Кога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35 потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.rnrn
rnrn1. Не знаете колку сте силни, сè до оној момент кога единствениот избор кој го имате е да бидете силни.rnrn2. Понекогаш добрите нешта се уништуваат, за да можат подобри нешта да ви зачукаат на врата.rnrn3. Не можете да промените нешто со коешто одбивате да се соочите.rnrn4. Никој не е совршен и ничиј живот не е едноставен. Никогаш не знаете низ што сè поминуваат луѓето околу вас. Секој си има свои проблеми. Затоа, не потценувајте се ниту себеси ниту некој друг. Секој се бори на свој уникатен начин.rnrn5. Плачењето не е знак дека сте слаби. Уште од вашето раѓање, плачењето претставува знак дека сте живи и носите потенцијал во себе.rnrn6. Без разлика колку грешки сте направиле или колку бавно правите некаков прогрес, вие сте сепак многу понапред во однос на оние кои не се ни обиделе да направат нешто.rnrn7. Животот не се состои во чекање бурата да помине, туку се состои во учење како да танцувате додека врне.rnrn8. Нерасположението значи непотребно трошење на вашата шанса да бидете неизмерно среќни. Живнете!rnrn9. Ако успеете да насмевнете една личност, можете да го промените светот. Можеби не целиот свет, но светот во кој живее таа личност. Почнете со поситни чекори и почнете од денес.rnrn10. Понекогаш во животот морате да се дистанцирате од нешто, за да можете бистро да ја видите реалноста.rnrn11. Никогаш не дозволувајте успехот да ве удри во глава. Никогаш не дозволувајте неуспехот да ве спушти премногу ниско.rnrn12. Понекогаш морате да се изборите во тешките денови, за да ги заработите најдобрите денови од вашиот живот.rnrn13. Животот се состои од 10% од она што се случува и 90% од начинот на кој вие реагирате на тоа што се случува.rnrn14. Можете да научите одлични лекции од вашите грешки, доколку не сте презафатени негирајќи дека сте ги направиле.rnrn15. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Тоа што тие го мислат не е воопшто важно. Важно е само како вие се чувствувате во врска со себеси.rnrn16. Кога ќе престанете да ги бркате лошите работи, ќе им дадете шанса на добрите нешта да ве уловат.rnrn17. Кога другите луѓе ве третираат лошо, продолжете да си бидете свои. Никогаш не дозволувајте горчината на некој друг, да ве промени како личност.rnrn18. Морате да прифатите дека некои работи никогаш нема да бидат ваши и да научите да ги цените оние кои се единствено ваши.rnrn19. Понекогаш наједноставниот начин да се справите со некој проблем, е да се чувствувате како да сте единствената личност на светот која е незадоволна, пати, се мачи да излезе од дупка и едвај излегува на крај. Но, тоа чувство е лажно. Доколку малку почекате, некој ќе ве пронајде и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. На секој од нас ни е потребна помош понекогаш. Потребна ни е личност која ќе ни помогне да ја чуеме музиката во нашиот внатрешен свет. Некој кој ќе не потсети дека нема секогаш да биде вака и дека постојано ќе имаме некој кој мисли на нас.rnrn20. Не плашете се да излезете од вашата „комфорна зона“. Некои од најдобрите животни искуства и можности, се појавуваат само доколку сте спремни да изгубите.rnrn21. Понекогаш ненамерно дозволуваме малите проблеми да ескалираат и да започнат да доминираат во нашиот живот. Ако продавачот ви наплатил 30 денари повеќе, тоа може да ве изнервира, но не дозволувајте да ви го уништи денот. Во животот, постојано ќе постојат мали нешта кои ќе нè иритираат. Тајната се состои во тоа да се трудите да им го дадете најминијатурното внимание, кое што навистина го заслужуваат.rnrn22. Кога кревате раце од нешто, не мора да значи дека сте слабаци. Понекогаш може да значи дека сте доволно силни и доволно паметни за да завршите со тоа поглавје од вашиот живот.rnrn23. Запрашајте се себеси кои луѓе во вашиот живот ве расположуваат, а кои ве влечат надолу со нивниот негативизам. Не заборавајте дека опкружувајќи се себеси со позитивни луѓе полни со љубов, вие сте веќе на половина пат кон среќниот и успешен живот.rnrn24. Немојте да поминувате премногу време оптоварувајќи се со минатото и грижејќи се за иднината. Животот е она што се случува сега. Живејте го моментот.rnrn25. За да можете да бидете креативни, морате да престанете да се плашите дека ќе погрешите.rnrn26. Понекогаш, недобивањето на она по кое сте копнееле долго време, е најдоброто нешто кое можело да ви се случи.rnrn27. За да бидете одлични, не значи дека треба да бидете доминантни врз другите луѓе. Тоа значи дека треба да бидете способни да доминирате со вашиот сопствен потенцијал.rnrn28. Ако имате страст да правите нешто во животот, продолжете со тоа, без разлика што другите луѓе мислат. Таа е постапката за остварување на вашите најголеми соништа.rnrn29. Ако некоја личност сака да биде дел од вашиот живот, таа ќе вложи видлив напор за да го стори тоа. Не трудете се да резервирате во вашето срце, место за оние кои не се трудат да останат во него.rnrn30. Немојте да се каете за вашите интимни врски кои не завршиле добро бидејќи тие ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот партнер за вас и повеќе да го цените поради она што е и поради она кое го прави за вас.rnrn31. Животот не им се насмевнува на оние кои се перфекционисти, туку на оние кои се борат да ги направат работите како што треба, а за да ги направите работите како што треба, потребно е да бидете несовршени во 99% од времето.rnrn32. Сосема е во ред да се чувствувате гневно понекогаш. Во ниеден случај не е во ред да бидете злобни со некого.rnrn33. Чувствувањето добро и чувствувањето лошо, се секогаш променливи категории.rnrn34. Не молете се кога врне, ако не се молите кога ве грее сонце.rnrn35. Парите се обновлив ресурс. Ако сте изгубиле некои пари, не очајувајте. Секогаш можете да направите повеќе. Но, доколку потрошите драгоцен временски период стресувајќи се околу секој денар или поради губење на некоја битна шанса, никогаш нема да можете да го вратите тоа време назад. Времето е многу поважно од парите. Времето е темелот на животот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




