Елен Рококо е навистина талентирана артистка од Украина која работи како дизајнер на накит од 2009-та година. Покрај тоа што е дизајнер, таа е стилист, модел, фотограф и музичар. Вистинска креативна душа.rnrn
rnrnОд сите нејзини дела и креации, најимпресивни се неверојатните мистични животни направени од полимерна глина, кристали и метал. Според Елен, овој накит е инспириран од религијата, митологијата и природата. Некои парчиња се инспирирани дури и од луѓето кои ги среќавала во секојдневниот живот. Овој накит дефинитивно му припаѓа на некој друг свет.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Tag: накит
-

Неверојатен накит што крие мистерии од други светови
-

18-годишно девојче од Словенија прави неверојатен накит
18-годишната девојка која има свој бизнис, Maristella, знаела дека ќе биде успешна уште на 13-годишна возраст. Често пати ѝ велеле дека е премногу амбициозна и дека нема да ги исполни нејзините соништа. Но наместо да ги слуша другите, таа работела напорно за да докаже дека можете да постигнете сè, без разлика на вашата возраст.rnrn
rnrnНејзиниот бизнис работи веќе 4 години и е исполнување на нејзиниот сон. Таа продала над 5.000 парчиња накит низ 60 разни држави.rnrn
rnrnИсто така се појавила во многу интернационални магазини и веб-сајтови.rnrn
rnrnСега, како што вели самата, само небото ѝ е граница. Созреала многу, а истото важи и за нејзиниот бизнис.rnrn
rnrnНакитот го изработувала од материјали што ги наоѓала веднаш до нејзината куќа на плажа во Словенија. И денес ги користи истите материјали, а резултатот е неверојатен. Погледнете…rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Неверојатен рачно изработен накит од дрво, опал и смола
Миха е уметница која создава рачно изработен накит од дрво и смола. Неодамна во своите изработки почнала да додава и лабораториски направен опал. Резултатот е уникатен накит кој наликува на мали светови со планини, галаксии и поларна светлина. Овие парчиња накит ќе ве освојат уште на прв поглед.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

6 тренди начини да носите накит ова лето
Ова лето светот на аксесоарите конечно не ни нагласува да носиме чокери и ѓердани околу вратот, туку минималистички ланчиња што изгледаат нежно, софистициарано и модерно. Апсолутен хит се тенките златни ланчиња, односно поголем број од нив што лесно „паѓаат“ од вратот и дискретно „слетуваат“ над градите. Што повеќе – толку подобро е мотото кога станува збор за овој тренд. Но, за да ви дадеме подобра слика за тоа што го зборуваме, погледнете ги во продолжение најдобрите 6 начини да го носите накитот ова лето.rn
1. Разновидни комбинации
rn
rnrnИграјте си со текстурите и усогласувањето на различни видови ланчиња, но погрижете се барем еден од нив да се издвои така што ќе остави забележителен впечаток со својот приврзок. Оваа комбинација е идеална со бела кошула.rn2. Ланче со приврзок во форма на паричка
rn
rnrnИзберете дискретно ланче со доминантни приврзоци во облик на парички коишто се многу популарни за време на оваа летна сезона.rn3. Ланче од школки и златно ланче
rn
rnrnАко нè прашувате нас, ова е најдобриот тренд за ова лето. Вие можете да воведете малку морска атмосфера во секојдневниот живот и да се издвоите од сите околу вас.rn4. Повеќе е повеќе
rn
rnrnСлободно надминете ги границите и комбинирајте различни модели на ланчиња со разновидни приврзоци. Поиграјте си со бисерите, со апстрактните и скулптурираните приврзоци и дозволете ѝ на креативноста да ве обземе целосно.rn5. Минимализам и едноставност
rn
rnrnТргнете ги приврзоците и носете ги само ланчињата. Овој тренд оди на буквално секоја модна комбинација, за секој вид настан.rn6. Логоа од брендови
rn
rnrnИ ова лето доминираат луксузните брендови, па затоа и постојано ги гледаме околу вратовите на жените ширум целиот свет. Но, ако сакате малку да се издвоите, слободно комбинирајте ги со други видови ланчиња со приврзоци во апстрактни форми. -

