КАФЕ ПАУЗА

Tag: море

  • Уметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното море

    Уметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното море

    Уметницата Бри Брукс ја слави убавината на океанот преку нејзините неверојатни слики. Насликани на платно, нејзините дела прикажуваат големи површини вода од птичја перспектива, често придружени со брег или бродови.rnrnУметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното мореrnrnКомпозициите се со извонредна сина боја, а Бри обрнува особено внимание на суптилните нијанси на водата. На една слика се гледа темната боја на водата далеку од копното, но и светлосините бранови кои удираат во брегот.rnrnБри патувала низ светот и ги цртала овие слики за да го прикаже нејзиното искуство. Покрај тоа, нејзината инспирација зависи и од нејзиното расположение. Таа сака да го слуша опкружувањето, нешто што често не може да го прави поради вревата од луѓето и автомобилите. Нејзините слики се начин да го запомни светот како мирно место.rn

    „Неодамна почнав да го цртам моето бегство од гужвата од крајбрежните градови. Во свет полн со хаос и места полни со врева, секогаш го ценев моето време поминато во природа.“

    rnУметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното мореrnrnУметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното мореrnrnУметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното мореrnrnУметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното мореrnrnУметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното мореrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Опасни работи што му се случуваат на телото кога ќе проголтате поголема количина солена морска вода

    Опасни работи што му се случуваат на телото кога ќе проголтате поголема количина солена морска вода

    На човечкото тело му е неопходна вода за да живее, но тоа не е во можност да ја обработува морската вода за хидратација. Ако случајно проголтате малку солена вода, тоа не би требало да остави некои последици на вашето здравје, но големите количини може да доведат до сериозна дехидрација.rnrn1-opasni-raboti-koi-mozhe-da-mu-se-sluchat-na-teloto-koga-na-more-kje-progoltate-solena-voda-www.kafepauza.mk_rnrnКонцентрацијата на сол во морската вода е за 75% поголема од концентрацијата на сол во човечкото тело. Телото мора да се избори со таа разлика и да го елиминира вишокот. Морската вода не го хидрира телото, туку го дехидрира. rnrnНесаканите ефекти на дехидрацијата брзо ќе се појават. Овие несакани ефекти вклучуваат сува уста и забрзана работа на срцето. Нискиот крвен притисок, вртоглавицата и главоболката, исто така, се рани знаци на дехидрација.rnrnАко сте проголтале голема количина морска вода, ќе доживеете чувство на збунетост и ќе станете летаргични. Овие почетни симптоми ќе се влошат ако продолжите да голтате солена вода. Откажувањето на бубрезите ќе се случи кога вашето тело повеќе нема да може да произведува урина. На телото му е потребна употреблива, свежа вода, за да се произведува урина.rnrn2-opasni-raboti-koi-mozhe-da-mu-se-sluchat-na-teloto-koga-na-more-kje-progoltate-solena-voda-www.kafepauza.mk_rnrnПокрај тешката дехидрација, морската вода може да содржи и индустриски загадувачи како што се биолошки отпад, нуклеарен отпад и бактериски токсични билки. Тие може да предизвикаат разни болести, вклучувајќи труење, па дури и смрт.rnrnМожни краткотрајни несакани ефекти се: сува уста, забрзана работа на срцето, низок крвен притисок, главоболка, вртоглавица, збунетост и летаргија.rnrnМожни долготрајни несакани ефекти се: тешка дехидрација, инсуфициенција на бубрезите, несвестица, болести поврзани со загадувањето, па дури и смрт во екстремни случаи.rnrnСепак, никако немојте да заборавите дека морето е одлично за вашето здравје, а како доказ ги имаме овие факти што објаснуваат зошто морето толку многу нѐ опушта и зошто е толку добро за нашето здравје.

