КАФЕ ПАУЗА

Tag: мудрост

  • 25 нешта што би сакале да ги знаевме порано, а не ни ги кажале никогаш

    25 нешта што би сакале да ги знаевме порано, а не ни ги кажале никогаш

    Искуството и мудроста одат рака под рака. Колку поискусни стануваме толку повеќе се исполнуваме со животни мудрости. Меѓутоа, некогаш за некои работи не сме знаеле без оглед на нашата мудрост и искуство бидејќи никој не ни ги кажал. Многу би било поубаво кога порано би ги знаеле овие работи. Прочитајте и дознајте кои се тие.rnrnrnrn1. Грешки не постојат, тоа се само настани кои нè водат на патот кон успехот.rnrn2. Поважно е да се живее во согласност со себеси отколку да се исполнуваат туѓите барања.rnrn3. Подобро да се обидете и да не успеете отколку никогаш да не се обидете.rnrn4. За да одите по сопствениот пат не ви треба никаква дозвола.rnrn5. Повеќе корист има кога го правите тоа што го сакате отколку кога го правите она што околината наметнува дека треба да се прави.rnrn6. Живеењето во љубов има далеку поголема вредност отколку живеењето во скудна сигурност.rnrn7. Ако нешто сте одбралр и тоа повеќе не ве прави среќни, можете да одберете повторно.rnrn8. Во ред е да се биде поинаков од просекот и да се негува сопствената индивидуалност.rnrn9. Да се ужива во сонување големи соништа бидејќи тие навистина можат да се исполнат.rnrn10. Промената не носи ништо лошо туку отвора патишта кон подобро.rnrn11. Самите сте причина и последица и тоа нема врска со околината.rnrn12. Поважно е тоа што го имате во срцето отколку тоа што го имате во џебот.rnrn13. Не се обидувајте да ги промените другите туку променете се самите.rnrn14. Ако знаете што сакате и каде сте тргнале, ништо не може да ве спречи.rnrn15. Тука сте за да не живеете во страв туку со веселба да правите сè од љубов.rnrn16. Кога ќе се засакате самите, можете искрено да ги сакате и другите.rnrn17. Сè што може еден човек во светот, го може и секој друг.rnrn18. Највредните работи се бесплатни, а воедно и непроценливи како што се воздухот, водата, љубовта…rnrn19. Колку повеќе даваме толку повеќе добиваме.rnrn20. Поважен е сегашниот момент отколку тоа што било вчера или тоа што ќе биде утре.rnrn21. Многу е поважно да верувате во себе отколку другите да веруваат во вас.rnrn22. Во ред е да паднете бидејќи тоа ќе ве научи побрзо да станете.rnrn23. Не е грешка што сте се родиле, вие сте израз на извор од безусловна љубов.rnrn24. Без оглед на сопствените одлуки, никогаш не сте лишени од поддршката од тој ист извор.rnrn25. Што и да се случи, никогаш не се откажувајте од себе, бидејќи ја имате целата слобода и моќ во себе да живеете живот каков што вистински сакате.rnПрочитајте и за следниве 4 нешта што ви се случуваат кога сте повозрасни и се сосема во ред.

  • Астрологијата ни открива кои се најмудрите жени во Зодијакот

    Астрологијата ни открива кои се најмудрите жени во Зодијакот

    Стекнувањето мудрост е големо достигнување со кое можете да се пофалите, дури и во зрелите години. Мудроста не ја сочинува само знаењето, искуството и разумноста, туку и внатрешниот мир. Астролозите долго време ги анализирале карактеристиките на хороскопските знаци и одлучиле да споделат кои од нив стануваат најмудри со текот на годините.rnrn(1) najmudrite-zheni-spored-horoskopotrn

    Јарец

    rnСериозност, смиреност и внимателност – карактеристични особини и доблести кои ги сочинуваат најмудри претставнички на понежниот пол. Тие се воздржани, секогаш постапуваат совесно и умеат да донесат вистински одлуки.rnrnТие постепени го крадат кариерите и врските. Претставничките на овој знак смирено ги прифаќаат даровите на судбината и секогаш на крајот од животот добиваат сè што посакуваат.rn

    Водолија

    rnЖените Водолии, не само што се фасцинантни, туку поседуваат и природна мудрост. Претставничките на овој знак имаат своја гледна точка, но никогаш не ја наметнуваат на другите и не сметаат дека секогаш се во право.rnrnВодолиите не сакаат да расправии за ситници. Тие никогаш не се обидуваат да го променат својот партнер. Сè во животот прифаќаат онака како што е.rn

