Стресот, за жал, стана дел од животот на сите, а бидејќи докажано го намалува мозокот, потребно е да се ослободите од него.rnrn
rnrnНеретко луѓето се ослободуваат од стресот така што се жалат за своите проблеми и ова на некој начин им е „издувен вентил“. Но, токму овде се појавил и друг проблем. Имено, според истражувачите од Стенфорд, жалењето има негативно влијание врз мозокот.rnrnВеројатно сите често се наоѓаат во ситуација кога на работа им се жалат на клиентите, шефот или колегите, а ова продолжува и кога ќе заминат дома. Воглавно, ако ова го правите подолго од половина час дневно, му нанесувате трајна шета на вашиот мозок.rnrnИстражувањето вклучувало магнетна резонанца и пронашло врска помеѓу долготрајниот стрес, изложеноста на хормоните кои се создаваат во тој момент и намалувањето на хипокампусот, делот од мозокот одговорен за учење и снаоѓање во просторот. Покрај тоа, ова е делот од мозокот во кој се создаваат нови сеќавања.rnrnЕдинствен начин да ги спречите негативните последици е наместо постојано жалење, да се обидете да најдете решение за ситуацијата што ве фрустрира. Со други зборови, накратко пожалете се за проблемот, а потоа почнете да работите на решение.rnrnПогледнете и како постојаното жалење ја уништува вашата врска.
Tag: мозок
-

Постојаното жалење е лошо за вашиот мозок
-

10 навики што го оштетуваат мозокот и го уништуваат помнењето
Нашиот мозок страда од многуте нездрави навики кои често ги сметаме за безопасни. За жал, повеќето луѓе предоцна сфаќаат и ги воочуваат нивните грешки. Доколку се грижите за вашиот мозок и сакате да го зачувате неговото здравје, обидете се да се слободите од следниве навики.nn
n1. Не појадувате
Многу луѓе го прескокнуваат појадокот. Некои бидејќи сакаат да ослабат, а други бидејќи едноставно немаат време. Постојат и луѓе кои воопшто не можат да јадат наутро. Но кога го правите ова, скратувате многу од потребните хранливи материи за мозокот.n
2. Се прејадувате
Прејадувањето ги оштетува артериите на мозокот и срцето. Имате слушнато за мозочен удар? Ова е навистина лошо искуство, а честото прејадување понекогаш може да биде причина.n
3. Пушите
Сите знаат дека пушењето е штетно. Но дали знаевте дека со секоја цигара, го зголемувате ризикот од болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата?n
4. Консумирате многу шеќер
Покрај дијабетесот, шеќерот го спречува апсорбирањето на протеините и хранливите материи, со тоа предизвикувајќи деформација на мозокот.n
5. Дишете загаден воздух
Знаеме дека загадениот воздух е надвор од наша контрола, но важно е да ја имате оваа информација. Големите градови најчесто се многу загадени, а ова може да предизвика недостаток од кислород во мозокот.n
6. Недостаток од сон
Многу луѓе имаат лоша навика и не спијат доволно. Не заборавајте дека сонот е неопходен за да се одморите и за да се чувствувате подобро.n
7. Спиете со покриена глава
Можеби вам ви звучи чудно, но некои луѓе сакаат да спијат со покриена глава. Проблемот со оваа навика е тоа што се намалува снабдувањето на мозокот со кислород, што пак предизвикува оштетување.n
8. Работите кога сте болни
Оваа навика е навистина опасна. Доколку работите кога ви е ослабен имунитетот, вашиот мозок чувствува голем товар. Неопходно е да му дозволите на вашето тело да се одмори, вклучувајќи го и мозокот, за да можете побрзо да оздравете.n
9. Не размислувате
Размислувањето е главната задача на мозокот. Доколку поголемиот дел од времето го минувате бесполезно, навистина му штетите на мозокот. Па затоа читајте, гледајте, решавајте проблеми, бидете креативни и учете нешто ново.n
10. Не зборувате
Комуникацијата е најдобриот начин да го стимулирате мозокот. Обидете се секој ден да разговаравте со некого. Изолирањето од светот нема да ви помогне да доживеете нови искуства, а мозокот може да атрофира.nnДознајте и како храната влијае на вашиот мозок.
-

Како да го забавите стареењето на мозокот за само 6 месеци?
