КАФЕ ПАУЗА

Tag: море

  • Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографии

    Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографии

    Глетката на водена површина е доволна за да предизвика задоволство, но таа под себе крие еден уште поубав мистериозен свет кој предизвикува воздишки кај секого. Фотографот Дејвид Дубиле имал среќа уште како дете да научи да нурка и да го открие необичното подводно шаренило кое потоа за него цел живот ќе претставува извор на инспирација. Денес тој ги посетува морињата и океаните низ целиот свет во потрага по момент од подводниот живот кој е совршен за фотографирање.Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииСпоред неговите зборови, најголемиот предизвик во неговата работа е да создаде визуелен глас на океанот и да ги поврзе луѓето со неверојатната убавина и тивкиот пустош кој се случува во невидливиот подводен свет.Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииДејвид е еден од најпознатите фотографи чија специјалност е подводната фотографија. Неговите дела редовно се појавуваат во магазинот „National Geographic“, а за нив има освоено и многу меѓународни признанија.Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Места каде што некогаш владееле пиратите

    Места каде што некогаш владееле пиратите

    Денеска можеби е чудно кога слушаме како сомалиските пирати се кријат и пустошат во малиот Аденски залив, но тоа не било отсекогаш така. Порано не постоела технологија која светот го правела мал, па пиратите лесно можеле да си најдат некое убаво место за криење и да чекаат некој брод за да го ограбат. Ова се местата каде што тие најчесто оперирале во минатото.rn
    rn

    Протокот Малака

    rnПротокот Малака ги раздвојува Малезија и индонезискиот остров Суматра. Тоа бил главниот пат од Пацификот кон Индискиот Океан по кој поминувале многу бродови кои често биле пресретнувани од пирати.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Бахамите

    rnБахамите и останатите Карипски острови биле совршено место да се пречекаат шпанските освојувачи, чии бродови секогаш биле натоварени со злато од Средна и Јужна Америка. Омиленото место на пиратите од целиот архипелаг им бил островот Насау.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Порторико

    rnШпанците изнесувале премногу злато од Порто Рико, што го натерало младиот морепловец Роберто Кофрези да им се спротистави со тоа што станал пират. Најчесто тероризирал во близина на родното место Кабо Рохо, каде што денес му е подигнат споменик.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Ла Марса

    rnЛа Марса е мало крајбрежно гратче во Тунис кое редовно било посетувано од Берберските пирати. Освен таму, дивееле по целиот северноафрикански брег. Покрај ограбувањето бродови, се занимавале и со поробување луѓе кои потоа ги продавале како робови.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Мадагаскар

    rnНајголемиот африкански остров има совршена локација за поставување пиратска заседа. Тука биле пречекувани европските трговски бродови кои пловеле кон Индија и останатите земји од Југоисточна Азија.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Сулавеси

    rnОстровот Сулавеси е дел од индонезискиот архипелаг, на границата помеѓу Тихиот и Индискиот Океан. Овде и денес оперираат некои пиратски групи, кои не добиваат големо медиумско внимание како оние од Сомалија.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Куба

    rnПиратите знаеле како да ги искористат мочурливите заливи околу Куба за добро да се сокријат, а редовно го ограбувале и населението по целиот остров.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Шамун

    rnЈужнокинескиот град Шамун бил базата на најпознатата жена-пират во историјата, Чинг Ших. Таа командувала огромна флота во која служеле преку 80.000 пирати составена од мажи и жени, па дури и деца. Била посилна од кинеската морнарица, па на крајот склучиле сојуз според кој што Чинг Ших престанала да ограбува, а можела да го задржи целото богатство и да живее во изобилие без да одговара за злоделата.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Јамајка

    rnКарипските пирати кои ги ограбувале англиските и шпанските бродови со ограбено злато најчесто се упатувале кон Порт Ројал во Јамајка каде што го продавале пленот.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Мумбаи

    rnОстровчињата во близина на Мумбаи биле базата на Канхоџи Ангре, кој за трговците од Европа бил пират, а за Индијците бил борец за ослободување од колонизаторите кои изнесувале огромни богатства од Индија. Никогаш не загубил битка.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