    Девица

    rnДевиците умеат рационално да го прифатат животот. Претставничките на овој знак се многу разумни и трпеливи личности.rnrnВо некои животни ситуации, тие често постапуваат како набљудувачи, па благодарение на тоа, тие гледаат и разбираат многу.rn

    Бик

    rnДоколку ви е потребен мудар совет на љубовен, обратете се кај жените Бикови. Тие ќе го споделат со вас целото своето искуство и знаење. Биковите поседуваат внатрешен мир и добрина, а својата топлина добродушно ја подаруваат на околината.rnrnЖената Бик може да стане инспирација на својот партнер, бидејќи секогаш ќе ги подржува неговите амбиции и ќе биде сигурна поддршка во семејниот живот. Прекрасните претставнички на овој хороскопски знак умеат да дадат навистина мудри совети.rn

    Овен

    rnОвните се многу одговорни и затоа останатите сметаат дека го држат животот во своите раце. Тие трпеливо и со високо крената глава ги примаат сите тешкотии кои судбината им ги наметнува. Жените во овој знак со задоволство им помагаат и се грижат за другите.rnrnОвните исто така сакаат да го запознаат светот, па затоа обожаваат да читаат книги и да имаат повеќе хобија.rnrnДознајте и кои се утринските рутини на сите хороскопски знаци.

  • Што го очекува вашиот хороскопски знак по 40-тата година од животот?

    Што го очекува вашиот хороскопски знак по 40-тата година од животот?

    Во одреден момент од животот, кај секого се случува некаков очекуван или неочекуван пресврт. Астрологијата успешно може да предвиди што би можело да се случува во животите на луѓето, врз основа на хороскопскиот знак. Прочитајте дали зрелоста ви носи нови искуства, мудрост, среќа или можеби, носталгија и тага по младоста.rnrnШто го очекува вашиот хороскопски знак по 40-тата година од животот?rn

    Овен

    rnСамата помисла на стареење предизвикува ужас кај вас. Но, немате причина да се грижите, бидејќи Марс, планетата на енергијата, владее со вашиот знак. Поради тоа, никогаш нема да ви недостига енергија. Кога ќе го поминете прагот на зрелоста, можно е да ви треба повеќе сон отколку што сте навикнати. Како што ќе поминува времето, така ќе бидете сè посигурни во себе, а вашите ставови ќе бидат посилни. Со текот на годините ќе расте и вашиот углед, особено доколку во младоста научите да ги контролирате импулсивноста и темпераментот.rn

    Бик

    rnНајмногу се плашите од тоа дека вашата привлечност може да се намали. Сепак, вашите вистински квалитети лежат токму во шармот и дружељубивоста, кои се безвременски карактеристики. Со вас управува Венера, планетата на љубовта. Вие ќе умеете да ги направите среќни оние кои ги сакате. Иако вашиот изглед ќе се менува, никаде нема да поминете незабележано. Во зрелоста ќе ја воспоставите стабилноста која ја немавте во текот на младоста.rn

    Близнаци

    rnПрипадниците на овој знак воопшто не се воодушевени од помислата дека времето поминува. Но, нивниот владетел Меркур им дава доволно логика, разум и интелигенција, па затоа Близнаците разумно ја прифаќаат зрелоста. Сè додека сте отворени и сестрани, никој нема ни да ги забележи вашите години. Во зрелоста ќе успеете да си дозволите многу нешта кои не можевте во младоста, затоа што ќе имате и повеќе време, но и повеќе пари.rnrnШто го очекува вашиот хороскопски знак по 40-тата година од животот?rn

    Рак

    rnДури откако ќе зараснат сите љубовни рани од младоста, припадниците на овој знак ќе можат да почнат да уживаат во животот. Со нив управува Месечината, симбол на домот, па тие имаат силен родителски инстинкт и многу се пожртвувани кога е семејството во прашање. Откако ќе успеат да основаат свое, ќе сфатат дека зрелоста им носи пријатни моменти во кругот на семејството. Годините ќе ги направат помудри и поискусни и можат да донесат поголем углед и материјална сигурност. Поради тоа ќе се чувствуваат безбедно и среќно.rn

