Артистката Аелија Петро работи со различни видови уметност, но неодамна решила да се впушти во областа на накитот. Благодарение на нејзината неверојатна фантазија, таа создала креативни и уникатни парчиња накит кои ќе ги воодушеват сите девојки ширум светот. Особено оние кои се опседнати со змејови. Погледнете ја нејзината работа и дозволете си неколку минути да се воодушевувате на овие прекрасни парчиња уметност.rnrn
rnrn
Tag: накит
-

Уникатен накит кој ќе направи да се чувствувате како кралица на змејовите
-

Мистични ѓердани кои светат во волшебна тиркизна светлина
Креативната уметница Манон Ричард додава малку магија во нејзината прекрасна колекција разигран, фосфоресцентен накит. Изработувајќи обетки, ѓердани и прстени, таа се инспирира од природниот свет и мистичните универзуми, поврзувајќи ги елементите на Земјината убавина со мистериозен, тиркизен сјај. Резултатите се совршени за оние кои сакаат нивното срце да го чувствуваат светло и детско.rnrn
rnrnМанон користи високо квалитетни материјали кои светат во темнина за да ги нагласи ситните детали на секое парче накит – како што се крилјата на пеперутка или површината на бисер. За да го извлече максимумот од преубавата боја, таа го „полни“ фосфоресцентниот материјал држејќи го под светлина на неколку минути, или носејќи го на сонце. Погледнете.rnrn -

Најновиот моден тренд, кога е накитот во прашање, нема да ве остави рамнодушни
Кога ги гледате хип-хоп музичките спотови и гледате многу, но навистина многу накит на рацете, најверојатно помислувате дека никогаш не би носеле нешто такво. Сепак, ако ги следите модните трендови, тогаш најверојатно ќе го испробате и ова, па уште веднаш можеме да ви кажеме дека воопшто не е лошо.rnrn
rnrnСтанува збор за многу впечатливи прстени на двете раце. Погледнете како изгледа овој масивен накит во своето вистинско светло!rnrn
rnrnНа ревијата на брендот Гучи можеше да се види овој нов моден тренд и бидејќи изгледа феноменално, девојките и жените ширум светот побрзаа да го почнат да го применуваат и во секојдневните модни комбинации.rnrn
rnrnНајважно е прстените да бидат шарени, да имаат пулејки, циркони, бисери и апсолутно не мора да се вклопуваат еден со еден. Овој накит не мора да биде скап, но важно е да не изгледа евтино.rnrn
rnrnНајдобро од сè е тоа што прстените не мора да ги носите само со фустани и свечени комбинации, туку можете да го сторите тоа и со фармерки и блуза, за на лежерните комбинации да им дадете малку гламур. Она што не треба да го носите со овие прстени се, секако тренерките и доста спортските варијанти.rnrn
rnrnОвој тренд навистина ви овозможува многу можности за да си поиграте со модата и да им покажете на сите колку сте шик!rnrn
-

Артистка изработува накит од проѕирни ткаенини, инспириран од морските убавини
Сосема е разбирливо доколку помислите дека предметите во овие фотографии се всушност некој вид морски суштества или типови организми кои живеат на некои други планети. Но, и покрај нивниот вонземјански изглед, тие се форма на деликатен накит изработен од рацете на јапонската артистка Марико Кусумото.rnrn
rnrnКусумото живее во Масачусетс и секојдневно ги изработува нејзините неверојатни парчиња накит, загревајќи проѕирни ткаенини додека не ја добие посакуваната форма. Фундаменталната едноставност на целиот процес создава еден прекрасен контраст со нејзините често сложени дизајни, со цел да произведе парадокс кој е истовремено и магичен и привлечен.rn„Мојата работа рефлектира различни, набљудувачки феномени кои го стимулираат мојот мозок и моите сетила, тие можат да бидат или природни или вештачки произведени. Јас ги реорганизирам во нова презентација која може да се опише како надреална, забавна, грациозна или неочекувана“, вели Марико.
rnПогледнете дел од нејзините фантастични креации.rnrn
-

