КАФЕ ПАУЗА

Tag: мудрост

  • Мудра приказна која ќе ви открие во што се состои суштината на среќниот живот

    Мудра приказна која ќе ви открие во што се состои суштината на среќниот живот

    Луѓето ја пронаоѓаат среќата во животот на многу начини, бидејќи таа за секого има различно значење. Сепак, без разлика за каква среќа станува збор, треба да се пронајде и да се цени. Најважно од сѐ е да не се обидувате да им го наметнете вашето мислење на другите луѓе, ниту пак да ги осудувате поради она што ги прави среќни. Во продолжение прочитајте ја оваа мудра приказна која ќе ви ги отвори очите…rnrnМудра приказна која ќе ви открите во што се состои суштината на среќниот животrnrnСи бил еден бизнисмен кој шетајќи по плажата на едно мало бразилско село, здогледал еден рибар како седел под дрво, пушел цигара и уживал во прекрасната глетка пред неговите очи. Кога бизнисменот го прашал зошто седи под дрвото и пуши наместо да прави нешто, рибарот му одговорил дека уловил доволно риби за еден ден.rnrnНа тоа богатиот луто му рекол:rnrn„Зошто не уловиш уште повеќе риби наместо да седиш тука во ладовина и да губиш време?“rnrnРибарот го прашал:rnrn„Што би правел со таа риба?“rnrn„Би можел да ја продадеш. Кога ќе заштедиш доволно пари би можел да купиш поголем чамец“, му одговорил бизнисменот.rnrn„Што би правел тогаш?“, повторно прашал рибарот.rnrn„Би можел да одиш на риболов во подлабоките води и да фатиш уште повеќе риби и да заработиш уште повеќе пари“, гордо одговорил бизнисменот.rnrn„И тогаш што би правел?“rnrn„Би можел да купиш многу чамци, да вработиш повеќе луѓе да работат за тебе и така да заработиш уште повеќе пари.“rnrnРибарот продолжил да прашува:rnrn„И тогаш што би правел?“rnrn„Би можел да станеш богат човек, бизнисмен како мене“, одговорил богатиот.rnrn„И тогаш што би правел?“, прашал рибарот.rnrnБизнисменот на тоа одговорил:rnrn„Па тогаш би можел да уживаш во твојот живот.“rnrn„Зар не е тоа ова што го правам сега?“, завршил рибарот, го свртел погледот и продолжил да ужива во пејзажот.rnrnНе морате да чекате до утре за да бидете среќни и да уживате во животот. Вие не ни морате да се збогатите за да уживате во него. Животот е само момент и треба да се проживее целосно. Токму затоа има многу вистина во оваа мудра изрека:rn

    „Вашето богатство не зависи од она што го имате, од материјалните добра што ги поседувате, туку од она во кое уживате.“

  • Мудри мисли кои ќе ве поттикнат да станете уште посилни одошто сте

    Мудри мисли кои ќе ве поттикнат да станете уште посилни одошто сте

    На сите понекогаш ни треба дополнителна мотивација и инспирација во животот за да продолжиме напред. Многу често не сме свесни за силата што ја поседуваме, сѐ додека не се соочиме со некој предизвик кој ќе успее да го извлече најдоброто од нас. Но, доколку се наоѓате во тежок период од животот и мислите дека немате сила да продолжите понатаму, прочитајте ги следниве неколку мудри мисли кои ќе ја разбудат вашата внатрешна сила и ќе ја поттикнат да избие на површина…rnrnМудри мисли кои ќе ве поттикнат да станете уште посилни од она што стеrn