    Лав

    rnКај нив ќе дојде моментот кога ќе сфатат дека не се тие центар на вниманието, туку помладите. Тоа воопшто не им одговара, бидејќи Сонцето носи виталност и енергија за овој знак. Во текот на годините ќе стекнат почит и авторитет во своето опкружување, а ќе се намалат шансите да направат фатални грешки поради своето его и гордост.rn

    Девица

    rnСо овој знак владее Меркур, па така ни во зрелите години не се намалува љубопитноста на Девицата. Припадниците на овој знак не стареат лесно, имаат младешки изглед и комуникативност, но со текот на годините ќе го стеснат кругот на пријатели само на оние со кои навистина сакаат да поминуваат повеќе време. Зрелите години може да ги искористат за напредок во кариерата, за почеток на приватен бизнис, но и за поголема грижа за здравјето и парите.rnrnШто го очекува вашиот хороскопски знак по 40-тата година од животот?rn

    Вага

    rnВенера им помага на Вагите да изгледаат младолико дури и кога ја надминуваат 40-тата. Шармот е природен дел од нивната привлечност, а со текот на времето тој расте и расте. Треба да внимаваат на вишокот килограми, за да не си предизвикаат здравствени проблеми. Затоа, препорачливо е да не го намалуваат интензитетот на физичките активности, дури и ако се премногу мрзливи за тоа.rn

    Скорпија

    rnОвој знак е под директно влијание на Плутон, па затоа и најпрво ја перципираат мрачната страна на стареењето. Но, поради аналитичкиот дух и смислата за хумор, тие лесно можат да се изборат со годините и да се навикнат на мудроста што ја стекнуваат. Сепак, тие секогаш ќе сакаат младоста да се врати, а таа желба може да им донесе повеќе љубовни страдања и грижи за работата, при што најмногу страдаат финансиите.rn

    Стрелец

    rnСтрелецот е знак на младоста, па лесно може да се онерасположи уште на првата брчка на челото. Но, благодарение на Јупитер, тие ќе развијат филозофски став кон стареењето, со тоа што ќе го задржат оптимизмот и младоста на душата. На нивната виталност можат да завидуваат сите останати претставници на хороскопските знаци. Зрелоста им дава можност да ги согледуваат нештата на многу повисоко ниво отколку што го правеле тоа во младоста.rnrnШто го очекува вашиот хороскопски знак по 40-тата година од животот?rn

    Јарец

    rnПланетата на зрелоста, знаењето и амбициите, Сатурн, не дозволува Јарецот да жали за младоста и да падне во депресија уште на првото бело влакно во косата. Уште во младоста Јарците имаат позрели желби и цели за разлика од своите врсници, но во зрелоста уживаат во плодовите на својата долгогодишна работа, знаењето и искуството.rn

    Водолија

    rnТие не се плашат само од стареењето, што е во природата на овој знак управуван од Уран, планетата на иднината и промените. Дури и во зрелите години остануваат ментално млади, креативни и уникатни во тоа што го прават. Сепак, мора посериозно да се грижат за здравјето, да одмараат повеќе, да се хранат правилно и да имаат редовна физичка активност.rn

    Риби

    rnГодините кои поминуваат сè побрзо и побрзо, кај Рибите создаваат необјаснив страв на кој ни самите не можат да му го најдат коренот. Тие мораат уште во младоста да се погрижат за здравјето и финансиите, за да не мора да се грижат во зрелата возраст. Врз нив влијае Нептун, планета на емотивноста и сочувството, особини кои со тек на времето ќе станат поизразени кај претставниците на овој знак. Но, без разлика на возраста, сетилата ќе стануваат сè поизразени, па полесно ќе умеат да ги избегнат луѓето кои сакаат да ги искористат.rnrnПрочитајте ги овие 20 мудрости со чија помош ќе пронајдете мир.

  • Цитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од животот

    Цитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од животот

    Чарлс Дикенс е еден од оние класични писатели чии книги најверојатно сте ги читале додека сте оделе на училиште, како што се „Оливер Твист“ или „Големите очекувања“. По нивното читање, постојат големи шанси дека сте ги заборавиле. Но, ќе бидете изненадени кога ќе сфатите дека неговите цитати можат да послужат како вистинска мотивација. Неговите зборови се толку мудри што можат да се применуваат и ден денес. Во денешно време, животот на луѓето е исполнет со многу проблеми и стрес, па затоа честопати забораваме како вистински да уживаме. Прочитајте ги следниве цитати од Чарлс Дикенс кои ќе ве потсетат на најважните работи во животот: љубовта, смеата и добрата смисла за хумор…rnrnЦитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од живототrn

