КАФЕ ПАУЗА

Tag: мозок

  • Колку облици можете да забележите? Тестирајте ја брзината на вашиот мозок!

    Колку облици можете да забележите? Тестирајте ја брзината на вашиот мозок!

    Овој хит квиз со геометриски фигури што деновиве се рашири насекаде ширум светот не е лесно да се дешифрира. Покрај тоа што е голем предизвик, тој исто така ќе ви открие и колку брзо вашиот мозок ги обработува визуелниот информации. Сигурно ќе ви биде интересно да знаете дека помалку од 1% досега успеале да дојдат до вистинското решение, па ако и вие успеете тогаш ќе станете дел од ова малцинството!rnrnЕпа ајде да се фрлиме на работа!rn

    1. Колку триаголници можете да видите – 16, 17, 29 или 27?

    rnrn

    2.Колку четириаголници можете да видите – 13, 6, 8 или 10?

    rnrn

    3. Колку квадрати можете да видите – 9, 7, 12 или само 1?

    rnrn

    4. Колку триаголници можете да видите – 13, 6, 8 или 15?

    rnrn

    5. Колку триаголници можете да видите – 11, 14, 17, или 8?

    rnrn

    6. Колку триаголници можете да видите – 17, 27, 29 или 16?

    rnrn

    7. Колку триаголници можете да видите – 10, 18, 38 или 41?

    rnrn

    8. Колку триаголници можете да видите – 31, 30, 9 или 18?

    rnrn

    9. Колку хексагони можете да видите – 11, 8, 14 или 6?

    rnrn

    10. Колку триаголници можете да видите – 15, 10, 21 или 18?

    rnrnrnСпоред експертите, изолирањето и разбирањето на облиците е поврзано со брзината на визуелната обработка, а со самото тоа и времето потребно за носење правилни процени за визуелните елементи. Откриено е дека мажите имаат малку подобар резултат од жените, а постарите луѓе можат да имаат потешкотии со распознавање на хаосот во визуелни задачи или кога мора да реагираат во одреден временски период. Тоа често се поврзува со лош вид, но најчесто може да се подобри со вежби за очи.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвени сте за одговорите? Кликнете тука за да откриете дали сте во реткиот 1%!” active=”false”]rnrn1. 18 триаголнициrnrn2. 7 четириаголнициrnrn3. 13 триаголнициrnrn4. 15 триаголнициrnrn5. 14 триаголнициrnrn6. 27 триаголнициrnrn7. 38 триаголнициrnrn8. 30 триаголнициrnrn9. 8 хексагониrnrn10. 15 триаголнициrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn 

  • Невролозите откриваат: За време на есента сме попаметни во однос на останатите сезони

    Невролозите откриваат: За време на есента сме попаметни во однос на останатите сезони

    Силата може варира од сезона до сезона, но врвот на когнитивната активност се достигнува за време на есента. Барем тоа го покажуваат резултатите на студијата спроведена од страна на научници од Америка, Канада, Франција и Израел. Тие им задале когнитивни тестови и тестови за концентрација на 3.500 испитаници постари од 60 години.rnrnrnrnРезултатите покажале дека нивниот мозок достигнувал максимална сила некаде при крајот на летото и почетокот на есента. Тие веруваат дека на резултатите можеби влијаеле светлината, температурата, нивото на хормоните или количината витамин Д.rnrnОние кои ги решавале когнитивните тестови за време на зимата имале 30% поголеми шанси за покажување благо когнитивно оштетување или деменција. На некои од испитаниците истовремено им истражувале и различни протеини кои се поврзани со Алцхајмеровата болест, па ова би можело позитивно да влијае во понатамошните истражувања во неврологијата.rnrnИ покрај тоа што не се сигурни за вистинската причина зошто резултатите се вакви, д-р Лим и останатите научниците во тимот тврдат дека оваа студија отвора нови можности за разбирање на начинот на кој мозокот го достигнува својот врв. Ова би можело да помогне при истражувањата за спречување или барем, намалување на развојот на Алцхајмеровата болест.rnrnНаучниците откриле и која храна го скратува животниот век.