  • 11 факти што објаснуваат зошто морето толку многу нè опушта и зошто е толку добро за нашето здравје

    11 факти што објаснуваат зошто морето толку многу нè опушта и зошто е толку добро за нашето здравје

    Нам ни е сосема доволно и тоа што во него едноставно уживаме, но морето за нас прави многу повеќе од прекрасниот ефект на опуштање. Морските воздух и вода навистина се добри, како за нашата душа, така и за нашето тело и може да бидат вистински лек.rnrn1-11-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-moreto-tolku-mnogu-ne-opushta-i-mu-prijae-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Лечење со морска вода

    rnГрците биле првите кои го забележале лековито делување на морето. Популарната бранотерапија, односно лечење со морска вода, потекнува од Грција. На грчките острови Родос и Крф, бранотерапијата се применувала уште пред 2.500 години. Се користела за лекување болести како што се егзема, артритис, астма, псоријаза и болки во грбот. Хипократ ги открил лековитите својства на морската вода набљудувајќи го нејзиното делување врз раните. Забележал дека водата го забрзува зараснувањето на раните, ги спречува инфекциите и ја намалува болката. Во Франција уште во средината на 19 век се отвориле центри за лекување на здравствени тешкотии со помош на супстанци кои се добиени од морската вода. rn

    2. Морската вода содржи важни животни елементи

    rnМорето ги содржи сите елементи кои се важни за нашиот живот – натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, па дури и сребро и злато. Морската вода длабоко продира во кожата и со тоа овозможува делување на минералите и елементите во траги. Морето, исто така, содржи алги кои изобилуваат со минерални супстанци. Алгите одамна се сметаат за извор на здравје и убавина. Тие го поттикнуваат обновувањето на клетките, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го зајакнуваат имунитетот, ги спречуваат воспаленијата, ја чистат кожата и помагаат при отстранувањето на целулитот.rn

    3. Морето благотворно делува на астмата и на алергиите

    rnМорската сол делува како антисептик и антихистаминик, поради што е благотворна кај кожните алергиски реакции. Светските педијатриски болници веќе долго низ годините успешно користат купки со морска сол за лекување и ублажување на алергиите. Чистиот морски воздух, заситен со негативни јони, го олеснува дишењето и поволно делува на личностите кои боледуваат од астма.rn

    4. Со сончањето го снабдуваме телото со витамин Д

    rnСончањето не допринесува само за убав тен, туку и го снабдува телото со витаминот Д којшто му е многу потребен на нашиот организам. Неодамнешните истражувања покажуваат дека тој игра клучна улога во спречување многу болести, вклучувајќи мултипла склероза и рак. За да добиете витамин Д не морате да се сончате по најголемата горештина. За сончање изберете ги претпладневните или вечерните часови.rnrn3-11-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-moreto-tolku-mnogu-ne-opushta-i-mu-prijae-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rn

    5. Одмарањето на море ослободува од стресот

    rnДали има нешто порелаксирачко од сонце, лесен ветар и шум на бранови? Летувањето на море ви дава прилика да заборавите на секојдневните проблеми и целосно да се опуштите. Магнезиумот, што морската вода го содржи во голема количина, докажано делува во борбата против стресот. Алтернативните лекари сметаат дека стресот може да биде причина за развивање разни болести. Токму затоа искористете го годишниот одмор за да се ослободите од вашиот најголем непријател.rn

    6. Морскиот воздух е богат со негативни јони

    rnМорскиот воздух содржи негативни јони и озон кои го поттикнуваат длабокото дишење. Негативните јони го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, депресијата, главоболката и заморот, како и поволно делуваат на луѓето со астма и алергии. Воздухот кој е заситен со негативни јони можеме да го пронајдеме во шумите и планините, близу водопадите, реките, океаните и морињата. Морето ги ублажува артритисот и болките во грбот. Благодарение на својот состав морската вода ја олеснува болката, го намалува воспалението и го поттикнува ослободувањето на вишокот течности во организмот. Заради тоа капењето во море им носи олеснување на личностите кои патат од реума, артритис, болки во грбот и мускулите.rn

    7. Морската вода го поттикнува чистењето на организмот

    rnЗошто морската вода е одличен избор за чистење на организмот? Затоа што капењето во неа го поттикнува функционирањето на органите кои ги филтрираат и ги излачуваат штетните супстанци од организмот, како што се црниот дроб, бубрезите и кожата. Наталожените штетни материи започнуваат да се движат преку лимфите и крвотокот кон површината, а се олеснува процесот на излачување. Капењето во море ја поттикнува промената на материите и чистењето од штетните состојки не само на кожата и сврзното ткиво, туку и на целосниот организам.rnrn5-11-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-moreto-tolku-mnogu-ne-opushta-i-mu-prijae-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rn