    Смејте се

    rn

    „Нема ништо толку заразно во светот колку смеата и добриот хумор.“

    rn

    Секогаш бидете тука за луѓето кои ги сакате

    rn

    „Никогаш не ги затворајте усните за оние на кои веќе сте им го отвориле срцето.“

    rn

    Лошите моменти во животот служат за да ве направат посилни

    rn

    „Страдањето е најсилниот учител и тоа ме научи да разбирам какво ми било срцето. Сум бил превиткуван и кршен, но се надевам дека на крајот сум излегол во подобра форма од сето тоа.“

    rn

    Имајте нежно срце и нежен допир

    rn

    „Имајте срце кое никогаш не скаменува, темперамент кој никогаш не се уморува и допир кој никогаш не повредува.“

    rn

    Не срамете се да бидете чувствителни

    rn

    „Небото знае дека никогаш не треба да се срамиме од нашите солзи, бидејќи тие се дождот кој паѓа врз заслепувачката прашина од земјата која ги покрива нашите тврди срца. Се чувствував подобро кога плачев. Бев посочувствителен, посвесен за мојата неблагодарност и понежен.“

    rn

    Бидете благодарни за тоа што го имате во сегашноста

    rn

    „Размислувајте за работите што ги имате моментално, а сите ги имаме во изобилие. Не размислувајте за несреќите од минатото, кои сите сме ги доживеале.“

    rn

    Љубовта и вистината ќе победат на крајот

    rn

    „Се надевам дека вистинската љубов и вистина се посилни од сето зло и сите несреќи на светот.“

    rn

    Посветете му се на животот

    rn

    „За сето тоа што сум се обидел да го направам во животот, сум давал сѐ од себе за да го направам како што треба. Работите на коишто се посветувам, се посветувам целосно. Истото важи и за големите и за малите цели.“

    rn

    Бидете мудри кога се работи за љубовта и животот

    rn

    „Има мудрост на разумот и мудрост на срцето.“

    rn

    Секогаш отворајте го вашето срце за љубовта

    rn

    „Срцето што љуби крие најголема мудрост.“

    rn

    Заштитете ги добрите луѓе во вашиот живот

    rn

    „Толку многу размислувам за топлите и чувствителни срца што би направил сѐ за да ги поштедам од болка.“

    rn

    Ваше семејство се луѓето за кои би направиле сѐ

    rn

    „Семејството не мора да се состои само од оние со кои сме крвно поврзани, може да се состои и од оние на кои би им ја дале нашата крв.“

    rnЦитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од живототrn

    Сите имаме добри и лоши страни

    rn

    „Мора да бидам прифатен таков каков што сум направен. Успехот не е мој, неуспехот не е мој, но и двете ме прават тоа што сум.“

    rn

    Секогаш бидете среќни

    rn

    „Среќата е подарок и трикот лежи во тоа да не ја очекувате, туку да ѝ се радувате кога ќе се појави.“

    rn

    Бидете слободни

    rn

    „Барам само да бидам слободен, пеперутките се слободни.“

    rn

    Среќата е тоа што ве прави прекрасни

    rn

    „Радоста и задоволството најмногу разубавуваат и тие се најпознатите заштитници на добриот изглед.“

    rn

    Создавате прекрасна поезија со вашиот живот

    rn

    „Поезијата му го прави на животот она што светлата и музиката ѝ го прават на сцената.“

    rn

    Бидете доследни во она што го правите

    rn

    „Доследноста во љубовта е добра работа, но не значи ништо, доколку не сте доследни во сѐ што правите.“

    rn

    Бидете внимателни со вашата добрина и мудрост

    rn

    „Правете го и тоа што е мудро и тоа што е добро, извлекувајте го најдоброто од луѓето, а не најлошото.“

    rn

    Љубовта можеби е слепа, но не ја земајте здраво за готово

    rn

    „Љубовта иако е слепа, таа е внимателен набљудувач.“

    rn

    Не го потценувајте дружењето со стари пријатели

    rn

    „Болката предизвикана од разделбата не е ништо во споредба со радоста предизвикана од повторната средба.“

    rn

    Љубовта го врти светот

    rn

    „Љубовта е она што го врти светот!“

    rn

    Правете добро за другите и ќе правите добро и за себе

    rn

    „Ден потрошен на други луѓе никогаш не е залудно потрошен.“

    rn

    Не живејте во тага

    rn

    „Тагувањето никогаш не ги излечило скршените коски.“

    rnДоколку сте вљубеници во литературата, сигурно ќе ви се допаднат и следниве цинични цитати од Семјуел Бекет.

