КАФЕ ПАУЗА

Tag: мудрост

  • Предупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работите

    Предупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работите

    Епископот Николај (Велимировиќ) Охридски и Жички бил познат теолог и говорник чии мисли и мудрости го менувале животот на народот и го збогатувале неговото знаење. Кога бил млад тој се разболел од дизентерија и се заколнал дека ќе го посвети животот на Бога, доколку преживее. Преживеал и се замонашил под името Николај.rnrnПредупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работитеrnrnТој уште во младоста ги читал делата на големите писатели и филозофи како што се Достоевски, Толстој, Пушкин, Виктор Иго, Шекспир, Волтер, Ниче, Маркс и многу други, така што не е воопшто чудно тоа што неговиот речник и мудрост биле на завидливо ниво. Тој бил генијалец, меѓутоа кога дошол во Охрид доживеал огромна промена. Епископот Николај од интелектуалец се претворил во духовник и светител. Токму во Охрид ги напишал и неговите најубави дела. Тој целосно се посветил на Бог и почнал да ја презира славата, човечките пофалби и премногу накитените зборови. Во Охрид неговата духовност го достигнала највисокото ниво.rnrnПрочитајте го неговото предупредување кое целосно ќе ви го промени погледот кон светот:rn

    „Никогаш не брзајте да проговорите за три работи:rnrnЗа Бог – сѐ додека не ја утврдите вашата верба во него,rnrnЗа туѓиот грев – сѐ додека не се сетите на вашиот,rnrnИ за утрешниот ден – сѐ додека не започне.“

    rnСо други зборови, епископот Николај советува дека никогаш не треба да се зборува предвреме за нештата, ниту, пак, да се спомнуваат работи во кои не сме сигурни. Овој совет треба да го применуваме секој ден од нашиот живот, за да бидеме поисполнети и да станеме луѓе во вистинска смисла на зборот.

  • Мудроста на будизмот: 25 зен совети кои ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мир

    Мудроста на будизмот: 25 зен совети кои ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мир

    Зен будизмот не трага по смислата на животот, туку ни помага да ги надминеме животните потешкотии. Нѐ учи да бидеме трпеливи, внимателни и да се концентрираме на она што се случува во моментот. Следниве 25 будистички мудрости би можеле да го променат вашиот поглед кон светот и да ви дадат одговори на најважните животни прашања што ве измачуваат…rnrnМудроста на будизмот: 25 зен совети кои ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мирrnrn1. Најтешко е да му се одолее на искушението пред самата победа.rnrn2. Целта во животот е да се умре млад што е можно подоцна.rnrn3. Не зборувајте доколку немате да понудите ништо подобро од тишината.rnrn4. Патувањето од илјадници километри започнува со само еден чекор.rnrn5. Силниот човек надминува една пречка, мудриот човек оди до крајот.rnrn6. Не плашете се од бавното одење. Плашете се од запирањето.rnrn7. За глупавиот човек, дури и среќата е глупава.rnrn8. Ако се сопнете и паднете, тоа не значи дека сте го одбрале погрешниот пат.rnrn9. Колиба полна смеа е побогата од палата полна тага.rnrn10. Секогаш гледајте на посветлата страна на работите. Доколку не можете да го разберете ова, чистете го она што станало темно додека не заблеска.rnrn11. Што и да се случи, ќе се случи на време.rnrn12. Оној кој ги истакнува вашите мани, не мора да значи дека ви е непријател. Оној кој зборува за вашите доблести, не мора да значи дека ви е пријател.rnrnМудроста на будизмот: 25 зен совети кои ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мирrnrn13. Не плашете се доколку не знаете нешто. Плашете се доколку не научите ништо.rnrn14. Добриот учител ви ја отвора вратата, но самите мора да влезете во просторијата.rnrn15. Планината никогаш не потклекнува пред ветрот, без разлика колку е силен.rnrn16. Живејте мирно. Ќе дојде време кога цвеќињата самите ќе расцутат.rnrn17. Не постои пријател без мани. Но, доколку ги барате сите нивни мани, ќе останете без пријатели.rnrn18. Тагата влегува низ вратата што била оставена отворена.rnrn19. По долго патување, никој не се враќа како истиот човек од претходно.rnrn20. Човекот кој поцрвенува, не може да има црно срце.rnrn21. Подобро е да се биде вистински човек еден ден, отколку да се биде нечија сенка 1.000 дена.rnrn22. Домот е таму каде што вашите мисли го наоѓаат мирот.rnrn23. Човекот кој ги поместил планините е оној кој започнал со поместување на најмалите камења.rnrn24. Доколку сте направиле грешка, најдобро е да ѝ се насмеете.rnrn25. Првиот најдобар момент да се насади дрво поминал пред 20 години. Вториот најдобар момент е денес.