6 начини како секогаш да изгледате занесно во златна боја
Кога некој ќе спомне „златно“ најверојатно превртувате со очите и не сакате ниту да помислите дека нешто во оваа боја може да го дополни вашиот изглед. Па, таа е толку кич! Сепак, можеби би требало да размислите уште еднаш. Најверојатно имате лоша асоцијација на оваа боја, но доколку е добро комбинирана, златната боја може да изгледа многу отмено и гламурозно, а со самото тоа и вие ќе изгледате како холивудска дива. Па, зошто да не пробате? И не мора да почнете со нешто што изгледа крупно и впечатливо, туку доволно е детаљ за вашата комбинација да заблеска во потполно нов сјај.rnrn
rn1. Накит
rnНајблагата варијанта за занесен, „златен“ изглед се секако деталите, односно накитот. Тој не мора да биде толку впечатлив, туку доволно е да изберете тенок, дискретен ѓердан, бразлетна, или ситни обетки, па целиот ваш изглед да стане впечатлив и ефективен. Секако, доколку сте смели, осудете се да ставите и крупни парчиња накит како масивен ѓердан, бразлетна или прстени. Со ваков накит облечете се сведено, за на крај да не добиете претеран ефект.rnrn
rn2. Каиш
rnКаишот во златни нијанси исто така може да биде одличен додаток на едноставните, еднобојни комбинации. Овој детаљ одлично ќе се вклопи со белите фустани, но исто така може да ги „збогати“ и фустаните во некоја друга боја како сината, зелената, жолтата… Исто така, кога станува збор за самата нијанса на златна, можете да ја изберете и онаа „помирна“, светла или нијанса на старо злато.rnrn

rn3. Обувки
rnДобар избор за дамите кои не сакаат толку златни нијанси, но сакаат некако да ги воведат во своите секојдневни комбинации, се обувките. Едноставни златни салонки ќе ви дадат доволна доза гламур и отменост, без разлика дали ќе ги облечете со некој фустан, или ќе ги вклопите со фармерки и обична бела блуза. Тие секоја ваша комбинација ќе ја „зачинат“ на вистинскиот начин. Со нив додајте и накит или чанта во златна боја и – заблескајте!rnrn
rn4. Парче облека
rnДоколку сакате ефективни златни комбинации, тогаш воопшто не грижете се – изберете некое парче облека во оваа нијанса. Без разлика дали станува збор за блуза, здолниште, џемпер или пантолони, нема да погрешите, а ќе изгледате навистина гламурозно. Со такви ефективни парчиња, задолжително облечете нешто попристојно – ако се одлучите за златно здолниште, тогаш блузата нека биде еднобојна или барем едноставна. Секако, понекогаш и многу смелите комбинации се вистински избор за вас доколку знаете да ги комбинирате на вистинскиот начин. Всушност, облечете се онака како што се чувствувате најпријатно.rnrn
rn5. Дизајн
rnИ златниот дизајн е добра идеја доколку сакате да ја воведете оваа боја во вашиот стајлинг. Најдобрите комбинации се оние со црно и златно, како и бело и златно. Но сепак, повторуваме, бидете слободни да испробате и нешто посмело доколку сакате да експериментирате со својот стил или пак сте во потрага по комбинација која ќе ве остави без здив. Ако направите ваков впечатлив избор, слободно во својата комбинација додајте и неколку „мирни“ бои за да направите баланс.rnrn

rn6. Од глава до пети во златно
rnНа самиот крај, за најхрабрите помеѓу вас, препорачуваме да се облечете од глава во пети во својата омилена нијанса. Изберете впечатлив фустан кој нема да помине незабележано и нека сите очи бидат вперени во вас. Со таквата комбинација вашиот избор нека биде едноставен, пуштена коса, вртоглави потпетици и заводлив, црвен кармин. Секси!rnrn


-

Накит во терариум ви дозволува да понесете дел од природата со себе
Дизајнерката на накит од Ирска, Кети Белс, рачно ги направила овие ситни терариума исполнети со колоритни и прекрасни минијатурни цветови и растенија, користејќи различни природни елементи кои ги пронашла во шумите и планините, дивите ливади и ветровитите плажи. Таа вели дека најмногу ужива кога работи на накит кој го побарале нејзините клиенти и кои имаат свои идеи за тоа како треба да изгледа финалниот продукт.rnrn
rn„Обожавам да правам оригинални парчиња накит. Доколку имате идеја за некаков накит кој сакате да биде изработен, можеби со некои делови од чипката на невестинскиот фустан на мајка ви, цвеќе од некој букет, па дури и прамен коса од вашите најблиски, тогаш контактирајте ме и јас ќе ви направам нешто прекрасно“, вели Кети, обраќајќи им се на сите сегашни и идни муштерии во нејзиниот бутик „Ruby Robin“.
rn
-