  • Мудрите зборови на англиканскиот бискуп: Како можеме да го промениме светот?

    Мудрите зборови на англиканскиот бискуп: Како можеме да го промениме светот?

    Сигурно сте ја чуле изреката „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“. Овие зборови кријат голема вистина. Секогаш кога сакаме да смениме нешто, мора да тргнеме од себе, бидејќи постојат работи што се надвор од наша контрола. Сите луѓе ќе ја научат оваа лекција порано или подоцна, на потешкиот или полесниот начин. Следниов натпис бил врежан на надгробната плоча на англиканскиот бискуп во Вестминстерската опатија во 1100 година. Тој самиот се уверил во оваа вистина, но за жал премногу доцна. Прочитајте ги неговите зборови и не ја повторувајте истата грешка…rnrnМудрите зборови на англиканскиот бискуп: Како можеме да го промениме светот?rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКога бев млад и слободен и кога мојата фантазија не познаваше граници, сонував за тоа да го променам светот. Но, како што станував сѐ постар и помудар сфатив дека светот не сака да се промени.rnrnМалку ги намалив моите очекувања и одлучив да ја променам само мојата земја. Но, и таа делуваше непроменлива. На постари години, во еден очаен обид, решив да го променам само моето семејство, моите најблиски. Но, и тие не го прифатија тоа.rnrnСега додека лежам на смртна постела, одеднаш сфатив: Да се променев најпрво себеси, преку својот пример ќе можев да го променам и моето семејство.rnrnНивната поддршка и охрабрување ќе ми ја дадеа силата со која ќе можев да ја подобрам својата земја и којзнае, можеби тогаш ќе можев да го променам светот.rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте ги и следниве мудри мисли од Наполеон Бонапарта.

  • Како ќе објасните со само еден збор личност што сака да учи?

    Како ќе објасните со само еден збор личност што сака да учи?

    Луѓето кои сакаат да учат не зависат само од училници или професори. Тие бараат одговор на секое прашање, a нивните умови постојано се полни со зборовите „како“ и „зошто“. Имаат желба да ја задоволат нивната љубопитност и да копаат подлабоко сè додека не ја згаснат жедта за знаење. Па, како се нарекуваат овие луѓе?rnrnКој е зборот за личност што сака да учи?rnrnКој би бил правилниот израз или збор за личност која има страст за барање, истражување, учење нови работи и собирање знаење? Некој кој прашува сè, постојано бара одговори и учи со длабоко разбирање? Постојат неколку зборови кои ги опишуваат овие личности, а овие се најдобрите.rn

    Автодидакт

    rnСпоред речникот, овој збор значи „личност што учи сама“. Изразот е формиран од зборовите auto (сам, само) и didact (учи). Со други зборови, ова е личност што собира знаење без помош од учител или образовна институција.rn

    Филомат

    rnОвој израз означува „љубител на учењето“, особено на математиката. Зборот потекнува од Грција и се користи за личност која има познавање од повеќе области.rn

    Полимат

    rnПолимат е личност која е експерт во повеќе области. Односно знаење кое се користи за да се реши одреден проблем користејќи факти од секоја перспектива.rn

    Епистемофил

    rn„Едисон имал епистемолошки карактер.“ Оваа реченица тврди дека Едисон го сакал, односно го почитувал знаењето.rn

    Софофил

    rnОвој збор опишува личност што сака да учи со акцент на мудроста. Аристотел и Сократ биле најголемите софофили на сите времиња.rn

    Филозофил

    rnОва е личност што сака да учи за филозофијата и има љубов кон одреден вид размислување и пристапување кон специфичен проблем. Овие личности секогаш размислуваат со прашања, се расправаат со своите забелешки и верувања и се обидуваат да го променат умот.rn

    Библиофил

    rnБиблиофил е личност што сака книги.rn

    Сапиосексуалец

    rnОвој збор е формиран од 2 латински збора – sapien (мудар или интелигентен) и sexualis (пол). Ова се личности кои сметаат дека интелигенцијата е најпривлечната особина кај луѓето.rn

    Инквизативен

    rnОвие луѓе се интелектуално љубопитни, желни за знаење и сакаат да испитуваат, истражуваат и да поставуваат прашања.rn

    Љубопитен

    rnОва е најпознатата особина на сите љубители на знаењето. Ако сте љубопитни, навистина сакате да дознаете нешто.rn

