КАФЕ ПАУЗА

Tag: море

  • Како изгледа идеалниот викенд на секој хороскопски знак?

    Како изгледа идеалниот викенд на секој хороскопски знак?

    Некој ужива во скијањето, друг нуркајќи во солено море, трет во мирен ручек со најблиските… Секој од нас има посебни желби и нешто во кое целосно ужива, а астрологијата може барем отприлика да погоди кои се најзабавните активности на секој хороскопски знак. Доколку ве интересира како би изгледал вашиот идеален викенд, продолжете да читате.rnrnКако изгледа идеалниот викенд на секој хороскопски знакrn

    Овен

    rnЗа овните тоа би било викенд украден од сценариото на Џејмс Бонд, тркање со мотори, скокање со падобран или возење скутер по вода. Не е битно за каква активност станува збор, но важно е да биде време набиено со акција и да не е досадно ниту една секунда. Главниот иницијатор на забавата, се разбира, ќе биде токму тој.rn

    Бик

    rnБикот сака мирен викенд, сликајќи се покрај езеро, романтично ноќевање во некој убав хотел и сето тоа гарнирано со обилни ручеци и вечери со звукот на виолина покрај нивните уши. Оние кои имаат подлабок џеб, би се почестиле со луксузно патување, а крстарење со All Inclusive услуга им звучи едноставно божествено.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат да живеат во младоста, па токму затоа за време на викендот сакаат со група весели пријатели да одат на концерт или на свирка на нивниот омилен бенд, а потоа лудо да се возат по улиците низ градот, да танцуваат на дожд или да ја чекаат зората во својата уморно-пијана состојба. Тие се задоволство би пошле и на патување во некоја друга земја.rn

    Рак

    rnРакот нема вистински да ужива доколку не се собере цело семејство околу него, барем на еден неделен ручек, посетувајќи го своето родно место и присетувајќи се на неговото детство. Како добитна комбинација би одбрал мирно и познато место во кое ќе се опушти со црцорењето на птиците, мирисот на природата и домашно приготвена храна. А доколку планот за фамилијарното собирање пропадне, ќе ги повика пријателите на скара или на дружење на тераса со кафе и некој освежителен пијалак, проследено со мирна музика.rn

    Лав

    rnИдеалниот викенд на лавот е секогаш поврзан со летниот период. Журка на палуба на бродот или на плажа со многу храна и пиење. За време на деновите од викендот тие би скијале по вода или би се возеле со глисер, а не би им пречело сето тоа да го сними и некоја ТВ екипа и да го прикаже на малите екрани, за сите негови познаници да му позавидат.rn

    Девица

    rnДевицата копнее по некаков велнес викенд во луксузен спа-центар, во кој конечно ќе се одмори од лудата работна седмица. По вештите раце на масерот, во мирисливата бања и во лековитата кал, ќе заборави на сите свои грижи и ќе ги закрепне телото и духот.rn

    Вага

    rnВагата копнее по одличен шопинг, по можност во странство, во некоја од европските метрополи. Доколку притоа ѝ се укаже можност да влета на некоја модна ревија или на after party на џет-сетот на некоја јахта, сето тоа проследено со вкусни деликатеси и квалитетен алкохол, ќе се врати дома со исполнето и задоволно срце.rn

    Скорпија

    rnДоколку во сабота и недела, скорпијата нема барем една долга жешка ноќ, ништо од идеалниот викенд. Саботното попладне со задоволство би го поминале гледајќи си на кафе со пријателите, вечерта би отишле во некој забавен секси бар со партнерот, а потоа следува… неделен појадок во кревет, зарем не? :)rn

    Стрелец

    rnСпортски настроените стрелци би дале сѐ викендот да го поминат на рафтинг или на скокање со падобран или кајакарење. Нив секогаш им одговара авантура која ќе ги тестира нивните физички способности. Но, понекогаш сакаат да ги тестираат и менталните способности, па и дводневен семинар за некоја тема што ги интересира не би им пречел. Стрелецот би уживал и во кампување за време на викендот.rn

