Имате ли забележано дека понекогаш е навистина тешко да ѝ одолеете на брзата храна? Постојат многу причини за ова, но најважен е начинот на којшто вашиот мозок ја гледа брзата храна. За среќа можете да го промените тоа.rnrn
rnrnПостојат неколку работи што можете да ги направите и на тој начин да го тренирате вашиот мозок да ја „мрази“ брзата храна. Па без разлика дали сакате да ослабите или само сакате да водите поздрав живот, овие начини ќе ви помогнат во тоа.rn
1. Здравата храна нека ви биде награда и забележете како се чувствувате во врска со тоа
rnЕден од најлесните начини да се ослободите од брзата храна е да забележите како разните видови храна прават да се чувствувате додека ги консумирате. На пример, ако за ручек изедете нешто слатко или нездраво, обрнете внимание како се чувствувате отпосле и правете го ова барем една недела. Потоа заменете го ручекот со здрав оброк кој ви е вкусен и повторно забележувајте како се чувствувате.rnrnШтом ќе сфатите дека здравата храна ви дава енергија, а брзата ве заморува и ви го намалува фокусот, многу полесно ќе се ослободите од нездравиот начин на исхрана бидејќи знаете дека не ви прави добро. Важно е да станете свесни за влијанието на храната врз вашето тело – нешто што повеќето луѓе не го прават.rn
2. Сокријте ја нездравата, а при рака имајте здрава храна
rnЧесто желбата за брза храна се појавува од нејзината достапност. Кога размислувате што да јадете, најлесно е да се упатите до најблиската сендвичара. Но ако ја снабдите кујната или канцеларијата со здрава храна што ви е веднаш достапна, многу полесно ќе го промените начинот на исхрана. Така ќе почнете да ја сакате здравата храна бидејќи и таа ќе ви биде достапна колку брзата.rnrnСе разбира, во овој случај ќе треба да одвоите време за готвење. Исто така набавете здрава ужина, како јаткасти плодови или овошје за да го избегнете грицкањето на нездрави продукти. Ако однапред ги подготвувате вашите оброци, нема да бидете во искушение да посегнете по хамбургер или пица.rn
3. Прејадете се
rnНавистина чуден начин да се натерате да ја мразите нездравата храна е нејзиното претерано консумирање. Што сакате најмногу? Пица, крофни или сладолед? Набавете го она што го сакате и изедете што е можно повеќе. Можеби идејата не ви звучи добро, но доколку ви е тешко да се откажете од брзата храна, со прејадувањето ќе ви се згади од неа. На овој начин полесно ќе ја замените со здрава храна што прави да се чувствувате добро.rn
4. Ослободете се од омилената брза храна
rnСекој има вид храна што не може да ѝ одолее. Без разлика која е вашата, не заборавајте дека таа претставува најголема закана на вашиот начин на исхрана. Најдобро е воопшто да не ја купувате оваа омилена храна и да се обидувате да ја избегнувате кога сте излезени. Кога сте во продавница, немојте да минувате во делот каде што се наоѓа таа храна. Ако на враќање дома го поминувате местото со омилената храна, најдете нов пат. Ова не е совршен систем, но колку-толку ќе ви помогне.rn
5. Постепено намалување
rnОва е можеби најосновниот совет, но немојте да го заборавате бидејќи веројатно е и најефективен. Шеќерот може да предизвика зависност, а истото важи и за состојките во брзата храна. Па поради ова не треба да ве изненади што откажувањето може да ви биде навистина тешко. Кога доволно долго ќе се ослободите од нездравата храна, вашето сетило за вкус ќе се промени и нема да чувствувате потреба за неа. Здравата храна, како овошјето и зеленчукот, ќе има подобар вкус, а можно е брзата храна да ви стане целосно одбивна. Покрај тоа, кога навистина ќе почувствувате желба за брза храна, најверојатно ќе изедете многу помалку така што нема да има некое сериозно влијание на вашето здравје.rnrnМожете наеднаш и целосно да се откажете од брзата храна, но тоа ќе биде тешко и најверојатно неуспешно. Затоа откажувајте се постепено додека целосно не ја отстраните од вашиот живот. Започнете со нешто мало, како чипс и шеќер во кафето. Ако сте ставале 2 лажици шеќер, оваа недела ставајте една, а наредната ниту една. Правете го истото со сите видови брза храна.rnrnПогледнете и кои „видови“ здрава храна се полоша алтернатива од помфритот.