  • Непроценливата мудрост на професорот Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

    Непроценливата мудрост на професорот Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

    Сите љубители на приказната за малиот волшебник многу добро знаат кој е Дамблдор и колкава мудрост поседува тој лик од серијалот за Хари Потер на Џ. К. Роулинг. Дамблдор е гласот на разумот на Хари Потер, неговиот водич и ментор. Неговите мудри зборови ќе ви влеат надеж и ќе ве насочат на правиот пат, дури и тогаш кога ситуацијата ќе ви се чини безизлезна. Дозволете овој моќен волшебник да стане и вашиот глас на разумот барем за момент и прочитајте ги неговите мудри мисли кои ќе ви ја вратат вербата и ќе ве натераат на размислување…rnrnНепроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежтаrn

    „Хари, нашиот избор покажува кои сме навистина многу подобро од нашите способности.“

    rn

    „Среќата може да се најде дури и во најмрачните времиња, само ако човек се сети да го запали светлото.“

    rn

    „Според моето не толку скромно мислење, зборовите се нашиот непресушен извор на магија. Тие можат да предизвикаат болка, но и да ја излечат.“

    rn

    „Не ги жалете мртвите. Жалете ги живите, а најмногу оние кои живеат без љубов.“

    rnНепроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежтаrn

    „Доколку ја потиснувате болката некое време, таа ќе биде многу посилна кога конечно ќе ја почувствувате.“

    rn

    „Се плашиме од непознатото само кога размислуваме за смртта и мракот, ништо повеќе.“

    rn

    „Староста е глупава и заборавена кога ја потценува младоста.“

    rn

    „Нема да успеете доколку живеете во вашите соништа, а заборавите да го живеете животот, запаметете го тоа.“

    rnНепроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежтаrn

    „Вистината е и прекрасна и ужасна, затоа треба да се користи многу внимателно.“

    rn

    „Чудно, но оние кои треба да ја имаат власта, можеби се оние кои никогаш не ја барале моќта да владеат.“

    rn

    „Важно е да се борите, повторно да се борите и да продолжите да се борите, бидејќи само така злото ќе може да се држи под контрола, но никогаш целосно да се искорени.“

    rn

    „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиме на нашите непријатели, но исто толкава храброст е потребна и за да им се спротивставиме на нашите пријатели.“

    rnНепроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежтаrn

    „Сите мора да се соочиме со изборот помеѓу тоа што е правилно и тоа што е лесно да се направи.“

    rn

    „И на најдобрите им се случува да си ги изедат зборовите.“

    rn

    „Младоста не може да знае како се чувствува и размислува староста, но старите се виновни доколку заборават како е да се биде млад.“

    rn

    „Иако доаѓаме од различни места и зборуваме различен јазик, нашите срца чукаат како едно.“

    rnНепроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежтаrn

    „Болката е дел од секој човек. Фактот што можете да почувствувате толкава болка е вашата најголема моќ.“

    rn

    „Што повеќе пари и живот! Ова се двете работи што секој човек би ги одбрал како најважни. Проблемот е што луѓето честопати го одбираат токму она што е најлошо за нив.“

    rn

    „Мораме да се обидеме да не потонеме во нашиот очај, туку да го пребродиме.“

    rn

    „Силни сме онолку колку што сме обединети, а слаби – онолку колку што сме поделени.“

    rnНепроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

  • Незаменливата мудрост на хаските претставена преку фотографии

    Незаменливата мудрост на хаските претставена преку фотографии

    Хаските на многумина им се омилени кучиња, а има и зошто. Тие покрај тоа што се прекрасни и неверојатно фотогенични, поседуваат и емоционални карактеристики слични на оние кај луѓето. Покрај тоа, нивната извонредна мудрост може да се примени и во секојдневниот живот на човекот исто така.rnrnНезаменливата мудрост на хаските претставена преку фотографииrnrnПогледнете ги овие неодоливи фотографии од хаски кои совршено ја претставуваат нивната незаменлива мудрост и кои со сигурност ќе извлечат насмевка на вашето лице. А доколку сте заинтересирани да станете вистинска хаска, научете ги и нивните 15 златни правила.rnrn

