КАФЕ ПАУЗА

Tag: момент

  • Она што сте ВИЕ, ОВДЕ и СЕГА

    Она што сте ВИЕ, ОВДЕ и СЕГА

    Да се пронајдеш себеси е тешка работа. Можеби навидум, во денешно време, има многу олеснителни околности. Секојдневна достапност на информации, совети од професионалци, психолошки тестови од типот: Која е идеалната работна позиција за вас, или Каква личност сте вие… Но, од друга страна, баш поради сите овие влијанија, човек лесно може да се изгуби.rnrnАко не знаеш кој си и каде припаѓаш, тогаш се вртиш во бескорисен круг од кој нема излез. Јас лично, стојам до теоријата дека секој е тука поради нешто, секој има своја мисија која треба да ја направи, со секој нов ден имаме нова мисија, макар да станува збор за донесување насмевка на нечие лице. За секого има место под ова сонце, но не секој го пронаоѓа она што му припаѓа нему. Дали ВИЕ сте онаму каде би требало да бидете?Она што сте ВИЕ, ОВДЕ и СЕГАКако да престанеме да бидеме она што не сме? Како да добиваме повеќе од нештата кои нè прават среќни?rnrnДоколку не можете да дефинирате што сте, дефинирајте што не сте. На овој начин половина од работата е веќе завршена. Треба да сфатиме дека сè од минатото и сегашноста е тука СЕГА. Можеби се вика сегашност, но е под константно влијание од минатото и влијае многу на иднината. Вашите избори од вчера, ве направиле она што сте денес, а вашите денешни избори се она што ќе бидете утре. И сега ве прашувам, што ќе направите вие поради тоа? Што ќе преземете сега, знаејќи колку нешта зависат од овој момент? Ќе продолжите ли да си го трошите скапоценото време сонувајќи наместо дејствувајќи? Ќе станете ли од пред телевизор или ќе останете на каучот бидејќи ви е топло и удобно?rnrnМожеби ова е навистина огромен свет во кој ние сме само точки, но во вашиот свет, центарот на внимание сте ВИЕ. Вие управувате со нештата. Па, преземете го водството! Не смеете да си го трошите времето трудејќи се да се вклопите во калапот кој ви бил наметнат, оставете тој да се прилагоди на вас. Не смеете да стравувате од покажување на вашето вистинско јас, дозволете му на светот да ве види онакви какви навистина сте.rnrnИзреволтирана од глупавите нешта кои ги наметнува општеството, би сакала да кажам дека на светот му е потребна колоритност и разновидност. Не се сите еднакви, не се сите исти, не секој е створен за иста работа. Земам прост пример од средношколските клупи, од девојчиња опседнати со тоа дека би требало да личат на некоја си старлета, и сите излегуваат од дома како бледи копии. На нашето општество, со сите глупави комплекси, му треба освежување, ни треба wake up call. За да успееш мора да си свој. Никој не сака копија, што ќе ни е нешто од што веќе имаме еден примерок?rnrnНајчесто кога пишувате нешто, прво ја смислувате содржината, па на крај вашето дело добива и наслов. Исто и во животот, не можете однапред да знаете како ќе се вика вашето поглавје. Најчесто сме нетрпеливи, брзо итаме кон некоја си цел, како муви без глава, пропуштајќи го она најосновното: За големи успеси треба големо трпение.rnrnДенес сакав да ви потенцирам колку е важно да бидете свои. Кога знаеш кој си, знаеш и каде припаѓаш, знаеш кои ти се целите, знаеш што сакаш и како да добиваш повеќе од она што те прави среќен. На моиве млади и луди години, ни јас не знам точно каде припаѓам најмногу. Но кога човек се труди да открие нешто, само прашање на време е кога ќе се случи тоа.rnrnБидете оригинални, инпиративни и инспирирани, желни за нешто ново и нешто различно. Во кутијата е загушливо и не е удобно, затоа размислувајте надвор од неа. Вие сте одлични баш такви какви што сте, со сите ваши маани и позитивности кои ја красат вашата личност. Не плашете се да ги покажете и бидете свои.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршениот момент

