Тетоважите и најдобрите пријатели имаат многу заеднички нешта. И покрај тоа што голем број луѓе како што ќе влезат, така и ќе излезат од вашиот живот, врската со искрените пријатели е нешто што никогаш нема да исчезне. Вашите најдобри пријатели ќе бидат покрај вас и во најдоброто и во најлошото, исто како тетоважите. Токму затоа и нема подобра личност со која би можеле да си направите заедничка тетоважа и вечно да го одбележите вашето пријателство. Погледнете дел од најкреативните тетоважи кои можеби ќе ве инспирираат и вие да го направите истото…rnrnrnrn
Кога една ТВ серија трае со години, многу е нормално дека ќе се приврземе за ликовите и дека ќе почнеме да се пронаоѓаме себеси во некои нивни карактеристики. Овие ликови постепено растат заедно со нас, а ние се смееме и плачеме покрај нив. Интересно е како тие на некој начин стануваат дел од нашите животи така што постојано нѐ инспирираат, мотивираат и охрабруваат да ги следиме нашите соништа. Погледнете ја нареднава листа со најдобрите пријателки од ТВ сериите кои ни покажуваат како изгледа едно вистинско пријателство и нѐ уверуваат дека и покрај сите проблеми и потешкотии тоа сепак може доживотно да трае…rnrnМакс и Керолајн – 2 шворц девојкиrnrn
Постојат илјадници прекрасни плажи ширум светот кои со својата убавина привлекуваат огромен број туристи и посетители секоја година. Но, сте се запрашале ли некогаш кои се 10-те најдобри кои на некој начин се издвојуваат од останатите? Погледнете ја нареднава листа составена од страна на „TripAdvisor“ со најдобрите плажи во светот.rnrn„Baia do Sancho“, Фернандо де Норонја, Бразилrnrn
Новинската агенција Ројтерс склопила дел од своите најдобри фотографии за оваа година, во видео кое вреди да се погледне. Од големите светски случки, политичките превирања, спортските случувања и нередите, па сè до ситуациите уловени низ уличните ќошиња, Ројтерс го објави своето видео со најдоброто нешто фатено на фотоапаратите во 2013, од бројните фотографи ширум светот кои работат за оваа агенција. Еве што ја обележа 2013 во светот, низ фотографии.rnrnrnrn
Секој ден некаде во светот никнува некое ново парче улична уметност. Во оваа колекција фотографии се собрани голем број од најинтересните дела нацртани во последнава година. Секој графит е фантастичен, а дел од нив се премногу реалистични. Погледнете ги и уживајте.rnrnЛоѓ, ПолскаrnrnФранкфурт, ГерманијаrnrnПариз, ФранцијаrnrnХјустон, САДrnrnКолумбијаrnrnСан Франциско, САДrnrnЛондон, АнглијаrnrnИталијаrnrnЛимерик, ИрскаrnrnГлазгов, ШкотскаrnrnПариз, ФранцијаrnrnФор де Франс, МартиникrnrnВелика БританијаrnrnИталијаrnrnНорвешкаrnrnГдиња, ПолскаrnrnЛидс, АнглијаrnrnЧикаго, САДrnrn rnrn
Секој хороскопски знак си е карактеристичен сам по себе. Сите сме посебни на свој начин. Прочитајте кои се вашите седум најдобри карактеристики и подигнете го нивото на вашата самодоверба. :)rnrnrn
Овен
rn1. Тие го прават животот возбудлив.rnrn2. За овните, секој момент е важен во нивниот животот, а чувството е заразно.rnrn3. Доколку ви треба партнер за скокање банџи, јавете му се на овенот.rnrn4. Можете да имате страшна кавга со овен, но после 5 минути тој ќе заборави на сè.rnrn5. Кога ќе им дојдете на гости нема само да ви ја отворат вратата за добредојде, туку ќе скокаат и ќе бидат безрезервно радосни што сте дошле.rnrn6. Страстен и жесток, овенот често има потреба добро да се издува.rnrn7. Тие се заљубуваат многу брзо, но силно. Па доколку во вас се заљуби некој роден во знакот овен, заврзете го појасот и уживајте во возењето.rn
Бик
rn1. Луѓе што најмногу сакаат да се мазат и галат.rnrn2. Тие се многу лојални и одлични пријатели и секогаш ќе бидат тука за тебе.rnrn3. Тие секогаш се искрени сами со себе. Тие се скоро неспособни да не бидат свои или да мамат.rnrn4. Доколку се чувствувате виновно бидејќи сте изеле уште едно колаче, а сте на диета, бикот ќе ви каже дека сте го заслужиле и ќе ви донесе и една чаша млеко.rnrn5. Секогаш ќе се чувствувате добредојдени во домот на бикот.rnrn6. Бикот може да ви помогне да си ги реализирате вашите брилијанти идеи.rnrn7. Биковите сакаат да се честат себеси со најдобрите глетки, вкусови, звуци, мириси и чувства кои светот ги нуди, па така неговиот живот е многу богат.rn