Дали сакате да го одложите процесот на стареење на мозокот, па дури и да го вратите наназад? Според едно истражување, пешачењето или возењето велосипед барем 3 пати дневно, ја подобрува когнитивната функција на мозокот. Доколку ова го комбинирате со здрава исхрана, можете да го одржите здравјето на мозокот со години.rnrn
rnКако функционира?
rn
rnrnИстражувањето траело 6 месеци и во него учествувале 160 луѓе на просечна возраст од 65 години. Испитаниците не се занимавале со никаква физичка активност пред истражувањето, имале проблеми со донесувањето одлуки и концентрацијата и покажувале знаци на кардиоваскуларни проблеми, како висок крвен притисок. Сите испитаници поминале когнитивен тест.rnrnОние кои биле дијагностицирани со деменција или од која било причина не можеле да вежбаат, биле исклучени. Останатите испитаници биле поделени во 4 групи по случаен избор.rn- rn 011
- Првата група ја следела диетата DASH. Оваа диета е навистина здрава за срцето и за крвните садови, а има позитивен ефект на целото тело.
- Втората група вежбала аеробик 3 пати неделно. Загревањето траело 10 минути, а потоа следеле 35 минути постојано пешачење или возење статичен велосипед. Важно е да се наспомене дека оваа група немала никакви ограничувања во исхраната.
- Третата група била најзафатена. Испитаниците вежбале 3 пати неделно и ја следеле диетата DASH.
- Четвртата група слушала 30-минутно предавање за ризикот од кардиоваскуларни болести. На испитаниците не им било препорачано да направат промена во исхраната или животните навики.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Здравјето на мозокот се подобрува со здравјето на срцето
rn
rnrnНајдобрите резултати за време на второто когнитивно тестирање ги покажала групата која вежбала и која ја следела диетата. Испитаниците од 3-тата група, во просек освоиле 47 поени, од 2-рата група 42 и од 4-тата освоиле 38 поени.rnrnНа почетокот на истражувањето, просечниот функционален резултат бил 93 години, односно 28 години повеќе од просечната хронолошка возраст од 65 години. После 6 месеци, менталната возраст на испитаниците се спуштила на 84. Па, комбинацијата од диетата и вежбањето им овозможила на научниците да го забават стареењето на мозокот за 9 години.rnrnДоктор Ричард Исаксон, главниот на Клиниката за превенција на Алцхајмерова болест, изјавил дека контролираните вежби не само што ја подобриле функцијата на мозокот, туку го направиле тоа многу брзо.rnrnСе пронајде начин за подмладување на мозокот, па ни остана само уште да откриеме како да го подмладиме телото. Научниците од истражувањето нè доближија до зголемувањето на квалитетот на животот на секоја возраст, а најдоброто нешто кај овој експеримент е што можете да го пробате и вие од удобноста на вашиот дом.rnrnДоколку сакате да дознаете колку е стар вашиот мозок, овој тест ќе ви помогне во тоа. -

Какво е влијанието на постојаното седење врз вашиот мозок?