    Совршениот момент

    Сигурно сте ја чуле изреката „Животот е она што се случува додека сме зафатени со планирање.“ Да, сме ја чуле сите, и таа и многу други слични на неа, ама ретко ги почитуваме и ретко се сеќаваме на нив тогаш кога треба.rnrnИмаме планови, цели, намери да створиме нешто, да направиме нешто поинакво, нешто големо, нешто различно. Можеби не е во ред да немаш никакви цели и да не си ориентиран кон нешто, но многу често забораваме да го оствариме она што сме го испланирале.Совршениот моментСекогаш треба да имате цели, една од моите филозофии за животот е дека ако немаш цели не ни знаеш каде одиш, сигурно сум ви го споменала ова и претходно. Но ако имаш соништа, единствениот начин за да ги оствариш е најпрво да се разбудиш.rnrnВо ред е да сонуваме и планираме, да замислуваме и да се надеваме на успех, но не е во ред тоа да остане само една замисла. Постојано го чекаме совршениот момент за остварување на нашите планови и цели, за спроведување во пракса на нашите идеали, но треба да сфатиме дека совршениот момент е СЕГА!rnrn„Сè на овој свет е создадено со намера, секоја болест има билка која ќе ја излечи, а секој човек има мисија која треба да ја реализира!“ Која е вашата мисија? Што е она што треба да го направите?rnrnЗапомнете, животот е исполнет со толку многу совршени моменти, некои траат само секунда, а се паметат цел живот. Среќни се луѓето кои знаат да ги забележат совршените моменти, кои не ги чекаат туку ги создаваат!rnrnВе поздравувам драги мои, и се надевам дека за многумина од вас токму овој ден е денот кога ќе остварат некој свој план. Ова е моментот, совршениот момент, не поминувајте го животот во чекање, поентата е да се живее, а не да се преживува.rnrnДо следното читање, ви посакувам совршени моменти со вашето неделно кафе и вашите најблиски,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еден таксист од Њујорк еднаш напиша…

    Еден таксист од Њујорк еднаш напиша…

    Стигнав на адресата и свирнав со свирката. Откако почекав неколку минути, свирнав повторно. Бидејќи ова требаше да биде моето последно возење за оваа смена, си помислив да си заминам, но наместо тоа, ја паркирав колата, дојдов до вратата и тропнав. „Само момент“, се одѕва болежлив глас на стара особа. Слушав како нешто се влече по подот.rnrnПо долга пауза, вратата се отвори. Малечка женичка во своите 90-ти стоеше пред мене. Таа носеше шарен фустан и мала шапка со превез прикачен на неа, како да беше од некој филм од 40-тите.rnrnЕден таксист од Њујорк еднаш напиша...rnrnДо неа имаше мал најлонски куфер. Станот изгледаше како никој да не живеел таму со години. Мебелот беше покриен со чаршафи.rnrnНемаше часовници на ѕидот, немаше садови и прибор на полиците. Во ќошот имаше картонска кутија, полна со фотографии и некои стаклени предмети.rn
    rn

    „Ќе ја однесете ли мојата торба до колата?“– праша таа.

    rnЈас го земав куферот и го сместив во таксито, а потоа се вратив да ѝ помогнам на жената. Таа ме фати за рака и полека се придвиживме до тротоарот. Таа постојано ми се заблагодаруваше за мојата љубезност.rn
    rn

    Јас ѝ велев: „Нема за што. Јас само ги третирам моите патници како што сакам да ја третираат мајка ми.“

    rn

    „Ох, вие сте толку добро момче“, рече таа.

    rnКога влеговме во таксито ми даде адреса и ме праша: „Може ли да возите низ центарот на градот?“rn
    rn

    „Тоа не е најкраткиот пат“, одговорив брзо.

    rn

    „Ох, не ми пречи. Не брзам. Одам во дом за стари лица.“

    rnПогледнав во ретровизорот. Нејзините очи светкаа. „Не ми остана никој од семејството“, таа продолжи со мек глас. „Докторот ми кажа дека не ми преостанува уште многу од животот.“ Јас бесшумно досегнав до таксиметарот и го исклучив.rn
    rn

    „По кој пат сакате да возам?“ – прашав јас.