  • Еве што се случува кога читате секој ден

    Еве што се случува кога читате секој ден

    Секојдневното читање може да направи чуда кога станува збор за меморијата, здравјето, па дури и односот кон останатите.rnrnНајдоброто нешто што може да го направите за вашиот мозок денес бара малку пари, простор и време – само земете добра книга. Експертите велат дека читањето е еден од докажаните методи за подобрување на разни функции на мозокот, од меморијата до квалитетот на спиење. Кога редовно читате, го подобрувате работењето на мозокот исто како за време на вежбање или со секојдневна здрава исхрана. Ова се некои поволности кои ги нуди секојдневното читање.rnrnЕве што се случува кога читате секој денrn

    Може да го зголемите коефициентот на интелигенција

    rnИстражувањата покажуваат дека децата кои читаат редовно може да станат интелигентни возрасни. Едно истражување кое траело цела деценија, спроведено од британското Здружение за истражување на развојот кај децата, го анализирало когнитивниот развој на речиси 2.000 пара идентични близнаци. Резултатите покажуваат дека близнаците со подобри способности за читање во раното детство имале подобри резултати на тестовите за интелигенција како тинејџери отколку нивните браќа или сестри кои читале помалку.rn

    Може да го намалите стресот

    rnДоколку сте под стрес, читањето книга може да биде најдобриот лек. 30-минутното читање релаксира исто како и 30-минутно вежбање јога, тврди едно истражување од 2009-та година. Британски истражувачи на Универзитетот во Сасекс откриле дека читањето во период од само шест минути дневно го намалувало нивото на стрес кај учесниците за 68%. Пешачењето, пиењето чај или кафе и слушањето музика биле помалку ефективни.rn

    Може да го збогатите речникот

    rnДали љубовта кон читањето води кон богат речник или обратно? Во 1990-те, истражувачот Кит Станович и неговите колеги го тестирале ова прашање. Тие ја мереле способноста за читање на група учесници и откриле дека луѓето кои читаат редовно просечно имале околу 50% побогат речник и 50% поголемо знаење засновано на факти во споредба со учесниците кои не читаат.rn

    Може да си го продолжите животот

    rnИстражувачи од универзитетот Јејл следеле илјадници возрасни на возраст над 50 години во период од 12 години и откриле дека учесниците кои читаат книга 30 минути дневно живееле речиси две години подолго отколку оние кои читале списанија или весници. Заклучокот? „Меѓу поволностите од книгите е и подолгиот живот за нивно читање“, напишале истражувачите.rn

    Може да ја развиете емоционалната интелигенција

    rnОсвен што го подобрува коефициентот на интелигенција, читањето може и да ја подобри и емоционалната интелигенција. Едно истражување спроведено на Харвард открило дека волонтерите кои читаат фикција подобро ги препознаваат емоциите кај останатите отколку оние кои читаат стручна литература или не читаат ништо.rn

    Читањето е вежбање за мозокот

    rnЗаборавете ги крстозборите. Едно истражување од 2013-та, објавено во списанието „Брејн конективити“ покажува дека студентите кои читале фикција имале зголемена активност во делот на мозокот поврзан со јазикот и меморијата до пет дена подолго од оние кои не читале. Исто како што создавате мускулна меморија кога трчате, секојдневното читање може да го тренира вашиот мозок за да ги активирате и подобрите вашите когнитивни функции, тврдат истражувачите.rn

    Може да се зближите со вашите деца

    rnНе е тајна дека читањето на децата може да влијае на нивната писменост, интелигенција, па дури и идно вработување. Но, верувале или не, видот на книгите кои ги читате со нив, исто така прави разлика. Според едно истражување од 2019 објавено во списанието „Педијатрикс“, родителите кои им читале на децата од печатени книги наместо од таблети или електронски читачи имале подобар невербален однос и биле поблиски со нивните деца.rn

    Може да го намалите ризикот од деменција

    rnБогатиот речник може да го чува вашиот мозок во староста, тврди еден тим на Универзитетот во Сантигајо де Компостела во Шпанија. Според тестирање спроведено на над 300 учесници на возраст над 50 години, луѓето со побогат речник имаат три до четири пати помал ризик за когнитивно нарушување отколку оние со послаб речник.rnrnСакате да читате повеќе, но мислите дека немате доволно време? Запознајте се со овие 2 едноставни техники што ќе ви помогнат да читате и до 200 книги годишно.

