КАФЕ ПАУЗА

Tag: мозок

  • Дали вежбите за нозе имаат директно влијание на здравјето на вашиот мозок?

    Дали вежбите за нозе имаат директно влијание на здравјето на вашиот мозок?

    Постои силна поврзаност помеѓу физичката активност и здравјето на нервниот систем, но оваа област треба уште подлабоко да се истражува, за да се добијат вистински сознанија зошто тоа се случува. Неодамнешна студија ја обработува научно поврзаноста на вежбите за нозе со мозокот, односно што се случува со мозокот, кога движењата со нозете се многу ограничени.rnrnДали вежбите за нозе го прават вашиот мозок поздрав?rnrnОна што ни е познато е дека на оние кои не можат да ги мрдаат нозете, како што се болни луѓе на кои им е забрането движење или лица со инвалидитет, им слабее мускулната маса, но и густината и јачината на самите коски. Но, научниците, односно авторите на студијата, се запрашале дали тоа некако влијае и на нивниот мозок, односно на целосниот нервен систем.rnrnНајпрво, тие извеле експеримент со лабораториски глувци, на кои им го ограничиле движењето, имобилизирајќи им ги задните нозе, а на другата група им било дозволено слободно да се движат. Истовремено им биле набљудувани мозочните активности, односно субвентрикуларната зона од централниот нервен систем. Кај оние глувци со ограничено движење, забележително било редуцирањето на бројот на нервни клетки во нивните мозоци, но и неможноста овие клетки сами да се обноват.rnrnПретпоставката по студијата е дека движењето на екстремитетите, особено на нозете, праќа сигнали во мозокот кои стимулираат одржување на постоечките, но и создавање нови нервни клетки. Понатаму, научниот тим би сакал да провери дали и кај луѓето се случува истиот процес, а многу претходни студии покажале сличност на биолошките процеси кај луѓето и глувците.rnrnДоколку оваа студија продолжи, тогаш би можела да се најде поврзаност помеѓу последиците од намалената физичка активност, без оглед кои биле причините. Една од авторките на студијата, Рафаела Адами, професор на Универзитетот во Милано, изјавила дека би можело да се докаже дека недостатокот на физичка активност не само што ги заслабнува мускулите, туку и го менува телото на клеточно ниво, вклучувајќи ги и нервните клетки.rnrnПред да се дојде до поконкретни сознанија, овие податоци можат да ви послужат за да се мотивирате за поголема физичка активност во текот на денот.rnrnПрочитајте ги и овие 7 факти за човечкиот мозок кои неврологијата не може да ги објасни.

  • Интересна студија: Колку повеќе секс имате, толку подобра ќе биде вашата меморија!

    Интересна студија: Колку повеќе секс имате, толку подобра ќе биде вашата меморија!

    Честиот секс има многу позитивни влијанија врз двајцата партнери – може да ве ослободи од стресот, да ви помогне побрзо да оздравите ако сте настинати или пак да ви го „наполни“ егото со самата идеја дека сте посакувани. Исто така, помага и во подобрување на меморијата, особено кога веќе сте на позрели години и често заборавате на некои ситници.rnrnПовеќе секс ја подобрува вашата меморијаrnrnПаровите кои имаат редовен секс, при едно истражување покажале дека имаат и подобра меморија, споредено со оние кои со партнерот споделуваат помалку нежности. Бакнежите и допирите на мозокот му праќаат сигнал дека телото се чувствува добро, а со тоа тој е и порелаксиран и полесно ги извршува другите функции.rnrnВо студијата на Универзитетот во Волонгонг, Австралија, две години се набљудувале 6.000 учесници на возраст над 50 години, како и нивните животни навики. Оние кои биле повеќе сексуално активни, успевале полесно да се сетат на поблиски и подалечни спомени.rnrnНо, истото важи и за помлади парови кои имаат редовен интимен живот. Сексот ја подобрува меморијата и ја стимулира активноста на нервите во мозокот, во делот одговорен за складирање на епизодни и парцијални спомени.rnrnПрочитајте ги и овие 5 чудни факти за меморијата.