    rnВо текот на следните два часа се возевме низ градот. Ми ја покажа зградата во која порано работела како управувач со лифтот.rnrnСе возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле како млади. Ме натера да застанам пред еден магацин за мебел кој порано бил студио за танцување каде таа одела да танцува кога била девојче.rnrnПонекогаш ми велеше да подзабавам пред некоја зграда или кај некое ќоше и потоа седевме така гледајќи во темница и не кажувајќи ништо.rnrnКако што првиот сончев зрак започна да го прекрива хоризонтот, таа одненадеж рече: „Уморна сум, да си одиме сега.“rnrnВозевме во тишина додека да стигнеме до адресата која ми ја даде. Тоа беше ниска зграда. Како мал санаториум со пат кој минуваше под настрешницата на влезот.rnrnСамо што застанавме двајца болничари дојдоа до таксито. Тие беа грижливи и внимателни, гледајќи го секој нејзин чекор. Сигурно ја очекувале.rnrnГо отворив багажникот, го извадив малиот куфер и го однесов до вратата. Жената веќе беше сместена во инвалидска количка.rn
    rn

    „Колку ви должам?“ –  праша таа, посегнувајќи по нејзината чанта.

    rn

    „Николку“ – одговорив.

    rn

    „Мора да заработувате од нешто за живот“ – таа возврати

    rn

    „Има други патници“ – ѝ одговорив.

    rnСкоро без размислување се наведнав и ја прегрнав. Таа ме стисна цврсто.rn
    rn

    „Ѝ подаривте мал момент на задоволство на една страна жена“, рече таа. „Ви благодарам.“

    rnЈа стиснав нејзината рака и тогаш заминав во замаглената утринска светлина. Зад мене се затвори врата и тоа беше звукот на живот кој згаснува.rnrnДодека бев сè уште на смена, не зедов нови патници. Се возев бесцелно, изгубен во мислите. Во остатокот од денот едвај можев да зборувам. Што ако на жената ѝ се погодеше некој бесен шофер или некој што не може да дочека да му заврши смената? Што ако јас не го преземев повикот за превоз или да свирнев еднаш и потоа да си заминев?rnrnНа прв поглед, не мислам дека направив нешто значајно во животот. Ограничени сме од мислата дека нашите животи се вртат околу големите моменти.rnrnНо, големите моменти често нè фаќаат несвесно – прекрасно замотани во нешто што за другите може да изгледа како мал момент.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Краток филм: „Вистински момент“

    Краток филм: „Вистински момент“

    Спонтаните, невини случки се токму оние кои долго се паметат и се врежуваат во нашето срце, особено ако се проследени со љубовни чувства. Таква е и оваа приказна: наивна, чиста, искрена, спонтана, длабока и успева за момент да им го затрепери срцето на гледачите.rnrnКраток филм: „Вистински момент“rnrnСодржина: Млада Французинка шета низ англиски град во вечерните часови, обидувајќи се да пронајде некој интересен објект за фотографирање. Шетајќи стигнува до автобуската станица, каде му се обраќа на едно момче за да дознае кога е следниот автобус…rnrnrnrnСценариото и режијата на овој филм ги направил Британецот Лоренс Бурк, а улогите ги толкуваат убавата Лаетитиа Де Лафор и згодниот Џони Прчејз. Со самоуверен перформанс, двајцата млади актери му даваат свежина и различност на филмот, доловувајќи го чудниот момент во младиот, а возрасен живот, кога несигурноста ја ниша човечката самодоверба.rnrnКраток филм: „Вистински момент“rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога музиката би можела да се види на фотографии

    Кога музиката би можела да се види на фотографии

    Германскиот артист Маркус Реугелс се занимава со high-speed фотографија. Тој со помош на ритамот од техно песни, ги фотографира овие неверојатни и кратки моменти од експлозивни бои. Реугелс тврди дека неговите дела воопшто не се обработувани во Фотошоп и дека боите и формите кои ги добива се сосема природни.rnrnКога музиката би можела да се види на фотографииrnrnЗа неговите дела тој применува неколку едноставни чекори:rn

      rn011

    • Прави мешавина од боја и вода и ја сместува на средината од балон кој е оптегнат преку звучник.
    • rn011

    • Го одделува основниот ритам од техно песните и го мести звучникот хоризонтално, насочен нагоре.
    • rn011

