КАФЕ ПАУЗА

Tag: најплатени

  • 10-те најплатени Инстаграм профили

    10-те најплатени Инстаграм профили

    Водењето блог некогаш било начин да ја зголемите вашата самодоверба. Но денес супермоделите имаат профили со илјадници следбеници и знаат како да ги претворат лајковите во пари. Погледнете ги 10-те најпопуларни Инстаграм профили кои им носат милиони на сопствениците. Овие луѓе навистина знаат како да го претворат своето хоби во добро платена кариера.rn

    1. Даниел Бернстајн

    rn(1)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mkrnrn25-годишната дизајнерка се прославила кога го почнала блогот We Wore What. Нејзиниот блог брзо се прославил, како и нејзиниот Инстаграм профил. Сега со повеќе од 1,7 милиони следбеници на Инстаграм, таа е една од најпознатите модели. Иако не сака да зборува за пари, таа заработува речиси 15.000 долари од објава.rn

    2. Кијара Ферањи

    rn(2)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mkrnrnБлогот на Италијанката Кијара, The Blond Salad, се наоѓал на врвот речиси 9 години. Ако ги разгледате нејзините фотографии ќе ја забележите трансформацијата од непозната русокоса со брендирани чанти до вистинска стилска икона. Денес нејзиниот Инстаграм профил има речиси 10 милиони следбеници, а секоја спонзорирана објава ѝ носи илјадници долари. Нејзината годишна заработка е околу 8 милиони долари.rn

    3. Венди Нгујен

    rn(3)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mkrnrnВенди завршила психологија и станала многу позната модна блогерка на Твитер, Фејсбук и Јутјуб. Нејзиното видео насловено „25 начини за носење шал во 4,5 минути“ (25 Ways to Wear a Scarf in 4,5 Minutes) е прегледано над 25 милиони пати. Нејзиниот Инстаграм профил има 1 милион следбеници. Иако нема податоци за нејзината годишна заработка, се претпоставува дека таа изнесува околу 1 милион долари.rn

    4. Брајанбој

    rn(4)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mkrnrn24-годишниот блогер од Филипините почнал да објавува фотографии со патување, а потоа го пренасочил своето внимание кон модата. Неговите интересни објави привлекле илјадници следбеници речиси веднаш. Bryanboy е познат по неговите уникатни модни комбинации. Многу познати модни дизајнери се пријатели со овој блогер.rn

    5. Ејми Сонг

    rn(5)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mkrnrnОваа блогерка и дизајнерка на ентериер има блог со име Song of Style. Таа ги објавувала своите дела бесплатно, но кога се прославила решила да ги претвори нејзините идеи во пари. Ејми работи со познати дизајнери, а нејзиниот Инстаграм профил со 4,6 милиони следбеници ѝ носи голема заработка.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Најплатените модели во светот за 2016 година

    Најплатените модели во светот за 2016 година

    За модната елита, бројот на следбеници на социјалните мрежи станува сѐ позначаен. Иако Жизел Бундхен сѐ уште претставува модел којшто најмногу заработува и тоа 30,5 милиони долари годишно, Кендал Џенер која е трето место на листата и новодојдената Џиџи Хадид со петто место, полека, но сигурно се искачуваат на скалата со тоа што ги искористуваат многубројните следбеници на Инстаграм за да бидат повеќе профитабилни.rnrn

