КАФЕ ПАУЗА

Tag: момент

  • Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

    Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

    Живеј во моментот! Толку е лесно да се каже, а сепак, сите ние повеќе или помалку се фокусираме на иднината или минатото наместо на сегашниот момент. Модерното време на живеење само по себе ни наметнува стрес и анксиозност, кои нè тераат упорно да живееме во иднината, да го планираме секој наш потег, наместо едноставно да се фокусираме и да уживаме во сегашноста. Иако корисно е и важно да се имаат планови за во иднина, од друга страна е многу лошо кога си преокупиран со тие планови. Еве зошто е неопходно да престанете постојано да планирате и вистински да живеете во сегашниот момент.rnrnЗошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?rn

    Сегашниот момент е единствениот кој може да го контролирате

    rnСегашниот момент е тука и ви е на располагање. Може да одберете да го игнорирате, да го занемарите или максимално да му се посветите и да го искористите. Изборот е ваш. Може да го контролирате само она што ви се случува во моментов. Вие може да ја планирате иднината, но во никој случај нема да знаете што точно ќе биде. Планирањето нема да ви помогне да избегате од сегашноста. Може да ви помогне да остварите некои цели, но нема да ви помогне да го подобрите квалитетот на вашиот живот во моментов. Значи, планирањето не може да ви гарантира дека ќе го добиете она што го сакате во иднина, тогаш зошто да не го прифатите она што може да го контролирате сега?rn

    Секој момент е непроценлив подарок

    rnОва е многу важно. Никогаш не знаете кога ќе биде вашиот последен момент. Сите ние имаме ограничен број моменти на располагање. Времето не можеме да го купиме со пари. Времето го добиваме на подарок и доколку не знаеме правилно да го искористиме, едноставно ќе нè одмине со сите убави моменти кои ги носи сегашниот миг.rn

    Живеењето во сегашниот момент го редуцира стресот и ве прави посреќни

    rnТолку многу грижи имаме на ум, како товар. Минатото, иднината, што ќе правиме, што ќе биде и сл. Ако едноставно се фокусираме на сегашниот момент и оставиме простор за малку спонтаност во иднина, ќе се поштедиме од многу стрес.rnrnЖивеењето во сегашноста е едно од најважните нешта од кои зависи вашата благосостојба. Само со свеста за сегашниот момент може да си дозволите себеси вистински да ги видите малите убави нешта кои ви се случуваат и да живеете среќен живот.rnrnЗошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?rn

    Плановите често не излегуваат по предвиденото

    rnКолку често ви се случува да планирате нешто што воопшто нема да испадне по планираното? Најчесто нештата не излегуваат баш онака како што сме ги планирале. Затоа имајте некоја замисла за утрешниот ден, но примарно живејте го денешниот и бидете подготвени да поднесете сè што тоа утре може непланирано да ви донесе.rn

    Со постојаното планирање вие не живеете вистински

    rnСамо размислете. Ако постојано планирате за тоа што ќе правите или што ќе биде утре, колку вистински живеете денес? Факт е дека животот се случува сега, а ако навикнете постојано да планирате и кога ќе дојде тоа утре вие ќе бидете зафатени планирајќи го следниот ден. На крај ќе испадне дека сте живееле во една голема илузија и фантазија наместо во реалноста. Секогаш кога вашиот мозок ќе почне да размислува за иднината, фокусирајте се на она што се случува сега и вистински живејте во сегашноста.

  • Заглавени во моментот: Како да се одглавиме и да тргнеме напред?