Ова не се некои нови вести, но денес луѓето седат премногу. Без разлика дали седите во канцеларија 8 часа, или седите дома на работната маса, да се биде возрасен во модерното општество значи дека најчесто ќе бидете во седечка положба.rnrn
rnrnСигурно веќе сте свесни дека ова има лошо влијание врз вашето тело. Но дали знаете какво е влијанието на постојаното седење врз вашиот мозок? Според Американското здружение за рак, постои голема поврзаност помеѓу долгото седење и зголемениот ризик од смрт од која било причина, вклучувајќи рак, срцеви болести, мозочен удар, дијабетес и уште многу.rnrnНо нема потреба од паника. Само затоа што седењето е голем дел од вашиот живот, не значи дека немате контрола над него. Всушност, можете да додадете повеќе стоење во животот на многу едноставни начини, како одење додека разговарате на телефон или размрдување додека чекате да поминат рекламите. Доколку ви е потребна дополнителна мотивација, погледнете ги негативните ефекти врз мозок предизвикани од седењето.rn1. Седењето влијае на меморијата
rnИзгледа како седењето и меморијата да немаат ништо заедничко, но доколку постојано го губите телефонот или заборавате да вратите на некоја порака, можеби проблемот е токму во седењето. Пречестото седење го намалува дотокот на крв до главата и е поврзано со влошување на делот од мозокот што ни помага да примаме нови и да се потсетиме на старите информации.rn
2. Седењето го намалува фокусот
rnДали некогаш сте седеле пред компјутер и одеднаш ви станало нејасно што правите или што треба да правите? Овие чудни моменти на исклучување можат да бидат поврзани со фактот дека сте седеле предолго. Кога седите, не го активирате мускулоскелетниот систем или кардиопулмоналниот систем, кои имаат влијание на функцијата на мозокот. Доколку седите долг период, испуштате потенцијално подобрување на невротрансмитерите, кое доаѓа со разни движења.rn
3. Седењето може да ве направи мрзливи
rnИако воглавно телото се чувствува мрзливо по долг период на седење, понекогаш мрзливоста настанува бидејќи седењето води до намалување на кислород во мозокот. Иако звучи навистина страшно, решението е во неколку мали промени на вашата рутина. На пример, можете да го започнете денот со „стој на глава“ (слободно искористете го ѕидот како потпора). Ова ќе го зголеми дотокот на крв во главата и ќе се чувствувате освежено. Доколку не можете да изведете „стој на глава“, обидете се да се размрдате секогаш кога ќе имате можност за тоа.rnrnПогледнете ги и овие одлични вежби за луѓе кои премногу седат.
-

Науката открива: Како се менува вашиот мозок откако ќе го пронајдете „вистинскиот“?
Иако уметниците и писателите се обидуваат да го опишат емоционалниот аспект на вистинската љубов, има многу да се каже и за начинот на којшто се менува мозокот откако ќе го пронајдете вистинскиот. Љубовта е навистина моќна и покрај пеперутките во стомакот, можно е да почувствувате и други физички симптоми – од блескава кожа, па сè до намален крвен притисок.rnrn
rnrnСпоред Жаклин Олдс, професорка на Медицинското училиште на Харвард, кога луѓето зборувале за личноста во којашто се вљубени, се активирале одредени делови од мозокот. Доколку сте го пронашле вистинскиот и целосно сте вљубени, можеби веќе и сте забележале некои промени. Погледнете ги промените што можат да настанат во вашиот мозок кога вистински ќе се вљубите.rn1. Повеќе ќе процесирате награда, а помалку страв
rnСо скенирањето на мозокот можат да се научат многу работи, особено кога станува збор за љубовта. Наоѓањето на вистинскиот е поврзано со зголемена активност на деловите од мозокот поврзани со секс, награда и сеќавање. Она што е подобро е тоа што вљубеноста е поврзана и со намалена активност на деловите од мозокот одговорни за страв и недопаѓање. Па, вљубеноста значи дека повеќе нешта се случуваат во добрите места од вашиот мозок, а помалку во лошите.rn
2. Намалено ниво на стрес
rnДоколку сте имале ужасен ден, но прегратката од партнерот направила да исчезне сè, можеби има и научно објаснување за ова. Истражување од 2015-та година, спроведено на Медицинскиот Универзитет во Берлин, покажало дека вљубеноста има влијание на системите за одговор на стрес. Накратко, наоѓањето на вистинскиот може да значи создавање посебна врска што прави да се чувствувате посмирено. Научниците откриле дека романтичната љубов може да ви го зголеми чувството на безбедност и да ги намали вашите стрес и анксиозност. Најдоброто е што ова чувство на сигурност ќе ви помогне да донесувате подобри одлуки и во другите области од животот.rn
3. Зголемено чувство на среќа
rnЉубовта навистина ве прави посреќни. Во истражување од 2005-та година биле направени 2.500 скенирања на мозок на 17 испитаници, од кои сите тврделе дека се вљубени. Според истражувањето, вљубеноста е поврзана со зголемено ослободување на допамин. Допаминот е одговорен за центрите за задоволство во вашиот мозок. Кога сте среќни, нивото на допамин е повисоко, а кога сте вљубени, нивото се зголемува уште повеќе.rnrnОд намалување на стресот, до зголемување на среќата, наоѓањето на „вистинскиот“ може буквално да ја промени хемијата на вашиот мозок. Сепак, не треба да бидете невролог за и самите да ги почувствувате предностите од вљубеноста.rnrnДознајте нешто повеќе за вистините за љубовта кои се базирани на научни истражувања.