  • Најчестите погрешни сфаќања за интровертите и вистините зад нив

    Најчестите погрешни сфаќања за интровертите и вистините зад нив

    Кога ќе го чуеме самиот поим интроверт, веднаш помислуваме на тивка личност која поминува повеќе време сама и избегнува дружења. Но, во реалноста, интровертноста ретко е поврзана со останувањето дома. Всушност, токму интровертите е поверојатно да имаат неколку значајни и вистински пријателства, наместо да бидат во површни односи со многу луѓе.rnrnШто најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?rnrnСпоред психологијата, интровертите имаат пониска чувствителност на допаминот, за разлика од екстровертите. Но, кога е во прашање дружење, тие избираат да поминат квалитетно време во помала група или пак воопшто да не излезат, наместо тоа да го прават во големи друштвени настани.rn

    Интровертните имаат различна мозочна хемија

    rnОсновната разлика меѓу екстровертна и интровертна личност е во тоа како нивниот мозок реагира при социјална стимулација. Кај екстровертите, мозочната реакција настанува веднаш, додека пак кај интровертите, импулсот ќе помине подолг пат, а со тоа и подолго време, додека правилно да се процесира, за да може личноста соодветно да реагира. Тие полесно забележуваат ситници, но и имаат моќ да претпостават каков би бил исходот.rnrnОва значи дека интровертите имаат навистина „оптоварен“ мозок, преполн со грижи за тоа што ќе се случи следно. Во социјален контекст, кај нив се случува многу посложен процес поради кој некогаш нивната реакција за останатите е несоодветна или неочекувана. Но, сето тоа се случува само затоа што, едноставно, нивниот мозок е така структуриран. Тие секогаш ќе изберат помала и потивка, наместо поголема и побучна група луѓе.rnrnШто најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?rn

    Интровертен мамурлак

    rnПоради интензивната работа на мозокот, кај интровертите настанува состојба позната како „интровертен мамурлак“, која се случува поради зголеменото лачење кортизол и адреналин во текот на мисловниот процес. Оттука доаѓа и објаснувањето зошто попрво би останале дома и би ја слушале омилената музика – нив им треба да одморат и да закрепнат.rnrnВо идеален случај, една личност се движи по границата на екстровертност и интровертност и балансира меѓу двете состојби. Но, кога нештата се излезени од оваа рамнотежа, тогаш имаме луѓе кои избегнуваат социјални ситуации дури и ако претходно сакале да бидат присутни, но и такви кои постојано ќе бидат присутни секаде иако од тоа не постигнуваат никаква сатисфакција.rnrnИнтровертноста никако не е поврзана со срамежливоста или со социјалната анксиозност, како што често се верува. При социјална анксиозност, личноста се плаши од она што може да го направи и како останатите ќе гледаат на тоа, додека пак, интровертната личност се повлекува затоа што така се чувствува удобно. Всушност, социјална анксиозност може да им се случи дури и на најекстровертните лица.rnrnШто најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?rn

    Интровертите мразат блиц-разговори

    rnТие преферираат да аргументираат на некоја тема, па дури и со часови. Поради тоа, не гледаат поента кога правите краток муабет со нив, со површни прашања и одговори. Интровертниот попрво ќе избере да комуницира со две личности со кои ќе има вистински теми за разговор, наместо со 10 или 15 со кои ќе оствари само бледа комуникација.rnrnКога се работи за екстровертност или интровертност, на тоа не треба да гледате како проблем, туку како можност да го истакнете најдоброто од вас и да го искористите во своја корист. Секогаш треба да најдете начин да бидете отворени и кон себе и кон другите, за полесно да ги надминете проблемите, секако, доколку ги имате. Прифатете се себеси, без разлика на тоа колку сте интровертни и знајте дека, всушност, сè е во ред со вас.rnrnПрочитајте ги и овие 9 причини зошто интровертите треба да станат писатели.