    Ерудит

    rnЕрудит е личност која има или покажува големо знаење или способност за учење.rnrnЕден од најпознатите љубители на знаењето е Леонардо да Винчи. Тој отворал мртви тела за да научи анатомија, си играл со свеќи за да сфати како функционираат сенките и го набљудувал текот на водата за да создаде механика. Неговиот живот бил исполнет со неверојатни и возбудливи експерименти. Како би го нарекле него?rnrnИ што ако најпрецизниот збор за одредено однесување кон знаењето сè уште не постои? Време е да ги активирате вашите мозоци. На пример, што мислите за зборот куриозаматор? Тој е составен од латинските curiosus (љубопитен) и amator (љубовник). Направете своја комбинација и споделете ја со нас во коментарите…

  • Мудроста на Фил Босманс: Кризата може да биде благослов

    Мудроста на Фил Босманс: Кризата може да биде благослов

    Фил Босманс бил белгиски свештеник и писател чии книги биле преведени на повеќе од 20 светски јазици. Неговата прва книга „Што му недостасува на човекот?“ доживеала голем успех и ја пренела мудроста на Босманс, чија цел била да ја шири „културата на срцето“ и да им помага на луѓето. Во продолжение, прочитајте ги неговите мудри зборови за значењето на животните кризи…rnrnМудроста на Фил Босманс: Кризата може да биде благословrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnПријатели, кризите се еден вид породилни болки.rnrnКризите се знак на тревога.rnrnГлавоболките предизвикани од непроспиените ноќи се сигнал дека треба да размислите за вашиот начин на живот.rnrnБолките во стомакот се предупредување дека треба поинаку да се храните.rnrnКризите во богатите земји се како болки во желудникот, последица од материјалната презаситеност.rnrnЈа разоткриваат нашата вистинска криза: Празнина на духот и осиромашување на срцето.rnrnМожеме да си купуваме помалку работи, можеме да се дозволиме помалку раскош. Дали е тоа катастрофа или благослов?rnrnКако завршуваат кризите? Постојат 2 можности.rnrnИли доаѓа до катастрофа поради поединците или владетелите кои ги бранат своите интереси со сите можни средства.rnrnИли доаѓа до промена на животниот став: Законот на посилниот не го одредува законот на трговијата.rnrnКонечно се земаат предвид слабите и беспомошни луѓе.rnrnДали ќе научиме од кризите дека со помалку можеме да стигнеме многу подалеку?rnrnКризите може да бидат благослов,rnrnТие ни овозможуваат да размислиме за вистинските животни вредности.rnrnШто ни е навистина важно?rnrn[/message_box]rnrnВо продолжение, прочитајте ги и мудрите зборови на Ал Пачино.

  • Мудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?

    Мудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?