  • Д-р Вејн Дајер: Една од оние мудрости кои го менуваат животот

    Д-р Вејн Дајер: Една од оние мудрости кои го менуваат животот

    Еден од најпознатите автори, животниот водич и психолог, д-р Вејн Дајер, споделува една кратка, но многу ефективна приказна која во себе носи мудрост што може да го смени начинот на кој гледаме на себе и својот живот.rnrn(1) Д-р Вејн Дајер: Една од оние мудрости кои го менуваат живототrnrnТој раскажува дека еден ден, подготвувајќи се за говор на конференција, одлучил да земе со себе еден портокал, како реквизит за неговото предавање. Набрзо по почетокот на говорот, д-р Дајер започнал разговор со едно момче во првиот ред.rnrn„Ако го стиснам овој портокал колку што можам најсилно, што ќе излезе од него?“ – го прашал момчето.rnrnМладиот човек го погледнал малку чудно и одговорил: „Сок, секако“.rnrn„Мислиш дека од него ќе излезе сок од јаболко?“ – продолжил докторот.rnrn„Не“, се насмеало момчето.rnrn„Можеби сок од грејпфрут?“rnrn„Не!“, бил гласен младиот човек.rnrn„Па тогаш, што ќе излезе од неа?“ – бил упорен д-р Вејн.rnrn„Сок од портокал, се разбира“, одговорил самоуверено младиот човек од првиот ред.rnrn„Зошто? Зошто кога ќе стиснеш портокал, излегува сок од портокал?“rnrnВеројатно малку изнервиран од прашањата, човекот отсечно одговорил:rnrn„Па, тоа е портокал и сокот од портокал е тоа што се крие внатре“.rnrnДоктор Вејн тогаш дошол до посакуваниот момент.rnrn„Ајде да претпоставиме дека овој портокал не е портокал, туку дека тоа си ти. И. Некој те стиска, врши притисок врз тебе, ти кажува нешто што не сакаш да слушнеш, те навредува. Тогаш од тебе излегува бес, омраза, горчина, страв. Зошто? Тоа е така, како што ни одговори нашиот млад пријател, затоа што сето тоа се наоѓа во нас“.rnrnОва е една од најголемите лекции во животот. Што излегува од вас кога животот ќе ве стисне? Кога некој ќе ве повреди или ве навредува? Ако од вас излегуваат бес, болка и страв, тоа е така затоа што тоа се наоѓа во вас. Не е важно кој ве стиска – вашата мајка, брат, децата, шефот или државата.rnrnАко некој каже за вас нешто што не ви се допаѓа, тоа што излегува од вас е тоа што се наоѓа во вас. А, тоа што се наоѓа во вас зависи само од вас, тоа е ваш избор.rnrn„Ти благодарам пријателе, а сега еве ти еден портокал“, рекол на крајот д-р Вејн.

  • Безвременската мудрост на војсководецот Сун-цу за победата, успехот и поразот

    Безвременската мудрост на војсководецот Сун-цу за победата, успехот и поразот

    Сун-цу важи за еден од највлијателните воени стратези на сите времиња. Тој е значаен не само поради неговиот успех на военото поле, туку и поради неговите непроценливи лекции кои можат да ни помогнат во секојдневниот живот. Сун-цу е автор на „Умешноста на војувањето“, древна кинеска расправа за воената стратегија која се смета за вистинско богатство во западната и источната култура. Неговото учење го користеле многу историски личности, од Мао Це Тунг, до Колин Пауел. Според бројни историчари, учењето на Сун-цу е од клучна важност за подемот на Кина. Неговите мисли содржат голема мудрост и можат да се применат во која било уметност, дисциплина или задача. Имајќи го тоа на ум, прочитајте ги следниве негови животни лекции имудрости…Безвременската мудрост на војсководецот Сун-цу за победата, успехот и поразотrnrn rn

    „Генералот кој напредува без желба за слава и кој се повлекува без страв од срам, кој само размислува како да ја заштити неговата земја и добро да му служи на владетелот, тој е вистинско богатство за кралството.“

    rn

    „Така оди тоа во војната: Победничкиот војсководец ја бара битката откако ја добил победата, а оној кој е осуден на пораз, најпрво оди во битка, а потоа трага по победа.“

    rn

    „Нашата непобедливост зависи од нас, ранливоста на непријателот зависи од него.“

    rn

    „Доколку се наоѓате далеку од вашиот непријател, наведете го да помисли дека сте блиску.“

    rn

    „Глумете инфериорност и поттикнете ја неговата ароганција.“

    rn

    „Забранете го претскажувањето и тргнете се од празноверните сомнежи. Додека не дојде самата смрт, не постои несреќа од која треба да се плашите.“

