КАФЕ ПАУЗА

Tag: мудрост

  • Кое дете изгледа најмладо на оваа слика? Вашиот одговор открива колку сте мудри!

    Кое дете изгледа најмладо на оваа слика? Вашиот одговор открива колку сте мудри!

    Психолошките тестови на личноста се многу популарни, бидејќи им помагаат на луѓето подобро да ја запознаат својата внатрешност и да ги одредат скриените особини и вештини за кои претходно не биле свесни. Денес ви подготвивме тест на личноста кој го открива начинот на кој размислувате, односно каков мислител сте. На сликата подолу се наоѓаат три деца, од кои едно изгледа помладо од останатите. Што мислите, кое дете е во прашање?rnrnkoe-dete-izgleda-najmlado-na-ovaa-slika-vashiot-odgovor-otkriva-kolku-ste-mudrirn

    Детето под број 1

    rnДали припаѓате на 35% од популацијата која го избрала ова дете? Имате среќа, бидејќи припаѓате на избрана група интуитивни мислители. Главно, овој инстинкт е една од особините кои ве дефинира и ве прави посебни. Многу добро знаете кога да реагирате, која одлука е вистинска, па дури и кои луѓе се најдобри за да го споделите животот со нив. Скоро никогаш не грешите и тоа ве прави многу успешни.rnrnКога се будите секое утро, мислите дека е невозможно да го објасните светот на логичен начин, но исто така мислите и дека тоа е непотребно. Најдобро е да се соочите со животот каков што е, а не непотребно да го оптоварувате мозокот во секој момент. Кога се во прашање вашите чувства, она што целосно ве контролира е вашата искреност. Вашите коментари најверојатно ви создаваат многу проблеми, но вие навистина имате најдобра намера.rn

    Детето под број 2

    rn4 од 10 луѓе сметаат дека второто дете изгледа помладо од останатите. Овие луѓе се комплексни мислители. Дали е тоа предност или недостаток? Сигурно е првото, бидејќи тие совршено ги знаат предностите и недостатоците на секоја одлука. Можеби им е потребно многу време да донесат одлука, но таа ќе им го гарантира најдобриот можен успех. Не можете да пропаднете со толку брилијантен ум!rnrnКога станува збор за светот воопшто, вие мислите дека поголемиот дел од случувањата не можат да се објаснат логично. Она што нè опкружува е толку сложено што не може да се дефинира со проста реченица. Најверојатно логиката не е една од работите кои за вас има виша вредност, како разумот, но вашите акции ги доведуваат до успех и вашите блиски пријатели. Вие можеби не сте најдруштвената личност на светот, но оние кои ве познаваат, знаат колку вредите.rnrnЗа вас балансот помеѓу логиката, интуицијата и разумот е најдоброто што еден човек може да го има. Комбинацијата на овие три работи е присутна во вашиот ум, што ве прави многу мудри. Една од професиите која најмногу би ви одговарала е наставник или професор. Споделувањето на знаењето со новите генерации е она што најмногу сакате да го правите. Вашите ученици ќе сфатат дека давате сѐ од себе за да ги научите на важни работи и тие ќе го направат она што е до нив.rn

    Детето под број 3

    rn25% од луѓето кои го решиле овој тест сметаат дека последното момче е многу помладо од останатите деца. Што значи ова? Овие личности се наречени логични мислители. Дали сте помеѓу нив? Ако е така, тоа значи дека кога се соочувате со проблеми, вие донесувате одлуки кои се засноваат на разумот.rnrnИако ја цените интуицијата, таа не е помеѓу вашите најсилни способности. Логиката е таа која ќе ви помогне да ги остварите сите желби. Една од вашите главни предности е лидерството – вашите најблиски пријатели ве гледаат како харизматична личност, со неверојатен дар да ја контролира секоја ситуација, па нема да се двоумат да ве следат. Од друга страна, вашиот цврст говор ќе ги убеди и оние кои размислуваат поразлично од вас. Вашите аргументи целосно ќе ги променат нивните ставови. Бидете горди на оваа ваша способност, бидејќи ќе ви отвори многу врати во животот.rnrnОчигледно е дека имате широко знаење од разни области: математика, наука, уметност, исхрана. Оние околу вас ќе го препознаат вашиот талент и ќе бидат почестени да се дел од вашиот круг. Кога донесувате важна одлука, вие често размислувате за одговорот неколку минути, но после темелната анализа, ќе преземете иницијатива тоа и да се случи.rnrnСакате да направите уште еден тест? Жената што на оваа слика ви изгледа најстаро открива сурова вистина за вас! Убаво анализирајте ги и кликнете на таа што ви делува најстаро…rnrn