Сѐ е во пар: Еве како ќе се носи накитот во новата есенска сезона
Кога станува збор за модата, фантазијата е веќе истрошена и скоро сите можности се искористени, па затоа не ни преостанува останува ништо друго освен да рециклираме и да надградуваме, да додаваме нови елементи, материјали, бои и принтови за да го освежиме она што веќе постои. Сличен случај нè чека и оваа есен кога е накитот во прашање. Сѐ е во пар и навистина изгледа доста интересно и занимливо.rnrn
rnrnОткако Гаија Репоси ги претстави дијамантските алки во пар, од која една се наоѓа високо на увото, сите станаа опседнати со тој тренд. Некои дами дури направија друго дупче на соодветно место на увото за да може да ги носат. Други пак, сепак ги искористиле дуплите дупчиња на ресичката и трендот го изнеле на малку поразличен начин.rnrn
rnrnПриказната не се завршува со обетките. Истото правило важи и за идентични големи бразлетни кои ги красат двата рачни зглоба. Зошто да купите една кога двете ќе бидат многу повпечатливи? Моделите навистина мора да бидат забележливи и големи за трендот да биде исполнет.rnrn
rnrn
rnrnПонатаму, приказната нè води до глуждовите. Се сеќавате дека некогаш се носеа бразлетни на нозете? Некако потполно заборавивме на оваа опција, пред сѐ затоа што не ни се допаѓаа многу. Сега овие бразлетни доаѓаат во пар. Сјајно се комбинираат со сандали и папучи и мораме да признаеме, изгледаат добро.rnrn
rnrn
rnrnДали ќе го испробате овој тренд? Впечатлив е, соодветен и доста пристапен, па зошто да не?rnrnБидејќи овој тренд бара добро осмислување и комбинирање, ви препорачуваме да погледнете како да комбинирате повеќе парчиња накит одендаш. -

Како да комбинирате повеќе парчиња накит одеднаш?
„Повеќеслојниот“ накит станува голем тренд, а колку повеќе накит ќе вклопите во една модна комбинација, толку помодерно ќе изгледате. Токму затоа што комбинацијата на повеќе парчиња стана задолжителна, чујте ги советите на дел од најпопуларните дами во модата што ќе ви помогнат при изборот.rn
Кејт Босворт
rn
rnrnЗлатно правило – кога носите повеќе парчиња прстени, важно е оваа комбинација да има приказна. Значи, стилот и дизајнот би требало да бидат слични, односно, најдобро е да изберете ситни прстени кои ќе ги ставите на скоро секој прст. Секако, понекогаш покрупното парче може на вистинскиот начин да го привлече вниманието.rnКаролина Иса
rn
rnrnИсто како и во случајот со прстените, помалку подразбира повеќе. Со други зборови – ако носите ситни, тенки ланчиња, тогаш морате да носите повеќе и тоа со различни должини. Нека некои постепено се спуштаат по вратот и градите, додека други бидат главни, како на пример, ланчето со најголемиот приврзок.rnКјара Ферањи
rn
rnrnКога станува збор за бразлетните, без разлика какви ќе изберете – златни, сребрени, плетени, нека бидат слични по стил и дизајн, а можете да ги комбинирате потенките заедно со повпечатливите и покрупните. Интересните приврзоци исто така доаѓаат предвид.rnАлекса Чунг
rn
rnrnБидете смели и ставете две ланчиња со сосема спротивен стил кој можеби никогаш не би ги споиле и тоа во комбинација со спортска блуза! Изгледа малку винтиџ, малку хипи и многу модерно!rnБехати Принслу
rn
rnrnСлоевитото комбнирање на ланчињата може да биде потполно неочекувано, односно да комбинирате различни стилови и големини кои одлично се совпаѓаат. Слободно комбинирајте тотално рок чокер со нитни заедно со едноставни ланчиња со крупни приврзоци и претворете се во модерна бунтовничка.rnrnПродолжете на следната страница за повеќе модни идеи…rn -

