КАФЕ ПАУЗА

Tag: најдобри

  • Астрологијата и љубовните комбинации

    Астрологијата и љубовните комбинации

    Оваа пролет љубовта веќе се чувствува во воздухот. Дознајте што велат ѕвездите за астролошките љубовни комбинации, кои знаци ги привлекувате, а кои треба да ги одбегнувате.rnrnАстрологијата и љубовните комбинацииrn

    Овен

    rnНајдобра комбинација: Секогаш активни и авантуристички настроени, овните бараат партнер кој ќе биде покрај нив. Најмногу си одговараат со спонтаните стрелци, од кои ќе добиваат бескрајна поддршка. Оваа комбинација изобилува со романтични чувства, но и смеа и возбуда. Забавната водолија е исто така одличен партнер за овенот.rnrnНајлоша комбинација: Овните не сакаат да бидат спасувани од други. Тие се независни и рамноправни со партнерот. Заради ова, не им одговараат надмоќни знаци, каков што е бикот, затоа што тој никогаш нема да ја разбере нивната индивидуалност, или ракот кој постојано има потреба од покажување емоции.rn

    Бик

    rnНајдобра комбинација: Топли и полни со љубов и поддршка, на бикот му треба партнер кој постојано ќе му дели комплименти, па дури и подароци, со што Бикот ќе почувствува дека е ценет. Кај партнерот најмногу ги цени верноста и посветеноста, карактеристики кои ги поседуваат раковите.rnrnНајлоша комбинација: Биковите сакаат стабилност и безбедност. Не сакаат игри и нема да останат со некој со кој немаат иднина. Овенот и водолијата се знаци кои постојано имаат потреба да доаѓаат и да си одат, со што ќе предизвикаат посесивност кај Бикот и затоа се најлоша комбинација за овој знак.rn

    Близнаци

    rnНајдобра комбинација: Моногамијата не им е силна страна на близнаците, познати по својата расеаност. Партнерот на Близнаците треба пред сè, да биде постојано ментално стимулиран за да може да ги задржи покрај себе. На близнаците најмногу им одговараат екстровертните лавови, иако и овенот и водолијата се исто толку спонтани како и близнаците.rnrnНајлоша комбинација: Близнаците не сакаат премногу емоционални партнери. Чувствителните риби ќе бидат само повредени од самостојноста на близнаците. Девиците пак, брзо можат да им здодеат. Љубоморните скорпии нема да можат да го издржат тестот на заводливиот магнетизам карактеристичен за Близнаците.rn

    Рак

    rnНајдобра комбинација: По природа несигурниот рак бара романтичен, посветен и заштитнички настроен партнер. Идеалниот партнер за него е оној кој знае да сака безусловно, исто како и самиот рак, но е доволно силен да помогне кога ракот ќе се најде во емоционални турбуленции. Според овие карактеристики, на раковите најмногу им одговараат скорпиите.rnrnНајлоша комбинација: Верноста (која се граничи со посесивност) и чувствителноста на раковите им помага полесно да се обврзат на моногамна врска. Колку силни и да се претставуваат, штом бидат повредени, нема да можат да ја сокријат својата болка. Треба да ги избегнуваат близнаците, затоа што нивната слобода може да ја повреди самодовербата на ракот.rn

    Лав

    rnНајдобра комбинација: Можеби е тоа нивната страсна природа, но повеќето лавови бараат партнер кој ќе може целосно да им го посвети своето вниманите за да се чувствуваат задоволни во врската. Лавовите најдобро си одговараат со посветените бикови или романтичните риби кои уживаат да ги задоволуваат потребите на лавот.rnrnНајлоша комбинација: Штом ќе започнат врска, лавовите се целосно посветени на партнерот. Понекогаш знаат да бидат дури и љубоморни. Флертувањето на партнерот со други може да го скрши срцето на Лавот и штом еднаш ќе бидат предадени, лавовите не простуваат и не забораваат. Стрелецот може да биде добар избор за лавот, но неговата заводлива природа едноставно може да биде премногу за него.rn