  • Мистериозната мудрост на Ошо: Она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен секс

    Мистериозната мудрост на Ошо: Она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен секс

    Сите имаме различна дефиниција за љубовта. Станува збор за индивидуално мислење што сите го доживуваме на поинаков начин. Најверојатно би кажале дека љубов е кога меѓу двајца партнери постои разбирање, почит, поддршка и привлечност. Љубов е кога не можеш да живееш без некого. Љубов е кога си подготвен да го поминеш целиот живот со една личност. Љубов е кога го прифаќаш партнерот таков каков што е, со сите доблести и маани. Но, што би рекол мистикот Ошо за оваа необјаснива појава? Тој има едно сосема поинакво гледиште за љубовта…rnrnМистериозната мудрост на Ошо: Она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен сексrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЉубовта која човештвото ја има создадено е многу опасна. Дури ни болестите немаат предизвикано толку неволји колку таканаречената љубов. Целото човештво е болно поради погрешното сфаќање за љубовта.rnrnНие не ни знаеме што е тоа љубов. Тоа е нешто што најмалку ни е познато. Многу се зборува за тоа, но никогаш не се живее. Тоа е измама на умот. Зборуваме за нешто што не сме во состојба да го живееме.rnrnЛитературата, музиката, поезијата, танцот… Сѐ се врти околу љубовта. Кога љубовта навистина би постоела, не би зборувале толку многу за неа. Опширните објаснувања за љубовта се доказ дека љубовта не постои. Не може да се зборува за нешто што нема замена.rnrnПреку разговорите, јазикот, симболите и уметноста создаваме илузија дека станува збор за нешто присутно. Човек кој никогаш не ја сознал љубовта може да напише поубава песна за неа од оној кој ја сознал, затоа што вакуумот е многу подлабок. Тој мора да се исполни, нешто мора да ја замени љубовта.rnrnСите сакаат да бидат сакани, тоа е основна и природна потреба, но може да тргне во погрешна насока. На пример, потребата од љубов, може да прерасне во погрешна потреба, ако се обидувате да го привлечете туѓото внимание. Вие всушност имате потреба од внимание, а не од љубов. Може да станете политички лидери во тој случај. Големи маси ќе ви обрнуваат внимание, но нема да можат да ја исполнат вашата основна потреба да бидете сакани.rnrnТаа основна потреба може да ја исполни само една единствена личност која ве сака и ви обрнува внимание поради љубовта. Кога сакате некого, тоа значи дека му обрнувате внимание. Вниманието и љубовта се во длабок меѓусебен однос.rnrnАко ја потиснете љубовната потреба, таа ќе се претвори во симболична потреба од туѓо внимание. И да го добиете вниманието, никогаш нема да ви биде исполнета потребата. Таа потреба е погрешна и одвоена од природната основна потреба. Таа поделба на личноста се нарекува невроза.rnrnПа, што е тогаш љубовта?rnrnЉубовта воопшто не е поврзана со сексот. Сексот може да се вклучи во неа, но љубовта не мора да е воопшто поврзана со сексот. Станува збор за нешто сосема друго.rnrnЉубов е кога навистина сакате. И тоа постојано се шири, прво на луѓето, па потоа на животните, дрвјата, планините и ѕвездите. Ќе дојде денот кога целиот универзум ќе стане ваш љубовник. Тоа е вашиот потенцијал и сите што нема да го исполнат, залудно ќе го потрошат животот.rnrnДа, ќе мора да изгубите неколку работи, но тие и онака се безвредни. Ќе добиете толку многу што никогаш нема ни да помислите на она што сте го изгубиле. Чистата „исполнетост на љубовта“, која продира во тишината, настанува од медитативното својство на тишината и нејзиното длабоко нурнување во вашето битие.rnrn[/message_box]rnrnДоколку ве заинтересира размислувањето на Ошо, прочитајте зошто бракот може да ви го уништи животот.

