Даргавс во Северна Осетија-Аланија на прв поглед изгледа како многу идилично место. Во предградието на ова руско село, сместено покрај реката Гизелдон, доминираат интересно обликувани камени куќи изградени од 14 до 16 век.rnrnrnrnЕдно истражување открива дека станува збор за некрополи во кои биле погребани нивните жители заедно со облеката и сите други работи што ги поседувале. Стотици гробници биле изградени во препознатливиот нахски стил – некои од само една просторија, а други на четири ката.rnrnТоа е морничаво место за кое се раскажуваат многу легенди. Некогаш се верувало дека никој нема да излезе жив од Даргавс. Историчарите претпоставуваат дека за оваа приказна е виновна чумата, која го опустошила ова место во 18 век. Локалното население ги возело болните жители до камените куќи на ридот од каде што не смееле да заминуваат сè додека не умрат. Затоа денес Даргавс се нарекува град на мртвите.rnrnСтарите монети и денес можат да се најдат меѓу гробниците. Семејствата ги фрлале од ридот во бунарот и се надевале дека ќе удрат во камени плочи што значело дека душата на починатиот член завршила во рајот.rnrnДенес, ретко кој сака да го посети Даргавс. Но, ова не е вина на суеверието и локалните приказни, туку фактот дека селото се наоѓа на многу изолирано место. Од Владикавказ, односно главниот град на Северна Осетија-Аланија, потребно е еден час до ова место по неасфалтиран пат, кој ги одбива дури и најголемите авантуристи.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПрочитајте за оваместо во Индија кое изненадува со своето шаренило, но и со една необична приказна.
Бри Мери е уметница од Аризона. Уште од мала почнала со цртање и ова хоби се претворило во вистинска страст. Почнала да ја привлекува идејата да црта на што помали површини бидејќи ѝ се допаѓало тоа што тогаш мора повнимателно да размислува за композицијата и боите.rnrnДенес Мери користи маслени бои и црта минијатурни пејсажи на монети. Таа сака да докаже дека и малите нешта нудат многу чуда и убавина. Погледнете ги нејзините мали ремек-дела.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Најверојатно повеќето од вас како мали сте имале навика да си играте со малите железни парички. Сигурно сте ги ределе и сте се обидувале да постигнете рамнотежа со нив, но, ова момче ги реди монетите на сосема нови и неверојатни начини.rnrnrnrnНеговите креации на некој начин ѝ пркосат на гравитацијата. Некои ќе ве остават без зборови, а пак за некои не ќе можете да поверувате дека се вистински. Но, видеото прикажано подолу ќе ве увери дека тоа е сосема реално и дека нема никакви измами.rnrnrnrnСигурно и вие ќе се согласите дека неговите вештини се бесценети!rnrn
На интернет може да се најдат голем број уметници кои создаваат уметност од банкноти, без разлика дали од нив прават оригами, цртаат врз нив или ги користат за друг вид изработки. Сепак, ретко може да се види некој што црта врз монети.rnrnВулверин (X-men)rnrnБразилскиот артист Андре Леви, направил серија многу интересни нацртани парички, со минијатурни портрети од познати ликови. Тој користи монети на кои веќе се наоѓаат лица или луѓе и ги преработува цртајќи врз нив. Неговите дела се навистина интересни и инспиративни.rnrnКиклоп (X-men)rnrnГамбит (X-men)rnrnФин (Adventure Time)rnrnЖената-мачкаrnrnБеатрикс Кидоу (Kill Bill)rnrnСуракс (Mortal Kombat)rnrnСпајдерменrnrnВолдоrnrnМиниониrnrnАлберт АјнштајнrnrnХари ПотерrnrnКик-есrnrnРобокапrnrnДејвид Боувиrnrn rnrn
Според многу историчари овие монети се користеле околу првиот век пред нашата ера во Антички Рим, а со нив се плаќале разни „услуги“ во бордели. Според нивната теорија, бидејќи во градот доаѓале голем број странци кои не го зборувале јазикот, а проститутките најчесто биле заробенички од сите краишта на светот, овие парички ја олеснувале комуникацијата.Најчесто се изработувале од бронза или од бакар, па немале некоја голема вредност. Едната страна ја означува услугата, а другата сумата пари која треба да се плати на касиерот.rnrn
Шведското дизајнерско студио „Bedow“ направиле една интересна мапа користејќи ги монетите кои се користат како платежно средство во државите. Според нивната пресметка потребни биле околу 3.000 монети за да се создаде оваа интересна мапа.Истовремено артистот The310Investigator создал мапа користејќи ги банкнотите на државите. Користејќи фото монтажа, тој успеал да ги исече банкнотите создавајќи голема колоритна сложувалка. За изработка му биле потребни околу 12 часа работа.rnrn
Колекционерството на монети е широко распространето хоби. Но, постојат ретки примероци од овие парички со неверојатно висока цена, па оттаму од хоби тоа полека преминува во сериозен бизнис. Американските монети се највредни во светот и покрај нивната куса историја. Нивната вредност варира од десетици илјади долари до милиони долари, во зависност од квалитетот и достапноста. Погледнете неколку од најпознатите и најнеобични монети од различни делови на светот…rnrnКамерун, 2011 година, 1000 франциrnrnМонголија, 2011 година, 500 тугрициrnrnБрегот на Слоновата Коска, 2010 година, 1000 франциrnrnrnrnrnrnКонго, 2007 година, 10 франциrnrnЛиберија, 2001 година, 10 долариrnrnАвстралија, 2011 годинаrnrnЛиберија, 2005 година, 10 долариrnrnОстров Палау, 2008 годинаrnrnПолска монета од 2008 година, посветена на Олимпијадата во Пекинг, 10 злотиrnrnКанада, 2002 година, 20 долариrnrnБенин, 2011 година, 100 франциrnrnОстровот Ниуе, 2008 година, „Калининград“, монета од серијата „Патот на Амбер“, 1 доларrnrnКамбоџа, 3000 риелиrnrnПалау, 2007 година, 5 долариrnrnОстровот Ниуе, 2008 година, 1 доларrnrnШпанија, 2007 година, истражувачки брод „Hesperides“, 10 евраrnrnЛиберија, 2004 годинаrnrnОстров Палау, 2010 година, 5 долари – монета со мирис на море од серијата „Чувство за рај“rn