    8. Морето ги лечи проблемите со кожата

    rnМорската сол е необично богата со различни состојки. Помеѓу осумдесетте различни минерали, елементи во траги, карбонати и сулфати, присутни се и калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силициумска киселина. Заради таквиот богат состав, морската вода благотворно делува на кожата и помага при бројни кожни заболувања, како што се дерматитис, псоријаза и егзема.rn

    9. Морето ја поттикнува креативноста и емоциите

    rnМорето и воопшто елементите на водата отсекогаш биле поврзани со креативноста и чувствата. Престојувањето во близина на вода може да ги поттикне емоциите, интуицијата, фантазијата и креативноста.rn

    10. Благотворно делува на здравјето на очите

    rnСината боја на морето и гледањето во далечината поволно делуваат на очите. Ако поминувате многу време зад компјутерот, тогаш летувањето на море ќе ви помогне да се одморите. Но ова не се случува само морската површина. Шетајте низ шума, вежбајте, сончајте се, капете се во река или езеро, избегнувајте го стресот, оставете го телевизорот, мобилниот телефон, компјутерот и видео игрите, земете ја вашата омилена книга и читајте! Обезбедете си повеќе сон од вообичаено, набавете морска сол и наполнете ја бањата – ефектите ќе бидат скоро идентични.rn

    11. Морето е идеално за спортски активности

    rnПливање, нуркање, сурфање, морски аеробик, одбојка на плажа… Летувањето на море е идеално за спортски активности кои се добри за обликување на телото. Спортот и здравјето се тесно поврзани. Всушност, без спорт нема здравје. Затоа нурнете се во водата и уживајте во спортските активности кои ги овозможува морето.rnrn4-11-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-moreto-tolku-mnogu-ne-opushta-i-mu-prijae-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку веќе испланиравте да заминете на море, погледнете што прават 10 дена на море за вашето здравје.

  • Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

    Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

    Сите уживаме во прекрасниот поглед на езеро, море, океан, река. Често знаеме да кажеме дека чувствуваме некаква посебна смиреност кога сме покрај вода. Одморите покрај големи води се најпопуларните низ светот и асоцираат на релаксација и квалитетно поминато време. Поради тоа, не сме зачудени од резултатите на неодамна спроведената студија, којашто потврдува дека водата е добра за психичкото здравје на човекот.rnrn(0) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnСтудијата, објавена во магазинот „Health and Place“, укажува на тоа дека луѓето кои живеат блиску до вода имаат подобро ментално здравје од оние кои немаат водени површини во својата близина. Иако досега се веруваше дека оние кои се опкружени со шума имаат поголеми предности во зачувувањето на психичкото здравје, студијата тврди оти водата ги „победува“ дрвјата. Што е толку значајно во водата и како таа влијае врз нашата психа?rn

    1. Водата е поголема од вашите проблеми

    rn(1) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnИако студијата опфатила луѓе кои живеат покрај мориња и океани, истото може да се однесува и на оние кои животот го минуваат покрај езера или реки. Има нешто особено во гледањето и слушањето на водата, нејзиното бранување и движење, како и звукот што го испушта во нејзината постојана промена. Тоа е нешто многу поголемо од луѓето, од нивните проблеми, од нивниот стрес. Тоа овозможува да добијат појасна слика за својата позиција и улога. Многу често луѓето, додека ја гледаат и слушаат големата вода, не се ни свесни за перспективата којашто ја добиваат, но длабоко во нив нештата стануваат појасни.rn

    2. Можеби е до воздухот?

    rn(2) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnУште многу одамна, пациентите кои имале одредени психички проблеми биле упатувани на места што се наоѓале покрај океани. Се сметало дека единствено подолг престој покрај океан можел да ги излекува болките кај некои пациенти. Можеби не успевало кај сите, но кај голем дел, воздухот покрај океаните бил единствениот и последниот спас. Денес таквиот начин на лекување ретко се применува, но затоа пак, многу почесто луѓето одат на летување и минуваат барем неколку дена од годината покрај море и езера. Научниците не се сигурни што точно го подобрува менталното здравје на луѓето. Можеби тоа е специфичниот воздух на тие прекрасни места.rn