  • 6 неверојатни индијански поговорки кои ќе ве натераат да размислите

    6 неверојатни индијански поговорки кои ќе ве натераат да размислите

    Индијанците отсекогаш биле во допир со некоја сила која е поголема од нив.rnrn6-neverojatni-indijanski-pogovorki-koi-kje-ve-nateraat-da-razimslete-kafepauza.mkrn

    „Големиот дух е во сите нас: Тој е во воздухот што го дишеме. Големиот дух е нашиот Татко, но земјата е нашата Мајка. Таа нè одгледува, она што го ставаме во земјата, таа ни го враќа.“

    rnТие имаат длабока почит за животот, природата и земјата, а тоа можете да го забележите во нивните мудрости и поговорки.rn

    „Само кога ќе умре последното дрво, кога ќе биде затруена последната река, кога ќе биде фатена последната риба, ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.“

    rnОваа поговорка е потсетник за последиците на однесувањето на човекот. Дали ќе дозволиме нашата алчност за богатство да нè доведе до овде?rn

    „Однесувај се добро кон земјата. Таа не ти е дадена од родителите. Таа ти е позајмена од твоите деца. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, ние ја позајмуваме од нашите деца.“

    rnДодека сме овде, земјата не е наша за да ѝ правиме што сакаме.rn

    „Кога се сомневате, бидете мирни и чекајте. Кога сомнежот ќе исчезне можете храбро да одите напред. Па сè додека сте опкружени со магла, бидете мирни. Бидете мирни додека сонцето не ја растури маглата. Тогаш делувајте.“

    rn

    „Човештвото не ја исплетело мрежата на животот. Ние сме само една мала нишка во неа. Што и да ѝ правиме на мрежата, си го правиме и на самите себе. Сите работи се споени заедно. Сите работи се поврзани.“

    rnНа крај, прочитајте ја и оваа молитва на Индијанците Чироки.rn

    „О, Голем духу, помогни ми секогаш тивко да ја зборувам вистината, да ги слушам другите со отворен ум и да запомнам дека мирот се наоѓа во тишината.“

  • Мудрите зборови на Ал Пачино: Има што да се научи од овој познат глумец!

    Мудрите зборови на Ал Пачино: Има што да се научи од овој познат глумец!

    Кој може да ја заборави улогата на Ал Пачино како Мајкл Корлеоне во трилогијата „Кум“? Ал Пачино важи за еден од најдобрите глумци во историјата на човештвото, благодарение на неговите незаборавни ликови во филмовите „Скарфејс“, „Мирисот на жената“, „Серпико“ и многу други. Но, покрај со неговиот неоспорлив талент, актерот се одликува и со голема мудрост. Во продолжение прочитајте ги неговите мудри зборови што ќе ви ги отворат очите…rnrnМудрите зборови на Ал Пачино: Има што да се научи од овој познат глумец!rn

    „Не брзајте да зборувате за себе кога сте во друштво. Разговорите за вас ќе следат дури откако ќе излезете од просторијата.“

    rn

    „Колку што е човек постар и помудар толку помалку има желба да се расправа за неважни работи. Тој едноставно има желба да стане, да ви посака сѐ најдобро и да си замине.“

    rn

    „Се глуми во животот, а во уметноста се бара вистината.“

    rn

    „Претпоставувам дека мојот проблем е во начинот на кој се изразувам. Мора да бидете 50 години со мене пред да можете да сфатите за што зборувам.“

    rn

    „Јас сум глумец, а не ѕвезда. Ѕвездите живеат во Холивуд и имаат базени во форма на срце.“

    rn

    „Сите сакаат внимание, само славните понекогаш немаат мерка во тоа.“

    rn

    „Лесно е да се прелаже окото, но тешко е да се прелаже срцето.“

    rnПрочитајте ги и следниве незаборавни филмски реплики.