    Јарец

    rnЈарецот е повеќе зимски тип. Идеален викенд за него е оној поминат во викендичка на планина, без разлика дали надвор има снег или пука сонце. Тие сакаат да патуваат, а кога го чинат тоа сакаат да видат сѐ што можат. Па, доколку сте во врска со јарец и појдете на патување, спремете се на строг распоред и многу часови поминати разгледувајќи знаменитости и природни убавини.rn

    Водолија

    rnВодолијата ретко кога размислува за себе, кога размислува за тоа како да си го помине викендот. Овие луѓе попрво би демонстрирале против изградба на нуклеарни централи, би ги спасувале шумите, би им помагале на делфините и што ли уште не. За тие два слободни дена во неделата, со сигурност би се обиделе некако да го променат светот. Доколку немаат ваква опција, тогаш би пошле на некој концерт на отворено или би пробале некоја активност која претходно ја немаат испробано.rn

    Риби

    rnНа рибите сѐ што треба да им ветите за да го искусат нивниот идеален викенд, е да им кажете дека ќе бидат покрај вода. Претставниците на овој знак ги обожаваат сите активности поврзани со езеро или море, а нуркањето во солена вода им е една од најомилените водни активности. Доколку не можат да одат некаде покрај вода, би уживале во кино вечер со љубениот/ата и фино јадење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фин МекКул и неговата мудра жена – легендата зад Џиновскиот гребен