Корисна модна лекција: Како да го изберете соодветниот накит за секој модел на џемпер?
Каде што е зимата, таму се џемперите. Тие се одличен начин да ги сокриеме вишокот на килограми кои ги качивме по завршување на летниот период. Но, да не зборуваме за тоа, поентата е во тоа што веќе дојде сезоната на џемпери, а ние би требало да се занимаваме со тематиката за нивно стилизирање за да изгледаме модерно, стилизирано и како и секогаш, атрактивно. Затоа, на нашето „мени“ денес се наоѓа една доста важна модна лекција, а таа гласи – спој на џемперите и накитот. Секој модел на џемпер бара и одреден модел на накит, а ние сме овде за да ви откриеме како да направите совршена комбинација од истите.rnrn
rnЏемпер: Ролка
rn
Накит: Винтиџ обетки
rnКога ни е ладно, најдобриот начин да се стоплиме и да се чувствуваме пријатно и топло, е да облечеме удобна, мека ролка. Далеку од тоа дека таа не е повеќе модерна, бидејќи познатите личности се доказ дека ролките го добија своето големо враќање на модната сцена, а ние со нетрпение очекуваме да го освежиме нашиот гардеробер со оваа парче облека. Со ролката сјаен избор ќе биде подигнатата коса, без разлика дали ќе биде врзана во коњско опавче или бушава пунџа, а целиот изглед „заокружете“ го со впечатливи винтиџ обетки. Изглед на старо сребро, злато или бронза или пак занимлив „камен“ во јака боја ќе биде полн погодок.rnrn
rnЏемпер: Со долги, широки ракави
rn
Накит: Долги ланчиња
rnЕдноставните џемпери со долги, широки ракави изгледаат доста модерно, а можете да ги носите со здолништа или впечатливи кожни панталони. Секако, ова зависи од вашиот вкус. Овој занимлив модел на џемпер ќе направи и вие самите да изгледате така, а доколку џемперот е еднобоен, со едноставна боја и форма, тогаш освежете го со долго ланче кое или ќе биде во слоеви (спојте повеќе) или пак ќе има впечатлив, крупен превезок. И во овој случај одлично ќе ви прилега подигната коса, освен доколку веќе имате краток, модерен паж.rnrn
rnrnЏемпер: Кардиган
rn
Накит: Асиметрични обетки
rnЛесните работни комбинации освежете ги со модерен кардиган, а за да изгледате уште поатрактивно, тогаш понесете оригинални асиметрични обетки. Тие самите по себе се прекрасни, а можете да изберете и обетки кои меѓусебно се разликуваат, што ќе биде уште подобар и поразличен избор, зар не? Бидете смели!rnrn
rnЏемпер: Со спуштени рамена
rn
Накит: Впечатливи прстени
rnЏемперите и тоа како може да изгледаат заводливо и секси, особено ако ги изберете оние со спуштени рамена. Затоа, немојте да се сомневате, изберете баш таков модел! Косата пуштете ја да паѓа, навиткајте ја во благи бранови, а својот изглед надополнете го со впечатливи, крупни прстени. Голите рамена ќе ги истакнете со локните, а деталите кои ќе го подигнат вашиот изглед на едно повисоко ниво се токму прстените. Можеби е ситно, но никако незабележливо!rnrn
rnЏемпер: Без ракави
rn
Накит: Бразлетни
rnЏемперот без ракави е одличен избор за комбинирање со кошула, а доколку го носите со блузи со ¾ должина на ракавите, тогаш вашата комбинација можете да ја заокружете со интересни бразлетни. Всушност, повеќе од нив! Слободно ставете неколку различни, а сепак бразлетни со сличен стил и ќе бидете апсолутно во тренд.rnrn

-

Направете сами: 5 практични идеи за организирање на вашиот накит
Модните додатоци и накитот отсекогаш биле незаменлив дел од секој ефективен изглед. Добро избраниот накит ја истакнува вашата индивидуалност, дава доза на елеганција во вашиот изглед и прави сите да ве забележат. Доколку обичната бела блуза и фармерки ги надополните со преубави обетки, ќе изгледате совршено. Па затоа, организацијата на накитот може да претставува проблем за многумина девојки. Ланчињата се замрсуваат, обетките се губат, ништо не ви е на дофат на рака. Затоа решивме да погледнеме како другите се сетиле да го организираат својот накит и наидовме на голем број сјајни идеи, кои не само што засекогаш ќе го решат проблемот со организирањето на вашиот накит, туку исто така може да ви послужат и како мал украс во вашата соба.rnrn
rnrn1. Искористете стара летва и модерна рачка за фиока за да направите совршен држач за вашите ѓердани. Ова е навистина едноставно, а ефективно решение. Најважно е да одвоите малку од своето време и да пронајдете совршена рачка, со интересен дезен. Секако, и винтиџ дизајните се во тренд, па затоа можете да погледнете дали случајно дома ви се наоѓа некое старо парче мебел од кое можете да ги извадите рачките. После ова, доволно е да изберете стара летва или гранка, да ја исчистите и да ја премачкате со лак за заштита на дрво. Изберете лак со мат финиш. Распоредете ги и залепете ги рачките. Толку е едноставно.rnrn
rnrn2. Старите рамка и плута кои ќе ги бојадисате во бела или златна боја, може да направат вашиот накит да изгледа како уметничко дело! Можете да пронајдете плута во која било подобро опремена работилница за куќи, а за убави стари рамки посетете ги антикварниците. Рамката и плутата можете да ги бојадисате и украсите како што ќе посакате, но задолжително одберете палета на бои што одговараат едни со други и не користете повеќе од две. Запомнете, накитот е тој што ќе биде вистинскиот украс.rnrn
rnrn3. Минималистичко, а ефикасно решение – гранка и закачалки за пешкири или крпи. Многу едноставно, зарем не? Како и во првиот случај, и овде е важно да изберете убава гранка и да ја заштитите со лак. Кога ќе ги избирате закачалките, задолжително понесете ја гранката со вас за да ја изберете соодветната големина. Друго нешто што ќе ви биде потребно е пиштол со силикон и канап. Внимателно зацврстете го канапот на крајот од гранката и откако ќе бидете задоволни како тој е замотан и поставен, прицврстете го со силикон. Распоредете ги закачалките на гранката и залепете ги со суперлепак за тие да стојат на своето место.rnrn
rnrn4. Кутијата за чување на приборот за јадење, може да ви послужи и за чување на накитот. Ова не би му паднало секому на памет, а сепак решението е сјајно. Пронајдете или направете плитка дрвена кутија како онаа во која се чува прибор за јадење, префарбајте ја и прицврстете пар закачалки во неа, како и на нејзиното дно за да можете да ги закачете сите ваши синџирчиња.rnrn
rnrn5. Уште една интересна идеја е бела гранка или еленов рог како украсен детаљ. Можеби тешко ќе најдете вештачки рогови од елен, но затоа пак слободно можете да наидете на неколку бели гранки. Наредете ги гранките во некој интересен облик, залепете и оставете да се исушат. Потоа, заштитете ги со мат лак, а краевите бојадисајте ги во златна боја за дрво. Ова е преубав украс и фантастичен начин за да ги чувате вашите нараквици и обетки.rnrn
-

