум
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сирупот, сокот од лимета и нането во блендер, мешајте додека не се соединат состојките. Додадете ги румот и кршениот мраз и мешајте додека не стане пенливо. Добиениот коктел ставете го во две чаши и додајте по едно гранчиња нане за декорација. Нека ви е на здравје!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашен сладолед од нане

    Домашен сладолед од нане

    Домашно освежување за жешките летни денови

    rnДомашен сладолед од нанеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 500 мл слатка павлака
    • rn011

    • 250 мл млеко
    • rn011

    • 80 грама свежо нане
    • rn011

    • 2 големи јајца
    • rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 60 грама темно чоколадо, искршено на ситни коцкички
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во блендер ставете ги слатката павлака, млекото и нането и мешајте додека нането сосема не се иситни.
    2. rn011

    3. Смесата од блендерот ставете ја во сад на оган, оставете да зоврие и потоа тргнете ја настрана да се излади околу 15 минути. Додадете ги изматените јајца и шеќерот и варете на умерена температура додека смесата не се згусне. Мешајте константно и не дозволувајте смесата да зоврие уште еднаш.
    4. rn011

    5. Потоа смесата ставете ја во сад користејќи цедалка и оставете ја добро да се излади. Потоа останува само уште да го додадете ситно исечканото чоколадо и да го оставите сладоледот во замрзнувач за добро да се стврдне.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрав напиток од нане за освежување во топлите денови

    Здрав напиток од нане за освежување во топлите денови

    Подготовките за летото веќе започнаа, барем што се однесува до оние кои треба да го доведат вашето тело во топ форма. Заедно со вежбањето и здравата исхрана, секако мора да водите сметка и за тоа што пиете. Еве идеја за еден вкусен и здрав напиток, кој секако, ако го комбинирате со скара, ништо не правите.rnrnzdrav-napitok-od-nane-za-osvezhuvanje-vo-toplite-denovi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Сезонско овошје по желба
    • rn011

    • Смрзнати праски
    • rn011

    • Сечкан ананас
    • rn011

    • Една банана
    • rn011

    • Свежо нане
    • rn011

    • Сок од јаболко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер ставете го овошјето што го имате во моментот, замрзнатите праски и ананасот. Се препорачува праските претходно да ги ставите во ладилникот за да се добие ладна густа смеса. Но, не мора, може и само да додадете неколку коцки мраз. Додајте ја и бананата и ливчињата нане. Налејте и сок од јаболко и блендајте додека не добиете мазна смеса.rnrnНека ви е на здравје!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ништо полесно! Домашен сладолед од само 3 состојки

    Ништо полесно! Домашен сладолед од само 3 состојки

    Променете го мислењето дека за домашен сладолед ви требаат многу состојки, труд и време. Овој овошен сладолед ќе го направите брзо и лесно, а основната состојка која ви е потребна се бананите.

    rnIce creamrn

    Потребни состојки (за 4 топки):

    rn

      rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • Јагоди
    • rn011

    • Ливчиња од свежо нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Бананата и јагодите замрзнете ги и потоа извадете ги од фрижидерот и оставете ги неколку минути надвор малку да се отпуштат за да можете да ги миксирате (но сепак да останат замрзнати).
    2. rn011

    3. Потоа миксирајте со рачен миксер или во блендер, додека не добиете густа паста. Ако е потребно додадете лажица-две вода. Додајте ги и ливчињата нане и повторно промешајте.
    4. rn011

    5. Ставете ја смесата во сад, поклопете ја и вратете ја во замрзнувачот. Оставете ја таму додека не постане цврста, но сепак да може да се извади со лажица. Доколку сакате, на секои 15 минути можете да ја промешувате смесата со лажица и повторно да ја враќате во фрижидер.
    6. rn

    rn

    Совети:

    rn

      rn011

    1. Количината на јагодите и нането одредете ја според вашиот вкус. По желба смесата можете да ја засладите, но имајте предвид дека бананата дава природна блажина.
    2. rn011

    3. Ако не го изедете целиот сладолед, можете да го вратите назад во замрзнувачот, но пред да го послужите повторно треба да го извадите малку да омекне.
    4. rn011

    5. Основата на сладоледот се бананите, а останатите состојки можете да ги менувате и додавате по желба, на пример чоколадо, карамела сос, друго овошје.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магичен напиток за слабеење од зелен чај

    Магичен напиток за слабеење од зелен чај

    Популарниот американски доктор, Доктор Оз, осмислил ефикасен напиток кој придонесува во борбата со килограмите. Човекот кому му верува цела Америка, но и многу гледачи на неговата емисија ширум светот, често ги фали моќта и благотворните својства на зелениот чај, посебно за чистење на организмот и одржување на виталноста. Затоа воопшто не е чудно што токму зелениот чај е основата на овој магичен пијалак за слабеење кој тој го смислил. Напитокот по овој рецепт го забрзува метаболизмот и го прочистува организмот, па е идеален за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.rnrnmagichen-napitok-za-slabeenje-od-zelen-chaj-kafepauza.mkrnrnД-р Оз истакнува дека една шолја зелен чај е доволна за неколку чуда: забрзување на метаболизмот за 12%, регулирање на шеќерот во крвта, смалување на ризикот од срцев удар и разни облици на тумор, подигнување на имунитетот, како и на расположението. Ако не го сакате вкусот на зелениот чај, додатоците во овој напиток, мандарината и нането, ќе ви помогнат да го засакате овој здрав течен додаток на вашата секојдневна исхрана.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 5 ќесички зелен чај
    • rn011

    • 1 мандарина
    • rn011

    • 1 шака свежо нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во литар врела вода, додајте 5 ќесички зелен чај и оставете ги да отстојат 3 минути. Потоа извадете ги ќесичките и почекајте да се олади.
    2. rn011

    3. Мандарината исечете ја на парчиња. Ако можете, користете непрскана мандарина за да можете да ја сечете сосе лушпата, или во спротивно излупете ја, но задолжително оставете го белиот дел од кората.
    4. rn011

    5. Во голема тегла или бокал со капак ставете го зелениот чај, додајте ги парчињата мандарина и свежите ливчиња нане. Затворете ја теглата и оставете ја преку ноќ за состојките добро да се соединат.
    6. rn

    rnПола литар по лице е доволна количина за еден човек во текот на следниот ден.rnrnДоктор Оз препорачува по една шолја од овој напиток да се пие пред секое јадење и ветува добиена битка во борбата со килограмите.

  • Навистина делува: Чудотворен напиток за топење на салото околу стомакот

    Навистина делува: Чудотворен напиток за топење на салото околу стомакот

    Веројатно и оваа година не почнавте навреме да се подготвувате за летото, но без грижа, овој напиток ќе надомести за пропуштеното.rnrnnavistina-deluva-chudotvoren-napitok-za-topenje-na-saloto-okolu-stomakot-kafepauza.mkrnrnОва е навистина чудотворен напиток кој секој може лесно да го подготви, а докажано делува, бидејќи го конзумирале и учесниците на американскиот натпревар „The Biggest Loser“ кои во текот на неколку недели покажале значајни резултати.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 литри вода
    • rn011

    • 6 грејпфрути
    • rn011

    • 1 мандарина
    • rn011

    • ½ краставица (излупена)
    • rn011

    • Неколку свежи ливчиња нане
    • rn011

    • Мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОвошјето и зеленчукот најпрво излупете ги, а потоа испасирајте ги и ставете ги во водата. Додајте ги нането и мразот. За подобар ефект, оставете го напитокот да отстои два часа, а потоа конзумирајте го во текот на целиот ден.