Дали го зедовте телефонот за да повикате пријател за нешто важно, но завршивте гледајќи видеа на Интернет доволно долго за да заборавите зошто го зедовте телефонот пред сè? Експертите ова го нарекуваат карантински мозок и сметаат дека претставува промена на нашето спознание за време на карантин. Со континуирана работа од домашни сценарија низ месеци, излегувањето од оваа сложена состојба на умот, велат експертите, ќе бара некое свесно преуредување.rnrn
rnrnЕден психолог објаснува дека во минатото, истражувањата и експериментите за социјална изолација докажаа влијание врз донесувањето одлуки, има промени во личноста, се зголемува на нивото на стрес и има помала обработка на емоциите. КОВИД-19 го донесе карантинот и социјалното дистанцирање, но ние сме социјални суштества и недостатокот на човечки контакт заедно со многу поинаков вид рутина во ѕидовите на домот може да има долгорочно влијание врз когнитивните способности на една личност. Неизвесноста, непредвидливоста и досадата за жал се едни од најчестите поплаки што ги имале луѓето во текот на минатата година. Неодамнешното истражување исто така наведува дека оддалечувањето од она што е рутина резултирало во губење на „временските знаци“. На пример, идејата да имате слободен викенд е обично пауза од напорниот работен ден, но кога викендот и работниот ден од неделата ќе почнат да изгледаат исто, тоа постепено ви го одвлекува вниманието и ја нарушува вашата способност да забележувате разлики дури и во вашите најредовни активности.rnrnНаполнете го вашиот поспан мозок со едноставни чекори.rnrnКарантински мозок е психолошко влијание што карантинскиот период го имал врз вашиот мозок, ум и вашата емоционална состојба. Наполнете го вашиот поспан мозок со едноставни чекори:rnrn1. Започнете со поврзување со луѓе, дури и преку Интернет.rnrn2. Одржувајте добра физичка и психолошка хигиена.rnrn3. Оставете малку време од денот само за себе.rnrn4. Грижата за себе треба да ви биде приоритет.rnrn5. Медитацијата помага да се смират умот и нервите.rnrn6. Побарајте помош и изградете проактивен став кога ќе го сторите тоа.rnrn7. Обидете се да се прилагодите на вашата рутина која ја имавте пред пандемијата.rnrnПрочитајте и за овие ајурведски домашни лекови за лесни симптоми на КОВИД-19 (кашлица, треска и замор) од aјурведски експерт.
Tag: мозок
-

Дали страдате од синдром на карантински мозок?
-

6 неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок
Кога ќе се заљубите, честопати помислувате на влијанието што го има љубовта врз срцето и душата. Но, има уште еден орган врз кој љубовната врска има силно влијание – вашиот мозок. Кога сте во врска, некои делови од вашиот мозок се активираат, а некои се исклучуваат. Прочитајте како љубовта го менува начинот на размислување и како мозокот се справува со вашата романса.rnrn
rn1. Се чувствувате зависни
rnДали некогаш сте слушнале дека љубовта е дрога? Па, можеби има одредена вистина во тоа. Интензивните страсни чувства активираат дел од мозокот што се активира кога лицето зема дрога, па затоа се чувствувате еуфорично и имате желба за уште повеќе. Љубовта можеби е многу поздрава зависност, но сепак сте зависник.rn
2. Почнувате да размислувате во множина
rnВеќе нема само „јас“. Сега треба да мислите за двајца, а вашиот мозок автоматски ќе ги прифати промените.rnrnЕдно неодамнешно истражување откри дека користењето заменки во прво лице еднина почесто се поврзува со депресијата отколку ако велите „ние“ и „нас“. Тоа е уште доказ дека здравите врски се бесценети.rn
3. Сакате повеќе и станувате помудри
rnЗаљубувањето е добро за вашето срце, но и за вашето ментално здравје. Заљубените личности имаат повисоко ниво на допамин, што е поврзано со задоволството, со страста и со еуфоријата. Истражувањата покажуваат дека луѓето што имаат здрави односи живеат подолго и тие се посреќни, помудри и имаат подобро ментално здравје.rn
4. Ги поддржувате другите повеќе
rnЕдна од најголемите придобивки од заљубувањето и од врската е тоа што ќе научите како е да се потпрете и да го поддржувате партнерот. Градењето доверба во врската е клучно, а вашиот мозок ви помага во тоа.rnrnИстражувањата откриваат дека кога ќе се заљубите, се исклучува фронталниот кортекс – областа од мозокот што е одговорна за проценка. Кога сте заљубени, помалку е веројатно да бидете критички настроени или скептични кон личноста за која се грижите.rn
