КАФЕ ПАУЗА

Tag: најпознати

  • Потеклото на најпознатите плоштади

    Потеклото на најпознатите плоштади

    Плоштадите се места каде што луѓето се среќаваат, прават бизнис зделки, се дружат или дискутираат за политика. Овие места ја комбинираат историјата на градот со моменталната атмосфера. За патниците, токму плоштадите се првите места кои тие ги посетуваат.rn
    rn

    Плоштадот Навона во Рим

    rnНа местото каде што денес се наоѓа плоштадот Навона, порано се наоѓал староримски стадион изграден од императорот Диоклецијан. Стадионот имал овална форма, исто како и денешниот плоштад. Плоштадот Навона е познат по Фонтаната на четирите реки кои всушност ги претставуваат четирите големи реки од познатите континенти: Нил во Африка, Ганг во Азија, Дунав во Европа и Рио де ла Плата во Америка. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Конкорд во Париз

    rnСместен во средината на Елисејските полиња, Плоштадот Конкорд изобилува со статуи сместени околу 3000 години стариот обелиск, подарок од Египет за Франција во 1829 година. Кога плоштадот бил изграден во 1763 година, тој бил на самиот раб на градот, кога граничел со полиња и градини. Елеганцијата на овој плоштад стои наспроти неговата мрачна историја, кога Конкорд бил место каде биле егзекутирани кралот Луј XVI, Марија Антоанета и Максимилијан Робеспјер. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Свети Марко во Венеција

    rnОвој плоштад го добил своето име според истоимената базилика Свети Марко и модерната палата Дукале, најпознатите венецијански атракции кои се наоѓаат една до друга. Плоштадот Свети Марко е создаден за време на првите денови од прогласувањето на Венецијанската Република. Заради нивната големина, токму овие градби се првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете во Венеција. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Црвениот плоштад во Москва

    rnИмето на овој плоштад не се поврзува со црвената боја, ниту со комунизмот. На руски се вика Krásnaja Plóščaď, што во превод значи убав или црвен плоштад. Најпозната атракција на овој плоштад е катедралата Свети Василиј, препознатлива по нејзините шарени куполи. На Црвениот плоштад, исто така, се наоѓаат и мавзолејот на Ленин и црквите и палатите на Кремљ. Во минатото, Црвениот плоштад бил пазар, место за крунисување на царевите, терен за воени паради, а денес е и концертна сцена. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Големиот плоштад во Брисел

    rnТрагедијата понекогаш може да доведе до големина. Откако централниот плоштад во Брисел бил уништен во војната со Луј XIV во 1695 година, градоначалниците на Белгија одлучиле да изградат нов плоштад, каде што сите градби ќе имаат иста висина и барокна фасада. Така, по четири години интензивна работа, беше создаден Големиот плоштад. Денес на Големиот плоштад се наоѓаат градското собрание, една црква и еснафски куќи за различни професии. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот на имамот во Иран

    rnПлоштадот на имамот е вториот најголем плоштад во светот, веднаш зад плоштадот Тјенанмен во Пекинг. Конструкцијата на џамијата на овој плоштад е слична со конструкцијата на Таџ Махал. На овој плоштад, освен главната џамија, се наоѓаат и џамијата на шеикот Лотф Алах, Кралската палата и чаршијата која води до северната страна на плоштадот. Многубројните чајџилници на плоштадот ја надополнуваат глетката на плочките кои ја менуваат бојата во зависност од позицијата на сонцето. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Вашингтон сквер парк во Њујорк

    rnПред три децении Вашингтон сквер парк во Њујорк беше збиралиште на дилерите на дрога. Меѓутоа, со неговата реставрација која вклучуваше детално уредување и центрирање на фонтаната, ова место го доби својот гламур. Историјата на Вашингтон сквер парк опфаќа најразлични протести, закопи и паради. Денес во близина на фонтаната се собираат џез музичари кои импровизираат со музиката. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот во стариот дел од градот Краков

    rnВеќе 800 години по ред, секој час од кулата Света Марија во стариот дел на Краков се слуша звук што означува предупредување. Уште од тоа време овој плоштад бил најголемиот средновековен плоштад во Европа. Тоа што порано бил пазарот во овој дел од Краков, денес е продавница за рачно изработени чипка, накит од килибар, украсни јајца во рококо стил и многу други орнаменти. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот во стариот дел од градот Прага

    rnПлоштадот во стариот дел од градот Прага претставува хармонија на романескни, барокни и готски градби. Со векови ова место било центар на трговијата, сè додека во 1990-тите години не се појавиле договорите за приватизација. Во средината на плоштадот се наоѓа статуата на Јан Хус, верски реформатор кој бил изгорен на клада заради неговите верувања. Најинтересната атракција на овој плоштад е астрономскиот часовник, на кој секој час е претставен со симболични фигури, како што се Суетата и Смртноста. Потеклото на најпознатите плоштадиrn