    Фин МекКул и неговата мудра жена – легендата зад Џиновскиот гребен

    Џиновскиот гребен е уште едно необично дело на природата кое се наоѓа на североисточниот брег на Северна Ирска во округот Антрим. Настанал како резултат на вулканска ерупција пред 60 милиони години, а сега опфаќа огромна површина на која се наредени и испреплетени 40.000 карпи од базалт. Површините на карпите со текот на времето добиле изглед на скалила со различни големини, некои високи и до 12 метри. Дел од столбовите се издигнати над морската површина во вид на пат.rnrnФин МекКул и неговата мудра жена - легендата зад Џиновскиот гребенФин МекКул и неговата мудра жена - легендата зад Џиновскиот гребенФин МекКул и неговата мудра жена - легендата зад Џиновскиот гребенrnrnОна што е можеби најинтересно во врска со ова место, освен необичниот поглед кој го нуди, е легендата која старите Ирци ја раскажуваат за неговото настанување. Всушност Џиновскиот гребен не го добил своето име поради огромната површина која ја зафаќа, туку благодарение на добро познатиот лик од ирските легенди – џинот Фин МекКул.rnrnА легендата започнува вака…rnrnФин МекКул и неговата мудра жена - легендата зад Џиновскиот гребенrnrnВо дамнешните времиња, кога во северниот дел од Ирска живееле џиновите, Фин МекКул бил најголемиот, најсилниот и најубавиот од сите – или барем тој така си мислел. Неговата сила и херојски подвизи биле надалеку прочуени, што секако е очекувано за водачот на Фиана – групата храбри војници кои го бранеле кралството Ирска. Ниту една задача не била премногу тешка за овој храбар џин, не постоела карпа која што не можел да ја дигне ниту пак река која што не можел да ја прескокне со еден чекор.rnrnТокму поради ова Фин бил навистина изненаден и навреден кога го предизвикале на натпревар во Шкотска, уверувајќи го дека никогаш не би можел да ги победи џиновите кои таму живееле и биле уште поголеми и посилни од него. Секако, предизвикот веднаш бил прифатен и Фин МекКул се зафатил со работа – се решил да изгради пат преку морето со цел достоинствено и без капка вода да го намокри да пристигне на натпреварот. Ја бакнал својата убава жена Онах за збогум и ѝ кажал дека многу брзо ќе се врати – само да го изгради патот преку морето и да им покаже на шкотските џинови кој е главен.rnrnФин напорно работел, носел карпи од планините и ги фрлал во морето едни над други сè додека не се појавиле над површината на водата формирајќи пат. По само три дена половина пат веќе бил изграден, а самодовербата на Фин растела со секоја фрлена карпа во морето. Одненадеж на брегот се појавил негов пријател, вознемирен, и го прекинал во неговата работа.rnrnФин МекКул и неговата мудра жена - легендата зад Џиновскиот гребенrnrn„Фин не сакам да те исплашам,“ му рекол неговиот пријател – но слушнав озборувања за некој чуден џин од Шкотска кој се упатил накај твојот дом и решил да ти покаже кој е навистина главен. Некои велат дека го скокнал морето со само еден чекор без да му треба брод или мост. Не само што бил голем, овој монструм бил и многу силен!“rnrn„Ах, сигурно!“ извикал Фин. „Не верувам ниту еден збор, не постои толку голем џин!“ Иако звучел самоуверено, сепак длабоко во себе за првпат почувствувал страв. „Како и да е, џинот слушнал дека ти си најголемиот, најсилниот и најубавиот џин во цела Ирска, и тоа сигурно воопшто не му се допаднало штом решил да те растргне на парчиња“ – му возвратил пријателот.rnrn„Ќе видиме за тоа!“ – Фин звучел решително. „Уште веднаш си одам дома, ќе седнам и ќе го чекам, па само нека се осмели да се појави пред мојата врата.“ Само што стигнал дома, Фин седнал разочаран и ѝ раскажал сè за чудниот џин на својата убава жена.rnrn„Ако е вистина, ќе ме смачка како мравка!“ – се жалел кутриот Фин, а неговата жена прснала во смеа: „Секогаш се фалиш за твоите мускули, но редно е еднаш да го употребиш и твојот мозок. Сега смири се и остави сè на мене.“ Онах брзо нашла големи, мазни камења кои ги ставила во чинија заедно со едно овесно колаче кое претходно го обележила со својот прст. Во меѓувреме Фин ги искористил своите мускули и набрзина изградил огромна колепка која ја поставил до огништето. Само што ја завршил, земјата почнала да се тресе.rnrn„Тој е, што ќе правам сега?“ – Фин исплашено почнал да лелека на што неговата жена смирено му одговорила: „Земи ја наметкава и капава, облечи се и легни во колепката.“ Фин целиот исплашен од огромниот џин кој се приближувал ја послушал својата жена, па за кратко време веќе бил облечен како бебе и мирно лежел во колепката.rnrn„КАДЕ Е ФИН МЕККУУУУЛ?“ – се слушнал продорен глас од пред вратата, а кога Онах ја отворила таму стоел најголемиот џин што некогаш го видела. „КОГА ЌЕ ГО НАЈДАМ ЌЕ МУ ПОКАЖАМ КОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈСИЛЕН ЏИН ВО ЦЕЛО КРАЛСТВО!“rnrn„Се плашам дека се разминавте со мојот маж“ – му возвратила Онах смешкајќи се мило. „Замина на брегот на морето утринава за да изгради мост до Шкотска, ќе заврши до пладне, може да го почекате.“ Огромниот џин промрморел едно срамежливо благодарам под неговите мустаќи и ја прифатил поканата да влезе внатре.rnrn„Навистина, подобро би било да влезеш и да каснеш нешто пред да се врати мојот маж. Искрено, ќе ти треба сила доколку си решил да се бориш со него, изгледаш како џуџе покрај него!“ – го убедувала Онах. А во колепката, Фин исплашено молчел и се надевал дека неговата жена нема дополнително да го налути огромниот џин.rnrn„Еве, повели колаче“ – му понудила Онах на џинот, ставајќи еден од мазните камења во неговата чинија. Џинот лакомо го грабнал „колачето“ и загризал со сласт „АХХХ!“ – извикал и почнал да плука искршени заби.rnrn„Леле, не ти се допаѓаат?“ – загрижено го прашала Онах. „Омилени му се на нашето бебе!“ Го зела обележниот колач и му го подала на Фин во колепката. Фин го грабнал и со задоволство го изел.rnrn„Зарем е тоа бебето на Фин МекКул?“ – зачудено гледал во колепката. „Навистина е огромно!“rnrn„Да да, веќе му пораснаа и запчиња, стави го прстот во неговата уста и сам ќе се увериш“ – му рекла Онах. Џинот се приближил кон колепката и внимателно го ставил својот мал прст во устата на Фин, а тој со целата сила загризал. „ЛЕЛЕЕЕЕ…“ – извикал од болка џинот. „Ако е толку силно и големо бебето на Фин МекКул нема да седам овде и да чекам да видам колкав е тој!“ – и со трчање п0бегнал од нивната куќа.rnrnФин МекКул и неговата мудра жена - легендата зад Џиновскиот гребенrnrnФин излегол од колепката и ѝ се заблагодарил на мудроста на својата жена која со сигурност му го спасила животот. Мостот никогаш не го завршил ниту пак добил желба некогаш да оди во Шкотска и да се бори со тамошните џинови. Единствено што сакал, е да биде дома и да ги поминува деновите до крајот на неговиот живот заедно со неговата убава и паметна жена. И така, Џиновскиот гребен никогаш не бил завршен.rnrnИнтересно нели?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

    Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

    Овој хотел се наоѓа на брегот на островот Риген во Германија, а се протега на простор од скоро 5 километри покрај бела песочна плажа. Верувале или не, но тој има 10.000 спални соби. Иако е изграден пред повеќе од 70 години, никој нема престојувано во него. Неговото име е „Prora“, а изграден е во периодот од 1936 до 1939 година од страна на нацистите како дел од нивната програма „Сила преку радост“. Целта била да се обезбедат рекреативни активности за германските работници и да се шири нацистичката пропаганда.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалrnrnКомплексот е составен од осум идентични згради, чија вкупна должина изнесува нешто повеќе од 4,5 километри, а истите се наоѓаат на околу 150 метри од плажата. Во нивната изградба учествувале 9.000 работници, а нацистите имале во план да изградат уште 4 вакви комплекси. Во секој од нив се планирало да има кино, хала за фестивали, базени и пристаништа, каде што ќе пристигнувале бродовите за крстарење.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалrnrnПлановите на Хитлер за хотелот биле многу амбициозни. Тој сакал да го има најголемиот ресорт кој некогаш постоел, а во него да има 20.000 кревети. Сите соби во хотелот гледаат кон морето, додека ходниците и собите за вработените гледаат на спротивната страна. Планот бил секоја соба да има во неа два кревети, плакар и лавабо. Собите биле изградени со димензии 2,5 х 5 метри. Бањите и тоалетите се наоѓале на секој кат од зградите и биле заеднички.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалrnrnСепак, комплексот никогаш не бил завршен бидејќи започнала Втората Светска војна, па приоритетите на Хитлер се промениле. За време на војната, многу граѓани од Хамбург се засолниле во овој комплекс, додека подоцна многу бегалци од истокот на Германија биле сместени таму. По војната, „Prora“ се трансформирал во воен комплекс на армијата на Источна Германија. Подоцна, откако Германија се обединила, комплексот станал и згрижувалиште за азилантите од Балканот.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалrnrnДенеска, комплексот е скоро целосно напуштен, освен еден мал дел кој се користи за други цели. Исто така во 2011 година, еден блок од хотелот се претвори во хостел со 400 кревети, а планот е во иднина „Prora“ да се претвори во модерен фамилијарен комплекс со 300 кревети, во кој ќе има тениски игралишта, базени и мал трговски центар.rnrnНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?

    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?

    Кога летото и пријатните температури изгледаат далеку, а вие сте заглавени во работни обврски или се спремате за испити, тогаш имате право барем да сонувате за вакви бунгалови над вода.rnrn

    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Бора Бора
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Малдиви
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Бора Бора
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Панама
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Рангироа, Фрнацуска Полинезија
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Малезија
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Малдиви
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Мореа, Француска Полинезија
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Фиџи
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Хондурас
    rnrn
    Дали сонувате за ваков одмор додека се давите во обврски?
    Бора Бора

