КАФЕ ПАУЗА

Tag: моменти

  • 13 моменти во кои ќе се почувствувате како возрасна личност

    13 моменти во кои ќе се почувствувате како возрасна личност

    Можеби во душата сè уште сте мали деца, но светот на возрасните е точно на прагот од вашиот живот. Затоа погледнете ги овие 13 моменти во ќе се почувствувате како возрасна личност.rn

    1. Купувате тоалетна хартија

    rn1-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    2. Ги плаќате сметките од сопствената плата

    rn2-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    3. Готвите ручек без користење на микробрановата

    rn3-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    4. Одлучувате да останете дома наместо да излезете за викенд

    rn4-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ги каните пријателите на вечера

    rn5-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    6. Купувате пијачки без да ви бараат лична карта

    rn6-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    7. Добивате покана за свадба од некој со кого сте дипломирале

    rn7-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    8. Не го разбирате текстот на популарните рап песни

    rn8-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    9. Размислувате да се вселите заедно со партнерот

    rn9-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    10. Сами си закажувате докторски прегледи

    rn10-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    11. Рано си легнувате

    rn11-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    12. Одлучувате да не ги потрошите последните пари кои ги имате на сметката за алкохол

    rn12-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    13. Сфаќате дека популарните познати личности се помлади од вас

    rn13-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовта е во малите нешта

    Љубовта е во малите нешта

    „Љубовта е нешто во што секој може да се пронајде. И љубовта доаѓа во различни облици кои лесно можеме да не ги забележиме во нашите секојдневни животи. Затоа се трудам да најдам значење во нашите секојдневни животи и да ги претворам во уметност“, вели креаторот на овие топли илустрации, кој себеси се нарекува Puuung.

    rnrnrnrnТој ги слика оние мали моменти кои всушност ја сочинуваат љубовта во целина. Во врските, секојдневните интеракции се многу поважни од големите гестови. Затоа, овие илустрации се добро потсетување за она што претставува љубовта. Заспивање стиснати на каучот? Гушкање одзади додека едниот готви во кујната? Покривање кога другиот заспал? Безбројни и бесценети се овие мали нешта.rnrnrnrnПогледнете ја галеријата во продолжение. Која слика за вас најдобро ја претставува љубовта?rnrn