    rn

    „Брзината е суштината на војната.“

    rn

    „Доколку вашиот противник има колеричен темперамент, нервирајте го.“

    rn

    „Доколку го познавате непријателот и се познавате себе, не треба да се плашите од резултатот на стотици битки. Доколку се познавате себе, но не и непријателот, за секоја победа која ќе ја остварите, ќе претрпите и пораз исто така. Доколку не го познавате непријателот ниту самите себе, ќе потфрлите во секоја битка.“

    rn

    „Војната се темели на измама. Доколку сме во можност да нападнеме, мора да изгледаме неспособно. Кога ја користиме нашата сила, мора да изгледаме неактивно. Кога сме блиску, мора да го увериме непријателот дека сме далеку. Кога сме далеку, мора да го увериме дека сме блиску.“

    rnБезвременската мудрост на војсководецот Сун-цу за победата, успехот и поразотrn

    „Доколку вашиот непријател е сигурен во сите точки, бидете подготвени. Доколку е посилен, одбегнете го. Доколку вашиот противник е темпераментен, нервирајте го. Преправајте се дека сте слаби за тој да стане арогантен. Доколку се смирил, не давајте му мир. Ако неговите сили се соединети, разделете ги. Нападнете го таму каде што не е подготвен, појавете се таму каде што не ве очекува.“

    rn

    „Нападот е тајна одбрана, одбраната е планирање на нападот.“

    rn

    „Вештиот тактичар може да се спореди со Шуаи-јан. Шуаи-јан е змија која живее Ч’анг планините. Нишанете во главата, а таа ќе ве нападне со опашката. Нишанете во опашката и таа ќе ве нападне со главата. Нишанете во средина и таа ќе ве нападне и со главата и со опашката.“

    rn

    „Врвната вештина се состои во уништувањето на непријателскиот отпор без борба.“

    rn

    „Доколку војсководецот се однесува со неговите војници како со деца, тие ќе го следат и во најмрачните долини. Доколку се однесува со нив како со свои синови, тие ќе бидат до него до смртта. Доколку е великодушен со нив, а тие сепак не го слушаат, ако ги сака, а тие сепак не ги исполнуваат неговите наредби, ако е толку недисциплиниран со нив што не може да ги доведе во ред, тие ќе бидат како разгалени деца од кои нема никаква корист.“

    rn

    „Оние кои вешто можат да го натераат непријателот да направи потег со кој би создал ситуација која им одговара, мораат да го залажат со нешто што сигурно ќе го привлече и тогаш со наводната мамка да чекаат внимателно.“

    rn

    „Предзнаењето не може да стекне од духови и привиденија, не може да се добие по аналогија, не може да се дознае со пресметка. Може да се добие од луѓе, луѓе кои ја знаат состојбата на непријателот.“

    rn

    „Најтешките несреќи кои можат да ја снајдат војската произлегуваат од двоумењето.“

    rn

    „Она што е тешко, планирајте го додека е лесно. Она што е големо, направете го додека е мало.“

    rn

    „На почеток претставете се како невина девојка, сѐ додека непријателот не ви се отвори. Потоа бидете брзи како зајак на трка и тогаш ќе биде предоцна да ви се спротивстави непријателот.“

  • 12 животни лекции кои ги научивме од нашите баби

    12 животни лекции кои ги научивме од нашите баби

    Бабите се многу значајни личности во животот на секој човек. Оние луѓе кои ја имале таа среќа и привилегија да растат покрај баба, знаат каква топлина зрачела од неа, со колку љубов и грижа ги гледала своите внучиња. Јадењата на баба секогаш биле највкусни, а нејзиниот дом бил полн со мириси кои се длабоко врежани во сеќавањата. Бабите се олицетворение на мудрост. Животот ги научил на многу нешта, а тие несебично им делат најискрени совети на своите најмили. Кога ви е тешко и мислите дека не можете да се справите со некоја ситуација, само сетете се на приказните од вашата баба и најтешките моменти кои таа ги преживеала. Од минатото на нашите баби можеме да ја црпеме енергијата која ни е потребна за нашата иднина. Прочитајте ги овие 12 совети од нашите мудри бабички.rnrn(1) 12 животни лекции од нашите бабиrn

    1. Вдишете ја иднината, издишете го минатото

    rnБез оглед во каква ситуација се наоѓате, верувајте дека секогаш постои светло на крајот од тунелот. Никогаш не очекувајте, не претпоставувајте и не барајте. Само давајте сè од себе, контролирајте ги работите кои можат да се контролираат, а останатото оставете го на времето. Вложувајте секогаш многу, со искрено срце и енергија. Тоа кон што тежнеете ќе дојде или пак самиот пат ќе ви покаже на каде да одите.rn

