Водолиите како деца, ќе ги препознаете по нивното многу темпераментно, дури и брливо однесување. Во тинејџерските години овој хороскопски знак е впечатлив по неговиот „тренди“ стил на облекување, кој е сочинет од „вкусно“ искомбинирани уникатни парчиња облека и накит. Возрасните водолии пак, имаат страст за интелигентни дебати и се многу заинтересирани за мислите кои се кријат во мозоците на другите луѓе.rnrn
rnrnТие имаат идеалистички поглед кон животот, нивното однесување е променливо, честопати сакаат да бидат сами, затворени во „нивниот свет“ и имаат тенденција кон љубомора, прекумерна тврдоглавост и намуртено расположение. Во поглед на љубовта, водолијата понекогаш може да делува отсутно и изгубено во мислите во очите на нејзиниот партер, а во други ситуации, пак, таа може навистина концентрирано да го слуша секој збор на нејзиниот љубен/а.rnrn
Водолијата однадвор
rnПовеќето водолии имаат неопределен израз на лицето од кој не можете да „прочитате“ буквално ништо, високо чело и убаво дефинирани црти, распределени на овален облик на глава. Тие најчесто се натпросечно високи луѓе со витка става. Типично за водолијата е да има светло сини или маслинести очи и длабок, оддалечен, мечтателски поглед. Имаат просечна големина на нос и симпатични дупчиња на образите, а нивните усни се исполнети во средишниот дел и се стеснуваат кон аглите.rnrn
rnrnИнтересно за водолиите е тоа што кога размислуваат, ја навалуваат главата на едната страна, што оддава впечаток како нивните мисли буквално да „тежат“. Припадниците на овој хороскопски знак претежно имаат нежен, монотон глас, ретко се ведри и весели, но кога се, нивната несекојдневна, интересна и пред сè неочекувана насмевка за оние кои се во нејзина близина, им дава една особена шармантност и искреност.rnrnДвижењата на водолијата се бавни и лежерни, исто како што се и нејзините мисли. Но, наспроти нејзиното спокојно однесување, водолијата знае понекогаш да биде и мошне отворена, директна и остра, народски кажано – без влакна на јазик. Овој знак високо ја цени вистината и нејзиното целосно откривање, така што оние луѓе кои лажат, ја искривуваат или ја прикриваат вистината, создаваат разлутеност, огорченост и гнев кај водолиите. rnrn
Водолијата однатре
rnНаједноставен начин за да се запознае еден хороскопски знак, е преку дознавање кои се неговите желби, интереси и потреби. Новото, несекојдневно искуство е секогаш добредојдено за водолијата, како и откривањето како функционираат нештата и зошто се дизајнирани на еден или друг начин.rnrn
Топ 10 нешта кои водолијата ги сака:
rn
- rn011
- Водолијата има разновидни интереси. Таа сака да ги анализира луѓето, да ужива во музиката, уметноста, литературата и да посетува разни места.
rn
rn
- rn011
- Има одлични менаџерски способности, благодарение на што ужива во улогата на главен организатор и координатор на проекти.
rn
rnrn
rn
- rn011
- Омилено хоби ѝ е да мечтае за реализација на некои големи нејзини соништа, кои најчесто постануваат реалност.
rn
rn
- rn011
- Амбициозна е и сака да биде успешна, но знае да создаде рамнотежа помеѓу работата и забавата.
rn
rn
- rn011
- Водолијата е лојален и верен љубовник и пријател.
rn
rn
- rn011
- Сака да биде пофалена и да ѝ се оддаде признае кога добро ја завршила работата.
rn
rn
- rn011
- Љубовната врска со партнерот сака да и е базирана на договор.
rn
rn
- rn011
- Ја почитува и ја очекува приватноста и индивидуалноста.
rn
rn
- rn011
- Сака да се забавува, обожава промени и ужива во изненадувања.
rn
rn
- rn011
- Потребен и е богат социјален живот, големи прослави, а понекогаш се задоволува и со мали интимни вечери поминати со најблиските.
rn
rnrn
rnrnВодолијата е лекомислена и безгрижна, но сепак има доста нешта кои и пречат, а тие се најчесто поврзани со луѓето и нивното однесување. Тие се отворени за сè што за нив е ново и неискусено и сакаат да го живеат животот со „полна пареа“ и најпозитивно што е возможно.rnrn
Топ 10 нешта кои водолијата НЕ ги сака
rn
- rn011
- Не сака да биде лишувана од каков било аспект на слободата, која ѝ е толку потребна.
rn
rnrn
rn
- rn011
- Мрази егоистични луѓе и фалбаџии.
rn
rn
- rn011
- Не сака ниту да зема ниту да дава пари на заем.
rn
rn
- rn011
- Не почитува луѓе кои лажат и не си ги исполнуваат нивните ветувања.
rn
rn
- rn011
- Не сака да биде ставена во потчинета позиција и да биде присилена да „игра“ според туѓи правила.
rn
rn
- rn011
- Не сака наметливи и дрски луѓе.
rn
rn
- rn011
- Има одбивност спрема луѓето кои се дел од „влијателните кругови“.
rn
rn
- rn011
- Мрази рутински начин на живот и околности кои ја ограничуваат во однос на она што сака да го реализира.
rn
rn
- rn011
- Не сака непријатни ситуации, несогласувања со другите луѓе и лошо претставување во јавност.
rn
rn
- rn011
- Не сака прекумерност и мрази да губи.
rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rn
rn
rn
rn
rn
rnrnЦрвена е уште една омилена боја на Скорпиите, но не е нивни чест избор за облека. Управувана од планетата Марс, скорпијата облекува црвена облека кога е подготвена и решена да стапи во акција.rn
rn
rn
rnrn rnrn