    Бретања

    rnКорзери биле приватни бродови кои имале овластувања од француските власти да „наплаќаат баждарина“ од бродови кои пловат под знаме на некоја земја која војува со Франција. Иако не биле одметници, сепак ваквото однесување е пиратско.Места каде што некогаш владееле пиратите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кинопроекции на отворено море

    Кинопроекции на отворено море

    Замислете како вашиот култен филм го гледате среде отворено море, на удобен сплав, кој повремено се занишува од брановите… Би сакале ли, покрај со миризбата на солените пуканки, атмосферата да ја зачините и со свежината на морските широчини, додека нозете ви се брцнати во солената вода?rnrnОрганизаторите на тајландскиот филмски фестивал „Fil on the Rocks Yao Noi“, се одлучиле за токму вакви кинопроекции. За љубителите на големото платно, тие го создале најдоброто кино досега, односно првата киносала, која лебди над вода. Удобните седишта ги поставиле на сплавови, сместени во преубав залив, опркужен со високи карпи и со џунгла.Кинопроекции на отворено мореОваа најкул киносала во светот, наречена „Кино Архипелаг“, е дело на архитектот Оле Шерен. Тој градбата ја конструирал од рециклирани материјали, кои после фестивалот завршиле кај жителите на најбликото тајландско село.rn
    rn

    „Дури и помислата да гледате филм тука е шокантна. Ве обзема безвременско чувство, кога ќе го видите целиот аудиториум како лебди над водената површина, фокусиран на подвижни слики среде отвореното море“, изјавил Шерен за време на фестивалот.

    rnКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено море
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“

    Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnЗа оваа пролет, долгогодишниот фотограф задолжен за маркетинг кампањата на „Guess“, Елен Вон Анверт и моделите Амбер Херд и Силву Тулу, отидоа на интересна авантура за да ја претстават новата пролетна колекција за 2012. Необичната маркетинг идеја е кратка приказна за морнар кој ќе се заљуби во девојка и ќе се обидува да ја освои додека тие се изгубени на море. Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Тие налетуваат на прекрасен тропски остров каде што тој ќе успее во својата намера и нивната романса страсно ќе започне. Неверојатните црно-бели фотографии, кои се заштитен знак на „Guess“ одлично ја доловуваат новата љубов на двајцата изгубени која малку наликува на Холивудските приказни од златните години.rn

    rnИдејата на оваа реклама е да се однесе публиката на место покрај море, далеку од студената зима и да се приближи до топлите пролетни денови кои доаѓаат. Колекцијата главно е инспирирана од модата во 60-тите, но има и некои современи додатоци.Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Плажа која изгледа како огромно капучино

    Плажа која изгледа како огромно капучино

    Пиејќи го вашето омилено кафе, можете да ги гледате прекрасните фотографии од овој навистина необичен феномен. Сигурно се прашувате за каква плажа со изглед на капучино станува збор? Плажа каде се служат бесплатни капучино кафиња? Или пак можеби плажа декорирана во бојата на капучиното? Сепак, не станува збор за никаква човечка креација. Овојпат природата си поиграла со океанските бранови и создала неверојатна, а воедно и прекрасна „капучино“ плажа.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnСе работи за исклучително несекојдневен феномен што неодамна повторно ги изненади жителите на Кејптаун во Јужна Африка. Во предградието, брановите од океанот во еден момент изгледале како пена од кафе, а самиот океан наликувал на голема шолја капучино. Оваа ретка и необична појава е позната уште како „морска пена“ или дури „плажарска пена“.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnСпоред експертите, извонредните кафе-меурчиња настанале како резултат на распаѓањето и разградувањето на морските алги, мртвите риби и планктоните (ситни организми) кои лебдат на површината на водата. Моќните водни струи биле причина за формирањето на малите меурчиња, кои заедно го предизвикале овој навистина редок феномен.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnТие објаснуваат дека кога брзината на ветрот е поголема од шест метри во секунда, тогаш енергијата пренесена од ветерот во водата е пропорционално повисока и силата позната како „површински напон на водата“, не е доволна да ги држи заедно молекулите на површината. Тогаш, водата се „крши“ на мали капки и се формира бела пена што наликува на пена од кафе.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnТаканаречената „капучино“ бура, ја изненадила Африка и во 2008 година, за потоа после четири години да се појави повторно. Погледнете и снимка од оваа несекојдневна појава.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучино
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најпознати пирати во историјата

