Мачињата се познати по тоа што не го сакаат баш времето за капење и водата, но ако се земе за пример ова слатко маченце, тогаш големите, длабоки мориња не им претставуваат никаков проблем. Уште од 2008-та година, персиското маче Сејлор (анг. морнар) е член на екипажот на руски туристички брод кој плови од Москва до Санкт Петербург.rnrn
rnrnТој својот престој го заслужува „работејќи“ со капетанот Владимир Котин и дури има своја униформа за да го докаже тоа. Сејлор има мал декориран костум со шапка и секоја вечер ја чува капетанската кабина од полноќ, па сѐ до 4 часот наутро.rnrnСејлор е веројатно најслаткиот морнар кој некогаш пловел, што му дава на бродот за крстарење една интересна туристичка атракција, бидејќи патниците едвај чекаат да го видат. Но, тој не е единственото маче на бродот. Тој има и свое другарче – Ботсвејн, кој е неговиот прв ортак и носи маичка на риги и морнарска капа. Иако одлично се согласуваат, Ботсвејн е мрзлив и често може да се забележи како дреме во некој агол.rnrn
rnrn
Tag: морнар
-

Ова маче е најслаткиот морнар на бродот
-

Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“
Автор: Моника ТрајковскаrnrnЗа оваа пролет, долгогодишниот фотограф задолжен за маркетинг кампањата на „Guess“, Елен Вон Анверт и моделите Амбер Херд и Силву Тулу, отидоа на интересна авантура за да ја претстават новата пролетна колекција за 2012. Необичната маркетинг идеја е кратка приказна за морнар кој ќе се заљуби во девојка и ќе се обидува да ја освои додека тие се изгубени на море.
Тие налетуваат на прекрасен тропски остров каде што тој ќе успее во својата намера и нивната романса страсно ќе започне. Неверојатните црно-бели фотографии, кои се заштитен знак на „Guess“ одлично ја доловуваат новата љубов на двајцата изгубени која малку наликува на Холивудските приказни од златните години.rnrnИдејата на оваа реклама е да се однесе публиката на место покрај море, далеку од студената зима и да се приближи до топлите пролетни денови кои доаѓаат. Колекцијата главно е инспирирана од модата во 60-тите, но има и некои современи додатоци.








rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