  • Зошто луѓето живеат подолго од кучињата? 6-годишно дете чие куче починало го открива одговорот

    Зошто луѓето живеат подолго од кучињата? 6-годишно дете чие куче починало го открива одговорот

    Доколку чувате домашен миленик, сигурно не можете да си го замислите животот без него. Но, понекогаш се случуваат непредвидени работи кои нѐ принудуваат да се соочиме со нашиот најголем страв, а тоа е загубата на нашите сакани. Едно 6-годишно момче прерано морало да помине низ сето ова и да ја прифати смртта на неговото куче, но и покрај годините неговата мудрост и храброст ќе ве остави зборови. Во продолжение прочитајте ја неговата приказна…rnrnЗошто луѓето живеат подолго од кучињата? 6-годишно дете чие куче починало го открива одговоротrnrnЕден ветеринар бил повикан да прегледа 10-годишен стар ирски волчјак по име Белкер. Неговите сопственици Рон, сопругата Лиза и нивниот син Шејн биле многу приврзани за Белкер и се надевале на чудо. Ветеринарот го прегледал Белкер и открил дека боледува од рак. Му кажал на семејството дека не може ништо да направи и дека најдобро би било на кучето да му се изврши евтаназија за да не се мачи. Рон и Лиза му кажале на ветеринарот дека би сакале и 6-годишниот Шејн да ја набљудува целата постапка, бидејќи сметале дека би можел многу да научи од тоа искуство.rnrnСледниот ден кога требало да се направи тоа, семејството се собрало околу Белкер, а Шејн бил необично мирен и покрај тоа што го галел неговото куче за последен пат. Ветеринарот се запрашал дали детето воопшто знаело што се случува. За неколку минути, Белкер мирно починал.rnrnМомчето го прифатило заминувањето на Белкер без никаква збунетост и потешкотии. Возрасните седеле заедно некое време по смртта на кучето и на глас го коментирале тажниот факт дека кучешкиот живот е пократок од човечкиот. Шејн кој внимателно слушал, одеднаш кажал:rnrn„Јас знам зошто.“rnrnЗошто луѓето живеат подолго од кучињата? 6-годишно дете чие куче починало го открива одговоротrnrnСите се свртеле кон него. Зборовите што излегле од неговата уста ги оставиле вчудовидени. Малото момче мирно објаснило:rnrn„Луѓето се раѓаат за да научат како да водат добар живот, постојано да се сакаат и да бидат добри, нели? Кучињата знаат како да го направат тоа, па затоа не мора останат толку долго на светот.“rnrnОвие зборови кријат голема вистина во себе. Кога кучињата би биле учители, веројатно сите ние би живееле по следниве правила…rn

      rn011

    • Кога саканите ќе се вратат дома, секогаш потрчајте за да ги поздравите.
    • rn011

    • Никогаш не пропуштајте можност за забава и дружење.
    • rn011

    • Целосно уживајте во свежиот воздух и ветрето на лицето.
    • rn011

    • Дремнете малку во текот на денот.
    • rn011

    • Истегнете се пред да станете.
    • rn011

    • Трчајте и играјте си секој ден.
    • rn011

    • Барајте внимание и дозволете им на луѓето да ве допрат.
    • rn011

    • Немојте да гризете кога е доволно само да залаете.
    • rn011

    • Во топлите денови не заборавајте да се испружите на трева.
    • rn011

    • Во топлите денови пијте многу вода и легнете под дебелата сенка на високото дрво.
    • rn011

    • Кога сте среќни, танцувајте и движете се со целото тело.
    • rn011

    • Уживајте во едноставната радост на долгите прошетки.
    • rn011

    • Бидете верни.
    • rn011

    • Никогаш не се преправајте во нешто што не сте.
    • rn011

    • Ако она што го сакате е закопано, копајте додека не го пронајдете.
    • rn011

    • Кога некој има лош ден, бидете тивки, седнете во нивна близина и нежно подарете им љубов.
    • rn

    rnВо животот ќе дојде време кога ќе сакате да се оддалечите од сета драма, но и од луѓето што ја предизвикуваат. Опкружете се со личности кои ве смеат и кои ви помагаат да се фокусирате на позитивнта страна на животот. Не заборавајте дека треба да живеете едноставно, да сакате великодушно, да се грижите искрено и да говорите љубезно.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за животниот век на кучињата, прочитајте кои се 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго.