    „Кога ќе се најдете во тесно и сѐ се врти против вас, и кога ќе дојдете до момент кога ви се чини дека не можете повеќе да издржите, не се предавајте! Токму тоа е моментот кога започнува целиот пресврт.“

    rn

    „Ако сакате да успеете, морате да научите да живеете со неуспесите. Многу поголема мудрост стекнуваме врз основа на нашите неуспеси, отколку врз основа на нашите успеси.“

    rn

    „Ако одлучите, почнувајќи од утре, да вложувате во вашата работа многу повеќе отколку што сте платени за тоа, во вашиот живот ќе почнат да се случуваат чуда.“

    rn

    „Најмногу од сѐ ценете ја љубовта што ја добивате. Таа ќе остане со вас уште долго откако целото ваше злато и добро здравје ќе исчезне.“

    rn

    „Не можете да владеете со успехот, можете само да го заслужите.“

    rn

    „Единствениот пат до успехот е ако дадете повеќе од она што се очекува од вас, без оглед на тоа за каква задача станува збор. Оваа навика ја негуваат сите успешни луѓе од самиот почеток.“

    rn

    „Секогаш кога се потценувате себеси и вашите таленти, вие сте предодредени за неуспех. Ако не верувате во своите вештини, искуство или знаење, светот многу брзо ќе се сложи со вашата проценка и ќе се соочите со тажна иднина која не сте ја заслужиле.“

    rn

    „Никогаш не ги натрупувајте вашите денови и ноќи со банални и неважни работи, бидејќи нема да имате време да се соочите со вистинските предизвици кога ќе дојде време за тоа.“

    rn

    „Не можете да напредувате ако живеете како самотник. Мора да сте во допир со светот и со сите негови паради на несреќи и критичари, без да дозволувате тие да ја уништат вашата парада.“

    rnМудри мисли кои ќе ве поттикнат да станете уште посилни од она што стеrn

    „Не постои човек кого другите можат да го лажат толку многу, колку што тој може да се лаже самиот себеси. Кукавиците се лажат дека се само внимателни, а себичните дека водат сметка за своите пари. Ништо не е полесно од тоа да се лажете себеси, бидејќи најлесно е да верувате во она што сакате да верувате.“

    rn

    „Постојат два вида незадоволство на овој свет: Незадоволство кое поттикнува на работа и незадоволство кое предизвикува очај. Првите евентуално го добиваат она што го сакаат, додека вторите го губат и она што веќе го имаат. Единствениот лек за првите е успехот, а за другите лек нема.“

    rn

    „Добро е да се има пари и сите оние работи кои можат да се купат со пари, но добро е да застанете бар еднаш и да бидете сигурни дека не сте ги изгубиле оние работи кои не можат да се купат со пари.“

    rn

    „Секогаш стремете се да бидете поголеми од она што сте. Морате да се надминете себеси. Во секоја ваша следна постапка, средба и размислување, обидете се да бидете подобри од претходно. Сега сте она што сте, но за еден час мора да бидете повеќе од она што сте сега. Сѐ што ќе почнете да правите, вложете уште повеќе труд за да се надминете себеси.“

    rn

    „Најголемите успеси се отвораат пред вас само ако ги преземете најтешките ризици со ладнокрвно и проникливо расудување.“

    rn

    „Добрите мисли и добрите постапки никогаш не можат да дадат лоши резултати. Лошите мисли и лоши постапки никогаш не можат да дадат добри резултати.“

  • 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

    5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

    Многу сингл жени над 50-тата година од својот живот, кога ќе помислат на љубовни состаноци почнуваат да се фрустрираат, да чувствуваат непријатност и збунетост. Но, верувајте, нема никаква причина да се грижите. Можеби забавувањето со момчиња во 20-тите години е супер забавно, но излегувањето на состаноци по 50-тата година има посебна магија во себе. Еве пет причини поради кои нема причина да се чувствувате непријатно и да се повлекувате затоа што сметате дека тоа не е соодветно и оти забавата е резервирана само за 20-годишните девојки.rnrn(1) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-титеrn