  • 8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција

    8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција

    Многу студии имаат докажано дека загатките се корисни за мозокот. Тие го изоструваат размислувањето, го подобруваат помнењето и го подигнуваат општото ниво на интелигенција. Тие се како кросфит тренинг за сивата материја во вашиот мозок – ја одржуваат активна и во добра форма.rnrnОвие 8 загатки изгледаат едноставно, но не потценувајте ги, бидејќи сепак можат да ве предизвикаат. Обидете се добро да размислите пред да го проверите решението, бидејќи ако сте премногу брзи, може и лесно да погрешите! :)rn

    1. Мрднете една чаша во првиот ред за да го постигнете редоследот како во вториот.

    rn8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенцијаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    2. Кога го купувате е црно, кога го користите е црвено, а кога го фрлате е сиво. Што е тоа?

    rn8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенцијаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Јаглен[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    3. Во која чаша има најмногу вода?

    rn8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенцијаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    4. Свртете го триаголникот надолу со поместување на 3 топчиња.

    rn8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенцијаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    5. Колку коцки има на сликата?

    rn8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенцијаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    6. Поделете го трапезоидот на 4 еднакви трапезоиди.

    rn8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенцијаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    7. Решете ја равенката правејќи само една мала корекција.

    rn8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенцијаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    8. Поместете 2 чкорчиња за да добиете 2 квадрати.

    rn8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенцијаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]8 брзи загатки кои ќе ви го подигнат нивото на интелигенција[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnКако поминавте? Решете ги и овие 15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид.

  • Романски неврохирург тврди: Само вака правилно се одмара мозокот!

    Романски неврохирург тврди: Само вака правилно се одмара мозокот!

    Познато е дека мозокот никогаш не спие, дури ни кога спиеме. Но, за среќа сепак постојат неколку начини за тој да се одмори и стимулира. Со стимулација се подобрува неговата работа, а одморот е одличен начин да се смириме и да му го овозможиме потребниот третман. На мозокот му е потребна секојдневна позитивна стимулација. Романскиот неврохирург открива на каков начин се постигнува тоа.rnrnrn

    „Како неврохирург, често гледам тага на лицата на моите пациенти. Неврохируршките интервенции ги плашат повеќе од самиот проблем. И тоа е нормално. Мозокот не е орган кој можеме да го контролираме. Можеби не знаете, но и на мозокот му се потребни одмор и внимание.“

    rnЗа време на празници или одмор, во искушение сме да си дозволиме премногу: јадеме и пиеме претерано, седиме на компјутер до доцна во ноќта, пушиме, пиеме многу кафе… Мозокот никогаш не спие, но постои некој начин да се одмори и стимулира. На мозокот му е потребен позитивен поттик.rnrnНеврохирургот препорачува спиење без мобилен телефон во близина. Наутро прво да се погледне во небото или едноставно да се ужива во погледот низ прозорецот за да се стимулираат визуелните центри. Негова препорака е да слушате музика што ќе ви го подигне расположението и да испиете една чаша вода веднаш после отворањето очи од сабајле.rnrnЈадете умерено бидејќи желудникот го оптоварува мозокот. Се препорачува и пиење црно вино бидејќи тоа помага при чистењето на капиларните вени во мозокот, но не смеете да претерате со алкохолот бидејќи тој ги напаѓа нервните клетки.rnrnНамалете го гледањето телевизија. Златното правило за одморен мозок е тишина! Одвојте време за уживање во тишина за да ги средите своите мисли. И за крај – секој ден дозволете си радост бидејќи радоста е вистинска храна за мозокот!rnrnДознајте како влијае постојаното седење врз вашиот мозок.

  • Што се случува со вашиот мозок за време на менструацијата?

    Што се случува со вашиот мозок за време на менструацијата?

    Скоро секоја жена пред менструалниот циклус има болки, грчеви, надуеност, а и акните неретко изостануваат. Но покрај фактот што мораме да се носиме со физичките симптоми, постојат и ментални проблеми кои се видливи во текот на менструацијата. Ниеден од овие симптоми не ве прават глупави или помалку адекватни. Во продолжени прочитајте кои промени се случуваат во мозокот за време на менструалниот циклус:rnrnШто се случува со вашиот мозок за време на менструацијата?rn

    Зголемена чувствителност на мигрената

    rnКај жените кои не се во менопауза, нивото на естроген расте и пред почетокот на менструацијата, што влијае на протокот на магнезиум во коските и мускулите. Како што опаѓа нивото на магнезиум, тој повеќе не е во состојба да се спротивстави на коагулацијата на калциумот во крвта. Па доколку ситните згрутчувања ги затнат крвните садови, постои голема веројатност дека ќе се соочите со мигрена. Како вообичаената болка во долниот дел од стомакот не е доволна!rn