  • 7 кратки, но моќни мудри совети на монасите од храмот Шаолин

    7 кратки, но моќни мудри совети на монасите од храмот Шаолин

    Постојаната употреба на смартфоните, имејловите и социјалните мрежи го преоптоварува човечкиот мозок и го зголемува нивото на кортизол, што негативно влијае на психичкото, но и на физичкото здравје. Многумина од нас не ни забележуваат дека ги жртвуваме внатрешниот мир и духовната рамнотежа, најчесто поради сосема неважни активности. Токму затоа и одлучивме да ве потсетиме на важните работи во животот преку 7-те совети на шаолинските монаси кои водат до постигнување духовен мир во денешниот стресен свет, а исто така и помагаат при отклучување на мирот и здравјето во човекот.rnrn7 кратки, но моќни мудри совети на монасите од храмот Шаолинrnrn1. Исклучете се за да бидете вклучени – Кога спиете, јадете и вежбате, вашиот телефон треба да биде исклучен.rnrn2. Испијте шолја чај – Наместо да ги пиете плановите, мислите и грижите.rnrn3. Живејте сега – Што и да правите, дајте сè од себе и посветете се целосно на тоа.rnrn4. Вежбајте во зен стил – Фокусирајте се на дишењето и движењата, а заборавете на сè останато.rnrn5. Балансирајте ги јин и јанг – Потребно ви е вежбање, но и внатрешен мир за совршено здравје и добра физичка подготвеност.rnrn6. Справувајте се со ѕвонењето на телефонот – Кога и да го чуете, најпрво застанете, 3 пати длабоко вдишете и издишете и потоа одговорете.rnrn7. Движете се чекор по чекор – 10 минути исклучени, 5 минути внатрешен мир, 1 шолја чај…rnrnПрочитајте и за монахот од храмот Шаолин кој советува како да останете вечно млади!

  • Препреките се можност за успех: Кратка приказна со долга, но мудра порака

    Препреките се можност за успех: Кратка приказна со долга, но мудра порака

    Многу одамна живеел еден многу мудар и праведен цар. Еден ден тој решил да ги испита своите следбеници, па поставил еден голем камен на средината од патот. Откако го сторил тоа, тој се сокрил во близината на местото и набљудувал кој од неговите следбеници ќе го тргне каменот.rnrn1-preprekite-se-mozhnost-za-uspeh-kratka-prikazna-so-dolga-no-mudra-poraka-www.kafepauza.mk_rnrnНекои од најбогатите трговци и членови од другите кралски фамилии поминувале по патот, а каменот само го заобиколувале. Многу од нив дури и го обвинувале кралот за лошото одржување на патиштата, но ниту еден од нив не пробал да го помести каменот од таму. После долго време наишол еден селанец кој носел тешка кошница полна со зеленчук.rnrnОткако се приближил до каменот, тој го спуштил товарот од своите рамена и пробал да го помести каменот од патот. Со многу труд и маки, најпосле успеал во тоа. Откако завршил, го качил товарот на своите рамена и тамам да тргне по својот пат, случајно забележал торба оставена на местото каде што бил каменот. Кога ја отворил торбата останал вчудовиден од тоа што го видел. rnrnТаа била полна со златници и драгоцени камења, а на врвот од истата стоело писмо од кралот во кое пишувало дека торбата од сега е во сопственост на оној што го тргнал каменот од патот. Селанецот го дознал она што многумина од нас никогаш нема да го разберат. Препреките на нашиот животен пат, често можат да бидат можности за напредок.