    3. Брановите влијаат позитивно на човечката психа

    rn(3) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnКога се вели бранови, се мисли на сиот природен процес што се случува во морињата и океаните. Без оглед што се случува во вашиот живот или воопшто во светот, бранувањето и постојаната промена во големите води никогаш не престанува. Плимата и осеката се случуваат постојано. Брановите удираат во бреговите, некогаш посилно, некогаш сосема нежно, без оглед на случувањата во водата и надвор од неа. Можеби таа сериозност на големите води го полни човекот со сила и енергија да продолжи понатаму и кога е најтешко. Во надоаѓањето и повлекувањето на водата се крие мудроста на постоењето.rn

    4. Што доколку не можете да си дозволите живот покрај вода?

    rn(4) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnНо, за жал, колку и да е убаво и здраво да се живее покрај вода, голем дел од луѓето не можат да си дозволат живот покрај море, океан, езеро, река. Огромен број луѓе живеат далеку од водени површини. Но, и тие можат да направат нешто со кое ќе си го подобрат менталното здравје.rnrnЕден од предлозите се одмори покрај вода. Не мора тие да бидат во луксузни туристички центри, туку можете да најдете прекрасен мир и во мали и не толку развиени места. Исто така може и да изнајмите некоја мала куќичка покрај река, езеро или море на подолг временски период и секое слободно време да го минувате таму. Доколку во местото каде што живеете има мала река или вода, често посетувајте го нејзиниот брег. Секогаш кога ќе ви се отвори можност да престојувате покрај вода, дури и на еден час, искористете го тоа, ќе се зачудите колку многу ќе помогне во подобрувањето на вашето ментално здравје.

  • Гинеколозите откриваат 3 причини зошто не смеете да седите во мокри костими за капење

    Гинеколозите откриваат 3 причини зошто не смеете да седите во мокри костими за капење

    Во услови коишто ја зголемуваат влажноста на кожата и на слузокожата, како што во овој случај е мокриот костим за капење, може да дојде до појава на инфекции во интимните делови, особено во надворешниот дел и на матката. Воспаление на бешиката, габични инфекции и воспаление на јајниците се чести следбеници на летното уживање по плажите и базените. Многу често, понесени од сончевата топлина и доброто расположение, не размислуваме дека на себе имаме мокар костим за капење, одиме боси по плочките, не внимаваме на хигиената во јавните тоалети по плажите, а многу често, по излегување од вода, се бришеме и седнуваме на туѓи пешкири. Може да се на нашиот сопруг, татко, мајка, но сепак не се лично наши.rnrn(1) Зошто не смеете да седите во мокри костими за капење: Гинеколозите откриваат 3 причиниrnrnКако резултат на нашето невнимание, одморот може да ни се претвори во пекол, а последиците не мора да се појават веднаш. Понекогаш ги забележуваме дури откако ќе се вратиме од местото каде што сме поминале неколку неверојатни дена. Затоа, доколку планирате во наредниот период да заминете на некоја дестинација покрај вода, внимавајте на некои важни работи, особено на редовното менување на мокриот костим за капење, затоа што може да се соочите со овие три проблема:rn

    1. Воспаление на бешиката

    rnНенадејните промени на температурата, како што се климатизираните простории и неподносливо високите дневни температури или наглото влегување во студено море, може да предизвикаат воспаление на бешиката. Исто така внимавајте и при користење на јавните тоалети, каде што разни опасности се кријат не само на тоалетната школка, туку и на кваките, на славините и на тоалетната хартија. Симптомите на воспалена бешика се зачестено мокрење проследено со пецкање, па дури и траги од крв во урината. Во тој случај треба да побарате лекарска помош.rn