    Проблеми со размислувањето

    rnМенструацијата не е најдобро време да решавате загатки, цртате дијаграми или да научите да возите автомобил, бидејќи во овој период проблемите со пространото размислување започнуваат. Менструалниот циклус влијае на нашата способност за пространо размислување, и за жал ова не може да се промени. Но овој факт ќе ви помогне да останете смирени во ситуација кога одеднаш ќе се изгубите во својот роден град.rn

    Проблеми со концентрацијата

    rnЧувството на „замаглен“ мозок за време на циклусот е сосема нормално. Ви се чини како мозокот да е задушен и не можете да се носите со сложени задачи? Доколку го пратите својот циклус, обидете се да работите што е можно помалку работи во овој период од месецот.rn

    Намалено либидо

    rnЗа време на менструацијата, вашиот мозок може да биде помалку подложен на сексуалните сигнали, а да не го спомнуваме фактот дека ниското ниво на тестостерон ја намалува сексуалната желба.rn

    Пад на енергијата

    rnПовеќето жени се чувствуваат уморно за време на менструалниот циклус. Хормоните кои создаваат околина за оплодување не се потребни, па нивната содржина опаѓа и сосема е нормално да се чувствувате исцрпени после напорната работа. Но осигурете се оваа состојба да не продолжи и по циклусот – можеби имате проблеми со надбубрежните жлезди.rn

    Промена во расположението

    rnПромените во расположението за време на менструацијата не се мит, а што е уште полошо – вашиот мозок буквално може да западне во депресивна состојба неколку дена. Хемискиот состав на мозокот значително се менува, односно нивото на естроген и прогестерон, што значи дека уште потешко можеме да ја контролираме нашата емоционална состојба. Па, депресијата може да биде поврзана не само со уморот и болките, туку и со промените во главата.rnrnПрочитајте ги и овие 10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови.

  • Тест кој ќе ве насмее: Со само 3 прашања дознајте колку ви е оптеретен мозокот

    Тест кој ќе ве насмее: Со само 3 прашања дознајте колку ви е оптеретен мозокот

    На блогот на познатиот автор Пауло Коелјо, има тест за утврдување на рани знаци на деменција со само 3 прашања. Решете го тестот и дознајте како ви оди! Не читајте ги одговорите предвреме, бидете искрени, отпуштете се и започнете.rnrnТест со кој ќе се смеете самите на себе: Со само 3 прашања дознајте колку ви е оптеретен мозокотrn

    1. Да почнеме со нешто едноставно!

    rnШто ставате во тостер?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”fale”]rnrnДоколку одговоривте „тост“, не го решавајте тестот понатаму, правете нешто друго… И пазете да не се повредите.rnrnДоколку вашиот одговор е „леб“, преминете на следното прашање.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    2. А сега нешто што ќе ве замисли…

    rnНа англиски јазик, „свила“ се изговара „silk“ (силк). Повторете го овој збор 3 пати.rnrnОткако ќе го направите тоа, спелувајте го зборот (ес – ај – ел – кеј).rnrnНа англиски одговорете што пијат кравите?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnДоколку вашиот одговор е „milk“ (млеко), вие сте под голем стрес. Продолжете со тестот подоцна. Сега засега ви е доволно.rnrnДоколку вашиот одговор е „вода“, продолжете кон последното прашање.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    3. Без помош на калкулатор одговорете на следново прашање!

    rnВозите автобус од Лондон до Милфорд Хевен во Велс. 17 луѓе се качиле во автобусот во Лондон.rnrnВо Рединг, 6-мина се симнале, а 4-ца се качиле во автобусот.rnrnВо Свиндон, 2-ца се симнале, а 6-мина се качиле во автобусот.rnrnВо Кардиф, 11-мина се симнале, а 6-мина се качиле во автобусот.rnrnВо Свонси, 3-ца се симнале, а 5-мина се качиле во автобусот.rnrnВо Кармартен, 6-мина се симнале, а 3-ца се качиле во автобусот.rnrnСтигнавте во Милфорд Хевен.rnrnБез да го погледнете решението, одговорете на прашањето: Kолку години има возачот на автобусот?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Немате идеја? Зар е можно да не знаете колку години имате? Па вие сте возачот на автобусот![/toggle_item]rnrn[/toggle_box]rnПовеќе од 95% од луѓето кои го решавале овој тест немале точни одговори.rnrnСекако, додека му го покажувате овој тест на некој ваш пријател, надевајте се тој да пројде полошо од вас.rnrnРешете го и овој тест: Дали вашиот мозок е постар или помлад од вашето тело?