    1. На 50 години знаете кои сте

    rnВо овој период од животот на состаноците заминувате со цело богатство знаење и искуство. Повеќе ја нема онаа огромна несигурност како во младоста, кога постојано ги баравте патиштата до вашата вистинска личност. Затоа искористете ја сета моќ која лежи во вас. Според WebMD, жените над 50-тата година се чувствуваат посамоуверено, знаат точно што сакаат и што не сакаат и најмногу си веруваат себеси. Сепак, тоа не значи дека сте виделе сè и сте сфатиле сè, но сепак знаете како да уживате и да бидете тоа што навистина сте. Дали така се чувствувавте, на пример, кога имавте 22 години? Сега знаете што ви треба од еден маж и од една врска.rn

    2. Немате желба и очекувања да засновате семејство

    rnВо овој период од животот се чувствувате многу релаксирано затоа што не размислувате за деца и семејство и мажите не ги гледате како потенцијални татковци на вашите идни поколенија. Во доцните 20-ти, биолошкиот часовник почнува да отчукува посилно, а тоа создава голем притисок кај жените. Но, затоа жените кои имаат 50+ години се сосема слободни по тоа прашање. Поголемиот дел од жените до таа возраст веќе ги имаат одгледано децата, кои се возрасни и самостојни луѓе. Исто така, голем е процентот на жени кои се финансиски самостојни, па затоа единствено што им треба е друштво на пријатен и шармантен човек. Фокусирајте се на забава.rnrn(2) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-титеrn

    3. Имате искуство со врските

    rnДо петтата деценија од вашиот живот, веројатно сте биле во брак или во неколку врски, во кои сте имале можност да ги развиете комуникациските вештини со партнерите и да научите како се гради еден однос. Сега повеќе не се плашите гласно да кажете што не ви се допаѓа и да водите квалитетни разговори поврзани со вашата врска. Знаете дека мирните разговори, размислувањето и овозможувањето меѓусебна шанса за себеизразување се начини за надминување на одредени прашања и проблеми кои можат да се појават меѓу вас и партнерот. Можете да се сетите на вашата прва бурна расправија со момчето во младоста? Веројатно имало неизмерно многу драма – сте изнакажале многу погрдни зборови, избувнавте, ја треснавте вратата и многу други бурни реакции. Но, тогаш сте го немале сегашното искуство за тоа дека дискусиите се водат на еден мирен начин, јасно искажување на вашите мисли и компромис. Со 50+ години знаете кое однесување не е прифатливо за вас, знаете како да ги решите најголем број од проблемите и кога е потребен компромис за да се врати задоволството во заедничката врска.rnrn(3) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-титеrn

    4. Не ви е потребен маж за да ви стави прстен на раката

    rnПоголемиот дел од жените над 50-тата година веќе биле во брак барем еднаш и можеби биле невеста на голема свадба. Затоа, во овој период, жените не ни помислуваат повторно да облекуваат бел фустан. Голем дел од луѓето на 50+ возраст, кои имаат развод зад себе, не размислуваат повторно да стапат во брак. Но, никој не вели дека не сакаат долга и стабилна врска, Сепак, изборот е ваш. Кога сте биле во 20-тите години од животот, најверојатно бракот ви бил од најголемо значење. Сте имале притисоци и од семејството и од околината да најдете момче и да создадете семејство. Но, во периодот над 50 години, таквиот притисок едноставно го нема. Можете да живеете заедно со својот партнер, можете да водите одвоен живот, сите опции се отворени.rn

    5. Мажите над 50-тата година се поголеми кавалери

    rnДа не го заборавиме фактот дека не се само жените се тие кои во текот на животот собираат искуство и знаење. Истото се случува и кај мажите. Д-р Џоел Блок, секс терапевт, вели дека мажите над 50-тата година се „понежни“. Како што поминуваат годините, тие стануваат поопуштени во делот на сексот и повеќе внимаваат на себеси и партнерката. Како што стареат луѓето стануваат попаметни и ги доведуваат речиси до совршенство своите љубовни вештини.rnrnЗатоа дами, не очајувајте, напротив искористете го знаењето и искуството и излезете од својата удобна зона. Отворете ги можностите и искористете ги сите патишта кои се отвораат пред вас. Можете да најдете пријатен партнер и љубовник, со кој ќе уживате.