rnrnЦелиот процес работи со комбинација на електроенцефалограм (ЕЕГ) за снимање на електричните импулси на мозочната активност, и трансверзални магнетски стимулации (ТМС) каде што невроните се стимулирани со помош на магнетно поле.rnrnИстражувачите го крстиле овој систем BrainNet и сметаат дека кога-тогаш ќе може да се користи за спојување многу разни умови, дури и преку Интернет. Покрај тоа што ни отвора нови чудни методи на комуникација, оваа направа може да ни каже нешто повеќе за функционирањето на човечкиот мозок на подлабоко ниво.rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Келнерот. За леваците полесно е да го држат послужавникот во десната рака за да можат да ги служат чиниите и чашите со левата. Така, левата рака работи додека десната е мирна.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
rnrn„Се шетав низ градот кога наеднаш ми пријде еден човек со пиштол и ми го украде часовникот“ – вели еден турист во полициската станица. „Имаше мустаќи, сини пантолони…“rnrn„Не мора да продолжувате“ – вели полицаецот, „веќе знаеме – имаме сигурносни камери насекаде. Погледнете ја сликата.“rnrn„Мислиме дека оној што ве ограбил е еден од браќата крадци: Лу, Ло, Ла, Ли или Лиу“ – вели полицаецот. „Веќе ги донесовме сите овде. Погледнете ги и кажете ни кој е крадецот.“rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Виновникот е Лиу. Капата на Лу е со декорација во цик-цак, Ло не би можел да држи пиштол бидејќи има кука, Мустаќите на Ла се надолу, а раката на Ли е во гипс, па тој не би можел да го украде часовникот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnШтом се заразите никогаш не е доволно од вакви забавни загатки, нели?! Еве уште 

rnrnСепак, изгледа дека ова е добро нешто. Едно ново 
rnrnВо петок вечер, Роберт отишол во кино за да гледа филм со својот омилен актер. За жал, филмот бил многу здодевен. Разочаран, отишол во тоалет и откако проверил дека е празен, пукнал со револверот меѓу своите очи. По 5 минути, излегол од тоалетот и отишол дома жив.rnrnКако го преживеал пукањето?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Роберт пукал во својот одраз во огледалото.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
rnrnЏејмс и неговата жена, Марија, седеле во нивната дневна соба. Додека Џејмс гледал телевизија, Марија читала. Околу 23 часот, одеднаш снемало струја, па Џејмс отишол на спиење а Марија продолжила да чита.rnrnБез светло во собата, како можела Марија да чита?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Марија може да чита бидејќи е слепа и ја користи Брајовата азбука.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
rnrnМаж со темна кожа, црна коса и црна облека стоел на пат без улично осветлување. Човекот што го возел автомобилот што се движел по овој пат без вклучени фарови, одеднаш стиснал на кочниците и застанал неколку секунди пред да го удри човекот.rnrnБез улично светло и вклучени фарови, како возачот на автомобилот го видел човекот?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Возачот го видел бидејќи било ден, а не ноќ.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПробајте да ги решите и овие 
rnrnНо, дали знаевте дека има јога само за вашиот мозок? Се верува дека овој вид јога може да ја подобри моќта на мозокот.rnrnСупер јога за мозок е термин измислен од учителот Коа Чок Суи. Познато е дека се заснова на принципите на суптилната енергија и точките за акупунктура на увото. Па, можеби јогата за мозок е она што навистина ви е потребно.rnrnТаа ќе ви помогне да го изострите вашиот ум, а наскоро ќе забележите и напредок во целокупното однесување. Овој вид јога ѝ помага на енергијата од подолните чакри да стигне до највисоката.rnrnЗа овој вид јога ви се потребни само 3 минути. Во текот на овие 3 минути ќе ги синхронизирате левата и десната страна на мозокот. Мозокот ќе добие енергија, ќе му се зголеми интелектуалниот капацитет и ќе се зајакнат меморијата и концентрацијата. Јогата за мозокот е особено добра за пациентите со Алцхајмер, постарите луѓе и луѓето кои патат од губење на меморијата. Покрај тоа, таа е одлична и за деца бидејќи им помага во нивниот ментален развој.rnrnУшите се многу моќни точки за акупресура бидејќи имаат врска со мозокот. Масирањето на ушите ќе ви помогне да го зголемите дотокот на енергија до мозокот. Истражувачите сметаат дека енергијата која се создава на овој начин помага во балансирањето на енергијата во грлото, срцето, челото и слично.rnrnНа видеото во продолжение погледнете како да ја изведете оваа едноставна вежба.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=d8uDl0_T5QIrnrnПогледнете и кои 
rnrnТокму затоа, кога постои недостаток на квалитетен ноќен сон, се нарушува процесот на фагоцитоза и може да се случи нервната обвивка да ги нападне здравите нервни клетки. Во текот на истражувањето, лабораториските глувци биле поделени во четири групи и тоа: една која секоја ноќ спие 6-8 часа, втора чии членови биле будени по неколку часа сон, трета чие спиење било одложено за 8 часа и четврта, чии членови биле будни 5 дена. Во првите две групи, процесот на фагоцитоза се одвивал успешно, додека кај третата и четвртата било забележано напаѓање на здравите нервни клетки. Зголемена била и активноста на клетките во миелинската заштитна обвивка, кои интензивно се обидувале да го заштитуваат нервниот систем од непознат напаѓач.rnrnДоколку се соочувате со хронична ненаспаност, најдобро е да побарате помош, бидејќи овој процес на самоуништување на нервниот систем може во иднина да доведе до многу здравствени нарушувања, како што е Алцхајмеровата болест и други слични болести на нервниот систем.rnrnПрочитајте и 
rn
rn
rn