5. Се ослободувате од стресот
rnВашиот мозок никогаш нема да заборави како се чувствувавте при првиот допир со личноста во која сте заљубени. Ако сте во здрава врска, доволно е да го држите партнерот за рака за да се опуштите, да го намалите крвниот притисок, да ја олесните физичката болка и да го подобрите вашето здравје. Здравата љубовна врска ги менува функциите на мозокот.rn
6. Се чувствувате безбедно
rnСлично како првата поврзаност што бебето ја има со својата мајка, такво чувство на сигурност ќе се појави и во вашата врска. Како што стареете и се менувате, вашето тело се сеќава на мозочните циклуси и фази што сте ги поминале во младоста и ќе ве потсети на чувството на сигурност.rnrnИстражувањата покажуваат дека кога сте заљубени, се исклучува делот од вашиот мозок што ги контролира стравот и негативните емоции.rnrnПрочитајте колку време е потребно за да почнете да правите различни работи пред партнерот.
-

„Заборавив“ е „најскапиот“ збор што ќе го изговорите пред вашиот шеф
„Заборавив“ е најскапиот збор кој може да му го кажете на шефот, според експертот за подобрување на меморијата Џими Квик. Според него е можно да се зголемат деловните вештини и целокупната продуктивност преку подобрување на способноста за паметење бидејќи тој верува дека потенцијалот на човечкиот ум е во основа неограничен, а клучот е во тоа да го „отклучите“. Потенцијалот може да се развие преку вежби.rnrn
rnrnЗатоа, за да паметите подобро, советува Квик, треба да започнете со тренирање на мозокот за тој да започне да работи како мускул. Еве 4 главни препораки за тоа како тој да се зајакне.rn1. Тренирајте го мозокот
rnАко не мислите дека вашиот мозок е мускул, веројатно мислите дека тој е чаша – и се чувствувате како тој да е преполнет со информации. Квик тоа го нарекува „дигитален потоп“. Нашите мозоци се стари околу 200 000 години и се целосно поплавени и пренасочени кон унапредување на технологијата.rnrnЗа да ги вклучите во борбата против тоа, во вашиот распоред вметнете 30-минутен „бел простор“ што во никој случај нема да биде поврзан со технологијата. Исклучете ги сите непотребни известувања и запомнете го телефонскиот број на едно лице со кое редовно разговарате. Дури и таа мала задача може да ги тренира вашите мемориски мускули за обработка и задржување на повеќе информации.rn
2. Храната за мозокот нека стане дел од вашата редовна исхрана
rnПродуктите што би требало да ги консумирате за да го подобрите здравјето на мозокот се авокадо, боровинки, брокула, лиснат зеленчук, ореви, кокосово масло, јајца, куркума, лосос, темно чоколадо и многу вода. Повторувањето на тој список на состојки е уште една вежба за тренинг на мозокот. Ако ви е тешко да ги запомните, користете ја техниката „VSI“: Визуелизирајте го местото (V) каде нешто се наоѓа. Создадете слика (S) што оди заедно со него. Спојте ги двете компоненти (I).rnrnАко сакате да запомните дека боровинките се добра храна за мозок, замислете ги како ви излегуваат од носот. Според Квик, ако нешто ве насмее, ќе се сетите на него, додавајќи дека детскиот и разигран ум може да ви биде од голема помош. Тој тврди дека не попусто децата се најдобрите ученици.rn
3. Ослободете се од проблемите со спиењето
rnАко можете да го истренирате вашиот мозок да се разбуди неколку моменти пред да се огласи вашиот утрински аларм, тогаш знајте дека мозокот е подготвен и за други активности додека спиете. Изберете проблем за вашиот мозок пред спиење и видете дали одговорот ќе ви се појави откако ќе се разбудите. Дел од активностите за подобрувањето на меморијата, истакнува Квик, е и присетувањето на тоа што сте сонувале.rn
4. Престанете со негативните разговори
rnХроничниот стрес буквално може да го направи вашиот мозок помал, покажува студијата од 2018 година на Американската академија за неврологија. Затоа, Квик ги препорачува методите за смирување, како што се медитацијата и длабокото прочистување на духот за да се ослободите од вознемиреноста. Тој, исто така, советува да ги „нагазите“ вашите „автоматски негативни мисли“. Тоа е фраза која ја смислил докторот Даниел Амен во раните 90-ти. Окружувајќи се себеси со „позитивна група врсници“, ќе си помогнете себеси во борбата со негативниот став.rnrnМожеби сакате да прочитате и 3-те ситуации во кои пријателите ги даваат најлошите животни совети.