  • Уметноста на пиењето вода: 10 совети од древните мудреци

    Уметноста на пиењето вода: 10 совети од древните мудреци

    Во овие топли летни денови, кога потребата за пиење вода е значително зголемена, не е лошо да се земат предвид значајните совети од древната Ајурведа. Луѓето сметаат дека не се потребни никакви техники за нешто толку секојдневно како што е пиењето вода. Но, како што постојат правила за исхрана, така постои и правилен начин на пиење вода кој најмногу му користи на нашето тело.rnrnУметноста на пиењето вода: 10 совети од древните мудрециrnrnПиењето вода е повеќе од едноставно потпирање на стаклената чаша на усните и голтање. Начинот на кој ја пиете може многу да го промени вашиот живот. За некои луѓе тоа значи дека нема да мораат да трчаат во тоалет цел ден, некои ќе го решат масовното подригнување по јадењето, а некои ќе се ослободат од болното чувство на прејаденост и надуеност по оброците. Потребни се само некои мали и едноставни промени. Во продолжение прочитајте ги 10-те совети на индиските мудреци…rnrn1. Пред сѐ, седнете, па потоа напијте се вода (исто како кога седите за да јадете).rnrn2. Земете мала голтка, не ја пијте цела чаша одеднаш. Голтнете, па земете воздух. Повторете го тоа.rnrn3. Пијте вода во текот на целиот ден. Ако испиете премногу вода одеднаш, вашето тело нема да ја впие целата таа течност. Поголемиот дел од неа само ќе помине низ вас.rnrn4. Температурата на водата треба да биде како собната. Топлото е секогаш подобро. Ладната вода буквално ја гаси храната што сте ја внеле.rnrn5. По јадењето, земете мала голтка вода. Ако пиете премногу додека јадете, вашиот стомак нема да има доволно простор за дигестивниот процес. Запаметете го следново правило: Наполнете го желудникот 50% со храна, 25% со вода и оставете 25% празен простор за процесот на варење.rnrnУметноста на пиењето вода: 10 совети од древните мудрециrnrn6. Од истата причина не пијте многу вода пред или по оброкот. Како што веќе кажавме: 50% храна, 25% вода и 25% оставете празен простор.rnrn7. Пијте кога сте жедни. Жедта е природна потреба која треба да се исполни. Тоа значи дека на телото му треба вода.rnrn8. Што се однесува до количината, сите луѓе се различни со различна тежина, различна исхрана и начин на живот. Универзалното правило од осум чаши дневно не може да се примени кај секого. Чудесното човечко тело има сопствен вграден мерен систем: Жед. Ако сте жедни, пијте вода. Кога ќе ги слушате сигналите што ви ги праќа жедта и ќе пиете вода во текот на целиот ден, ќе ја најдете вистинската мерка.rnrn9. Вашата урина може да ви послужи да проверите дали вашето тело е доволно хидрирано. Таа би требало да биде прилично бистра и со боја на слама. Доколку е темно жолта, треба да пиете повеќе вода.rnrn10. Вашите усни се уште еден показател. Ако се суви, вашето тело е веројатно дехидрирано.rnrnОвие правила се многу едноставни, дури и очигледни. Но, можат да внесат огромни промени во вашиот живот и да влијаат на тоа како се чувствувате. Важно е да станете свесни за тоа што го јадете и пиете и да ги слушате сигналите што ви ги праќа телото. Не ја занемарувајте жедта. Послушајте ја големата мудрост на Ајурведата и веднаш ќе забележите значително подобрување на квалитетот на вашиот живот и здравје.