  • Најголемите мудрости на Артур Шопенхауер кои вреди да ги прочитате

    Најголемите мудрости на Артур Шопенхауер кои вреди да ги прочитате

    Артур Шопенхауер е познат германски филозоф и претставник на песимизмот. Уште од рана возраст тој ја ценел својата слобода и сакал да биде независен. Тој пораснал заедно со неговиот татко кој бил трговец и со мајка му која пишувала романи. Шопенхауер станал популарен дури на крајот од неговиот живот, за по смртта да стекне уште поголема слава. Прочитајте ги неговите најинтересни и најмудри цитати…rnrnНајголемите мудрости на Артур Шопенхауер кои вреди да ги прочитатеrn

    „Богатството е како морска вода. Колку повеќе ја пиеме, толку пожедни стануваме.“

    rn

    „Самотијата му овозможува двојна корист на човекот кој е на повисоко интелектуално ниво од останатите. Првата е таа што човекот е сам, а втората што не е со другите.“

    rn

    „Судбината ги меша картите, а ние играме.“

    rn

    „Најголема лудост е да се жртвува сопственото здравје, а за што? За имот, за напредување во кариерата, за учење, за слава, а за краткотрајните задоволства воопшто и да не зборуваме. Здравјето треба да е на прво место.“

    rn

    „Дивјаците се јадат меѓусебно, а питомите се изневеруваат.“

    rn

    „Луѓето најмногу се радуваат кога ќе им ја раскажеме големата несреќа што нѐ снашла неодамна.“

    rn

    „Објективно гледано, честа е туѓото мислење за нас, а субјективно гледано, честа е нашиот страв од тоа мислење.“

    rn

    „Луѓето сакаат да се во друштво поради нивната внатрешна празнина и досада. Ако почувствуваат дека ни се потребни, тие стануваат нервозни и арогантни.“

    rn

    „Оној кој е сечиј пријател, не е пријател никому.“

    rn

    „Изворот на нашата среќа лежи во субјективните особини: Благородниот карактер, претприемничкиот дух, среќниот темперамент, ведриот ум и здравото тело.“

    rn

    „Исто како што љубовта кон животот е всушност страв од смртта, така и дружељубивоста на луѓето не е директна. Таа не се заснова на љубовта кон друштвото, туку на стравот од осаменоста.“

    rn

    „Разумот може да ги замени речиси сите степени на образование, но образованието не може да го замени разумот.“

    rn

    „Оној кој сака да му се верува на зборот, треба да го изговори ладно и без страст.“

    rn

    „Убавината е отворено писмо со препорака кое однапред ги придобива симпатиите на срцето.“

    rn

    „Љубомората секогаш се раѓа со љубов, но не умира секогаш со неа.“

    rn

    „Бракот значи да ги преполовите своите права, а да ги дуплирате обврските.“

  • Моќни цитати од Јода што ќе ви помогнат да ги преживеете мрачните времиња

    Моќни цитати од Јода што ќе ви помогнат да ги преживеете мрачните времиња

    Дали се чувствувате безнадежно? Јода може да ви помогне! Во животот работите постојано се менуваат и тоа понекогаш знае да биде неподносливо. За да продолжите напред мора да заборавите на сѐ она што ве држи заглавени во минатото. Но, решението е многу поедноставно одошто мислите, само треба да го направите првиот чекор.rnrnМоќни цитати од Јода што ќе ви помогнат да ги преживеете мрачните времињаrnrn„Војна на ѕвездите“ може да ви ја даде потребната мотивација. Доколку сте го гледале овој филмски серијал, сигурно знаете дека Јода е неверојатно мудар лик. Неговата мудрост може да се примени и во секојдневниот живот. Можеби си мислите дека неколку цитати нема да ви помогнат, но никогаш не ја потценувајте моќта на инспиративните зборови.rnrnБез оглед дали се борите со тешкото минато исполнето со срам и каење, поминувате низ тешко раскинување или се чувствувате несреќни поради вашата моментална животна состојба, верувајте дека нештата ќе станат подобри. Треба само да го направите првиот чекор, а овие моќни цитати се одличен начин да почнете од некаде…rn

    „Научете да се ослободувате од сето она што се плашите да го изгубите.“

    rn

    „Стравот е патот до темната страна. Стравот води кон лутина. Лутината води кон омраза. Омразата води кон страдање.“

    rn

    „Смртта е природен дел од животот. Бидете среќни за оние околу вас кои се претвораат во Силата. Немојте да жалите за нив. Нека не ви недостасуваат. Приврзаноста води кон љубомора. А тоа е сенка на зависта.“

    rn

    „Во темно место се најдовме и знаењето ќе ни го осветли патот.“

    rn

    „Во оваа војна постои опасност дека ќе се изгубиме себеси.“

    rn

    „Кога гледате во темната страна, мора да бидете внимателни бидејќи темната страна никогаш не го возвраќа погледот.“

    rnМоќни цитати од Јода што ќе ви помогнат да ги преживеете мрачните времињаrn

    „Мора да го заборавите она што сте го научиле.“

    rn

    „Ако одите кон она што е безбедно, ќе најдете само болка.“

    rn

    „Иднината е секогаш во движењето.“

    rn

    „На крајот на краиштата, само кукавиците ја следат темната страна.“

    rn

    „Почувствувајте ја силата!“

    rn

    „Имаш уште многу за учење, ученику мој… Ова е само почетокот!“

    rn

    „Џедајот мора да има длабока посветеност и сериозен ум. Ова сум го гледал долго време. Целиот негов живот тој гледа настрана… Во иднината, во хоризонтот. Неговиот ум никогаш не е таму каде што е тој.“

    rn

    „Многу од вистините во кои веруваме зависат од нашата гледна точка.“

    rn

    „Сум бил на многу долги патувања. Но, и сум ги чекал другите да се вратат од нивните патувања. Некои се враќаат, некои се скршени, некои се враќаат толку поинакви што само имињата им остануваат исти.“

    rn

    „Морате гласно да го изговорите вашиот страв пред да можете да го победите.“

    rn

    „Ќе го најдете само она што го давате од себе.“

    rnДоколку сте вистински љубители на „Војна на ѕвездите“, прочитајте ги овие легендарни цитати по кои ќе ја паметиме актерката, писателката и феминистката Кери Фишер.

  • Запомнете ги овие зборови кога животот ќе почне да ви се смее во лице

    Запомнете ги овие зборови кога животот ќе почне да ви се смее во лице

    Најдобрите животни лекции се учат од најлошите ситуации и најголемите грешки. На сите нас некогаш во животот ни се случило нешто лошо. Малку или повеќе, сите ние некогаш сме пателе, бидејќи ситуацијата не се одвивала онака како што сме очекувале или сакале, и сите ние сме изгубиле нешто или некого… Но, без разлика што ви се случило во животот, единствен начин за да преживеете, да продолжите понатаму и да одите накај среќата е да бидете позитивни и благодарни за сите убави работи што ви се случиле. Во ова ќе ви помогнат овие 8 лекции на Марк Херноф кои треба да си ги кажете себеси, тогаш кога ви е најтешко.rnrn1-zapomnete-gi-vie-zborovi-koga-zhivotot-kje-zapochne-da-vi-se-smee-vo-lice-i-kje-zapochne-da-doagja-taga-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Болката е дел од созревањето

    rnЖивотот понекогаш ни затвора некои врати, бидејќи е време да тргнеме понатаму. Тоа е добра работа, бидејќи понекогаш не сакаме да го промениме дури ни лошото, сè додека околностите не нè натераат. Кога ќе дојдат тешки времиња, потсетете се себеси дека секоја болка настанува со причина. Оддалечете се од она што ве повредило, но никогаш не заборавајте на што ве научила таа болка. Секој голем успех бара тешка, но вредна борба. Добрите работи бараат време, па затоа бидете стрпливи. Запомнете и дека постојат два вида болка – онаа која ве повредува и онаа која ве променува.rn

