КАФЕ ПАУЗА

Tag: моменти

  • 20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнат

    20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнат

    Постојат луѓе кои постојано доцнат и такви кои постојано треба да ги чекаат. На првата група со сигурност им е многу полесно, додека пак вторите најчесто знаат да бидат изнервирани од чекањето. Доколку и вие сте од оние многумина кои не знаат како да стигнат навреме, дефинитивно ќе се пронајдете во овие неколку моменти.rn

    1. Кога сѐ уште сте во пижами, имате уште три минути пред да треба да излезете, но сепак си велите дека тоа е во ред

    rn20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнатrn

    2. Кога го пропуштате автобусот за дел од секундата и знаете дека за малку би биле точно на време

    rn20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнатrn

    3. Оној прекрасен момент кога во последен миг ќе го фатите автобусот, па нема да доцните на работа (барем еднаш)

    rn20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнатrn

    4. Кога ќе се разбудите тогаш кога требало, но некои натприродни сили ќе ве спречат да се подготвите навреме

    rn20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнатrn

    5. Или пак кога ќе се разбудите доцна, но некои сили ќе одлучат да бидат на ваша страна, па ќе стигнете навреме на закажаната средба

    rn20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнатrn

    6. Кога конечно ќе се појавите во кафулето, по доцнење од половина час, па вашиот пријател ќе ве гледа како да сте најголем предавник

    rn20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнатrn

    7. Кога сте на интервју за работа и на муабет доаѓа вашата точност

    rn20 моменти што ќе ги разберат само оние кои постојано доцнатrnrnПогледнете уште интересни моменти на наредната страница…rn

  • Моменти кои покажуваат дека не можете да живеете без вашата мајка, дури ни кога сте возрасни

    Моменти кои покажуваат дека не можете да живеете без вашата мајка, дури ни кога сте возрасни

    Без разлика колку сте стари, секогаш ќе ви биде потребна вашата мајка. Не постои личност која не ја сака, па и како минуваат годините, вие сѐ уште сфаќате дека зависите од неа и дека таа секогаш ви нуди поддршка, топлина, љубов и… храна! Погледнете ги овие 13 моменти кои покажуваат дека не можете да живеете без вашата мајка, дури ни како возрасни личности.rnrnМоменти кои покажуваат дека не можете да живеете без вашата мајка, дури и кога сте возрасниrn

    1. Мајките се секогаш тука за да ги скројат вашите панталони

    rnКога ќе го најдете совршениот пар панталони и ќе сфатите дека тие се премногу долги за вас, секогаш ја барате вашата мајка која без проблем ќе ви ги скрати и ќе ги направи по ваша мерка, со совршена должина. Сигурно не можете да замислите самите да го направите ова.rn

    2. Мајките се секогаш тука за да ви помогнат со рецептите

    rnМајките честопати знаат да ви помогнат со рецептите за кои не сте сигурни, затоа што тие на памет го знаат речиси секој рецепт. Сакате да ги изненадите вашите пријатели со некој нов рецепт? Јавете ѝ се на вашата мајка и побарајте совет!rn

    3. Мајките се секогаш тука за да ви ја кажат вистината

    rnМајките понекогаш може да бидат премногу искрени кажувајќи ви ја вистината, но сите знаете дека тоа е затоа што тие чувствуваат силна љубов кон вас, која не можете да ја добиете од никој друг. Тие го мислат најдоброто за вас и сакаат да ви помогнат да ги направите вистинските одлуки.rn

    4. Мајките се секогаш тука за да ви помогнат да поминете низ тешките моменти

    rnМожеби имате добри пријатели до вас кои ќе ве поддржуваат, но никој не е подобар од вашата мајка. Мајките знаат што ви треба во секој период и честопати можете да разговарате, а тие ќе ги сослушуваат вашите проблеми, без разлика дали е тоа телефонски повик или средба, тие секогаш ќе бидат до вас за да ви понудат утеха.rn