    Девица

    rnНајдобра комбинација: Ладнокрвната девица тешко дека ќе биде привлечена од некоја смешна романса, но штом еднаш се вљуби, таа е безусловно посветена на партнерот. Девиците бараат трпелив партнер кој не сака да брза. Јарецот, познат по неговата стабилност и внимателниот пристап кон животот, е одличен партнер за Девицата.rnrnНајлоша комбинација: Бидејќи девиците се многу практични кога станува збор за одлуки поврзани со чувствата, па затоа нивната физичка интимност повеќе се темели на усовршување на техниката, отколку на страста. Ако имаат партнер чиј сексуален нагон го надминува оној на девицата, може да се појави љубомора или преголема самокритичност. За девиците најдобро е да ја избегнуваат огнената скорпија.rn

    Вага

    rnНајдобра комбинација: Елегантни и шармантни, вагите постојано бараат почит од оние кои им значат. Нивниот идеален партнер би требал да ужива додека тие го „задушуваат“ со љубов, пстојано подарувајќи му цвеќе, чоколади или посветувајќи му песни. Водолијата може да ѝ понуди на вагата таква романса и да ги задоволи нејзините потреби.rnrnНајлоша комбинација: Вагите владеат со седмата куќа на партнерството, што го прави овој знак исклучително верен. Од сите видови партнерства, вагите најмногу го сакаат бракот, па така, ако партнерот не е подготвен да се обврзе на подолг рок, само ќе ѝ го скрши срцето на вагата. Девицата, позната како променлив знак, е многу непредвидлива и затоа вагите треба да го одбегнуваат овој знак.rn

    Скорпија

    rnНајдобра комбинација: Хипнотизирачки, опсесивни и љубоморни, но крајно неодоливи, скорпиите се познати по тоа што во еден момент се загреани, а веќе наредниот се ладни. Скорпиите бараат партнер кој цврсто стои на земја додека се обидува да го привлече нивното внимание. Страста за нив е задолжителна, па кога се работи за сексуалната хемија, биковите се најдобар избор за нив.rnrnНајлоша комбинација: Скорпиите целосно му се посветуваат на партнерот, притоа очекувајќи го истото и од него. Додека се безусловно верни, скорпиите истовремено можат да бидат и сомнителни и лути. Знаците кои постојано бараат внимание, како раковите и близнаците, се најлошиот избор за скорпиите.rn

    Стрелец

    rnНајдобра комбинација: Стрелците ги покажуваат своите најдобри карактеристики во романсите кои произлегле од пријателства. Нивниот идеален партнер е авантурист кој е полн со енергија. На стрелците многу им е важно партнерот да има ист став како нивниот. Најмногу им одговараат овните.rnrnНајлоша комбинација: Стрелците ја сакаат својата слобода и никогаш нема да се откажат од неа. Кога се работи за врските, за стрелците е многу важно да го задржат чувството за сопственото постоење и не можат да бидат со партнер кој ја задушува и ограничува нивната слобода. Најлош избор за стрелецот е скорпијата.rn

    Јарец

    rnНајдобра комбинација: Водени од успехот, на јарецот му треба партнер кој е подеднакво амбициозен во неговите цели. Јарците бараат зрел, одговорен и доверлив партнер. Вредниот бик кој има тенденција за обврзување, е одличен избор за јарецот.rnrnНајлоша комбинација: Јарецот е внимателен со своето срце, но штом ќе се вљуби, тој со текот на времето станува сè повеќе посветен на партнерот. По малку сомнителни, јарците можат да бидат доста љубоморни. Заводливите знаци, како што се близнаците, кои слободно флертуваат со други, се најлош избор за јарците.rn

    Водолија

    rnНајдобра комбинација: Според водолијата, комуникацијата е најважен елемент за секоја успешна врска. Потребен им е партнер кој интелектуално ќе ги стимулира, ќе ја разбере нивната индивидуална природа и ќе ги почитува како рамноправни. На водолијата најмногу ѝ одговара вагата.rnrnНајлоша комбинација: Помалку емотивни, водолиите најмногу ја сакаат својата независност. И покрај тоа, ги почитуваат барањата и обврските на партнерот. Иако се чини дека водолиите знаат да збеснат на моменти, тие се навистина верни и не поднесуваат љубоморно однесување од страна на партнерот. За водолиите најлош избор се скорпиите.rn