    2. Габични инфекции

    rnОвие инфекции најчесто се добиваат при користење јавни базени, а поретко во морските води. Најподложни на овие инфекции се девојките и жените кои јадат многу слатка храна, консумираат алкохол, имаат ослабен имунитет и се изложени на стрес. Надворешниот дел од половиот орган, но и матката, имаат одредена мешана флора, која го одржува нивото на киселост во тој дел од телото, а се изразува како Ph вредност. Кога таа ќе се намали, интимниот дел го населуваат микроорганизми од надвор или се зголемува бројот на оние кои се нормално присутни во делот на вагината.rnrnГабичните инфекции се едни од најупорните и се лекуваат најдолго. Тие се предизвикани од кандидата, којашто може да се појави и по користење антибиотици. Најчести симптоми се црвенило, чешање, отоци и засилено присуство на бел исцедок. Проблемот може да се реши со земање брис, кој ќе даде детални информации за каков тип инфекција станува збор и за тоа како да се третира понатака, до нејзино целосно искоренување.rn

    3. Воспаление на јајниците

    rnВоспалението од овој тип е особено честа појава кај жените за време на престојот на море. Симптоми на ова воспаление се болки во долниот дел од стомакот, а понекогаш може да се јави и покачена телесна температура. Ова воспаление се лекува со антибиотици кои ќе ви ги препише лекар, а за да ја превенирате појавата, избегнувајте студени пијалаци и не одете боси. За време на воспалението, важно е стапалата и стомакот да ви бидат суви и седете на сонце, за да го загреете стомакот.

  • Кој грчки Бог сте според хороскопскиот знак?

    Кој грчки Бог сте според хороскопскиот знак?

    Секој хороскопски знак се одликува со одредени карактеристики. Периодот од годината во кој сте родени може да влијае врз оформувањето на вашата личност, на вашиот карактер, афинитетите, интересите за различни професии. Грчката митологија се состои од голем број богови кои владеат со различни области, а секој од тие богови и божици се карактеризира со антропоморфни карактеристики. Пронајдете го богот од грчката митологија што најмногу го опишува вашиот карактер.rnrn(1) Кој грчки Бог сте според хороскопскиот знак?rn

    Овен

    rnЗевс – Крал и татко на сите богови. Владетел на молњата и громот.rn

    Бик

    rnДионис – Бог на виното, забавите, фестивалите и уживањето.rn

    Близнаци

    rnАтена – Божица на мудроста, занаетите, мирот и војувачките вештини.rn

    Рак

    rnЕрос – Богот на љубовта, страста и сексот.rn

    Лав

    rnАполон – Богот на музиката, уметноста, лекувањето и на сончевата светлина.rn

    Девица

    rnАтис – Богот на повторното раѓање.rn

    Вага

    rnАфродита – Божица на убавината, љубовта и страста.rn

    Скорпија

    rnАрес – Бог на војната.rn

    Стрелец

    rnХестија – Божица на срцето.rn

    Јарец

    rnХермес – Бог на уметноста, трговијата и литературата. Тој исто така бил и гласник на боговите.rn

    Водолија

    rnПосејдон – Бог на морето.rn

    Риби

    rnАд – Бог на подземниот свет.

  • Каква куќа можете да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?

    Каква куќа можете да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?

    Многумина од нас се интересираат како живеат луѓето во останатите делови од светот. Некогаш се случува, некои луѓе толку многу да се вљубат во местото каде што поминале прекрасен одмор, по што одлучуваат да се преселат таму. Секако, поголемиот дел од нас можат само да си фантазираат дека би се преселиле на местото од соништата, но кој вели дека има нешто лошо понекогаш да си го замислите животот на некое сосема друго место, во друга земја? Еве каква куќа можете да си купите на неколку различни локации ширум светот за цена од околу 300.000 евра.rn

    1. Мантихарју, Финска (269,000 евра)

    rn(1) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Брегот на езерото КалавесиrnrnКабина со камин, голема тераса, 2 спални, 1 бања, кујна и дневна соба, сауна и гаража.rn

    2. Санторини, Грција (260,000 евра)

    rn(2) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Село Ембориоrnrn1 спална, 1 бања, кујна и трпезарија, одвоена туш кабина, поглед кон Егејско Море и планините, прекрасна за оние кои ја сакаат архитектурата на Кикладите.rn

    3. Сосуа, Доминиканска Република (261,285 евра)

    rn(3) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Луксузна населба на 300 метри од моретоrnrn3 спални, 3 бањи, голема кујна и дневна соба, одвоена соблекувална и просторија за перење, централизиран систем за разладување, базен, градина, паркинг.rn