    Најплатените модели во светот за 2016 година
    Жизел Бундхен
    rnrnЖизел останува жена по која се копнее: 36-годишната убавица заработила повеќе пари од кој било друг модел од 2002 година. Таа профитирала од соработка со Шанел, Каролина Херера и Пантен, а исто така огласува и за чевлите Арезо и „SkyTV“ во нејзината земја Бразил.rnrn
    Најплатените модели во светот за 2016 година
    Џиџи Хадид
    rnrnБундхен ја надминува својата бразилска колешка, Адријана Лима (која се наоѓа на второ место со приходи од 10,5 милиони долари), со 20 милиони долари разлика. Лима, најдолготрајниот Ангел во историјата на Викторија Сикрет, го постигна нејзиниот најголем годишен приход оваа година со помош на договорот со марката „L“, што е во сопственост на гигантот за долна облека, Мејбилајн и часовниците „IWC“, меѓу другите. Заедно, најплатените дваесет модели заработиле вкупна сума од 154 милиони долари во периодот од 1 јуни 2015 и 1 јуни 2016 година, пред оданочување на овој приход. Заедно, овие модели имаат приближно 200 милиони следбеници на Инстаграм.rnrn
    Најплатените модели во светот за 2016 година
    Адријана Лима
    rnrnНајголемиот добитник од година во година е Кендал Џенер, која е на третото место на оваа листа, чиишто приходи се зголемени за 150%, односно 10 милиони долари во 2016 година. Таа има големо присуство на социјалните мрежи и бележи 64,4 милиони следбеници на Инстаграм, повеќе од кој било друг на листата, при што склучила договори со Есте Лаудер и Келвин Клајн кои на нејзината популарност на социјалните мрежи гледаат како на најдобра реклама за купување.rn

    „Нашиот бизнис се промени“, вели Крис Геј, претседател на управниот менаџмент којшто ја претставува Џенер. „Овие модели стануваат сѐ повеќе и повеќе влијателни затоа што тие се канали на медиумите, не се само модели кои можат да бидат лице на кампањата, туку и моќно средство за дистрибуирање.“

    rn

    Најплатените модели во светот за 2016 година
    Кендал Џенер
    rnrnЗаедно со Џенер, на број три се наоѓа и Карли Клос, која ги дуплираше своите приходи од 2015 година со учество во повеќе кампањи од кој било друг модел. Таа рекламира повеќе од 18 различни брендови во периодот, вклучувајќи ги и Лореал и Сваровски.rn

    „Модели, ѕвезди на Јутјуб, ѕвезди на социјалните мрежи – ова е нивната ера“, објаснува Иван Барт, претседател на моделите „IMG“ коишто ги претставува Хадид. „Моделите се на насловните страници на последните две изданија на списанието Вог: Џиџи Хадид во август и Кендал Џенер во септември.“

    rn

    (5) Најплатените модели во светот за 2016 година
    Карли Клос
    rnrnРечиси една третина од овогодишните рангирани се нови. Дебитантската листа вклучува три модели на Викторија Сикрет: Лили Алдриџ, Јасмин Тукес и 20-годишната Тејлор Хил која е најмладиот член со заработка од 4 милиони долари годишно. Ангелите на Викторија Сикрет сочинуваат 30% од продажбата на најплатените модели, благодарејќи на својот профитабилен договор со производителите на долна облека.rnrnЕдна неодамнешна анкета спроведена од страна на „FashionSpot“ којашто анализирала 236 реклами пролетта оваа година, покажала дека 78,2% од вклучените модели се бела раса, додека пак модели од црната раса се појавуваат со 8,3%, азиските сочинуваат околу 4%, а латинските – 1,7%. И покрај зголемените напори на агенциите се промоција на трансродовите или пак моделите со зголемена тежина, нивната застапеност не е голема.rnrnМашките модели не се вклучени во рангирањето, бидејќи тие обично заработуваат многу помалку од женските модели, па оваа е една од ретките професии каде што разликата во плаќањето е спротивна, односно за истата завршена работа, жените заработуваат повеќе. Последен пат Форбс ги рангирал машките модели во 2013 година, каде што Шон О’Прај бил на врвот на листата со околу 1,5 милиони долари годишна заработка.

  • Познати личности кои заработуваат и после смртта

    Познати личности кои заработуваат и после смртта

    Досега многу пати сме се навратиле на славните личности и нивните животи, на тоа колку тие заработуваат и каде ги трошат заработените пари. Она што сега следува е листа на познатите личности кои заработуваат и после нивната смрт.rnrnНивната слава и понатаму живее!rn

    1. Мерлин Монро

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnИако почина во 1962-та година, Мерлин и денес е неприкосновен секс-симбол, а вреди 15 милиони долари годишно.rn