7 генијални начини на кои можете да ги искористите шолјите за кафе како декорација во домот
Доколку купивте нови шолји за кафе, а мислите дека старите повеќе не ви се потребни, тогаш се лажете! Наместо да ги фрлите или пак, да ги ставите во некоја фиока и целосно да заборавите на нив, можете да ги искористите како сјајна декорација за вашиот дом. Затоа ви предложуваме да ги погледнете овие 7 феноменални идеи и да го украсите вашиот дом со еден необичен, оригинален детаљ.rnrn
rnrn1. Доколку ги свртите шолјите наопаку и ги наредите една врз друга со помош на чинии, ќе добиете несекојдневен држач за колачи каков што нема никаде да се купи. Вака наредените шолји може да послужат и како интересен свеќник!rnrn
rnrn
rnrn2. Доколку сте вешти со топење восок за свеќи, тогаш можете да направите уште една варијанта на свеќник. Сè што е потребно е шолјата да ја наполните со восок. Доколку нејзиниот дизајн е романтичен, свеќникот ќе изгледа нежно, додека модерните облици ќе бидат идеални за оние кои го сакаат таквиот стил.rnrn
rnrn3. Многу девојки и жени не знаат каде да го чуваат својот накит, но шолјите за кафе и тука можат да ви помогнат. Оваа декорација е секако поинтересно од која било друга.rnrn
rnrn4. Сите оние кои сакаат да шијат, може да ја искористат шолјата за кафе како идеален држач за перничето за игли.rnrn
rnrn5. Доколку сте доволно вешти и имате доста цврсто лепило, можете да ги искористите и за да направите ѕиден часовник, кој ретко може да се види на некое друго место.rnrn
rnrn6. Симпатичните, мали билки не мора секогаш да стојат во саксии. И во оваа прилика искористете ги шолјите за кафе како замена за саксиите кои веруваме дека совршено ќе се вклопат во вашата кујна.rnrn


rnrnОвој зачин е уникатен, поради фантастичниот вкус и здравствените придобивки од неговата употреба. Во неговото производство се вложува огромен труд и време, но квалитетите што ги поседува шафранот не можат да се споредат со ниту еден друг зачин.rn
rnrnСтанува збор за најпознатиот скапоцен метал, особено популарен кај жените во вид на накит. Златото е почитувано од памтивек, а луѓето кога сакаат да пофалат или истакнат одредена убава работа ја споредуваат со неговата скапоценост.rn
rnrnИсклучително редок метал. За да се долови во колкаво мало количество е присутен, треба да се нагласи фактот дека во еден тон од Земјината кора, родиумот е застапен со само 0,001 грам.rn
rnrnОва е редок и скапоцен метал со сребрена боја. Исто како и златото, платината е отпорна на киселини, алкалии и други соединенија.rn
rnrnОваа супстанца е забранета со закон. Таа е психостимуланс од класата на психоактивни лекови фенетиламин и амфетамин.rn
rnrnОвие рогови имаат голема вредност поради лековитите својства кои ги содржат, како и за изработка на големи и цврсти рачки за ножеви. Поради ловокрадците, носорозите се речиси на работ од истребување.rn