    5. Мајките се секогаш тука за да се изборите со болестите

    rnКога сте настинати, вашата мајка е личноста која се грижи за вас, ви носи домашни лекови и прави да се чувствувате сигурни. Таа исто така и ве уверува дека брзо ќе закрепнете, а вие без сомнеж ѝ верувате.rn

    6. Мајките се секогаш тука за да ви подготват здрав оброк

    rnВие можете да бидете добар готвач, но постои нешто неспоредливо со јадењата на вашата мајка, што едноставно не можете да ги имитирате. Таа го знае вашето омилено јадење, па никогаш нема да погреши.rnrnМоменти кои покажуваат дека не можете да живеете без вашата мајка, дури и кога сте возрасниrn

    7. Мајките се секогаш тука за да ви помогнат да донесете одлука

    rnБез разлика дали е тоа некоја голема одлука, како што е промена на живеалиште, промена на работно место и слично, или пак мала одлука како на пример што да подготвите за вечера, мајките секогаш се тука за да се консултирате со нив. Еден разговор со нив може да ви биде од огромна помош.rn

    8. Мајките се секогаш тука за да ви помогнат повторно да се вратите на својот пат

    rnПонекогаш некои животни случувања може да направат да се чувствувате малку изгубено во себе, но мајките секогаш знаат да ви дадат совет кој ќе направи да се чувствувате сигурни, храбри и безбедни да се вратите на својот пат.rn

    9. Мајките се секогаш тука за да ви помогнат со многу „возрасни“ ситуации

    rnТреба да платите данок или да го осигурите автомобилот? Па, таа поминала низ овие работи и ги знае, па слободно можете да позборувате со неа.rn

    10. Мајките се секогаш тука за да ве потсетат на старите добри времиња

    rnСите луѓе понекогаш сакаат да станат носталгични и да заплачат од среќа за старите добри времиња. Вашата мајка ќе ви го раскаже секој момент: Ако се сеќавате на вашето прво паѓање од велосипед, таа ќе ви ги каже сите детали околу тоа, а споделувањето приказни е добар начин за да се поврзете уште повеќе.rn

    11. Мајките се секогаш тука за да го изговорат зборот „честитки“

    rnМајките секогаш се горди на своите деца, без разлика што постигнале. Па, ако добивте унапредување на работа и ви треба некој со кој би можеле да го споделите тоа, тогаш вашата мајка е првиот вистински избор!rn

    12. Мајките се секогаш тука за да ви помогнат со вашето дете

    rnДа се биде родител не е воопшто лесно, а не постои прирачник кој ќе ви каже што треба да правите. Но, вашата мајка има искуство и таа може да биде до вас кога нема да знаете како да се справите со вашето бебе.rn

    13. Мајките се секогаш тука за да уживате со нив во празниците

    rnПразниците поминати со семејството се нешто што не можете да го купите со пари. Празничните моменти споделени со вашата мајка се едни од најубавите спомени!rnrnПогледнете ги и овие илустрации што ќе ви покажат дека никој не може да ве сака на ист начин како вашата мајка.

  • 10 работи на кои треба да се потсетите во моментот кога ќе решите да се откажете од љубовта

    10 работи на кои треба да се потсетите во моментот кога ќе решите да се откажете од љубовта