  • „Златни рат“ – најубавата плажа во Хрватска

    „Златни рат“ – најубавата плажа во Хрватска

    „Златни рат“ е една од најспектакуларните плажи во Хрватска. Оваа плажа со ситен златен песок е долга околу 530 метри, а интересно за неа е тоа што зависно од ветрот и морските струи го менува својот облик и својата позиција. Оваа плажа е опкружена со прекрасна борова шума и кристално сино море.rnrn„Златни рат“ - најубавата плажа во ХрватскаrnrnТаа се наоѓа јужно на хрватскиот остров Брач, во близина на Бол и со текот на годините постанала едно од омилените туристички места во целиот регион. „Златниот рог“ нуди голем број водени спортови, како скијање на вода, нуркање, возење на банана, како и летање со падобран.rnrn„Златни рат“ - најубавата плажа во Хрватска„Златни рат“ - најубавата плажа во Хрватска„Златни рат“ - најубавата плажа во Хрватска„Златни рат“ - најубавата плажа во Хрватска„Златни рат“ - најубавата плажа во Хрватска„Златни рат“ - најубавата плажа во Хрватскаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите летни карипски дестинации

    Најдобрите летни карипски дестинации

    Карибите се регион во Средна Америка кој изобилува со околу 7.000 убави острови и уште поубавото Карипско Море. Името Кариби потекнува од етничка група Кариби, најголемата група на американски староседелци во регионот. Ние ќе ви прикажеме неколку од многуте прекрасни Карипски острови кои се восхитувачки летни дестинации.rn

    Аруба

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnОва е остров кој се наоѓа во близина на венецуелскиот брег и припаѓа на Холандското Kралство. Познат е по големиот број казина, па затоа и се нарекува „карипскиот Лас Вегас“. Иако е Холандски остров, поголемиот број казина, ресторани, локални барови примаат американски долари.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Бонер

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnОва мало островче е лоцирано во јужниот дел на карипскиот регион и како островот Аруба, и тој е дел од Кралството Холандија. За разлика од Аруба каде што повеќето денови од годината се доста сушни и сончеви, Бонер се наоѓа во ураганскиот појас, па затоа и климата е повлажна. Тој е позната дестинација за нуркање бидејќи изобилува со богат воден животински и растителен свет. Поради постојаните воздушни маси овој остров нуди и можност за едрење.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Бахами

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnБахамите се група на 29 острови, 661 мал песочен остров и околу 2.000 мали карпести островчиња. Бахамските острови се наоѓаат во Северниот дел на Карипското Море. Тука владее тропска клима, но температурата на водата е незначително пониска во однос на другите острови (2-3 степени) поради течението на Голфската струја. Најдобро време за посета на Бахамите е од јуни до септември, па затоа спакувајте го млекото за сончање и право на Бахами. :)rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Пунта Кана, Доминиканска Република

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnПрекрасните плажи на Пунта Кана се местото каде Карибите се спојуваат со Атлантикот. Тоа е најпопуларно туристичко место уште од 1970-те години и тука се наоѓа најголемиот спа-резорт кој нуди можност за прекрасно летно уживање проследено со интересната локална традиција.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Курасао

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnМожеби прво нешто што ќе ви падне на ум кога ќе се спомне Курасао е сино обоениот ликер, но сепак се работи за симпатичен остров на југот на Карибите. Покрај неговиот извонреден воден свет, островот е обиколен со корален гребен кој нуди неповторливо нуркачко искуство.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои се најдобрите нудистички плажи на Балканот?

    Кои се најдобрите нудистички плажи на Балканот?

    Иако денес нудизмот не проаѓа премногу добро со конзервативната балканска култура, верувале или не, на Балканот се појавиле првите нудистички плажи во Европа. На овој полуостров има доволно точки каде што секој може да се бања како од мајка роден.rn