    10-те најпознати пирати во историјата

    Знаете ли како најозлогласените пирати во историјата, се впуштиле во разбојништво по морињата и океаните? Дел од нив, биле од богати и угледни семејства…10-те најпознати пирати во историјата1. Ен Бони е меѓу најпознатите жени-пирати. Родена е во ирската провинција Корк и е вонбрачно дете на адвокат и слугинка. Ен уште како малечка се разликувала од другите деца, нејзиниот живот бил необичен и турбулентен. Во еден момент, татко ù одлучил да ја напуштат Ирска и да се преселат во Северна Америка, каде Ен се запознала со нејзиниот иден сопруг, сиромашниот морнар и пират, Џејмс Бони. Ен го напушта богатиот живот, се мажи за Џејмс и заедно заминуваат на Бахамите. Но, нивниот брак завршува, кога опасната и убава Ен го сретнува познатиот пират, Калико Џек и одлучува да избега со него…rnrnПознато е дека се борела облечена како машко и одлично управувала со пиштол. Во една од борбите, сите пирати на бродот на Калико биле фатени и осудени на смрт. Смртната казна на Ен била неколку пати одложувана, заради нејзината бременост. Се претпоставува дека таа воопшто и не била спроведена, дека нејзиниот моќен татко излобирал да ја ослободат и да ù креираат нов идентитет.10-те најпознати пирати во историјата2. Црната брада е најголемата пиратска легенда во историјата, иако неговите подвизи се едни од најкратките и траеле околу 15 месеци. Не се знае ништо за неговото потекло, се претпоставува само дека е од Бристол. Бил гусар во британска служба за време на војната за шпанското кралство. Кога таа завршила, тој останал без работа, и како и многу други во тоа време, преминал во пиратството.rnrnСе приклучил на екипажот на не толку познатиот Бенџамин Хорниголд. Многу брзо се стекнал со пиратско искуство и кон крајот на 1717 година, тој веќе имал сопствен брод, кој се викал „Одмаздата на кралицата Ана“. Бродот бил вооружен со 40 топови и не можела да го победи ниту една воена флота. Со многубројните разбојништва, Црната брада за помалку од една година станал легенда.rnrnТој е симбол за крвожедно чудовиште, кое ги тероризира морињата, сее смрт и има безброј ограбени бродови. Црната брада никогаш не бил фатен и осуден.10-те најпознати пирати во историјата3. Стид Бонет е познат како пират-џентлмен. Откако се распаднал неговиот брак, Бонет одлучил да го напушти удобниот живот на Барбадос и да започне со пиратството. И покрај тоа што немал никакво искуство како морнар, тој купил брод, го нарекол „Одмазда“ и тргнал во поход.rnrnНа пат до Хондурас, на отворено море се сретнал со Црната брада. Со оглед на неколку пати поголемиот екипаж кој го поседувал Црната брада, на Бонет не му преостанало ништо друго, освен да се предаде. По извесно време моќниот пират решил да го ослободи и да му го врати бродот. Но, неговите луѓе го прогласиле за неспособен капетан, го напуштиле и останале со Црната брада.rnrnПодоцна Бонет бил фатен и осуден на смртна казна, но властите одлучиле да го помилуваат. Ова за Бонет не било доволно да се откаже од пиратството, го сменил идентитетот, го преименувал бродот и продолжил со ваквиот начин на живот. И по вторпат бил фатен и заедно со 30-члениот екипаж осуден на бесилка. Овој пат, немало кој да го помилува.10-те најпознати пирати во историјата4. Чанг По Цај бил син на рибар од Хонг Конг. Тој на 15-годишна возраст бил киднапиран од пирати и посвоен од киднаперите, кои подоцна и ги наследил. Тој живеел како пират за време на династијата Чинг. Се претпоставува дека поседувал 600 бродови и имал преку 50.000 следбеници. Во 1810 година, Чанг По го напуштил овој живот и ù се приклучил на императорската флота Чинг, каде како капетан го поминал остатокот од својот живот. За него се шпекулира дека има големо скриено богатство, кое се наоѓа во пештерата именувана по него, лоцирана на островот Cheung Chau.10-те најпознати пирати во историјата5. Едвард Ингланд – Неговото вистинско име е Едвард Сигар. Тој бил пират од 1717 до 1720 година. Ограбувал бродови во Индискиот океан, во близина на африканскиот брег. Да живее како пират бил принуден од страна на капетанот Кристофер Винтер, кој го киднапирал и го направил дел од својот екипаж. Едвард подоцна ја презел командата врз украдениот брод „Ројал Џејмс“, кој го преименувал во „Бисер“. Но, неговиот четврт господар го исфрлил од бродот, заедно со уште двајца членови на екипажот. Умрел молејќи за храна, кон крајот на 1720 година.10-те најпознати пирати во историјата6. Вилијам