    Љубовта му е потребна секому и таа е една од основните движечки сили во животот на човекот. За жал, таа не доаѓа секогаш во онаква форма каква што ја посакувате, но тоа не значи дека треба да се откажете. Многу работи се случуваат неочекувано и донесуваат неизмерна среќа и задоволство. Доколку и вие сте се нашле во момент кога помислувате да се откажете од љубовта, потсетете се на овие неколку работи.rnrn10 работи на кои треба да се потсетите во моментите кога ќе решите да се откажете од љубовтаrnrn1. Вистинската љубов не треба да биде под притисок. Не треба да се брзаат работите, оставете времето да ви го покаже вистинскиот пат.rnrn2. Само затоа што вашите пријатели нашле љубов, не значи дека вие не сте прекрасна личност. Не вредите помалку само затоа што немате партнер до себе!rnrn3. Љубовта доаѓа во сите облици и големини. Само затоа што не сте ја пронашле вистинската личност за себе, не значи дека немате љубов во вашиот живот. Ги имате вашите пријатели и семејството, а некои луѓе не можат да го кажат ниту ова.rnrn4. Љубовта не е трка или натпревар. И покрај тоа што ви велат вашите најблиски и општеството, наоѓањето соодветен партнер не мора секогаш да ви биде на прво место. Без разлика на која возраст сте, не треба да се чувствувате под каков било притисок, само затоа што повеќето од вашите пријатели се во брак.rnrn5. Вистинската љубов доаѓа кога најмалку ја очекувате. Можете да ја најдете оваа личност во продавница или на бензинска пумпа. Никогаш не знаете што ве очекува, затоа, нема потреба да се откажувате.rnrn10 работи на кои треба да се потсетите во моментите кога ќе решите да се откажете од љубовтаrnrn6. Љубовта не е сѐ. Фокусирајте се на вашата кариера, пријателството или здравјето. Постојат многу други работи во животот кон кои можете да го насочите вашето внимание, наместо постојано да бидете во потрага по партнер/ка.rnrn7. Наместо постојано да бидете тажни, потребно е да се погрижите за себе. Научете да се сакате без оглед на вашиот љубовен статус.rnrn8. Ако поминувате повеќе време барајќи љубов, ќе ги запоставите луѓето кои навистина ви се важни. Излезете со пријателите, резервирајте вечер помината со вашето семејство и фокусирајте се на сите оние прекрасни работи кои ги имате околу себе.rnrn9. Речиси секој се бори со овој проблем. Луѓето се борат и со многу полоши проблеми од љубовните. Не сте сами вие со вашето страдање. Затоа, разговарајте со некој близок околу ова.rnrn10. Имате поминато и полоши работи од ова. Вие имате поминато многу животни предизвици што никогаш не сте мислеле дека би можеле. Сте живееле во тешки времиња, а со сигурност ќе го поминете и ова.

  • 8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате мало кученце

    8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате мало кученце

    Малите кученца бараат посебна нега и внимание. Но, од друга страна, тие ви нудат многу прекрасни и незаборавни моменти. Еднаш откако ќе станете блиски со вашите мали крзнени пријатели, речиси невозможно ќе ви биде да се одвикнете од нив. Во продолжение погледнете со што сѐ ќе се соочите кога ќе се одлучите вашиот живот да го надополните со мало кученце.rnrn8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате кученцеrn

    1. Ќе бидете физички поактивни

    rnКога нема да биде во длабок сон, малото крзнено пријателче ќе сака постојано да трча и да си игра. Со него деновите ќе ви поминуваат неосетно, а притоа ќе имате и поголема физичка активност, што секако е од голема корист за вашето здравје.rn

    2. Ќе бидете многу уморни

    rnМалите кученца имаат мал мочен меур, па сигурно веќе погодувате кој ќе се буди со нив во текот на ноќта. Па, подгответе се за неколку бессони ноќи.rn

    3. Најверојатно малку и ќе плачете

    rnМалото кученце ќе стенка и ќе цимоли, а вие ќе се чувствувате по малку нервозно околу тоа. Не срамете се да пуштите и неколку солзи.rn

    4. Лесно ќе се изнервирате

    rnМожеби вашиот миленик е најслаткото нешто во светот, но ќе постојат моменти кога ќе бидете изнервирани од него, како што е на пример нередот со храната или џвакањето многу ваши омилени работи во домот. Наместо да бидете нерасположени, обидете се да сфатите дека тоа е само бебе и не знае како подобро да се однесува.rnrn8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате кученцеrn

    5. Ќе потрошите многу пари

    rnПосетите на ветеринар, храната, па и играчките наменети за малиот крзнен пријател, нема да ве чинат евтино.rn

    6. Ќе почнете да зборувате со бебешки глас

    rnОткако ќе се зближите, честопати на вашето кученце ќе му се обраќате со бебешки глас. Најверојатно ќе почнете да зборувате и со некои луѓе како тие да се четвороножни животни.rn

    7. Ќе се чувствувате лошо кога ќе треба да излезете од дома

    rnПрвите неколку недели (а можеби и месеци), вашето куче ќе плаче секогаш кога ќе ја напуштите куќата, а вие може да почувствувате вина поради ова.rn

    8. Нема да паметите каков ви бил животот пред да го имате кученцето

    rnНормално, сега животот ви е многу, многу поубав!

  • Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?

    Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?

    Забавувањето со вашето момче или девојка и заедничките излегувања се одлични. Постојано сте некаде сами или со заедничките пријатели, одите на кино, театар, во ресторани, во дискотеки… Совршено се согласувате и љубовта ви цвета. Но, што се случува по одлуката да почнете да живеете заедно? Како заедничкиот живот и делењето на заедничкиот простор може да влијае на вашата врска. Еве неколку забавни интимни размислувања на момци кои живеат заедно со своите девојки.rnrn(1) Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?rn

    „Имав среќа да живеам со цимери кои секогаш имаа поразличен распоред од мојот. Кога почнав да живеам со мојата девојка, за прв пат се соочив со моментот дека треба да ја делам бањата со некој кој оди на работа, во истото време кога одам и јас. Тоа навистина беше хаотично. Бев навикнат да се разбудам, да си посветам неколку минути себеси, а потоа да влезам под туш. Но, сега имаме специфични распореди во кои нема место за грешка. Имав потреба од неколку тешки седмици за да се навикнам на новата ситуација.“ – Џордан, 28 години

    rn

    „Мојата девојка еднаш се расплака затоа што сметав дека не треба да го местам креветот секој ден. Никогаш не си го местев креветот, а не знаев дека другите тоа го прават секое утро.“ – Алекс, 29 години

    rn

    „Големо изненадување ми беше кога дознав дека ниту едно парче од мојот мебел не е доволно добро. Мојот кауч, мојот кревет, сè што имав врамено и ставено на ѕидовите. Ништо од тоа не претставуваше проблем во мојот стан, но одеднаш сето тоа мораше да биде фрлено или да го тргнам во подрум. Исто така, ме изненади и тоа што работите од факултетските денови не беа доволно добри да ги задржам.“ – Мајк, 26 години

    rn

    „Искрено ме изненади колку е тоа лесно. Сите веруваат дека момците и девојките се различни, но и двајцата сме многу релаксирани и не бараме многу еден од друг. Немаме никакви проблеми или стереотипи.“ – Ерик, 26 години

    rn

    „Не можев да си поверувам дека креветот не е толку голем колку што си мислев.“ – Ентони, 24 години

    rn

    „Не им се допаѓа кога играш видео игри 5 часа без прекин.“ – Шејн, 27 години

    rn

    „Се навикнав на тоа едноставно таа да се појави подготвена и прекрасна, а сега гледам дека тоа е еден долготраен, макотрпен и неколкучасовен процес. Можеш да ѕирнеш зад завесата. И натаму доцни, но сега знам зошто. И, барем, кога ќе почнете да живеете заедно, ја чекаш дома, па можеш да играш видео игра за тоа време.“ – Кајл, 25 години

    rn

    „Не знам за другите, но мене ме зачуди фактот колку многу работи имаат девојките. Мислев дека нашата бања има доволно фиоки и полици за сите нејзини ситници, но некако и местата што не се предвидени за чување работи се веќе пренатрупани, а фиоките не можат да се затворат.“ – Џастин, 26 години

    rn

    „Научив дека девојките некогаш сметаат дека едно пакување чипс може да биде и целосна вечера.“ – Мет, 30 години

    rn

    „Мислев дека мојата девојка се грижи за чистотата во станот. Но, се покажа дека таа знае супер трикови да ги среди работите пред некој да дојде кај неа. Набрзо сфатив дека јас сум оној уредниот во врската. Навистина е смешно, но јас сум тој што оди по неа и ги раскрева работите кои таа ги остава зад себе. Кога живеев со цимери, јас бев неуредниот, па сега замислете си вие каква е таа.“ – Брајан, 24

  • Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнат

    Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнат

    Луѓето, особено во денешно време, се склони кон анксиозност, која најчесто се појавува во стресни ситуации. Секој човек е различен, поради што нападите на анксиозност можат да се предизвикаат од најразлични нешта, како на пример, ако се најдете во голема толпа, гласни и бучни места, преоптовареност од работа… Некои луѓе реагираат на летање со авион, страв од кучиња или кога треба да одржат јавен говор, проблеми во љубовната врска, недостаток на контрола врз работите или дури и при пливање. Но, без оглед што ја поттикнува анксиозноста во нас, еве неколку трикови со чијашто помош ќе го надминете или ќе се справите со тоа непријатно чувство.rn

    1. Дишете длабоко

    rn(2) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnЛуѓето кои патат од анксиозност всушност забораваат да издишуваат, па поради тоа и се создава прекин во дишењето. Тоа е рефлекс на телото, којшто може да се надмине со тоа што во стресните моменти целосно ќе се сконцентрирате на дишењето и ќе му дозволите на вдишувањето и издишувањето да си го сторат своето.rn

    2. Седнете и направете 10-минутна медитација

    rn(3) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnКога ќе почувствувате дека анксиозноста „тропа на вашата врата“ веднаш седнете на некое удобно место и затворете ги очите. Потрудете се да се „исклучите“ од околната бука и лошите мисли кои го заробуваат вашиот ум, и секако не очекувајте во истиот миг тие да ве напуштат. Потоа, дозволете му на дишењето да стане центар на вашето внимание, а не вашите мисли. Полека почнете со регулација на вдишувањето и издишувањето. Вдишувајте подлабоко и издишувајте го целосно воздухот од вашите гради. Доколку можете, направете и мала пауза меѓу земањето и испуштањето воздух. Овој процес нека трае околу 10 минути. Ќе забележите дека биењето на срцето ќе ви се смири и ќе се почувствувате порелаксирано.rn

    3. Останете присебни во моментот

    rn(4) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnДодека седите удобно и сте дишеле длабоко неколку минути, почнете да ја разгледувате околината и да забележувате колку што е можно повеќе работи. Погледнете кон небото или надолу во земјата. Обидете се да ја забележите светлината. Анксиозноста е главно сконцентрирана на иднината и на минатото, и оваа вежба ќе ви помогне да се посветите на моментот во кој се наоѓате, а станувајќи свесни за сегашноста, ќе се ослободите од грижите и ќе се релаксирате.rn

    4. Креирајте си во главата моменти на доверба

    rn(5) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnОбидете се да се сетите на два или три моменти од минатото, кои изгледале лошо или во кои сте се чувствувале така, а на крајот испаднале најубавите нешта коишто можеле да ви се случат вам. Означете ги овие како „моменти за доверба“, па така, доколку повторно почувствувате напад на анксиозност, ќе имате нешто на што ќе можете да се потсетите и да си дадете волја дека и тој лош момент ќе заврши и сè ќе биде добро на крајот.rn

    5. Смејте се колку што можете повеќе

    rn(6) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnНема да верувате, но еден добар стенд-ап настап на вашиот омилен телевизиски лик или добра комедија, можат лошиот ден да го претворат во нешто најубаво. Затоа, доколку веќе немате омилен комичар, пронајдете си еден таков и искористете го неговиот хумор следниот пат кога ќе ја почувствувате анксиозноста. Убаво е да имате еден таков избор во вашиот компјутер или во телефонот. Кога се случуваат нападите, вообичаено имате потреба да разговарате со некој забавен пријател или член од семејството, за да ви ги одвлечка мислите, но многу често се случува тие во тој момент да се зафатени.