  • 10 трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативноста

    10 трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативноста

    Основната градежна единка на мозокот е невронот. Кога ќе научите нови начини да ја подобрите неговата функција, ќе отворите целосно нов фронт за разбирање на моќта на вашиот мозок. Важно е да знаете дека е возможно да ја зголемите моќта на вашиот мозок, како и вашата интелигенција со одредени вежби. Со зголемување на неговата моќ ќе забележите дека се подобруваат вашите креативни способности, фокус, како и коефициентот на интелигенција. Следниве 10 навики ќе ви помогнат да го постигнете токму тоа.rnrn10 трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативностаrn

    1. Учење

    rnПред да можете да предадете некоја идеја, најпрво морате да ја разберете. Па, предавањето може да ви даде основа за вашето знаење.rnrn1. Навлезете во некој концепт со тоа што ќе го разделите (анализа) материјалот и потоа повторно ќе го споите (синтеза).rnrn2. Најдете начин да го предадете материјалот. Ако го имате соодветното образование, можете да држите некој онлајн курс. Ако не, можете да ја предадете вашата нова идеја на веб-сајтови како Udemy.rnrn3. Користете иновативни системи и алатки за анализа и синтеза.rn

    2. Пишување

    rnСо пишување за некоја нова тема се присилувате да го разделите материјалот на неколку концепти.rnrn1. Започнете да пишувате за некој блог или направете ваш.rnrn2. Повторно искористете го концептот анализа и синтеза.rnrn3. Пишувајте за материјалот што го учите и обрнете внимание на реакцијата и коментарите на вашите читатели.rn

    3. Физичка активност

    rnФизичката активност не само што ќе го подобри здравјето на вашето тело, туку ќе ја зголеми и моќта на вашиот мозок. Неврогенезата претставува раѓање на нови неврони во нашиот мозок. Вежбањето го поттикнува ова.rnrn1. Пронајдете ја рутината за вежбање што е совршена за вас и почнете уште денес.rnrn2. Променете го начинот на исхрана. Отстранете ги рафинираните шеќери и почнете да земате витамини за да ја подобрите функцијата на вашиот мозок.rn

    4. Аудио книги

    rnОва можете да го правите секаде – додека вежбате, возите, чистите…rnrn1. Купете си безжични слушалки.rnrn2. Најдете неколку аудио книги. Можете да ги купите од Audible.rnrn3. Пронајдете некоја апликација, како на пример Natural Reader, која го претвора пишаниот текст во аудио запис.rnrn4. Откако одреден период сте слушале некоја книга, пробајте со малку побрзо темпо.rn

    5. Паметно читање

    rnПочнете да читате книги побрзо и попаметнo. Постојат одредени начини на кои се читаат книги. Некои книги треба да ги читате побрзо од други.rnrn1. Разгледајте ја книгата. Започнете со насловната страница, содржината, па потоа почнете со читање.rnrn2. Идентификувајте ја главната тема на авторот. Поставувајте си го прашањето „Зошто?“ во текот на читањето.rnrn3. Додека читате поставете си ги и следниве прашања.rn

      rn 011

    • Што се случи во книгата?
    • rn 011

    • Која е главната причина за тоа?
    • rn 011

    • Што да правам со новите информации од ова книга?
    • rn

    rn

    6. Разгледување од назад

    rnРетроградната анализа е од голема важност. Кога читате некоја реченица големи се шансите да испуштите грешка или важна информација. Но, ако ја читате од назад, грешката нема да ви избега. Користете го овој пристап и за решавање проблеми.rn

    7. Брзи и лесни математички трикови

    rnОвие трикови нема да ги научите на училиште.rn

    1. Лесно множење на кој било двоцифрен број со 11:

    rnНа пример, 32х11…rn

      rn 011

    • Едноставно соберете ги првите две цифри: 3+2=5
    • rn 011

    • Сместете го резултатот помеѓу 3 и 2 и ќе го добиете одговорот: 32х11=352
    • rn