  • Дневна доза оптимизам: 9 цитати за мудроста и знаењето

    Дневна доза оптимизам: 9 цитати за мудроста и знаењето

    Оптимизмот и позитивното мислење треба да бидат дел од сечие секојдневие. Кога вашата глава е исполнета со мисли на среќа, радост, задоволство и самодоверба, вие сте најдобрата верзија од себе којашто можете да бидете, а со тоа сте ја совладале и животната мудрост и цел. Во тој контекст, прочитајте ги овие 9 цитати за мудроста и знаењето кои треба редовно да се повторуваат.rnrnДневна доза оптимизам: 9 цитати за мудроста и знаењетоrn

    „Она што го сака, мудрецот го бара во себе. Простиот човек тоа го бара кај другите.“ – Конфучиј

    rn

    „Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци поминати во учење од книги.“ – Кинеска поговорка

    rn

    „На паметниот човек скоро сѐ му е смешно, а на мудриот скоро ништо.“ – Гете

    rn

    „Подобро да разберете малку, но точно, отколку многу, но грешно.“ – Анатол Франс

    rn

    „Мудроста е ќерка на искуството.“ – Леонардо да Винчи

    rn

    „Разумните одат на сѐ подобро, а неразумните или остануваат како што биле или ако не се подобрат, одат на сѐ полошо.“ – Доситеј Обрадович

    rn

    „Тој што ги познава другите е бистар. Тој што се познава себеси е мудар. Тој што ги победува другите е силен. Тој што се победува себеси е моќен. Тој што си е доволен на самиот себеси е богат. Тој што ја зачувува положбата е трпелив. Тој што не ја губи свеста во смртта продолжува да живее.“ – Лао Це

    rn

    „Победата над стравот е почеток на мудроста.“ – Бертранд Расел

    rn

    „Никогаш човекот не може да каже толку многу мудрости, колку што може да премолчи лудости.“ – Јован Дучиќ

  • Мудроста на крал Соломон: Човекот засекогаш умира од внатре кога ќе изгуби една важна работа

    Мудроста на крал Соломон: Човекот засекогаш умира од внатре кога ќе изгуби една важна работа

    Според Библијата, кралот Соломон бил третиот крал на Израел. Неговото име во превод значи „дете на мирот“ или „миротворец“, а луѓето го слават пред сѐ поради неговата голема мудрост. Прочитајте го следниов извадок од книгата „Соломон говори“ во кој се зборува за љубовта како суштина на животот и единствен начин за да се доживее среќа.rnrnНепроценливата мудрост на кралот Соломон: Човекот засекогаш умира од внатре кога ќе изгуби една важна работаrnrnОна што е важно е да им се приближувате на другите луѓе, а не да се изолирате. Ние понекогаш мислиме дека во изолацијата се пронаоѓаме себеси. Но, тоа не е така. Ние се пронаоѓаме себеси во интеракцијата со другите. Тоа е и причината зошто не се наоѓаме на пуст остров.rnrnНие сме тука за да ги вклучиме другите животи во сопствениот живот. Да ги повикаме внатре. Лекциите кои треба да се научат лежат во таа интеракција.rnrnМожеби не постојат зборови со кои би можело тоа да се искаже, но вашата љубов кон животот може да се пренесе. Вашата љубов кон животите околу вас. Тоа е она што го носат луѓето, нивната способност да сакаат. Кога луѓето ќе ја изгубат таа способност, тие пропаѓаат и умираат од внатре. Сосредоточете се на таа љубов.rnrnКога ќе се насочите кон постигнувањето резултати, работите нема во истиот момент да се појават за вас. Знајте дека онаму каде што се наоѓа љубовта во вашиот живот, таму се наоѓаат и одговорите, тие лежат во вашата способност да ја пронајдете љубовта во вашиот живот. Тоа е патека. Сѐ друго самото ќе си дојде на место.rnrnТака на пример, врските кои ги имате со членовите од семејството се најважни. Тие не само што го создаваат вашиот живот, туку и вашата намера во животот. Тие ви даваат мисија и ги одредуваат околностите во кои вие сте само гостин.rnrnОние врски кои нѐ поврзуваат се од суштинска важност и неочекувани награди доаѓаат од нивното остварување. Вие доаѓате тука за да бидете дел од нивниот живот. Вие сте ги одбрале нив.rnrnВие сте емотивно поврзани со нив и имате многу да научите од нив. Тие нема да бидат тука уште долго. А нема ниту ние да бидеме… Вие… Тие. Морате да се обидете да го извлечете од нив нивното искуство во љубовта.rnrnПрашајте ги за љубовта која ја имаат во нивниот живот. Многу ќе научите. Не мора да се работи за љубов кон луѓе, прашајте ги што е она што го сакаат кај природата. Прашајте ја вашата мајка што сака во животот. Прашајте ги сите каде се наоѓа нивната љубов. Ќе откриете некои длабоки одговори.rnrnКога ќе ја споделите таа големина, вие се развивате и одите на повисоко ниво. Ние поминуваме толку многу време во зборување за тоа што го мразиме. Тоа е детинесто. Вратите се отвораат во љубовта и во семејството.rnrnИстото направете го и со вашите баба и дедо. Прашајте ги што сакале во нивниот живот. Што и понатаму сакаат. Ова можеби звучи како клише, но не е. Бидете отворени со нив и кажете им што вие сакате. Така ќе промените сѐ. Дозволете им да видат кои сте.