  • Сѐ се случува со причина, само треба да бидете свесни за тоа

    Сѐ се случува со причина, само треба да бидете свесни за тоа

    Познатиот грчки филозоф Аристотел верувал дека секогаш сѐ се случува со причина. Секое искуство во животот го доживуваме со цел да се развиваме и да се претвориме во најдобрата верзија од себе, верзија за која никогаш не сме биле свесни дека постои. Единствената работа која нѐ спречува во таа реализација е недостатокот на свесност и мудрост да го согледаме причинско последичниот тек на нештата. Затоа, не смееме да го заборавиме тоа во неколку клучни моменти од нашиот живот…rnrnСе се случува со причина, само треба да станете свесни за тоаrn

    Во време на борба

    rnСекое негативно искуство, секогаш кога треба да се борите против или за нешто, може да се смета како можност за развој. Исто како кога гасениците мораат да излезат од нивниот кожурец. Кога нивното обликување и менување е завршено, тие преку метаморфоза се претвораат во величествени пеперутки. Пеперутката ја отфрлила нејзината поранешна форма и полетала на крилјата на нејзиниот нов живот и нов начин на постоење.rn

    Во време на оздравување

    rnНа некои луѓе им е тешко да поверуваат дека сѐ се случува со причина, особено кога се соочуваат со болка или некоја загуба. Во такви моменти, може да биде многу тешко да се најде доброто во трагичните настани затоа што единственото чувство кое преовладува е болката. Но, и од најтешките искуства во животот се стекнува мудрост и се развива нова сила. Без загубите, не би биле благодарни за добивките. Без тагата, не би биле благодарни за среќните моменти. Без смртта, не би го ценеле животот. Без стравот, не би знаеле да ја цениме љубовта.rn

    Во време на хаос

    rnВистинскиот хаос не може да биде хаос, доколку постои можност за избор. Работите кои се појавуваат може да делуваат сомнително, поради што ги сметате за чиста случајност, но како што веќе знаеме, изгледот лаже. На нив може да се гледа како случајни настани без поврзаност, но во очите на мудриот набљудувач, тие настани ќе имаат цел и смисла.rn

    Во време на рефлексија

    rnВо овој момент, парчињата од сложувалката почнуваат да се вклопуваат и секое од нив открива дел од една прекрасна слика. Болката, борбата, победата и неуспехот, сите тие се важни градежни материјали кои служат за да нѐ оформат онакви какви што сме денес, токму во овој момент.rnrnСе се случува со причина, само треба да станете свесни за тоаrn

    Во време на среќа

    rnКога ќе дојдеме до одредена точка во животот, по сите борби, конечно ќе бидеме способни да ја согледаме мудроста зад сите избори кои потсвесно сме ги направиле. Кристалната јасност сјае низ нив како утринското сонце кое се појавува на хоризонтот.rnrnВо продолжение прочитајте неколку цитати кои уште повеќе ќе ве убедат дека навистина сѐ се случува со причина…rn

    „Недовршениот производ секогаш расте, учи и доживува. Ние го согледуваме тоа преку рефлексијата и анализирањето на нашите искуства.“ – Непознат автор

    rn

    „Верувам дека сѐ се случува со причина, дури и ако не сме доволно мудри да го согледаме тоа. Кога нема борба, нема ниту сила.“– Опра Винфри

    rn

    „За оној кој не знае да чита, буквите на страницата изгледаат како да се случајно одбрани, додека, пак, во реалноста тие се прецизно и смислено подредени.“ – Дипак Чопра

    rn

    „Нема да можеме да ги споиме точките ако гледаме само напред. Можеме да ги споиме ако гледаме назад. Морате да верувате дека точките на некој начин ќе се поврзат во вашата иднина. Морате да верувате во нешто: Интуиција, судбина, живот, карма, што било. Овој пристап на работите никогаш не ме изневерил и направил огромна разлика во мојот живот.“ – Стив Џобс

  • Иднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте ја

    Иднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте ја

    Размислувањето за иднината може да ве држи до доцна во ноќта, да ве направи анксиозни и несигурни бидејќи понекогаш изгледа страшно. Особено кога не знаеме како да се подготвиме за непознатото. Целиот наш живот нѐ учат дека треба да бидеме спремни за наредните фази и поглавја од нашите животни приказни. Во основно училиште се спремаме за во средно, а од средно за на факултет. И во оној момент кога и тоа е готово, се подготвуваме за сѐ она што понатаму нѐ очекува и ќе ни застане на патот.rnrnИднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте јаrnrnГо третираме животот како да е авион пред уривање, воз пред судир или вртелешка пред паѓање. Ја корнеме косата и ја стегаме вилицата, секогаш спремни или за борба или за бегство. Никогаш не запираме пред да се соочиме со најлошото и никогаш не престануваме да се нервираме за „што би било кога би било“. Секогаш сме анксиозни, чекајќи ги новите предизвици.rnrnЛесно е да се чувствувате исплашено кога цел живот ве учат за бомбите кои доаѓаат кон вас. Но, некаде по патот, ќе се изморите од изгризените нокти, нападите на паника и несоницата. Затоа, да престанеме да се обидуваме да го контролираме својот живот.rnrnДа се тресеме во темнината и да се плашиме од силните звуци. Треба да прифатиме дека иднината не е големо, страшно суштество кое се подготвува за напад. Нашата иднина ќе биде она што сакаме да биде. И да, можеби е непозната, но зошто тоа непознато да не биде прекрасно и возбудливо?rnrnСе разбира дека ќе се соочиме со непријатни настани кои ќе нѐ соборат, но ние избираме како ќе реагираме на нив и како ќе се исправиме повторно на нозе. Ние имаме контрола врз своите чувства, независно што и да се случи.rnrnДа бидеме возбудени и нетрпеливи за нашата иднина, наместо да се криеме од неа. Да ги прославиме новите денови, новите почетоци и искуства кои ни стојат на патот. Да прославиме заедно со луѓето кои ги сакаме и оние кои допрва ќе ги запознаеме, да ја почувствуваме љубовта и пријателството. Нашата иднина е авантура и започнува токму сега.rnrnДа престанеме да ги затвораме очите на светот и да ја вртиме главата од животот. Сите имаме толку многу работи на кои можеме да се надеваме, да ги очекуваме и да бидеме благодарни за сѐ она што допрва доаѓа.

  • Не заборавајте го минатото, ослободете се од него

    Не заборавајте го минатото, ослободете се од него

    Минатото е токму тоа – минато. Моментите кои изминале, сеќавањата, местата кои сме ги посетиле, грешките и изборите кои сме ги направиле. Наречено е минато со причина – бидејќи дошло и заминало. Сега е зад нас. Но, тоа е сѐ уште важно. Некои велат дека треба да го заборавиме минатото. Да ги заборавиме сите наши значајни зборови кои сме им ги кажале на другите и зборовите кои ни биле кажани нам. Да ги заборавиме болните искуства и она што сме го чувствувале. Но, тие не се право.rnrnНе заборавајте го минатото, ослободете се од негоrnrnМинатото не треба да се заборава. Напротив, на многу начини, минатото треба да се прославува. Тоа нѐ учи колку сме пораснале, колку сме се развиле, што сме научиле, луѓето на кои сме им дозволиле да нѐ оформат и личноста која сме постанале. Ако го закопаме минатото, тогаш нема да можеме да учиме од грешките, нема да знаеме како да ги препознаеме своите емоции, нема да можеме ментално да еволуираме. Можеме да избереме да се ослободиме од минатото, но никогаш да го заборавиме.rnrnНаместо тоа, треба да ги чуваме сите негови лекции и среќни моменти блиску до нашето срце, а треба да се ослободиме од каењето и болката. Но, постои причина зошто не треба да ги заборавиме, а тоа е за да не ги повториме во иднината, за да се заштитиме себеси, за да бидеме свесни. Да се ослободиме од сиот товар, но никогаш да не ги заборавиме лекциите кои сме ги научиле и да не дозволиме тие да го огорчат и затворат нашето срце.rnrnИнтересното за животот е тоа што ние секогаш ќе сретнуваме нешта кои ќе нѐ потсетуваат на саканите, на навиките на луѓето кои си заминале од Земјата, на мислите за оние кои сме ги сретнале и местата кои сме ги посетиле. Секогаш ќе бидеме делчиња од своето минато, зрна песок за секоја личност која сме ја запознале, сакале, почитувале. И тоа е најубавото нешто за минатото: Тоа нѐ изградува. И без него нема да бидеме истата личност.rnrnЗатоа, не треба да го заборавиме или да се преправаме дека никогаш не се случило, ниту пак можеме вечно да се држиме за него. Клучот е да пронајдеме една средина. Место на прифаќање и сеќавање, но и место на слобода. Место кое знае што сме биле, но гледа нанапред, кон онаа личност која ќе постанеме.