    rn

    2 Лесно собирање двоцифрени броеви

    rnНа пример, 84+57…rn

      rn 011

    • Соберете 84+50=134
    • rn 011

    • Потоа соберете 134+7=141 и ќе го добиете резултатот 84+57=141
    • rn

    rn

    3. Лесно одземање троцифрени броеви

    rnНа пример, 645-372…rn

      rn 011

    • Одземете 645-400+245
    • rn 011

    • Потоа додајте 28 бидејќи 400-372=28
    • rn 011

    • 245+20=265+8=273
    • rn 011

    • 645-372=273
    • rn

    rn

    4. Множење

    rnДруг моќен трик е множењето со претпоставка.rn

      rn 011

    • 88х54 отприлика изнесува 90х50=4500
    • rn 011

    • Ова е многу полесно за множење бидејќи 9х4=45
    • rn 011

    • Точниот одговор е: 88х54=4752
    • rn

    rn

    8. Размисли, обиди се, научи

    rnНавистина моќна тактика е размисли, обиди се, научи:rn

      rn 011

    • Размисли: Претпостави, предвиди, планирај
    • rn 011

    • Обиди се: Тестирај, набљудувај, снимај
    • rn 011

    • Научи: Анализирај, најди значење, промени
    • rn

    rn

    9. Апликации за тренинг на мозокот

    rnElevate и Lumosity се апликации дизајнирани со цел да го подобрат вашиот фокус, говорни способности, меморија, математички вештини и уште многу. И 2-те апликации имаат над 40 игри и загатки.rn

    Elevate:

    rn

      rn 011

    • Предности: Следење на напредокот, многу потсетува на игра, достапна на iOS и Android, избрана за апликација на годината во 2014-та година.
    • rn 011

    • Недостатоци: Лоша графика и достапна е само на англиски.
    • rn

    rn

    Lumosity

    rn

      rn 011

    • Предности: Забавни и добри игри за подобрување на меморијата, познат бренд, следење на напредокот, достапна за iOS, Android и компјутер, користена во над 180 држави.
    • rn 011

    • Недостатоци: Висока цена, повторувања и проблеми со синхронизација кај iOS и Android.
    • rn

    rn

    10. Учење нов јазик

    rnУчењето нов јазик е еден од најмоќните начини за зголемување на коефициентот на интелигенција. Ако сакате да научите кинески, можете да ја пробате апликацијата Chineasy Cards. Оваа програма го прави учењето кинески јазик навистина забавно. Можете да побарате и многу други апликации за вашиот смартфон.rnrnПогледнете и кои се навиките што ќе ја зголемат вашата интелигенција.

  • Како мозокот избира дали некој настан е позитивен или негативен?

    Како мозокот избира дали некој настан е позитивен или негативен?

    Дали некогаш ви се случило некој настан, на пример прослава или вечерно излегување, да ви биде проследено со голем број непријатни ситуации, но крајниот впечаток сепак да е позитивен, што дури и посакувате сето тоа да се повтори? Оваа појава воопшто не е чудна, всушност е многу нормална, бидејќи нашиот мозок функционира слично како системите за навигација – избира клучни моменти (точки) од некој настан и ги поврзува со директна врска, за да формира спомен, прескокнувајќи ги помалку значајните мигови.rnrnКако мозокот избира дали некоја случка е позитивна или негативна?rnrnСетете се само на оној концерт кога бевте згазнати, полиени со пијачка, истуркани, но сепак, дома отидовте среќни и задоволни, па дури и проверивте каде следно настапува вашиот омилен бенд. Како наеднаш се смени вашата перцепција? Одговорот е во влијанието на когнитивните предрасуди од долгата листа кратенки што нашиот мозок ги користи за да ни ги оформи однесувањата и сеќавањата. Оваа појава може да се нарече и правило на кулминација и исход, кога впечатокот е формиран од најдобрите моменти во текот на некое случување и крајниот резултат од него.rn

    Како функционира мозокот во вакви случаи?

    rnНашите мозоци немаат капацитет за активно да ги паметат сите детали од сè што сте виделе и сте искусиле. Еволуцијата помогнала да се сеќаваме на тоа што ни е корисно, како што се и најболните и најубавите моменти. Ваквото помнење помага или да се потсетиме зошто нешто ни било убаво или да се сетиме да избегнеме непријатна ситуација слична на некоја претходна.rnrnСамиот развој на мозокот придонел луѓето да памтат „економично“, односно да имаат кратенки од најдобрите моменти (кулминацијата) и од крајните моменти, односно од исходот.rn

    Моменти на кулминација

    rnОва се оние спомени кои први ги складираме во меморијата, но и лесно можеме да се сетиме на нив, дури и на чувствата кои сме ги имале во моментот. На пример, по шопинг, се сеќавате само на продавниците каде што сте нашле производ кој ви требал и по цена која ви одговарала, но нема да можете да се сетите во кои од бутиците имало најголема турканица и дали вработениот на каса бил брз или бавен.rnrnКако мозокот избира дали некоја случка е позитивна или негативна?rn