-

Овие 5 видови храна го саботираат вашиот мозок
Сигурно сте ја чуле изреката „Ние сме она што јадеме“ – и бидете сигурни дека вашиот мозок се согласува со тоа. Добро е познато дека здравата исхрана ве тера да се чувствувате поенергично и ви обезбедува подобар имунитет, но дали знаевте дека таа значително влијае и врз здравјето на мозокот и дека храната помага во борбата против деменцијата? Подобрените когнитивни способности, спречувањето на деменцијата, борбата против Алцхајмеровата болест и состојбите кои вклучуваат загуба на меморијата или полошо помнење се, исто така, под влијание на вашиот начин на справување со гладот.rnrnПостојат 5 видови на храна што треба да ги избегнувате колку што е можно повеќе, ако сакате вашиот мозок да функционира беспрекорно:rn
1. Туна
rn
rnrnОва може да ве изненади најмногу, затоа што рибите генерално се богати со хранливи материи кои се препорачуваат како дел од здравата исхрана, но рибите кои се богати со жива имаат лош ефект врз когнитивните перформанси. На прво место е туната (свежа, замрзната или конзервирана), а потоа и сабјарката, ајкулата итн.rn2. Вакумирани печива
rn
rnrnКолку што се примамливи и практични додека патувате, дури и варијантите за кои можеби мислите дека се здрав оброк – како некои интегрални мафини со житарки или зеленчук , ова е храна што е лоша за вашиот мозок. Високата содржина на транс-масти во таквите производи е поврзана со намалувањето на волуменот на мозокот, слабата меморија и падот на когнитивната функција. Транс-мастите, исто така, ја менуваат структурата на клеточната мембрана и може да доведат до дегенерација на клетките во мозокот.rn3. Вештачки и рафинирани шеќери
rn
rnrnВештачкиот шеќер, како што е аспартамот, заедно со рафинираните шеќери, покрај тоа што му штетат на вашиот струк, го оштетуваат и вашиот мозок. Истражувањата од оваа област укажуваат на директната поврзаност помеѓу дијабетесот и деменцијата. Скоро целата пакувана и вакумирана храна содржи вештачки шеќери.rn4. Црвено месо и производи од месо
rn
rnrnЦрвеното месо е богато со железо, што е важно за нашето тело. Сепак, како неповолност, зголемениот влез на железо може да биде да биде и штетен. Вишокот на железо доведува до оксидативни промени на клеточно ниво и детоксикација на мозочното ткиво. Затоа, не претерувајте со количината на црвено месо во вашата исхрана. Тука спаѓаат и сушеното месо, како и сите конзервирани јадења, богати со шеќери, конзерванси и натриум (како виршлите, конзервираното месо, сланината). За нив е познато дека се токсични за организмот, но и за мозокот. Ако сте љубител на сланина, одберете ја онаа со најниски вредности на натриум (ако е можно и без натриум) и ограничете ја консумацијата.rn5. Термички обработените сирења
rn
rnrnДосега сигурно сте научиле многу за штетноста на храната што претрпела каква било обработка, а истото важи и за сирењата. Ова се однесува на исечените, вакумирани парчиња сирење, спакувани парчиња сирење и какви било други форми на процесирано сирење што може да го најдете во продавниците. Ова не значи дека треба да се откажете од овој млечен производ кој на многумина им е омилен, но изберете природна варијанта.rnrnАко гo внесете овој зачин во исхраната ќе гледате како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат. -

Желудник за благо: Еве зошто имате место и за десерт иако сте сити
Овој феномен се појавува кај сите луѓе, а всушност е диктиран од главата.rnrn