    Заглавени во моментот: Како да се одглавиме и да тргнеме напред?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСекојдневно слушам како се жалиме дека економијата не ни била добра, примањата не ни се добри, патиштата не ни се добри, дека на работа не ни е добро, дека колегите не нè сакаат, дека менаџерите нè тормозат итн., итн.rnrnzaglaveni-vo-momentot-kako-da-se-odglavime-i-da-trgneme-napred-kafepauza.mkrnrnСакале ние да признаеме или не, заглавени сме во моментот. Да биде уште пострашно, не сакаме да се одглавиме. Доаѓаат странци и само прашуваат: Добро, зошто е ова вака? А ние само се правдаме дека е поради ова или поради она…, но никако да кажеме дека зависи од секој од нас индивидуално. Од секој од нас зависи дали ќе одиме напред или ќе си останеме тука и ќе обвинуваме некој друг за оваа ситуација (која и да е таа) и ќе си продолжиме да се жалиме за сè и сешто.rnrnЕве неколку идеи како да излеземе од оваа ситуација:rnrnЕдукација – ДЕНЕС ЕДУКАЦИЈАТА Е ПОПРИСТАПНА ОД КОГА БИЛО ДОСЕГА ВО ВАШИОТ ЖИВОТ. Само треба да сакате да се едуцирате затоа што сѐ што треба е на интернет и да напишете што ве интересира и ќе дознаете многу работи. Со едукација ќе добиете нови видици, нови знаења, нови предизвици.rnrnСамосвесност – Прво да си признаете дека сте заглавени во моментот и дека никако не можете да се одглавите. Тоа ќе го сознаете откако ќе увидите дека само кукате, а ништо не правите да се промени сето тоа. Едноставно нели, само треба да сте свесни?rnrnЗаборавете на минатото – Најголема пречка ни предизвикува минатото и „убавиот“ живот којшто тогаш сме го имале. Е, па минатото е минато и затоа треба да го заборавиме.rnrnПреземете ризик – Никој од нас не сака да презема ризик, па затоа и сме во овој момент. Излезете од сигурната зона. Почнете со мали ризици и пополека зголемувајте ги. Размислете што ве радува или што ве прави среќни и направете го тоа.rnrnИнвестирајте во себе – Најчеста причина што сме заглавени е тоа што многу малку инвестираме во себе. Почнете да живеете друг живот. Друг начин на хранење. Друг стил на облекување. Друг начин на размислување. Друг начин на гледање на работите…rnrnСпоредување – Обично знаеме да се споредуваме со другите, па ако веќе го правите тоа, правете го со некои кои, според вас, се успешни и сакате да бидете како нив. Но, немојте тоа да ви биде императив во животот, па ако не успеете, повторно да се разочарате.rnrnЛидер без титула – Има еден интересен концепт на „бидете најдобри во она што го правите…“ Бидете лидер сами на себе, а не за другите… со тоа што ќе бидете лидер сами за себе, ќе видите дека тоа ќе влијае и на другите (тоа е несомнено).rnrnНовитети – Секој ден правете нешто ново. Добро, немојте веднаш да започнете и секој ден, но барем еднаш на две недели. Сменете ја рутата по која одите дома или на работа или каде било. Воведете какви било новитети во вашиот живот, во вашата работа. Сменете ги рутините и работите што ги правите рутински.rnrnКако што може да видите има мал милион работи коишто може да ги направите и пополека да се одглавите од моментот во кој сте заглавени. Ако вие се одглавите од овој момент, не сте ни свесни колку сè луѓе ќе повлечете со вас… тргнете само од тие што се околу вас во моментов додека го читате ова!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни кучиња фотографирани во вистинскиот момент

    Смешни кучиња фотографирани во вистинскиот момент

    На интернет има многу фотографии фатени во совршениот момент, но посебно интересни се оние со кучињата кои некако секогаш успеваат да се наместат така за да ја заменат главата на нивниот стопан, да изгледа како да ловат риби или како да им пораснале широко раширени крилја. Уживајте во галеријата!rnrnrnrn

  • Сеќавања за детството и моментот кога пораснавме

    Сеќавања за детството и моментот кога пораснавме

    „Не се сеќаваш на моментот кога порасна. Се случи една ноќ додека спиеше, помеѓу денот кога си игравме и денот кога никогаш повеќе не си игравме.“

    rnsekjavanja-za-detstvoto-i-momentot-koga-porasnavme-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога е вистинскиот момент?