    Моменти на исход

    rnОвие моменти можат да се опишат преку пример со лекарска интервенција, како што е породувањето. Жена која успеала да се породи кратко по добивањето болки и контракции, без потреба од анестезија или дополнителна лекарска интервенција, искуството го опишува како краткотрајна мака која резултирала со голема среќа. За разлика од неа, пак, жена која имала комплицирано и болно породување, кое можеби вклучувало и оперативен зафат, извесен период ќе се сеќава токму на болките и немоќта кои биле присутни неколку дена потоа. Жените од двата примера поминале низ процесот на раѓање дете, кој има ист исход, но различен тек. Она што и двете ќе го паметат се последните неколку минути пред процесот целосно да заврши и врз основа на тоа ќе го пренесуваат своето искуство.rnrnВо случај на негативен исход од некој настан, важи и спротивното. Без разлика колку позитивни моменти имало, она што се случило на крај го формира целиот впечаток.rnrnКако мозокот избира дали некоја случка е позитивна или негативна?rn

    Како правилото на кулминација и исход да го употребите во своја корист?

    rnЗа да имате подобри спомени, секогаш обидете се да го претпоставите исходот од некоја акција, на пример кога организирате забава. Зачувајте ги најдобрите и најзабавните идеи за на крај, за да оставите посилен впечаток. На тој начин, вашите гости ќе си отидат задоволни од вечерта.rnrnДоколку сте во можност, вклучете повеќе забавни елементи во некоја активност. На тој начин ќе формирате повеќе „врвови“ преку кои ќе си помогнете да имате позитивни сеќавања од некоја прослава, презентација или приватна забава. Секако, овие елементи не мора да бидат долготрајни и нема потреба да бидете забавувач за другите, туку треба да бидат спонтани, а тоа е можно само кога целото искуство е опкружено со драги луѓе и позитивни емоции. Дури и кога послужувате храна, подобро е да ја принесувате на маса во епизоди, наместо да поставите сè што имате уште на самиот почеток на вечерта.rnrnНа крај, може да се заклучи дека ова правило на кулминација и исход ни помага да не го преполнуваме мозокот со спомени кои не ни се потребни. Благодарение на него, засекогаш ќе имаме добри спомени од роденденски, новогодишни или какви било други прослави.rnrnПотсетете се и зошто исчезнуваат раните сеќавања од детството.

  • Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?

    Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?

    Доколку гледате во самиот центар на илустрацијата подолу, боите ќе почнат најпрво да избледуваат, а потоа целосно ќе ги снема. Оваа појава е позната како Трокслерово исчезнување или Трокслеров ефект и се однесува на нашата способност кога сме целосно концентрирани на една работа, воопшто да не забележиме за другите нешта што се случуваат околу нас.rnrnИлузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?rnrnТокму швајцарскиот лекар и филозоф, Игнасио Пауло Витал Трокслер ја поставил, а потоа и ја докажал теоријата дека мозокот престанува да обрнува внимание на визуелни сцени кои не се менуваат, односно престанува да ги перципира дека воопшто постојат. Истиот заклучок го поткрепил со докази, илустрации со живи бои, како и со само една точка во која треба да се гледа.rnrnОваа појава се нарекува невронска адаптација. Психолозите ја споредуваат со облекувањето чорапи или други активности што рутински ги правиме. Концентрирани сме на облекувањето чорапи само додека тоа се случува, но понатаму во текот на денот речиси и да не ги забележуваме.rnrnПостојат повеќе илустрации поврзани со овој ефект, но за сите важи истото, ако се концентрираме на една точка од нив, остатокот исчезнува од нашиот вид.rnrnИлузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект? Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?rnrnПогледнете ги и овие 16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот ум!

  • Дали ова откритие ќе доведе до развивање можност за „читање“ на сеќавањата по смртта?

    Дали ова откритие ќе доведе до развивање можност за „читање“ на сеќавањата по смртта?