    4. Санкт Петербург, Русија (269,275 евра)

    rn(4) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Областа Петродвотсови, село Стрелнаrnrn3 спални, дневна соба, бања, соба за облека, два балкона, базен на приземјето, во близина на Финскиот залив.rn

    5. Лагос, Португалија (250,000 евра)

    rn(5) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Туристичкиот град Праиа де Лузrnrn2 спални, една бања, ролетни на струја, вградени современи електрични апарати, тераса со поглед на Атлантскиот Океан и на градот.rn

    6. Натал, Бразил (274,155 евра)

    rn(6) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Рио Гранде де Нортеrnrn4 спални, 4 бањи, 4 соби, соба со ТВ, место за скара, затворена заедница од 16 куќи.rn

    7. Лецено, Италија (270,000 евра)

    rnКаква куќа можете да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Брегот на езерото КомоrnrnСтудио, тераса со поглед на езерото, планините и островот Изола, внатрешна декорација од природен камен и дрво, базен и тревник.rn

  • Со 3 лесни вежби во море до тенок струк и цврст задник

    Со 3 лесни вежби во море до тенок струк и цврст задник

    Пливањето е ефикасна кардиоваскуларна активност, преку која многу брзо се согоруваат калориите и која не создава притисок на зглобовите. Меѓутоа, доколку не сте љубител на пливањето или едноставно сакате со други вежби да го збогатите вашето фитнес секојдневие додека сте на плажа, тогаш ви ги претставуваме следниве 3 едноставни вежби.rnrn(1) Со 3 лесни вежби во море до тенок струк и цврст задникrnrnСите вежби можете да ги изведувате одеднаш во интервали, а подредете ги онака како вам најмногу ви одговара. Сетот вежби, пред сè е наменет за струкот и ќе ви помогне да дојдете до убаво оформени стомачни мускули, но одлично делуваат и на останатиот дел од телото, затоа што водата дава отпор и ги активира сите мускули.rn

    1. Лажни стомачни вежби

    rnЛегнете во плиткиот дел од морето, така што главата ќе ви биде над водата, а делот од телото од рамениците надолу, ќе ви биде под неа. Подлогата не мора да биде рамна, а малиот пад надолу нема да ѝ пречи на вежбата. Рацете ставете ги покрај телото и исправете ги нозете. Потоа истовремено држете ги рамно испружените нозе и торзото, а рацете поставете ги во положба како да сакате да ги допрете прстите на нозете. Повторете го ова 10 пати.rn

    2. Склекови во вода

    rnЗастанете исправено во вода која треба да достигнува до вашите бедра. Испружете ги двете раце пред себе и клекнете. Повторете го и ова 10 пати.rn

    3. Подводен велосипед

    rnЗастанете во вода, чиешто ниво ќе биде речиси до вашиот врат и со нозете имитирајте возење велосипед. Работете ја оваа вежба една минута.

  • Бидете си свој универзум

    Бидете си свој универзум

    Луѓето денес живеат „брзо“. Растргнати сме меѓу работата, семејството, обврските… Понекогаш забораваме да јадеме, да се слушнеме со најблиските, па дури и да дишеме длабоко. Во сиот тој хаос се забораваме себеси и своите потреби. Затоа, одвојте време и посветете го единствено на вас. Неколку минути од денот нека бидат само ваши, создадете си универзум, односно вие бидете си свој универзум. Обидете се, многу е едноставно.rnrn(1) Бидете си свој Универзумrn

    1. Бидете си сонце

    rnЗапаметете дека секој ден започнува со зрак светлина, секое утро можете на појасен начин да ги видите боите околу вас, секое утро можете да се стоплите и да ги загреете вашите тело и душа од вчерашните „ветрови“ и секое утро имате нова можност да заблескате.rn