  • 15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид

    15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид

    Визуелните загатки се многу повеќе од обична забава. Тие се одлична вежба за вашиот мозок, забавен начин да си ја изострите меморијата и интересен тест за вашиот вид. Некои од загатките се многу едноставни, само колку да ве загреат, додека за други ќе треба малку да се потрудите. Колку од нив ќе успеете да решите без да го видите одговорот?rn

    1. Пронајдете го бројот 2

    rn15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да го видите одговорот” active=”false”]15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    2. Можете да го видите кучето?

    rn15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да го видите одговорот” active=”false”]15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    3. Пронајдете го бројот 7

    rn15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да го видите одговорот” active=”false”]15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    4. Најдете го тоа што не припаѓа

    rn15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да го видите одговорот” active=”false”]15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    5. Што е тоа што се разликува?

    rn15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да го видите одговорот” active=”false”]15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    6. Која мачка се издвојува?

    rn15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да го видите одговорот” active=”false”]15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    7. Што се двои на оваа слика?

    rn15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот видrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да го видите одговорот” active=”false”]15 остроумни визуелни загатки што ќе ви помогнат да откриете колку е изострен вашиот вид[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Тест што ќе ви открие која е доминантната страна на вашиот мозок

    Тест што ќе ви открие која е доминантната страна на вашиот мозок

    Веројатно веќе знаете дека кај секој човек доминира едната страна од мозокот. Доколку не сте сигурни која е вашата доминантна страна, овој тест ќе ви помогне во тоа. Првото нешто што го забележавте на сликата ќе ви го даде одговорот.rnrnТест што ќе ви открие која е доминантната страна на вашиот мозокrn

    1. Лице на маж

    rnДоколку прво го забележавте лицето на мажот, кај вашиот мозок доминантна е десната страна.rnrnКога размислувате за нешто, најпрво донесувате заклучок, а дури потоа ги наоѓате нештата кои го поддржуваат вашиот заклучок. Бидејќи неопходно ви е само да ги најдете потребните информации, вашиот начин на размислување е многу побрз за разлика од другите.rnrnОвој начин на размислување е одличен бидејќи можете да ги согледате информациите и ситуациите од минатото, така што не донесувате брзи заклучоци.rn

    2. Жена

    rnДоколку прво ја забележавте жената, вашата доминантна страна е левата.rnrnПред да дојдете до каков било заклучок, внимателно ги разгледувате сите факти и информации. Ова е навистина флексибилен и слободен начин на размислување, бидејќи кога ги имате сите информации, можете да ја погледнете ситуацијата од разни перспективи.rnrnВие сте креативна личност и можете да се соочите со променливи ситуации. Имате способност да донесете заклучок дури и кога низ вашата глава минуваат многу мисли.rnrnПогледнете и кои се разликите помеѓу луѓето кај кои доминира левата и луѓето кај кои доминира десната страна на мозокот.

  • Тест: Дали вашиот мозок е постар или помлад од вашето тело?

    Тест: Дали вашиот мозок е постар или помлад од вашето тело?

    Секоја нова болка во зглобовите и секоја брчка околу устата и очите покажуваат дека телото полека старее. Но, истото не може да се каже и за мозокот, бидејќи е многу потешко да се процени што навистина се случува за време на процесот на стареење во нашата глава.rnrnТест: Дали вашиот мозок е постар или помлад од вашето тело?rnrnСекој орган во телото старее, а за разлика од другите органи, клетките во мозокот не се регенерираат. Односно, еднаш уништениот неврон не може да се регенерира, а истовремено не настануваат нови нервни клетки. Секој ден, човекот осиромашува за одреден број неврони во мозокот, што има влијание врз неговата големина, која се намалува со текот на годините.rnrnКај повеќето луѓе, првите знаци на стареењето се покажуваат помеѓу 40 и 50 години. Ова најмногу зависи од генетика. Сепак, генетиката не е единствениот фактор кој влијае врз мозокот и постојат други нешта што можат да го забрзаат или забават неговото стареење.rnrnИмено, врз староста на мозокот најмногу влијае континуирано консумирање алкохол, пушењето, премногу или премалку шеќер во крвта, холестеролот и намаленото внесување на витамини, особено од групата Б. Стареењето на мозокот забрзува и со недоволна физичка активност, стрес, напнатост, земање психоактивни дроги како и физички трауми и воспалителни процеси во мозокот.rnrnЛуѓето кои имаат атрофија на мозокот можат целосно да ги зачуваат нивните ментални и интелектуални способности, но бројот на неврони кои комуницираат едни со други се намалува. Со учење и интелектуална работа, се создаваат нови врски во мозокот, со што се забавува неговото стареење.rn

