КАФЕ ПАУЗА

Tag: молњи

  • ТВ серија: Флеш (The Flash)

    ТВ серија: Флеш (The Flash)

    ТВ серија за најбрзиот човек на планетата

    rnТВ серија: Молњата (The Flash)Главни улоги: Грент Гастин, Кендис Патон, Даниел ПанабејкерrnrnЖанр: акција, авантура, драмаrnrnКреатор: Гред БерлантиrnrnПремиера: 7 октомври 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКога Бери (Грент Гастин) бил многу мал, тој видел нешто кое наликувало на молња во неговиот дом. Во центарот на оваа молња се наоѓала мајка му со уште еден човек. Човекот кој ја убил. За жал никој не му верувал на малиот Бери и бидејќи сите докази укажувале на татко му, тој бил осуден за убиството на неговата мајка. Токму затоа Бери го посветил целиот свој живот во истражување на невозможното, но никогаш не се надевал дека токму тој ќе стане нешто невозможно.rnrnТВ серија: Молњата (The Flash) ТВ серија: Молњата (The Flash)rnrnБери денес работи како криминален форензичар за полицијата. Тој е слабо момче, кое секогаш доцни, а доколку ги прашате оние околу него, сите едногласно ќе ви потврдат дека тој е чудак. Бери изгледа дека е заљубен во неговата долгогодишна пријателка Ајрис, која е и ќерка на детективот Џоу со кој тој соработува. По смртта на мајка му и затворањето на татко му, може да се каже дека на некој начин Џоу (Џеси Л. Мартин) го израснал Бери. Тој долго време живеел во неговиот дом, растејќи рамо до рамо покрај Ајрис.rnrnТВ серија: Молњата (The Flash) ТВ серија: Молњата (The Flash)rnrnЕдна вечер животот на Бери целосно ќе се смени. Во градот во кој тој живее ќе се случи огромна експлозија која ќе испушти необична енергија врз светот. Оваа енергија, во форма на невреме ќе го опколи целиот град, а Бери кој сосема случајно ќе се најде на нејзиниот пат ќе биде удрен од молња. По 9 месеци во кома, кога тој конечно ќе се разбуди, полека ќе почне да открива дека нешто е сменето кај него. Тој има цврсти мускули и изгледа дека може да се движи премногу брзо. Ова движење е толку брзо, што во неговите очи целиот свет се успорува.rnrnТВ серија: Молњата (The Flash) ТВ серија: Молњата (The Flash)rnrnЈа следите ли ТВ серијата „Arrow“? Ако да, тогаш и оваа дефинитивно ќе ви се допадне. Станува збор за интересна и динамична ТВ серија чие дејство се врти околу животот на еден суперхерој. Како и другите приказни од овој жанр, така и оваа нè води во еден паралелен универзум во кој сè е можно. Токму оваа карактеристика е она што ја прави возбудлива. Доколку сте расположени за кратко бегство од реалноста, „The Flash“ е одличен избор за вас. Таа не само што ќе ве вовлече во приказната и ќе направи да не можете да го тргнете погледот од неа, туку истовремено ќе ве опушти и насмее. На кратко, ако имате желба да започнете со нова интересна ТВ серија, нема да згрешите доколку ја одберете оваа.

  • Екстремни временски услови ширум светот

    Екстремни временски услови ширум светот

    Неверојатни фотографии од екстремни временски услови кои се случуваат ширум светот…rnrn

    Екстремни временски услови ширум светот
    Хаваи: Жешка лава истекува во морето
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Мисисипи: Насип ја штити куќата од поплава
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Канзас: Торнадо високо повеќе од 45 метри
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Небраска: „Млечни облаци“ кои носат невреме
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Швајцарија: Мраз ги зафатил езерото, дрвјата и автомобилите
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Аризона: Молњи за време на летните монсуни
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Феникс: Бура од прашина која ја намалила видливоста на нула
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Ајова: Живописна магла во близина на локалното езеро
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Намибија: Пустинска област формирана од сол
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Небраска: Геомагнетна бура која предизвикува аурора
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Јапонија: Експлозивна ерупција на вулканот Сакурајима

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудесни небесни покривки

    Чудесни небесни покривки

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnСекој од нас понекогаш ужива да гледа во небото и да ги набљудува облаците, нивните најразлични форми кои полека се губат и се претвораат во нови. Глетката во нив е особено неверојатна за време на изгрејсонце или зајдисонце. На пример, кога изгрева Сонцето како да ги кине и заруменува. Небото задолжително ни го мами погледот и кога се подготвува невреме, кога скриени ѕиркаме низ прозорецот во светкавите молњи кои ни се чини, извираат од облаците. Погледнете дел од чудесните и неповторливи облици, уловени со објективите на различни фотографи низ светот…rnrnЧудесни небесни покривкиrnrnКакви облици гледаме на небото е индивидуално. Понекогаш, тоа зависи од нашето моментално расположение, а се разбира и од возраста. Некои облаци, на фотографите кои ги уловиле, како и на многумина од нас, им личат на меки перничиња, памук, печурки…rnrnЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривкиЧудесни небесни покривки
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.