    2. Ништо не е вечно

    rnКога врне дожд, со тек на време тој мора и да престане. Секој пат кога сте повредени, раната мора да зарасне. После темнината секогаш доаѓа светлина. Немојте да мислите дека ноќа ќе трае засекогаш, бидејќи ништо не трае засекогаш, ниту среќата, но ниту тагата. Само затоа што состојбата е моментално лоша, не значи дека не треба да се смеете. Секој момент може да биде нов почеток и нов крај, бидејќи добивате шанса со секоја нова секунда. Само треба да ја земете и да ја искористите.rn

    3. Грижата и кукањето ништо не можат да променат

    rnОние што најмногу се жалат, тие најмалку остваруваат. Секогаш е подобро да се обидете да направите нешто добро и да не успеете, отколку воопшто да не се обидете. Не е сè завршено ако не успеете, готово е кога нема ништо да направите, а само се жалите. Преземете иницијатива!rn

    4. Белезите се симбол на вашата сила

    rnНикогаш немојте да се срамите од белезите кои животот ви ги оставил. Белегот значи дека болката поминала и дека раната е затворена. Белегот е тетоважа од победата на која треба да бидете горди. Не смеете да бидете заложник на вашите белези. Не можете да ги избришете од минатото, но можете да го промените начинот на кој ги гледате. Гледајте на вашите белези како знаци од вашата сила. Персискиот филозоф Џелалудин Руми одамна кажал: „Раната е местото низ кое светлината влегува во вас“.rnrn2-zapomnete-gi-vie-zborovi-koga-zhivotot-kje-zapochne-da-vi-se-smee-vo-lice-i-kje-zapochne-da-doagja-taga-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    5. И најмалата борба е чекор напред

    rnСуштината на трпението не е во чекањето, туку во способноста да бидете истрајни додека одите кон вашата цел, бидејќи знаете колку таа вреди. Затоа, ако сакате нешто да започнете, направете го тоа и бидете стрпливи и истрајни. Во спротивно не вреди ни да почнете. Иако тоа може да значи привремено губење на стабилноста и удобноста, на крајот ќе ви се врати дупло. А нема подобро чувство од тоа. Нема подобро чувство отколку кога знаете што значи да се биде жив.rn

    6. Туѓата негативност не е ваш проблем

    rnБидете позитивни дури и кога ве опкружува негативност. Смејте се и кога другите се обидуваат да ве повлечат на дното. Постои едноставен начин да успеете во тоа, да го задржите ентузијазмот и да останете фокусирани на вашите цели – кога ве третираат лошо, вие останете тоа што сте. Не дозволувајте туѓата огорченост да ве промени. Не сфаќајте ништо лично, дури и кога ви се чини дека тоа е така. Луѓето ретко прават нешто поради вас, обично сè прават исклучиво поради нив.rn

    7. Она што е судено, на крајот ќе се случи

    rnВистинската сила се гледа тогаш кога најмногу ви се плаче и имате толку многу работи за кои ќе се жалите, но наместо тоа вие се грижите за насмевката и го цените она што ви го дал животот. Зад секоја борба стои благослов, но за да го видите, морате да го отворите вашето срце и ум. Ништо не може да се случи на сила. А она што е судено, секако ќе се случи и од тоа не можете да побегнете, дури и ако силно посакувате и се обидувате.rn

    8. Најдобро нешто што можете да направите е да продолжите понатаму

    rnНе плашете се да станете после поразот, не плашете се повторно да се обидете, да сакате, да живеете. Не смеете да дозволите тешката лекција да го скамени вашето срце. Најдобрите животни лекции се учат од најлошите ситуации и најголемите грешки. Ќе има моменти кога сè што може да тргне на лошо – натаму ќе се насочи, и да не можете да се извлечете. Да, животот е тежок, но вие сте посилни. Морате да пронајдете уште поголема сила за секој ден да се насмеете, храброст да бидете поразлични. Пронајдете начин во вашето срце да ги насмеете и останатите. Не нервирајте се околу работите кои не можат да се променат. Живејте едноставно и великодушно. Зборувајте искрено. Работите претпазливо. Дури и ако чувствувате дека нешто ви недостига, продолжете понатаму. Продолжете да растете.