КАФЕ ПАУЗА

Tag: надреално

  • Мало девојче го истражува портокаловиот свет на фантазијата

    Мало девојче го истражува портокаловиот свет на фантазијата

    Фотографката Адриен Брум продолжува со нејзината неверојатна серија од фотографии наречена „The Color Project“. Овој пат нејзината креативност нè води во „Портокаловиот свет“, каде што едно мало девојче кадар по кадар ги истражува прекрасните делови на околината. Како во класична бајка, девојчето се сретнува со пеперутки кои танцуваат околу неа, додека нејзиниот пат низ мистериозната шума е осветлен од голем број ламби кои ѝ даваат црвенкасто-портокалова боја на средината околу неа. На крајот, таа е привлечена од силна светлина која доаѓа помеѓу дрвјата и која ја насочува кон светот на наредната боја.rnrnМало девојче го истражува портокаловиот свет на фантазијатаrnrnБрум го започнала овој проект со идејата да направи истражување на светот на боите во 8 дела, претставено преку очите на едно мало девојче. Таа не само што успеала да ја наполни секоја сцена со соодветната боја на која работи, туку истовремено додала и надреални елементи кои се надополнуваат едни со други и овозможуваат да се почувствувате како да сте таму. Погледнете ги и останатите фотографии од оваа извонредна колекција.rnrn

    rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка

    Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка

    Московскиот фотограф Александер Коклов ги истражува можностите на визуелната трансформација со помош на бојата и шминката. Неговата фотосерија Art of Face ја сочинуваат прекрасни фотографии кои се одликуваат со интригантно нанесени бои на човечкото лице.rnrnФотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминкаrnrnТој за оваа серија работел со мејкап-артистката Валерија Кутсан и експертката за ретуширање Вероника Ершова. Неговите фотопортрети претставуваат надреални верзии од фотографираните субјекти инспирирани од дводимензионалните постери, стриповите, поп културата, уметничките слики, пикселизираните слики и карактерите од цртаните филмови.rn
    rn

    „Валерија користи различни техники на боење на човечкото лице, па можете да видите многу варијации – од скици и графичка уметност до водени бои и маслена техника. Ова е комбинација од интересна шминка, експерименти со студиска фотографија и внимателно ретуширање.“

    rnФотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминкаrnrnРаботата на Коклов ја имаме видено и порано во неговата серија црно-бели портрети наречена Weird Beauty.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 фотографии кои треба добро да ги погледнете за да ги разберете

    15 фотографии кои треба добро да ги погледнете за да ги разберете

    Понекогаш најобичните фотографии кои ги правиме со луѓето во нашиот живот, резултираат со илузија дека во нив се случува нешто надреално. Гледаме мажи со женско тело, премногу долга рака, маж кој држи минијатурен маж во својата рака и уште многу други комични кадри, кои не се онакви какви што изгледаат на прв поглед. Загледајте се убаво и објаснете ни што гледате на фотографиите. :)rnrn15 фотографии кои треба добро да ги погледнете за да ги разберетеrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хорор приказни со духови кои ќе ве остават без сон