  • Како да не го преспиете вашиот живот?

    Како да не го преспиете вашиот живот?

    Напуштете ја рутината за да најдете и најмали нешта за кои ќе бидете благодарни. Наскоро ќе сфатите дека тие се повредни отколку што некогаш сте очекувале. Прекрасно е кога редот во маркет се движи побрзо од очекуваното. Прекрасно е кога шанкерот ви пушта бесплатна тура. Прекрасно е дури и кога се обидувате да не се насмеете во текот на сериозна ситуација (што ситуацијата во истиот момент ја прави посмешна). Еден ден ќе погледнете назад и ќе сфатите дека се сеќавате на изненадувачки голем број навидум досадни ситуации.rnrnКако да не го преспиете вашиот живот?rnrn1. Бидете присутни. Фокусирајте се и почувствувајте ја енергијата која излегува од некој за кого се грижите и сте среќни што поминувате време заедно. Кога седите со нив на каучот или спроти нив во кафе барот, слушајте внимателно што зборуваат. Не дозволувајте да ви одлета умот или да почнете да замислувате што би кажале следно. Повторувајте што кажува вашиот соговорник. Бидете присутни во моментот. Оставете го телефонот во вашиот џеб.rnrn2. Осмелете се да побарате почит од сите околу вас, додека исто така ќе запаметите дека вие не сте подобри од кого било. Погледнете ги луѓето кои најмногу ви одат на нерви и запомнете дека и тие доживеале тажни и тешки моменти како и вие. Понекогаш биле дури и во потешка ситуација. Не може да се натерате да ви се допаѓаат. Но мора да бидете свесни дека тие се човечки суштества.rnrn3. Погледнете ги подобро деталите, особено тие кои се наоѓаат во природата. Обрнете внимание на различните лисја во природата. Набљудувајте го зајдисонцето со своите очи и не споделувајте ги сликите на социјалните мрежи. Вдишете чист воздух веднаш откако ќе заврне и помислете на фактот дека само неколку нешта мирисаат подобро.rnrn4. Прочитајте за начините со чија помош може да имате поубави утра, попродуктивни денови или порелаксирани попладниња и научете како всушност да ги искористите, наместо само да се преправате. Нека нема повеќе „тоа звучи убаво… можеби еден ден“. Всушност, одете на прошетка напладне, или понесете книга која може да ја читате на паузата за ручек, наместо бесцелно да скролате на телефонот. Испијте една шолја топол чај од камилица пред да си легнете или 5 минути седете на подот и медитирајте.rnrn5. Кога се туширате, оставете го телефонот во другата соба. Опуштете се во кадата со топла вода. Едноставно бидете свои и одморете се. Не мислете на ништо, освен на чистотата.rnrn6. Бидете свои, без разлика со кого разговарате и не обидувајте се да го објасните вашето постоење пред сите. Изберете го она што мислите дека е правилно, внимавајте на себе и секогаш потрудете се да им го разубавите денот на другите.rnrn7. Прегрнете ја личноста која ви значи најмногу од сѐ и ценете го фактот, барем за две секунди, дека таа е топла и жива и дека можете да почувствувате како нејзиното срце бие за вас. Ова се малите моменти кои подоцна ќе ни недостигаат, бидејќи никогаш не сме ги ценеле.rnrnБидете овде и бидете свои, најмногу што можете. Останете будни.