Близнаци
rn1. Секогаш се спремни за добар, долг разговор.rnrn2. Обожаваат да сретнуваат нови луѓе и да доживуваат нови искуства.rnrn3. Доколку не си се допаднало лицето кое денеска ви го покажале, не грижете се, утре ќе бидат сосема други.rnrn4. Тие се многу паметни и добро начитани.rnrn5. Тие се отворени и комуникативни, па нема да ви треба многу мака за подобро да ги запознаете.rnrn6. Се чувствувате статични и неактивни? Потребата на близнаците да менуваат нешто кај луѓето сигурно ќе ви помогне.rnrn7. Секогаш можете да сметате на близнаците дека ќе бидат предвидливо непредвидливи.rn
Рак
rn1. Без разлика дали се дружите со нив некаде на кафе или во нивниот дом, тие секогаш ќе прават да се чувствувате добредојдено.rnrn2. Поради нивната сентиментална страна, раковите секогаш сакаат да се навраќаат на добрите стари денови.rnrn3. Кога ракот ќе те праша „Како си?“, навистина сака да го знае одговорот.rnrn4. Познавајќи го своето опкружување, тој инстантно знае доколку нешто не е во ред.rnrn5. Тие секогаш знаат да поклонат честитка од срце.rnrn6. Раковите поседуваат тивка сила која често е потценета.rnrn7. Тие секогаш се најсреќни кога поминуваат време со луѓето кои ги сакаат.rn
Лав
rn1. Забава, забава, забаваrnrn2. Го сакаат животот и луѓето, а нивниот ентузијазам е заразен.rnrn3. Тие се неодоливо и безгрижно романтични.rnrn4. Тие се заштитнички настроени и секогаш спремни да им се препуштат на луѓето кои ги сакаат.rnrn5. Шармот кој го поседува лавот, може да го извлече од многу непријатни ситуации.rnrn6. Доколку некој лав е заинтересиран за вас, ќе се обиде да направи да се почувствувате како најпосакуваната личност која гази на Земјата.rnrn7. Лавовите се дефинитивно пријатно чудни и многу уникатни.rn
Девица
rn1. Тие се длабоки и сензитивни луѓе.rnrn2. Кога ќе ви требаат, секогаш ќе бидат тука за вас.rnrn3. Тие би ви го средиле вашиот плакар и би се забавувале дур го прават тоа.rnrn4. Никогаш нема да го чекате вашиот пријател роден во знакот девица, бидејќи тој секогаш доаѓа 5 минути порано од договореното.rnrn5. Се чувствувате скршено и совладано? Јавете ѝ се на девицата и таа ќе ви го реши проблемот.rnrn6. Тие се грижливи и одговорни. Доколку некој е изоставен и заборавен на некоја забава, таа тоа ќе го забележи и ќе го поправи.rnrn7. Тие прават сè што претходно си го наумиле, па нивниот живот е исполнет и интересен.rn
Вага
rn1. Тие успеваат секоја ситуација да ја направат попријатна. Од нив зрачат пријатни вибрации.rnrn2. Вагата е среќна кога сите околу нив се среќни.rnrn3. Скоро е невозможно да не ја сакате вагата. Всушност, нивното мото треба да биде „Сите ја сакаат вагата“.rnrn4. Вагата секогаш ќе ви помага да ги видите двете страни на некој проблем.rnrn5. Тие ја ценат убавината и ја носат во животот на луѓето кои ги сакаат.rnrn6. За нив, релаксацијата е уметност и секогаш сакаат да ги канат останатите во нивниот комфорен начин на живеење.rnrn7. Секогаш се поетично расположени, а обожаваат уметност.rn
Скорпија
rn1. Скорпиите се најлојалните луѓе кои некогаш ќе ги сретнете. Придобијте скорпија на ваша страна и спремни сте за животот.rnrn2. Секогаш се подготвени за долги и значајни разговори, бидејќи се опседнати со интимноста.rnrn3. Многу е забавно да правиш заговори и шеми со скорпија.rnrn4. Тие забележуваат сè, дури и најситни детали. Сте се шишале? Тие ќе го забележат тоа и ќе ви дадат комплимент.rnrn5. Доколку направите нешто фино за нив, тие ќе го ценат тоа и вечно ќе го помнат.rnrn6. Никогаш нема да се чувствувате чудно зборејќи за секс со скорпија. Тоа е нејзината омилена тема.rnrn7. Скорпијата е најмоќниот знак во зодијакот. Ги користат своите моќи за добро, а можат и да го променат светот.rn
Стрелец
rn1. Животот со нив е авантура.rnrn2. Нема да најдете подобродушен знак од стрелецот. Тие ќе ви дадат сè што ви е потребно, без да очекуваат да им ја возвратите услугата.rnrn3. Тие се одлично друштво за забави, затоа што се весели, дружељубиви и посакувани.rnrn4. Tие секогаш имаат мислење и не се плашат да се борат за своите уверувања.rnrn5. Секогаш се отворени да слушнат за искуствата и идеите на останатите луѓе.rnrn6. Секогаш ќе знаете на што сте со стрелецот, бидејќи се искрени и директни.rnrn7. Се чувствувате тажно? Јавете му се на стрелецот. Тој може да ја види светлата страна на секоја ситуација.rn
Јарец
rn1. Јарците се многу успешни и успеваат тоа да го пренесат на сите во своето опкружување.rnrn2. Никогаш не пропуштајте забава која ја организира јарец. Тие се неверојатни домаќини.rnrn3. Тие се силни и самостојни.rnrn4. Секогаш ќе бидат тука за да ве поддржат.rnrn5. Тие се амбициозни, а нивната навика за поставување високи цели ќе ве поттикне и вас да го сторите истото.rnrn6. Приземни и топли, тие се големи мази.rnrn7. Љубовта на јарецот е често во придружба на вкусни печива.rn
Водолија
rn1. Водолиите секогаш имаат инвентивни и оригинални идеи.rnrn2. Тие се разумни, објективи и секогаш даваат добри совети.rnrn3. Благодарение на нивниот брз интелект, тие се одлични во комуникацијата.rnrn4. Одлично е да бидете во нивно друштво, бидејќи тие ги сметаат своите пријатели за фамилија.rnrn5. Тие не ја следат толпата, туку создаваат своја.rnrn6. Тие се многу хуманитарни и сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Не само што зборуваат дека сакаат хумани дела, туку и ги прават.rnrn7. Водолиите сакаат сите луѓе да се среќни и згрижени.rn
Риби
rn1. Благодарение на нивната енергија и благодат, тие се како самовили од друга планета.rnrn2. Што и да планирате со родените во знакот риби е многу лесно, бидејќи многу лесно се согласуваат со сите.rnrn3. Потребен ви е совет од предвидувач на иднината, а немате доволно пари? Јавете му се на вашиот супер интуитивен пријател роден во знакот риба.rnrn4. Рибите се многу длабоки и чувствителни луѓе.rnrn5. Тие се полни со разбирање и не осудуваат. Можете да им верувате со вашите емоции.rnrn6. Смирувачката енергија на рибите е поефективна од чаша вино.rnrn7. Нивната природа лесно да прифаќаат авантури, ги носи на неверојатни места. Начинот на кој тие живеат, е инспиративен.rnrnПовеќе информации за хороскопските знаци може да најдете на cultureastrology.com.rnrn rnrn
Како и пред секоја Нова година, така и пред оваа, доаѓа време кога се прогласуваат работите кои биле најдобри во тековната. Секогаш помеѓу омилените теми се рекламите кои биле најголем хит, а во 2012 година навистина се појавија одлични материјали од оваа област.rnrn rnrnПред вас се наоѓа изборот на десетте најдобри забранети реклами за 2012 година. Уживајте!rnrn
За покерот се смета дека во голема мера е игра на среќа. Оној што при делењето ќе добие најдобри карти, тој ќе го собере пленот. Но, ако тоа беше точно тогаш немаше постојано истите луѓе да бидат најдобри во оваа игра. Нивниот успех, покрај извесното количество среќа се должи и на вештини кои им помагаат да победат. Од сите кои си ја пробале среќата или се обиделе да научат како да играат покер, овие петмина постигнале најмногу.rnrnrn
5. Фил Хелмут
rnИако Фил Хелмут има освоено најмногу турнири во покер, многумина не го сметаат и за најдобар покерџија на сите времиња поради тоа што изгубил неколку важни битки кои лесно можел да ги добие. Како и да е, рекордот по бројот на титули го сместуваат меѓу петте величествени.rnrnrn
4. Џони Мос
rnЏони Мос важи за најдобриот кога станува збор за игра меѓу само двајца играчи. Според една легенда, тој во четириесеттите во една игра успеал да освои неверојатни 4 милиони долари, што ако се има предвид инфлацијата би го направило најуспешен на сите времиња. Во 1970 година Мос бил избран за најдобар играч во светот од страна на другите играчи, а една година подоцна го освоил и првиот организиран турнир воопшто.rnrnrn
3. Фил Ајви
rnСо над 20 милиони долари заработени само од играње покер, сè уште младиот покерџија Фил Ајви има шанси да стигне до многу поголеми височини. Останатите играчи се сложуваат дека тој е најтешкиот денес активен противник. За жал, сè уште нема освоено некој позначаен натпревар, а тоа фрла сенка на неговите огромни играчки и финансиски успеси.rnrnrn
2. Дојл Брансон
rnИако просечен играч ќе се повлече од играта во Холд’ем ако добие комбинација од 10 и 2, денес многумина продолжуваат да ја играат во чест на Дојл Брансон, кој успеал да победи на турнир со оваа доста лоша комбинација. Втор е на вечната листа после Фил Хелмут, а неговата книга „Супер систем“ е задолжителна литература за секој кој сака сериозно да се занимава со покер.rnrnrn
1. Стју Унгар
rnНе бил активен играч долго време и поради тоа нема голем број победи на турнири, но сите се сложуваат дека Стју Унгар е најголемиот покерџија на сите времиња. Бил незапирлив. Немал вистински противник, освен самиот себе. За него се верува дека можел да победи дури и без да ги види своите карти, затоа што имал неверојатна способност да оцени што има противникот в раце. Долги години бил отсутен од натпреварите поради зависност од дрога, а заработката најмногу ја трошел на обложување на коњски трки и спортски натпревари. Починал во 1998 година, најверојатно како последица на предозирање со дрога.rnrnrnrn rnrn
Понекогаш помислувате дека треба сè да правите сами? Да наоѓате соодветна шминка, фризура, да купувате производи за убавина и нега… но, некогаш немате ни време ни нерви за ова.rnrnМодерната технологија секојдневно ни го олеснува животот. Истото важи и кога станува збор за нашата надворешна убавина. Овие неколку апликации им помагаат на жените ширум светот да го негуваат својот изглед и да блескаат секој ден.rnrn
SEPHORA + PANTONE COLOR IQ
rnНаоѓањето соодветна нијанса на пудра за вашето лице не е баш едноставна работа. Толку многу нијанси и можности, а со погрешен избор ви следува пудра која не е соодветна за вашето лице, ни според текстурата, ни според типот на кожата, а ниту пак според тенот. Секоја кожа е посебна и треба да се негува на соодветен начин. Sephora + Pantone Color IQ ви помага да ја решите дилемата. Засега апликацијата е достапна само во продавниците на Сефора.rnrn
INSTYLE HAIRSTYLE TRY – ON
rnСекојдневно следиме примери од црвениот тепих и некогаш навистина би сакале да украдеме некој изглед од познатите. Апликацијата InStyle Hairstyle try-On ви помага да откриете како фризурата која ви се допаѓа би одговарала на вашето лице. Има стотици фризури кои може да ги пробате, а самата апликација става акцент на најновите трендови.rnrn
UV SAFE TIMER
rnАпликацијата UV Safe Timer e одлична помош при сончање, особено за оние кои имаат чувствителна кожа. Според тоа какво заштитно средство користите, тајмерот ќе ве извести кога е време да нанесете повторно, за да не добиете изгореници. Алармирањето е базирано на типот на вашата кожа и на УВ индексот на местото каде се наоѓате.rnrnrn
LANCÔME MAKEUP
rnОваа апликација ви помага да испробате различни мејкап изгледи, а дополнителна погодност е тоа што можете да мешате и комбинирате бои. Со Lancome Makeup можете лесно да откриете кога имате доволно шминка, а кога премногу.rnrn
HAIRCASTER
rnИако сè уште не е достапна за сите, девојките кои навистина внимаваат на секој детаљ поврзан со нивната коса и фризура со нетрпение ја очекуваат оваа апликација. Од Haircaster наутро добивате информации за тоа какво време се очекува во текот на денот, колкава ќе биде влажноста на воздухот, силата на ветрот и очекуваната температура, и како сето тоа може да влијае на вашата коса. Со други зборови, ви кажува што да направите со вашата фризура според временските услови кои се очекуваат во текот на денот.rnrn
SEPHORA TO GO
rnСè ви е дадено како на чинија. Sephora to Go ги истакнува најновите трендови, мејкап изгледи и козметички производи. Најновата верзија дури ви нуди и огледалце за да се гледате себеси како ја нанесувате шминката, и да се споредите со видеото прикажано како туторијал.rnrn
Летото е одличен период за истражување на најразлични локации за пливање. За момент заборавете ги конвенционалните плажи и замислете како би било да пливате под водопади или во некој национален парк.rnrnrn
Водопадите Хавасу во Аризона
rnСкалестите водопади Хавасу, високи повеќе од 36 метри, се влеваат во реката Колорадо на дното од Големиот Кањон во Аризона. Во август 2008 година, заради силните врнежи од дожд браната на овие водопади се распука, а локалното индијанско население беше евакуирано. Оттогаш водопадите се повторно отворени за туристи, но ако сакате да запливате во тиркизните води на Хавасу, ќе мора да пропешачите 16 километри под жешкото сонце на Аризона.rnrnrn
Реката Мерсед во Националниот парк Јосемити
rnРеката Мерсед се наоѓа на источниот крај на долината Јосемити, во истоимениот национален парк кој е под заштита на УНЕСКО. Пливањето во оваа река е незаборавно доживување, но внимавајте на водопадите и брзаците затоа што во нивна близина пливањето не е дозволено. Ако сакате да запливате во Мерсед, користете ги песочните плажи како единствен влез и излез од реката, за да не дојде до нарушување на екосистемот.rnrnrn
Паркот Блу Спринг во Флорида
rnПаркот Блу Спринг, кој се наоѓа во Флорида, е засолниште за западноиндискиот ламантин (вид морска крава). Температурата на водата тука достигнува до 72 степени и останува константна во текот на целата година. Заради заштита на ламантините, паркот е затворен за секакви водни активности од средината на ноември до почетокот на март. Во преостанатиот период од годината, посетителите може да пливаат во топлата и кристална вода или да уживаат во кајакарење или нуркање.rnrnrn
Водопадите Рич во Јамајка
rnСкалестите водопади Рич се наоѓаат во областа Порт Антонио, во Јамајка. Тие се едни од најчесто употребуваните водопади во рекламите за промовирање на туризмот и привлекување на туристи. Извирајќи од најголемата планина во Јамајка, водопадите Рич скалесто завршуваат во смарагдно – зеленото езерце кое е одлично место за пливање, но и за водна масажа.rnrnrn
Езерото Дуду во Доминиканската Република
rnЕзерото Дуду, познато по тоа што содржи подземни води, се наоѓа на северниот брег од Доминиканската Република, во близина на градот Нагва. Сместено во долниот дел од 20-метарските карпи, до кои се стигнува преку стрмни скали, кристалното сино езеро е изолирано од јавноста. Дуду е одлично место и за нуркачите кои сакаат да ги истражуваат подземните пештери или да се обидат да ја измерат длабочината на езерото.rnrnrn
Паркот Слајд Рок во Аризона
rnСлајд Рок паркот во близина на Седона, во Аризона, го добил своето име според природната вода која со својот тек го обликувала песочникот на кањонот. Тука посетителите може да да се лизгаат по водата, да одат или да пливаат. Паркот е особено популарен во летниот период, кога сите слободни места се пополнети уште во раните утрински часови.rnrnrn
Езерото во Цибилчалтун во Мексико
rnЦибилчалтун е археолошки локалитет на Маите кој се наоѓа мексиканската сојузна држава Јукатан. Туристичката понуда за Цибилчалтун, освен Храмот на седумте кукли и урнатините од шпанската црква од 16-от век, го вклучува и малото езеро кое локалните жители го користат во текот на целата година. Турата опфаќа обиколка на езерцата кои се протегаат од Мерида до Канкун. Се проценува дека оваа област има околу 30.000 езерца од кои само неколку десетици се отворени за јавноста.rnrnrn
Сините дупки на островот Андрос
rnОстровот Андрос е најголемиот од Бахамските острови и е дом на сини дупки кои се наоѓаат во океанот и во внатрешноста на островот. Ваквиот систем на водни пештери е забележан уште во 1970 година, од страна на магазинот National Geographic. Сините дупки најмногу се истражувани од експедицијата на Жак Кусто. Тие се дел од екосистемот на Бахамите и се одлични места за пливање и нуркање.rnrnrnrn rnrn