    Благодарение на новите истражувања во неврологијата, научниците дошле до сознание дека сеќавањата во нашите мозоци оставаат единствен генетски отпечаток и истите некогаш може да се „извлечат“ од меморијата и да се употребат на малку поинаков начин. До ова откритие дошле научници од Универзитетот во Ерусалим, кои наведуваат дека овие генетски траги можат да бидат употребени за да се „отклучат“ сеќавањата дури и по смртта на личноста.rnrnВо иднина ќе биде можно да се читаат спомени на починати лица?rn

    Во прашање е фасцинантен пристап, но мора да бидеме брзи, со оглед на тоа што протеините ќе почнат да се разложуваат кратко по смртта“, изјавил докторот Кли Варбуртон од Универзитетот во Бристол.

    rnДо ова откритие е дојдено откако се истражувало на кој начин мозокот ги складира спомените меѓу невроните. Притоа, мозокот создава нови протеини, контролирани од гените. Утврдено е дека различни животни искуства создаваат различни промени во генетската активност на мозокот.rnrnЕкспериментот е изведен со помош на лабораториски глувци, кои биле изложени на различни дразби (вкусна храна, мали дози наркотик, електрошокови…), а потоа се следела нивната мозочна активност. Врз основа на дразбата, следени се промените во гените во различни делови на мозокот, за кои е познато дека учествуваат во формирање и складирање спомени.rnrnВо иднина ќе биде можно да се читаат спомени на починати лица?rnrnПритоа, научниците лесно можеле да одредат кои глувци на која дразба биле изложени, само врз основа на реакциите на нивните мозоци. Генетската активност на мозокот го доживува „врвот“ еден час по формирање на споменот.rnrnНевролозите и научниците кои биле вклучени во истражувањето се надеваат дека во иднина овие сознанија и методи ќе можат да бидат применети и на животните и на луѓето, со цел полесно да се решаваат мистерии и убиства. Сепак, засега е само поставена основата на една целосно нова гранка во науката којашто треба уште да се истражува за да може да биде употребена практично.rnrnПрочитајте и зошто исчезнуваат нашите најрани сеќавања од детството.

  • Диета што е подобра дури и од вежбање за вашиот мозок

    Диета што е подобра дури и од вежбање за вашиот мозок

    Истражувањата покажале дека држењето диета со внесување малку масти може да ги зачува мозочните клетки подоцна во животот и потенцијално е поефикасна од вежбањето. Диетите кои имаат 40% помалку калории од препорачаното дневна доза, се верува дека го намалиле воспалението во мозоците на глувците и го одржале мозочното ткиво.rnrnДиета која е можеби подобра за вашиот мозок од вежбањеrnrnОвие откритија се резултат на истражување на Универзитетот и медицински центар во Холандија. Особено внимание се посветило на клетките микроглија. Овие клетки го одржуваат правилното функционирање на мозокот. Доктор Барт Еген, главниот автор на истражувањето, изјавил:rn

    „Дебелината и стареењето се доминантни и се зачестуваат во општествата ширум светот, но последиците на централниот нервен систем не се добро разбрани. Одредивме дали исхраната со многу или малку масти, во комбинација со вежби и рестрикција на храна има влијание на клетките микроглија во текот на стареењето на глувците.“

    rnВоспалението на мозочните клетки е поврзано со болестите како мултиплекс склероза и деменција, па ова откритие може да биде од голема важност.rnrnВо експериментот на 6-месечни глувци им се давало храна со низок или висок процент на масти со цел да се види какво влијание имаат калориите на мозочните воспаленија. На 2-годишни глувци се спровел сличен експеримент каде што можеле да одберат да трчаат или да јадат храна со помалку масти.rn

    „Воспалението се спречуваше само кога глувците јадеа храна со малку масти во комбинација со ограничено внесување на калории. Исхраната со малку масти не можеше да ги спречи овие промени. Сепак, резултатите покажуваат дека кај глувците, количеството масти е важен параметар за стареењето на мозокот, исто како и внесувањето калории. Само кога ќе се ограничи и внесувањето на масти и бројот на калории може да се спречат промените кај микроглијата.“

    rnДознајте и кои се некои од најпопуларните диети во светот.