  • Бидете силни и заминете: Во што се состои животната вистина?

    Бидете силни и заминете: Во што се состои животната вистина?

    Иако можеме да бараме и читаме безброј книги и научни студии кои можат да ни помогнат подобро да го сфатиме животот со сите негови тајни, сепак најдобри се оние текстови, цитати, поеми, стихови кои се малечки и кои наместо со големината, својот квалитет го покажуваат со едноставноста и зборовите кои совршено ја доловуваат смислата на животот. Во тој контекст, прочитајте ја оваа кратка поема која ќе ве замисли и ќе ве исполни со енергија да го зграпчите секој нов ден.rnrnБидете силни и заминете: Во што се состои животната вистина?rn

    Не дозволувајте ниедна личност да ве спушти толку ниско

    rn

    што ќе ја замразите. Ослободете ја од оковите со кои ве држи

    rn

    и продолжете понатаму со мир во срцето.

    rn

    Животот е краток и не вреди да го поминете трошејќи го

    rn

    своето време, обидувајќи се да ги откриете луѓето или

    rn

    да им се докажувате. Единствената личност на која треба

    rn

    нешто да докажете сте самите вие.

    rn

    Стремете се да бидете

    rn

    најдобрата личност што можете, бидете силни и заминете.

    rn

    Држењето лутина и бес само ќе ви ја саботира среќата.

    rn

    Вашиот живот е премногу посебен и бесценет

    rn

    за да ги трошите минутите грижејќи се за оние кои не ве прават среќни.

    rn

    Кажете им збогум и посакајте им сѐ најдобро.

    rn

    Сепак, ве направиле посилна личност. И тие еден ден

    rn

    ќе ја видат светлината.