rnrnВеројатно на сите ни се случило откако убаво ќе се најадеме, сепак да ни остане малку простор за десерт.rnrnНо, дали сте се запрашале зошто е тоа така?rnrnСтанува збор за реакција на вашиот мозок, а не само за алчност, велат експертите. Откако јадете нешто што ви се допаѓа подолго време, почнувате да се презаситувате и помалку да го сакате. Затоа оставате простор за она што следува и што повеќе го сакате.rnrn„Кога јадеме, ние всушност се заситуваме со вкусот и мирисот на јадењето“, велат експертите.rnrnДодека јадеме, храната станува помалку привлечна. Но, ако нешто повеќе ни се допаѓа од останатото, постои можност да го јадеме тоа повеќе од другата храна. Всушност, сето тоа е во вашата глава.rnrnЕкспертите објаснуваат уште еден феномен. Имено, кога знаеме дека ќе следува десерт, ние потсвесно си оставаме местото и помалку ја јадеме храната што е пред нас во тој момент за да можеме да уживаме во десертот. На тој принцип функционира и мозокот кој дава сигнали дека ќе ги добиеме сите хранливи материи што ни се потребни.rnrnЕдна студијата од 90-тите години покажала слични резултати. Педијатар од Чикаго им дозволил на децата да јадат што сакаат. Пред нивните креветчиња се наоѓале послужавници со различна храна. Децата покажувале што сакаат, а негувателките ги хранеле.rnrnНо, по некое време, на децата почнале да им здосадуваат состојките кои претходно ги обожувале. Така, експертите заклучиле дека станува збор за вроден механизам.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа декa научниците откриле која храна го скратува животниот век. -

Механизми на мозокот што можат да ја саботираат вашата кариера
Погрешниот начин на доаѓање до заклучоци или когнитивната пристрасност е начин на кој мозокот ги обработува информациите и брзо донесува одлуки, но во исто време го спречува развојот на вашата кариера. Поради тоа, луѓето имаат тенденција да работат или да веруваат во нешто само затоа што останатите го прават тоа. Овој подмолен механизам е најочигледен на состаноците – на колегите им е полесно да се сложат со идеите што не ги разбираат отколку да се распрашуваат. Сепак, знаењето е најдоброто оружје за да му се спротивставите на овој ефект, па затоа подгответе се пред состанокот за да можете рамноправно да учествувате во дискусиите.rnrn
rn1. Мозокот самоволно филтрира сè што ќе слушнете на работа
rnАфирмативната пристрасност е филтер што ги предизвикува луѓето да ги слушнат сите нови информации за да ги потврдат своите претходни верувања. За да бидете успешни, првиот чекор е да се освестите. При решавање на проблемите, запрашајте се дали сте го разгледале проблемот од сите страни или сте пристрасни.rn
2. Извадете ја главата од песокот, секој проблем има решение
rnЕфектот на ној е свесно игнорирање на лошата состојба. Иако тоа ви помага да се справите со стресот, на долг рок тоа сигурно ќе ве повреди и ќе ви наштети. Затоа, извадете ја главата од песокот, признајте си дека сте погрешиле, идентификувајте ги проблеми и почнете да барате решение. Само тогаш овој ефект целосно ќе исчезне.rn
3. Забележување на потребното време за извршување на задачите ќе ви заштеди нерви
rnЗаблудата при планирањето е најочигледна кај луѓето што водат кампањи. Поради склоноста погрешно да го проценат времето потребно за да се изврши некоја задача, многумина прво се несериозни, а потоа паничат кога роковите ќе ги притиснат. За да ги спречите паничните напади, запишете колку време ќе ви биде потребно уште пред да започнете со проектот. Кога ќе завршите, запишете колку време навистина ви било потребно. Повторувајте го истиот процес за подобро да управувате со вашето време.rnrnПрочитајте кои видови луѓе не можат да напредуваат на работното место.