  • Истражувањата откриваат: Колку повеќе ги прегрнувате вашите деца толку попаметни ќе стануваат

    Истражувањата откриваат: Колку повеќе ги прегрнувате вашите деца толку попаметни ќе стануваат

    Дали сте од оние родители кои постојано ги гушкаат децата? Доколку одговоривте потврдно, тогаш никако не престанувајте да го правите тоа! Според најновите истражувања, многу е важно да му покажувате љубов на бебето на физички начин во текот на неговиот развој.rnrnИстражувањата откриваат: Колку повеќе ги прегрнувате вашите деца толку попаметни ќе стануваатrnrnКолку повеќе го прегрнувате бебето толку повеќе се развива неговиот мозок, според неодамнешните истражувања од Детската болница во Охајо. Во истражувањето учествувале 125 бебиња, меѓу кои некои биле предвремено родени, а другите биле навремено родени. Истражувачите испитувале како тие реагирале на физички допир.rnrnРезултатите покажале дека предвреме родените бебиња помалку реагирале на физичкиот допир, за разлика од бебињата кои не биле родени предвреме. Исто така, се открило дека бебињата кои добивале повеќе љубов од родителите или вработените во болницата покажале посилна мозочна реакција.rnrnСпоред истражувачите, последново откритие ни кажува дека нешто толку едноставно како што е физичкиот контакт или лулкањето на бебето во раце прави огромна разлика кога станува збор за мозочниот развој.rnrn„Предвреме родените бебиња мора да добиваат позитивни и грижливи допири од страна на родителите за да може нивните мозоци да реагираат на нежниот допир исто како што реагираат мозоците на бебињата кои ја поминале целата бременост во стомакот на мајката“, откриваат истражувачите.rnrnЗаклучокот е дека љубовта е од огромно значење за развојот на мозокот. Прегрнувајте ги и милувајте ги вашите бебиња колку што можете повеќе!rnrnПрочитајте го и ова интересно откритие според кое бебињата треба да спијат со нивните мајки додека не наполнат 3 години.

  • Истражувањата покажале дека учењето нов јазик го зголемува вашиот мозок

    Истражувањата покажале дека учењето нов јазик го зголемува вашиот мозок

    Истражувачите од Шведската преведувачка академија за вооружени сили имале уникатна можност да ги проучуваат мозоците на студентите кои учеле нов јазик, и тоа од првиот до последниот час. Тие откриле дека нивните мозоци всушност се зголемиле.rnrnИстражувањата покажале дека учењето нов јазик го зголемува вашиот мозокrnrnСтудентите на Академијата мора да научат нов јазик за многу краток временски период. Некои од нив се способни да научат јазици како арапски за само 13 месеци, без претходно познавање на јазикот. Со цел да се изолира влијанието на учењето нов јазик на мозокот, студентите по медицина и когнитивна наука на Универзитетот Умеа биле користени како контролна група – студенти кои исто напорно учеле друга дисциплина. И на двете групи студенти им била направена магнетна резонанса пред да почнат со предавањата, а скенирањето било повторено и после 3 месеци, односно на крајот на семестарот. rnrnСкенирањата не покажале промени кај студентите од универзитетот Умеа. Но, кај студентите кои учеле јазик се зголемиле одредени делови од мозокот, односно нивниот хипокампус и церебрален кортекс. Хипокампусот има важна улога во консолидација на информациите од краткотрајна во долготрајна меморија – овозможува зачувување на научените информации. Церебралниот кортекс има важна улога во меморијата, вниманието, перцепцијата, свесноста, размислувањето и јазикот.rnrnИстражувачите исто така откриле дека големината на хипокампусот и церебралниот кортекс биле директен индикатор за јазичните способности. Џоан Мартенсон, истражувач на Универзитетот Лунд изјавил:rn

    „Се изненадивме поради тоа што разни делови од мозокот се развија до различен степен во зависност од тоа колку бил добар перформансот на студентите и колку труд вложиле.“

    rnСкенирањето на студентите кои се труделе повеќе да научат нов јазик покажало поголем раст за разлика од другите.rn

    „Дури и ако не можеме да споредиме 3 месеци интензивно учење јазик со тоа цел живот да зборувате повеќе јазици, јасно е дека учењето нов јазик е одличен начин да го одржувате мозокот во форма.“

    rnПогледнете и кои се другите придобивки од изучување странски јазик.