    Риби

    rnНајдобра комбинација: Најчувствителниот астролошки знак, рибите, бараат партнер кој ќе може да ја разбере нивната емотивна природа и ќе им понуди безбедност. Рибите ќе му дадат на својот партнер сè што имаат и токму заради тоа се доста ценети од спротивниот пол. Заслужуваат партнер кој е посветен и внимателен. Најмногу им одговараат водените знаци, рак и скорпија.rnrnНајлоша комбинација: На рибите им треба трпелив и сочувствителен партнер, а не некој кој ќе ги осудува дека се премнигу емотивни. Тие анализираат сè и на работите гледаат како да се или целосно црни, или целосно бели. Рибите се преголеми сонувачи за близнаците, кои не можат да им ја обезбедат духовната и емотивна врска која им е потребна на рибите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите 15 места за живеење

    Најдобрите 15 места за живеење

    Најголемите и најпознатите светски градови најчесто и не нудат најдобри услови за живеење заради високиот степен на криминал и сообраќајниот метеж. Според повеќето критериуми, еве ги најдобрите 15 места за живеење:rn

    1. Торонто, Канада

    rnОвој космополитски центар со децении наназад е најпопуларна дестинација за имигрантите. Токму тие сочинуваат половина од населението во градот. Околу 30% од населението во Торонто, покрај службените јазици, англиски и француски, зборува најмалку уште еден странски јазик. Торонто е познат економски центар и дом на седмата по големина берза во светот според пазарната капитализација. Економијата на Торонто сочинува една петина од бруто домашниот приход на Канада. Друг клучен фактор за високиот пласман на Торонто е сигурноста на жителите. Овој град е на 17-то место според безбедноста во светот.rnrnНајдобрите 15 места за живеењеrn

    2. Отава, Канада

    rnОтава, главниот град на Канада, има највисоко образована работна сила во земјата. Овој град е, исто така, домаќин на неколку технолошки гиганти, како „Сиско Системи“, „Алкател“ и „Дел“. За разлика од многу други градови, каде што добриот живот си има своја цена, Отава му пркоси на овој тренд. Во 2011 година, овој град беше прогласен за најевтин град за живеење во Канада. Во однос на хигиената, Отава е еден од најчистите градови, а во 2010 година беше трет по ред еко-град во светот.rnrnНајдобрите 15 места за живеењеrn

    3. Велингтон, Нов Зеланд

    rnЕдна третина од населението во Велингтон го сочинуваат постдипломци, што го прави град со највисоко образован кадар во целата земја. Приходите во Велингтон се над просекот за Нов Зеланд. Повеќе од 40% од домаќинствата имаат годишен приход од повеќе од 66.000 долари. Градот, исто така, има одлична клима со 2.000 сончеви часови годишно.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    4. Амстердам, Холандија

    rnАмстердам е дом на најстарата берза во светот. Освен тоа, каналите и севкупната инфраструктура на Амстердам годишно привлекуваат голем број туристи. Во однос на личната безбедност, Амстердам е рангиран меѓу првите 20 во светот. Овој град нуди најразлични стилови на живеење и затоа е многу привлечен за имигрантите.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    5. Сиднеј, Австралија

    rnСиднеј има едни од најубавите пристаништа, а неговата местоположба е таква што од сите страни е опкружен со национални паркови, реки, заливи и плажи. Како голем бизнис-центар, Сиднеј е седиште на речиси 40% од топ 500 австралиски компании. Една третина од вкупниот бруто домашен приход во Австралија отпаѓа само на Сиднеј. Просечниот годишен приход на домаќинствата изнесува повеќе од 55.000 долари.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    6. Копенхаген, Данска

    rnКопенхаген е град кој ја нагласува европската доминација во квалитетот на животниот стил. Тоа се должи на напредната инфраструктура и на високо квалитетниот работен кадар. Во 2010 година, Копенхаген беше на второто место на листата на еко-градови. Овој град е познат и како „градот на велосипедите“ затоа што вкупната должина на велосипедските патеки изнесува 350 километри, а 36% од населението секојдневно користи велосипед.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    7. Берн, Швајцарија