    Хрватска

    rnХрватскиот брег е рај за нудистите. Всушност, Хрватска е првата земја во Европа која што направила нудистичка плажа, и тоа уште на почетокот на дваесеттиот век.rnrnКоверсада е најголемата нудистичка плажа во Европа. Се наоѓа на Истра, каде што сите плажи се со камења, но овде голем дел е покриен со песок. Водата е кристално чиста и одлична за бањање.rnrnВалалта важи за една од најубавите нудистички плажи во светот. Долга е 3,5 км и е оддалечена 8 километри од Ровињ. Најчесто ја посетуваат семејства од цела Европа.rnrnПлажата Соларис има делови покриени со песок, со камења, со трева и поплочени делови. Се наоѓа на живописниот полуостров Лантерна.rnrnРајската плажа во Малинска на островот Крк исто така има делови покриени со песок, со трева и поплочен дел. Зад неа има прекрасна борова шума, а водата е кристално чиста.rnrnНудистичката плажа во кампот Истра исто така е рај за оние што уживаат да се бањаат сосема голи. Скриена е зад густа шума, а пред неа има извонредна глетка на бистрото Јадранско Море.rnrnКои се најдобрите нудистички плажи на Балканотrn

    Грција

    rnСлично како и Хрватска, нудистите ја обожаваат и Грција поради условите кои им ги нуди. Ова се само мал дел од десетиците нудистички плажи во оваа земја.rnrnБанана Бич е полукружен збир од три плажи на островот Скијатос покрај чистите води на Егејското Море. Песокот има златна боја, а капачите во водата често можат да наидат и на делфини.rnrnПлажата Глико Неро на островот Крит е позната по топлите извори кои се наоѓаат под еден дел од плажата и по карпестите предели на кои не е лесно да се сончате. Сепак, глетката од неа е спектакуларна, па затоа се смета за една од најубавите во светот. До неа се стигнува само се пешачење или со брод.rnrnМиртиотиса Бич се наоѓа на островот Крф. Популарна е кај нудистите од целиот свет поради мекиот песок скриен зад еден спектакуларен карпест предел.rnrnОстровот Криси се наоѓа на 8 километри од Крит, долг е пет километри, а широк само еден километар. Целиот е окупиран од нудистите, а најголем дел може да се сретнат на главната плажа.rnrnКои се најдобрите нудистички плажи на Балканотrn

    Црна Гора

    rnНајпознатата нудистичка плажа во Црна Гора е Ада Бојана. Се наоѓа на истоимениот остров формиран во делтата на реката Бојана, каде што таа се влева во Јадранското Море. Покрај неа има и плажи кои не се наменети за нудисти, каде што посетителите можат да се испробаат во некои екстремни спортови на вода.rnrnНа 2,5 километри од Будва е сместена нудистичката плажа Јаз. Тоа е преубав песочен предел скриен зад една шума. Долга е повеќе од еден километар.rnrnКои се најдобрите нудистички плажи на Балканотrn

    Бугарија

    rnВо последните години Бугарија станува атрактивна за европските туристи поради ниските цени, а привлекува и доста нудисти.rnrnСите нудистички плажи во Бугарија се сместени во близина на Варна и Бургас, а за најдобра се смета онаа во близина на сливот на реката Ропотамо. Покрај неа, има уште една прекрасна песочна нудистичка плажа помеѓу Албена и селото Кранево.rnrnКои се најдобрите нудистички плажи на Балканот

  • Волшебни подводни фотографии

    Волшебни подводни фотографии

    Сара Ли е млада 21-годишна фотографка од Хаваите, која сака да фотографира буквално сè што ја опкружува – портрети, пејзажи, подводни фотографии, свадби, животни. Сепак, најголемиот извор на инспирација за младата Хавајка е океанот и сето она што е поврзано со него. Во последните три години таа има направено многу фотографии од луѓе кои бараат адреналин во океанот, без разлика дали тоа е под или над неговата површина.Волшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографии
    rn

    „За мене фотографијата е начин за решавање на одреден визуелен проблем и средство на овековечување на некаков поттик за живот, без разлика дали е под или над површината,“ вели таа.

    rnВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографииВолшебни подводни фотографии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите приватни острови во светот

    Најубавите приватни острови во светот

    Ако имате многу пари и голема желба да побегнете од урбаниот живот, тогаш купување, изнајмување или барем посета на приватен остров е добра опција. На некои од нив сопствениците веќе изградиле туристички центри, а некои се добро сочувани и претставуваат рај на земјата. Ова се најдобрите од нив.rn