    2. Животот повторно може да биде едноставен

    rnДоволно е да се сконцентрирате на една работа, а не на повеќе нешта истовремено. Не морате да завршите сè и тоа одеднаш. Дишете длабоко, бидете присутни во сегашниот момент и дајте сè од себе да ја завршите најдобро што можете работата пред вас. Во сè што ќе се вложите, животот повеќекратно ќе ви врати, иако тоа можеби во овој момент не ви изгледа така.rn

    3. Нека ве прифатат такви какви што сте или воопшто нека не ве прифаќаат

    rnСекогаш зборувајте ја вистината, па дури и тогаш кога чувствувате страв и непријатност. Бидете она што сте, затоа што на тој начин на светот му го давате она за што сте се родиле. Самоуверено одете по својот пат и не очекувајте од другите да го разберат вашиот пат. Доволно е вие да ја знаете вашата цел и крајна дестинација.rn

    4. Не сте личноста од порано и тоа е сосема во ред

    rnЛуѓето се менуваат низ животот. Повредите, загубите, искачувањата и падовите оставаат трага и ја обликуваат вашата личност. Низ животот, преку убавите и лошите искуства, сте ја смениле перспективата, а вашиот дух растел и созревал. Некогаш можеби ќе добиете негативна забелешка дека не сте повеќе истата личност, дека сте се промениле, а вие одговорете им на овој начин „Секако дека сум сменет/а. Така е тоа во животот. Но, јас сум истата личност, само малку посилна од претходно“.rn

    5. Сè што се случува ви помага да растете, дури и најтешките моменти

    rnОколностите ќе ви дадат правец, ќе ве исправат и со текот на времето ќе ве усовршат. Без оглед на ситуацијата во која се наоѓате во моментот, никогаш не губете надеж. Верувајте дека плимата и осеката еден ден ќе ве доведат до прекрасно мирно крајбрежје.rn

    6. Не учете за да бидете богати, туку среќни

    rnИзберете го она што ве прави среќни. На крајот од животот ќе заклучите дека најубави денови ви биле оние во кои не се случило ништо посебно, а вие сте имале насмевка на вашето лице. Не барајте многу, најдете среќа во малите работи кои ви причинуваат задоволство.rn

    7. Бидете позитивни

    rnРаботите кои ви се случуваат сами ги привлекувате со вашето размислување и со вашиот став кон животот. Затоа, насмејте им се на оние кои сакаат да ве повредат, покажете им што им недостига во животот, а што не можат да ви одземат.rn

    8. Посветете им се на луѓето кои ги сакате

    rnНе ги занемарувајте блиските луѓе. Секогаш најдете време за нив и погледнете ги во очи. Очите ќе ви кажат сè. Ако забележите тага прегрнете ги, ако забележите среќа радувајте се со нив. Не лутете им се на оние кои ве бараат само кога нешто им треба. Напротив, чувствувајте се привилегирани што во најтешките мигови им текнува на вас. Ослободете љубов и љубов ќе ви се врати.rn

    9. Понекогаш морате да ја пуштите личноста која ја сакате

    rnНемојте со сила да ги држите луѓето до вас. Ако некој нашол сопствен пат да продолжи без вас, пуштете го/ја. Партнерот, пријателите, роднините… Сите имаат право на среќа и личен раст.rn

    10. Заминете од луѓето кои го попречуваат вашиот пат

    rnСо тоа ќе направите простор за оние кои ве поддржуваат и ви помагаат да бидете најдобрата верзија од себе. Со созревањето, јасно ќе видите кој ви посакува добро, а кој ви го затвора патот до успехот. Со некои луѓе, кои можеби ги познавате и целиот живот, едноставно повеќе не делите ист или сличен поглед на светот. Сочувајте ги убавите сеќавања од заедничките моменти и продолжете напред, без тие луѓе.rn

    11. „Не можам да верувам дека го постигнав тоа“ наместо „Би сакал да го постигнев“

    rnШто и да направите, секогаш ќе се најде некој кој нема да биде задоволен од вашиот успех. Затоа, немојте да го живеете животот во обид да ја импресионирате околината. Наместо тоа, секојдневно импресионирајте се себеси. Сакајте се доволно и никогаш не ги симнувајте своите стандарди за да ги задоволите барањата на луѓето околу вас.rn

    12. Ако не можете да најдете среќен крај, побарајте нов почеток

    rnПрифатете ги своите повремени неуспеси. На тој начин учите. Најсилни луѓе се оние кои се смеат кога им е најтешко – тие луѓе минале низ најтешките битки и знаат да го почитуваат секој момент. Тие луѓе одлучиле дека нема да дозволат ништо да ги порази и секогаш избираат нов почеток, ако видат дека го нема среќниот крај.