Кид се претпоставува дека е роден во Шкотска, во 1645 година. Најпрво започнал како ловец на пирати. Му било предложено да стане легален гусар, кој ќе работи во име на државата. Но, Кид тоа го злоупотребил, почнал да напаѓа буквално сè, без да ги почитува правилата.rnrnНа бродот се подготвувал бунт против неговото насилно однесување, но Кид дознал за ваквите намери на екипажот и го убил предводникот на бунтот, Вилијам Мур. Со тоа ги исплашил останатите на бродот и ги спречил да му се спротивстават.rnrnИако, законите во 17 век, им давале голема слобода на морнарските капетани да употребуваат насилство врз екипажот, со цел тој да биде послушен, сепак, не дозволувале убиство. Кид тоа добро го знаел, но намерно го кршел законот. Напаѓал и бродови на моќна трговска организација, која подоцна, од англискиот парламент побарала Кид да биде прогласен за пират. Властите не можеле да ù се спротивстават на компанијата и го реализирале нејзиното барање.10-те најпознати пирати во историјата7. Томас Тју e познат како пиратот од Роуд Ајленд. Најверојатно е роден во Англија, а подоцна заедно со неговите родители, емигрирал во колониите во Роуд Ајленд. Во 1692 година, Тју се преселува на Бермудите. На крај завршува на островот Мадагаскар, во Индискиот Океан, односно на популарното седиште на пиратите во тоа време.rnrnИ тој бил англиски гусар, кој подоцна станал пират. Имал само две пиратски патувања. На првото, заробил брод во Црвеното Море, на патот од Индија кон Отоманската империја. Бродот носел злато и сребро во вредност од 100.000 фунти. Тју починал на второто патување, во битка во која се обидел да го преземе бродот „Могул“ на султанот Фатех Мухамед.10-те најпознати пирати во историјата8. Ховел Дејвис бил капетан на четирите брода, „Кадоган“, „Бук“, „Св. Џејмс“ и „Ровер“. Тој е добро познат во историјата, иако неговата пиратска кариера траела само 11 месеци. Велшкиот капетан, меѓу другото, останал запаметен и по земањето на популарниот пират Бартоломеј Робертс, да му служи како навигатор.rnrnДејвис станал пират кога бродот со робови „Кадоган“, во кој бил помошник капетан, бил заробен од страна на познатиот Едвард Ингланд. Одлучил да му се приклучи на Ингланд, кој подоцна му ја предал командата врз „Кадоган“.rnrnЗа разлика од другите пирати, тој не користел сила, туку се служел со измама и трикови. Еден од неговите најголеми подвизи е киднапирањето на командант на кралско-африканска компанија, за кој успеал да земе висок откуп. Го измамил дека е легитимен гусар, го поканил на вечера и го заробил.rnrnДејвис починал на 19 јуни 1719 година. Бил застрелан, кога се обидел да киднапира гувернер на португалски остров.10-те најпознати пирати во историјата9. Бартоломеј РобертсНеговото вистинско им е Џон Робертс и е меѓу најуспешните пирати во златното доба на пиратството. Се проценува дека заробил 470 бродови. Велшкиот пират ги тероризирал морињата меѓу Америка и Западна Африка, од 1719 до 1722 година.rnrnПознато е дека започнал да плови од 13-годишна возраст, а станал пират на околу 40 години. Бил нападнат од страна на двата пиратски брода, „Ројал Ровер“ и „Ројал Џејмс“, предводени од Ховел Дејвис. Тогаш Дејвис ги открил неговите способности како навигатор и го зел во својот екипаж. Подоцна, по смртта на Дејвис, Бартоломеј станал капетан на бродот „Ројал Ровер“. Починал во една од битките, во февруари, 1722 година.10-те најпознати пирати во историјата10. Чарлс Вејн е англиски гусар, кој станал пират во 1716 година. Тој е познат по тоа што запленувал само англиски и француски бродови. Својата база ја поставил на Бахамите.  Покрај со непријателите, Вејн бил суров и со својот екипаж. Ги мамел и им го земал делот од пленот.rnrnВо февруари, 1718 година, бил фатен од страна на Винсент Пирс, командант на „ХМС-Феникс“, но бил помилуван и ослободен, по што повторно му се вратил на пиратството. Успеал да избега од очите на кралската флота, која го надгледувала после помилувањето, но кога се вратил на бродот, екипажот едногласно одлучил тој повеќе да не биде командант.rnrnИ покрај сè, Вејн не се откажал од овој начин на живот, успеал одново да се искачи на врвот на пиратсвото, со напади и преземања на многу големи бродови. После долга и агресивна пиратска кариера, тој бил повторно фатен и егзекутиран во 1721 година, во Јамајка.10-те најпознати пирати во историјата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Предели насликани како што ги гледа човечкото око