    rnЦентарот на Берн, познат уште како Стариот град, во 1983 година стана светско наследство под заштита на УНЕСКО. Овој град успеал да го задржи средновековниот шарм, иако со текот на времето станал центар на швајцарското производство, со најразлични високо развиени индустриски гранки, познат по изработката на часовници. Во 2011 година, Берн е вториот најбезбеден град, веднаш по Луксембург.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    8. Женева, Швајцарија

    rnЖенева, каде што се наоѓа седиштето на Црвениот Крст, има меѓународна улога затоа што 44% од населението го сочинуваат странци кои ги претставуваат своите влади на меѓународните конференции и организации одржани токму тука. Овој град е познат како „Градот на парковите“ затоа што 20% од него се зелени површини. Загадувањето на воздухот се регулира преку посебен Закон за загадување на животната средина.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    9. Франкфурт, Германија

    rnФранкфурт се смета за најголемиот финансиски центар во континентална Европа. Тој е дом на големи институции како што се Европската централна банка и на Франкфуртската берза. Со оглед на модерната инфраструктура, Франкфурт добива огромни приходи од сообраќајот. Годишно се остваруваат 114 милиони патувања со метро и 50 милиони авионски летови. Врз основа на нивото на криминал и спроведувањето на законите, Франкфурт е на високото 11-то место во светот.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    10. Ванкувер, Британска Колумбија

    rnВанкувер е еден од „најзелените“ градови во светот, со најмала застапеност на јаглерод во воздухот. Тоа делумно се должи на водата и на снежните планини кои го опколуваат овој град, а делумно и на владината програма за поттикнување на еколошката свест. Според безбедноста, Ванкувер се најде на 17-то место.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    11. Дизелдорф, Германија

    rnДизелдорф е седмиот најнаселен град во Германија. Познат по модата и разните саеми, Дизелдорф е еден од најголемите телекомуникациски центри во земјата. Во него се сместени компаниите „Хјулит Пакард“ и „Нокија Сименс“. Со повеќе од 100 галерии, Дизелдорф е водечки град во областа на современата уметност.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    12. Минхен, Германија

    rnВо 2009 година, куповната моќ во овој град изнесуваше 33.700 долари по глава на жител, што е за 32% над просекот. Со оглед на високо развиените индустриски гранки, Минхен е секогаш привлечен за имигрантите и 40% од населението во овој германски град се странци. Дури 30% од бруто домашниот приход на областа Баварија отпаѓа на Минхен.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    13. Оукленд, Нов Зеланд

    rnМестоположбата на Оукленд е специфична; овој град се наоѓа помеѓу две пристаништа, со 11 неактивни вулкани и многубројни острови. Според безбедноста, Оукленд е рангиран на второто место во азискиот регион, веднаш зад Сингапур. Во однос на економијата, Владата постојано се залага за поголем економски раст и намалување на долговите.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    14. Цирих, Швајцарија

    rnНиските даночни стапки привлекуваат многу странски компании да го постават своето седиште токму во Цирих. Средствата вложени во 82-те банки претставуваат 85% од вкупната вредност на сите средства во земјата. Градот, исто така, претставува најголемата туристичка дестинација во Швајцарија, познат по своите езера и ридовите што се протегаат од север кон југ и нудат широк спектар на рекреативни активности.rnrnНајдобрите 15 места за живеење rn

    15. Виена, Австрија

    rnСпособноста на Виена да ја трансформира старата инфраструктура во современи населби, во 2010 година ѝ ја донесе наградата на Обединетите Нации за урбано планирање, за подобрување на животните услови. Виена е број 1 дестинација во светот за конференции, поради кои овој град го посетуваат 5 милиони туристи годишно. Виена е, исто така, и најнаселениот град во Австрија.rnrnНајдобрите 15 места за живеење
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња

    Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња

    Најдобар начин да се стоплите во ладните зимски ноќи, е да си направете топло кафе, да се стуткате во вашето ќебенце и да си пуштите романтичен филм кој само ќе придонесе за потполно да се опуштите во прекрасната зимска идила. Потсетете се на филмските сцени со страсни бакнежи кои ќе ви го одземат здивот и ќе ве натераат да ги гледате по кој знае кој пат.rn