  • 10 животни лекции од Конфучие кои ќе ви го променат погледот кон светот

    10 животни лекции од Конфучие кои ќе ви го променат погледот кон светот

    Конфучие бил најголемиот филозоф од Истокот на сите времиња. Неговите верувања ги нагласувале личните и општите морални вредности. Тој ги учел луѓето како да ги негуваат меѓусебните односи со помош на искреност и правда. Ова се 10-те моќни животни лекции кои можат да се извлечат од филозофијата на овој благороден кинески мудрец.rnrn10 животни лекции на Конфучие кои ќе ви го променат погледот кон светотrnrn1. Не важно колку бавно се движите, сѐ додека не запирате.rnrn2. Никогаш не се спријателувајте со човекот кој не е подобар од вас.rnrn3. Кога ќе ве надвладее лутината, помислете на последиците.rnrn4. Кога ќе стане очигледно дека не можете да ги остварите целите, не ги прилагодувајте целите, туку начинот на дејствување.rnrn5. Ако мразите некоја личност, таа ве поразила.rnrn6. Она што го бара супериорниот човек е внатре во него. Она што го бара малиот човек е во другите луѓе.rnrn7. Каде и да одите, одете со целото ваше срце.rnrn8. Дајте им упатства само на оние луѓе кои бараат знаење откако го откриле нивното незнаење.rnrn9. Ако ги гледате само малите предности, нема да можете да ги остварите големите нешта.rnrn10. Ако другите зборуваат лошо за вас позади грб, тоа значи дека сте пред нив.rnrnСледете ги овие мудри животни лекции и ќе видите како вашиот живот ќе се смени на подобро.

  • Поучна приказна за вистинската вредност на нештата

    Поучна приказна за вистинската вредност на нештата

    Луѓето многу често имаат навика да ги судат нештата од прв поглед и да ја одредуваат нивната вредност без да знаат што се крие под површината. Поради тоа, донесуваат погрешни заклучоци и нанесуваат неправди. Прочитајте ја оваа поучна приказна која ќе ве научи дека не треба да дозволувате да ве измами првиот впечаток, кој понекогаш знае да биде лажен.rnrnПоучна приказна за вистинската вредност на нештатаrnrnСи било еднаш едно младо момче кое отишло кај селскиот мудрец за да побара совет.rnrn„Дојдов, учителе, затоа што се чувствувам толку безвредно што немам волја за ништо. Ми велат дека ништо не знам, дека ништо не правам како што треба, дека сум несмасен и прилично глупав. Како можам да се поправам? Што да направам за да ме ценат повеќе?“rnrnБез да го погледне, учителот му одговорил:rnrn„Баш ми е жал, момче. Не можам да ти помогнам затоа што прво морам да го решам својот проблем. Можеби подоцна…“rnrnТој направил пауза, но брзо додал:rnrn„Кога ти мене би ми помогнал, побрзо би го решил тоа и тогаш можеби би можел и јас тебе да ти помогнам.“rnrn„Со задоволство, учителе“, со двоумење одговорил младичот и повторно се почувствувал безвредно и запоставено.rnrn„Добро“, продолжил учителот.rnrnГо извадил прстенот кој го носел на малиот прст од левата рака, му го подал на младичот и му рекол:rnrn„Земи го коњот надвор и оди до пазарот. Треба да го продадам овој прстен, затоа што морам да вратам еден долг. Мораш да ја добиеш најдобрата можна цена за него и не прифаќај помалку од еден златник. Оди и што побрзо врати се со парите.“rnrnМомчето го земало прстенот и отишло. Само што дошол на пазарот, почнал да го нуди прстенот на трговците кои го разгледувале со интерес додека не им кажал колку чини. Кога момчето го спомнало златникот, некои се смееле, други негодувале со главата и само еден старец бил доволно љубезен за да му објасни дека златникот е премногу вреден за да го добие во замена за прстенот. Некој сакал да помогне, па му понудил сребреник и бакарен сад, но младичот ги следел упатствата дека не треба да прифати ништо помалку од златник и ја одбил понудата.rnrnОткако го понудил прстенот на сите кои ги сретнал на пазарот, а биле повеќе од стотина, скршен поради неуспехот, се качил на коњот и се вратил. Колку само момчето го посакувало златникот за да може да му го даде на учителот и конечно да го добие неговиот совет и помош! Влегол во собата.rnrn„Учителе, жал ми е. Не можам да го добијам тоа што го бараш. Можеби можев да добијам два или три сребреници, но се сомневам дека ќе можам да излажам некого во врска со вистинската вредност на прстенот.“rnrn„Тоа што го кажа е многу важно, млад пријателе. Прво мора да ја дознаеме вистинската вредност на прстенот. Повторно јавни го коњот и оди кај златарот. Кој би можел да го знае тоа подобро од него? Кажи му дека сакаш да го продадеш прстенот и прашај го колку може да ти даде за него. Но, колку и да ти нуди, немој да го продаваш. Врати се тука со прстенот.“rnrnМладичот повторно го јавнал коњот. Златарот го прегледал прстенот со помош на ламба, го разгледал со лупа, го измерил и му рекол на момчето:rnrn„Момче, кажи му на учителот дека ако сака веднаш да го продаде, не можам да му дадам повеќе од 58 златника за прстенот.“rnrn„58 златника?“, извикало момчето.rnrn„Да. Знам дека за некое време за него би можеле да добиеме и 60 златника, но ако сака веднаш да го продаде…“, одговорил златарот.rnrnМладичот возбудено јурнал накај куќата на учителот и му раскажал што се случило.rnrn„Седни“, му рекол учителот откако го сослушал.rnrn„Ти си како овој прстен: Вистински бисер, вреден и единствен. И како таков, само вистински експерт може да те процени. Зошто го живееш животот посакувајќи некој неважен да ја открие твојата вистинска вредност?“rnrnУчителот ги изговорил овие мудри зборови и повторно го ставил прстенот на малиот прст од левата рака.