    • Поставува микрофон кој е поврзан со неговиот фотоапарат со блиц, кој прави фотографии во истиот момент кога ќе забележи звук.
    • rn011

    • Прави голем број фотографии и експериментира со различни звуци и бои.
    • rn011

    • Неговиот финален резултат се наредниве фасцинантни фотографии…
    • rn

    rnКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииКога музиката би можела да се види на фотографииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии направени во вистински момент

    Фотографии направени во вистински момент

    Многу теоретичари за фотографија водат жестока расправија дека, како уметност, фотографирањето е многу повеќе отколку едноставно притиснување на копчето во вистинското време. Сепак, фотографиите кои следат се направени на вистинското место, во вистинското време и ништо повеќе. Повеќето од нив се аматерски, но се навистина смешни и интересни.rnrnФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментФотографии направени во вистински моментrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете секој момент да се важи!

    Направете секој момент да се важи!

    Имам огромен мерак да споделам нешто со вас. Нешто што навистина ми го стопли срцето, а бога ми, ми отвори и тема за размислување и пишување. Одамна ништо ме немаше толку развеселено, како едно 5-годишно девојче. Девојчето продаваше свои цртежи, ме сопре на улица и ме праша дали сакам да купам нешто. А како може да не сакам кога и јас бев таква на нејзина возраст. Па се навратив 15 години наназад, и се видов себеси во ликот на тоа мало девојченце. Се видов како продавам панделки кои сама сум ги изработила, исто како што ова девојче продаваше цртежи со срциња и цветчиња.Направете секој момент да се важи!Во истиот момент застана многу „јака“ типка со добра кола, излезе од колата, а кога девојчето ù понуди цртеж, типкава толку се занесе во некоја си филмска улога, како да не можеше културно да одбие. Баш сакам да знам, дали секогаш била таква вообразена со кренат нос или и таа некогаш била малечко девојче полно со надеж.rnrnСекогаш кога надежта за голем успех и важно достигнување ќе ми спласне, се потсеќам на многу примери од мојот живот, на луѓе кои немале ништо, а добиле многу, оние кои почнале од нула, а се искачиле до сто. Па кога моите врсници ќе почнат да мрчат дека општеството е за нигде, дека немаат доволно пари за да си живеат комфорен живот, дека за бадијала учат факултет кога нема да си најдат работа, јас само се сеќавам на девојчето кое си го собра својот неделен џепарлак продавајќи цртежи. Можеби кон различни цели се стремиме, но таа си ја оствари својата. Зошто? Зашто во неа гори онаа детска надеж, страст, желба за живот, убеденост дека ништо и никој нема да ја запре. Срамота е што дозволуваме таа надеж да ни спласне во дваесеттите години од животот!rnrnСте размислувале за тоа колку успевате во животот? Дали го извлекувате најдоброто, дали давате сè од себе, дали доволно се борите? Дали понекогаш ве фаќа страв од неостварени соништа? Во тој случај преземете нешто. Во животот треба да имаме други цели освен тоа да си ја истераме стандардната кафе-шема. Животот нуди многу, само што има луѓе кои ќе го зграбат тоа „многу“ и други кои ќе чекаат да им падне од небо.rnrnСветот е буквално во наши раце, не постои човек кој може да ме убеди во спротивното! Не сакам на моиве години да ме замараат за нешто што било и завршило пред двесте години, за тоа како било во времето на Тито, едноставно нејќам да ми трошат време додека уживам во сегашноста и вложувам во иднината.rnrnПрашувате до кога ќе се трудите, до кога ќе се борите? Одговорот е СЕКОГАШ. И тоа е добро. Па што ќе биде ако сè ви е подредено под конец, ако сè е совршено? Сè додека се бориш знаеш дека имаш некаква цел со своето постоење. Не дозволувајте да се разбудите еден ден со помислата дека не сте ги оствариле своите соништа. Никогаш нема да бидете помлади од овој момент, со тек на време шансите ќе се намалуваат и полека ќе сфаќате дека сè што лета не се јаде. Ќе дојде момент кога нема да можете да речете: „Ма сеедно, сè уште сум млад/а!“ Не дозволувајте да се случи тоа. Дадете сè од себе, зграбете го најдоброто, извлечете го најголемото искуство и направете секој момент да се важи!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Танцувачи меѓу нас