    Casablanca (1942) – Казабланка

    rnБакнежот помеѓу Ингрид Бергман и Хамфри Богарт, ќе ве потсети на романтичната филмска сцена која е една од најгледаните и најпознатите на сите времиња.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Breakfast at Tiffany’s (1961) – Појадок кај Тифани

    rnРомантичните сцени помеѓу преслатката Одри Хепберн и Џорџ Пепард, се класично четиво за сите љубители на романтичниот филм.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Pretty Woman (1990) – Убава жена

    rnКој може да им одолее на прекрасните Џулија Робертс и Ричард Гир во неповторливиот романтичен филм „Убава жена“?rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Four weddings and one funeral (1994) – Четири свадби и еден погреб

    rnРомантичната комедија кога Хју Грант ја открива својата љубов Енди Мекдауел, е задолжителен филмски избор кој истовремено ќе ве разнежни и насмее.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Romeo + Juliet (1996) – Ромео + Јулија

    rnГледањето на класичната Шекспирова драма преработена во модерни услови и истовремено зачинета со страсните бакнежи помеѓу Леонардо Дикаприо и Клер Денс, ни малку нема да ве остави рамнодушни.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Titanic (1997) – Титаник

    rnШармантниот убавец Леонардо Дикаприо и овој пат нè остава без здив во прекрасните романтични филмски сцени со неговата партнерка Кејт Винслет.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Moulin Rouge! (2001) – Мулен Руж!

    rnДоколку сте обожаватели на филмските мјузикли, а сакате тие да бидат и романтични, „Мулен Руж!“ е вистинскиот избор за вас, каде ќе ги видите страсните бакнежи помеѓу Никол Кидман и Иjан Мекгрегор.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Spiderman (2002) – Спајдермен

    rnСпајдермен е филм кој не спаѓа во категоријата на романтични филмови, но токму овде ќе го видите најкреативниот бакнеж на сите времиња.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    The Notebook (2004) – Бележникот

    rnИако овој филм завршува тажно, сепак големата љубов која ја откриваат главните актери и незаборавните споделени бакнежи, се доволни за да придонесат овој филм да биде ваш романтичен избор за викендов.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Twilight (2008) – Самрак

    rnЗа сите тинејџери кои се вљубеници во фантазијата и надреалното, „Самрак“ е одличен избор, кој воодушевува со филмските бакнежи помеѓу Кристен Стујард и вампирот Роберт Патинсон.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година

    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година

    На крајот од секоја година, новинската агенција Ројтерс прави селекција на најдобрите фотографии кои ги направиле нејзините вработени. Така и оваа 2011, тие направиле селекција на 100 моќни фотографии. Секоја од нив е посебна на свој начин и се одделува од останатите. Иако на повеќето од нив се прикажани катастрофални несреќи, војни, глад, сиромаштија и слично, сепак овие слики навистина вредат по 1.000 зборови. Од целосната листа ние направивме една наша мала селекција.rnrn

    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Маж се самозапалува пред банка во Солун, Грција, 16 септември
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Жена плаче на улица во градот Натори уништен од земјотресот и цунамито, Јапонија, 13 Март
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Човек се држи за стап, додека поставува пумпа за извлекување кал во примитивен рудник за злато, Панама, 17 февруари
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Војници на САД во Авганистан, 12 јуни
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Претседателот на САД, Барак Обама (втор од лево) и потпретседателот Џо Бајден (лево), заедно со членовите од националниот безбедносен тим, добиваат информации за мисијата за апсење на Осама Бин Ладен, 1 мај
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Жена бунтовник пука во воздух со калашников AK-47 како реакција на веста за повлекувањето на силите на либискиот лидер Муамар Гадафи од градот Бенгхази, 19 март
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Молњи околу облакот од вулканска пепел во близина на Интерлагос, Чиле, 5 јуни
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Авион лета низ светлина во Њујорк, 10 септември
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Здравствен работник со Ајпад снима трупови од крави во близина на границата помеѓу Кенија и Сомалија, 23 јули
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Ентериерот во една зграда во напуштениот град Припјат во близина на нуклеарната централа Чернобил, Украина, 24 февруари
    rnrn
    Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
    Рудар се качува по карпи, откако бушилицата го пробила и последниот сектор за тунелот под швајцарските Алпи, 23 март
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

    Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

    Четири недели поминаа додека да трепнеме. Многу фотографии, креативност, оригиналност, ентузијазам, но и борба, напнатост, исчекување… Конечно можеме сите длабоко да воздивнеме. Несомнен победник со 1.339 лајкови е фотографијата на Верица Цекова.rnrn

    Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза
    Победничката фотографија на наградната игра „Уживај на кафе и добиј фотоапарат Nikon S2500!“
    rn

    Борбата беше за фотоапарат Nikon S2500, во комплет со мемориска картичка од 2 гигабајти, торбичка и врвка. Целта на оваа наградна игра беше да ја поттикнеме креативноста, да ги разбудиме заспаните емоции, да ги потсетиме вештините дека може да се искористат и секако, да уживаме во кафето. Веруваме дека успеавме во тоа. Овој мал подарок од нас за вас е знак на нашата почит кон нашата публика, вие.

    rn

    И честитаме на Верица за победата и ù посакуваме со среќа да си го користи новиот фотоапарат, да прави многу фотографии со него, па зошто да не учествува и на некоја наредна наградна игра што ќе ја организира Кафе пауза. Им честитаме на сите учесници кои прикачија вкупно 120 валидни фотографии.

    rn

    Во продолжение, стручниот тим на нашата редакција, ги издвои 10-те најкреативни, најуметнички фотографии кои учествуваа во изборот. Со клик на фотографиите, можете да видите кој стои зад нив. Уживајте!Најдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе паузаНајдобрите фотографии од наградната игра на Кафе пауза

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нај иновации од Google за изминатава година

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    Како и секоја година, така и оваа, Гугл ги изненадиja своите корисници и поддржувачи со интересни иновации, но не сите го заслужија вниманието кое барем на почетокот го имаа. Следува листа на 10-те најдобри и најлоши иновации на гугл за изминатата година.rn

    1. Автомобилот кој сам се вози ✔

    rnВо октомври оваа година, гугл ни открија дека работат на развивање технологија со која ќе биде возможно автомобилите сами да возат.rnrnАвтомобилите користат видео камери, радарски сензори и пронаоѓач на ласер на далечина кој може да ги „гледа“ другите возила во сообраќајот, како и детални мапи за навигирање по патиштата. Гугл велат дека нивните автомобили имаат поминато повеќе од 225 000 km, но ако сте нетрпеливи да си набавите примерок од ова откритие, сепак ќе мора да почекате додека возилата бидат сигурни за пуштање во продажба.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    2. Google TV ✔

    rnНа овогодишната I/O конференција на гугл, беше презентиран „новиот начин на кој размислуваме за телевизијата“ – Google TV. Тоа е платформа која ги комбинира ТВ програмите и интернетот.rnrnКако функционира? – На вашиот ТВ екран треба да го впишете она што го барате и Google TV ќе го пронајде за вас, пребарувајќи низ вашите канали, снимени серии, видеа од Јутјуб и други веб-сајтови. Можете да си ги зачувате вашите омилени фотографии, албуми, канали, сајтови и друго на вашиот домашен екран за полесен пристап во иднина.rnrnНекои нови телевизори ќе ја имаат оваа карактеристика, но за да гледате ТВ на овој начин, можете и да си набавите посебен уред кој ќе го поврзете со телевизорот кој веќе го поседувате.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    3. Google Buzz ✘

    rnВо февруари, гугл го најави Google Buzz, алатка за споделување линкови, фотографии, видеа, статуси и коментари, како интегрален дел од инбокс-сандачето на корисниците на Џимејл.rnrnМногу брзо по пуштањето на алатката, гугл се најде во тесно поради проблемите со приватноста кои таа ги предизвикуваше. Со основните поставки, Google Buzz јавно ги прикажуваше контактите на корисниците со кои тие скоро разговарале или размениле имејл пораки, на тој начин откривајќи осетливи податоци за самите корисници и за нивните контакти.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    rnrn