    Хорор приказни со духови кои ќе ве остават без сон

    Од приказните со духови кои следуваат, дефинитивно ќе ве полазат морници по грбот. Оваа колекција надреални фотографии, ќе ве натера да го преиспитате сето она што сте го знаеле за духовниот свет и да размислите дали овие два света се навистина толку многу оддалечени, како што луѓето отсекогаш верувале.rnrnПаранормалните истражувачи потрошиле децении макотрпно истражувајќи ја секоја фотографија, откривајќи некои работи и неуспевајќи да дознаат други. Тие сметаат дека повеќето од ваквите фотографии со „духови“ можат логично да се објаснат како трик на светлината, сенките и апаратот, кој направил да гледаме нешто што не постои. Во што ќе верувате, одлучете сами откако ќе ги прочитате овие морничави приказни.rnrnОваа фотографија е направена во 1959 г. во австралискиот град Алис Спрингс, во Северната територија, на карпата Коробори. На неа гледаме нешто што наликува на жена која ги држи рацете кон нејзиното лице и гледа во далечина.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnЖителите на Квезон Сити на Филипините се држат настрана од улицата „Balete Drive“ во вечерните часови. Тие велат дека жена облечена во бело, со долга црна коса и со лице прекриено во крв, стои на сред улица. Возачите секогаш ги пополнуваат сите места во автомобилот со патници, бидејќи се плашат дека доколку едно место остане празно, истото може да го преземе непоканетиот гостин. На фотографиите се гледа само како јако бело светло на патот, а силуетата на жената ѝ е многу малку видлива.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnОваа жена била во посета на музејот „Fleet Air Arm“ во селото Јелвертон, Самерсет, Англија, во 1987 година. Додека позирала за оваа фотографија, таа рекла дека неа ѝ било невообичаено студено, и покрај тоа што денот бил многу топол. Таа исто така тврди дека била сама во авионот. Ако тоа е точно, тогаш кој е тој што седи од нејзината десна страна?rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnКлои работела како робинка на плантажата на  Мартл во Луизијана. Таа честопати ги прислушувала приватните разговори на сопственикот, кои не смеела да ги слуша. Едно попладне, таа била уловена на лице место како го прави тоа, поради што газдата ѝ го отсекол увото за казна. За да му се одмазди, Клои испекла отровна торта со листови од олеандер. Таа сакала нејзиниот злобен газда да ја изеде, но наместо тој, ја пробалеќерка му и жена му. Робинката побегнала од куќата, но набрзо била линчувана од следните робови на сопственикот. Се верува дека таа сѐ уште ја демне плантажата. Таа понекогаш може да биде видена зад вратите, столбовите или во грмушките на резиденцијата.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnОваа фотографија била направена во текот на Американската граѓанска војна. Духот на некој од мртвите војници, бил фатен на камера, како се качува по скалите кон подрумот.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnАвстралијка со име г-ца Андрус го посетила гробот на нејзината ќерка во Квинсленд, Австралија, во 1940-та година, кога ѝ ја направила оваа фотографија. Нејзината ќерка Џојс умрела една година претходно, на 17-годишна возраст. Жената била шокирана кога забележала дека на фотографијата, седи дете на гробот на ќерка ѝ, кое не го препознава. Австралискиот паранормален истражувач Тони ја посетил гробницата во 1990 година за да дознае дека, во близина на гробот на Џојс, биле закопани две женски бебиња.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnДајан и Питер Бертелот ја посетиле црквата Вортстед во Норфолк, Англија во 1975 година, со нивниот 12-годишен син. Питер направил фотографија од неговата жена додека се молела на клупата. Кога ја погледнале сликата неколку месеци подоцна, некој нивни пријател ги прашал кој е тој што седи зад Дајан. Мистериозната фигура изгледа како да е облечена во старомодна облека и носи качкет на главата. Збунети од тоа што го виделе, мажот и жената се вратиле во црквата една година подоцна, за да ја покажат нивната фотографија. Тогаш свештеникот им ја раскажал легендата за духот на белата дама, кој ги посетувал луѓето кои се болни и нив ги теши и така ги лекува. Дајан била шокирана кога го слушнала тоа, бидејќи во моментот кога се фотографирала, таа била на антибиотици и не се чувствувала добро. Легендата за Белата дама, е стара повеќе од 100 години. Се смета дека таа се појавува секоја година на Божиќ и црквата во која престојувала, сега е паб кој соодветно е именуван „Белата дама“.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnРоберт Фергусон бил спиритуалист и автор на книгата „Психичка телеметрија: Нов клуч за здравје, богатство и совршено живеење“. Тука е фотографиран на својот говор во Лос Анџелес, Калифорнија на 16 август 1968 г. Тој верува дека сенката зад него, е неговиот брат Волтер, кој умрел во 1944 година во текот на Втората светка војна. Но, многу „ловци“ на духови, сметаат дека ушите на брат му се многу поразлични и сметаат дека станува збор за друга личност.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnОва е фотографија од починатата баба на Дениз Расел. Години после нејзината смрт, внуката со другите членови на семејството разгледувале стари фотографии и ја пронашле оваа, која била направена неколку години пред тоа. Шокантен е податокот дека на фотографијата се гледа и нејзиниот дедо зад баба ѝ, кој умрел 10 години пред да биде направена оваа фотографија.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фасцинантна 3Д улична уметност