Во неколку од нив, има позирано канадскиот супермодел Коко Роча, поради што фотографииве бааги го привлекле вниманието на медиумите. Според Роча, овие „кинемаграфии“ се повеќе од фотографии, но помалку од видео.
И покрај тоа што концептот за создавање анимирани GIF фотографии е стар и веќе виден, анимациите кои досега сме ги виделе на интернет, најчесто биле невкусни и прости. Анимираните фотографии на Џејми Бек од друга страна, имаат фантастична атмосфера, која ја воздигнува уметноста на создавањето фотографии во GIF.
Целта на Џејми Бек е да внесе движење во одредени делови од фотографијата, за да го фати временскиот момент, но и да ја „одмрзне“ фиксната фотографија, на начин што ќе го улови минливиот момент.
rn















rnrnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn























Да дека неговите деца се слатки, но тоа не е причината што овие фотографии се толку интересни. Тоа е поради погледот на фотографот зад нив, кој резултира со фотографии кои не само што не враќаат на моменти од нашето детство, туку и покажуваат јасен сјај на една таткова гордост.


Тој живее според цитатот од Дори од филмот „Барајќи го Немо“: „Само продолжи да пливаш и пливаш“. Ли вели:rn
Ли ги советува идните надежни фотографи:rn







rnrnФокусирањето на сегашниот момент е клучот за ослободување од стресот кој го носиме со себе. Наместо да се окупираме со сѐ околу нас, може да се научиме да се посветуваме на една работа во даден момент. Штом еднаш сфатиме што правиме, работата ќе ни причинува многу поголемо задоволство. Наместо да се мачиме, стануваме посветени, подготвени и ангажирани. Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да најдете смисла во фокусирањето и подигнувањето на свеста за сегашниот момент.rn
rnrnОбидете се да не мислите на целиот ваш живот. Не се грижете ниту за утре. Само живејте го денес. Ослободувањето од потребата за менаџирање на вашата иднината, ќе ви го ослободи животот и ќе ви помогне да уживате во патувањето.rn
rnrnВо нашиов случај, свртете се кон сонцето и обрнете внимание на она што функционира во вашиот живот. Прославувајте ги успесите и радостите, без разлика дали се работи за унапредување на работа, нов супер колега или редовна плата.rn
rnrnИако очигледно, но кажувањето благодарам е уште еден начин за покажување благодарност. Кога вашиот колега ќе успее да ја заврши задачата што сте му ја задале, кажете му благодарам. Кога ќе ви направат добро кафе во вашето омилено кафуле, дозволете им на келнерите да го забележат тоа. Градејќи позитивни врски со луѓето околу вас, ви се обновува смислата за добрите нешта, а истовремено тоа ќе направи многу од нив да се чувствуваат подобро.rn
rnrnСтеснете го фокусот, барем денес, во овој момент, на ова место. Тогаш делувајте, ангажирајте се, најдете ги добрите работи, кажувајте благодарам и едноставно бидете присутни.rnrn rnrn
