-

Изгледа дека среќата сепак може да се купи со пари
Многу научници ширум светот упорно го проучуваат нашиот мозок и начинот на којшто функционира, а за време на истражувањата често доаѓаат до изненадувачки резултати. Но и покрај сите претходни знаења и искуства, постојат работи за човечкиот мозок кои досега не ни биле непознати.rnrn
rnrnЕдно истражување покажало дека луѓето кои имаат висок коефициент на интелигенција, немаат потреба од многу пријатели. Причината е што нивниот мозок е зафатен со решавање посериозни проблеми.rnrnНекои психолози дошле до резултати кои покажуваат дека во разни делови од светот, луѓето кои имаат помалку од 30 години се изложени на повеќе стрес и страдаат од анксиозност и депресија.rnrnОние кои страдаат од депресија, често кажуваат како животот им ја изгубил целата боја, а оваа изјава сега има и медицинска потврда. Научниците докажале дека мозокот на личноста која пати од депресија станува чувствителен на боја. Поради ова, депресивните луѓе потешко ги разликуваат нијансите и интензитетот на боите.rnrnИнтересно е и откритието дека сите оние кои трошат време фалејќи се за нештата што ќе ги направат, на крај не прават ништо. Оние пак кои не кажуваат ништо за нивните планови, постигнуваат многу повеќе.rnrnНаучниците откриле и дека среќата, на некој начин, сепак си има цена. Ова чувство на среќа можете да го купите кога парите коишто сте ги планирале да ги потрошите за себе, ќе ги потрошите за некој од семејството и пријателите. Кога на овој начин ќе ги развеселите другите, ќе се развеселите и самите себеси. Па доколку денес не се чувствувате најдобро, изненадете некоја сакана личност и подобрете го вашето расположение.rnrnПрочитајте ги и лекциите од најдолгото истражување за среќата. -

Истражување: Можете да учите додека спиете, но само во правилни услови
Изгледа дека луѓето кои се обидуваат да научат нешто ново или да се откажат од пушењето слушајќи снимки додека спијат, навистина знаеле што прават. Наводно, во вистински услови, заспаниот човечки мозок е способен да научи нов вокабулар.rnrn
rnrnСпоред истражување спроведено од страна на научници од Универзитетот во Берн, човечкиот мозок може да апсорбира информации за време на спиење.rnrnНа заспаните испитаници им биле пуштани снимки од зборови во пар. Едниот збор, како на пример „tofer“ секогаш бил измислен, додека вториот, како на пример „house“ (куќа) секогаш бил вистински. Ако парот зборови бил слушнат за време на одредена точка од одреден мозочен бран, испитаниците можеле да одговараат на прашања за зборовите откако ќе се разбуделе.rnrnМозочните скенирања направени за време на овие тестови покажале слична мозочна активност како кај личност која научила нов збор.rnrnНо доколку планирате да отпатувате негде, најверојатно треба да останете будни додека го изучувате јазикот. Испитаниците не запомниле ништо комплексно како нов јазик, само некои измислени зборови. Сепак и покрај ова, ова истражување отстранува некои стари претпоставки за мозокот и покажува колку всушност е динамичен нашиот мозочен систем.rnrnПробајте ги овие совети за успешно учење странски јазик. -

Во повеќето случаи, женскиот мозок е помлад од машкиот
Eдно истражување покажало дека женскиот мозок е биолошки помлад од мозокот на мажите на иста возраст. Барем според некои мерила.rnrn
rnrnНаучниците анализирале снимки од мозоците на 200 возрасни личности и особено внимание обрнале на насоките на метаболизмот на мозокот, за кои е познато дека се менуваат со текот на годините. Врз основа на овие податоци се заклучило дека во просек, женскиот мозок е три години „помлад“ од оној на мажите на иста возраст.rnrnНаучниците истакнале и дека „метаболичката младост“ на женскиот мозок се поклопува и со подолгиот животен век на жените во споредба со мажите.rn„Не можеме да кажеме дека машкиот мозок старее побрзо“, изјавил Ману Гојал, еден од авторите на истражувањето.