    Колку е стар вашиот мозок?

    rnЗа да ја откриете староста на вашиот мозок, можете да го решите тестот на доктор Винсент Фортнаск, клинички професор по неврологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Сè што треба да направите е да одредите која од изјавите е точна или неточна за вас.rnrn1. Секоја вечер спиете по 7-8 или повеќе часа.rnrn2. Секој ден јадете 5 или повеќе порции овошје и зеленчук богати со антиоксиданси.rnrn3. Секој ден консумирате барем една порција боровинки, малини или капини.rnrn4. Најмалку три пати неделно јадете печена риба богата со омега 3 масни киселини.rnrn5. Најмалку 5 дена неделно земате додатоци во исхраната, рибино масло или ленено масло.rnrn6. Редовно консумирате мултивитамини и фолна киселина како додатоци во исхраната.rnrn7. Секој ден земате ниска доза аспирин.rnrn8. Барем 5 дена неделно пиете црно вино или сок од грозје.rnrn9. Повеќето денови од неделата вежбате барем 30 минути, а интензивно вежбате 3 или повеќе часа неделно.rnrn10. Барем 5 денови во неделата читате книги, решавате крстозбори, судоку или сложувалки и правите нешто што бара активно учење, помнење, пресметување и решавање проблеми.rnrn11. Имате „добри“ гени и некои членови од вашето семејство доживеале и 80 години без проблеми со помнењето.rnrn12. Вкупното ниво на холестерол ви е под 5,2 mmol/l.rnrn13. Нивото на лошиот холестерол ви е пониско од 3,3 mmol/l.rnrn14. Вашата тежина не е прекумерна.rnrn15. Јадете малку црвено месо. Вашата исхрана воглавно се состои од овошје, зеленчук, продукти од цело зрно, грав, јаткасти плодови и семиња.rnrn16. Наместо маргарин и путер, користите маслиново масло и намази без транс масти.rnrn17. Никогаш не сте пушеле.rnrn18. Имате нормален крвен притисок.rnrn19. Немате дијабетес.rnrn20. Немате метаболички синдром (зголемено ниво на триглицериди, масни наслаги на стомакот и хипертензија), познат и како отпорност на инсулин.rnrn21. Немате проблеми со спиењето како ‘рчење, апнеа или несоница.rnrn22. Секојдневниот неконтролиран стрес не е ваш проблем.rnrn23. Имате силна поддршка од околината и уживате во активностите со пријателите, колегите и членовите од семејството.rnrn24. Немате проблеми со краткотрајното или долготрајното помнење.rnrn25. Подготвени сте да работите на превенција на Алцхајмеровата болест и сакате да направите што било за да го спречите развојот на болеста.rn

    Резултати

    rnИзбројте колку изјави се точни за вас и прочитајте што кажува вашиот резултат.rn

    0 до 11: Висок ризик од Алцхајмерова болест

    rnНа вашите години додајте уште 10 и толку е стар вашиот мозок. Што побрзо поразговарате со вашиот лекар за вашите проблеми, толку побрзо ќе најдете решение.rn

    12 до 14: Умерен ризик од Алцхајмерова болест

    rnНа вашите години додајте уште 5 и тоа е возраста на вашиот мозок. Иако разликата во години не е голема, важно е да бидете свесни за ризичните фактори што ја зголемуваат можноста за настанување на Алцхајмерова болест.rn

    15 до 19: Мал ризик од Алцхајмерова болест

    rnСтароста на вашиот мозок е иста со вашето тело. Добро разгледајте го тестот и откријте кои промени можете да ги направите за да го зачувате здравјето.rn

    20 до 22: Добар резултат

    rnОд вашата возраст одземете 10 години и ќе ја добиете возраста на вашиот мозок. Вие веќе добро се грижите за вашето ментално и физичко здравје, но изјавите кои сте ги обележале како неточни нека ви бидат водич за промените што треба да ги направите.rn

    23 до 25: Вие стареете на одличен начин

    rnЗа да ја откриете возраста на вашиот мозок, од вашата возраст одземете 15 години. Засега сте здрави и имате млад и продуктивен ум. Продолжете на овој начин и ризикот од Алцхајмерова болест ќе остане многу низок.rnrnПогледнете и како да го одржите мозокот здрав до длабока старост.