Стари, неупотребливи книги трансформирани во прекрасен и екстравагантен накит
Лондонскиот артист Џереми Меј на старите и неупотребливи книги им дава ново руво и нов начин повторно да оживеат, овој пат во форма на скулптури и уметнички дела кои можат да бидат носени во форма на накит. Тој ги трансформира и преобликува текстовите и илустрациите од книгите во модерни прстени, белегзии, ѓердани и многу други слични предмети. Нивниот слоевит и колоритен дизајн воопшто не наликува на книгите и публикациите од кои потекнуваат, напротив, накитот изгледа како сјаен и стилски моден додаток кој воодушевува со различните форми и облици.rnrn
rnrnМеј го практикува истиот прецизен процес на изработка за секое ново парче. Најпрвин, оди до книжарниците и набавува стари книги кои повеќе не можат да се употребат за нивната оригинална намена. Потоа, внимателно ги отстранува страниците и ги спојува една врз друга. Откако ќе ја обликува хартијата во мали скулптури кои веќе полека почнуваат да наликуваат на накит, Меј додава малку сјај и како финален чекор, повторно ги става во просторот од каде што ги создал. Тој ги продава овие модели на својот официјаленвеб-сајт, како и во неколку продавници и ателјеа низ светот.rnrn -

Накит кој во својата внатрешност содржи минијатурни сцени од секојдневниот живот
Погледнете наоколу. Светот е преполн со најразлични приказни кои го одликуваат секој човек. Сѐ што треба да направиме е внимателно да ја погледнеме личноста до нас и да се обидеме да го откриеме нејзиното значење. Во тој контекст, германската артистка Изабел Киефхабер го изработила овој накит од смола, каде секое парче отсликува еден посебен миг од животот. Во еден прстен ќе погледнете човек кој скија. Во друг, пар кој ужива на плажа или игра тенис. Во трет, колачиња. Секое парче накит содржи една посебна, минијатурна сцена од секојдневието.rnrn
rn„Го обожавам дизајнот. Сакам да работам прецизно и внимателно. Обожавам да работам со моите раце и го сакам уникатниот накит.“ – вели Изабел, на нејзиниот официјален веб-сајт.
rnВо продолжение погледнете ги нејзините оригинални прстени и обидете се да останете рамнодушни на креативноста и трпението со кои тие се одликуваат.rnrn
-

Жив накит кој расте додека го носите
Американската цвеќарка Сузан МекЛери изработува накит на кој се прицврстени живи растенија и цвеќиња и кој одговара за секоја пригода, а најмногу за венчавките. Таа рачно ги избира и мести растенијата кои растат од 2 до 4 недели. Подоцна, можете да ги тргнете и да ги засадите во саксија. Така, не само што и понатаму ќе го носите накитот, туку и ќе го зачувате зеленилото во следните неколку години. Затоа Сузан вели дека овој накит е прекрасен и симболичен подарок за невестите.rnrn
rnrnТаа станала цвеќарка сосем случајно. Изработувала накит како хоби кога еден ден нејзината пријателка ја замолила да ѝ ги направи свадбените цвеќиња. Тоа било моментот кога Сузан ја пронашла нејзината вистинска страст. Потоа, започнала да ги изработува овие живи парчиња накит за разни фотосесии и критички била добро прифатена, па решила да започне и професионално да се занимава со ова и да ги продава. Погледнете го прекрасниот накит на Сузан кој сигурно ќе посакате да го носите на вашиот најважен ден.rnrn -

Елегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срце
Благодарение на BeautySpot, сега ќе можете да ја носите вселената околу вашиот врат. Популарниот бутик за накит Etsy shop креирале колекција од модни додатоци наречена „Твојата вселена“ која се состои од ѓердани, белегзии, обетки и прстени од смола, месинг и сребро, во кои се претставени небеските тела од соларниот систем.rnrn
rnrnВисоко квалитетниот, рачно изработен накит е создаден од колекција фотографии од вселената кои ги покажуваат различните осцилации на планетите од Млечниот пат, преработени на начин кој ги открива дури и најситните детали. Резултатот е интересен и се состои од едноставни, колоритни текстури кои одговараат со секоја модна комбинација и се соодветни за секоја пригода. Да се забележи и отслика комплексноста на ѕвездите е една привилегија која нè потсетува колку всушност е неверојатен и чудесен нашиот свет.rnrn




















































































