rnПри влегувањето во зрелата животна доба, мозокот на мажите е постар за три години, а ова трае до крајот на животот.rnrnЕдна од многу теории што го објаснуваат ова е дека хормоните го обликуваат метаболизмот на мозокот во младоста, па женскиот мозок е помлад од машкиот кој се развива покасно. Метаболички младиот мозок може да им овозможи на жените одредена отпорност на промените поврзани со стареењето.rnrnНаучниците се надеваат дека ќе откријат дали метаболичките разлики во мозоците на мажите и жените можат да имаат заштитна улога кај жените. Истовремено, тие утврдиле дека жените покажуваат подобри резултати во когнитивните тестови за разбирање и помнење, како и на тестовите за решавање разни задачи.rn
„Една од причините поради кои когнитивното слабеење е помалку изразено кај жените во староста е тоа што нивниот мозок е ефективно помлад“, изјавил Гојал.
rnНаучникот додал и дека се потребни дополнителни истражувања со кои подобро ќе се разбере оваа разлика во „староста“ на мозоците кај половите. На овој начин ќе се утврди и дали староста на мозокот има влијание врз ризикот од појавата на болести на мозокот кои се поврзани со возраста, како на пример Алцхајмер.rnrnПрочитајте ги и фактите за мозокот што ги докажуваат неверојатните способности на човекот.
-

Што се случува со вашите тело и мозок кога слабеете?
Од секои 5 килограми сало што ги „губите“, околу 3 килограми издишувате, а останатиот дел се претвора во пот, солзи, урина и други телесни течности. Но намалувањето на тежината не е само за да ги намалите масните наслаги на стомакот, во текот на овој процес целото ваше тело минува низ многу промени. Понекогаш можете да добиете и навистина неочекувани резултати. Па погледнете што всушност се менува и се случува со вашите тело и мозок кога ќе се ослободите од вишокот килограми.rnrn
rn1. Ќе ви се зголеми нивото на енергија
rnПрвото нешто што ќе го забележите откако ќе почнете со слабеење е зголеменото ниво на енергија. Причината е едноставна – колку помалку тежина носите, толку повеќе енергија зачувувате за други важни работи. Покрај тоа слабеењето ја подобрува ефикасноста на кислородот, па повеќе нема да се задишувате кога се качувате по скали или кога трчате да го фатите автобусот.rn
2. Ќе се подобри вашата меморија
rnМозокот е уште еден орган што ги чувствува придобивките од слабеењето. Некои истражувања покажувале дека ослободувањето од вишокот килограми може да ви ги подобри когнитивните способности, како на пример, планирањето и организирањето. По слабеењето, мозокот станува поактивен кога складира нови сеќавања, па поради тоа му се потребни помалку ресурси за да ја најде потребната информација.rn
3. Ќе се исчисти вашата кожа
rnСо слабеењето не само што ќе се чувствувате поздраво, туку и ќе изгледате поздраво. Многу луѓе кои почнале да водат поздрав живот и да слабеат забележале неверојатни промени во нивниот изглед – кожата им се исчистила и престанала да се лупи, косата им станала погуста, а ноктите поцврсти.rn
4. Повеќе нема да чувствувате болка во колената
rnАко ослабите и само 1 килограм, намалувате околу 2 килограми притисок од колената. Замислете си колку ќе ви бидат благодарни колената за ова. Покрај тоа слабеењето, особено намалувањето на мастите околу стомакот, може да ги намали симптомите на артритис и другите болести на зглобовите.rn
5. Симптомите од алергиите ќе се ублажат
rnВишокот килограми го оптоварува респираторниот систем, па доколку имате некоја сезонска алергија таа само ќе се влоши. Но, како што ќе слабеете, така ќе почнете и да забележувате дека симптомите на алергијата се намалуваат бидејќи дишните канали се почисти.rn
6. Ќе се смалат вашите стапала
rnКога ќе се ослободите од вишокот килограми ги губите мастите од целото тело, вклучувајќи ги и вашите стапала. Па немојте да паничите доколку омилените чевли одеднаш ви изгледаат големи. Истото ќе се случи и со вашите дланки.rn
7. Ќе станете почувствителни на ниски температури
rnКако што слабеете, буквално ќе ја изгубите „прекривката“ од сало што го топли вашето тело. Без овој екстра слој, телото ќе стане почувствително на промените на температурата, особено кога е постудено. Друга причина што повеќе ќе го чувствувате студот е тоа што ќе се забави вашиот метаболизам. Вашето тело ќе се обидува да штеди што е можно повеќе енергија бидејќи веќе ги нема вишокот калории.rn