    Сигурно честопати се прашувате која е тајната за среќната љубовна врска. Ако размислувате како повеќето луѓе, веројатно мислите дека тоа е љубовта. Доколку партнерите се соочат со некакви проблеми, љубовта што постои меѓу нив ќе им помогне да ги совладаат сите пречки, се согласувате? Зен мастерот Тич Нат Хан има поинакво гледиште на оваа тема. Според него, треба да се случи нешто многу поважно пред да можете навистина да го сакате вашиот партнерот.rnrnМудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?rnrnТич Нат Хан верува дека разбирањето и одвојувањето време за саканите се од големо значење за опстанокот на врската. Во продолжение прочитајте ги неговите мудри зборови за љубовта и врските…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnНавистина мора да ја разбереме личноста што сакаме да ја љубиме. Ако нашата љубов се состои од желбата да поседуваме некого, тоа не е љубов. Ако мислиме само на себе, ако ги познаваме само нашите потреби и ги игнорираме потребите на другата личност, тогаш не можеме да љубиме. Мора да погледнеме длабоко за да ги видиме и разбереме потребите, амбициите и страдањата на личноста која ја сакаме. Тоа е основата на вистинската љубов. Не можете а да не сакате некого кого целосно го разбирате.rnrnОдвреме-навреме, седете блиску до вашите сакани, држете ги за рака и прашајте ги „Драги/Драга, дали те разбирам доволно? Или пак страдаш поради мене? Те молам кажи ми за да можам да научам да те љубам како што треба. Не сакам да страдаш, но ако дошло до тоа, причината била моето незнаење. Те молам кажи ми го тоа за да можам да те сакам подобро, за да бидеш среќен/среќна.“ Ако го кажете ова со глас што искажува вистинска отвореност и желба за разбирање, другата личност може дури и да заплаче. Тоа е добар знак, бидејќи тоа значи дека вратата кон разбирањето се отвора и сѐ ќе биде повторно возможно.rnrnМожеби еден татко нема доволно време или не е доволно храбар да му го постави ова прашање на син му. Тогаш, нивната љубов нема да биде толку целосна колку што би можела да биде. Потребна е голема храброст за да се постават овие прашања, но ако не ги поставиме, колку повеќе ги сакаме толку повеќе можеме да ги уништиме луѓето кои се обидуваме да ги сакаме. На вистинската љубов ѝ треба разбирање. Со помош на разбирањето, саканата личност несомнено ќе процвета.rnrn[/message_box]rnrnМудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?rnrnТич Нат Хан исто така смета дека ако нема разбирање, ние ќе почнеме да си ги обвинуваме партнерите поради нивните слабости, а тоа ќе создаде негативна енергија во врската. Наместо тоа, доколку сакаме да се смениме и да растеме, мора да имаме разбирање.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКога ќе посадите растение, ако тоа не порасне како што треба, нема да го обвинувате растението. Ги барате причините зошто растението не расте. Можеби му треба подобра земја или повеќе вода или помалку сонце. Никогаш не го обвинувате растението. Сепак, кога имаме проблеми со нашите пријатели или семејство, секогаш ја обвинуваме другата личност. Но, кога би знаеле како да се грижиме за нив, тие би пораснале правилно, исто како и растението.rnrnОбвинувањето нема никакво позитивно влијание, ниту пак обидите да убедите некого со помош на причини и аргументи. Такво е моето искуство. Ниту обвинувањето, ниту аргументите, ниту убедувањето – само разбирањето. Ако разбирате и покажете дека разбирате, ќе можете да сакате и ситуацијата ќе се промени.rnrn[/message_box]rnrnДоколку сакате да научите уште нешто од учителот Тич Нат Хан, прочитајте ги и неговите 12 зен мудрости.

  • 7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

    7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

    Во животот сретнуваме многу духовни учители кои нè насочуваат по нашиот пат и ги предизвикуваат нашите верувања. Тие нè тераат да погледнеме над очигледното. Секое учење ни нуди вредна лекција и нов, свеж поглед кон животот. Запознајте неколку помалку познати духовни учители кои успешно шират светлина во темнината.rn

    1. Дон Мигел Руиз

    rn7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудростrnrn

    „Само вие можете да го промените светот кој го создавате. А со промена на вашиот свет, ќе се промени целиот свет – тоа е Вистината која ќе ве ослободи.“

    rnКомбинирајќи ја древната мудрост и новите увиди, идеите на Дон Руиз доаѓаат од луѓето од Јужно Мексико. Тој има големо влијание од учењето на Карлос Кастанеда и има напишано неколку книги. Овде спаѓаат „Четирите спогодби“ (The Four Agreements), „Умешноста на љубовта“ (The Mastery of Love), „Гласот на знаењето“ (The Voice of Knowledge), „Петтата спогодба“ (The Fifth Agreement) и уште неколку други. Едноставноста на неговото учење е извор на просветлување и аспирација.rnrnВо книгата „Четирите спогодби“ тој зборува за спогодбите кои секоја личност мора да ги направи со себе за да постигне посвесна и ослободувачка состојба во животот.rnrn1. Бидете беспрекорни со вашите зборови.rnrn2. Ништо не сфаќајте лично.rnrn3. Не правете претпоставки.rnrn4. Секогаш давајте го најдоброто од себе.rnrnПотоа, во книгата „Петтата спогодба“ додава уште една лекција за која сметал дека е важно да се научи:rnrn5. Бидете скептични, но научете да слушате.rn

    2. Клариса Пинкола Естес

    rn7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудростrnrn

    „Сите ние го започнуваме процесот пред да бидеме подготвени, пред да знаеме доволно, пред да сме доволно силни. Започнуваме дијалог со мислите и чувствата во нас. Одговараме пред да знаеме како да го зборуваме јазикот, пред да ги знаеме сите одговори, пред да знаеме со кого зборуваме.“

    rnНекои од делата на Клариса се „Ослободи ја силната жена“ (Untie the Strong Woman), „Жени кои трчаат со волците“ (Women Who Run With the Wolves) и „Дарот на приказната“ (The Gift of Story).rnrnТаа ги користи древните приказни на нејзините предци и ги прикажува како мудрост. Низ нејзините приказни, Клариса ги претставува вистините за нераскинливата врска на душата, и како да ја обновите. Таа нè учи дека вистинската жена е силна, интуитивна и полна со живот и креативност. Нејзините приказни го прикажуваат процесот на будење, лекување и следење на гласот на душата.rn