    Предели насликани како што ги гледа човечкото око

    Пределите во природата предизвикуваат различни расположенија кај нас, а тие постојано се менуваат зависно од промените на временските услови, периодот од денот или годишното време. Вооружени со палета од бои, уметниците имаат за цел да го насликаат она што го гледаат, или како верен приказ или како поетска интерпретација на расположението што глетката го предизвикала кај нив.rnrnПредели како што ги гледа човечкото окоrnrnПред да биде пронајдена фотографијата, пејсажното сликарство било единствен начин визуелно да се забележи некој предел. Дури во времето на романтизмот, од крајот на 18-от век, на пејсажот му било дадено големо значење. Пејсажот, како таков, станал мотив сам за себе и дури тогаш целосно се искористени можностите што тој ги нуди. Погледнете како изгледаат овие пејсажи насликани и фотографирани.rn

    1. Природен мост

    rnПриродниот мост во Вирџинија на Дејвид Џонсон од 1960 година, прикажува едно американско чудо на природата. Мајсторската техника и големото внимание што го посветил на деталите, ја прават оваа слика извонредна.rnrnПредели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото окоrn

    2. Санти мраз на Антарктик

    rnОваа прецизно изработена слика е дело на Иван Ајвазовски од 1870 година. Инспирација за оваа слика му биле експедициите кои ги водел адмиралот Михаил Лазарев од 1788 до 1851 година на Антарктикот.rnrnПредели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото окоrn

    3. Бел Ил

    rnСлужејќи се со кратки потези карактеристични за импресионистичката техника, Клод Моне ја уловил светлината на немирното море на сликата Карпата Бел Ил (1886 г.) крај брегот на Бретања.rnrnПредели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото окоrn

    4. Јелоустоун

    rnВо 1871 година Томас Моран ù се придружил на геодетската екипа која одела во Јелоустоун на Карпестите Планини. Неговите слики помогнале во убедување на Конгресот да го прогласи Јелоустоун за прв национален парк во Америка.rnrnПредели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото окоrn

    5. Фингалова пештера

    rnСликарот Тарнер ја посетил Фингаловата пештера на островот Стафа во Шкотска во 1831 година. Врз него, најсилен впечаток оставил облакот што бил растргнат од ветрот во предвечерјето.rnrnПредели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото окоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одморалиштето „Златно око“ во Јамајка