  • Мисли за животот од неповторливиот Харуки Мураками

    Мисли за животот од неповторливиот Харуки Мураками

    Многу често се наоѓаме во ситуација кога ни е тешко да пронајдеме вистински зборови за да ги опишеме нашите чувства. Но, Харуки Мураками е писател кој знае многу вешто да го направи тоа. Неговите книги се доказ за тоа дека тој вистински ја разбира хемијата што се создава меѓу човечките души и умее тоа разбирање да го преточи во зборови со неверојатна точност и прецизност, но и со таков сензибилитет што поттикнува на размислување. Прочитајте ги најдобрите цитати на еден од најголемите писатели на модерното време…rnrnМисли за животот од неповторливиот Харуки Муракамиrn

    „Свет без љубов е како ветер зад затворен прозорец. Не можеш ниту да го допреш, ниту да го вдишиш.“

    rn

    „Мислев дека луѓето растат постепено, малку по малку… Се испостави дека не е така. Растат преку ноќ.“

    rn

    „Не постои погрешно мислење. Постои мислење кое не се согласува со нашето. Тоа е сѐ.“

    rn

    „Колку сме постари, толку повеќе не можеме да ги ставиме работите на свое место.“

    rn

    „Сѐ што некогаш било со нас, а потоа исчезнало, иако исчезнало засекогаш, оставило празнина која никогаш нема да можеме да ја пополниме.“

    rn

    „Кога се гушкаме, ги споделуваме нашите стравови.“

    rn

    „Кога секој човек би верувал во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши.“

    rn

    „Без разлика колку се трудите, не постои начин да побегнете од болката што ја чувствувате кога сте вознемирени.“

    rn

    „Искажувајте ги вашите чувства. Многу полошо е да ги потиснувате. Ќе се насоберат во вас и ќе стануваат сѐ потешки. На крајот ќе умрете.“

    rn

    „Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.“

    rn

    „Се чини дека срцето е скриено зад дебела лушпа и само неколку луѓе можат да стигнат до него. Сигурно поради тоа ми е толку тешко вистински да почувствувам љубов.“

    rnМисли за животот од неповторливиот Харуки Муракамиrn

    „Искреноста која ја даваме и добиваме и желбата да помогнеме се најважните нешта.“

    rn

    „Празнината секогаш ќе биде пополнета со нешто.“

    rn

    „Кога на луѓето им е дадена надеж, тоа им помага да живеат подолго. Без надеж не постои ’подолго’.“

    rn

    „Нашата реалност е бескрајна борба помеѓу она што се случило и она што сакаме да го запамтиме.“

    rn

    „Не постои тајна која еден ден нема да излезе од срцето.“

    rn

    „Најважното нешто не е големото откритие кое другите го сфатиле пред вас, туку оние мали мисли кои ви доаѓаат сами.“

    rn

    „Што е осаменост? Слична е на чувството кога во дождлива ноќ стоите пред долгиот брег и гледате како моќните бранови се спојуваат со морето.“

    rn

    „Сеќавањата нѐ греат одвнатре. Но, и ни предизвикуваат силна болка исто така.“

    rn

    „Кога долго време гледате во морето, почнуваат да ви недостасуваат луѓето. Кога ги гледате луѓето, почнува да ви недостасува морето.“

    rn

    „Секој и сѐ изгледа убаво кога ги набљудувате од далечина.“

    rn

    „Често се случува најважните работи на светот да почнат со трки.“

    rn

    „Движењето во погрешен правец со голема брзина е полошо од стоењето во место.“

    rn

    „Кога немате никого со кого би ги споделиле вашите осамени мисли, вашите мисли почнуваат да ве делат помеѓу себе.“