-

Што се случува со вашиот мозок кога наутро ќе видите снег низ прозорецот?
Вообичаено е да имате силна реакција кога ќе се разбудите и ќе погледнете дека надвор врне снег. Можеби ќе бидете возбудени затоа што ќе ги откажете сите работи планирани за тој ден и ќе уживате во топлината на вашиот дом, но можеби ќе се изнервирате кога ќе видите дека снегот врне без престан. Во секој случај, мозокот ќе реагира на промената на времето.rnrn
rnrnАко живеете во област каде што ретко врне снег, реакцијата ќе биде поизразена. Ако живеете во област каде што често паѓа снег, но ако станува збор за првиот снег таа зима, тогаш реакцијата повторно ќе биде изразена. Но, ако не врнело снег кога легнавте да спиете, но врне снег кога ќе се разбудите наутро, тогаш мозокот ќе има многу изразена реакција.rnrnАко сте навикнати на снег, можеби ќе го игнорирате и ќе продолжите со активностите што ви се планирани во текот на денот. Но, ако не сте во можност да го игнорирате снегот, тој може да предизвика бура на емоции. Сето тоа е поврзано со вашето толкување што симболизира и што значи снегот за вас. За возрасните снегот може да значи промена во распоредот. Но, ако не сте негативно погодени од снегот, тогаш поголема е веројатноста дека ќе уживате во промената и во тоа што таа може да ви понуди, како слободен ден или забавно патување.rnrnПромената на времето исто така може да ве потсети на минатото. Будењето и гледањето снег може да ве асоцира на зима, на празници, на носталгија или на сеќавања. Но, ако сте изгубиле некој близок, сте преживеале раскинување или сте доживеале друг вид трауматичен настан за време на најладниот период од годината, тажните чувства може да излезат на површина, па во тој момент ќе ви треба поддршка од најблиските.rnrnЗа други личности, гледањето снег може да има смирувачко дејство, особено кога е придружено со позитивни сеќавања. Снегот има тивок и мирен тон, нема звук, паѓа бавно и има хипнотизирачка природа.rnrnСите реагираат на времето различно, без разлика дали станува збор за снежен или само за студен ден. Временските промени, нивото на сончева светлина и изложеноста на витамин Д имаат психолошко влијание врз организмот на многу различни начини. Во текот на зимата, ќе престојувате во затворени простории и ќе спиете многу почесто, а снегот можете да го искористите како изговор за да се вратите во кревет.rnrnСнегот може да предизвика промени во расположението и депресивни симптоми, како што се недостатокот на интерес за активности, намалената мотивација и почестите тажни чувства.rnrnЗа некои луѓе снегот може да претставува забавен начин за уживање во студеното време, а за други, снегот може да биде уште еден потсетник за сурова и долга зима и да предизвика тага и депресивни чувства, па дури и вознемиреност. Ако спаѓате во втората категорија, не двоумете се да се посоветувате со терапевт.rnrnАко сте љубители на зимата и на снегот, погледнете ги овие 8 магични дестинации што треба да ги посетите во зима. -

Нов доказ: Кафето го штити мозокот
Невролозите продолжуваат да откриваат нови начини на кои кафето (во помала мера), чајот и чоколадото ги прават нашите мозоци поздрави и поотпорни. Во 2019 година има неверојатен напредок во ова истражување.rnrn
rnrnЗаедничката студија на Националниот институт за проучување на стареењето и на Универзитетот „Џoнс Хопкинс“, објавена во јануари во списанието „Неврохемиски истражувања“, открива дека супстанцијата метилксантин ја има во кафето, во чајот и во темното чоколадо (во какаото).rn„Супстанцијата влијае на активноста на невронската мрежа, ја одржува когнитивната функција и може да ги заштити невроните од губење на функцијата и од умирање при мозочен удар кај животните, но и да заштити од Алцхајмерова и од Паркинсонова болест“, стои како заклучок.