    Кога е вистинскиот момент?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСите сме во некаква потрага по тоа кога е ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ. Постојано сме во спрега со тоа чудно прашање: дали е вистинскиот момент сега? А кога е?rnrnkoga-e-vistinskiot-moment-kafepauza.mkrnrnНајголемиот проблем е што додека чекаме да дојде вистинскиот момент, времето си поминува. Па така и се враќаме назад на прашањето: кога е вистинскиот момент? Немојте да очекувате или да чекате некој да ви помогне околу наоѓање на одговорoт на тоа прашање, затоа што вистинскиот момент е кога вие ќе се почувствувате подготвени! Тоа е најпростиот одговор.rnrnЕве ви некои совети, како побргу да дојдете до вистинскиот момент, односно да се почувствувате подготвени:rn

      rn011

    • Немојте да седите со скрстени раце и ништо да не преземате, бидете сигурни дека никогаш нема да дојде вистинскиот момент.
    • rn011

    • Истражувајте наоколу за тоа што сакате да направите. Видете како другите го направиле тоа. Консултирајте се.
    • rn011

    • Прашувајте наоколу, но немојте да применувате сè што ќе ви кажат. Учете од туѓите грешки (можеби звучи како клише, но мое е да кажам) и ако може да не ги повторувате нивните грешки, уште подобро.
    • rn011

    • Намалете ги можните ризици до нула или многу малку. Тоа ќе го направите, ако планирате квалитетно и доволно време.
    • rn011

    • Доколку финансиите се проблем (а речиси се секогаш), истражете ги сите опции за наоѓање инвестиции (банки, пријатели, кофинансиери, роднини, итн.)
    • rn011

    • Имајте време и за себе и за себеанализирање, можеби и ќе согледате некои работи што ќе ви помогнат.
    • rn011

    • Размислете многу и за вашата иднина, надвор од работата или обратно.
    • rn011

    • Побарајте, ако ви треба, поддршка од блиската околина, но немојте да се декуражувате доколку не ве поддржат…
    • rn011

    • Верувајте во себе.
    • rn

    rnЗа што и да сте чекале дали е вистинскиот момент, немојте да чекате туку почнете да доаѓате до тој момент што побргу, ако не и веднаш. Вистинскиот момент е кога сте вие подготвени.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Да живееме, цел живот!

    Да живееме, цел живот!