    2. Бидете си месечина

    rnСмирете се однадвор и однатре од секојдневната бучава и брзаница. Одвојте неколку минути да се слушнете, да ги слушнете своите мисли и своите чувства. Тие ви го покажуваат патот кој ќе ве води напред. Пресликајте ги вашите мисли и чувства во реалноста, во вашата љубов, во вашата работа, подгответе ги за моментот кога ќе изгрее сонцето, како она надвор, така и она вашето, во вашиот личен универзум. И запомнете, доколку сакате луѓето да ве доживеат онакви какви што навистина сте, треба да бидете комплетни и видливи, без да ги криете најубавите делови од вас. Само на тој начин ќе може да заблескате и да ја осветлите темнината, исто како и месечината.rn

    3. Бидете си ѕвезда

    rnБарајте светлина и тогаш кога е многу темно околу вас. Па дури и да изгорите, дозволете ѝ на експлозијата да создаде мали дијаманти и да ја претвори вашата болка во бисери на мудрост. Бидете си сопствена ѕвезда, без да барате потврда за вашето постоење. Ѕвездата ја знае својата вредност и е свесна за малата, но значајната светлина којашто излегува од неа. Едноставно, ѕвездата е свесна за својата вредност, без оглед дали околината ја гледа на таков или на поинаков начин. Бидете ѕвезда во сè што правите и ќе забележите како сиот Универзум отстапува голем простор за вас.rnrn(2) Бидете си свој Универзумrn

    4. Бидете си небо

    rnБидете широки и отворени за животот и за сите можности кои се отвораат пред вас. Прегрнете го дождот, бурата и грмотевиците. Научете како да постоите без оглед на времето и никогаш не заборавајте да создадете виножито по секое невреме, да го расчистите умот и да продолжите да создавате неверојатна уметност со облаците кои никогаш не ве оставаат сами. Тие облаци се со различна форма и големина и ја претставуваат секоја форма на животните предизвици со кои се соочувате.rn

    5. Бидете си море

    rnПродолжете да пливате кон морското дно сè додека не го најдете богатството во вашата душа. Дозволете брановите да ве удираат и да ве понесуваат со себе, додека не го најдете својот мир и не го создадете прекрасниот шум на малите бранови, кои носат толку спокој во себе. Сподели го спокојот со околината, со семејството, со пријателите… Дозволете и тие да уживаат во убавините кои ги носите со себе, и мистичноста којашто се крие во големите длабочини. Никогаш не заборавајте дека морето во вас има огромна убавина и моќ да ги лекува раните.rn

    6. Бидете си планета

    rnОбидете се да ги пронајдете нештата во вас кои ве тераат да одите напред и сменете ги оние кои можат да ве уништат. Опкружете се со позитивна енергија и пополнете го секое празно место во вашиот универзум со луѓе кои ве разбираат и кои сакаат да живеат во него. Тие луѓе треба да бидат слични на вас. Да имаат свои универзуми во себеси, но секогаш да копнеат да истражуваат и да прифаќаат нови универзуми и светови. Обидете се да ги отстраните луѓето кои се со вас, а постојано размислуваат за живот на друга планета. Таквите не ви се потребни. Запомнете, вие сте планета.rnrnНе плашете се да бидете свој универзум, затоа што вие веќе имате многу во вас!

  • Ова маче е најслаткиот морнар на бродот

    Ова маче е најслаткиот морнар на бродот

    Мачињата се познати по тоа што не го сакаат баш времето за капење и водата, но ако се земе за пример ова слатко маченце, тогаш големите, длабоки мориња не им претставуваат никаков проблем. Уште од 2008-та година, персиското маче Сејлор (анг. морнар) е член на екипажот на руски туристички брод кој плови од Москва до Санкт Петербург.rnrnОва маче е најслаткиот морнар на бродот rnrnТој својот престој го заслужува „работејќи“ со капетанот Владимир Котин и дури има своја униформа за да го докаже тоа. Сејлор има мал декориран костум со шапка и секоја вечер ја чува капетанската кабина од полноќ, па сѐ до 4 часот наутро.rnrnСејлор е веројатно најслаткиот морнар кој некогаш пловел, што му дава на бродот за крстарење една интересна туристичка атракција, бидејќи патниците едвај чекаат да го видат. Но, тој не е единственото маче на бродот. Тој има и свое другарче – Ботсвејн, кој е неговиот прв ортак и носи маичка на риги и морнарска капа. Иако одлично се согласуваат, Ботсвејн е мрзлив и често може да се забележи како дреме во некој агол.rnrnrnrn