    rn

    „Ако сѐ се случува онака како што сакате, животот ќе ви биде здодевен.“

  • 7 разлики меѓу обичниот и мудриот родител

    7 разлики меѓу обичниот и мудриот родител

    Сите сме го поминале детството, но многу често се случува кога ќе станеме родители да заборавиме дека и ние сме биле деца. Длабоко во себе секој родител знае како вистински треба да постапи со своите најмили, но во секојдневието многу често ни недостасува трпение и мудрост. Која е разликата меѓу обичниот и мудриот родител? Ви нудиме седум клучни елементи од воспитувањето на децата и односот на родителите кон нив.rnrn(1) 7 разлики меѓу обичниот и мудриот родителrnrn1. Обичниот родител смета дека сето свое слободно време треба да го посвети на детето, а своите интереси ги става во втор план. Мудриот родител е способен самостојно да се грижи за себе, а на тоа ги учи и своите деца.rnrn2. Обичниот родител ги минува вечерите помагајќи му на своето дете да ги заврши домашните задачи од училиште. Мудриот родител се придржува кон следната стратегија: Детето е задолжено за извршување на своите задачи и тоа е исклучиво негова одговорност.rnrn3. Обичниот родител се обидува чувството на вина да го искупи со различни подароци и пари, кои му ги дава на своето дете. Мудриот родител редовно му дава пари на своето дете за тоа да има свој џепарлак, којшто треба паметно да го распредели и само да си купува работи кои го интересираат и му причинуваат задоволство, а не се вклучени во семејниот буџет.rnrn4. Обичните родители често не се обидуваат да сфатат зошто нивното дете се однесува лошо и не го слуша доволно во одредени моменти. Мудриот родител со сите сили се обидува да го ислуша своето дете, за да разбере што се крие зад неговото несоодветно однесување и притоа бара начин да му помогне.rnrn5. Обичниот родител при воспитувањето на своето дете има за цел да одгледа пристоен човек. Мудриот родител дава сè од себе да изгради близок однос со своето дете.rnrn6. Обичниот родител го воспитува своето дете во атмосфера на попустливост, понекогаш дозволувајќи детето „да му се качи на глава“. Мудриот родител сфаќа дека има целосно право на свој личен простор, за свое хоби и време поминато без детето. Тој или таа ги почитува како своите, така и границите на своето дете.rnrn7. Обичниот родител се обидува да го заштити своето дете од сите животни предизвици и тешкотии, правејќи го за своето дете и тоа што не мора да го прави. Мудриот родител дозволува неговото дете да прави грешки, а потоа, заедно со него, разговара за тоа каква позитивна лекција може да се извлече од настанатата ситуација.

  • Мудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислување

    Мудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислување

    Не е ништо ново тоа дека индиската култура и традиција е богата со неизмерна и непроценлива мудрост која секој човек може да го наведе на размислување и да му го промени погледот кон светот. Еден од најголемите филозофи и писатели со индиско потекло е Џиду Кришнамурти. Тој говорел за духовноста, медитацијата и човечките односи. Во продолжение прочитајте ги неговите најинтересни мудри мисли и цитати…rnrnМудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислувањеrn

    „Учењето е движење од момент во момент.“

    rn

    „Слободата од желбата за одговори е повеќе од потребна за да се разбере проблемот.“

    rn

    „Мудроста ќе започне кога ќе ставите крај на патењето. Знаењето секогаш лежи во сенката на глупоста. Медитацијата значи ослободување од мислите и движење кон екстазата на вистината. Медитацијата е експлозија на вистината.“

    rn

    „Важно е учењето. Кој е учителот, не е важно.“

    rn

    „Слободата и љубовта одат заедно. Љубовта не е реакција. Ако те сакам затоа што ти ме сакаш мене, тоа е трговија, нешто што се купува на пазар, тоа не е љубов.“

    rn

    „Сите идеологии се идиотски, било да се верски или политички, бидејќи тоа е концептуално размислување, концептуален збор, кој за жал толку длабоко ги има поделено луѓето.“

    rn

    „Сите сакаме да станеме познати луѓе, но од оној момент кога ние сакаме да станеме нешто, ние не сме повеќе слободни.“

    rn

    „Да се биде добро прилагоден во тешко болно општество, не е мерка за здравјето.“

    rn

    „Сметам дека не постои пат до вистината, до неа не можете да стигнете преку ниту еден пат, ниту една религија, ниту една секта. Тоа е моето гледиште на кое сум потполно и безусловно доследен. Бидејќи вистината е неограничена, безусловна, недостапна преку ниту еден постоечки пат, не може да биде организирана. Ниту една организација не треба да биде создадена за да ги води или присилува луѓето на кој било посебен пат. Ако го разберете тоа, тогаш ќе видите дека не можете да ја организирате верата. Верата е лична работа и не треба и не смее да се организира. Ако го направите тоа, таа ќе стане мртва, кристализирана. Се претвора во религија, секта, верување кои им се наметнува на другите. Тоа е она што сите ширум светот се обидуваат да го направат. Вистината не можете да ја спуштите надолу, туку поединци мораат да вложат труд за да ја достигнат. Не можете да го спуштите планинскиот врв во долината.“