    Автор: Петар ЛазаровrnrnНеколку пати во последниве недели во различни ситуации се отвора дискусија или некоја ситуација каде што главен фокус е „животот“ и „живеењето“. Меѓутоа посебно ме изненади и позитивно поттикна да споделам со вас една ситуација која се случи пред некој ден. Собрани неколку пријатели во кафуле, еден мој пријател наздрави со здравицата „да живееме, цел живот“. Сите изреагиравме многу позитивно, и нормално се разви пријатна дискусија.rnrn0-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrnАко ја анализираме убаво таа порака и малку подлабоко навлеземе во нејзината суштина, ќе видиме дека во неа се крие еден цел универзум на прашања, сознанија, идеи, техники, методи, стратегии, вештини и што уште не. Овде не ставува збор само да живееме додека не умреме (што генерално сите знаеме и го правиме, т.е. преживуваме), туку нешто многу поголемо. Една цела ЗЕН концепција се крие зад таа мудрост. Овде станува збор за среќен и мирен живот, исполнети и задоволни од себе, исполнети со љубов, реализирани, балансирани во умот и нашите постапки, се мисли на остварување на своите зацртани планови, формирање на задоволно и среќно семејство и многу други работи што ни го прават животот убав.rnrnВо секој случај, да не се правам паметен, многу филозофи, автори, мудреци знаени и незнаени го разработувале прашањето за среќен и исполнет живот, и пак не е најдена некоја едноставна формула како да го постигнеме тоа. Ако некој знае таква формула за успех, го молам да ми ја пише веднаш. Но, мислам дека ќе мора да се задоволиме со фактот дека нема едноставна и брза формула за успех, и со цел да го оствариме тоа, ќе мора да ги засукаме ракавите и да работиме напорно на самите нас. Еве неколку практични совети, кои јас пробувам да ги следам (иако тешко оди) и верувам дека ако работиме на нив напорно и континуирано, може да влијаат позитивно на нашиот живот:rnrn1-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn1. Свесност и искреност со себе: Нема, свесен или не, сите ние сме некаде на скалата на свесноста. Некој повисоко, некој пониско. Идејата е да бидеме што повеќе будни, со отворени очи, и реални за состојбата, случките околу нас и емоциите кои ги развиваме. За жал, опкружувањето, системот, медиумите, родителите, образованието, влијаат на нашата реалност и ни креираат слика која не е секогаш наша. Свесноста е контрола врз умот. Свесност е кога знаеме дека играме безбедно бидејќи ни е страв да не погрешиме, или кога го затвораме срцето, за да не бидеме повредени. Но, не и да се лажеме во тие ситуации дека ние така намерно правиме и дека отсекогаш така сме постапувале. Свесност е да не се лажеме себеси за нашите инстинкти и мотиви. Да бидеме искрени со себе.rnrn2. Следете ја вашата вистинска природа (вредности): Кои сме ние вистински? Кои се нашите желби, мотиви, вредности, потреби? Сето тоа го знае вашето срце, но за жал мозокот е тој што ни ги прави сите пречки. Слушајте го повеќе срцето, и намалете го рациото. Правете го тоа што го сакате и што ве прави среќни. Не (помалку) слушајте ги другите што ќе решат или избегнувајте го концептот „затоа што така треба“. Ако не ви се допаѓа нешто, променете го.rnrn3. Престанете да ја барате љубовта на вашиот живот: Таа ќе се појави кога ќе почнете да правите работи што ги сакате и уживате во нив. Но, прво преиспитајте се дали профилот што го креирате и ви треба е навистина тој или е креиран од вашата имагинација и се базира само на вашите желби.rnrn4. Не се изложувајте на непотребни информации: Намалете на ТВ, вести, весници и други информативни алатки. Читајте повеќе книги и литература од вашата област на специјализација. Тоа многу повеќе ќе ви помогне во животот отколку да ги знаете сите информации од денешните вести, по неколку пати.rnrn5. Отворете се повеќе: Отворете го умот, срцето и рацете. Отворете се за нови искуства и нови луѓе. Ако ви е тешко, почнете со експериментирање со нови вкусови (храна), облека, места за излегување, ситни работи што не ги правите секој ден, а нема да ви се одразат драматично на животот и работата.rnrn6. Бидете оптимисти: Оптимизмот дава надеж. А надежта последна умира. Одете до крај. Оптимизмот води кон ентузијазам.rnrn2-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn7. Живејте во моментот: Овој совет е најЗен! Времето не постои, постои само моментов! Цел живот го поминуваме во мислење за тоа „што се случило“ и „што ќе се случи“. Но, едното поминало, а другото не знаеме дали ќе дојде. Уживајте во моментите, повеќе.rnrn8. Не глумете маченици: Секој си го има својот товар со себе. Како ти е тебе, така му е и на другиот.rnrn9. Страдања: ПРИФАТЕТЕ дека тешки и лоши ситуации, проблеми, несреќи и други неубави работи имало, има и ќе има. Тоа е прво, да прифатиме. Следно е да пробаме да не се фокусираме на тоа што било, туку на пронаоѓање на најдобро и најефикасно решение како да се справиме со новонастанатите ситуации.rnrn10. Не се врзувајте за материјалното: Знам дека ова е многу тешко, посебно кога цел свет промовира и подржува материјалност, но не треба многу да се врзуваме со некои ситници и неважни предмети.rnrn11. Немојте да сте многу строги кон себе: Критичкиот родител кај секој од нас е присутен. Секогаш ќе биде нашиот најголем критичар. Нека се опушти малку.rnrn12. Бидете благодарни на она што го имате: Бидете дете и радувајте се на сите ситници како што тие се радуваат. Гледајте ги децата.rnrn3-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn13. Сите грешиме: Види бр. 11rnrn14. Простете: Сите ние ја чуваме во себе лутината на тие што сме им лути. Нема потреба.rnrn15. Карма: Има секакви објаснувања за кармата. Јас ќе го искористам објаснувањето што се поистоветува со 3-от Њутнов закон и кој вели дека кармата е акција-рекација на животот, односно акциите што ги правиме ни се рефлектираат преку реакциите што ги добиваме. Внимавајте на вашите акции.rnrn16. Натпреварувајте се со себеси: Другите се интересни, но вистинскиот натпревар треба да е со нас самите. Да бидеме подобри од она што сме биле вчера.rnrn17. Вежбајте некоја ментална или физичка активност: Физичката активност ќе ви ја потроши негативната енергија и ќе ве врати во живот, а менталната ќе ве научи како да го избегнете или да се справите со стресот.rnrn18. Животот е краток, живејте го својот сон. Мудро!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • 20 животни задоволства кои дефинитивно се потценети