    4. Google Replay ✔

    rnРазбирајќи ја важноста на пораките кои се разменуваат преку Твитер, гугл почна да ги архивира сите твитови во вид на т.н. Replay, пребарувачка функција која графички ја прикажува популарноста на твитовите во одредено време и креира листи на поврзани твитови во хронолошки редослед.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    5. Priority Inbox ✔

    rnЗа оние кои секојдневно добиваат голем број имејл пораки во нивното сандаче на џимејл, гугл неодамна ја претставија алатката Priority Inbox која ги одделува важните од неважните пораки и ги организира на начин кој помага корисникот да го задржи фокусот на она што е навистина важно. Еве како.rnrn

    6. Google Wave ✘

    rnОваа веб-апликација наменета за комуникација и колаборација во реално време, едноставно не беше прифатена од страна на корисниците како што гугл се надеваа. Можеби затоа што кренаа многу врева и ги загреваа потенцијалните корисници со ексклузивно праќање пораки за користење на сервисот малку по малку, но многу брзо потоа, тие беа истите кои покажаа големо разочарување од она што го видоа. До крајот на годинава, сервисот и понатаму ќе остане достапен, но потоа веќе нема да се развива како самостоен производ.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    rnrn

    7. Google Street View ✔

    rnОваа карактеристика на Google Maps која овозможува разгледување на слики на ниво на улици, беше првпат претставена во 2007. Тогаш, вклучуваше само слики од градови во САД, но 3 години подоцна Google Street View ги посети сите 7 континенти, вклучувајќи го и Антарктик.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    8. Calling phones од Gmail ✔

    rnЗа луѓето кои поминуваат голем дел од своето време во канцеларија, правејќи повеќе или помалку важни телефонски повици, летово гугл објавија опција која ги користи микрофонот и слушалките поврзани на компјутерот на корисникот за да може тој да се јавува на секој кој има телефон, директно преку џимејл. Повиците во САД и во Канада се бесплатни до крајот на годината, а за другите земји можат да бидат ниски до 0,02 долари по минута.rnrn

    9. Google Reader Play ✔

    rnПрегледувањето на вашата Google Reader страница може да делува малку монотоно доколку го правите тоа секое утро. Google Reader Play е нов начин за прелистување низ содржини, блогови и воопшто низ целиот веб. За да започнете со користење, посетете го сајтот и лизгајте низ содржините со стрелките за лево и десно од тастатурата.rnrnReader Play ја користи истата технологија за препорачани содржини која функционира и во самиот Google Reader, а која ги идентификува најинтересните страници на интернет.  Кога ја користите оваа алатка, гугл се обидува да следи што ви се допаѓа, што споделувате и што означувате како омилено и потоа ви прикажува слични содржини, следниот пат кога ќе го посетите сајтот. Истите овие содржини ги префрла и во вашата корисничка сметка на Google Reader. Дополнително, алатката има вградена ТВ икона, која доколку ја притиснете, почнува слајдшоу од вашите непрегледани содржини.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    10. Google Nexus One ✘

    rnЗа времето за кое Епл успеаја да продадат 1 милион ајфони, гугл успеаја да продадат околу 135 000 парчиња од својот Nexus One. Во јули, гугл објавија дека добиле наредба од производителот на телефонот, да престане продажбата во САД, иако и понатаму ќе се продава во Европа и Кореја.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

  • Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажите

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажите

    Веќе ја објавивме листата на „Најдобрите машки парфеми за 2010 година“, но тоа не значи дека ги заборавивме девојките. Неодоливиот мирис на секоја девојка секогаш се поврзува со убавина, вкус и шарм, а тоа е повеќе од доволно на патот до успехот. Предизвикот и изборот за женска козметика е навистина огромен, па доколку заклучивме дека е тешко да се одбере машки парфем, овој пат задачата е можеби за 3 пати потешка. Сепак, жените секогаш знаат да го добијат и најдат тоа што го сакаат, но за секој случај еве ја листата на најдобрите парфеми за 2010 година.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Palazzo од Fendi

