Плитвички Езера е првиот национален парк во Хрватска основан во 1949 година. Опфаќа простор од 296.85 км и се наоѓа меѓу најголемите 8 во целата држава. Тој изобилува со неверојатна природна убавина и пејзажи кои одземаат здив.rnrnВо овој парк можете да забележите многу водопади, езера, шуми и различни видови животни. Највисокиот водопад е околу 70 метри, додека пак езерата се познати по нивните специфични бои кои се движат од небесно сина, светло зелена, па сè до уникатно сива боја. Боите се менуваат во зависност од количината на минералите и организмите кои се наоѓаат во водата, како и од аголот под кој паѓа сончевата светлина.rnrn16-те езера кои се формирани од природни брани се поделени во горни и долни езера, додека пак патеките за туристите се наоѓаат на надморска височина помеѓу 503 и 636 метри.rnrn
rnrnПаркот Плитвички Езера се наоѓа во централниот дел од Хрватска и е најмногу познат по неверојатните природни знаменитости. Дури и по 60 години откако бил основан како национален парк, сè уште е голема инспирација за посетителите кои без разлика од каде доаѓаат, не пропуштаат да го посетат. Поради тоа денес се смета за една од најголемите туристички атракции во оваа држава.rnrnДоколку некогаш одлучите да ја посетите Хрватска, без разлика дали е лето или зима, одделете еден ден за ова прекрасно место каде што ќе искусите нешто сосема различно и барем накратко ќе се одморите од напорниот „градски“ живот.rnrn








rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



rnrnОваа река, всушност, има две имиња. Горниот тек го носи името Кабајуган, извира од планината Блумфилд и тече надолу по нејзините падини, при што нејзините води се користат главно за наводнување на оризовите ниви. Потоа, во долниот тек, реката исчезнува некаде под планината Сент Пол и повторно се појавува во пештерата на националниот парк Пуерто Принцеса како подземна река, по што и го добива името.rnrn

rnrnЕгзотичната убавина составена од карстни карпести формации, кристално чиста вода на која се огледуваат сталактитите и сталагмитите во пештерата, како и ендемичниот животински и растителен свет од Пуерто Принцеса создале туристичка атракција, која што веќе е прогласена за едно од седумте светски чуда на природата. Само осум километри од реката се пловни, но се доволни за на посетителите да им бидат достапни организирани тури со чамец преку коишто можат да уживаат во мистичната околина. Задоволството чини околу 30 евра.rnrn



rnrn

rnrn„Огнената“ вода паѓа од околу 600 метри височина, а најдобро се набљудува и фотографира, ако застанете на една мала и чиста лединка, која се наоѓа источно од Ел Капитен. Лединката е во близина на едно излетничко место, на северната страна од патот што води до долината Јосемити.rnrnКако што полека заоѓа сонцето, така и силно златната боја на водопадот полека избледува, сè додека целосно не исчезне…rnrn

rnrnВо овој редок природен феномен уживајте и преку следното видео, направено пред две години.rnrn