    20 животни задоволства кои дефинитивно се потценети

    Малите задоволства го прават животот поубав. Ова се 20 пријатни и слатки задоволства спакувани во само еден миг, кои навистина нè прават посреќни.rnrn1-20-zhivotni-zadovolstva-koi-definitivno-se-potceneti-www.kafepauza.mk_rnrn1. Излежување во кревет наутро додека надвор има невреме, а вие немате обврска да станете.rnrn2. Она кога сте имале вода во увото цел ден и во еден момент мало количество топла вода го напушта вашето уво.rnrn3. Кога нешто што ви било заглавено меѓу забите конечно излегува.rnrn4. Оној момент кога го/ја гледате келнерот/ката како се приближува до вашата маса со храната која сте ја нарачале, а вие умирате од глад.rnrn5. Отворање на прозорецот по долгата зима и вдишувањето на сите пролетни мириси – топол ветер, мирис на цветови и на свежо искосена трева.rnrn6. Оној момент кога наутро ќе се разбудите во својата топла постела посакувајќи да продолжите со спиење уште саат-два, а потоа сфаќате дека навистина можете да продолжите со спиење бидејќи немате обврски.rnrn7. Кога конечно ќе завршите голема обврска и товарот од плеќи ќе ви се симне, правејќи да се чувствувате како Супермен.rnrn8.Кога после викенд поминат на море или езеро, одите по голема нужда во вашето купатило.rnrn9. Кога ќе примамите искрена насмевка на нечие лице.rnrn10. Она кога се будите навистина одморени и ви се чини дека имате енергија да го промените светот.rnrn11. Кога лежите, а над вас имате куп тукушто испрана облека која мириса на свежина.rnrn12. Кога оној кого го сакате ќе ве почешка по грбот.rnrn13. Кога песната на радио ќе заврши во истиот момент кога ќе ја изгаснете колата.rnrn14. Кога ќе го слушнете оној звук што вашата правосмукалка го прави кога ќе собере нешто големо од земја.rnrn15. Она кога ќе си легнете на свежо испрани чаршафи.rnrn16. Кога искрено и од срце се смеете толку што ви течат солзи од очите.rnrn17. Првата голтка вода кога ќе се вратите дома по напорен и топол ден.rnrn18. Соблекувањето на тешките чизми за скијање по долг ден минат на планина.rnrn19. Соблекување на водените чорапи и облекување суви и топли.rnrn20. Легнувањето в кревет по долго туширање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мачки пред да кивнат

    Мачки пред да кивнат

    И ние луѓето сме смешни пред да кивнеме, но животните се особено слатки во овој момент. Мачките понекогаш се алергични на прашина, чад од цигари, мувла и средства за чистење, а со оглед на тоа дека сакаат да се пикаат во ќошиња и под мебелот, кивањето кај нив може да биде честа појава.rnrnrnrnОвие мачки се фатени токму во моментот пред да кивнат. Собрано чело, подзамижани очи, изместена фаца – отприлика тоа го гледаме и кај луѓето пред кивање. :)rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

    30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

    „Вчера е историја, утре е мистерија, а денес е подарок кој го нарекуваме сегашност.“ – Бил Кејн.