    Гуана

    rnГуана е мал приватен остров кој припаѓа на Британските Девствени Острови. На само 3,4 квадратни километри има планини, ридови, пешачки патеки и седум прекрасни егзотични плажи со бел песок. Гуана важи за рај за нуркачите, чии три корални гребени се големо искушение за нив.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Емералд Кеј

    rnЕмералд Кеј е дел од островите Туркс и Каикос. На него е изграден суперлускузен туристички центар, составен од шармантен замок чии делови се разделени со канали од тиркизното Карипско Море, а поврзани со спектакуларни мостови. Може да се купи за 48 милиони долари.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Софител Моту

    rnСофител Моту е еден од рајските острови Бора Бора. На неговите падини и над водата се изградени луксузен спа-центар, хотели, бунгалови и базен.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Мотукаваити

    rnПрестојот на ова островче е многу пријатен со оглед на тоа што на него нема никакви инсекти, а во бистрата вода најчесто можат да се видат делфини. Се наоѓа во близина на Нов Зеланд во архипелагот Кавали.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Енталула

    rnБели песочни плажи, карпи во кои плиска тиркизниот океан, пештери, заливи и неверојатни нуркачки локации се одлика на беспрекорниот приватен остров Енталула. Тој е дел од Филипините, а се наоѓа во провинцијата Палаван.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Тртл Ајленд

    rnАко знаете дека на овој остров е снимен филмот „Сината лагуна“, тогаш ви е јасно за каков егзотичен рај се работи. Феноменалната природа на овој остров во форма на желка може да биде изнајмен за 275.000 долари за седум ноќи. Се наоѓа во близина на Фиџи.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Дајмонд Кеј

    rnДајмонд Кеј е сместен во близина на Хондурас. Припаѓа на вториот најголем корален гребен во светот, што го прави перфектно засолниште за многу егзотични морски видови и место на кое нуркачите не можат да му одолеат. Има неколку колиби кои им се издаваат на туристите за високи цени.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Балисо

    rnБалисо е дел од територијата на Сент Винсент и Гренадин, а го носи епитетот „Пепелашка од Гренадините“. Се верува дека познатиот пират Црнобрадиот во осумнаесеттиот век често застанувал на овој остров. Оние кои мислат дека сè уште имаат шанса таму да најдат некое богатство скриено од него, можат да го купат за 30 милиони долари и да проверат.rnrnНајубавите приватни острови во светотrn

    Некер Ајленд

    rnПриватниот рај на англискиот бизнисмен сер Ричард Бренсон е во негова сопственост од седумдесеттите години на минатиот век. На него е изграден неверојатен туристички комплекс опкружен со колоритен корален гребен и разновиден морски животински свет. Еднонеделно уживање таму чини 330.000 долари.rnrnНајубавите приватни острови во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магична мини плажа отсечена од морето

    Магична мини плажа отсечена од морето

    На околу 100 метри од морето, скриена во зелени пространства, лежи „Playa de Gulpiyuri“, најшармантната мини плажа што некогаш сте ја виделе. Сместена е во рајско заливче, во близина на гратчето Јанес (Llanes), во централниот дел на северното шпанско крајбрежје. Со морето е поврзана преку подземни пештери, односно со главните „виновници“ за нејзиното постоење. Заливот се формирал откако се урнал задниот дел на една од пештерите, оставајќи празнина со дијаметар од 50 метри (карстен феномен познат како sinkhole).rnrnМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоrnrnСо помош пак на плимата и осеката, низ годините полека се наталожил и фин златен песок, кој на плажата ѝ дава неверојатен изглед. Водата е кристално чиста и благо се бранува, иако е далеку од отвореното море. Оваа природна реткост, денес е вистинска туристичка атракција. Ако и вие одлучите да ја посетите, обидете се да ги избегнете викендите, бидејќи тогаш плажата е преплавена со илјадници љубопитни туристи.rnrnИсто така, треба да знаете дека прилично тешко се доаѓа до местото. Тоа е навистина добро сокриено во зелените пространства. Со други зборови, потребен ви е добар GPS или солиден локален водич. :-)rnrnМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.