    Одморалиштето „Златно око“ во Јамајка

    Ако појдете во Јамајка и го посетите одморалиштето „Златно око“, очекувајте дека тоа ќе биде почеток на вашата нова љубовна врска… со самото место. Ова одморалиште е поранешен дом на креаторот на Џејмс Бонд – 007, Јан Флеминг, кое во 1976 година го купи основачот на  Island Records, Крис Блеквел.Одморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето неодамна беше реновирано и сега се состои од 22 единици, вклучително 9 куќи покрај плажа, 8 лагунa-куќички, оригиналната вила на Флеминг и 4 куќи изградени од страна на Блеквел. Куќата која некогаш му припаѓаше на Флеминг, се состои од 3 спални соби и една главна соба со поглед кон море.Одморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во Јамајка
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Златни плажи, сино небо, тиркизно море… безгрижно лето

    Златни плажи, сино небо, тиркизно море… безгрижно лето

    Златни плажи, силно сонце, сино небо, шарени чадори, тиркизно море, прекрасни луѓе, коктели, млеко за сончање… Премалку зборови за да се опише едно бескрајно, мрзеливо и безгрижно лето. Сликарката Касија Доманска од Полска својата инспирација ја пронаоѓа токму во овие убавини. Нејзините слики вистински го отсликуваат летото, како период на тотална релаксација и препуштање на убавините. Погледнете дел од нејзината извонредна работа.rnrnЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зачудувачки факти за Земјата

    Зачудувачки факти за Земјата

    Земјата постојано ни открива нови тајни. Многу луѓе не се свесни за нив… Еве ги најзачудувачките факти за нашата планета:rnrnЗачудувачки факти за Земјатаrn

      rn011

    • Веќе знаете дека Земјата не е округла, туку благо сплескана на половите. Оваа форма се вика плоскат сфероид.
    • rn

    rn

      rn011

    • Најдлабокото езеро на светот е Бајкалското, кое се наоѓа на територијата Русија. Неговата должина изнесува 643 километри, максималната широчина му е 48 км, а длабоко е 1,6 км. Се вели дека водата од петте најголеми езера би можелa да се сипат во него.
    • rn

    rn

      rn011

    • Повеќето пустини на земјата не се целосно покриени со песок, туку содржат и доста камења и ситен песок. Од целиот пустински предел, само 15% е песок.
    • rn

    rnЗачудувачки факти за Земјатаrn

      rn011

    • Каспиското море е најголемата затворена водена површина на земјата која се наоѓа помеѓу границите на Русија и Иран.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако испари целата вода од океаните, солта што ќе остане распространета на површината на Земјата ќе направи слој дебел 152 метри.
    • rn

    rn

      rn011

    • На секои 1.000 метри, температурата на планините опаѓа за околу 5,5 степени Целзиусови. Најдолгиот планински венец го сочинуваат Андите во Јужна Америка со должина од 7.282 км. По нив се Карпестите планини и Хималаите, Големите разделени планини во Австралија и Трансарктичките планини.
    • rn

    rnЗачудувачки факти за Земјатаrn

      rn011

    • Според експертите, секоја година по околу 1.000 тони парчиња од вселената врнат на нашата планета.
    • rn

    rn

      rn011

    • Понекогаш земјотресите се многу деструктивни и предизвикуваат масовно уништување и смрт на животни, луѓе и растенија. Фактот е дека Земјата произведува 1 милион земјотреси годишно. Но, само малку од нив се деструктивни, а повеќето се безопасни. Голем број од нив не се ни чувствуваат и поминуваат незабележано.
    • rn

    rn

      rn011

    • Земјата има многу атмосферски слоеви кои се наоѓаат околу неа и ја штитат. Помеѓу нив, тропосферата е најнискиот и најтенкиот слој кој е најблиску до Земјата. Се наоѓа на околу 16 км од нејзината површина, но има најважна улога во нашата заштита.
    • rn

    rn

      rn011

    • Се смета дека Долината на смртта во Калифорнија е најжешкото место на Земјата. И несомнено е. Сепак, најжешката забележана температура е во Ал Азизија, Либија, која изнесувала 57,8 степени Целзиусови, измерена на 13 септември 1992. Највисоката температура измерена во Долината на смртта изнесува 56,6 степени Целзиусови на 10 јули 1913.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.