    rn30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕrnrn1. Кога ќе се разбудите во нов ден, БИДЕТЕ благодарни што добивате нова шанса.rnrn2. Кога другите си поминуваат по полесниот пат, вие БИДЕТЕ оние што ќе одат по вистинскиот.rnrn3. Кога нешто мора да се направи, БИДЕТЕ проактивни.rnrn4. Кога ќе ви се појават повеќе прилики, БИДЕТЕ решителни кон она што ви е приоритетно.rnrn5. Кога ви е важно да успеете во нешто, БИДЕТЕ отворени за тоа и настојувајте да успеете.rnrn6. Кога вашата работа ви создава притисок, БИДЕТЕ загрижени само за вашиот следен мал чекор.rnrn7. Кога сте загрижени, БИДЕТЕ фокусирани на она што можете да го контролирате.rnrn8. Кога ќе ви се појават вистински проблеми, БИДЕТЕ спремни однапред да ги дочекате.rnrn9. Кога се прават грешки, БИДЕТЕ ОК со нив и учете од нив.rnrn10. Кога имате нешто да кажете, БИДЕТЕ подготвени да го кажете тоа што го мислите.rnrn11. Кога нешто што е направено во минатото сè уште не функционира, БИДЕТЕ вие промената која треба да се случи за тоа да се промени.rnrn12. Кога другите имаат поинакво мислење, БИДЕТЕ отворени за нови идеи.rnrn13. Кога сомнеж го јаде вашиот мозок, БИДЕТЕ сигурни во своите способности.rnrn14. Кога другите инсистираат работите да се направат на одреден начин, БИДЕТЕ оние кои ќе ја следат својата интуиција.rnrn15. Кога сте тажни, БИДЕТЕ доволно храбри да се смеете и без разлика на тоа.rnrn16. Кога чувствувате дека се натрупувате со стрес, само паузирајте за момент, БИДЕТЕ вие и дишете.rnrn17. Кога ќе се случи нешто неочекувано, БИДЕТЕ флексибилни и прилагодливи.rnrn18. Кога нешто нема логика, БИДЕТЕ скептични, барајте докази и поставувајте прашања.rnrn19. Кога некој ќе ве повреди, БИДЕТЕ желни да простите и да сакате повторно.rnrn20. Кога во врската сте постојано повредувани, БИДЕТЕ желни да ја оставите зад себе и да ја рефокусирате љубовта и почитта кон себе.rnrn21. Кога некој има нешто што вие го сакате, БИДЕТЕ среќни за него.rnrn22. Кога сите се натпреваруваат, БИДЕТЕ си вие сами на себе конкуренција – победете ги сопствените рекорди.rnrn23. Кога сте присилени да БИДЕТЕ некој што не сте, само бидете тоа што сте.rnrn24. Кога не сте сигурни што имате да понудите, БИДЕТЕ искрени и понудете ја вашата искреност.rnrn25. Кога ќе наидете на непознат на улица, БИДЕТЕ причина за неговата насмевка.rnrn26. Кога се чувствувате дека сте го освоиле светот, БИДЕТЕ рацете кои ќе ги повлечат и останатите нагоре.rnrn27. Кога на некој кој ви е близок сте му потребни, БИДЕТЕ таму без прашања и колебање.rnrn28. Кога некого вистински сакате, БИДЕТЕ полни со љубов, и преку зборови и преку дела.rnrn29. Кога е време за одмор со вашето семејство, заборавете на сè друго и БИДЕТЕ целосно присутни во моментот.rnrn30. Кога денот конечно ќе заврши, БИДЕТЕ спокојни знаејќи дека сте дале сè од себе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животни фотографирани во вистинскиот момент

    Животни фотографирани во вистинскиот момент

    Некои од овие неверојатни фотографии од животни се направени благодарение на трпението и вештините на фотографот, а некои со многу среќа, но сите се направени во вистинскиот дел од секундата.rnrnЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментЖивотни фотогорафирани во вистинскиот моментrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.