    Плоштадот Зокало во Мексико Сити

    rnПлоштадот Зокало е центар на животот во Мексико Сити од времето на Ацтеките. Опкружен е со федералните згради и Националниот дворец, а како најголема градба се издвојува катедралата, до која се наоѓа музејот во кој се изложени сите предмети пронајдени од ископувањата кои, исто така, се вршат во непосредна близина на катедралата. На овој плоштад секојдневно може да се сретнат улични забавувачи маскирани како Ацтеки кои го вршат ритуалот на прочистување пред катедралата. Потеклото на најпознатите плоштади
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите дијаманти низ историјата

    Најпознатите дијаманти низ историјата

    Дијамантите, како неуништливи скапоцени камења, претставувале мета за многу владетели, и за нив се воделе едни од најкрвавите битки низ историјата. Својата популарност ја добиваат во 19 век, кога техниките за нивно брусење биле усовршени, а постоеле и креативни кампањи за нивно рекламирање. Иако, за многу од дијамантите се поврзани трагични пророштва, тоа ни малку не ги поколебало големите императори да се борат за нив и гордо да ги поседуваат. Дијамантите, како безвременски скапоцени камења, се главна инспирација за многу филмови, книги, легенди.rnrnОвде ви ги претставуваме најпознатите дијаманти низ историјата и легендите поврзани за нив:rn

    Tiffany Yellow Diamond (Жолтиот дијамант Тифани)

    rnМожеби не сте знаеле, но легендарниот филм „Појадок кај Тифани“, освен по преслатката Одри Хепберн, е познат и по специјално дизајнираниот брош наречен „Птицата на каменот“, кој е изработен токму од дијамант од „Тифани“. Компанијата Тифани е таа која денес го поседува дијамантот, а го има купено во далечната 1879 година за само 18.000 долари. Тогаш, овој дијамант не бил многу популарен. Но, по само неколку години, добива огромна популарност, со изјавата на монархот на Кина Ли Хунг-Чанг, кога во 1896 година огласува дека единствено нешто што сака да види во животот е Жолтиот дијамант. До крајот на 1983-та година, дијамантот се проценува на 12 милиони долари.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnЖолтиот дијамант Тифани е еден од најголемите дијаманти, со тежина од 287,42 карати. Откриен е во Јужна Африка, а точната година е непозната. Се претпоставува дека е откриен во 1877 или во 1878 година. Во 1957 година, госпоѓата Шелдон Вајтхаус, била првата дама која ја имала честа да го носи овој дијамант. После тоа, единствена друга жена која го носела овој голем дијамант, е Одри Хепберн во 1961 година, за снимањето на филмот „Појадок кај Тифани“.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrn

    Centenary Diamond (Стогодишен дијамант)

    rnСтогодишниот дијамант е пронајден во 1986 година, во Јужна Африка. Во тоа време, само неколкумина знаеле за дијамантот и биле заколнати на молчење. На јавноста дијамантот ѝ е откриен дури во 1991 година. Со 273,85 карати, претставува третиот по големина дијамант, откриен од страна на рудникот Премиер. Неговата специфичност е во тоа што, се вбројува во еден од најголемите дијаманти со перфектна боја. Според Толковски, еден од најпознатите брусачи и експерти за дијаманти, стогодишниот дијамант вчудовидува со својата јасност:rn
    rn

    „Вообичаено треба длабоко да погледнете во дијамантот, за да ја процените неговата боја, но кај стогодишниот дијамант тоа се забележува уште од самата површина.“

    rnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnНе се знае дали дијамантот е продаден, ниту по која цена. Компанијата во чија сопственост е дијамантот, Групацијата Де Бирс, се повикува на својата полиса за чување информации на своите клиенти.rn

    Hope Diamond or Blue Diamond (Дијамантот на надежта или Синиот дијамант)

    rnДијамантот со исклучително сина боја, е еден од најпознатите дијаманти во светот. Се верува дека токму овој дијамант е еден од најпосетуваните експонати во светот, веднаш после Мона Лиза. За Синиот дијамант е интересно тоа што за него е поврзана легендата за пророштвото на дијамантот. Имено, според легендата, секој кој го поседува или само ќе го допре дијамантот, се соочува со несреќа и трагедија.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnСиниот дијамант со 45,52 карати е пронајден во Индија од страна на крстителот Џон Таверниер, во 17 век. Потоа од него го купил францускиот крал Луј XIV, а го носела и познатата кралица Марија Антонета. По неговото исчезнување, повторното појавување и долгогодишната историја на различни сопственици, Синиот дијамант денес се наоѓа во Вашингтон, Америка.rn

    Orlov Diamond (Орлов дијамант)

    rnОрловиот дијамант потекнува од Индија, а денес го поседува руската фондација „Kremlin Diamond Fund“. Годината кога е пронајден е непозната, а не се знае ниту првичниот сопственик. Со тежина од 189,62 карати и сино-зелена нијанса, претставува еден од најважните скапоцености во најголемата колекција на скапи камења и накит, Богатствата на дијамантскиот фонд, Гокран. Кралицата Катерина Велика го поседувала дијамантот, кој бил поставен во царскиот жезол, којшто го држи на фотографијата.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnСпоред легендата, кога француските сили влегле во Москва во 1812 година, Наполеон наредил да се пронајде дијамантот. Во тоа време  дијамантот бил сокриен во гробот на еден свештеник во Кремлин. Кога Наполеон ја дознал точната локација, заедно со своите војници лично отишол да го земе дијамантот. Но, во моментот кога еден од војниците се пружил да го дофати, се појавил духот на свештеникот и ги проколнал. Така, Наполеон останал со празни раце и си заминал од Москва без дијамантот.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrn

    Spoonmaker’s Diamond (Касики)

    rnСпунмејкер-дијамантот, познат и како Касики, е највредниот експонат изложен во најпознатата турска кралска палата „Topkapi Palace Museum“. Во форма на круша и со тежина од 86 карати, го зазема четвртото место на најголеми дијаманти од својот вид. Иако постојат многубројни легенди за неговото потекло, сепак вистинското потекло и за тоа како се нашол во музејот Topkapi, се непознати.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrn

    The Sancy Diamond (Дијамантот Санси)

    rnДоколку се наоѓате во Париз, вистинско време е да го посетите музејот Лувр и да го видите дијамантот Санси. Токму овој скапоцен камен има една од најинтересните и најзаплетканите истории од сите познати дијаманти во Европа. Со бледо-жолтеникава боја и со 55,23 карати, претставува еден од првите големи дијаманти кои се брусени симетрично.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnОд францускиот амбасадор Николас Халај во 1570, скапоцениот камен го поседувале Хенри III, потоа Хенри IV и францускиот крал Луј XIV. На почетокот на Француската револуција каменот исчезнува, за потоа повторно да се појави во 1828 година, и да биде продаден за 100.000 долари. Во 1906 година, дијамантот го купува Вилијам Волдорф Астор, како свадбен подарок на неговиот син. Денес дијамантот се наоѓа во познатиот музеј Лувр, во Париз.rn

    The Great Star of Africa (Големата ѕвезда на Африка)

    rnОвој дијамант уште е познат како и Кулинан I. Сo 530,20 карати го зазема второто место од најголемите сечени дијаманти во светот. Наречен е Кулинан I, бидејќи е најголемиот од деветте камења исечени од дијамантот „Кулинан“. Името Кулинан пак доаѓа од Томас Кулинан, кој го отворил рудникот каде бил пронајден самиот дијамант.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnДијамантот Кулинан I спаѓа во наследството на Велика Британија и може да се види во кралската палата во Лондон. Дијамантот Кулинан II пак, е вграден во Кралската круна и исто така може да се види во Кралската палата во Лондон, како дел од кралските скапоцености. На многу од портретите на кралиците на Англија, Мери I и Елизабета I, може да се види овој преубав дијамант.rn

    Koh-i-Noor Diamond – „Mountain of Light“ (Планина на Светлината)

    rnKoh-i-Noor е откриен во Индија, а преведено од персиски јазик означува планина на светлината. Со своите 105 карати, претставувал вистинска мета за различни владетели низ историјата, кои воделе големи битки само за да го добијат. Поседува исклучително бела боја. Се вели дека кој го поседува овој дијамант, може да владее со светот.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnЗа потеклото на скапоцениот дијамант нема единствено гледиште. Според легендата, дијамантот потекнува уште пред времето на Исус Христос. Теоријата посочува дека најверојатно се појавил на почетокот на 14 век. Додека историјата пак, тврди дека каменот постои последните два и половина века. Најпрвин, каменот го поседувале Монголите во 16 век, за потоа да го изгубат од Ирачаните, а Авганистанците пак да го земат од нив. Потоа, дијамантот го поседувале Индијците, а Британците се тие на кои им припаднал. Денес, каменот е вграден во круната на британската кралица Елизабета.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.