rnИстата студија открива дека супстанцијата ксантин метаболит која се лачи кога мозокот го обработува кофеинот може да придонесе за корисни ефекти на кафето, на чајот и на какаото врз здравјето на мозокот.rnrnПотоа, анализата на 11 истражувања за ефектите на кафето врз здравјето на мозокот, објавена во Меѓународното списание за хируршка онкологија, покажува дека кафето и чајот (а со тоа и какаото) не само што го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест, туку и го намалуваат ризикот од карцином на мозокот.rnrnНа крајот, темелното истражување на Универзитетот „Окајама“ покажува дека внесувањето на хлорогените киселини од кафето ги стимулираат антиоксидантните својства на глијалните клетки и спречува невродегенерација. Во превод, кофеинот го прави вашиот мозок пофлексибилен и поотпорен.rnrnЗаклучок: Ако сакате да го одржите вашиот мозок здрав во иднина, треба да консумирате кафе, чај или какао.rn
Колку?
rnВеројатно не консумирате доволно. Истражувањата покажуваат дека идеалната дневна доза кафе е околу 6 до 8 шолји.rnrnАко тоа звучи како премногу, можете да замените една или две шолји кафе со парче црно чоколадо. Треба да се напомене дека од други здравствени причини, треба да консумирате кафе, чај и какао без шеќер и млеко. Но, ефектот и понатаму ќе биде подобрена работа на мозокот.rnrnПрочитајте и зошто кафето на некои луѓе им влијае на сонот, а на некои не.
-

Има 5 различни типови мозоци: Еве што вашиот тип на мозок вели за вас
Дали некогаш сте се запрашале зошто сте толку загрижени или нерасположени? Или зошто сте толку емотивни? Дали некој ви кажал дека сѐ е во вашата глава? Па, во право е, на некој начин. Всушност, сѐ е во вашиот мозок. Врз основа на податоците од најголемата база со информации од снимки на мозоци што се поврзани со однесувањето, дознаваме дека начинот на кој размислуваме, дејствуваме и се однесуваме со другите, зависи од тоа на кој начин ни функционира мозокот.rnrn
rnКој е вашиот тип на мозок?
rnПо проучувањето на повеќе од 150.000 SPECT снимки во една американска клиника, јасно е дека не се сите мозоци исти. SPECT е алатка за снимање мозоци која го мери протокот на крв и активноста на мозокот и покажува области на мозокот со здрава активност, со зголемена активност или со намалена активност.rnrnЦелта првично било да се откријат шеми што ќе помогнат во дијагностицирање и третирање проблеми со менталното здравје, како хиперактивно нарушување, депресија, биполарно нарушување и анксиозност. Но, како што течело проучувањето откриено е дека одредени шеми на функционирање на мозокот одговараат со различни типови личности.rnrnВрз основа на истражувањата, идентификувани се пет основни типови мозоци од што зависи кои сте, како се однесувате и како комуницирате со другите. Ова исто така објаснува зошто давањето иста терапија на сите пациенти со анксиозност, депресија или кој било друг ментален проблем не функционира. Дури и откривањето на правилната исхрана за вас и најделотворните вежби за вашите потреби, зависи од вашиот тип на мозок.rnrnСите овие ставови се изнесени во студијата на д-р Даниел Амен „Сменете го вашиот мозок, сменете го вашиот тип“.rn
Тип 1: Балансиран мозок
rnБалансираниот мозок покажува целосен, речиси симетричен проток на крвта, во најголемиот дел од мозочните сфери.rnrnТип на личност: Ова е еден од најчестите типови мозоци. Ако имате тип на мозок 1, вие најчесто сте фокусирани, флексибилни и емотивно стабилни. Вие сте од оние луѓе што навремено ги завршуваат работите, доаѓаат на закажаните средби, се држат до ветеното и добро се снаоѓаат со животните предизвици. Во суштина, вие не преземате ризици и претпочитате да ги следите правилата.rnrnПрофесионален развој: Личностите од тип 1 најчесто се добри работници, менаџери и проектни координатори во која било област од индустријата.rnrnСтил на учење: Затоа што сте фокусирани и организирани обично добро ви оди во училиштето и на обуките за работа.rnrnВрски: Се стремите добро да се однесувате со другите и имате врски без драматичност.rnrnПотенцијални проблеми: Ако се храните со брза храна, пиете премногу, по цел ден се истегнувате во кревет, поминувате многу часови на социјалните медиуми, може да се здобиете со проблеми со менталното здравје.rnrnПоддржете го вашиот балансиран мозок со здрава храна, редовно вежбање, земајте витамини и омега 3 масни киселини и Витамин Д.rn