  • 20 работи за кои ќе се покаете секогаш кога ќе ги направите

    20 работи за кои ќе се покаете секогаш кога ќе ги направите

    Понекогаш додека правиме некои работи не сфаќаме дека правиме големи грешки за кои подоцна ќе зажалиме, како во овие дваесет примери.rnrn20 работи за кои ќе се покаете секогаш кога ќе ги направитеrnrn1. Ќе се покаете секогаш кога ќе прифатите да работите некоја работа само заради парите која таа ги носи.rnrn2. Секогаш кога ќе пропуштите некоја можност за нешто плашејќи се од последиците, без оглед за што се работи.rnrn3. Секогаш кога некому ќе напишете некаква порака додека сте многу лути. Тоа најчесто ќе бидат работи кои не ги мислите навистина.rnrn4. Ќе се покаете секогаш кога ќе го изневерите партнерот. Нема оправдување за тоа.rnrn5. Ќе зажалите ако му кажете на шефот дека наскоро ќе ја напуштите работата. Од тој момент последните денови на работа ќе ви станат многу потешки.rnrn6. Секогаш кога ќе ја оставите настрана вашата страст од која било причина. Таа носи радост во животот и ќе се покаете ако се лишите од неа.rnrn7. Ќе зажалите за времето кое сте пропуштиле да го поминете со оние кои ги сакате.rnrn8. Секогаш кога предолго ќе останете на работно место кое не го сакате и од кое не можете да напредувате. Ќе зажалите ако не соберете доволно храброст за да ги смените работите на професионален план.rnrn9. Ќе се покаете за секоја одлука која сте ја донеле под влијание на страв. По некое време ќе сфатите дека стравовите во најголем број од случаите се нeразумни.rnrn10. Ако не се образувате од која било причина. Можен е убав живот и без образование, но патот е многу потежок.rnrn11. Секогаш кога нема да ги искажете своите чувства. Искажете ја вашата радост, тага, желби и љубов и не ги потиснувајте додека се претворат во гнев.rnrn12. Ако си дозволите да ги изгубите пријателствата. Тие бледеат ако не го негувате контактот, а по некое време целосно исчезнуваат.rnrn13. Ќе зажалите за секој пат кога сте им викале на децата. Ќе се чувствувате виновни секогаш кога ќе ги натерате да го впијат вашиот стрес.rnrn14. Секогаш кога ќе јадете поради стрес. Знаете зошто.rnrn15. Ќе се каете за она што го постирате на Фејсбук и Инстаграм додека сте пијани кога можноста за расудување ви е битно редуцирана.rnrn16. Ќе се каете и за моментите кога постирате статуси или коментирате на нешто со голема лутина. По некое време ќе се прашувате зошто сте морале јавно да го истурите сиот тој бес.rnrn17. Кога со другите ќе споделите некоја тајна која некој ви ја доверил затоа што ви верувал. Каењето поради изневерување не е лесно.rnrn18. Ќе зажалите кога ќе направите нешто само затоа што тоа го прават сите. Така само ќе се отуѓите од самите себе.rnrn19. Секогаш кога ќе понижите некој друг. Ако не се покаете за тоа тогаш имате проблем со себе.rnrn20. Ќе зажалите ако се обидувате да бидете некој друг кој не сте. На тој начин ќе ја изгубите личноста која навистина сте.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 инспиративни сеќавања кои секогаш треба да ги чувате во себе

    9 инспиративни сеќавања кои секогаш треба да ги чувате во себе

    Постојат сеќавања кои едноставно имаат моќ да нè исполнат со живот и енергија. Тие нè потсетуваат на позитивни чувства и нè водат низ животот. Овие сеќавања не ни дозволуваат да се откажеме и кога ни е најтешко, секогаш се тука да нè инспирираат. Токму затоа треба да ги чувате покрај себе и да се обидете никогаш да не ги заборавите.rnrn9 инспиративни сеќавања кои треба да ги чувате покрај себеrn

    1. Времето поминато со вашите баби и дедовци

    rnНе само што можете многу да научите од вашите баби и дедовци, туку исто така и времето поминато со нив е бесценето. Тие се едни од малкуте луѓе на оваа планета кои ве сакаат безусловно и кои ќе направат сè што е во нивната моќ за да ве насмеат. Баба ви можеби малку ќе ве здебели, но тоа е ризик кој вреди да се прифати! Поминувајте што е можно повеќе време со нив и собирајте спомени, бидејќи токму тоа што ќе го научите од нив може понатаму да ве води во вистинската насока во животот.rn

    2. Вашиот прв бакнеж

    rnСе сеќавате на првиот бакнеж, кога не знаевте точно што правите, но некако работите сепак излегоа совршено? Првиот бакнеж е еден голем чекор во вашиот живот, па токму затоа никогаш не треба да го заборавите. Тој нè враќа во едно безгрижно време, кога сме биле вистински слободни и токму затоа тоа помнење секогаш ќе мами насмевка на нашето лице.rn

    3. Првата љубов

    rnИ покрај тоа што можеби спомените од првата љубов ви се малку болни, сепак доколку се навратите на самиот процес на заљубување ќе се потсетите исклучиво на позитивни чувства. Не го туркајте ова помнење на страна, бидејќи тоа ви покажува дека вие сте способни вистински и целосно да љубите и дека доколку се осмелите да го отворите вашето срце, можете повторно да доживеете вистинска љубов.rn

    4. Фамилијарните приказни

    rnСите ние имаме по некоја фамилијарна приказна која се пренесува со генерации. Токму овие приказни се оние покрај кои и вашите деца ќе растат, но и понатаму ќе продолжат да ги прераскажуваат. Чувајте ги овие спомени, бидејќи тие вредат богатство.rn

    5. Летните одмори со вашите родители

    rnШто се однесува до летните одмори со вашите родители, тие исто така треба да имаат посебен дел во вашето срце. Кога ќе поминувате низ тежок период навратете се на нив и дозволете ѝ на енергијата со која тие ве исполнуваат да ве понесе дури и низ најголемите проблеми.rn

    6. Моментот кога сте почнале за прв пат сами да се издржувате

    rnСе сеќавате на моментот кога се иселивте од домот на вашите родители? Вие истовремено чувствувавте и тага и среќа. Но, токму одлуката да почнете да се грижите сами за себе ве направила посилни, па и покрај тоа што родителите се секогаш тука за вас, вие научивте колку е добро да се биде независен, како и целосно одговорен за себе.rn

    7. Вашата свадба

    rnОва е еден од оние денови кои силно се врежуваат во вашите мисли. Дури и да имало некои непријатни ситуации, со тек на време вашиот мозок ќе ги изолира само позитивните настани и секогаш кога ќе се навратите на тој ден ќе чувствувате топлина во вашето срце. Потсетувањето дека токму тогаш сте одлучиле да го посветите својот живот на личноста која ја сакате е моќно сеќавање кое може да ви помогне многу побрзо да ги надминувате несогласувањата со вашиот партнер.rn

    8. Бременоста и првиот момент кога сте го погледнале вашето бебе

    rnМожеби во моментов не ви изгледа така, но бременоста е нешто што би сакале да го запомните. Самото чувство дека во вас расте мало човече е неверојатно. Тоа е чувство што треба да го држите длабоко во вас и подоцна да се обидете да го пренесете на вашите деца. Од друга страна пак, нема мајка на оваа планета која ќе ви каже дека постои поголема среќа од моментот кога за прв пат го видела своето новороденче. Тоа е моментот кога животот на жената целосно се менува и кога таа конечно започнува вистински да живее.rn

    9. Фамилијарните традиции

    rnНикогаш не ги заборавајте вашите фамилијарни традиции. Тие биле градени со години наназад и со нивното почитување ги почитувате и оние кои повеќе не се меѓу живите. Одржувајте ги овие традиции и пренесете ги на вашите деца. Некои работи никогаш не би требало да се заборават.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 знаци дека сте поврзани со партнерот на многу подлабоко ниво отколку со кој било друг претходно

    5 знаци дека сте поврзани со партнерот на многу подлабоко ниво отколку со кој било друг претходно

    Една од најтешките и многу ретки работи во животот е поврзувањето со друг човек, ама онаа вистинска конекција кога имате чувство како да сте едно, си ги познавате мислите и чувствата и знаете дека тоа е тоа. Иако изгледа и звучи како многу едноставна работа, навистина не е. Светот денес е многу различен, луѓето и вредностите драстично се имаат променето, па искреноста е нешто што ретко може да се сретне. А кога таа не постои меѓу вас и некој друг, тогаш е невозможно е со тој некој да бидете поврзани.rnrn(1)-5-znaci-deka-ste-povrzani-so-partnerot-na-mnogu-podlaboko-nivo-otkolku-so-koj-bilo-drug-prethodno-kafepauza.mkrnrnНо, иако тешко, не е невозможно да ја пронајдете таа личност со која ќе се поврзете на многу различно и далеку подлабоко ниво отколку со кој било друг. Таа личност прави да се чувствувате дека сѐ е можно кога доволно се сака, а доколку во некого ги препознаете следниве 5 знаци, тогаш таа личност е веќе дел од вашиот живот.rn

    1. Ве тера да живеете во моментот

    rnТој/таа се грижи за вас како никој друг. Таа поврзаност која ја чувствува прави да сака да бидете среќни и исполнети, а бидејќи знае дека тоа е можно само доколку навистина живеете, оваа личност со сета душа ве тера да живеете во моментот. Животот е полн со каење за ненаправените нешта и пропуштените прилики, па токму затоа присутноста сега и тука е од витално значење. Кога живеете во моментот, вие ги правите одлуките кои баш тогаш сакате да ги направите, односно нема простор за подоцна да се каете бидејќи дури и кога би можеле да се вратите назад, вие пак би го направиле истиот избор.rn

    2. Ги прави сите први чекори

    rnСтравот и недовербата во себе се број 1 и број 2 непријатели на секој човек. Несигурни сме во своите способности и тоа како делуваме во даден момент, па се случува да се затвориме себеси и да не си дозволиме да ризикуваме ни за момент. А тоа е залудно потрошено време. Личноста која го согледува сето ова и на која и покрај сѐ не и е воопшто тешко таа да ги преземе сите први чекори во врската е личноста која се поврзува со вас на сосема друго ниво од сите други. Не сите се подготвени да преземат сѐ во свои раце не само на почетокот, туку и понатаму, но оние кои го прават тоа вредат да ги зачувате.rn

    3. Трпелив/а е

    rnТрпеливоста е карактеристика на големите луѓе. А за вас таква е онаа личност во чие присуство се чувствувате неверојатно заштитено и сигурно. Дури и кога вие сѐ уште не сте такво засолниште за неа, оваа личност стрпливо ќе чека на вас давајќи ви ги слободата и времето кои ви се потребни за да опуштите и предадете на таа конекција. А чувството после долго чекање е прекрасно и вреди многу повеќе од што било друго со кое сакате да го споредите. Трпеливоста е тука поткрепена со големо количество разбирање. Бидејќи сите ги процесираме нештата различно едни од други, сосема е логично и дека ќе се однесуваме кон нив секој на свој начин. А оваа личност е доволно трпелива да чека на вас.rn

    4. Одлучен/на е

    rnНајлесно од сѐ е откажувањето. Го избирате полесниот пат и решавате дека повеќе не сакате или немате сила да се борите за нешто. Но ова не ви е дозволено ако покрај себе имате некој кој е одлучен и посветен на тоа да ви укаже дека во животот сѐ е борба и дека само така ќе го добиете она што го заслужувате. Кој било друг би дигнал раце од вас и не би се обидел да смени нешто ни со мал прст. Но оваа личност го прави тоа, таа вложува во вас и врската и повеќе од очекуваното, свесна и подготвена дека нема веднаш да го добие истото и од ваша страна. Единствена мотивација за ова може да биде поврзаноста која се чувствува во воздухот меѓу вас и вербата во онаа хемија која постои кога сте во меѓусебна близина.rn

    5. Интуитивен/на е

    rnКако што е веќе спомнато, трпеливоста оди рака под рака со разбирањето. Ниту една врска не може да успее ако не постои разбирање и доверба меѓу партнерите. Кога ќе ја најдете таа личност која разбира што сакате и чувствувате без да има потреба да ѝ кажете, тогаш знаете дека покрај себе ја имате вистинската личност. Таа ве познава многу добро и знае да препознае кога сте тажни, среќни, отсутни, присутни и сл. И секако, знае точно што да направи во тој момент бидејќи познавајќи ве вас, знае како да се справи со целата ситуација. А чувството кога имате некој ваков покрај себе е незаменливо.rnrnКолку некој треба да е посебен за да биде оваа личност за вас?

  • Што треба да запомните во лошите периоди?

    Што треба да запомните во лошите периоди?

    Секој од нас минува низ лоши периоди во животот. Тогаш ни се чини дека сè заминува надолу и работите никако да тргнат како што треба. Факт е дека ничиј живот не е совршен и секој се соочува со падови, само што некои личности полесно ги пребродуваат лошите периоди. Која е нивната тајна и што треба сите ние да знаеме кога се соочуваме со овие моменти?rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Прифатете ја ситуацијата

    rnДоколку имате моќ и влијание да ги смените нештата, дајте сè од себе. Но, постојат работи на кои не можеме да влијаеме колку и да сакаме. Нашето страдање се случува токму поради одбивањето да ги прифатиме нештата. Да, нешто тргнало наопаку, да можело да биде и подобро. Но опседнатоста со таквата ситуација само ќе донесе уште лошо и уште повеќе негативност.rn

    Проблем е само ако вие го сметате за проблем

    rnДа бидеме искрени, најчесто самите себе сме си најголеми непријатели. Сè зависи од нашата перспектива, и како ние гледаме на нештата. Ако нешто го сметате за огромен и нерешлив проблем, многу поголем од вас, тогаш токму така и ќе биде. Среќата е начинот на кој гледаме на нештата. Наместо да го сметате за нешто што ќе ве уништи гледајте го како животна лекција и како нешто во што ќе бидете подобри во иднина.rn

    Ако сакате промена, почнете со самите себе

    rnНадворешниот свет е само рефлексија од нашиот внатрешен свет. Сигурно познавате личности чии животи се еден огромен хаос. Постојано се во брзање, постојано се жалат, постојано ништо не им оди по ќеф. Тоа е така бидејќи самите тие го создаваат тој хаос. Повеќето од нас сосема погрешно ја сфаќаат ситуацијата. Вистината е дека не треба да чекаме да се променат околностите за да се смениме ние, напротив, треба да почнеме од нас, ние да бидеме таа промена која сакаме да ја видиме. Подоцна и околностите ќе се променат.rn

    Не постои неуспех – тоа се вика лекција

    rn

    „Не е дека не успеав. Едноставно најдов 10.000 начини кои не носат успех.“ – Томас Едисон

    rnИзбришете го зборот „неуспех“ од вашиот речник. Многу големи и познати личности доживеале „неуспех“. Тоа се вика лекција. Падот ве учи како да постапите поинаку во иднина. Бидете благодарни за лекцијата, добро запаметете ја и продолжете понатаму.rn

    Ако не го добиете она што го сакате тоа значи дека нешто многу подобро е на пат

    rnКажете што сакате, но во животот сè се случува со причина. Можеби во моментот нема да ви биде јасно зошто тоа ви се случило вам, но подоцна ќе сфатите. Сигурно постои добра причина зошто не го добивте посакуваното работно место. Само бидете трпеливи и достапни за новата подобра и поплатена работа. Само имајте верба дека сè се случува онака како што треба да се случи.rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Ценете го сегашниот момент

    rnОва е сегашниот момент, и нема да се повтори. Не се враќа назад, нема да имате можност повторно да го доживеете. Апсорбирајте сè што има да ви понуди. Често сме заглавени во она што се случило вчера или она што ќе се случи утре, па забораваме да го живееме она што ни се случува денес.rn

    Држете ги емоциите на неутрално ниво

    rnНаучете да се справувате со подемите и падовите. Не летајте високо кога ќе ви се случи нешто добро, но и не закопувајте се под земја кога ќе доживеете неуспех. Она што за вас е големо и ви изгледа како да не можете да го апсорбирате во моментот, држете го на неутрално ниво. Верувајте, ништо не е толку страшно колку што ви изгледа сега.rn

    Бидете свесни за своите стравови, но и благодарни за нив

    rnЗа да надминете некој страв едноставно ви треба пракса. Стравот не е вистина, стравот е илузија. Секој се плаши од нешто, и секој од нас го искусил она чувство на тресење на нозете кога се соочува со некој свој страв. Бидете благодарни за вашите стравови. Тие ви носат прекрасно чувство на победа штом еднаш ќе се соочите со нив. Подоцна ќе може да ја свртите главата назад и да им се насмеете победнички.rn

    Дозволете си да доживеете среќа

    rnБи биле изненадени колкав е бројот на оние кои не знаат да им се радуваат на нештата. Секогаш сакаат повеќе, секогаш мислат дека можело да биде подобро и никогаш не се задоволни. Вие не станувајте дел до оваа група личности. Научете да им се радувате на малите нешта, да ги апсорбирате сите убости на животот и дозволете си да бидете весели, вистински среќни за сè што денот ви носи, дури и ако не е толку совршено.rn

    Не споредувајте се со другите

    rnДобро, можеби не изгледате како најпопуларната девојка или момче во училиштето (кој/а и самата се соочува со многу несигурности), но имате толку многу нешта, благословени сте со толку убави работи. Сте се сетиле да бидете благодарни за нив?rn

    Вие не сте жртви

    rnЗаборавете на сожалувањето на себеси. Секому тоа му оди најлесно. Мислите дека ви е тешко? Точно, но не сте единствени. Сте преброделе многу лоши нешта, па гледајте се себеси како победници наместо како жртви. Секогаш е полесно да обвиниш некој друг за својата благосостојба и да си ставиш етикета на жртвено јагне. Бидете силни.rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Работите ќе се сменат

    rnСè што било поминало и сè што ќе биде и тоа ќе помине. Ништо не останува исто засекогаш, па така и вие ќе излезете од оваа „каша“. Само гледајте позитивно на нештата бидејќи ако заглавите со негативни мсили и среќата ќе крене раце од вас.rn

    Сè е возможно!

    rnМислите дека оние кои го менуваат светот не доживеале несигурност? Мислите дека никој никогаш не им кажал дека нивните соништа се глупави и смешни? Мислите дека не се буделе среде ноќ препотени и прашувајќи се што им требало да се зафатат со нешто? Не ограничувајте се и не покорувајте се на она што општеството го диктира како прифатливо. Едноставно сè е можно, па тргнете кон тоа што го сакате!

  • Заборавени фотографии кои ни покажуваат точно што значи да се биде мајка

    Заборавени фотографии кои ни покажуваат точно што значи да се биде мајка

    Кога Кен Хејман, добро прочуен фотограф, неодамна ги средувал своите кутии и фиоки, не очекувал дека ќе налета на нешто олку вредно. Тој отворил кутија на која пишувало „Мајки“ и открил долго заборавено богатство – серија фотографии на коишто се сликани мали и бесценети моменти помеѓу мајките и своите деца, која тој ја правел ширум светот пред скоро 50 години. Овие историски чуда ни покажуваат точно што значи да се биде мајка, без разлика на потеклото или местото на живеење.rnrnЗаборавени фотографии кои ни покажуваат точно што значи да се биде мајкаrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15-те најважни моменти во една врска

    15-те најважни моменти во една врска

    Од првиот сладок бакнеж, до првата заедничка ноќ и заминувањето на годишен одмор, ова се работи кои ја обележуваат љубовната врска.rnrn15-те најважни моменти во една врскаrn

    1. Првиот разговор

    rnПрвиот разговор е возбудлив скоро како и првиот бакнеж. Трае со часови, а се чини како да поминал за миг. Тогаш дознавате за неговата/нејзината омилена храна, за срамните ситуации од неговото/нејзиното минато и слично. Сакате да чуете сѐ и воопшто не ви е здодевно.rn

    2. Првиот бакнеж

    rnБил неспретен или страстен, првиот бакнеж е сепак посебен момент во врската. Се памети цел живот.rn

    3. „Ова е мојот дечко“ („Ова е мојата девојка“)

    rnОваа реченица е знак дека партнерот има сериозни намери за врската. Првото претставување значи дека тој е посветен на вас и на самата врска.rn

    4. Првата преспиена ноќ

    rnОва е ситуација која ќе ја одреди вашата иднина бидејќи токму првата ноќ заедно е показател како би изгледале сите останатите заеднички ноќи.rn

    5. Првото „те сакам“

    rnДа кажете некому дека го сакате е многу убаво, но може да биде и многу стресно. Секогаш ќе се прашувате што може другиот да одговори на тие две мали слатки зборчиња. Исчекувањето ќе го дефинира вашиот однос.rnrn15-те најважни моменти во една врскаrn

    6. Првото „ние“

    rnПрвиот заеднички потпис на честитка или на картичка за подарок е показател дека виде двајца сте станале едно „ние“.rn

    7. Првата кавга

    rnКавгите се вообичаен дел од секоја врска, но кога ќе почнат да фрчат искри за првпат, тоа се памети, а особено кога после тоа ќе следува слатко смирување.rn

    8. Првото заедничко патување

    rnПрвото заедничко патување е вистински тест за врската. За само неколку дена можете да дознаете како функционирате заедно, да ги откриете навиките на партнерот, како и да ја запознаете неговата личност без преправања.rn

    9. Првиот шопинг

    rnШопингот е стрено искуство, особено за машките кои најчесто немаат нерви да шетаат со часови низ трговските центри. Тоа ќе биде тест за неговите нерви и неговиот праг на толеранција.rn

    10. Препуштање на далечинскиот управувач

    rnМашките се доста посесивни кога станува збор за управувањето со телевизорот, па кога првпат ќе го предадат далечинскиот управувач на партнерката, тоа е знак дека нејзината среќа им значи повеќе од својата. Макар и тоа да значи дека ќе треба да гледаат турска серија.rnrn15-те најважни моменти во една врскаrn

    11. Замислување на заедничката иднина

    rnМоментот кога ќе сфатите дека со него/неа сакате да го поминете остатокот од животот е клучна пресвртница во врската. Обврзувањето за делење на животот со некого значи дека ќе бидете со него и во добро и во зло, а не дека ќе избегате при првиот знак на проблем.rn

    12. Првиот пат без шминка

    rnТоа што девојките ќе се појават во тренерки и без шминка пред своите партнери е всушност добро, значи дека се чувствуваат удобно покрај своите момци и не чувствуваат дека треба да се кријат зад шминка.rn

    13. Посета на лекар

    rnЗаедничкото одење на лекар е вистински тест за врската. Во таков момент треба да бидеме посилни за својата друга половина и да ја дадеме својата поддршка. Таа ситуација ќе му покаже на партнерот дали сме доволно силни за предизвиците кои ги носи иднината.rn

    14. Заедничка грижа за милениче

    rnНе е важно дали чувате домашно милениче или орхидеја, со самото тоа што двајцата ќе се грижите за нечиј живот, вашата врска станува поцврста.rn

    15. Преданост

    rnПреданоста е, покрај љубовта и меѓусебното почитување, најважниот дел од секоја врска. Моментот кога ќе сфатите дека партнерот ви е целосно предаден, ќе ве натера да се трудите уште повеќе околу врската, за да не го изгубите она што го имате.

  • Фаците на олимписките лизгачи на мраз

    Фаците на олимписките лизгачи на мраз

    Уметничкото лизгање е навистина грациозна спортска дисциплина. Но, тоа не значи дека луѓето кои толку лесно го сечат мразот и скокајќи се пробиваат низ воздухот, имаат совршено наместен лик цело време додека трае нивната изведба.rnrnrnrnОвие моменти се едноставно бесценети. Не можете да ги фатите додека го следите преносот, но фотографијата со својата моќ да ги замрзнува моментите и фотографите со својот талент ни овозможуваат да погледнеме во овие смешни фаци, на кои едноставно не можеме да не се насмееме. :(rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моментите на црвениот тепих кои ја обележаа 2013 година

    Моментите на црвениот тепих кои ја обележаа 2013 година

    Тешко е да се објасни кои моменти од црвениот тепих на познатите личности се највпечатливи, едноставно доаѓаат до израз веднаш штом се уловат на фотоапаратите на папараците. Цел свет се восхитува на величествениот стил фатен во тој краток миг, каде што насмевката, гламурозниот од, фустанот, ѓерданот, фризурата, човечноста, креираат една незаборавна фотографија. Како што се приближува крајот на 2013 година, погледнете кои фотографии на црвениот тепих привлекоа најголемо внимание.rnrnМоментите на црвениот тепих кои ја обележаа 2013 годинаrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.