    Танцувачи меѓу нас

    Барем еднаш на сите ни се случило несвесно да заиграме кога ќе ја слушнеме вистинската песна во вистински момент. Тогаш без никакво објаснување нашето расположение го достигнува својот максимум и во наредните неколку часови никој и ништо не може да го намали. Но, доколку тоа ни се случи на отворен простор и покрај интензивната потреба да заиграме, нешто нè спречува и си продолжуваме по нашиот пат како ништо да не се случило…Танцувачи меѓу насНо, за танчерите од проектот „Танцувачи меѓу нас“ како што видовме и претходно, овие настани се секојдневна појава. А доколку некогаш решите да се препуштите на музиката и да заиграте помеѓу голем број непознати луѓе – отприлика вака би изгледале во нивните очи…Танцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу нас
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографии

    Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографии

    Глетката на водена површина е доволна за да предизвика задоволство, но таа под себе крие еден уште поубав мистериозен свет кој предизвикува воздишки кај секого. Фотографот Дејвид Дубиле имал среќа уште како дете да научи да нурка и да го открие необичното подводно шаренило кое потоа за него цел живот ќе претставува извор на инспирација. Денес тој ги посетува морињата и океаните низ целиот свет во потрага по момент од подводниот живот кој е совршен за фотографирање.Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииСпоред неговите зборови, најголемиот предизвик во неговата работа е да создаде визуелен глас на океанот и да ги поврзе луѓето со неверојатната убавина и тивкиот пустош кој се случува во невидливиот подводен свет.Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииДејвид е еден од најпознатите фотографи чија специјалност е подводната фотографија. Неговите дела редовно се појавуваат во магазинот „National Geographic“, а за нив има освоено и многу меѓународни признанија.Моменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографииМоменти од подводниот живот низ неверојатни фотографии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога најмногу се ужива во кафето?

    Кога најмногу се ужива во кафето?

    Луѓето кои често имаат навика да пијат кафе, понекогаш забораваат кое задоволство може да претставува добро подготвената шолја кафе. Повеќето луѓе пијат кафе набрзина, веднаш штом ќе станат од спиење, бидејќи чувствуваат дека тогаш им е најпотребно, заборавајќи дека тоа може да биде фантастичен момент на уживање. Ова се неколку периоди во кои е најпријатно да се консумира кафето според неколку истражувања.Кога најмногу се ужива во кафето?rn

    Навечер

    rnНаутро сметаме дека кофеинот ќе нè разбуди и размрда и тоа не е далеку од вистината, но навечер е вистинско уживање да се пие кафе. Овде не се мисли на периодот пред спиење, туку неколку часа порано, во периодот по вечерањето. Одлично доаѓа и во комбинација со некој добар десерт. Овој период совршено одговара, бидејќи сте завршиле со сите обврски, опуштени сте и можете целосно да му се препуштите на уживањето.rn.rn

    За време на надворешни активности на поладно време

    rnДоколку нешто работите во дворот или пак сте излезени на прошетка во паркот, направете топло кафе, ставете го во термос и понесете го со вас. Направете кратка пауза од која било активност, седнете и стоплете си ја душата со вашиот омилен напиток.rn.rn

    На седенки со пријатели или со партнерот

    rnКафето ги поврзува луѓето. Овој пат, за разлика од другите периоди, не обрнувате внимание на кафето, а сепак уживате во него. Наместо тоа, вниманието го упатувате кон личноста со која сте седнати, муабетите, се чувствувате пријатно и ви е забавно. Преку тоа создавате спомени кои секогаш ќе ги поврзувате со тоа кафе, иако тоа не играло некоја голема улога. Тоа значи дека вкусот на кафето секогаш ќе ве навраќа наназад на убавите нешта и пријатните дружби.rn.rn

    Кога сакате

    rnМногу важно е да сфатите дека кафето треба да се пие со страст, а не како една вообичаена навика. Таквиот случај само може да предизвика несакана зависност. Наместо тоа, консумирајте го чајот и водата често, а во кафето уживајте максимално додека го пиете.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.