Тип 2: Спонтан мозок
rnОвој тип на мозок обично има помала активност во предниот дел од мозокот во областа наречена префронтален кортекс.rnrnТип на личност: Со овој тип на мозок, вие сакате да испробувате нови работи, имате широк опсег на интереси и полесно ви е да ги правите нештата онака како што ќе ве понесе моментот, отколку да имате строг распоред. Размислувате сеопфатно, не верувате во правилата кои се однесуваат на вас и обично доцните на состаноците. Организацијата не е ваша јака страна и преземате ризици, а со тоа може да западнете во неволја.rnrnПрофесионален развој: Спонтаниот мозок е многу чест меѓу претприемачите, луѓето од шоу-бизнисот, политичарите и агентите со недвижнини.rnrnСтил на учење: Овој тип личности лесно се деконцентрираат, се борат со организирањето, па иако можеби сте паметни тешко можете да го покажете вашиот потенцијал.rnrnВрски: Затоа што сакате да внесете возбуда во вашиот живот, можеби имате склоност да драматизирате во вашите врски.rnrnПотенцијални проблеми: Може да стекнете ризично однесување, како прекумерно пиење, земање наркотици или вплеткување во вонбрачни афери. Овој тип личности е склон кон хиперактивно нарушување, депресија и зависност.rnrnПотребно е практикување на животен стил за зголемување на активноста во префронталниот кортекс, како што е високопротеинската исхрана, земањето додатоци во исхраната како зелен чај и женсен, како и кардио вежби.rn
Тип 3: Постојан (издржлив) мозок
rnЛуѓето со овој тип на мозок често имаат зголемена активност во предниот дел од мозокот, во областа наречена преден цингулатен гирус (ПЦГ).rnrnТип на личност: Сакате да ги завршувате работите. Имате силна волја, не сакате да ве одбиваат и сакате да биде по ваше. Напредувате кога влегувате во шема, но излегувате од колосек кога плановите ненадејно ќе се сменат и имате проблем да оставите работите едноставно да се одвиваат. Можеби сте воин кој не може да се ослободи од старите болки и настапувате аргументирано.rnrnПрофесионален развој: Постојаниот мозок е чест меѓу раководителите, проектните менаџери, и веб-инженерите.rnrnСтил на учење: Најдобро учите кога имате различни можности, па сакате да се држите до часовите и обуките кои ви даваат насоки како да го совладате материјалот.rnrnВрски: Прилично сте тврдоглави и се трудите да ја запомните секоја кавга која сте ја имале со партнерот.rnrnПотенцијални проблеми: Може да се окупирате со негативни мисли, што пак може да биде поврзано со анксиозност, депресија и опсесивно-компулсивно нарушување.rnrnТреба да го зголемите нивото на серотонин во мозокот преку внесување здрави јаглехидрати (како сладок компир и хумус), лосос, мисиркино месо, јајца, јатки, семиња, суплементи како шафран и окситриптан, и преку вежби со брз интензитет.rn
Тип 4: Чувствителен мозок
rnОвој тип на мозок има зголемена активност во лимбичкиот систем, емотивните центри на мозокот.rnrnТип на личност: Кога имате чувствителен тип на мозок значи дека имате голема емпатија кон пријателите, семејството, сограѓаните и секое крзнено животно. Може длабоко да ве погоди некоја музика, филмови и други уметнички форми. Насилните филмови, објавите кои шират говор на омраза и вестите се претешки за вас, па презаситувајќи се од нив, автоматски може да ви се појават негативни мисли.rnrnКариерен развој: Овој чувствителен мозок е чест меѓу терапевтите, здравствените работници, социјалните работници и креативците.rnrnСтил на учење: Бидејќи бучните места се премногу за вас, барајте места за учење надвор, каде што ќе можете да учите во тишина со слушалки на