8. Ќе се промени вашиот менструален циклус
rnНивото на хормоните е поврзано со телесната тежина. Па, кога слабеете или се дебелеете ендокриниот систем трпи одредени промени. Покачувањето и намалувањето на нивото на естроген и тестостерон може да резултира со нередовен менструален циклус, пообилно крвавење и подолга или пократка менструација.rn
9. Ќе имате помалку главоболки
rnИако дебелината не е директно одговорна за главоболките, таа го зголемува ризикот од мигрена за 50%. Според теоријата поддржана од експерти, масните клетки ги зголемуваат воспаленијата во телото, а во одредени ситуации овие воспаленија предизвикуваат мигрени. Поради ова слабеењето може да ја намали интензивноста и бројот на главоболките.rn
10. Ќе ви се зголеми апетитот
rnКога слабеете го намалувате нивото на хормонот лептин кој се ослободува од масните клетки и му дава сигнал на мозокот дека сте сити. Кога телото се обидува да го врати нивото на лептин во нормала, можете да почувствувате зголемен апетит и силна желба за мрсна и калорична храна. Но немојте да се откажувате, овие симптоми ќе исчезнат штом вашето тело се навикне на новиот животен стил.rn
11. Ќе престанете да рчите
rnИстражувањата покажале дека губењето само 5% од телесната тежина ќе ви помогне да спиете подобро и подолго во текот на ноќта. Изгледа дека и најмалото слабеење го намалува вишокот сало околу вратот, кое обично ги блокира горните дишни патишта и предизвикува рчење, а понекогаш и апнеа. Кога ќе го нема овој проблем, квалитетот на спиењето значително се подобрува и ќе ви стане полесно дополнително да ослабите.rnrnПрочитајте ги и овие кратки совети за лесно слабеење.
-

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“ вашиот мозок
Ако сметате дека на вашиот мозок му е потребно малку вежбање, загатките се одлична активност за тоа. Доколку не го вежбате мозокот редовно постои можност да го ослабите, а сигурно не сакате да се случи тоа. За оваа цел, раздвижете го вашиот мозок со овие интересни загатки.rn
1. Кој автомобил ќе го отстраните?
rn
rnrnСедум автомобили се начекале на раскрсница и настанал сообраќаен метеж. Доколку се отстрани еден автомобил, останатите би можеле да се движат без проблем. За кој автомобил станува збор?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnПроблемот ќе се реши доколку го отстраните автомобилот со бројот 3.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn2. Како човекот ќе ги пренесе животните преку реката?
rn
rnrnЕден човек патувал со две овци и еден волк. Волкот би ги нападнал овците доколку остане насамо со нив. Човекот треба да ја премине реката со чамец, но со него може да понесе само едно од животните. Како ќе го направи тоа без волкот да остане насамо со овца?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnПрво ќе го земе волкот и со него ќе ја премине реката. Потоа ќе се врати и ќе ја земе едната овца. На враќање повторно ќе го земе волкот, ќе го остави на брегот и ќе ја понесе втората овца. На крај ќе ја премине реката заедно со волкот.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn3. Како полицијата знаела дека сопругот е убиецот?
rn
rnrnЕден маж ја избодел неговата сопруга до смрт. Бидејќи наоколу немало никој, го оставил телото на земјата и го фрлил ножот во шумата. Потоа се качил во неговиот автомобил и отишол во неговата канцеларија. Еден час подоцна добил повик од полицијата за да го известат за убиството на сопругата. Го натерале веднаш да дојде на местото на злосторството. Кога стигнал, веднаш го уапсиле. Како знаеле дека тој е убиецот?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnПолицијата не му кажала каде е местото на злосторството.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn4. Колку денови се потребни за да се исече целото парче материјал?
rn
rnrnЕден морнар имал парче материјал долго 16 метри. Секој ден сечел по 2 метри од парчето. За колку денови ќе го исече целото?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnЌе му бидат потребни 7 дена. Последниот останат дел од парчето материјал ќе биде долго 2 метри, па нема да има потреба да го сече уште еднаш.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПродолжува на следната страница…rnrn