    2. Пол Вокер

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnПознатиот актер кој трагично го заврши својот живот во сообраќајна несреќа, исто така е на листата на најплатени ѕвезди кои заработуваат и после смртта. Неговата заработка изнесува 10,5 милиони фунти годишно.rn

    3. Мајкл Џексон

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnКралот на поп музиката, Мајкл Џексон, во 2009-тата година, после неговата смрт, имал долг од 260 милиони фунти. Шест години после смртта заработил и повеќе од доволно за да го исплати тој долг. Имено, точниот износ на неговата заработувачка бил 653 милиони фунти.rn

    4. Елизабет Тејлор

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnБлагодарение на нејзината линија парфеми „White Diamonds“, познатата актерка која почина во 2011-тата година, заработува неверојатни 20 милиони долари.rn

    5. Елвис Присли

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnКралот на рокенролот, чии хитови се слушаат и денес, на годишно ниво заработува 55 милиони долари.rn

    6. Курт Кобејн

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnЛегендата која ја интригира јавноста и после неговата смрт, заработува неверојатни 50 милиони долари.rn

    7. Џон Ленон

    rnПознати личности кои заработуваат и после смрттаrnrnПопуларниот пејач на Битлси, од продажбата на музичките албуми, годишно заработува 12 милиони долари. Имено, во Америка во периодот од 1992-та година до денес, се продадени преку 63 милиони копии од албумите на позната рок група.rn

    8. Алберт Ајнштајн

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnПознатиот научник, кој почина во 1995-тата година и зад себе остави голем успех во полето на физиката, има годишна заработувачка од 20 милиони долари.rn

    9. Енди Ворхол

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnАвангардниот поп уметник Енди Ворхол бил во право кога рекол дека во иднина секој ќе ги доживее своите 15 минути слава. Неговата годишна заработка изнесува 19 милиони долари.rn

    10. Џ. Р. Р. Толкин

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnДоколку сте ги гледале филмовите од трилогијата „Господар на прстените“ или „Хобит“, тогаш сте му платиле на Толкин. Филмските продукции ги задржуваат авторските права на Толкин, па тој годишно заработува по 7 милиони долари. На тој износ се додава и сумата од продадените книги, играчки и облека.

  • Најплатените музички ѕвезди за минатата година

    Најплатените музички ѕвезди за минатата година

    Музиката инспирира, опушта, охрабрува, расположува, но и им носи еден куп пари на тие што ја создаваат. Албуми, тури, пишување текстови, авторските права и слично, ги полнат џебовите на пејачите и бендовите, зависно од тоа кој колку се потрудил. Доколку сакате да знаете кои музичари заработија најмногу пари претходната година, погледнете ја следнава листа.Најплатените музички ѕвезди за минатата година1. Ју-ту – 195 милиони американски долариrn2. Бон Џови – 125 милиони американски долариrn3. Елтон Џон – 100 милиони американски долариrn4. Лејди Гага – 90 милиони американски долариrn5. Мајкл Бабл – 70 милиони американски долариrn6. Пол Макартни – 67 милиони американски долариrn7. Блек ајд пис – 61 милион американски долариrn8. Иглс – 60 милиони американски долариrn9. Џастин Бибер – 53 милиони американски долари.rn10. Дејв Метјус бенд – 51 милион американски долариrn11. Тоби Кит – 50 милиони американски долариrn12. Ашер – 46 милиони американски долариrn13. Тејлор Свифт – 45 милиони американски долариrn14. Кети Пери – 44 милиони американски долариrn15. Бред Пејсли – 40 милиони американски долариrn16. Том Пети и „Хартбрејкерс“– 40 милиони американски долариrn17. Џеј Зи – 37 милиони американски долариrn18. Бијонси – 35 милиони американски долариrn19. Ејси/Диси – 35 милиони американски долариrn20. Шон Диди Комбс (Пи Диди) – 35 милиони американски долариrn21. Тим Мекгро – 35 милиони американски долариrn22. Мјуз – 35 милиони американски долариrn23. Раскал Флетс – 34 милиони американски долариrn24. Кени Чесни – 30 милиони американски долариrn25. Ријана – 29 милиони американски долариrn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.