ушите. Барајте советници, ментори или професионалци кои ќе ве поддржуваат.rnrnВрски: Поврзани сте со блиските, па лесно може да процените кога на партнерот му треба прегратка или пак простор. Бидејќи сте многу осетливи на надворешни стимулации, понекогаш ви треба време за осамување за да ги наполните батериите, но вашиот партнер може тоа да го сфати лично.rnrnПотенцијални проблеми: Тоа што сте премногу чувствителни може да ве направи подложни на депресија, зависност и нарушувања од типот биполарно нарушување.rnrnСмирете ги емотивните центри во мозокот со здрави масти како авокадо, бадеми, лосос, земајте омега 3 масни киселини, витамин Д и практикувајте физичка активност како танцување или тимски спортови.rn
Тип 5: Претпазлив мозок
rnЗголемената активност на центрите кои предизвикуваат вознемиреност, како базалната ганглија, инсуларниот кортекс, или амигдалата, се среќава кај овој тип мозоци.rnrnТип на личност: Ако имате внимателен тип на мозок, вие често сте анксиозни, што вообичаено ве прави поподготвени. Луѓето од овој тип имаат толку зафатени мозоци, што дури и тешко се релаксираат. Можеби сте склони да го очекувате најлошото и имате страв од неуспех, што ве спречува да ги остварите вашите соништа.rnrnПрофесионален развој: Сакате безбедност и имате аналитички мозок, па се насочувате кон професии како сметководство, истражување и анализа на податоци.rnrnСтил на учење: Подготвени сте да посветите и повеќе време за учење, но и покрај тоа што сте добро подготвени, на тестирањата може и да не ги постигнете очекуваните резултати.rnrnВрски: Имате страв од отфрлање и постојано барате потврда од партнерот за неговата љубов, па тоа може да делува загушувачки за него.rnrnПотенцијални проблеми: Овие личности може да се соочат со анксиозност и зависности.rnrnПомогнете си себеси со тоа што ќе избегнувате кофеин, алкохол и благи работи. Надополнете ја вашата исхрана со магнезиум и Б6, и практикувајте јога за смирување.rnrnОткако научивте нешто ново за себеси, дали сте спремни за еден мал мозочен предизвик? Тестирајте ја брзината на вашиот мозок! Колку облици можете да забележите?
-

Истренирајте го мозокот да помни подобро само со една мала навика
Овој метод е стар 100 години, но сега е повторно актуелен и тоа со причина. Вреди да го пробате.rnrn
rnrnПри процесот на стареење, една од неизбежните работи е губењето на способноста за помнење. Но, со помош на една формула развиена од германскиот психолог Херман Ебингос, кој бил експерт во експерименталното проучување на меморијата, стареењето може да биде само бројка.rnrnУниверзитетот од Ватерлу ја објаснува формулата. Станува збор за крива, која е највисока веднаш по, на пример, еден час предавање. Еден ден по предавањето, доколку не сте направиле ништо со материјалот, ќе изгубите околу 50-80% од меморијата. По седмиот ден, ќе се сеќавате на само 10%, а по триесеттиот ден информацијата целосно ќе ја нема (можеби ќе останат 2-3%). По ова, ќе треба да го слушате предавањето од почеток. Но, тука е интересниот дел: како да го научите мозокот да ја измени кривата?rnrnПо само 20 минути вежбање, ќе запомните сѐ што сте научиле. Ова е возможно со помош на просторни интервали за да го процесирате материјалот одново.rnrnФормулата на Ебингос вели да поминете 10 минути вежбајќи го материјалот што сте го научиле во последните 24 часа. Седум дена потоа, потрошете пет минути да го повторите истиот материјал и да ја вратите кривата повторно на 100%. Кога ќе стигнете до триесеттиот ден, вашиот мозок бара само две до четири минути за целосно да го повтори материјалот и повторно да ја крене кривата. Тоа значи, 20 минути потрошени за учење на специфични интервали ќе ви помогнат целосно да го запомните материјалот.rnrnУчењето може да биде многу полесно доколку го користите овој метод наместо да учите цела ноќ пред испит. Вложете 20 минути за и да го имате тоа знаење засекогаш.rnrnДоколку сакате да ја подобрите меморијата, активностите може да ви помогнат во тоа.