    rn

    „Описот не значи да се опише нешто. Јас можам да ја опишам планината, но описот не е планина, а ако се внесете во описот, како што тоа го прават повеќето луѓе, тогаш никогаш нема да можете да ја видите планината.“

    rn

    „Кога некој ќе го изгуби длабоко интимниот однос со природата, тогаш храмовите, џамиите и црквите стануваат значајни.“

    rn

    „Ако сакате да ја барате вистината, морате да одите надвор, далеку од сите ограничувања на човечкиот ум и срце и таму ќе ја најдете, таа вистина е во вас самите. Многу поедноставно е самите да си ја поставите вашата животна цел, наместо да имате посредници, гуруа, кои неизбежно ја приземјуваат вистината и на тој начин ја изневеруваат.“

    rnМудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислувањеrn

    „Во вас се наоѓа цел еден свет и ако знаете како да гледате и учите, вратите се таму, клучот е во вашите раце. Никој на светот не може да ви го даде тој клуч, ниту да ви ја отвори вратата… Никој освен вас самите.“

    rn

    „На прашањето дали постои или не постои Бог, вистина или стварност, или како и да сакате да го нарекувате тоа, одговорот никогаш не можат да го дадат книгите, свештениците, филозофите и спасителите. Никој и ништо не може да одговори на тоа прашање, освен вие самите и токму затоа треба да се запознаете себеси. Несовршеноста лежи само во целосното непознавање на самите себе. Разбирањето е почетокот на мудроста.“

    rn

    „Морате да ја разберете целината на животот, не само еден мал дел. Поради тоа морате да читате, да го гледате небото, да пеете и танцувате, да пишувате песни, да патите и да разбирате, затоа што тоа е животот.“

    rn

    „Се случил неверојатен напредок од воловски запреги до млазни авиони, но од психолошки аспект, поединецот се нема воопшто променето, а општествените структури ширум светот ги создаваат поединците. Надворешната општествена структура е резултат на внатрешната психолошка структура на нашите меѓучовечки односи, затоа што поединецот е резултат на целокупното искуство, знаење и однесување на човекот. Секој од нас е складиште на минатото. Поединецот е човек кој го сочинува целото човештво.“rnrnМудри мисли од индискиот филозоф Џиду Кришнамурти кои ќе ве натераат на размислување

    rn

    „Ако навистина можеме да го разбереме проблемот, одговорот ќе се појави, затоа што тој не е одвоен од проблемот.“

    rn

    „Во текот на верската историја верските водичи нè уверувале дека ако изведуваме одредени ритуали, повторуваме извесни молитви или мантри, се потчиниме на одредени шеми, ги потиснеме нашите желби, контролираме нашите мисли, игнорираме нашите страсти, ограничиме нашите апетити и се воздржиме од попуштањето на природните потреби, ние по доволно мачење на нашето тело и ум, ќе пронајдеме нешто значајно во овој мал живот. И тоа е она што милиони таканаречени религиозни луѓе го правеле со векови, без разлика дали сами оделе во пустина, планина и пештера или лутале од село во село со питачки стап, или, пак, во група се придружувале на некој манастир, тие ги форсирале нивните умови да се потчинат на утврдената шема. Но, измачениот ум, скршениот ум, умот кој сака да побегне од целата збрка, кој се одрекол од надворешниот свет и затапел од дисциплината и потчинувањето, таквиот ум, ќе го најде само она што се согласува со неговата изместеност.“

    rn

    „Како човечки суштества кои живеат во овој ужасно грд свет, се прашуваме дали на ова општество, засновано на натпреварување, суровост и страв, може да му се стави крајот? Јас мислам дека тоа може да се случи само ако секој од нас го препознае клучниот факт дека ние како поединци, како човечки суштества, во кој било дел на светот и да живееме или на која било култура да припаѓаме, сме потполно одговорни за целокупната состојба на светот. Секој од нас е одговорен за секоја војна предизвикана од агресивноста на нашите сопствени животи, од нашиот национализам, нашата себичност, нашите богови, предрасуди, идеали и сето она што нѐ дели. “

    rn

    „Насилство не е само да се убие некого. Насилство е кога користиме остри зборови, кога со нашето однесување ги бркаме другите луѓе, кога се покоруваме од страв. Така што насилство не е само организиран колеж во името на Бог, во името на општеството или државата. Насилството е многу посуптилно, многу подлабоко, а ние тонеме во длабоката бездна на тоа насилство.“

    rn

    „Кога себеси се нарекувате Индиец, муслиман, христијанин, Европеец или што било друго, вие вршите насилство. Разбирате ли зошто е тоа насилно? Затоа што се делите себеси од останатиот дел од човештвото.“