  • Големите мудрости на африканските племиња

    Големите мудрости на африканските племиња

    Најголемите мудрости најчесто се кажани со наједноставни зборови. Африка важи за континент кој покрај тоа што изобилува со прекрасни пејзажи и интересна култура, изобилува и со мудроста на африканските племиња кои своето искуство го споделуваат на едноставен начин, разбирлив за сите. Во продолжение прочитајте ги овие вистинити поговорки кои ќе ве поттикнат на размислување…rnrnГолемите мудрости на африканските племињаrn

    „Ако имате цел, ќе го најдете и патот.“

    rn

    „Ако птицата го клука житото на вашиот пријател, избркајте ја затоа што ќе дојде времето кога ќе го клука и вашето.“

    rn

    „Ако некој ви каже дека гладот е подобар од ситоста, немојте да му верувате.“

    rn

    „Подобро е да го задржите непријателот надвор од куќата, отколку да го бркате од неа.“

    rn

    „Грубите шеги упатени кон пријателот се исто што и предавството.“

    rn

    „За гасење пожар, не се бара чиста вода.“

    rn

    „Знаењето е како стебло од баобаб: Еден човек не може целото да го опфати.“

    rn

    „Кога ви е тешко – плачете, но вашите солзи нека не течат на земјата, би можеле да ја извалкаат.“

    rn

    „Лагата има седум завршетоци, вистината само еден.“

    rn

    „Лагата може да нанесе болка 100 пати поголема од копјето.“

    rn

    „Мудроста не живее само во една куќа.“

    rn

    „Дозволете му на тој што сака нешто, да продолжи да го сака тоа, затоа што ако му кажете да го остави тоа што го сака, тој и понатаму ќе го сака истото, а вас ќе ве мрази.“

    rn

    „Преголемата мудрост се граничи со глупоста.“

    rn

    „Со претерана добрина нема далеку да стигнете.“

    rn

    „Само глупавиот човек може да го скршат малите работи.“

    rn

    „Среќен е кртот кој живее под земјата и не го гледа овој свет ваков.“

    rn

    „Срцето е тоа што нè води и во рај и во пекол.“

    rn

    „Срцето не е колено за да може да се свитка.“

    rn

    „Што ќе ни е богатство, ако поради него во секој момент би можеле да ја изгубиме главата.“

    rn

    „Тоа што нема да го постигнете со викање, ќе го постигнете со молчење.“