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеНаправен за оние кои сакаат да изгледаат деликатно и женствено, а истовремено моќно. Силвија Фенди сакала да создаде уникатен мирис кој ќе привлекува внимание, така што доколку некој го носи на себе, каде и да поминува, секој да се врти и да не може да му одолее. Неговата богата цветна миризба со сигурност ќе ве освои.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Gucci од Gucci

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеКреиран со идејата да биде најдобар на сите времиња кој тие некогаш го создале, овој прекрасен парфем дефинитивно го заслужува вашето внимание. Неговата цветно-овошна комбинација ќе ве натера да подзинете, ако не вие самите, машкиот пол со сигурност. Направен е од хаитска тијара, пачули и мед и е спакуван во елегантна стаклена амбалажа.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      J’adore The Absolute Perfume од Dior

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеИсполнет со емоции, прекрасен и мистериозен. Вплотување на апсолутна женственост во еден цветен букет со миризба на рози и јасмин. Свеж парфем погоден за потопли денови, кој ќе успее да ве направи своја и единствена.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Prada од Prada

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеОриентален мирис врз база на килибар, 4 вида на етерични масла (Индиска сандаловина, Индонезиски пачули, цитрус смола и бензоин) и ванила. Топол, сладок мирис кој би бил погоден за вечерни рандевуа и луксузни вечери.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Obsession Night Woman од Calvin Klein

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеСоздаден во 2005 година, асоцијација за незаборавни и луди летни ноќи. Сплотеноста од рози, портокали, мандарини, лилјани, ванила, јасмин, сандаловина и многу други добро искомбинирани состојки, дава заводнички мирис кој нема да го остави рамнодушен машкиот пол.

  • Најдобрите машки парфеми за 2010 година кои ги полудуваат девојките

    Најдобрите машки парфеми за 2010 година кои ги полудуваат девојките

    Пронаоѓањето на вистинскиот парфем за себе претставува предизвикувачка задача. Огромниот број на тоалетни води од многу познати брендови, овозможува да се пронајде онаа која ќе биде препознатлива и ќе се вклопи во личниот стил, но големиот избор не е секогаш многу корисна работа. Уникатниот парфем е многу важен за оставање добар впечаток, па еве една листа на најдобрите и најпродаваните за оваа година која ќе ви помогне при изборот.rn.rn

      rn011

    • rn

      Hot Water од Davidoff

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите машки парфеми за 2010 година кои ги полудуваат девојкитеИако е сосема спротивен од бестселерот на Давидоф, неприкосновениот Cool Water, овој парфем е исто толку заводлив и освојувачки. Одличен е за вечерно време и за состаноци, а верувајте дека девојките со сигурност ќе го сакаат.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Acqua Di Gio од Giorgio Armani

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите машки парфеми за 2010 година кои ги полудуваат девојкитеПоради неговиот сензуален свеж мирис Aqua Di Gio полека прераснува во еден од најдобрите машки парфеми на сите времиња. Го зголемува чувството на машкост и го носи корисникот поблиску до природата. Со сигурност ќе се вљубите во неговиот транспарентен неодолив мирис.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Le Male од Jean Paul Gaultier

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите машки парфеми за 2010 година кои ги полудуваат девојкитеДоколку вашата цел е да имате уникатен мажествен парфем, Le Male од Jean Paul Gaultier е дефинитивно вистинскиот избор за вас. На пазарот е од 1995 и оттогаш е меѓу петте најпродавани секоја година. Богатиот мирис ќе ви овозможи со сигурност да бидете забележани.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Obsession од Calvin Klein

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите машки парфеми за 2010 година кои ги полудуваат девојкитеЕден од вистинските класици на Келвин Клајн кој претставува хит оваа година. Нека не ве залажува лошата амбалажа. Оваа тоалетна вода ќе ви понуди еден пријатен овошен мирис, кој вистински ќе го осетите 30 минути по нанесувањето.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Ferrari Black од Ferrari for men

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите машки парфеми за 2010 година кои ги полудуваат девојкитеОдличен лесен парфем со свеж мирис. Елегантен детаљ за на работа или за дневна шема. Има интересен шмек, а цената е пристапна и многу пониска од останатите на оваа листа.