    Фасцинантна 3Д улична уметност

    Едгар Мулер е роден во германскиот град Милхајм на Рур во 1968 година, а израснал во руралниот град Штраелен во западна Германија. Неговата фасцинација за сликање започнала уште од детството, кога цртал пејзажи од градот во којшто израснал. На околу 25-годишна возраст, Мулер решил да се посвети на уличната уметност.rnФасцинантна 3Д улична уметностТој патува низ Европа и живее од оваа работа. Неговото уметничко студио се улиците. Тој слика врз поголем уличен простор и му дава еден сосема нов изглед, кој ја предизвикува перцепцијата кај минувачите. Набљудувачите стануваат дел од неговата сцена, бидејќи мораат да поминат по надреалните водопади, пештери, низ вулканска лава или во ледено доба.Фасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностЗа уличниот цртеж кој го гледате на првите три фотографии, на овој маестрален 3Д уличен уметник, му биле потребни пет дена за да го заврши. Со помош од пет асистенти, тој сликал од изгрејсонце до зајдисонце. Огромната оптичка илузија ја постигнува на начин, што користи анаморфична техника, што вусшност претставува искривување на сликата, која кога ќе се погледне од извесна точка, изгледа како реален 3Д објект.rnФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметностФасцинантна 3Д улична уметност
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.target=”_blank”>нашата страница на Фејсбук.

  • Надреални автопортрети од 16 годишно момче

    Надреални автопортрети од 16 годишно момче

    Овој талентиран 16-годишен фотограф доаѓа од Дуизбург, Германија, а неговото име е Филип Шумахер. Тој веќе две години активно се занимава со фотографирање. Инспириран е од познатите фотографи Алекс Стодард, Роузи Харди и Брук Шаден, кои својата работа ја споделуваат на „Фликр“. Тој за нив вели:rn
    rn

    „Мислам дека тие се неверојатно талентирани и нивните фотографии навистина инспирираат. Луѓето како нив ме тераат да создавам уште повеќе фотографии, бидејќи сакам да станам добар како нив. Еден ден сакам да станам како некој од нив.“

    rnНадреални автопортрети од 16 годишно момчеГледајќи ја неговата селекција на автопортрети, ќе се чувствувате како да сте букирале билет во еден правец за некој чуден и нереален сон. Неверојатна фантазија! Доколку ви се допаѓа неговата работа, посетете го неговиот веб-сајт, Фликр-профил или неговата страница на Фејсбук. Надреални автопортрети од 16 годишно момчеНадреални автопортрети од 16 годишно момче.rn

    „Никогаш не одам на сликање мотивиран да создадам нешто магично. Тоа си доаѓа спонтано преку реализација на мојата идеја. Најверојатно тоа е така бидејќи мојата работа е навистина надреална, како и мојата техника на понатамошна обработка на фотографиите.“

    rnНадреални автопортрети од 16 годишно момчеНадреални автопортрети од 16 годишно момчеНадреални автопортрети од 16 годишно момчеНадреални автопортрети од 16 годишно момчеНадреални автопортрети од 16 годишно момчеНадреални автопортрети од 16 годишно момчеНадреални автопортрети од 16 годишно момчеНадреални автопортрети од 16 годишно момче
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn