КАФЕ ПАУЗА

Tag: моменти

  • 30 прекрасни моменти од животот кои никогаш нема да ги заборавите

    30 прекрасни моменти од животот кои никогаш нема да ги заборавите

    Станува збор за оние слатки, мали, невидливи моменти од секојдневието, а истовремено толку силни што никогаш нема да ги заборавите. Моменти на кои ќе се присетите после многу години, ќе се насмевнете и ќе кажете „Мојот живот навистина беше едно прекрасно патување со безброј убави, попатни станици“.rnrn30 прекрасни моменти од животот кои никогаш нема да ги заборавитеrnrn1. Моментот кога сте се соочиле со некој страв и сфаќате дека нема подобро чувство од тоа да го правите она од кое најмногу сте се плашеле.rnrn2. Моментот кога одлично сте поминале на тежок тест и тоа убаво чувство кога знаете дека може да постигнете сѐ што ќе замислите.rnrn3. Моментот кога сте почнале да возите без придружба и целиот пат сте ја слушале омилената музика.rnrn4. Моментот кога ја зедовте првата плата и како верувавте дека тешката работа навистина се исплати.rnrn5. Моментот кога запознавте нов пријател, знаејќи дека ќе останете блиски засекогаш.rnrn6. Моментот кога вашата симпатија ви кажала дека ве сака и како не сте можеле да престанете да се смеете.rnrn7. Моментот кога слетувате во омилената земја.rnrn8. Моментот кога ја спуштате главата на перница после продуктивниот ден на работа и како тоа ве довело еден чекор поблиску до целта.rnrn9. Моментот кога вашиот омилен тим го освојува првенството и еуфоријата што следи.rnrn10. Моментот кога го држите бебето на некој драг човек и како станувате невини и блажени во тој момент.rnrn11. Моментот кога заземате цврст став откако сте биле тивки и трпеливи долго време.rnrn12. Моментот кога го добивате тоа за кое сте се молеле и сфаќате дека светот не е толку лош и после сѐ.rnrn13. Моментот кога сфаќате колку ве сакаат луѓето околу вас.rnrn14. Моментот кога вашето милениче ве пречекува секој ден кога се враќате дома.rnrn15. Моментот откако сте имале специјален разговор со вашите партнери и веднаш сте почувствувале дека сте се зближиле уште повеќе.rnrn16. Моментот кога сте успеале да насмеете некого кој имал ужасен ден.rnrn17. Моментот кога се откажувате од некој или нешто што ве држело заробени и слободата која доаѓа со тоа.rnrn18. Моментот кога сте го направиле вашето семејство среќно, без разлика дали затоа што сте биле добри студенти, добра личност или едноставно само затоа што сте тука кога најмногу им требате.rnrn19. Моментот кога вашите пријатели ќе направат нешто слатко за вас и ќе ве потсетат колку навистина ве сакаат.rnrn20. Моментот кога успешно ќе завршите мисија: губење тежина, фокус на работата, оптимизам и слично.rnrn21. Моментот кога ќе завршите добра книга и инспирацијата која ја наоѓате во тие зборови.rnrn22. Моментот кога докажувате нешто пред некој што погрешно се сомневал и самодовербата која ја добивате од тоа.rnrn23. Моментот кога конечно сте успеале да направите некоја тешка јога поза.rnrn24. Моментот кога ќе одлучите да бидете пољубезни кон себе и ќе почнете полека да се сакате себеси, со сите свои маани.rnrn25. Моментот кога добивате благодарност поради некое добро дело.rnrn26. Моментот кога ја пуштаат вашата омилена песна на радио.rnrn27. Моментот кога неочекувано налетувате на некој стар колега или соработник.rnrn28. Моментот кога после долго време одите на плажа и спокојот кој го чувствувате од звукот на брановите и убавината на небото.rnrn29. Моментот кога конечно сфаќате зошто ви се случило нешто и конечно ја решавате загатката.rnrn30. Моментот на тишина кога вистински уживате во вашето сопствено присуство и сте благодарни за дарот на животот.

  • Интересни фотографии, направени во совршен момент, кои ќе го излажат вашиот мозок

    Интересни фотографии, направени во совршен момент, кои ќе го излажат вашиот мозок

    Некогаш фотографот треба да помине неколку часови во подготовка на својот следен кадар пред конечно да успее да направи добри фотографии. Но, некогаш сѐ што е потребно е да бидете на вистинското место, во вистинското време. Најважно е да бидете креативни и да имате остро чувство за детали. Кога овие компоненти ќе се соединат, гарантирано ќе излезат совршено временски темпирани и неверојатни фотографии. Во продолжение погледнете ги овие оптички илузии кои се случуваат само еднаш во животот.rnrn

    Оптичка илузија со јаболка
    rnrn
    Транспарентен монитор
    Транспарентен монитор
    rnrn

  • Украдени бакнежи: Мали љубовни моменти во секојдневниот живот

    Украдени бакнежи: Мали љубовни моменти во секојдневниот живот

    Љубовта е нешто прекрасно. Токму оние украдени бакнежи, во јавноста или во приватноста на нашиот дом, се наједноставните моменти кои имаат моќ да ни го стоплат срцето. Тоа била и инспирацијата зад оваа серија фотографии од Микаел Тејмер, каде што тој се обидел да ги „фати на дело“ заљубените птички во надворешниот свет. Овие спонтани љубовни секунди кои се овековечени од улиците на Париз и Монтреал и се дел од неговиот проект наречен „Street Love“ дури и најголемите скептици ќе ги претворат во непоправливи романтичари. Погледнете…rnrn(1) Украдени бакнежи: Мали љубовни моменти во секојдневниот животrnrn

  • 10 начини на кои секојдневно ти покажувам дека те сакам

    10 начини на кои секојдневно ти покажувам дека те сакам

    Погледнете десет тематски слики од проектот „Happiness“ на креативното студио „Last Lemon“ кои ќе ви освојат срцето. Од 2013,а па сè до денес, тие илустрирале повеќе од 8.000 мали моменти на среќа, базирани на идеите од нивните фанови на Фејсбук. Слободно пишете им што ве прави среќни и тие тоа ќе го илустрираат на интересен и уникатен начин и ќе го постават на нивната страна.rnrn

    Ти покажувам дека те сакам секој ден, не само на Денот на вљубените
    Ти покажувам дека те сакам секој ден, не само на Денот на вљубените
    rnrn

  • 40 мали, случајни моменти кои ќе ве потсетат дека животот е прекрасен

    40 мали, случајни моменти кои ќе ве потсетат дека животот е прекрасен

    Што е животот ако не барабан полн со моменти кои случајно испливуваат на површината, како лото топчиња? Некои од нив се убави, среќни, вредни за паметење, но има и такви кои ќе ве растажат, изнервираат или засекогаш ќе ве одделат од вашите драги луѓе. Но без разлика на сѐ, важно е да ја цениме вредноста на секој од тие моменти и секој среќен момент да го додаваме на сложувалката која ја составуваме додека сме живи, а се вика „Животот е прекрасен“.rnrn40 мали, случајни моменти кои ќе ве потсетат дека животот е прекрасенrnrn1. Кога ќе најдете паричка на улица.rnrn2. Разменувањето насмевка со непознат човек.rnrn3. Првиот залак од храната која долго сте ја чекале.rnrn4. Првата голтка ладна вода кога сте жедни.rnrn5. Кога ќе ве бакне некој што не сте очекувале.rnrn6. Порака од симпатијата.rnrn7. Кога ќе ги отворите ролетните и надвор ќе го видите првиот снег.rnrn8. Смеење за нешто сосема случајно.rnrn9. Кога ќе најдете белешка од некој што го сакате.rnrn10. Кога ќе ви се допадне новата храна што прв пат ја пробувате.rnrn11. Кога ќе прочитате нешто што ќе ве наежи.rnrn12. Кога ќе видите прекрасен пејзаж.rnrn13. Моментот кога одеднаш ќе се почувствувате смирено.rnrn14. Прегратка со љубените.rnrn15. Кога вашето милениче спие покрај вас.rnrn16. Дремење на кауч после долгиот работен ден.rnrn17. Мирисот на дождот.rnrn18. Долго вВозење по празен пат.rnrn19. Кога ќе видите ѕвезда што паѓа.rnrn20. Неочекуван телефонски повик од некој што го сакате.rnrn21. Кога готвите нешто кое има прекрасен вкус и мирис.rnrn22. Кога ќе се погледнете со некој пријател и ќе прснете од смеа.rnrn23. Пребарувањето низ стари фотографии.rnrn24. Кога слушате песна која ви носи стари спомени.rnrn25. Кога случајно ќе се допрете со симпатијата.rnrn26. Кога ќе се погледнете во огледало со голема самодоверба.rnrn27. Кога ќе создадете некое дело и ќе почувствувате гордост.rnrn28. Утехата што ја наоѓате кога сте сами.rnrn29. Кога ги слушате звуците од природата.rnrn30. Топлиот ветер.rnrn31. Мирисот на домашно зготвената храна.rnrn32. Прегратката со некој кого не сте го виделе подолго време.rnrn33. Длабоко задоволство.rnrn34. Неочекувани пеперутки во стомакот.rnrn35. Кога гледате во уметничко дело со кое чувствувате поврзаност.rnrn36. Длабок разговор после кој се чувствувате просветлено.rnrn37. Кога ќе почувствувате меѓусебна привлечност со неочекувана личност.rnrn38. Неочекувани солзи радосници.rnrn39. Прегратка која ве враќа во минатото.rnrn40. Моментот кога чувствувате дека работите си доаѓаат на свое место.

  • 30 нешта кои не ви е криво што ги губите кога ќе влезете во сериозна врска

    30 нешта кои не ви е криво што ги губите кога ќе влезете во сериозна врска

    Врските се прекрасни, но тие бараат големи жртви. Сега, кога нештата не се вртат само околу вас мора да внимавате и на туѓите чувства – без разлика дали тоа значи да гледате некој хорор филм наместо романтичен, или да пропуштите забава за вечера со домашните.rnrn0-31-neshto-koe-go-gubite-koga-kje-vlezete-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mkrnrnДа, секако дека нема да можете да играте голи по станот или да го гледате згодниот сосед, но врските си имаат и убави нешта – прекрасни мигови исполнети со љубов плус добивате личност која ќе ве почитува и поддржува. Кога ќе ги ставиме работите на вага, тие изгледаат еднакво.rnrn1. Можноста да флертувате со други луѓе – Мех, и онака не бевте добри во тоа.rnrn2. Таа посебна облека за „оние денови“ (која одамна би требало да ја имате фрлено).rnrn3. Стравот со кого ќе одите на следната свадба.rnrn4. Сомневањето во себеси – конечно имате некој кој ќе ви ласка и ќе ви помага да верувате во себе.rnrn5. Шминката – Чувството е прекрасно кога ќе се разбудите во својата најприродна верзија.rnrn6. Слободата во вашиот кревет. – Сигурни сме дека би се откажале од многу нешта за чувството во раката додека лежи врз вас.rnrn7. Вашата рутина – Секој ден поминат со него е непредвидлива авантура…rnrn8. Чудните први состаноци – Вие и вашиот паричник можете да поминете без нив.rnrn9. Вишокот простор во креветот наместо крадењето на прекривките. Бидејќи сега што е ваше е негово и обратно.rnrn10. Поканата за забава кај некој познаник – Не чувствувате потреба да одите затоа што се надевате дека таму ќе има некој нов згоден тип.rnrn11. Вашата нормалност – Лудото заљубување изгледа како фантазија и сте среќни кога сте на небо.rnrn12. Времето со вашиот вибратор – Сепак, сексот е многу подобар.rnrn13. Време за вежбање – Постојат други начини за физичка активност…rnrn14. Гледањето филмови и серии до 4 часот наутро.rnrn15. Тиндер.rnrn16. Несигурностите – Иако не ви треба маж за да ви каже дека сте прекрасни, сепак е убаво кога ќе ви каже некој убав збор. Чувството е прекрасно кога знаете дека постои некој кој ве сака баш такви какви што се.rnrn17. Трошењето пари за вечера – А затоа имате повеќе пари на сметката. Има смисла сега…rnrn18. Вашите сексуални инхибиции – А вие мислевте дека тоа го има само во чик литературата…rnrn19. Вишокот килограми – Сигурно веќе не се опивате во барови и јадете после излегување. Има подобри нешта кои треба да се најдат во вашата уста.rnrn20. Апсурдните драматизирања со пријателките – Вие си ги одбирате битките и одлучувате кога да се истурите на вашите пријателки. Сега имате момче и можете и на него да му викате!rnrn21. Кога не знаете што да одговорите на нечие „те сакам“ – Кому му требаат зборови покрај вакви посебни чувства?!rnrn22. Сексот за една вечер – Кога се будите на сред вечер на непозната територија и се надевате дека звукот на вашето мочање нема да го разбуди странецот со кого малку сте се забавувале.rnrn23. Вашите големи планови да живеете со 657 мачки.rnrn24. Празниот простор на домалиот прст – Знаете на што мислиме. ;)rnrn25. Стравот од врзување.rnrn26. Постојаното прашување од мајка ви: „Кога ќе го запознаам тоа твое момче?“ – Сега мамо, сега…rnrn27. Возењето сами – Имате некој кој постојано ќе доаѓа со вас, скоро секаде каде што ќе одите. И уште поважно, тој ќе го прави тоа позабавно.rnrn28. Огорченоста кога ќе видите пар – Добредојдовте во клубот.rnrn29. Омразата кон романтични филмови – Чудно е како почнавте да се пронаоѓате во сите ликови.rnrn30. Грижата дека ќе умрете сами, а мачките ќе го изедат вашиот труп.

  • Фотографии од мачки сликани во вистинскиот момент кои слатко ќе ве насмеат

    Фотографии од мачки сликани во вистинскиот момент кои слатко ќе ве насмеат

    Овие фотографии со совршен тајминг докажуваат дека вреди мачките да се набљудуваат 24 часа 7 дена во неделата. Бидејќи тие и онака обожуваат внимание, зошто да не направите интересни фотографии од нив кои засекогаш ќе ве потсетуваат колку интересно милениче имате? А, сите сопственици на мачки знаат за какви фотографии зборуваме.rnrn1-33-sovrsheni-fotografii-od-machki-slikani-vo-sovrsheniot-moment-koi-slatko-kje-ve-nasmeat-kafepauza.mkrnrnПа, ако не поседувате вакво крзнено пријателче, благодарение на оваа селекција од најинтересните фотографии направени во совршениот момент, можете да се смеете исто како што се смеат нивните среќни сопственици. Погледнете.rnrn

  • Заборавете ги лошите: Ова се 10-те најдобри моменти во секоја врска

    Заборавете ги лошите: Ова се 10-те најдобри моменти во секоја врска

    Заборавете на лошите моменти, на раскинувањата и солзите, бидејќи денес ќе одвоиме време за најубавите и најискрените моменти во секоја врска. Секако, листата на најубави и највозбудливи моменти е многу подолга, но во оваа прилика одвојуваме неколку од најважните кои никогаш нема да ги заборавите. Патот по кој ќе ве водиме сега, содржи преубави моменти од вашата врска кои со сигурност ќе измамат насмевка на вашето лице и ќе ви ги вратат најубавите спомени.rnrn1-zaboravete-gi-loshite-ova-se-10-te-najdobri-momenti-vo-sekoja-vrska-www.kafepauza.mk_rn

    1. Првиот состанок

    rnНишто не може да биде повозбудливо од подготовката за првото кафе, првиот состанок со личноста која ја гледаме како потенцијален партнер. Нервозата, еуфоријата, енергијата која владее помеѓу двајца млади луѓе на првиот состанок е нешто што никогаш нема да го заборавите и сигурно ќе биде една од вашите најдраги теми.rn

    2. Моментот пред првиот бакнеж

    rnЗа ова сте чекале цела вечер и кога конечно ќе дојде до тоа срцето забрзано чука, скока, пеперутките во стомакот тотално полудуваат, колената се тресат, а вие само сакате тој бакнеж никогаш да не заврши.rn

    3. Првиот секс со сегашниот партнер

    rnБез разлика дали првиот пат со саканата личност бил совршен, сигурно ќе ја паметите таа блага срамежливост, допирите, погледите, страста и испитувањето на дотогаш непознатиот терен…rn

    4. Оние моменти кога само лежите во кревет, не правите ништо, а сепак е магично

    rnСекако ова нема да биде романтично и слатко ако го повторите 100 пати. Меѓутоа, во моментите кога сте си доволни само еден на друг и не работите ништо, вас ви е фантастично и тоа е нешто што ќе го паметите и кое води до нешто посериозно.rnrn2-zaboravete-gi-loshite-ova-se-10-te-najdobri-momenti-vo-sekoja-vrska-www.kafepauza.mk_rn

    5. Моментот кога сфаќате дека неговото/нејзиното семејство може да биде и ваше

    rnНема ништо поубаво од моментот кога сте прифатени од страна на саканата личност и неговите најблиски и кога може да ја замислите иднината со насмевка на лицето, заеднички семејни собири и дружби…rn

    6. Моментите кога ќе се видите после одредена раздвоеност

    rnДали постои нешто поубаво од моментот кога го/ја чекате на автобуската станица или аеродромот и знаете дека за момент ќе ја здогледате насмевката во која сте се заљубиле?rnrnДоколку се прашувавте како изгледа вистинската среќа, тоа се тие драги моменти поради кои вреди да се препуштите на љубовта. Иако разделеноста и врската на далечина се нешта што не ги сакаме, понекогаш е потребно за да ги доживееме овие моменти кои се вредни за паметење.rnrn3-zaboravete-gi-loshite-ova-se-10-te-najdobri-momenti-vo-sekoja-vrska-www.kafepauza.mk_rn

    7. Кога ќе ја оставите четката за заби во неговата/нејзината бања

    rnСо оваа мала постапка ви се отвора иднината, а нема поубав момент од тој кога знаете дека можете да планирате нешто или дека сте добредојдени во животот на саканата личност.rn

    8. Кога се карате, но знаете дека нема да раскинете

    rnСекако дека ова нема да го сметаме за „најдобар“ момент, но сепак е показател за една цврста врска. На каков проблем и да наидете, вие можеби ќе го решите со кавга, но не се раскинување.rn

    9. Кога случајно ќе кажете „Те сакам“ и ја чекате повратната реакција

    rnМожеби во почетокот е непријатна ситуација, но секако е за паметење, бидејќи првото „те сакам“ во врската е многу важно.rn

    10. Кога минувате низ тежок период, но го/ја имате него/неа и сè ви е полесно

    rnМожеби ја загубивте работата, паднавте на испит или имате семејни проблеми… Но, знаете дека тој/таа е тука да измами насмевка на вашето лице, да ви даде најтопла прегратка и барем на кратко – бегство од реалноста.rnrn4-zaboravete-gi-loshite-ova-se-10-te-najdobri-momenti-vo-sekoja-vrska-www.kafepauza.mk_

  • Љубовта е во малите нешта: Прекрасни илустрации кои ги доловуваат секојдневните моменти

    Љубовта е во малите нешта: Прекрасни илустрации кои ги доловуваат секојдневните моменти

    Честопати сме толку преокупирани со нашите обврски и нашите зафатени животи, што забораваме да уживаме во малите нешта кои животот секојдневно ни ги нуди. Некогаш едноставно треба да застанеме и да ја забележиме убавината и среќата што ја имаме.rnrn

    Читање книги
    Читање книги
    rnrnВо секој ден има љубов и убавина. Некогаш е нешто мало – изгрејсонце или заспивање покрај саканиот/ата, а некогаш е нешто големо. Секој ден е различен, но во секој има нешто видливо или сокриено, а ние треба да бидеме доволно внимателни за да го забележиме. Овие илустрации го доловуваат секојдневниот живот и малите мигови кои ќе ги пропуштиме, ако не внимаваме доволно.rnrn

  • 13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат

    13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат

    Ах, романтични комедии, совршен приказ на вистинскиот живот и вистинската љубов. Не. Вистината е дека филмовите ни ги „испраа“ главите и ни наметнаа големи очекувања од љубовта кои, за жал, никогаш нема да се исполнат. Со полно право можеме да го мразиме Холивуд и да фрламе со бонбоните по телевизорот (ако некој е доволно луд или тажен за да го прави тоа) поради овие 13 ситуации.rn

    1. Кога се појавува во последен миг за да ви каже дека ве сака…

    rn1-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnВо вистинскиот живот, останувате сами, плачејќи во тоалетот додека сите други се бакнуваат.rn

    2. Кога најдобриот пријател на вашиот сопруг се појавува и ви признава дека е заљубен во вас…

    rn2-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНикогаш немаше да истрчате и да го бакнете. Не, нема шанси! Ќе му кажевте дека сте поласкани, но дека тоа е несоодветно однесување и ќе му ја затворевте вратата (или барем така би го навеле вашиот сопруг да мисли).rn

    3. Изгледате секси додека се бакнувате на дождот…

    rn3-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСекако дека луѓето и во вистинскиот живот се бакнуваат на дожд, но маскарата си тече, косата изгледа ужасно, а и тој не е нешто подобар.rn

    4. Кога ги тргате очилата и наеднаш сите се вртат по вас…

    rn4-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnОдлична порака Холивуд! Немаме друг коментар на ова.rn

    5. Кога се заљубувате во личноста што ја мразите…

    rn5-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСте имале причина зошто ја мразите оваа личност и сега наеднаш не ја мразите? Постои причина зошто не сте се сложувале и зошто сте се мразеле. Двајца луѓе кои се згодни можат да се мразат и да не се заљубат. Во ред е.rn

    6. Комуницирате со маж од друго време преку поштенско сандаче преку кое си праќате писма…

    rn6-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНема што да се објаснува овде.rn

    7. Да се преправате дека сте друга личност и кога луѓето околу вас ќе дознаат, тие не се воопшто лути…

    rn7-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnЗнаете како кога нешто ќе згрешите луѓето околу вас стануваат лути? Е па ова е многу, многу полошо.rn

    8. Кога сте проститутка, се заљубувате во клиент и живеете среќно до крајот на животот…

    rn8-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnКолкави се шансите ова да се случи? Никакви. Ама баш никакви.rn

    9. Кога ја наоѓате вашата сродна душа додека купувате ракавици…

    rn9-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСекому му се потребни ракавици во зима, а богами и сродна душа…rn

    10. Кога ја изразувате љубовта во јавност на најчудниот начин кој постои…

    rn10-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnЈавното искажување љубов е нешто што предизвикува непријатност кај сите.rn

    11. Никој не ви замерува што сте лажеле дека сте во врска со член на фамилијата кој е во кома и не може дека е поинаку

    rn11-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНи малку не е шармантно, нити вистинито.rn

    12. Кога поставувате рок и личноста се појавува точно навреме…

    rn12-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnДраги дами и господа, ова го има само во Холивуд!rn

    13. Кога останувате бремени и се заљубувате во момчето со кое сте имале „секс за една вечер“…

    rn13-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНикогаш нема да можете да го пронајдете откако ќе заврши таа магична ноќ, особено не за да му кажете дека сте бремени.