    3. Бирон Кејти

    rn7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудростrnrnБирон Кејти е автор и често зборува за методот кој таа го нарекува „Работата“. Додека минувала низ тежок период во нејзиниот живот, таа добила идеја која променила сè. Таа сфатила дека верувањето во нејзините мисли ја правело несреќна, и користејќи го методот на самоистражување го направила страдањето избор.rn

    „Мислата не може да нè повреди сè додека не поверуваме во неа. Не се нашите мисли оние кои предизвикуваат страдање, туку нашата приврзаност кон нив. Приврзаноста значи дека верувате во мислата како вистинита. Верувањето е мисла кон која сме се приврзале, многу често со години.“

    rnВо нејзината книга „Сакајќи го она што е: 4 прашања кои ќе ви го променат животот“ (Loving What is: Four Questions That Can Change Your Life), таа го претставува основниот рецепт со кој ќе ги промените вашите мисли и верувања:rnrn1. Дали е вистина?rnrn2. Како можете со сигурност да знаете дека е вистина?rnrn3. Како реагирате, што се случува кога верувате во таа мисла?rnrn4. Кои би биле без таа мисла?rnrnНејзината идеја е дека кога ќе ги поставите овие прашања за вашите негативни мисли ќе добиете поздрава перспектива. Нејзината порака е дека вашиот живот е во ваши раце. Ваш е изборот да страдате или да бидете среќни.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Познат филозоф и мотивациски говорник ја открива мудроста што може да ви го смени животот

    Познат филозоф и мотивациски говорник ја открива мудроста што може да ви го смени животот

    Доктор Вејн Дајер се подготвувал за говорот што требало да го одржи и одлучил со себе да понесе портокал како реквизит за предавањето. Во текот на предавањето, тој започнал разговор со еден дечко кој седел во првиот ред. Во продолжение, дознајте како течел разговорот…rnrnПознат филозоф и мотивациски говорник ја открива мудроста што може да ви го смени живототrnrn„Ако го стиснам портокалов најсилно што можам, што ќе излезе?“, прашал докторот.rnrn„Секако дека сок“, одговорил младичот и му упатил збунувачки поглед на докторот.rnrn„Мислиш дека сок од јаболко ќе излезе од него?“, повторно прашал докторот.rnrn„Не“, се насмеал дечкото.rnrn„Можеби сок од цитрон?“rnrn„Не!“rnrn„Што ќе излезе тогаш од него?“, не се откажувал докторот.rnrn„Секако дека сок од портокал!“, луто одговорил дечкото.rnrn„Зошто? Зошто кога ќе стиснеш портокал излегува сок од портокал?“rnrn„Па, тоа е портокал и тоа има внатре!“, изнервирано одговорил дечкото.rnrnДокторот кимнал со главата и продолжил.rnrn„Ајде да си замислиме дека овој портокал не е портокал, туку дека тоа си ти. И некој те стиска, врши притисок на тебе, те навредува… Од тебе излегува бес, омраза, горчина и страв. Зошто? Одговорот е, како што младиот пријател кажа, затоа што тоа има во нас.“rnrnОва е една од најголемите животни лекции. Што излегува од вас кога животот ќе ве притисне? Кога некој ќе ве повреди или навреди? Доколку од вас излегува бес, болка и страв, тоа е така, затоа што има во вас. Не е важно кој ве притиска, дали родителите, децата, партнерот, шефот или државата.rnrnАко некој ви каже нешто што не ви се допаѓа, она што ќе излезе од вас е она што се наоѓа во вас. А она што се наоѓа во вас, зависи само од вас, тоа е ваш избор. Кога некој ве малтретира и од вас излегува сѐ друго освен љубов, тоа е така затоа што сте им дозволиле на негативните работи да се вселат во вас. Еднаш кога ќе ги отфрлите сите лоши нешта кои не ги сакате во животот и ќе ги замените со љубов, вашиот живот ќе стане многу посреќен и попродуктивен.rnrnПрочитајте ги и следниве 15 мудрости од таткото на мотивацијата.